анастасија илиевска Archives - Република https://republika.mk/tema/anastasija-ilievska/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 11:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анастасија илиевска Archives - Република https://republika.mk/tema/anastasija-ilievska/ 32 32 Анастасија Илиевска: Не прифаќам пишано извинување од СДСМ! https://republika.mk/vesti/makedonija/anastasija-ilievska-ne-prifakam-pishano-izvinuvane-od-sdsm/ Thu, 01 Aug 2024 11:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=802309

Не прифаќам извинување од страна на СДСМ во форма на соопштение. Сакам извинување на прес конференција. Со име и презиме, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук новинарката Анастасија Илиевска.

Ваквата реакција на Илиевска доаѓа по вчерашната прес-конференција на СДСМ, која, предизвика реакции во јавноста, откако извесен Иван Иванов, назначен за член на надзорниот одбор на МЕПСО, од партијата го помешаа со синот на експретседателот Ѓорѓе Иванов, како и извесна Анастасија Илиеска со сопругата на ТВ-водителот Богдан Илиевски, Анастасија.

Изјавата на Кузеска беше објавена и на веб-страницата на СДСМ, а одговор експресно стигна од ВМРО-ДПМНЕ со демант дека станува збор за сосема други лица, но со исто име и презиме како посочените на прес-конференцијата на Кузеска.

Во меѓувреме од СДСМ ја тргнаа објавата од веб-страницата и испратија соопштение дека направиле превид. Порачаа дека јавно им се извинуваат на лицата споменати на прес-конференцијата.

Но, Анастасија бара да ѝ се изинат онака како што ја наклеветија - на официјална партиска прес-конференција. Таа напиша:

-Жена му на Бетмен…

Јас, Анастасија Илиевска. Моминско Богданоска.

Сакам да ве потсетам на нашите баби. Мојата се викаше Живка. Ја крстиле така за да поживее. Оти децата пред неа умирале. И навистина живееше долго. И живее и денес, оти ја спомнуваме постојано.

Како Живка.

Ама дур беше жива, мажена за дедо ми Светислав, луѓето ја знаеја како Светејца. Да, нашите баби (си мислевме дека…) се последната генерација жени без име. Се сеќавам, имаше една жена, на која јас не и’ го ни знаев вистинското име, оти ја викаа само по името на маж и’.

Да, жени без име оти нивното го заборавале откако ќе се омажеа па ги нарекуваа по името на мажот. Заборавале се што биле. Заборавал и народот, а заборавале и тие самите. Не си го земала тогаш само презимето туку и името на сопругот. Па ако маж ти се вика Ванчо, ти ќе си Ванчојца. Митре-Митрејца. Ако се вика Богдан, ќе си Богдајнца…или во мојот случај, во 2024-то лето Господово, жена му на Бетмен. А мислевме дека нашите баби се последната генерација на жени без име. Само си мислевме…
Но, јас тој епитет, жена му на Богдан Илиевски, или ако сакате Бетмен, го носам гордо, уште долго пред официјално да му станам сопруга. Да, од времето кога му вртевте грб, им се ситевте што се во притвор, што по цели денови ги мачат во судница…од времето кога го отпишавте. Да, вие, точно знаете на кому се обраќам.

И тогаш и денес го носам гордо.

Но, исто така, жена му Бетмен е и професионалец. Новинар, кој многупати испратил покана за гостување на членови од СДСМ и како новинар но и како главен уредник на Тв Алфа и како водител и уредник на емисијата За или против. Не само што бев/ме одбиени туку и етикетирани, цела Тв Алфа.

Жена му на Бетмен, Анастасија Илиевска е и борец за правата на жените, гласна против семејно насилство, но и секаков вид насилство врз жените. Вербално насилство во вид на лаги какво што дојде од жена, портпарол на СДСМ, Богданка Кузеска и партијата на која е член. И коментарите на социјалните мрежи кои следеа. Јас исто така сум и мајка на две деца. Исто и ќерка, сестра, пријател…

Јас, Анастасија Илиевска, има право да бидам дел, ако некогаш посакам, решам и се квалификувам за било каква државна функција, оглас, фонд и слично. Исто како што има секоја една друга жена.

