алијанса за албанците Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansa-za-albancite/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 17:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алијанса за албанците Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansa-za-albancite/ 32 32 АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-na-taravari-usvoi-deklaratsija-za-politichko-dejstvuvane/ Sun, 10 Nov 2024 18:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=836156

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари вечерва во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Како што изјави Таравари, Декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година.

Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта.

На конгресот едногласно е избрано и централното собрание на партијата.

По изборот на женскиот форум на партијата сега и со конгресот и со дефинирањето на централното собрание, веќе можам да кажам дека АА е комплетно реорганизирана и комплетирана како една од појаките албански партии. Ни преостанува следниот период се надевам за две до три недели централното собрание да го избере избере и централното претседателство на партијата и потоа продолжуваме  со средби со граѓани, каде што нашите функционери со со мене, треба да дадеме отчет за тоа што сработивме во првите 100 дена и првите 6 месеци од нашето владеење, истакна Таравари по завршувањето на конгресот.

Декларацијата содржи 12 точки, а во нив се вели дека како партија во Владата, АА ќе промовира западни модели на владеење со нулта толеранција за корупција и насилен екстремизам.

Централните фигури во партијата треба да бидат луѓето кои што секојднево прават политичка битка со другите граѓани каде што им  објаснуваат за нашата кауза. Тоа се претседателите на ограноците, нашето членство, ние сме отворени. После 8 мај да не кажам со стотици наши поранешни сопартијци кои за жал за време на изборите беа од другата страна сега се приклучуваат кон нас. Нашите врати се отворени и секогаш се добредојдени сите по еден, освен неколку кои што мислам дека и нема да си помогнат себеси да дојдат и да се приклучат тсаму каде што е огромното мнозинство на членство, рече Таравари.

Во Декларацијата се наведува дека „како политичка сила АА ја донесе промената кај Албанците по 22 години криминал и изнуда“, а се посочува и нејзината посветеност за доследно спроведување на Планот 2030 на коалицијата „Вреди“, како и Програмата на Владата.

Битно ни е граѓаните да се задоволни од раководењето на нашите кадри, така да се надевам дека ќе ги направиме и веќе сме ги направиле најдобрите можни решенија за раководење на институциите. Нели на крај битно е граѓанинот да биде задоволен со човекот којшто ги раководи институциите. Нашите директори, тие коишто нема да успеат добро да ги раководат институциите, ќе ги смениме. Досега неколку се и сменети, не брзаме со назначување, иако поголемиот број веќе се назначени, се синхронизираме, соработуваме и полека ги назначуваме сите позиции кои што ги имаме. После 6 месеци ќе седнеме повторно ќе ги разгледаме перформансите на нашите директори, министри, заменици министри и сите други. Доколку некаде сметаме дека треба да се подобри, ќе подобриме тие кои што добро работат, само ќе ги поддржиме и ќе им дадеме повеќе простор, за да работат уште подобро, рече Таравари.

Вонредниот петти конгрес беше под мотото „Промената продолжува“.

The post АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување appeared first on Република.

]]>

Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари вечерва во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Како што изјави Таравари, Декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година. Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта. На конгресот едногласно е избрано и централното собрание на партијата.
По изборот на женскиот форум на партијата сега и со конгресот и со дефинирањето на централното собрание, веќе можам да кажам дека АА е комплетно реорганизирана и комплетирана како една од појаките албански партии. Ни преостанува следниот период се надевам за две до три недели централното собрание да го избере избере и централното претседателство на партијата и потоа продолжуваме  со средби со граѓани, каде што нашите функционери со со мене, треба да дадеме отчет за тоа што сработивме во првите 100 дена и првите 6 месеци од нашето владеење, истакна Таравари по завршувањето на конгресот.
Декларацијата содржи 12 точки, а во нив се вели дека како партија во Владата, АА ќе промовира западни модели на владеење со нулта толеранција за корупција и насилен екстремизам.
Централните фигури во партијата треба да бидат луѓето кои што секојднево прават политичка битка со другите граѓани каде што им  објаснуваат за нашата кауза. Тоа се претседателите на ограноците, нашето членство, ние сме отворени. После 8 мај да не кажам со стотици наши поранешни сопартијци кои за жал за време на изборите беа од другата страна сега се приклучуваат кон нас. Нашите врати се отворени и секогаш се добредојдени сите по еден, освен неколку кои што мислам дека и нема да си помогнат себеси да дојдат и да се приклучат тсаму каде што е огромното мнозинство на членство, рече Таравари.
Во Декларацијата се наведува дека „како политичка сила АА ја донесе промената кај Албанците по 22 години криминал и изнуда“, а се посочува и нејзината посветеност за доследно спроведување на Планот 2030 на коалицијата „Вреди“, како и Програмата на Владата.
Битно ни е граѓаните да се задоволни од раководењето на нашите кадри, така да се надевам дека ќе ги направиме и веќе сме ги направиле најдобрите можни решенија за раководење на институциите. Нели на крај битно е граѓанинот да биде задоволен со човекот којшто ги раководи институциите. Нашите директори, тие коишто нема да успеат добро да ги раководат институциите, ќе ги смениме. Досега неколку се и сменети, не брзаме со назначување, иако поголемиот број веќе се назначени, се синхронизираме, соработуваме и полека ги назначуваме сите позиции кои што ги имаме. После 6 месеци ќе седнеме повторно ќе ги разгледаме перформансите на нашите директори, министри, заменици министри и сите други. Доколку некаде сметаме дека треба да се подобри, ќе подобриме тие кои што добро работат, само ќе ги поддржиме и ќе им дадеме повеќе простор, за да работат уште подобро, рече Таравари.
Вонредниот петти конгрес беше под мотото „Промената продолжува“.

