АМВУ Archives - Република https://republika.mk/tema/amvu/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 18:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АМВУ Archives - Република https://republika.mk/tema/amvu/ 32 32 АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-rechisi-site-televizii-go-pochituvaa-printsipot-za-ednakov-tretman-na-kandidatite-za-pretsedatel/ Thu, 02 May 2024 18:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=773591

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.

Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата.

Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата.

Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал.

Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост.

Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал. Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата. Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата. Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал. Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост. Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>
АВМУ е против трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите https://republika.mk/vesti/ekonomija/avmu-e-protiv-troshenje-budzetski-sredstva-za-vladini-reklami-vo-mediumite/ Fri, 15 Jul 2022 11:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=529297

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои што се овозможува трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите, а за кои деновиве имаше реакции од релевантни здруженија и организации.

„Понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа.

Медиумите имаат обврски и одговорност кон јавноста и оваа своја улога треба да ја извршуваат без надомест и без какви било влијанија. Со предложените измени, со буџетски средства ќе се плаќа за пренесувањето на идеите и активностите на централната и локалната власт што повторно отвора простор за директно нарушување на уредувачката самостојност и независност на медиумите, нивно корумпирање и создавање клиентелистички и сервилен однос кон власта.

Во сегашниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предвидено дека кампањите од јавен интерес и апелите за добротворни цели се емитуваат бесплатно на програмите на радиодифузерите. Според стандардите, за кампањи од јавен интерес се сметаат исклучиво оние кои се однесуваат на теми од поширока општествена корист или алтруистичка цел (како безбедност во сообраќајот и на патиштата, граѓански должности, здравствени кампањи и така натаму), без разлика кој е нивниот нарачател“, се наведува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата, како што се додава, и претходно јавно реагираше дека средствата на даночните обврзници, односно на граѓаните не треба да се користат за рекламирање во медиумите. Исто така, кампањите од јавен интерес не смеат да се користат како начин за субвенционирање на медиумите.

Регулаторот смета дека треба да се субвенционира создавањето програмски содржини, но тоа да биде направено на таков начин што ќе придонесе за создавање квалитетни радио и телевизиски програми од интерес на јавноста, без да се поткопува независноста на медиумите. Во оваа насока, Агенцијата го поддржа барањето на Здружението на регионални и локални станици „Медиум објектив“ за „формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини од регионална и локална тематика заради развој на програмската понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството“

Од АВМУ сметаат дека за да се донесат законски решенија кои ќе ја гарантираат слободата и независноста на медиумите, секоја измена на медиумската легислатива треба да биде предмет на пошироки јавни консултации со сите засегнати страни, пред се со релевантните професионални здруженија и регулаторот, и да биде во правец на усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија.

 

The post АВМУ е против трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои што се овозможува трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите, а за кои деновиве имаше реакции од релевантни здруженија и организации. „Понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа.

Медиумите имаат обврски и одговорност кон јавноста и оваа своја улога треба да ја извршуваат без надомест и без какви било влијанија. Со предложените измени, со буџетски средства ќе се плаќа за пренесувањето на идеите и активностите на централната и локалната власт што повторно отвора простор за директно нарушување на уредувачката самостојност и независност на медиумите, нивно корумпирање и создавање клиентелистички и сервилен однос кон власта.

Во сегашниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предвидено дека кампањите од јавен интерес и апелите за добротворни цели се емитуваат бесплатно на програмите на радиодифузерите. Според стандардите, за кампањи од јавен интерес се сметаат исклучиво оние кои се однесуваат на теми од поширока општествена корист или алтруистичка цел (како безбедност во сообраќајот и на патиштата, граѓански должности, здравствени кампањи и така натаму), без разлика кој е нивниот нарачател“, се наведува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата, како што се додава, и претходно јавно реагираше дека средствата на даночните обврзници, односно на граѓаните не треба да се користат за рекламирање во медиумите. Исто така, кампањите од јавен интерес не смеат да се користат како начин за субвенционирање на медиумите.