Никој не може да ми го одземе тоа право, ниту 1000 прес конференции или лажни вести. Тоа право не може да ми биде одземено само затоа што сум нечија сопруга, ќерка, мајка. Особено не ако никој од моето семејство нема никаква државна функција. Тоа што сум нечија сопруга, ќерка или мајка, исто така, не ме прави покфалификувана од другите за некоја државна функција, оглас или фонд.

Ако некогаш посакам, решам да бидам дел и се квалификувам за истите.

До тогаш се уште сум Анастасија Илиевска, различна од Анастасија Илиеска. И не. Не прифаќам извинување од страна на СДСМ во форма на соопштение.

Сакам извинување на прес конференција. Со име и презиме.

А до еснафските новинарски здруженија “им благодарам” за соопштението со кое ги осудија лагите на СДСМ и сите коментари кои следеа за мене на социјалните мрежи.

Јас и понатаму ќе бидам професионалец и ќе се борам за правата на жените иако не добивам ни денар пари од било какви фондови за таа цел, пишува Илиевска во својата објава.

 

The post Анастасија Илиевска: Не прифаќам пишано извинување од СДСМ! appeared first on Република.

]]>

Не прифаќам извинување од страна на СДСМ во форма на соопштение. Сакам извинување на прес конференција. Со име и презиме, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук новинарката Анастасија Илиевска. Ваквата реакција на Илиевска доаѓа по вчерашната прес-конференција на СДСМ, која, предизвика реакции во јавноста, откако извесен Иван Иванов, назначен за член на надзорниот одбор на МЕПСО, од партијата го помешаа со синот на експретседателот Ѓорѓе Иванов, како и извесна Анастасија Илиеска со сопругата на ТВ-водителот Богдан Илиевски, Анастасија. Изјавата на Кузеска беше објавена и на веб-страницата на СДСМ, а одговор експресно стигна од ВМРО-ДПМНЕ со демант дека станува збор за сосема други лица, но со исто име и презиме како посочените на прес-конференцијата на Кузеска. Во меѓувреме од СДСМ ја тргнаа објавата од веб-страницата и испратија соопштение дека направиле превид. Порачаа дека јавно им се извинуваат на лицата споменати на прес-конференцијата. Но, Анастасија бара да ѝ се изинат онака како што ја наклеветија - на официјална партиска прес-конференција. Таа напиша:
-Жена му на Бетмен… Јас, Анастасија Илиевска. Моминско Богданоска. Сакам да ве потсетам на нашите баби. Мојата се викаше Живка. Ја крстиле така за да поживее. Оти децата пред неа умирале. И навистина живееше долго. И живее и денес, оти ја спомнуваме постојано. Како Живка. Ама дур беше жива, мажена за дедо ми Светислав, луѓето ја знаеја како Светејца. Да, нашите баби (си мислевме дека…) се последната генерација жени без име. Се сеќавам, имаше една жена, на која јас не и’ го ни знаев вистинското име, оти ја викаа само по името на маж и’. Да, жени без име оти нивното го заборавале откако ќе се омажеа па ги нарекуваа по името на мажот. Заборавале се што биле. Заборавал и народот, а заборавале и тие самите. Не си го земала тогаш само презимето туку и името на сопругот. Па ако маж ти се вика Ванчо, ти ќе си Ванчојца. Митре-Митрејца. Ако се вика Богдан, ќе си Богдајнца…или во мојот случај, во 2024-то лето Господово, жена му на Бетмен. А мислевме дека нашите баби се последната генерација на жени без име. Само си мислевме… Но, јас тој епитет, жена му на Богдан Илиевски, или ако сакате Бетмен, го носам гордо, уште долго пред официјално да му станам сопруга. Да, од времето кога му вртевте грб, им се ситевте што се во притвор, што по цели денови ги мачат во судница…од времето кога го отпишавте. Да, вие, точно знаете на кому се обраќам. И тогаш и денес го носам гордо. Но, исто така, жена му Бетмен е и професионалец. Новинар, кој многупати испратил покана за гостување на членови од СДСМ и како новинар но и како главен уредник на Тв Алфа и како водител и уредник на емисијата За или против. Не само што бев/ме одбиени туку и етикетирани, цела Тв Алфа. Жена му на Бетмен, Анастасија Илиевска е и борец за правата на жените, гласна против семејно насилство, но и секаков вид насилство врз жените. Вербално насилство во вид на лаги какво што дојде од жена, портпарол на СДСМ, Богданка Кузеска и партијата на која е член. И коментарите на социјалните мрежи кои следеа. Јас исто така сум и мајка на две деца. Исто и ќерка, сестра, пријател… Јас, Анастасија Илиевска, има право да бидам дел, ако некогаш посакам, решам и се квалификувам за било каква државна функција, оглас, фонд и слично. Исто како што има секоја една друга жена. Никој не може да ми го одземе тоа право, ниту 1000 прес конференции или лажни вести. Тоа право не може да ми биде одземено само затоа што сум нечија сопруга, ќерка, мајка. Особено не ако никој од моето семејство нема никаква државна функција. Тоа што сум нечија сопруга, ќерка или мајка, исто така, не ме прави покфалификувана од другите за некоја државна функција, оглас или фонд. Ако некогаш посакам, решам да бидам дел и се квалификувам за истите. До тогаш се уште сум Анастасија Илиевска, различна од Анастасија Илиеска. И не. Не прифаќам извинување од страна на СДСМ во форма на соопштение. Сакам извинување на прес конференција. Со име и презиме. А до еснафските новинарски здруженија “им благодарам” за соопштението со кое ги осудија лагите на СДСМ и сите коментари кои следеа за мене на социјалните мрежи. Јас и понатаму ќе бидам професионалец и ќе се борам за правата на жените иако не добивам ни денар пари од било какви фондови за таа цел, пишува Илиевска во својата објава.  

