американска амбасада Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanska-ambasada/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 07:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американска амбасада Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanska-ambasada/ 32 32 Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/amerikanskata-ambasada-na-direktorkata-na-ohridsko-leto-natasha-popovik-i-dodeli-priznanie-za-golemi-dostignuvana-i-sorabotka-vo-promoviraneto-na-amerikanskata-umetnost-i-kultura-vo-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 07:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=801501

Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.

Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Македонија.

Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.

Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание, рече Поповиќ.

The post Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Македонија. Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.
Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание, рече Поповиќ.

The post Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија appeared first on Република.

]]>
Нападната американската Амбасада во Берјут https://republika.mk/vesti/svet/napadnata-amerikanskata-ambasada-vo-berjut/ Wed, 05 Jun 2024 07:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=784825

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

The post Нападната американската Амбасада во Берјут appeared first on Република.

]]>

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето. Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница. Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час. Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

The post Нападната американската Амбасада во Берјут appeared first on Република.

]]>
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС https://republika.mk/vesti/balkan/ambasada-na-sad-vo-saraevo-dodik-e-na-opasen-pat-razdruzhuvaneto-na-bih-znachi-kraj-na-rs/ Fri, 24 May 2024 10:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=781371

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.

По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор.

САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.

„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.

Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ.

Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.

„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

The post Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава. По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор. САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.
„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.
Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ. Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.
„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

The post Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада им честита на ракометарите за пласманот на СП https://republika.mk/sport/rakomet/amerikanskata-ambasada-im-chestita-na-rakometarite-za-plasmanot-na-sp/ Mon, 13 May 2024 12:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=777633

Честитки за големата победа на нашата најдобра ракометна селекција пристигнуваат од сите страни. Бројни клубови и федерации од Македонија го поздравија успехот на ракометарите и пласманот на Светското првенство во 2025 година, а искрена честитка пристигна и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.

„Честитки до Ракометната репрезентација за големата победа вчера и пласманот на Светското првенство (СП) во 2025!“, стои во објавата на Американската амбасада во Македонија на социјалните мрежи.

На трибините на синоќешниот натпревар во Скопје беше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, која победата на Македонија ја следеше во друштво со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Македонија приреди неверојатен пресврт во двомечот со Фарски Острови. На гости загубивме со седум гола разлика, но тоа не беше пречка за убедлива победа во Скопје од 34-26 и пласман на нов голем ракометен собир.

The post Американската амбасада им честита на ракометарите за пласманот на СП appeared first on Република.

]]>

Честитки за големата победа на нашата најдобра ракометна селекција пристигнуваат од сите страни. Бројни клубови и федерации од Македонија го поздравија успехот на ракометарите и пласманот на Светското првенство во 2025 година, а искрена честитка пристигна и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. „Честитки до Ракометната репрезентација за големата победа вчера и пласманот на Светското првенство (СП) во 2025!“, стои во објавата на Американската амбасада во Македонија на социјалните мрежи. На трибините на синоќешниот натпревар во Скопје беше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, која победата на Македонија ја следеше во друштво со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Македонија приреди неверојатен пресврт во двомечот со Фарски Острови. На гости загубивме со седум гола разлика, но тоа не беше пречка за убедлива победа во Скопје од 34-26 и пласман на нов голем ракометен собир.

The post Американската амбасада им честита на ракометарите за пласманот на СП appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-moskva-izdade-soopshtenie-vo-koe-se-veli-deka-e-shokirana-od-napadot-i-izrazi-iskreno-sochuvstvo-do-ruskiot-narod/ Fri, 22 Mar 2024 22:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=757652

Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ.

Таа, исто така, предупреди дека способноста на американската влада да им помогне на своите граѓани во Русија кои се далеку од амбасадата во Москва е „сериозно ограничена“. Тие рекоа дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува.

