алтернатива Archives - Република https://republika.mk/tema/alternativa/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 18:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алтернатива Archives - Република https://republika.mk/tema/alternativa/ 32 32 Следната недела ќе биде доставен предлогот за нова влада, познати се повеќе имиња на новите министри https://republika.mk/vesti/makedonija/slednata-nedela-ke-bide-dostaven-predlogot-za-nova-vlada-poznati-se-poveke-imina-na-novite-ministri/ Sat, 15 Jun 2024 18:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=787967

На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговарало за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно е одлучено да биде Проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да и претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fatmir-limani-besar-durmishi-i-sedat-sulejmani-kandidati-na-besa-za-noviot-sostav-na-vladata/

The post Следната недела ќе биде доставен предлогот за нова влада, познати се повеќе имиња на новите министри appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговарало за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива. На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно е одлучено да биде Проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива. Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива. На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да и претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива. https://republika.mk/vesti/makedonija/fatmir-limani-besar-durmishi-i-sedat-sulejmani-kandidati-na-besa-za-noviot-sostav-na-vladata/

The post Следната недела ќе биде доставен предлогот за нова влада, познати се повеќе имиња на новите министри appeared first on Република.

]]>
Алтернатива потврди: Има договор Гаши да биде претседател на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-potvrdi-ima-dogovor-gashi-da-bide-pretsedatel-na-sobranieto/ Tue, 28 May 2024 11:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=782403

Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на Албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши.

Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

The post Алтернатива потврди: Има договор Гаши да биде претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на Албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши. Во меѓувреме ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

The post Алтернатива потврди: Има договор Гаши да биде претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>
Алтернатива: Да се одземе лиценцата за работа на компанијата што го обезбедува М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-da-se-odzeme-litsentsata-za-rabota-na-kompanijata-shto-go-obezbeduva-m-nav/ Sat, 06 Jan 2024 16:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=730502

Алтернатива бара раскинување на договорот и одземање на лиценцата за работа на компанијата која го обезбедува објектот на Македонската навигација. Случајот со бруталниот напад на контролорите на летови, според партијата, открива дека ваков инцидент што можел да заврши со трагични последици и закана за националната безбедност, е овозмошен од обезбедувачкиот персонал на компанијата “2SS Security” кои, иако биле должни, не го спречиле овој напад.

„Ситуацијата станува уште појасна сега кога јавноста знае дека сопственикот на оваа компанија e близок со лидерот на ДУИ. Како да се ова не е доволно, вчера во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето (зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма), претепале постар човек без никаква причина“, велат од Алтерантива.

Според информации на Алтернатива, еден од обезбедувачите не располагал ниту со лиценца за извршување на оваа професија.

„Итно апелираме на компанијата “2SS Security” да му се раскине договорот за обезбедување на просториите на М-НАВ. Апелираме до Министерството за внатрешни работи и до релевантните инситтуции да преземат соодветни мерки за утврдување на нашите тврдења и на компанијата да и биде одземена лиценцата за работа,“се наведува во соопштението.

The post Алтернатива: Да се одземе лиценцата за работа на компанијата што го обезбедува М-НАВ appeared first on Република.

Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-medhiti-i-kasami-zaedno-ke-nastapat-na-pretstojnite-parlamentarni-i-pretsedatelski-izbori/ Tue, 28 Nov 2023 20:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=717325

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија.

Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово.

Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.

-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.

Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.

-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.

Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.

-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.

Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.

(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори. Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија. Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово. Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.
-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.
Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.
-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.
Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.
-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.
Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.
(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>
Две третини од членовите на огранокот Чаир се откажуваат од Алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/dve-tretini-od-chlenovite-na-ogranokot-chair-se-otkazhuvaat-od-alternativa/ Fri, 27 Oct 2023 09:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=695472

Ограногот на Алтернатива - Чаир соопшти дека 2/3 од членовите на огранокот се откажуваат од партијата поради како што наведуваат, акумулираното незадоволство од некои членови кои ја узурпирале партијата.

Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива - Чаир, 2/3 од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост во врска со незадоволствата наталожени во текот на овие месеци во нашиот огранок, но не се само овие причини. И покрај фактите и некои обиди за синхронизирање и усогласување на огранокот, внатрешни разговори меѓу нашите членови - принудени сме да кажеме дека проблемите во огранокот Чаир се акумулација на револтот на нашите членови, веќе 15 месеци. Иако нашата надеж до овој момент беше дека ќе постигнеме компромис меѓу членовите на огранокот, тоа за жал не се случи - додека виновниците за ова сега се познати и носат печат на две-три лица кои узурпираа и непотизираа се во партијата, се наведува во соопштението од Огранокот на Алтернатива во Чаир.

При тоа соопштуваат дека ги донеле следните одлуки: - 2/3 од членовите на огранокот Чаир поднесуваат оставки од партиските органи; - 8 членови на Централното собрание, заедно со 1 член на Централното претседателство – ќе ја запрат дејноста во огранокот; - раководителите на соодветните подружници заедно со нивните членови се повлекуваат од огранокот Чаир.

Од овој момент, основачката структура на огранокот, заедно со неколку раководители на подограноци и активисти, 2/3 од членовите на партиската структура, пред членството, активисти, симпатизери и поддржувачи, но и пред јавноста, повторуваме дека заслужни за нашата колективна оставка од огранокот, има само двајца-тројца узурпатори-клиентелисти, додека последните анкети говорат за сите овие глупости и резултатот за огранокот Чаир. На крајот, нашиот совет до секој активист во огранокот е многу пријателски: „размислете добро, пред да биде предоцна“ - не се прави огранок со членови на семејството и непотизам, како на пример подогранок со тројца членови на семејството: Гаши и Ибрахими - иако и денес продолжуваат да бидат членови на собранието, истотака не се прави огранок ниту со први братучеди и втори роднини, ниту пак структура со скрстени нозе со терцијарна терминологија: „овој е мој, тој е наш“, - или да се каже со омилениот термин: „аџанак-баџанак“, наведуваат од партискиот огранок.