Регулаторот смета дека треба да се субвенционира создавањето програмски содржини, но тоа да биде направено на таков начин што ќе придонесе за создавање квалитетни радио и телевизиски програми од интерес на јавноста, без да се поткопува независноста на медиумите. Во оваа насока, Агенцијата го поддржа барањето на Здружението на регионални и локални станици „Медиум објектив“ за „формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини од регионална и локална тематика заради развој на програмската понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството“

Од АВМУ сметаат дека за да се донесат законски решенија кои ќе ја гарантираат слободата и независноста на медиумите, секоја измена на медиумската легислатива треба да биде предмет на пошироки јавни консултации со сите засегнати страни, пред се со релевантните професионални здруженија и регулаторот, и да биде во правец на усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија.  

The post АВМУ е против трошење буџетски средства за владини реклами во медиумите appeared first on Република.

]]>
АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-go-osudi-problematichniot-odnos-kon-snimatelot-na-tv-24-od-strana-na-pripadnik-na-mvr/ Thu, 07 Jul 2022 09:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=525263 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник...

The post АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР, за време на протестите.

Улогата на медиумските работници при известување од настани со големо општествено значење и висок ризик е да документираат и пренесат информации кои се од јавен интерес. Затоа особено е важно да им се овозможи безбеден и непречен пристап, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.

Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува достоинството на медиумските работници и да им се овозможи без закани и притисоци да ги извршуваат своите професионални активности – навремено и сеопфатно информирање на јавноста.

The post АВМУ го осуди проблематичниот однос кон снимателот на ТВ 24 од страна на припадник на МВР appeared first on Република.

]]>
АМВУ од 2018 до 2022 година потрошила 977.805 евра за привремени вработувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/amvu-od-2018-do-2022-godina-potroshila-977-805-evra-za-privremeni-vrabotuvanja/ Thu, 26 May 2022 12:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=507276

Агенцијата за аудио аудиовизуелни услуги од 2018 до 2022 година потрошила 977.805 евра за привремени вработувања, пишува порталот ММС.

Најголемиот дел од овој износ завршил во Агенцијата за привремени вработувања „Контакт бизнис“, која од 2010 година, кога АМВУ барала работници, 7 години успеала да ги добие јавните набавки. „Егзекјутив срч“ имале набавки за три години до сега: 2018,2021 и 2022 и „Декра“ во 2010 година.

Во текот на 2020 година привремено во АМВУ биле ангажирани 20 лица, а веќе следната година во 2021 година работеле 22- ца ангажирани преку Агенција за времени вработувања.

Целиот текст овде.

The post АМВУ од 2018 до 2022 година потрошила 977.805 евра за привремени вработувања appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио аудиовизуелни услуги од 2018 до 2022 година потрошила 977.805 евра за привремени вработувања, пишува порталот ММС. Најголемиот дел од овој износ завршил во Агенцијата за привремени вработувања „Контакт бизнис“, која од 2010 година, кога АМВУ барала работници, 7 години успеала да ги добие јавните набавки. „Егзекјутив срч“ имале набавки за три години до сега: 2018,2021 и 2022 и „Декра“ во 2010 година. Во текот на 2020 година привремено во АМВУ биле ангажирани 20 лица, а веќе следната година во 2021 година работеле 22- ца ангажирани преку Агенција за времени вработувања. Целиот текст овде.

The post АМВУ од 2018 до 2022 година потрошила 977.805 евра за привремени вработувања appeared first on Република.

]]>
Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја https://republika.mk/vesti/vladata-nema-da-pobara-iskluchuvanje-na-bugarskite-televizii-i-pokraj-toa-shto-emituvaat-navredlivi-sodrzini-protiv-makedoncite-i-makedonskata-istorija/ Tue, 01 Mar 2022 15:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=466039

Владата не размислува да побара од АМВУ да им наложи на кабелските оператори да ги исклучат бугарските телевизии кои емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја и идентитет.

