американски бродови Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-brodovi/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 08:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски бродови Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanski-brodovi/ 32 32 Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/hutite-soopshtija-deka-pogodile-dva-amerikanski-razurnuvachi-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 06 Mar 2024 08:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=751752

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.

Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“.

Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море.

Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион.

САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.
Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.
Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“. Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море. Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион. САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Aмерикански воени бродови минаа низ Тајванскиот теснец, според Белата куќа САД го поддржуваат принципот на „една Кина“ https://republika.mk/vesti/svet/amerikanski-voeni-brodovi-minaa-niz-tajvanskiot-tesnec-spored-belata-kukja-sad-go-poddrzuvaat-principot-na-edna-kina/ Sun, 28 Aug 2022 18:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=545030

Преминувањето на два американски воени брода во меѓународните води во Тајванскиот теснец е целосно во согласност со американската политика на „една Кина“ и обезбедување слободен и отворен индо-пацифички регион, изјави претставник на Белата куќа.

Ова преминување беше планирано одамна“ - изјави за „Си-Ен-Ен“ Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Портпаролот на Белата куќа ги даде коментарите по повод првото минување на американски воени бродови низ Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван претходно овој месец.

The post Aмерикански воени бродови минаа низ Тајванскиот теснец, според Белата куќа САД го поддржуваат принципот на „една Кина“ appeared first on Република.

САД ги повлекува воените бродови од Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/sad-gi-povlekuva-voenite-brodovi-od-crnoto-more/ Thu, 31 Mar 2022 07:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=481199

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили - порача Кирби.

Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.

The post САД ги повлекува воените бродови од Црното Море appeared first on Република.

]]>

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море. Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.