The post Две третини од членовите на огранокот Чаир се откажуваат од Алтернатива appeared first on Република.

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството https://republika.mk/vesti/makedonija/aliti-i-koga-eu-reagira-negativno-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik-vlasta-manipulira-so-obrazlozhenie-deka-se-neophodni-za-reformite-vo-pravosudstvoto/ Sat, 23 Sep 2023 11:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=684373

Адмирим Алити, потпретседател на Алтернатива во името на албанската опозиција составена од политичките партии – Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса на денешната прес-конференција пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, истакна дека ги поддржуваат ставовите на Унијата оти е злоупотребувано европското знаменце при носењето на Кривичниот законик.

Веќе не е потребно да коментираме и да објаснуваме за да можеме да констатираме кој ја злоупотребува „Европа“. Тука е евроамбасадорот кој изјавува дека Европската комисија реагирала за користење на знамето на ЕУ за измените во Кривичниот законик и дека ЕУ тоа го смета за несоодветно објаснувајќи дека тоа е прашање за кое треба да се дискутира, особено што овие измени претставуваат опасност за правната држава бидејќи го отвораат патот за пораст на неказнивоста. Меѓутоа, како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема, рече Алити.

Тој потенцира дека воопшто не се изненадени од фактот што е злоупотребувано европското знаме, бидејќи, како што рече, веќе се навикнати да се злоупотребуваат знамињата во остварување на нивните цели.

Алити истакна потенцира дека и кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството.

Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас, рече тој.

И сега кога дури и ЕУ реагира негативно на оваа измена, додаде тој, тие повторно излегуваат да манипулираат со оправдувањето „не грижете се, бидејќи ЕУ и САД не са сфатиле причината на таа измена ви кривичниот законик и не знаат колку е важна оваа измена“.

The post Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството appeared first on Република.

]]>

Адмирим Алити, потпретседател на Алтернатива во името на албанската опозиција составена од политичките партии – Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса на денешната прес-конференција пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, истакна дека ги поддржуваат ставовите на Унијата оти е злоупотребувано европското знаменце при носењето на Кривичниот законик.
Веќе не е потребно да коментираме и да објаснуваме за да можеме да констатираме кој ја злоупотребува „Европа“. Тука е евроамбасадорот кој изјавува дека Европската комисија реагирала за користење на знамето на ЕУ за измените во Кривичниот законик и дека ЕУ тоа го смета за несоодветно објаснувајќи дека тоа е прашање за кое треба да се дискутира, особено што овие измени претставуваат опасност за правната држава бидејќи го отвораат патот за пораст на неказнивоста. Меѓутоа, како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема, рече Алити.
Тој потенцира дека воопшто не се изненадени од фактот што е злоупотребувано европското знаме, бидејќи, како што рече, веќе се навикнати да се злоупотребуваат знамињата во остварување на нивните цели. Алити истакна потенцира дека и кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството.
Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас, рече тој.
И сега кога дури и ЕУ реагира негативно на оваа измена, додаде тој, тие повторно излегуваат да манипулираат со оправдувањето „не грижете се, бидејќи ЕУ и САД не са сфатиле причината на таа измена ви кривичниот законик и не знаат колку е важна оваа измена“.

The post Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството appeared first on Република.

]]>
Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-besa-i-demokratsko-dvizhene-dali-ahmeti-ke-zboruvashe-makedonski-ako-ne-se-zdruzheshe-albanskata-opozitsija/ Tue, 19 Sep 2023 08:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=683070

Aлбанската опозиција составена од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење реагираа на вчерашното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „360 степени“, кое се емитуваше на Првиот програмски сервис на МРТ. Според трите партии, Ахмети се мачел да покаже дека знае македонски јазик.

Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори, стои во заедничкото соопштение на трите албански партии.

Дел од интервјуто Ахмети зборувал на македонски, а дел на албански јазик.

The post Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? appeared first on Република.

]]>

Aлбанската опозиција составена од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење реагираа на вчерашното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „360 степени“, кое се емитуваше на Првиот програмски сервис на МРТ. Според трите партии, Ахмети се мачел да покаже дека знае македонски јазик. Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори, стои во заедничкото соопштение на трите албански партии. Дел од интервјуто Ахмети зборувал на македонски, а дел на албански јазик.

The post Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? appeared first on Република.

]]>
Алтернатива: Името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-imeto-na-koruptsijata-ne-e-samo-soravija-nitu-samo-evrovia-tuku-tokmu-dui/ Thu, 31 Aug 2023 16:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=677681

Како што објавија медиумите, но и од информациите од Државната комисија за спречување на корупцијата, една од фирмите донатори на ДУИ е и „Евровиа“, која од една страна добива тендери од ДУИ, а од друга страна се претставува како донатор на оваа партија. Тоа укажува дека има нешто сомнително во овие финансиски извештаи и тоа секако беше причина што и Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет, соопштија денеска од Алтернатива.

„Јавноста беше информирана дека токму оваа фирма добила тендер од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вредност од 1,8 милиони евра, а од друга страна токму таа се појавува како донатор на Демократската унија за интеграција. Логиката вели дека сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака.

За нас тоа не е ниту изненадување, ниту новост, но за јавноста, која можеби веруваше во убавиот наратив на интеграцијата, веќе е јасно дека агендата на оваа партија не е ниту интеграцијата, ниту ЕУ, туку само валутата на Европската унија.

Како и да е, додека секојдневно се појавуваат скандали за корупцијата во кои е втурната оваа партија, станува се поизвесно дека ДУИ е во слободен пад и дека го собира последниот арач, за да заврши во опозиција, а многу нејзини експоненти и во затвор.