The post Анастасија Илиевска: Не прифаќам пишано извинување од СДСМ! appeared first on Република.

]]>
Илиеска: Владата не делуваше навремено во кризата, туку со задоцнување https://republika.mk/vesti/ekonomija/ilieska-vladata-ne-deluvashe-navremeno-vo-krizata-tuku-so-zadocnuvanje/ Sun, 08 May 2022 12:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=499449

На денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“ која се одржа во просториите на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиевска во своето обраќање истакна дека влегуваме од криза во криза и лично не верува дека повеќе ќе следат добри времиња. Таа ист така рече дека во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, во првите години се занимавале само со едно прашање како да воопшто немало министерство за финансии или други министерства за секое секторски да си делува и да ги решава проблемите.

– Она кое е донесено сега како сет-мерки, 23, за надминување на кризата со која се соочуваат стопанствениците и компаниите, гледаме дека сите очекуваат во криза сега и веднаш да се делува, а од овие 23 мерки може да забележиме само три или четири мерки кои се однесуваат на делување сега и веднаш на поддршка на граѓаните, а една од нив 1000 денари на пензионерите, на лицата кои користат социјална помош 1000 денари и тоа три месеци. Тие веќе ја добиваат втората поддршка а поддршката ќе трае уште еден месец. Сите тие сет мерки кои што се конкретни и директни се само за шест месеци и нема ниту една до крајот на годинава, а таму најголемиот број на мерки се на среднорочен и на долгорочен план. Една од мерките е да се подобри регулативата за искористување на фотоволтаици на електрична енергија од природни извори. Она кое сакаме да го потенцираме е во време на криза ни требаат конкретни и јасни стратегии кои реално ќе му помогнат на стопанството и реално ќе бидат во онолкав износ колку што се кажува, а не онолку колку што тие сами меѓу себе можеле да си распределат. Дел од овие 23 мерки се и препораки, како на пример граѓаните да ја користат електричната енергија домаќински итн, што е далеку од нешто што конкретно ќе му помогне на стопанството. – кажа Илиевска.