Соединетите Американски Држави издадоа предупредување до своите граѓани пред две недели во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“. Предупредувањето ги повика Американците да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите меѓу предупредувањето и денешните настани укажуваат на можна поврзаност. Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

The post Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ. Таа, исто така, предупреди дека способноста на американската влада да им помогне на своите граѓани во Русија кои се далеку од амбасадата во Москва е „сериозно ограничена“. Тие рекоа дека руската влада ја ограничила можноста на американскиот персонал да патува. Соединетите Американски Држави издадоа предупредување до своите граѓани пред две недели во кое се вели дека официјалните лица „ги следат извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“. Предупредувањето ги повика Американците да избегнуваат големи собири 48 часа. Тој временски период помина, но сличностите меѓу предупредувањето и денешните настани укажуваат на можна поврзаност. Амбасадата ги советува американските граѓани да ја избегнуваат областа каде што се случи нападот.

The post Американската амбасада во Москва издаде соопштение во кое се вели дека е шокирана од нападот и изрази искрено сочувство до рускиот народ appeared first on Република.

]]>
Амбасадата на САД за средбата Мицкоски-О‘ Брајан: Важна улога на сите партии во ЕУ процесот https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadata-na-sad-za-sredbata-mitskoski-o-brajan-vazhna-uloga-na-site-partii-vo-eu-protsesot/ Thu, 30 Nov 2023 21:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=718164

Американската амбасада во Македонија вечерва информираше за средбата на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

О’Брајан потенцира дека САД силно го поддржува патот на Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на „Фејсбук“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-obrajen-strateshki-interes-na-makedonija-e-zashtita-na-natsionalnite-i-identitetski-obelezhja-i-vlez-vo-eu/

The post Амбасадата на САД за средбата Мицкоски-О‘ Брајан: Важна улога на сите партии во ЕУ процесот appeared first on Република.

Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasada-na-sad-poddrzhuvame-investitsii-od-interes-na-severna-makedonija-ako-ima-nesoodvetni-aktivnosti-tie-teba-da-se-istrazhat/ Thu, 20 Apr 2023 20:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=632635

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.

Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.

- „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

The post Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат appeared first on Република.

]]>

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“. Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“. - „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

The post Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат appeared first on Република.

]]>
Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари https://republika.mk/vesti/balkan/vo-tirana-otvorena-kantselarija-na-dea-za-borba-protiv-trgovijata-so-droga-i-perene-pari/ Mon, 06 Mar 2023 18:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=616608

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al.

Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност".

Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада.

Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите.

ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите.

Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност". Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада. Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите. ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите. Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>
Османи: САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-sad-kje-gi-sledat-tie-koi-shto-gi-sprechuvaat-vaznite-procesi-na-balkanot/ Sat, 17 Dec 2022 16:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=586914

Министерот за надворешни работи Бујар Османи гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме околу доаѓањето на американскиот тим за борба против корупцијата.

Според Османи, САД ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот.

„Мислам дека се сеќавате на извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден кога кажа САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот, вклучувајќи ги и Рамковниот договор, Преспанскиот договор и општиот развој или прогрес на регионот или државите. И они тоа го прават, го прават во БиХ, во Република Српска со Додиќ, еве последно имаше ставање на црна листа на обвинител во БиХ поради влијание да не се решаваат одредени важни прашања“, вели Османи.

Според него, тоа е комплементарна активност на активностите кои секоја од државите ги презема.

The post Османи: САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме околу доаѓањето на американскиот тим за борба против корупцијата. Според Османи, САД ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот.
„Мислам дека се сеќавате на извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден кога кажа САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот, вклучувајќи ги и Рамковниот договор, Преспанскиот договор и општиот развој или прогрес на регионот или државите. И они тоа го прават, го прават во БиХ, во Република Српска со Додиќ, еве последно имаше ставање на црна листа на обвинител во БиХ поради влијание да не се решаваат одредени важни прашања“, вели Османи.
Според него, тоа е комплементарна активност на активностите кои секоја од државите ги презема.

The post Османи: САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот appeared first on Република.