АлтернАтивА уште еднаш изјавува дека името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, додека Албанците во оваа земја остануваат заложници на политичарите на оваа партија, кои се заложници на фиоките со страшни случаи на политичка корупција“, се додава во денешното соопштение.

The post Алтернатива: Името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ appeared first on Република.

]]>

Како што објавија медиумите, но и од информациите од Државната комисија за спречување на корупцијата, една од фирмите донатори на ДУИ е и „Евровиа“, која од една страна добива тендери од ДУИ, а од друга страна се претставува како донатор на оваа партија. Тоа укажува дека има нешто сомнително во овие финансиски извештаи и тоа секако беше причина што и Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет, соопштија денеска од Алтернатива.
„Јавноста беше информирана дека токму оваа фирма добила тендер од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вредност од 1,8 милиони евра, а од друга страна токму таа се појавува како донатор на Демократската унија за интеграција. Логиката вели дека сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака. За нас тоа не е ниту изненадување, ниту новост, но за јавноста, која можеби веруваше во убавиот наратив на интеграцијата, веќе е јасно дека агендата на оваа партија не е ниту интеграцијата, ниту ЕУ, туку само валутата на Европската унија. Како и да е, додека секојдневно се појавуваат скандали за корупцијата во кои е втурната оваа партија, станува се поизвесно дека ДУИ е во слободен пад и дека го собира последниот арач, за да заврши во опозиција, а многу нејзини експоненти и во затвор. АлтернАтивА уште еднаш изјавува дека името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, додека Албанците во оваа земја остануваат заложници на политичарите на оваа партија, кои се заложници на фиоките со страшни случаи на политичка корупција“, се додава во денешното соопштение.

The post Алтернатива: Името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ appeared first on Република.

]]>
Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста – порачуваат од Алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/onoj-shto-veruva-deka-albanets-ke-ja-otpee-makedonska-himna-ima-seriozni-problemi-so-realnosta-porachuvaat-od-alternativa/ Mon, 14 Aug 2023 12:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=672012

По посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово и реакциите кои изнесени во јавноста по оваа посета, особено за делот на иконографијата, ниту претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, не го оставија рамнодушен, велат од партијата Алтернатива.

Плашејќи се дека Ковачевски и Апасиев го заземаат целосно местото на албанофобијата, конечно и тој излезе на сцена да побара правна одговорност за оние кои го „уништија државноста на РМ“ поради химната на албанското знаме и албанските национални знамиња.

Како што многупати сме кажале, ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста, бидејќи – додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи.

Што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнеме дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за една кандидатура. Освен тоа, се чини, тој сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален кон „нив“ и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки.

Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот, соопштија од Алтернатива.

The post Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста – порачуваат од Алтернатива appeared first on Република.

]]>

По посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово и реакциите кои изнесени во јавноста по оваа посета, особено за делот на иконографијата, ниту претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, не го оставија рамнодушен, велат од партијата Алтернатива. Плашејќи се дека Ковачевски и Апасиев го заземаат целосно местото на албанофобијата, конечно и тој излезе на сцена да побара правна одговорност за оние кои го „уништија државноста на РМ“ поради химната на албанското знаме и албанските национални знамиња. Како што многупати сме кажале, ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста, бидејќи – додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи. Што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнеме дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за една кандидатура. Освен тоа, се чини, тој сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален кон „нив“ и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот, соопштија од Алтернатива.

The post Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста – порачуваат од Алтернатива appeared first on Република.

]]>
Не е само ДУИ: Врие и во Алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-samo-dui-vrie-i-vo-alternativa/ Tue, 18 Jul 2023 11:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=662722

Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленциите, но тоа не влијае врз раководството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ddui-se-sitni-dvajtsa-pratenitsi-ja-napushtija-partijata-vkupno-trojtsa-vladejachkoto-mnozintvo/

- Почнувајќи со заобиколување на структурите, погрешни политики, непринципиелни ставови, концентрација на силата само врз некои поединци, донесување на одлуки од страна на мала група на поединци итн. Отстранување на крилото на Студеничани и Лабуништа, непочитувањето на членовите на раководството и централното собрание, слабото раководење со партијата, анкетите кои не покажуваат како најслаба партија се дел од причините што не наведуваат да реагираме на генералниот секретар. Наметнувањето на именувања во структурите, водење на политики според дневното расположение, политичкиот гнев кон сите што мислат поинаку, за жал не го прават генералниот секретар достоен за функцијата што ја врши, изјави во име на присутните Дритан Беџети, кој е претседател на тетовскиот огранок.

Тој рече дека не е време за соработка со други партии туку има потреба Алтернатива да биде посилна партија.

- Според анкетите последно време излегуваме како најслаба партија. Некои активисти се разочарани, некои не сакаат да се занимаваат со политика, разочарани од раководството. Не можеме да речеме од сите членови, дел од нив, тие што се поставени од претседателот. Што се однесува до предизборната соработка со другите албански партии соработката со Движењето Беса беше забрзана, бидејќи не беа направени дополнителни чекори со Движењето Беса (пратеничка група, член на ДИК), рече Беџети.

Според него, оваа загриженост ја дели целата структура, затоа ги повикува сегашните и претходните пратеници да ги поддржат. Додаде дека тоа важи и за другите структури кои заминале од многу причини од партијата.

