амбер алерт Archives - Република https://republika.mk/tema/amber-alert/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 07:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбер алерт Archives - Република https://republika.mk/tema/amber-alert/ 32 32 И Македонија добива „Најди ме“ – веб страница на Системот за рано предупредување за исчезнати деца https://republika.mk/vesti/makedonija/i-makedonija-dobiva-najdi-me-veb-stranitsa-na-sistemot-za-rano-predupreduvane-za-ischeznati-detsa/ Mon, 18 Dec 2023 07:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=724138

Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца - najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици - македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи.

Системот за рано предупредување ќе споделува информации за исчезнатите по претходна потврда на пријавата во МВР, по што ќе се дистрибуираат преку каналите за комуникација на партнерите, бизнисите со кои е остварена соработка: банкомати на банки, дигитални дисплеи во јавниот сообраќаен превоз, комуникациски канали на групацијата за такси превоз, хотелските услуги..., посочуваат од Новинари за човекови права.

Како што најавуваат организаторирете, на настанот ќе се обратат Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Тони Ангеловски, помошник за односи со јавност на министерот за внатрешни работи, Јасна Стојкоска, асистент на полициско аташе при австриска Амбасада во Скопје, Харалд Фугер, Аташе на Федералното Министерство за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачи на Австрија.

Воедно ќе бидат промовирани и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години, препораките до институциите, а со сите засегнати чинители, претставниците на институциите, бизнисите, експертите, ќе се дискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање.

На конференцијата ќе се дискутира и за начините на интензивирање на досегашната соработка на различни засегнати страни (јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, медиумите) во рамки на „Пилот проект за систем за рано предупредување на исчезнати деца“ со цел непречено функципнирање и на долг рок и институционализирање на системот за алармирање.

Следејќи ги искуствата од другите земји кои имаат системи за предупредување за исчезнати деца и потпирајќи се на австрискиот пример – „Австрија ве наоѓа“, Новинари за човекови права и во соработка и под проектен менаџмент на ECPAT Австрија, го спроведува проектот во Македонија со експертска поддршка од земјава и ЕУ и ангажирање и вмрежување на повеќе чинители: јавен и приватен сектор, граѓански организации, медиуми.

Проектот, чија главна цел е да се подобрат постоечките пристапи и да се изнајдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите преку размена на искуства и стекнување нови знаења, се спроведува во периодот од 1 јули 2021 година до 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

The post И Македонија добива „Најди ме“ – веб страница на Системот за рано предупредување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>

Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца - najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици - македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи.
Системот за рано предупредување ќе споделува информации за исчезнатите по претходна потврда на пријавата во МВР, по што ќе се дистрибуираат преку каналите за комуникација на партнерите, бизнисите со кои е остварена соработка: банкомати на банки, дигитални дисплеи во јавниот сообраќаен превоз, комуникациски канали на групацијата за такси превоз, хотелските услуги..., посочуваат од Новинари за човекови права.
Како што најавуваат организаторирете, на настанот ќе се обратат Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Тони Ангеловски, помошник за односи со јавност на министерот за внатрешни работи, Јасна Стојкоска, асистент на полициско аташе при австриска Амбасада во Скопје, Харалд Фугер, Аташе на Федералното Министерство за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачи на Австрија. Воедно ќе бидат промовирани и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години, препораките до институциите, а со сите засегнати чинители, претставниците на институциите, бизнисите, експертите, ќе се дискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање. На конференцијата ќе се дискутира и за начините на интензивирање на досегашната соработка на различни засегнати страни (јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, медиумите) во рамки на „Пилот проект за систем за рано предупредување на исчезнати деца“ со цел непречено функципнирање и на долг рок и институционализирање на системот за алармирање. Следејќи ги искуствата од другите земји кои имаат системи за предупредување за исчезнати деца и потпирајќи се на австрискиот пример – „Австрија ве наоѓа“, Новинари за човекови права и во соработка и под проектен менаџмент на ECPAT Австрија, го спроведува проектот во Македонија со експертска поддршка од земјава и ЕУ и ангажирање и вмрежување на повеќе чинители: јавен и приватен сектор, граѓански организации, медиуми. Проектот, чија главна цел е да се подобрат постоечките пристапи и да се изнајдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите преку размена на искуства и стекнување нови знаења, се спроведува во периодот од 1 јули 2021 година до 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

The post И Македонија добива „Најди ме“ – веб страница на Системот за рано предупредување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>
Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-tijana-uspea-od-denes-vo-srbija-pronajdi-me-sistem-za-itno-izvestuvane-za-ischeznati-detsa/ Wed, 25 Oct 2023 16:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=695000

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување.

Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.

Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.

Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело.

Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.

Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна.

Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца.

Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува.

На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.

Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.

Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години.

Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>

Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување. Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, и според статистичките податоци, тие се ефективни во 90 проценти од случаите.
Ако овој систем помогне да се најде само едно дете, целиот ангажман на државата и парите се исплателе повеќекратно. Животот на секое дете е поважен од што било друго. Звучи како флоскула, но тоа е вистина, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кој официјално го промовираше новиот систем.
Во Србија во последните две години се распишани речиси 3.889 потраги по исчезнати деца, од кои 3.859 се прекинати затоа што не станувало збор за кривично дело. Фондацијата „Тијана Јуриќ“ апелираше за воведување на ваков систем во 2015 година, пишува Би-Би-Си на српски јазик.
Горд сум што можам да истакнам дека ова е прв ваков систем во регионот, изјави денеска Игор Јуриќ, директор на Фондацијата, која го носи името на неговата киднапирана и убиена ќерка Тијана.
Девојчето исчезна во 2014 година, кога имаше неполни 15 години, а нејзиното тело беше пронајдено 12 дена подоцна. Според податоците на оваа Фондација, секоја година во Србија се пријавуваат за исчезнати меѓу 1.300 и 1.500 деца. Но, не во сите случаи станува збор за киднапирање, туку причините за исчезнувањето се различни, па во најголем број случаи се случува детето самоиницијативно да побегне од домот или установата каде што престојува. На воспоставувањето на системот соработуваат српските министерства за внатрешни работи, за информации и телекомуникации и за градежништво, транспорт и инфраструктура. Системот ќе функционира на начин што исчезнувањето на малолетниците го пријавуваат родителите или старателите, а одлуката за активирање на системот ја носи Министерството за внатрешни работи. Системот нема да се активира за секое дете чие исчезнување е пријавено, туку само кога постои сомневање дека е жртва на кривично дело.
Нема да се активира и ако се процени дека објавувањето на информации за детето може да ја загрози безбедноста на детето и да ја попречи работата на полицијата, нагласи српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на презентацијата на системот.
Задолжително ќе се активира во случаи на исчезнување на деца до седум години, како и деца со пречки во развојот до 18 години. Во случај на активирање на системот за исчезнување на малолетно дете, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици. Доколку имаат информации за детето, граѓаните ќе можат да пријават во полиција.

The post Таткото на Тијана успеа: Од денес во Србија „Пронајди ме“ – систем за итно известување за исчезнати деца appeared first on Република.

]]>