американци Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanci/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 10:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американци Archives - Република https://republika.mk/tema/amerikanci/ 32 32 Тензии во Црвеното море – Американците срушиле четири дрона https://republika.mk/vesti/svet/tenzii-vo-tsrvenoto-more-amerikantsite-srushile-chetiri-drona/ Sun, 24 Dec 2023 10:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=726125

Американски разурнувач кој патролирал во Црвеното Море соборил четири борбени беспилотни летала испратени од Јемен и насочени кон тој брод, соопшти денеска американската Централна воена команда (Центком).

„Разурнувачот „Лабун“ вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод“, соопшти американската воена команда преку мрежата Икс, наведувајќи дека нема повредени или оштетувања.

Американската воена команда објави и дека „Саибаба“, габонски танкер кој пловел под индиско знаме, бил погоден вчера во Црвеното Море во напад на беспилотни летала испукани од бунтовниците Хути од Јемен, додавајќи дека нема повредени.

Беспилотното летало испратено од Хутите го гаѓало и танкерот „Бламанен“ кој пловел под норвешко знаме и за малку ќе го погодел, додаде Централната воена команда на САД.

Според Центком, ова се 14-ти и 15-ти напади на јеменските бунтовници на бродови во Индискиот Океан од 17 октомври.

Неодамна, бунтовниците Хути во Јемен извршија серија напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море. Бунтовниците кои контролираат голем дел од Јемен велат дека нивна цел се бродови поврзани со Израел поради војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.Многу големи бродски фирми ги прекинаа операциите во Црвеното Море поради зголемениот ризик од напади.

The post Тензии во Црвеното море – Американците срушиле четири дрона appeared first on Република.

]]>

Американски разурнувач кој патролирал во Црвеното Море соборил четири борбени беспилотни летала испратени од Јемен и насочени кон тој брод, соопшти денеска американската Централна воена команда (Центком). „Разурнувачот „Лабун“ вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод“, соопшти американската воена команда преку мрежата Икс, наведувајќи дека нема повредени или оштетувања. Американската воена команда објави и дека „Саибаба“, габонски танкер кој пловел под индиско знаме, бил погоден вчера во Црвеното Море во напад на беспилотни летала испукани од бунтовниците Хути од Јемен, додавајќи дека нема повредени. Беспилотното летало испратено од Хутите го гаѓало и танкерот „Бламанен“ кој пловел под норвешко знаме и за малку ќе го погодел, додаде Централната воена команда на САД. Според Центком, ова се 14-ти и 15-ти напади на јеменските бунтовници на бродови во Индискиот Океан од 17 октомври. Неодамна, бунтовниците Хути во Јемен извршија серија напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море. Бунтовниците кои контролираат голем дел од Јемен велат дека нивна цел се бродови поврзани со Израел поради војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.Многу големи бродски фирми ги прекинаа операциите во Црвеното Море поради зголемениот ризик од напади.

The post Тензии во Црвеното море – Американците срушиле четири дрона appeared first on Република.

]]>
Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот https://republika.mk/vesti/svet/napadnati-vojnitsi-vo-amerikanskata-baza-kaj-bagdad-amerikantsite-vozvratija-na-ognot/ Tue, 21 Nov 2023 18:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=714898

Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на кој возвратија .

Според официјални лица, нападот резултирал со полесни повреди и оштетување на инфраструктурата. Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот.

САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“.

Оружените напади со дронови и ракети врз американските војници започнаа на 17 октомври, во најголем дел поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа.

Претходно денеска на социјалните мрежи, налози поврзани со ирачките милиции објавија изјава од групата „Исламски отпор во Ирак“, во која жалат за смртта на еден од нивните членови, кој загинал „во борба“ против американските сили. Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.

The post Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот appeared first on Република.

]]>

Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на кој возвратија . Според официјални лица, нападот резултирал со полесни повреди и оштетување на инфраструктурата. Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот. САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“. Оружените напади со дронови и ракети врз американските војници започнаа на 17 октомври, во најголем дел поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа. Претходно денеска на социјалните мрежи, налози поврзани со ирачките милиции објавија изјава од групата „Исламски отпор во Ирак“, во која жалат за смртта на еден од нивните членови, кој загинал „во борба“ против американските сили. Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.

The post Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот appeared first on Република.