Илиевска додаде и дека може да се видат и ефектите од помпезно најавуваниот проект минимална плата и субвенционирањето од страна на владата. Рече дека првично станувало збор за 70.000 лица по проценка на владата кои земале минимална плата и дека тука најпрво има нерамноправност во приватен и во јавен сектор.

– Кога во приватниот сектор каде што е целата целата тежина на собирање на даноци му наметнувате од први да ја зголемат минималната плата, тука има 3000 денари трошок на стопанственикот за лице а вие го субвенционирате само 1200 денари. Од 70.000 лица ги издвојуваме оние кои што се вработени во јавен сектор заради тоа што ниту едно лице во јавен сектор нема земено зголемена минимална плата од 18.000 денари, значи тежината е во приватниот сектор. Тие 70.000 лица не се само 70.000, нивните очекувања се скоро 10%, значи кое е тоа зголемување на минимална плата ако 70.000 лица планирале реализацијата е 10% на субвенционирање заради тоа што и таму имаше такви услови кои што имаше ограничувања. Ако претходно некое лице било поддржано од друга мерка од страна на владата, да биде исклучено од минималната плата, рече Илиевска.

https://youtu.be/2A4isFiLxZg

The post Илиеска: Владата не делуваше навремено во кризата, туку со задоцнување appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“ која се одржа во просториите на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиевска во своето обраќање истакна дека влегуваме од криза во криза и лично не верува дека повеќе ќе следат добри времиња. Таа ист така рече дека во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, во првите години се занимавале само со едно прашање како да воопшто немало министерство за финансии или други министерства за секое секторски да си делува и да ги решава проблемите. – Она кое е донесено сега како сет-мерки, 23, за надминување на кризата со која се соочуваат стопанствениците и компаниите, гледаме дека сите очекуваат во криза сега и веднаш да се делува, а од овие 23 мерки може да забележиме само три или четири мерки кои се однесуваат на делување сега и веднаш на поддршка на граѓаните, а една од нив 1000 денари на пензионерите, на лицата кои користат социјална помош 1000 денари и тоа три месеци. Тие веќе ја добиваат втората поддршка а поддршката ќе трае уште еден месец. Сите тие сет мерки кои што се конкретни и директни се само за шест месеци и нема ниту една до крајот на годинава, а таму најголемиот број на мерки се на среднорочен и на долгорочен план. Една од мерките е да се подобри регулативата за искористување на фотоволтаици на електрична енергија од природни извори. Она кое сакаме да го потенцираме е во време на криза ни требаат конкретни и јасни стратегии кои реално ќе му помогнат на стопанството и реално ќе бидат во онолкав износ колку што се кажува, а не онолку колку што тие сами меѓу себе можеле да си распределат. Дел од овие 23 мерки се и препораки, како на пример граѓаните да ја користат електричната енергија домаќински итн, што е далеку од нешто што конкретно ќе му помогне на стопанството. – кажа Илиевска. Илиевска додаде и дека може да се видат и ефектите од помпезно најавуваниот проект минимална плата и субвенционирањето од страна на владата. Рече дека првично станувало збор за 70.000 лица по проценка на владата кои земале минимална плата и дека тука најпрво има нерамноправност во приватен и во јавен сектор. – Кога во приватниот сектор каде што е целата целата тежина на собирање на даноци му наметнувате од први да ја зголемат минималната плата, тука има 3000 денари трошок на стопанственикот за лице а вие го субвенционирате само 1200 денари. Од 70.000 лица ги издвојуваме оние кои што се вработени во јавен сектор заради тоа што ниту едно лице во јавен сектор нема земено зголемена минимална плата од 18.000 денари, значи тежината е во приватниот сектор. Тие 70.000 лица не се само 70.000, нивните очекувања се скоро 10%, значи кое е тоа зголемување на минимална плата ако 70.000 лица планирале реализацијата е 10% на субвенционирање заради тоа што и таму имаше такви услови кои што имаше ограничувања. Ако претходно некое лице било поддржано од друга мерка од страна на владата, да биде исклучено од минималната плата, рече Илиевска. https://youtu.be/2A4isFiLxZg

The post Илиеска: Владата не делуваше навремено во кризата, туку со задоцнување appeared first on Република.