]]>
Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/ Thu, 04 Aug 2022 16:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=536831

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации.

Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-gi-povika-ambasadite-na-sad-i-eu-da-stavat-kraj-na-pritisocite-vrz-obvinitelite-od-strana-na-vlasta-ednash-zasekogash-mora-da-se-znae-koj-e-kriminalec-a-koj-se-bori-protiv-kriminalot/

Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата.

The post Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации.
Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-gi-povika-ambasadite-na-sad-i-eu-da-stavat-kraj-na-pritisocite-vrz-obvinitelite-od-strana-na-vlasta-ednash-zasekogash-mora-da-se-znae-koj-e-kriminalec-a-koj-se-bori-protiv-kriminalot/ Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.
Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата.

The post Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Скопје: Македонија и Бугарија да го решат билатералниот спор https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskata-ambasada-vo-skopje-makedonija-i-bugarija-da-go-reshat-bilateralniot-spor/ Thu, 21 Apr 2022 15:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=491901

Од американската амбасада во Скопје порачуваат дека Македонија и Албанија ги задоволиле условите за почеток на преговорите, дека двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро.

Ваквата изјава е дадена на прашање од МИА, како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна.

Во врска со ова САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

Продолжуваме со повикот до Бугарија и Македонија да го решат овој билатерален спор - се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата велат дека Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ

The post Американската амбасада во Скопје: Македонија и Бугарија да го решат билатералниот спор appeared first on Република.

]]>

Од американската амбасада во Скопје порачуваат дека Македонија и Албанија ги задоволиле условите за почеток на преговорите, дека двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро. Ваквата изјава е дадена на прашање од МИА, како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна. Во врска со ова САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.
Продолжуваме со повикот до Бугарија и Македонија да го решат овој билатерален спор - се вели во одговорот од Амбасадата.
На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата велат дека Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ

The post Американската амбасада во Скопје: Македонија и Бугарија да го решат билатералниот спор appeared first on Република.

]]>
Блинкен: САД ја преместуваат својата амбасада од Киев во Лавов https://republika.mk/vesti/svet/blinken-sad-ja-premestuvaat-svojata-ambasada-od-kiev-vo-lavov/ Mon, 14 Feb 2022 20:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=458569

САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница.

Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти, изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.

Тој упати повик до сите останати американски граѓани во Украина „веднаш да ја напуштат таа држава“.

The post Блинкен: САД ја преместуваат својата амбасада од Киев во Лавов appeared first on Република.

Амбасадата на САД во Киев ги советува граѓаните да ја напуштат Украина https://republika.mk/vesti/svet/ambasadata-na-sad-vo-kiev-gi-sovetuva-gragjanite-da-ja-napushtat-ukraina/ Sun, 30 Jan 2022 10:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=451483

Амбасадата на САД во Украина повторно ги советуваше своите граѓани да ја напуштат државата, поради наводната закана од руска инвазија.

„Безбедносната ситуација во Украина се уште е непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без најава. Американските граѓани во Украина треба да размислат за заминување сега, користејќи комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Во соопштението, амбасадата наведе неколку земји како можни рути за евакуација: Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

Претходно Австралија, Велика Британија, Германија, Канада и Јапонија објавија дека ги евакуираат дипломатите и нивните семејства.

The post Амбасадата на САД во Киев ги советува граѓаните да ја напуштат Украина appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Украина повторно ги советуваше своите граѓани да ја напуштат државата, поради наводната закана од руска инвазија. „Безбедносната ситуација во Украина се уште е непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без најава. Американските граѓани во Украина треба да размислат за заминување сега, користејќи комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, се вели во соопштението на американската амбасада. Во соопштението, амбасадата наведе неколку земји како можни рути за евакуација: Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија. Претходно Австралија, Велика Британија, Германија, Канада и Јапонија објавија дека ги евакуираат дипломатите и нивните семејства.

The post Амбасадата на САД во Киев ги советува граѓаните да ја напуштат Украина appeared first on Република.

]]>