]]>
Стивен Кинг: Американците се зависни од оружјето, го сакаат и подготвени се да ја платат цената за тоа во крв https://republika.mk/vesti/svet/stiven-king-amerikantsite-se-zavisni-od-oruzhjeto-go-sakaat-i-podgotveni-se-da-ja-platat-tsenata-za-toa-vo-krv/ Sat, 28 Oct 2023 15:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=695837

Познатиот американски писател Стивен Кинг даде песимистичка оценка за еден од најголемите проблеми на современото американско општество – оруженото насилство и масовните пукања, укажувајќи дека е речиси невозможно решавањето на тој проблем.

Од напади на вооружени лица и масовни пукања во САД годишно гинат десетици илјади луѓе.

Во краток есеј за весникот Њујорк Тајмс поради тоа што „малку што може да се пишува“ на оваа тема, Кинг вели дека во САД нема решение за проблемот со оружјето и дијагностицира: Американците се зависни од оружје.

Последниот инцидент со масовно пукање се случи во Луистон, во сојузната држава Мејн, недалеку од постојаното место на живеење на писателот, каде вооружен напаѓач отвори оган во куглана и бар полни со посетители при што загинаа 18 лица.

Џаред Голден претставник (во Конгресот) од Вториот конгресен дистрикт на Мејн, се предомисли и кажува дека сега ќе подржи забрана на армиски полуавтоматски пушки како онаа употребена во убиството на 18 луѓе во Луистон неделава. Но ниту Претставничкиот дом ниту Сенатот најверојатно нема да одобрат таков закон, и ако Конгресот всушност го стори тоа, Врховниот суд таков каков што е сега многу веројатно ќе пресуди дека е неуставен, пишува Кинг.

-Секое масовно пукање е удар по стомакот; при секое едно луѓето без имагинација велат „никогаш не замислував дека може да се случи овде“, но такви работи можат и ќе се случуваат каде и да било и насекаде во оваа „lock-and-load“ земја (заклучи и наполни, воена команда за спремање на рачното оружје). Оружјето е достапно, целите се меки, вели Кинг.

Тој смета дека работите може да се подобрат ако пристапот до брзострелните пушки стане тежок, но не гледа такво подобрување за во иднина.

Американците сакаат оружје и изгледа се спремни да ја платат цената во крв.

Според државните Центри за контрола на заболувањата во 2021 година во САД од употреба на оружје починале 48.630 лица, од кои 26.328 се случаи на самоубиство, а 20.958 се случаи на убиство, пренесе Би-Би-Си. Таа година во земјата се случиле 690 масовни пукања. Во 2023 година досега во САД се случиле 565 масовни пукања.

The post Стивен Кинг: Американците се зависни од оружјето, го сакаат и подготвени се да ја платат цената за тоа во крв appeared first on Република.

]]>

Познатиот американски писател Стивен Кинг даде песимистичка оценка за еден од најголемите проблеми на современото американско општество – оруженото насилство и масовните пукања, укажувајќи дека е речиси невозможно решавањето на тој проблем. Од напади на вооружени лица и масовни пукања во САД годишно гинат десетици илјади луѓе. Во краток есеј за весникот Њујорк Тајмс поради тоа што „малку што може да се пишува“ на оваа тема, Кинг вели дека во САД нема решение за проблемот со оружјето и дијагностицира: Американците се зависни од оружје. Последниот инцидент со масовно пукање се случи во Луистон, во сојузната држава Мејн, недалеку од постојаното место на живеење на писателот, каде вооружен напаѓач отвори оган во куглана и бар полни со посетители при што загинаа 18 лица.
Џаред Голден претставник (во Конгресот) од Вториот конгресен дистрикт на Мејн, се предомисли и кажува дека сега ќе подржи забрана на армиски полуавтоматски пушки како онаа употребена во убиството на 18 луѓе во Луистон неделава. Но ниту Претставничкиот дом ниту Сенатот најверојатно нема да одобрат таков закон, и ако Конгресот всушност го стори тоа, Врховниот суд таков каков што е сега многу веројатно ќе пресуди дека е неуставен, пишува Кинг.
-Секое масовно пукање е удар по стомакот; при секое едно луѓето без имагинација велат „никогаш не замислував дека може да се случи овде“, но такви работи можат и ќе се случуваат каде и да било и насекаде во оваа „lock-and-load“ земја (заклучи и наполни, воена команда за спремање на рачното оружје). Оружјето е достапно, целите се меки, вели Кинг. Тој смета дека работите може да се подобрат ако пристапот до брзострелните пушки стане тежок, но не гледа такво подобрување за во иднина.
Американците сакаат оружје и изгледа се спремни да ја платат цената во крв.
Според државните Центри за контрола на заболувањата во 2021 година во САД од употреба на оружје починале 48.630 лица, од кои 26.328 се случаи на самоубиство, а 20.958 се случаи на убиство, пренесе Би-Би-Си. Таа година во земјата се случиле 690 масовни пукања. Во 2023 година досега во САД се случиле 565 масовни пукања.

