американски конгрес Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-kongres/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 19:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски конгрес Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-kongres/ 32 32 Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес го одложува гласањето за неколку недели https://republika.mk/vesti/svet/pomoshta-za-ukraina-ke-pricheka-amerikanskiot-kongres-go-odlozhuva-glasaneto-za-nekolku-nedeli/ Fri, 05 Apr 2024 19:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=762810

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за Киев ќе биде одложено уште неколку недели. Како што пишува „Блумберг“, станува збор за гласањето првично предвидено за на 9 април.

Според публикацијата, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сè уште бара начини да ја омекне републиканското противење. Досега Џонсон не одлучил какви отстапки да бара од претседателот Џо Бајден и не им дал на републиканците план за пакет помош.

Тој претходно порача дека Конгресот ќе може да расправа за нацрт-законот за обезбедување помош на Украина по враќањето од одмор на 9 април и вети дека нема да го одложува прашањето.

The post Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес го одложува гласањето за неколку недели appeared first on Република.

]]>

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за Киев ќе биде одложено уште неколку недели. Како што пишува „Блумберг“, станува збор за гласањето првично предвидено за на 9 април. Според публикацијата, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сè уште бара начини да ја омекне републиканското противење. Досега Џонсон не одлучил какви отстапки да бара од претседателот Џо Бајден и не им дал на републиканците план за пакет помош. Тој претходно порача дека Конгресот ќе може да расправа за нацрт-законот за обезбедување помош на Украина по враќањето од одмор на 9 април и вети дека нема да го одложува прашањето.

The post Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес го одложува гласањето за неколку недели appeared first on Република.

]]>
Денеска се изборите за американскиот Конгрес https://republika.mk/vesti/svet/deneska-se-izborite-za-amerikanskiot-kongres/ Tue, 08 Nov 2022 07:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=571170

Денеска, граѓаните на САД ги избираат целиот долен дом и дел од членовите на горниот дом на Конгресот, а клучното прашање е дали владејачката Демократска партија ќе успее да го задржи мнозинството, што би му овозможило на шефот на државата, Џозеф Бајден, непречено да ја спроведува својата агенда.

Таканаречените среднорочни избори ќе се одржат во атмосфера на остра поларизација меѓу демократите на Бајден и опозициската Републиканска партија, која според анкетите има солидни шанси да преземе контрола над најмалку еден од двата дома на американскиот Конгрес.

Денеска, Американците ќе ги изберат сите 435 члена на долниот дом, Претставничкиот дом, со мандат од две години, и 35 од 100 члена на горниот дом, Сенатот, со мандат од шест години. Тие исто така избираат гувернери на 36 од 50-те сојузни држави и голем број федерални државни службеници и пониски нивоа на власт.

Демократите имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а во Сенатот двете партии имаат по 50 члена. Демократите имаат контрола врз Сенатот бидејќи во случај на нерешено одлучувачки е гласот на претседателот на горниот дом, а тоа е потпретседателката на САД, Камала Харис.

Републиканците имаат причина да бидат оптимисти бидејќи партијата од чии редови доаѓа претседателот по правило со децении ги губи изборите за американскиот Конгрес на средината на својот прв мандат.

Анкетите покажуваат дека републиканците имаат солидни шанси да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и дека борбата за Сенатот ќе биде крајно неизвесна.

За да може републиканците да добијат мнозинство во долниот дом, треба да им украдат само пет мандати на демократите.

Доколку републиканците освојат мнозинство во еден или двата дома на Конгресот, на Бајден ќе му биде многу потешко да ја спроведе својата политика отколку порано бидејќи тој нема да може да смета на поддршката од законодавниот дом кога станува збор за приоритетите на политиката на демократите, како што се правата за абортус, климатските промени и заострувањето на прописите за носење оружје.

Доколку републиканците го освојат Сенатот покрај Домот, тие би можеле да го блокираат или одложат потврдувањето на кандидатите на Бајден за судии и членови на извршната власт.

Ова дополнително ќе го зголеми притисокот врз Бајден, чиј рејтинг е многу низок. Според анкетата на „Ројтерс“ и „Ипсос“, спроведена на крајот на август, само 38 отсто од Американците го поддржуваат Бајден, а 69 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока.