- Откако ја презеде функцијата како генерален секретар заедно со потпретседателите на партијата, како извршна власт не беа успешни во сите предизборни ветувања, го прекршија секој принцип што го промовираа и со тоа револтирајќи ги членовите, причини кои покажуваат неуспешноста на субјектот, тоа го потврдуваат и најновите анкети. Жртвувањето на целиот субјект за спас на политичката кариера на потпретседателот Беким Сали поради очигледни неуспеси и координација со експоненти надвор од нашата партија, исто така само ја зголемува нашата огорченост кон двајцата. Затоа, крајно време е претседателот да постапи и да го разреши горенаведеното, бидејќи во спротивно субјектот оди кон уништување, истакна Дритан Беџети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-nemnozinstvoto-na-vlasta-za-ustavni-izmeni-dali-trojtsata-pratenitsi-na-medhiti-ke-imaat-svoi-uslovi/

Претседателот на тетовскиот огранок посочи дека списокот на потпишани членови ќе му го достави на претседателот за, како што рече, последен пат, со надеж дека ќе размисли и ќе преземе соодветн

The post Не е само ДУИ: Врие и во Алтернатива appeared first on Република.

]]>

Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленциите, но тоа не влијае врз раководството. https://republika.mk/vesti/makedonija/ddui-se-sitni-dvajtsa-pratenitsi-ja-napushtija-partijata-vkupno-trojtsa-vladejachkoto-mnozintvo/
- Почнувајќи со заобиколување на структурите, погрешни политики, непринципиелни ставови, концентрација на силата само врз некои поединци, донесување на одлуки од страна на мала група на поединци итн. Отстранување на крилото на Студеничани и Лабуништа, непочитувањето на членовите на раководството и централното собрание, слабото раководење со партијата, анкетите кои не покажуваат како најслаба партија се дел од причините што не наведуваат да реагираме на генералниот секретар. Наметнувањето на именувања во структурите, водење на политики според дневното расположение, политичкиот гнев кон сите што мислат поинаку, за жал не го прават генералниот секретар достоен за функцијата што ја врши, изјави во име на присутните Дритан Беџети, кој е претседател на тетовскиот огранок.
Тој рече дека не е време за соработка со други партии туку има потреба Алтернатива да биде посилна партија.
- Според анкетите последно време излегуваме како најслаба партија. Некои активисти се разочарани, некои не сакаат да се занимаваат со политика, разочарани од раководството. Не можеме да речеме од сите членови, дел од нив, тие што се поставени од претседателот. Што се однесува до предизборната соработка со другите албански партии соработката со Движењето Беса беше забрзана, бидејќи не беа направени дополнителни чекори со Движењето Беса (пратеничка група, член на ДИК), рече Беџети.
Според него, оваа загриженост ја дели целата структура, затоа ги повикува сегашните и претходните пратеници да ги поддржат. Додаде дека тоа важи и за другите структури кои заминале од многу причини од партијата.
- Откако ја презеде функцијата како генерален секретар заедно со потпретседателите на партијата, како извршна власт не беа успешни во сите предизборни ветувања, го прекршија секој принцип што го промовираа и со тоа револтирајќи ги членовите, причини кои покажуваат неуспешноста на субјектот, тоа го потврдуваат и најновите анкети. Жртвувањето на целиот субјект за спас на политичката кариера на потпретседателот Беким Сали поради очигледни неуспеси и координација со експоненти надвор од нашата партија, исто така само ја зголемува нашата огорченост кон двајцата. Затоа, крајно време е претседателот да постапи и да го разреши горенаведеното, бидејќи во спротивно субјектот оди кон уништување, истакна Дритан Беџети.
https://republika.mk/vesti/makedonija/se-namaluva-nemnozinstvoto-na-vlasta-za-ustavni-izmeni-dali-trojtsata-pratenitsi-na-medhiti-ke-imaat-svoi-uslovi/ Претседателот на тетовскиот огранок посочи дека списокот на потпишани членови ќе му го достави на претседателот за, како што рече, последен пат, со надеж дека ќе размисли и ќе преземе соодветн

The post Не е само ДУИ: Врие и во Алтернатива appeared first on Република.

]]>
Алтернатива прашува: Колку внуци-генијалци има Ахмети? https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-prashuva-kolku-vnutsi-genijaltsi-ima-ahmeti/ Tue, 27 Jun 2023 21:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=655862

Алтернатива реагира на најновите случувања во кои се инволвирани внуците на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи комерцијалниот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван за прв секретар во амбасадата на Македонија во Брисел. По Дрин Ахмети,за кој се покажало дека има „посебни деловни вештини“, другиот внук Бесијан Ахмети испадна дека има „посебни дипломатски вештини“ и толку многу што е пратен во дипломатијата без оглед на  неговиот стаж од помалку од една година и дипломатското искуство „нула“. Се разбира, како што изгледа, во овие случаи поважно од сè е презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети.

Наместо Бујар Османи да ги унапреди и да испрати десетици Албанци со искуство во дипломатијата, кои со години се вртат по ходниците на МНР и ги игнорира, зема многу млад и неискусен кадар и го испраќа во центарот на дипломатијата. Ова е штетно за дипломатијата на нашата држава и е лоша слика за Македонија, но е и депресивна за секој млад Албанец кому чичко не му е Али Ахмети и кој нема презиме Ахмети. Затоа, не можеме а да не прашаме колку внуци има Ахмети? – прашуваат од Алтернатива барајќи одговорност за случајот.

The post Алтернатива прашува: Колку внуци-генијалци има Ахмети? appeared first on Република.

]]>

Алтернатива реагира на најновите случувања во кои се инволвирани внуците на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи комерцијалниот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван за прв секретар во амбасадата на Македонија во Брисел. По Дрин Ахмети,за кој се покажало дека има „посебни деловни вештини“, другиот внук Бесијан Ахмети испадна дека има „посебни дипломатски вештини“ и толку многу што е пратен во дипломатијата без оглед на  неговиот стаж од помалку од една година и дипломатското искуство „нула“. Се разбира, како што изгледа, во овие случаи поважно од сè е презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети. Наместо Бујар Османи да ги унапреди и да испрати десетици Албанци со искуство во дипломатијата, кои со години се вртат по ходниците на МНР и ги игнорира, зема многу млад и неискусен кадар и го испраќа во центарот на дипломатијата. Ова е штетно за дипломатијата на нашата држава и е лоша слика за Македонија, но е и депресивна за секој млад Албанец кому чичко не му е Али Ахмети и кој нема презиме Ахмети. Затоа, не можеме а да не прашаме колку внуци има Ахмети? – прашуваат од Алтернатива барајќи одговорност за случајот.