The post Стивен Кинг: Американците се зависни од оружјето, го сакаат и подготвени се да ја платат цената за тоа во крв appeared first on Република.

]]>
Меѓу заложниците во Појасот Газа има и Американци, јавува „Си-ен-ен“ https://republika.mk/vesti/svet/megu-zalozhnitsite-vo-pojasot-gaza-ima-i-amerikantsi-javuva-si-en-en/ Sun, 08 Oct 2023 16:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=689277

Американците се меѓу „големиот број“ заложници кои се држат во Газа, изјави израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер за Си-Ен-Ен.

Тој одби да прецизира за колкав број Американци се рбаоти.

Дермер нагласи дека меѓу заложниците во Газа има жени, деца и постари луѓе.

Повеќе од 600 луѓе загинаа на израелска страна во војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска израелската влада.

Од почетокот на воената офанзива во Израел, „Хамас“ заробил повеќе од 100 луѓе, се наведува во соопштението на израелската влада. Повредени се над 2.000, а 200 од нив се во критична состојба, изјави претставник на владината прес-служба.

Најмалку 370 луѓе загинаа, а 2.200 се ранети во Газа во израелските одмазднички напади во палестинската енклава, соопшти палестинското Министерство за здравство.

The post Меѓу заложниците во Појасот Газа има и Американци, јавува „Си-ен-ен“ appeared first on Република.

]]>

Американците се меѓу „големиот број“ заложници кои се држат во Газа, изјави израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер за Си-Ен-Ен. Тој одби да прецизира за колкав број Американци се рбаоти. Дермер нагласи дека меѓу заложниците во Газа има жени, деца и постари луѓе.
Повеќе од 600 луѓе загинаа на израелска страна во војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска израелската влада.
Од почетокот на воената офанзива во Израел, „Хамас“ заробил повеќе од 100 луѓе, се наведува во соопштението на израелската влада. Повредени се над 2.000, а 200 од нив се во критична состојба, изјави претставник на владината прес-служба. Најмалку 370 луѓе загинаа, а 2.200 се ранети во Газа во израелските одмазднички напади во палестинската енклава, соопшти палестинското Министерство за здравство.

The post Меѓу заложниците во Појасот Газа има и Американци, јавува „Си-ен-ен“ appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел https://republika.mk/vesti/svet/blinken-ima-izveshtai-deka-nekolku-amerikantsi-se-ubieni-vo-izrael/ Sun, 08 Oct 2023 14:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=689253

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и официјални лица се обидуваат да ги потврдат тие информации.

Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во Јом Кипур во 1973 година. Според него сепак постоела фундаментална разлика.

Тоа беше војна меѓу држава-држава, држава-земја, војска-армија. Ова е масовен терористички напад кој ги убива израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме тие буквално влечат луѓе преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеал холокаустот и е во инвалидска количка, жени и деца. Така, можете да замислите какво влијание има ова низ Израел и светот треба да биде револтиран од она што го виде“, рече Блинкен.

The post Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и официјални лица се обидуваат да ги потврдат тие информации. Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во Јом Кипур во 1973 година. Според него сепак постоела фундаментална разлика.
Тоа беше војна меѓу држава-држава, држава-земја, војска-армија. Ова е масовен терористички напад кој ги убива израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме тие буквално влечат луѓе преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеал холокаустот и е во инвалидска количка, жени и деца. Така, можете да замислите какво влијание има ова низ Израел и светот треба да биде револтиран од она што го виде“, рече Блинкен.

The post Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел appeared first on Република.

