Алиу Archives - Република https://republika.mk/tema/aliu/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 09:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алиу Archives - Република https://republika.mk/tema/aliu/ 32 32 Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу https://republika.mk/vesti/makedonija/so-62-glasa-za-i-nitu-eden-protiv-sobranieto-gi-razreshi-ministrite-medhiti-i-aliu/ Sat, 10 Feb 2024 07:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=742388

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

„Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа.

Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ.

„На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу.

До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат.

„ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри. „Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери. Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа. Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ. „На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу. До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат. „ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>
ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција, вели Алиу https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-treba-da-se-apdejtiraat-i-da-odat-vo-opozitsija-veli-aliu/ Tue, 24 Oct 2023 09:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=694459

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу смета дека ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција.

Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава, истакна Алиу во синоќешната емисија „Клик плус“.

Порача дека неговата партија Алијанса за Албанците како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата.

Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат, посочил Алиу.

Според него, за да се биде дел од Владата во последната година од мандатот, треба повеќе да се работи.

The post ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција, вели Алиу appeared first on Република.

Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-zakonot-za-plati-e-kaj-rabotnata-grupa-se-ushte-nema-verzija-koja-treba-da-bide-otvorena-za-debata/ Sat, 21 Oct 2023 11:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=693564

Законот за плати е обемен, драфт верзијата е веќе пратена до Работната група, но се уште не можам да кажам дека имаме варијанта која треба да биде отворена за дебата, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Според него, со овој закон ќе се креираат стандарди и точно ќе се знае колку бодови има секое работно место, за секој профил.

-Законот за плати го работиме одамна. Дава рамка за целиот платен систем и длабоко веруваме дека со него ќе се реши проболемот со кој во моментов се соочуваме. Сега, во различни институции колеги со ист профил имаат различни плати. Во Министерството за финансии, колегите земаат 30 отсто повеќе плата од колегите во други министерства. Дисторзијата е очигледна. Со законот ќе креираме стандарди и ќе се знае точно, преку каскаден систем, колку бодови има секое работно место, за секој профил. Се надевам дека ќе имаме платен систем кој ќе даде јасна слика за административците и за функионерите, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. мч/дма/

https://www.youtube.com/watch?v=7NOofiicHCE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата appeared first on Република.

]]>

Законот за плати е обемен, драфт верзијата е веќе пратена до Работната група, но се уште не можам да кажам дека имаме варијанта која треба да биде отворена за дебата, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Според него, со овој закон ќе се креираат стандарди и точно ќе се знае колку бодови има секое работно место, за секој профил. -Законот за плати го работиме одамна. Дава рамка за целиот платен систем и длабоко веруваме дека со него ќе се реши проболемот со кој во моментов се соочуваме. Сега, во различни институции колеги со ист профил имаат различни плати. Во Министерството за финансии, колегите земаат 30 отсто повеќе плата од колегите во други министерства. Дисторзијата е очигледна. Со законот ќе креираме стандарди и ќе се знае точно, преку каскаден систем, колку бодови има секое работно место, за секој профил. Се надевам дека ќе имаме платен систем кој ќе даде јасна слика за административците и за функионерите, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. мч/дма/ https://www.youtube.com/watch?v=7NOofiicHCE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата appeared first on Република.

]]>
Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://republika.mk/zivot/servisi/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ Fri, 20 Oct 2023 12:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=693312

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби.

Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“.

Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.

Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот.

Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.

На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу.

Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.

Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот

The post Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.
Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот.
Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.
На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу.
Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.
Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот

The post Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>
Алиу: Да се изгласаат законите за реформи на администрацијата и да ја подобриме оценката во Извештајот на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-da-se-izglasaat-zakonite-za-reformi-na-administratsijata-i-da-ja-podobrime-otsenkata-vo-izveshtajot-na-eu/ Mon, 18 Sep 2023 09:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=682821

Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.

Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, закон за медиуми. Ова се дел од законите кои мора да бидат усвоени во наредниот период, во рамки на реформите во јавната администрација и дигитализацијата на услугите, а со тоа да се подобри оценката 3 што ја доби Република Македонија во скрининг извештајот од Европската Унија, вели Алиу.

Тој потсетува дека се очекува наскоро да се отворат шалтери „една точка за услуги“ во сите филијали на нациналната Пошта, а во меѓувреме, како што вели, „да се создадат дополнителни механизми за принудување на институциите да ја користат платформата за интероперабилност, што досега ја правеа по своја волја иако имаа законска обврска“.

Софтверот што овозможува, како што вели министерот, вработување по етничка припадност, т.н „Балансер“, дури и да се отстрани, треба да се замени со нешто друго за да се заштити демографската структура на државата.

За балансерот се зборуваше многу и внатре и надвор од државата. И во однос на злоупотребата на балансерот, и во однос на тоа колку балансерот навистина дава вредност во нашето општество. Ако ние решиме да го отстраниме балансерот како инструмент за заштита на граѓаните во државата, задолжително мора да го замениме со нешто друго. Ние не можеме да воспоставиме инструмент, кој иако е злоупотребен, знаеме од различни институции дека Македонец е регистриран како Албанец бидејќи балансерот на тоа работно место одредува албанска националност. Да не зборуваме за националност, имаме многу наши граѓани кои се регистрираат како Роми, Турци и слично. Такви злоупотреби имало и верувам дека ќе има и во иднина, но од друга страна не треба да седиме и да кажеме, ок, злоупотреби има, сепак балансерот горе-долу ја нормализира состојбата. Сметам дека со овие три закони и со пристапот кој ќе се создаде или уште еден нов закон за заштита на демографската структура на државата, сепак треба да работиме за ова, вели Алиу.

Анализираме, дополнува министерот, различни форми за тоа како може да се подобри балансерот или, од друга страна, ако не може да се подобри, како да се создаде посебен закон кој ќе ги заштити демографијата и демографската структура, како во јавната администрација, така и во согласност со демографијата во државата.

The post Алиу: Да се изгласаат законите за реформи на администрацијата и да ја подобриме оценката во Извештајот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.
Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, закон за медиуми. Ова се дел од законите кои мора да бидат усвоени во наредниот период, во рамки на реформите во јавната администрација и дигитализацијата на услугите, а со тоа да се подобри оценката 3 што ја доби Република Македонија во скрининг извештајот од Европската Унија, вели Алиу.
Тој потсетува дека се очекува наскоро да се отворат шалтери „една точка за услуги“ во сите филијали на нациналната Пошта, а во меѓувреме, како што вели, „да се создадат дополнителни механизми за принудување на институциите да ја користат платформата за интероперабилност, што досега ја правеа по своја волја иако имаа законска обврска“. Софтверот што овозможува, како што вели министерот, вработување по етничка припадност, т.н „Балансер“, дури и да се отстрани, треба да се замени со нешто друго за да се заштити демографската структура на државата.