The post Алтернатива прашува: Колку внуци-генијалци има Ахмети? appeared first on Република.

]]>
И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ https://republika.mk/vesti/makedonija/i-besa-i-alternativa-so-front-za-evropa/ Tue, 02 May 2023 11:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=636029

Опозициските партии на Албанците Движењето БЕСА и Алтернатива, како и некои невладини организации, како што дознава „Република“, работат на создавање заеднички фронт „Обединети за ЕУ“.

Високи извори блиски до таборот на опозициските партии на Албанците информираат за „Република“ дека и последната средба на лидерите на Движењето БЕСА Билал Касами и Алтернатива Африм Гаши била во духот на градење политички консензус за создавање на овој фронт.

Според проекциите на опозицијата, во оваа иницијатива се очекува да бидат вклучени повеќе организации и граѓански иницијативи. „Република“ дознава дека незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред извесно време ја започна иницијативата „Фронт за Европа“ во која ги покани за учеството, како што нагласи, сите прогресивни проевропски и проамерикански сили.

Ахмети организираше серија средби со партиски структури и граѓани со мотото „Фронт за Европа/ Заедно за Европа“, но од овие средби не излезе ништо конкретно.

Целта на оваа иницијатива, како што коментираат познавачите на политичките случувања во земјава, е македонската опозиција да се прикаже како анти-ЕУ, а со ова секоја партија на Албанците што ќе соработува со нив да се претставува како таква. Оваа иницијатива на опозицијата на Албанците ја разбива политичка агенда на интегративсците на Ахмети, а во таа насока се очекува да дејствува и македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се разобличи оваа политичка агенда на ДУИ.

Лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, минатата недела имале средба, која според извори од двете партии, е првичен обид да се „стопи мразот“ меѓу двете партии во насоката на можна посериозна соработка во иднина.

The post И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ appeared first on Република.

]]>

Опозициските партии на Албанците Движењето БЕСА и Алтернатива, како и некои невладини организации, како што дознава „Република“, работат на создавање заеднички фронт „Обединети за ЕУ“. Високи извори блиски до таборот на опозициските партии на Албанците информираат за „Република“ дека и последната средба на лидерите на Движењето БЕСА Билал Касами и Алтернатива Африм Гаши била во духот на градење политички консензус за создавање на овој фронт. Според проекциите на опозицијата, во оваа иницијатива се очекува да бидат вклучени повеќе организации и граѓански иницијативи. „Република“ дознава дека незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред извесно време ја започна иницијативата „Фронт за Европа“ во која ги покани за учеството, како што нагласи, сите прогресивни проевропски и проамерикански сили. Ахмети организираше серија средби со партиски структури и граѓани со мотото „Фронт за Европа/ Заедно за Европа“, но од овие средби не излезе ништо конкретно. Целта на оваа иницијатива, како што коментираат познавачите на политичките случувања во земјава, е македонската опозиција да се прикаже како анти-ЕУ, а со ова секоја партија на Албанците што ќе соработува со нив да се претставува како таква. Оваа иницијатива на опозицијата на Албанците ја разбива политичка агенда на интегративсците на Ахмети, а во таа насока се очекува да дејствува и македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се разобличи оваа политичка агенда на ДУИ. Лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, минатата недела имале средба, која според извори од двете партии, е првичен обид да се „стопи мразот“ меѓу двете партии во насоката на можна посериозна соработка во иднина.

The post И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ appeared first on Република.

]]>
Алтернатива: Достоинството на пациентите е над страста за власт https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-dostoinstvoto-na-patsientite-e-nad-strasta-za-vlast/ Sat, 15 Apr 2023 12:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=631038

Најостро го осудуваме инцидентот со видеото од болницата во Тетово. Пациентките кои се снимани се нечии мајки, сопруги, ќерки, личности со емоции на кои ни криви ни должни им се наруши приватноста. Ваков распад на јавното здравство е невиден. Уверени сме дека ова е последица на некадарноста на Алијанса да се справува со системските слабости во ресорите кои ги бараа и добија. Ниту едно оправдување не држи. За скандалот да биде уште поголем, лекарот кој го снимал видеото е сликан со министерот за здравство при негова посета на болницата во Тетово. Насмеан и среќен. Во цивилна гардероба што укажува дека е можно да не бил на работа туку специјално се појавил за министерот, велат од Алтернатива.

„Почитувани граѓани, занимавањето со политика не се само кадровските комбинаторики. Политиката е сериозна професија и не е за секого. Вие не заслужувате ваква неодговорна власт. Г. Таравари не е од вчера за да не знае што е политичка и морална одговорност. Беше министер за Здравство, работи како лекар во Клинички центар и однапред требаше да знае што значи раководење со ресорите со кои го условуваше влезот на Алијанса во Владата.

Затоа не е доволно да се пријавува случајот во МВР. Неопходна е политичка одговорност за вакви скандали кои се надвор од сите етички стандарди за лекарската професија. Најмалку што може да стори Министерот за Здравство е веднаш да го разреши директорот на болницата во Тетово. Бараме одговорност сега и веднаш!

Алтернатива нема да молчи пред овие скандали, туку ќе ги користи сите механизми за заштита на достоинството и моралот на пациентите во која било здравствена установа“, соопштија од Алтернатива.

The post Алтернатива: Достоинството на пациентите е над страста за власт appeared first on Република.