]]>
САД бараат од своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија https://republika.mk/vesti/svet/sad-baraat-od-svoite-drzhavjani-vednash-da-ja-napushtat-belorusija/ Mon, 21 Aug 2023 20:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=674368

Амбасадата на САД во Белорусија издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија.

Во соопштението на амбасадата се наведува дека Литванија претходно затворила два свои гранични премини со Белорусија и дека Полска, Летонија и Естонија навестиле дека можеби ќе го сторат истото.

Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.

Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск.

The post САД бараат од своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Белорусија издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија. Во соопштението на амбасадата се наведува дека Литванија претходно затворила два свои гранични премини со Белорусија и дека Полска, Летонија и Естонија навестиле дека можеби ќе го сторат истото. Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.
Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск.

The post САД бараат од своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија appeared first on Република.

]]>
Се поголем број млади Американци употребуваат марихуана https://republika.mk/vesti/svet/se-pogolem-broj-mladi-amerikanci-upotrebuvaat-marihuana/ Thu, 25 Aug 2022 09:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=543907

Употребата на марихуана кај младите Американци минатата година достигна рекорд, а употребата на халуциногени супстанции е во пораст, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Мичиген.

Четириесет и три отсто од 5.000 млади возрасни изјавиле дека користеле марихуана минатата година, што е зголемување од 34 отсто во споредба со 2016 година и 29 отсто во однос на 2011 година, според студијата „Набљудување на иднината“.

Дваесет и девет отсто од испитаниците изјавиле дека користеле марихуана во јули 2021 година, што е зголемување од 21 отсто во 2016 година и 17 проценти во споредба со 2011 година.

Секојдневното уживање е речиси двојно зголемено во изминатите десет години, од шест отсто во 2011 година на 11 проценти во 2021 година.

Авторите на овие истражувањето, финансирано од Американскиот институт за здравје (НИХ), предупредуваат дека нивото на потрошувачка на марихуана во 2021 година е „највисоко од 1988 година, кога започна следењето на овој тренд“.

Во однос на халуциногени дроги, осум проценти од младите возрасни изјавиле дека користеле ЛСД, МДМА (активна состојка во екстази), мескалин, пејоти, печурки и ПЦП во 2021 година, што е повеќе од 2016 година (пет проценти) и 2011 година (три отсто).

Речиси 82 отсто од испитаниците изјавиле дека пиеле алкохол во изминатите дванаесет месеци, што е мало намалување во споредба со 2016 година (83,5 отсто) и 2011 година (83,8 проценти).

Студијата не ги наведе причините зад овие бројки, кои покажуваат зголемување на потрошувачката, но рекреативната марихуана сега е легална во речиси 20 американски држави.

The post Се поголем број млади Американци употребуваат марихуана appeared first on Република.

]]>

Употребата на марихуана кај младите Американци минатата година достигна рекорд, а употребата на халуциногени супстанции е во пораст, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Мичиген. Четириесет и три отсто од 5.000 млади возрасни изјавиле дека користеле марихуана минатата година, што е зголемување од 34 отсто во споредба со 2016 година и 29 отсто во однос на 2011 година, според студијата „Набљудување на иднината“. Дваесет и девет отсто од испитаниците изјавиле дека користеле марихуана во јули 2021 година, што е зголемување од 21 отсто во 2016 година и 17 проценти во споредба со 2011 година. Секојдневното уживање е речиси двојно зголемено во изминатите десет години, од шест отсто во 2011 година на 11 проценти во 2021 година. Авторите на овие истражувањето, финансирано од Американскиот институт за здравје (НИХ), предупредуваат дека нивото на потрошувачка на марихуана во 2021 година е „највисоко од 1988 година, кога започна следењето на овој тренд“. Во однос на халуциногени дроги, осум проценти од младите возрасни изјавиле дека користеле ЛСД, МДМА (активна состојка во екстази), мескалин, пејоти, печурки и ПЦП во 2021 година, што е повеќе од 2016 година (пет проценти) и 2011 година (три отсто). Речиси 82 отсто од испитаниците изјавиле дека пиеле алкохол во изминатите дванаесет месеци, што е мало намалување во споредба со 2016 година (83,5 отсто) и 2011 година (83,8 проценти). Студијата не ги наведе причините зад овие бројки, кои покажуваат зголемување на потрошувачката, но рекреативната марихуана сега е легална во речиси 20 американски држави.