„Република“ ја праша владата што ќе преземе по ова и оттаму добивме одговор дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред сѐ прашање на слободниот економски и медиумски пазар и Македонија, и во Бугарија.

Операторите се тие што сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата-велат од Владата за „Република“.

Прашавме и дали се информирани дека Македонската телевизија не се емитува во Бугарија иако според договорот на поранешниот преговарач Бучковски требаше да има реципроцитет.

НРТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа, вклучувајќи ги и оние во Бугарија, можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна.Во духот на унапредената и добра соработка која периодов ја развиваме со Бугарија, она што можеме да го направиме како Влада е дека ќе се заложиме да ги поттикнеме радиодифузерите, продукциите да ги нудат и прават своите програмски содржини достапни, тие медиумски содржини да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство, а операторите да прифаќаат да ги емитуваат овие содржини и да придонесуваат со тоа кон достапност на содржини во кои се почитува достоинството на граѓаните од двете држави.Заемна соработка во таа насока очекуваме и од дистрибутерите на телевизиските содржини. Размена на содржини во сите области добро е да има, како во економијата, така во културата, па така и во делот на медиумските содржини-додаваат од владата.

Во Македонија на неколку кабелски оператори се емитува „БНТ 4“. Оваа телевизија речиси секојдневно емитува содржини кои директно задираат во македонскиот идентитет. Па така, на бугарската телевизија се славеше Сантефанскиот мировен договор според кој Македонија е дел од Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/

Исто така се емитуваат документарци во кој се тврди дека во Македонија се учи фалсификувана историја.

Во Македонија се гледа и бугарската музичка телевизија „Фен ТВ“ на која одат спотови од македонски изворни песни кои се потпишани како бугарски.

Владата вчера побара од АМВУ да се исклучат руските телевизии.

The post Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја appeared first on Република.

]]>

Владата не размислува да побара од АМВУ да им наложи на кабелските оператори да ги исклучат бугарските телевизии кои емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја и идентитет. „Република“ ја праша владата што ќе преземе по ова и оттаму добивме одговор дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред сѐ прашање на слободниот економски и медиумски пазар и Македонија, и во Бугарија.
Операторите се тие што сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата-велат од Владата за „Република“.
Прашавме и дали се информирани дека Македонската телевизија не се емитува во Бугарија иако според договорот на поранешниот преговарач Бучковски требаше да има реципроцитет.
НРТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа, вклучувајќи ги и оние во Бугарија, можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна.Во духот на унапредената и добра соработка која периодов ја развиваме со Бугарија, она што можеме да го направиме како Влада е дека ќе се заложиме да ги поттикнеме радиодифузерите, продукциите да ги нудат и прават своите програмски содржини достапни, тие медиумски содржини да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство, а операторите да прифаќаат да ги емитуваат овие содржини и да придонесуваат со тоа кон достапност на содржини во кои се почитува достоинството на граѓаните од двете држави.Заемна соработка во таа насока очекуваме и од дистрибутерите на телевизиските содржини. Размена на содржини во сите области добро е да има, како во економијата, така во културата, па така и во делот на медиумските содржини-додаваат од владата.
Во Македонија на неколку кабелски оператори се емитува „БНТ 4“. Оваа телевизија речиси секојдневно емитува содржини кои директно задираат во македонскиот идентитет. Па така, на бугарската телевизија се славеше Сантефанскиот мировен договор според кој Македонија е дел од Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/ Исто така се емитуваат документарци во кој се тврди дека во Македонија се учи фалсификувана историја. Во Македонија се гледа и бугарската музичка телевизија „Фен ТВ“ на која одат спотови од македонски изворни песни кои се потпишани како бугарски. Владата вчера побара од АМВУ да се исклучат руските телевизии.

The post Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја appeared first on Република.

]]>