]]>

Најостро го осудуваме инцидентот со видеото од болницата во Тетово. Пациентките кои се снимани се нечии мајки, сопруги, ќерки, личности со емоции на кои ни криви ни должни им се наруши приватноста. Ваков распад на јавното здравство е невиден. Уверени сме дека ова е последица на некадарноста на Алијанса да се справува со системските слабости во ресорите кои ги бараа и добија. Ниту едно оправдување не држи. За скандалот да биде уште поголем, лекарот кој го снимал видеото е сликан со министерот за здравство при негова посета на болницата во Тетово. Насмеан и среќен. Во цивилна гардероба што укажува дека е можно да не бил на работа туку специјално се појавил за министерот, велат од Алтернатива. „Почитувани граѓани, занимавањето со политика не се само кадровските комбинаторики. Политиката е сериозна професија и не е за секого. Вие не заслужувате ваква неодговорна власт. Г. Таравари не е од вчера за да не знае што е политичка и морална одговорност. Беше министер за Здравство, работи како лекар во Клинички центар и однапред требаше да знае што значи раководење со ресорите со кои го условуваше влезот на Алијанса во Владата. Затоа не е доволно да се пријавува случајот во МВР. Неопходна е политичка одговорност за вакви скандали кои се надвор од сите етички стандарди за лекарската професија. Најмалку што може да стори Министерот за Здравство е веднаш да го разреши директорот на болницата во Тетово. Бараме одговорност сега и веднаш! Алтернатива нема да молчи пред овие скандали, туку ќе ги користи сите механизми за заштита на достоинството и моралот на пациентите во која било здравствена установа“, соопштија од Алтернатива.

The post Алтернатива: Достоинството на пациентите е над страста за власт appeared first on Република.

]]>
Алтернатива: Благодарност до министерот Лога што се гордее со работата на Алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-blagodarnost-do-ministerot-loga-shto-se-gordee-so-rabotata-na-alternativa/ Thu, 13 Apr 2023 15:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=630652

Алтернатива со реакција на вчерашната изјава на министерот за правда, Кренар Лога, кој соопшти дека го финализирале текстот на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Иако не го спомна, можеби од ненамерен заборав, овој Предлог-закон го подготви поранешниот директор на Управата за водење на матични книги, Блерим Абази. Имено, директорот Абази во соработка со сите надлежни институции и локални и меѓународни организации го имаше финализирано текстот на Предлог-законот, додека по излегувањето на АлтернАтивА од владата, оваа работа ја продолжи неговиот наследник на оваа функција и сега веќе и министерот за правда е горд на ова достигнување.

Колку за информација, за времето додека Блерим Абази беше на позицијата директор на Управата за водење на матични книги, регистрирани се 30 лица кои имале недостиг на евиденции, 28 такви решенија биле готови, додека 317 лица се евидентирани во посебна матична книга, како и 166 лица кои биле со некомплетирани документи. Ова беше причина што во соработка со УНХЦР се побарани и пронајдени сите овие лица и се известени за комплетирање на документите со цел решавање на нивните предмети. Дополнително, поранешниот директор Абази го бранеше овој Предлог-закон и пред Комисијата за политички систем на Собранието и остана само фазата на гласање и преминување на пленарна седница.

Сепак, драго ни е што предлогот е веќе подготвен да помине и без разлика кој го подготвил и кој сака да ја земе заслугата, важно е што преку оваа измена ќе придобиваат многу граѓани кои немале евиденција во матичната книга - велат од Алтернатива.

The post Алтернатива: Благодарност до министерот Лога што се гордее со работата на Алтернатива appeared first on Република.

]]>

Алтернатива со реакција на вчерашната изјава на министерот за правда, Кренар Лога, кој соопшти дека го финализирале текстот на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Иако не го спомна, можеби од ненамерен заборав, овој Предлог-закон го подготви поранешниот директор на Управата за водење на матични книги, Блерим Абази. Имено, директорот Абази во соработка со сите надлежни институции и локални и меѓународни организации го имаше финализирано текстот на Предлог-законот, додека по излегувањето на АлтернАтивА од владата, оваа работа ја продолжи неговиот наследник на оваа функција и сега веќе и министерот за правда е горд на ова достигнување. Колку за информација, за времето додека Блерим Абази беше на позицијата директор на Управата за водење на матични книги, регистрирани се 30 лица кои имале недостиг на евиденции, 28 такви решенија биле готови, додека 317 лица се евидентирани во посебна матична книга, како и 166 лица кои биле со некомплетирани документи. Ова беше причина што во соработка со УНХЦР се побарани и пронајдени сите овие лица и се известени за комплетирање на документите со цел решавање на нивните предмети. Дополнително, поранешниот директор Абази го бранеше овој Предлог-закон и пред Комисијата за политички систем на Собранието и остана само фазата на гласање и преминување на пленарна седница. Сепак, драго ни е што предлогот е веќе подготвен да помине и без разлика кој го подготвил и кој сака да ја земе заслугата, важно е што преку оваа измена ќе придобиваат многу граѓани кои немале евиденција во матичната книга - велат од Алтернатива.

The post Алтернатива: Благодарност до министерот Лога што се гордее со работата на Алтернатива appeared first on Република.

]]>
Aлтернатива за довчерашниот коалициски партнер: Помина уште една скапа приватна забава на ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-za-dovcherashniot-koalitsiski-partner-pomina-ushte-edna-skapa-privatna-zabava-na-dui/ Tue, 21 Mar 2023 11:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=621992

Помина синоќа уште една скапа приватна забава на ДУИ. Се потврди по кој знае кој пат дека Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, а најмалку пак на Артан Груби, велат од Алтнернатива

Додека Албанците едвај сврзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно си заминуваат од земјата барајќи чаре во туѓина, ДУИ е фокусиран исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт. Да ја парафразираме онаа народната: Село гори Артан игра фудбал и кошарка во државни кабинети и собира партиски активисти во спортски сали. Очигледно нечиј страв се прикрива со бесцелни собири на збунети партиски активисти. И за таа цел не се штедат ресурси. Се злоупотребува секој атом од извршната власт.