The post Се поголем број млади Американци употребуваат марихуана appeared first on Република.

]]>
Прашуваат Американци каде е Украина, а каде Русија на мапата https://republika.mk/zivot/patuvanja/prashuvaat-amerikanci-kade-e-ukraina-a-kade-rusija-na-mapata/ Fri, 12 Aug 2022 07:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=539357

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави анкета на улиците на Лос Анџелес замолувајќи случајни минувачи да му покажат каде на светската карта се наоѓаат Украина и Русија.

Ова се одговорите:

https://youtu.be/54-gBoG6m84

The post Прашуваат Американци каде е Украина, а каде Русија на мапата appeared first on Република.

]]>

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави анкета на улиците на Лос Анџелес замолувајќи случајни минувачи да му покажат каде на светската карта се наоѓаат Украина и Русија. Ова се одговорите: https://youtu.be/54-gBoG6m84

The post Прашуваат Американци каде е Украина, а каде Русија на мапата appeared first on Република.

]]>
Над 40 отсто од американските деца мислат дека хот-догот и пилешките прсти растат на дрво https://republika.mk/zivot/psihologija/nad-40-otsto-od-amerikanskite-deca-mislat-deka-hot-dogot-i-pileshkite-prsti-rastat-na-drvo/ Thu, 28 Jul 2022 08:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=534117

Нова студија објавена во „Journal of Environmental Psychology“ покажа дека значителен процент од децата од 4 до 7 години во СAД веруваат дека хот-догот, хамбургерот и сланината се прават од растенија.

Тимот психолози кои работеа на истражувањето бараа од децата да категоризираат низа намирници, вклучувајќи кашкавал, помфрит, сланина, пуканки, ракчиња, бадеми и јајца, а одговорите беа „изненадувачки“.

47 отсто од 176-те учесници веруваат дека помфритот потекнува од животни.

Кашкавалот бил идентификуван како растителен од 44 проценти од испитаниците. 41 отсто веруваат дека сланината потекнува од растение, а 40 отсто го кажале истото и за виршлите. Дури и пилешките прсти, кои буквално го имаат зборот „пилешки“ во своето име, беа погрешно класифицирани како растителни од 38 проценти од децата.

Пуканките и бадемите, исто така, најчесто беа погрешно класифицирани [како животински], од повеќе од 30% од децата, пишува тимот во својот извештај.

Покрај тоа што го проценуваше знаењето на децата за потеклото на храната, тимот испитуваше и за кои животни и растенија децата веруваат дека смеат и не смеат да се јадат.

Мнозинството веруваат дека кравите (77 проценти), свињите (73 проценти) и пилешкото (65 проценти) не се јадат. Песокот се сметаше за јадлив за 1 процент од испитаниците.

The post Над 40 отсто од американските деца мислат дека хот-догот и пилешките прсти растат на дрво appeared first on Република.

]]>

Нова студија објавена во „Journal of Environmental Psychology“ покажа дека значителен процент од децата од 4 до 7 години во СAД веруваат дека хот-догот, хамбургерот и сланината се прават од растенија. Тимот психолози кои работеа на истражувањето бараа од децата да категоризираат низа намирници, вклучувајќи кашкавал, помфрит, сланина, пуканки, ракчиња, бадеми и јајца, а одговорите беа „изненадувачки“. 47 отсто од 176-те учесници веруваат дека помфритот потекнува од животни. Кашкавалот бил идентификуван како растителен од 44 проценти од испитаниците. 41 отсто веруваат дека сланината потекнува од растение, а 40 отсто го кажале истото и за виршлите. Дури и пилешките прсти, кои буквално го имаат зборот „пилешки“ во своето име, беа погрешно класифицирани како растителни од 38 проценти од децата.
Пуканките и бадемите, исто така, најчесто беа погрешно класифицирани [како животински], од повеќе од 30% од децата, пишува тимот во својот извештај.
Покрај тоа што го проценуваше знаењето на децата за потеклото на храната, тимот испитуваше и за кои животни и растенија децата веруваат дека смеат и не смеат да се јадат. Мнозинството веруваат дека кравите (77 проценти), свињите (73 проценти) и пилешкото (65 проценти) не се јадат. Песокот се сметаше за јадлив за 1 процент од испитаниците.