]]>
Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви https://republika.mk/vesti/makedonija/ilievska-vlasta-iako-znaela-za-vojnata-vo-ukraina-5-meseci-ne-prezemala-nishto-za-da-gi-napolni-drzavnite-rezervi/ Fri, 04 Mar 2022 11:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=467699

Изминативе денови, покрај ситуацијата што се случува во Украина, имавме прилика на медиуми да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година, дека ќе има војна меѓу Русија и Украина, и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација. Дури по четири месеци ,на 24 Февруари, е свикан Советот за безбедност, на кој очигледно не се донесени мерки за заштита на нашите граѓани од последиците кои ги предизвикува оваа војна“, вели Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја чувствуваат неизвесноста за основните прехранбени продукти, затоа што во еден ден имавме можност да слушнеме 3 различни изјави во врска со стоковите резерви, дека истите се стабилни ,за истиот ден од соседна Србија да слушнеме дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Дали стоковите резерви биле празни што Владата се решила на ваков чекор и на тој начин Македонија е ставена во ситуација на неизвесност?

Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме?

Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно?

Во овој момент покрај што имаме потреба од полнење и зголемување на државните резерви, Владата сериозно и што поскоро треба да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата за 50%. Со ова ќе се спречи неминовниот ценовен шок. Доколку се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНE, цената на литар бензин ќе се намали за 13 денари ,а цената на литар дизел гориво за 9,5 денари,што ќе биде олеснување за домашните буџети, воедно и олеснување на компаниите кој нема да одразува зголемување на цените на производите.

Дополнително во поглед на храната,предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на повластената даночна стапка на данокот на додадена вредност од 5% на 0% на граѓаните, дирекно ќе им влијае за подобрување на семејниот буџет и полесно обезбедување на основните потреби за живот.

Потребни се мерки веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад.

Начинот на кој се грижиш за својот народ, е начин со кој се сака својата држава.

https://www.youtube.com/watch?v=s_M_fLpar-w

The post Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви appeared first on Република.

]]>

Изминативе денови, покрај ситуацијата што се случува во Украина, имавме прилика на медиуми да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година, дека ќе има војна меѓу Русија и Украина, и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација. Дури по четири месеци ,на 24 Февруари, е свикан Советот за безбедност, на кој очигледно не се донесени мерки за заштита на нашите граѓани од последиците кои ги предизвикува оваа војна“, вели Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ја чувствуваат неизвесноста за основните прехранбени продукти, затоа што во еден ден имавме можност да слушнеме 3 различни изјави во врска со стоковите резерви, дека истите се стабилни ,за истиот ден од соседна Србија да слушнеме дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Дали стоковите резерви биле празни што Владата се решила на ваков чекор и на тој начин Македонија е ставена во ситуација на неизвесност? Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме? Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно? Во овој момент покрај што имаме потреба од полнење и зголемување на државните резерви, Владата сериозно и што поскоро треба да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата за 50%. Со ова ќе се спречи неминовниот ценовен шок. Доколку се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНE, цената на литар бензин ќе се намали за 13 денари ,а цената на литар дизел гориво за 9,5 денари,што ќе биде олеснување за домашните буџети, воедно и олеснување на компаниите кој нема да одразува зголемување на цените на производите. Дополнително во поглед на храната,предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на повластената даночна стапка на данокот на додадена вредност од 5% на 0% на граѓаните, дирекно ќе им влијае за подобрување на семејниот буџет и полесно обезбедување на основните потреби за живот. Потребни се мерки веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад. Начинот на кој се грижиш за својот народ, е начин со кој се сака својата држава.
https://www.youtube.com/watch?v=s_M_fLpar-w

The post Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви appeared first on Република.

]]>