Ваквата отуѓеност на ДУИ од сопствениот народ е најсилната мотивација Албанците на следните избори да го казнат овој расипнички модел на владеење кој ги држи во заложништво. АлтернАтивА е подготвена да биде олеснувач во процесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо „Тој доаѓа” ќе биде „Тој заминува”

The post Aлтернатива за довчерашниот коалициски партнер: Помина уште една скапа приватна забава на ДУИ appeared first on Република.

Гаши: Отворени сме за опозициски блок со сите партии https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-otvoreni-sme-za-opozitsiski-blok-so-site-partii/ Thu, 16 Mar 2023 08:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=620164

Отворени сме за опозициски блок со сите партии Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Тетово одржува средба со структурите на Алтернатива. Ова е втора средба на Гаши по онаа на Куманово, пренесува Топ24.

Пред почетокот на средбата Гаши истакна дека централното раководство на партијата одлучило да ја отвори партијата за нов опозициски блок.

Запрашан дали имале средби со „Огнената група“ и дали ова отворање важи и за неговата поранешна партија Движењето Беса, Гаши рече дека од утре ќе започнат контактите со сите.

„Конкретно во моментов немаме, но денеска имавме состанок на раководството и донесовме одлука да отвориме канал за соработка со останатите субјекти и во наредните денови во иднина ќе гледаме да комуницираме со сите партии. Ние сакаме да комуницираме со сите партии и да видиме потоа која е можноста за соработка“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/starata-lubov-nema-zaborav-i-pokraj-toa-shto-sdsm-gi-izbrka-od-vladata-alternativa-ne-insistira-na-predvremeni-izbori/

The post Гаши: Отворени сме за опозициски блок со сите партии appeared first on Република.

]]>

Отворени сме за опозициски блок со сите партии Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Тетово одржува средба со структурите на Алтернатива. Ова е втора средба на Гаши по онаа на Куманово, пренесува Топ24. Пред почетокот на средбата Гаши истакна дека централното раководство на партијата одлучило да ја отвори партијата за нов опозициски блок. Запрашан дали имале средби со „Огнената група“ и дали ова отворање важи и за неговата поранешна партија Движењето Беса, Гаши рече дека од утре ќе започнат контактите со сите.
„Конкретно во моментов немаме, но денеска имавме состанок на раководството и донесовме одлука да отвориме канал за соработка со останатите субјекти и во наредните денови во иднина ќе гледаме да комуницираме со сите партии. Ние сакаме да комуницираме со сите партии и да видиме потоа која е можноста за соработка“.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/starata-lubov-nema-zaborav-i-pokraj-toa-shto-sdsm-gi-izbrka-od-vladata-alternativa-ne-insistira-na-predvremeni-izbori/

The post Гаши: Отворени сме за опозициски блок со сите партии appeared first on Република.

]]>
Старата љубов нема заборав: И покрај тоа што СДСМ ги избрка од Владата, Алтернатива не инсистира на предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/starata-lubov-nema-zaborav-i-pokraj-toa-shto-sdsm-gi-izbrka-od-vladata-alternativa-ne-insistira-na-predvremeni-izbori/ Wed, 15 Mar 2023 20:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=620043

 Партијата Алтернатива денеска во Тетово одржа седница на централното претседателство и трибина со членовите, симпатизерите и граѓаните. Според претседателот на партијата Африм Гаши, сега како опозициска партија ќе имаат повеќе време за своите гласачи на вакви средби, а на централното претседателство е одлучено да се разгледаат можностите за соработка со сите партии.

- Алтернатива како опозициска партија се враќа кон своите гласачи. Во контакти дава отчет за тоа што  сработила за една година како дел од власта, ги организираме гласачите за наредниот предизвик, наредните избори, се среќаваме со нашите гласачи. Бевме во Куманово, денеска сме во Тетово, а ќе одиме во Скопје и во Струга на крај и ќе продолжиме со активности за реорганизирање на партијата, зацврстување на нашите органи и тела, за посилно и поунифицирано да настапиме на следните избори, истакна Гаши.

Околу прашањето дали ќе поддржи да има предвремени избори, Гаши со став дека за Алтернатива, тоа нема да биде главна агенда.

- Тоа оди со консензус на сите актери, јас мислам дека не треба да инсистираме, една партија или повеќе, кога да се оди на избори, јас сум бил поборник и така се случувало, да одиме на избори кога сите се подготвени и кога ќе го прифатат тој предизвик. Нормално дека, како опозициска партија, сакаме да бидат што побргу, но нема да инсистираме, нема да ни биде главна агенда, ќе настапиме со нашите органи, ќе ја зацврстиме партијата и ќе видиме дали ќе можеме да отвориме канали за соработка со другите политички партии. Денеска имавме централно претседателство и одлучивме да отвориме канали за комуникација со сите други политички субјекти. Нормално, партијата и јас како претседател, ќе се ориентираме со кого можеме да настапиме заедно, дали можеме да се согласиме, но партијата е отворена за комуникација со сите партии, нагласи Гаши во изјава за новинарите пред средбата со граѓаните.

The post Старата љубов нема заборав: И покрај тоа што СДСМ ги избрка од Владата, Алтернатива не инсистира на предвремени избори appeared first on Република.

Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт https://republika.mk/vesti/destruktivna-i-neprifatliva-e-idejata-na-alternativa-predlogot-zaednitsa-na-albanskite-opshtini-e-rizichen-smetaat-partiite-na-vlast/ Sun, 26 Feb 2023 16:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=613410

Заедницата на албански општини, нема зошто да предизвика меѓуетнички тензии, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, чија партија предложи ваква иницијатива, додавајќи дека предлогот ќе помогне во развојот на општините со Албанското мнозинство и унапредувањето на општите права.

„Една Асоцијација на албанските општини само би помогнало во развојот на албанските општини. Знаеме дека има многу албански општини кои се скоро без развојни ресурси како што се Липково, Арачиново, Студеничани и други кои едвај успеваат да опстанат“, вели Зеќирија Ибрахими.

Прашан зошто ваквиот предлог доаѓа по излегувањето на Алтернатива од Влада, според Ибрахими важно е тоа што ова прашање е во прилог на Албанците и дека не е важно кој и кога предлага.

„Што е важно, значи ние тоа да го направивме и додека бевме дел од Владата или сега, дали е важно времето кога таа се создава и кој ја создава или тоа што треба да се направи“, додава Зеќирија Ибрахими.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека овој предлог освен што е деструктивен за земјата, исто така оди на  штета на Косово.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок во политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно однесување“, вели Арбер Адеми.

За СДСМ, неприфатливо е барањето на партијата на Африм Гаши, и целта е да се добијат политички поени.

Од друга страна, поранешниот сопартиец на Ибрахими, Скендер Реџепи – Зејди преку Фејсбук го коментираше предлогот за Асоцијацијата, оценувајќи го како обид за дестабилизација на безбедноста на државата, но Ибраими не сакаше да ги коментира овие изјави, кои  ги нарекува, апсурдни.

ТВ21 побара став и од Алијансата за Албанците, но тие не одговорија, а од Беса велат дека ќе се изјаснат наредните денови.

Предлогот на Алтернатива вчера го коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги предупреди политичарите да не предизвикуваат меѓуетнички тензии, туку да се однесуваат мудро.

https://www.youtube.com/watch?v=ZFLlsPgsbWM

The post Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт appeared first on Република.

]]>

Заедницата на албански општини, нема зошто да предизвика меѓуетнички тензии, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, чија партија предложи ваква иницијатива, додавајќи дека предлогот ќе помогне во развојот на општините со Албанското мнозинство и унапредувањето на општите права.
„Една Асоцијација на албанските општини само би помогнало во развојот на албанските општини. Знаеме дека има многу албански општини кои се скоро без развојни ресурси како што се Липково, Арачиново, Студеничани и други кои едвај успеваат да опстанат“, вели Зеќирија Ибрахими.
Прашан зошто ваквиот предлог доаѓа по излегувањето на Алтернатива од Влада, според Ибрахими важно е тоа што ова прашање е во прилог на Албанците и дека не е важно кој и кога предлага.
„Што е важно, значи ние тоа да го направивме и додека бевме дел од Владата или сега, дали е важно времето кога таа се создава и кој ја создава или тоа што треба да се направи“, додава Зеќирија Ибрахими.
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека овој предлог освен што е деструктивен за земјата, исто така оди на  штета на Косово.
„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок во политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно однесување“, вели Арбер Адеми.
За СДСМ, неприфатливо е барањето на партијата на Африм Гаши, и целта е да се добијат политички поени. Од друга страна, поранешниот сопартиец на Ибрахими, Скендер Реџепи – Зејди преку Фејсбук го коментираше предлогот за Асоцијацијата, оценувајќи го како обид за дестабилизација на безбедноста на државата, но Ибраими не сакаше да ги коментира овие изјави, кои  ги нарекува, апсурдни. ТВ21 побара став и од Алијансата за Албанците, но тие не одговорија, а од Беса велат дека ќе се изјаснат наредните денови. Предлогот на Алтернатива вчера го коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги предупреди политичарите да не предизвикуваат меѓуетнички тензии, туку да се однесуваат мудро. https://www.youtube.com/watch?v=ZFLlsPgsbWM

The post Деструктивна и неприфатлива е идејата на Алтернатива – предлогот „заедница на албанските општини“ е ризичен, сметаат партиите на власт appeared first on Република.

]]>
Алтернатива бара „Заедница на албански општини во Македонија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-bara-zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija/ Sat, 25 Feb 2023 15:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=613136

Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога западните дипломати доаѓаат во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово велат од Алтернатива.

Ништо повеќе. Само толку. Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, излегува дека таа заедница е во духот на западните вредности. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се обединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денеска Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели. Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово се наведува во соопштението од Алтернатива.

The post Алтернатива бара „Заедница на албански општини во Македонија“ appeared first on Република.

Meџити: СДСМ и ДУИ се покажаа некоректни кон Алтернатива, без нив немаше да има Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-sdsm-i-dui-se-pokazhaa-nekorektni-kon-alternativa-bez-niv-nemashe-da-ima-vlada/ Thu, 23 Feb 2023 10:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=612233

Изет Меџети смета дека СДСМ и ДУИ се покажале некоректни кон Алтернатива.

Немаше да имаат Влада без тие четири гласа на Алтернатива и не требаше да ги исфрлат сега кога имаат друга комбинација. Влегувањето на Алијанса во Владата во овој момент ќе ја дестабилизира политичката ситуација во сите партии, па дури во самата Алијанса. Место да бидат лидер на албанската опозиција тие на година пред изборите влегуваат во Влада за да бидат патерица за Артан Груби и за тоа мислам дека ќе платат цена. Но немаме објаснување и кај нас зошто ДУИ е пак со Влада со 64 пратеници во најдобар случај, а може и полошо да даде од 20-30 посто од тоа што го има на Алијанса за истата бројка-вели Меџити во интервјуто за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=wKR7rsnOdFg&t=120s

The post Meџити: СДСМ и ДУИ се покажаа некоректни кон Алтернатива, без нив немаше да има Влада appeared first on Република.