The post Над 40 отсто од американските деца мислат дека хот-догот и пилешките прсти растат на дрво appeared first on Република.

]]>
Русите објавија снимки од заробените Американци https://republika.mk/vesti/svet/rusite-objavija-snimki-od-zarobenite-amerikanci/ Fri, 17 Jun 2022 19:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=516505

Руските медиуми објавија снимки на кои, како што наведоа, двајца Американци се заробени во Украина. RT објави кратка видео снимка од разговор со маж кого го идентификуваа како Александар Друек.

Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, ве сакам, вели Друек на снимката.

Друг руски дописник објавил две снимки од двајца заробени Американци, 39-годишниот Александар Друек и 27-годишниот Енди Хујн.

Двајцата американски воени ветерани исчезнале минатата недела во Харков кога биле под руски оган.

Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е свесен за ситуацијата, но не знае каде се двајцата Американци.

Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.

The post Русите објавија снимки од заробените Американци appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми објавија снимки на кои, како што наведоа, двајца Американци се заробени во Украина. RT објави кратка видео снимка од разговор со маж кого го идентификуваа како Александар Друек.
Жив сум и се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро, ве сакам, вели Друек на снимката.
Друг руски дописник објавил две снимки од двајца заробени Американци, 39-годишниот Александар Друек и 27-годишниот Енди Хујн. Двајцата американски воени ветерани исчезнале минатата недела во Харков кога биле под руски оган. Американскиот претседател Џо Бајден попладнево изјави дека е свесен за ситуацијата, но не знае каде се двајцата Американци. Покрај споменатите двајца Американци, Русите наводно фатиле уште еден американски државјанин.

The post Русите објавија снимки од заробените Американци appeared first on Република.

]]>
Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-prvpat-zarobile-dvajca-amerikanski-borci-vo-ukraina/ Wed, 15 Jun 2022 18:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=515700

Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“. Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната.

Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивни соборци.

За потсетување, судот на проруската Доњецка Народна Република неодамна осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец заробени во Мариупол.

„Телеграф“ пишува дека заробувањето на двајцата Американци во Украина ќе биде дипломатски чувствително прашање, затоа што Кремљ би можел да се обиде да го искористи овој настан како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Рускиот претседател, Владимир Путин, најверојатно ќе побара големи отстапки за да ги ослободи, пишува британскиот весник.

Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговарал со „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рекол дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.

Бевме на мисија и одеднаш настана вистинска лудница. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе напаѓаат. Тие дојдоа по патот со два тенка Т-72, повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што ние имавме таму беше нашата единица од околу десетина луѓе.

 

Зазедовме одбранбена позиција, а Друеке и Хајн истрелаа ракета кон руско возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука граната во нивна насока - посочил соборецот на заробените Американци.

Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Сепак, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека се заробени од руски војници.

Се сомневаме дека биле онесвестени или од противтенковската мина или од истрелот упатен од тенкот во нивна насока. Подоцна неколку пати ги баравме, но не ги најдовме - изјавил нивниот соборец.

„Потоа подигнавме и дронови, но не најдовме ништо. Ако беа погодени од тенковската граната, ќе најдевме остатоци од нивните тела или опрема“, додал тој.

Сомнежите на Украинците подоцна беа потврдени кога на руски канал на „Телеграм“ се појави порака дека двајца Американци се заробени во близина на Харков.

„Би било преголема коинциденција тоа да беше случајно. Тие беа единствените Американци во оваа област“, ​​вели нивниот соборец.

The post Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина appeared first on Република.