За републиканците, главното прашање во кампањата беше високата инфлација во земјата, а за демократите, правото на абортус, кое беше во центарот на вниманието бидејќи Уставниот суд на САД ја укина универзалната заштита на правото за прекинување на бременоста на крајот на јуни. Една од главните пораки на демократите е дека ќе го заштитат правото на абортус.

Резултатот од изборите може да влијае и на односот на САД кон руската војна во Украина бидејќи некои републиканци во кампањата најавија намалување на помошта за Киев во случај на победа на изберите, пренесуваат светските медиуми.

 

The post Денеска се изборите за американскиот Конгрес appeared first on Република.

]]>

Денеска, граѓаните на САД ги избираат целиот долен дом и дел од членовите на горниот дом на Конгресот, а клучното прашање е дали владејачката Демократска партија ќе успее да го задржи мнозинството, што би му овозможило на шефот на државата, Џозеф Бајден, непречено да ја спроведува својата агенда. Таканаречените среднорочни избори ќе се одржат во атмосфера на остра поларизација меѓу демократите на Бајден и опозициската Републиканска партија, која според анкетите има солидни шанси да преземе контрола над најмалку еден од двата дома на американскиот Конгрес. Денеска, Американците ќе ги изберат сите 435 члена на долниот дом, Претставничкиот дом, со мандат од две години, и 35 од 100 члена на горниот дом, Сенатот, со мандат од шест години. Тие исто така избираат гувернери на 36 од 50-те сојузни држави и голем број федерални државни службеници и пониски нивоа на власт. Демократите имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а во Сенатот двете партии имаат по 50 члена. Демократите имаат контрола врз Сенатот бидејќи во случај на нерешено одлучувачки е гласот на претседателот на горниот дом, а тоа е потпретседателката на САД, Камала Харис. Републиканците имаат причина да бидат оптимисти бидејќи партијата од чии редови доаѓа претседателот по правило со децении ги губи изборите за американскиот Конгрес на средината на својот прв мандат. Анкетите покажуваат дека републиканците имаат солидни шанси да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом и дека борбата за Сенатот ќе биде крајно неизвесна. За да може републиканците да добијат мнозинство во долниот дом, треба да им украдат само пет мандати на демократите. Доколку републиканците освојат мнозинство во еден или двата дома на Конгресот, на Бајден ќе му биде многу потешко да ја спроведе својата политика отколку порано бидејќи тој нема да може да смета на поддршката од законодавниот дом кога станува збор за приоритетите на политиката на демократите, како што се правата за абортус, климатските промени и заострувањето на прописите за носење оружје. Доколку републиканците го освојат Сенатот покрај Домот, тие би можеле да го блокираат или одложат потврдувањето на кандидатите на Бајден за судии и членови на извршната власт. Ова дополнително ќе го зголеми притисокот врз Бајден, чиј рејтинг е многу низок. Според анкетата на „Ројтерс“ и „Ипсос“, спроведена на крајот на август, само 38 отсто од Американците го поддржуваат Бајден, а 69 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока. За републиканците, главното прашање во кампањата беше високата инфлација во земјата, а за демократите, правото на абортус, кое беше во центарот на вниманието бидејќи Уставниот суд на САД ја укина универзалната заштита на правото за прекинување на бременоста на крајот на јуни. Една од главните пораки на демократите е дека ќе го заштитат правото на абортус. Резултатот од изборите може да влијае и на односот на САД кон руската војна во Украина бидејќи некои републиканци во кампањата најавија намалување на помошта за Киев во случај на победа на изберите, пренесуваат светските медиуми.  

The post Денеска се изборите за американскиот Конгрес appeared first on Република.

]]>
Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор https://republika.mk/vesti/svet/micotakis-od-amerikanskiot-kongres-za-demokratijata-da-prezivee-zapadot-treba-da-si-go-sredi-sopstveniot-dvor/ Tue, 17 May 2022 20:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=503538

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД.

Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.

Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.

Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.

„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.

Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.

„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.

Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.

The post Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД. Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.
Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.
Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.
„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.
Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.
„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.
Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом пове ќепати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО.

The post Мицотакис од американскиот Конгрес: За демократијата да преживее Западот треба да си го среди сопствениот двор appeared first on Република.

]]>