]]>

Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“. Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната. Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивни соборци. За потсетување, судот на проруската Доњецка Народна Република неодамна осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец заробени во Мариупол. „Телеграф“ пишува дека заробувањето на двајцата Американци во Украина ќе биде дипломатски чувствително прашање, затоа што Кремљ би можел да се обиде да го искористи овој настан како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Рускиот претседател, Владимир Путин, најверојатно ќе побара големи отстапки за да ги ослободи, пишува британскиот весник. Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговарал со „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рекол дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.
Бевме на мисија и одеднаш настана вистинска лудница. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе напаѓаат. Тие дојдоа по патот со два тенка Т-72, повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што ние имавме таму беше нашата единица од околу десетина луѓе.   Зазедовме одбранбена позиција, а Друеке и Хајн истрелаа ракета кон руско возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука граната во нивна насока - посочил соборецот на заробените Американци.
Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Сепак, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека се заробени од руски војници.
Се сомневаме дека биле онесвестени или од противтенковската мина или од истрелот упатен од тенкот во нивна насока. Подоцна неколку пати ги баравме, но не ги најдовме - изјавил нивниот соборец.
„Потоа подигнавме и дронови, но не најдовме ништо. Ако беа погодени од тенковската граната, ќе најдевме остатоци од нивните тела или опрема“, додал тој. Сомнежите на Украинците подоцна беа потврдени кога на руски канал на „Телеграм“ се појави порака дека двајца Американци се заробени во близина на Харков. „Би било преголема коинциденција тоа да беше случајно. Тие беа единствените Американци во оваа област“, ​​вели нивниот соборец.

The post Руските сили првпат заробиле двајца американски борци во Украина appeared first on Република.

]]>
Двајца Американци ранети во Украина, гаѓале руски тенк кога ги „поклопил“ артилериски оган https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-amerikanci-raneti-vo-ukraina-gagjale-ruski-tenk-koga-gi-poklopil-artileriski-ogan/ Thu, 28 Apr 2022 07:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=494570

Двајца американски војници кои се борат на страната на Украина се тешко ранети во артилериски напад во близина на градот Орикив во областа Запорожје.

Станува збор за двајца американски воени ветерани, Манус МекЕфри и Пол Греј, кои заедно дејствувале како тим кој стрелал противтенковски проектили од типот „Џавелин“ кон руски тенкови во моментот кога биле погодени од артилериски оган, објави новинарот, Нолан Питерсон.

https://twitter.com/nolanwpeterson/status/1519333208520859649?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519333208520859649%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3921953%2Fuznemirujuce-dva-amerikanca-ranjena-u-ukrajini-zasuti-artiljerijom-dok-su-navodi-se-gadjali-ruske-tenkove-video

Според новинарот, МекЕфри се здобил со рани од шрапнели на лицето, главата и торзото, додека Греј го повредил стапалото кога врз него се урнал бетонски ѕид, погоден од гранатите.

Двајцата се во болница - вели Питерсон, кој објави и нивна снимка од местото на настанот, односно нивната евакуација кон болница.

https://twitter.com/nolanwpeterson/status/1519333707387179008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519334107892826112%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3921953%2Fuznemirujuce-dva-amerikanca-ranjena-u-ukrajini-zasuti-artiljerijom-dok-su-navodi-se-gadjali-ruske-tenkove-video

The post Двајца Американци ранети во Украина, гаѓале руски тенк кога ги „поклопил“ артилериски оган appeared first on Република.

]]>

Двајца американски војници кои се борат на страната на Украина се тешко ранети во артилериски напад во близина на градот Орикив во областа Запорожје. Станува збор за двајца американски воени ветерани, Манус МекЕфри и Пол Греј, кои заедно дејствувале како тим кој стрелал противтенковски проектили од типот „Џавелин“ кон руски тенкови во моментот кога биле погодени од артилериски оган, објави новинарот, Нолан Питерсон. https://twitter.com/nolanwpeterson/status/1519333208520859649?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519333208520859649%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3921953%2Fuznemirujuce-dva-amerikanca-ranjena-u-ukrajini-zasuti-artiljerijom-dok-su-navodi-se-gadjali-ruske-tenkove-video Според новинарот, МекЕфри се здобил со рани од шрапнели на лицето, главата и торзото, додека Греј го повредил стапалото кога врз него се урнал бетонски ѕид, погоден од гранатите.
Двајцата се во болница - вели Питерсон, кој објави и нивна снимка од местото на настанот, односно нивната евакуација кон болница.
https://twitter.com/nolanwpeterson/status/1519333707387179008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519334107892826112%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3921953%2Fuznemirujuce-dva-amerikanca-ranjena-u-ukrajini-zasuti-artiljerijom-dok-su-navodi-se-gadjali-ruske-tenkove-video

The post Двајца Американци ранети во Украина, гаѓале руски тенк кога ги „поклопил“ артилериски оган appeared first on Република.

]]>