The post АA на Таравари усвои Декларација за политичко дејствување appeared first on Република.

]]>
Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-na-albantsite-na-taravari-so-vonreden-kongres-za-konsolidirane-na-partiskite-redovi/ Sun, 10 Nov 2024 15:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=836119

Алијансата за Албанците на претседателот Арбен Таравари денеска во Тетово почна со одржување на најновиот вонреден петти конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер објасни дека вонредниот конгрес следува поради потребата од консолидирање на партиските ограноци.

Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе кои се приклучија. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, Собранието на партијата ќе биде консолидирано дефинитивно. Ќе донесеме нови политики на партијата коишто ќе бидат со една декларација денеска донесени заеднички од конгресот на партија, изјави Арбен Таравари.

На новинарско прашање за правниот статус поради поделбата на партијата Таравари очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство.

Судскиот процес тече, апелација донесе одлука во којашто првичната одлука под притисок што беше пред избори на судот во Тетово се одбива. Се надевам дека ќе има одлука како што треба партијата да им припаѓа на тие коишто се членови, кај што се мнозинството, рече Таравари.

Претседателот на оваа партија вели дека нема проблем да има избори, но не гледа потреба за вонреден термин.

Генерално нема никаков проблем за избори, меѓутоа знаете дека избори имавме пред 4, 5 месеци. Нема логика повторно да имаме, меѓутоа ако имаме широк консензус меѓу сите партии дека ни требаат избори, нема никаков проблем и ако не гледам потреба повторно, ние сигурно ќе имаме извори 2025 година. Меѓутоа локални избори тоа се избори во коишто ќе видиме кој како стои и каде стои, истакна Арбен Таравари.

На новинарско прашање за уставни промени, Таравари рече дека е оптимист дека ќе се најде некое решение да се случат промени. На конгресот нема да се разговара за предвремени избори.

The post Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови appeared first on Република.

Под мотото „Жената е моќ на промените“ Елфете Исмаили е избрана за претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/pod-mototo-zhenata-e-mok-na-promenite-elfete-ismaili-e-izbrana-za-pretsedatelka-na-zhenskoto-sobranie-na-alijansata-za-albantsite/ Sun, 06 Oct 2024 13:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=823485

Собранието на жени при Алијансата за Албанците ја одржа втората Конференција. За претседателка беше избрана Елфете Исмаили, заменик министер за одбрана. Женското собрание при Алијансата за Албанците избра и други тела, каде што Мимоза Муса, актуелна пратеничка, додека за потпретседателки се избраа Афердита Хамза, Шќипе Мустафа, Наиме Ислами Зеќири и Беса Поцеста. За организационен секретар е избрана Арбенита Мета.

Претседателот Арбен Таравари во својот поздравен говор истакна:

„Сакам да го започнам говорот со изјавата на Маргарет Тачер: Ако ви требаат зборови, повикајте маж. Ако ви требаат дела, повикајте жена. Без родова еднаквост нема социјална еднаквост, а без социјална еднаквост нема етничка еднаквост. Учеството на жените е национална афирмација. Во нашите редови располагаме со извонредни квантитативни и квалитативни ресурси. Денеска сум среќен што тројцата челници на АА се Арбен Таравари, Елфете Исмаили, Улка Нуредини. Значи 2:1 во корист на женскиот пол“.

Поздравен говор имаше и новоизбраната претседателка Елфете Исмаили, која им се заблагодари на делегатите за довербата и истакна дека:

„Да се има повеќе жени во политиката служи како инспирација за многу девојки и жени да развијат кариерс, и треба жените, како половина од светскиот потенцијал, да станат искористен капитал. Жените треба да имаат фер шанса за да бидат застапени“.

The post Под мотото „Жената е моќ на промените“ Елфете Исмаили е избрана за претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците appeared first on Република.

]]>

Собранието на жени при Алијансата за Албанците ја одржа втората Конференција. За претседателка беше избрана Елфете Исмаили, заменик министер за одбрана. Женското собрание при Алијансата за Албанците избра и други тела, каде што Мимоза Муса, актуелна пратеничка, додека за потпретседателки се избраа Афердита Хамза, Шќипе Мустафа, Наиме Ислами Зеќири и Беса Поцеста. За организационен секретар е избрана Арбенита Мета. Претседателот Арбен Таравари во својот поздравен говор истакна:
„Сакам да го започнам говорот со изјавата на Маргарет Тачер: Ако ви требаат зборови, повикајте маж. Ако ви требаат дела, повикајте жена. Без родова еднаквост нема социјална еднаквост, а без социјална еднаквост нема етничка еднаквост. Учеството на жените е национална афирмација. Во нашите редови располагаме со извонредни квантитативни и квалитативни ресурси. Денеска сум среќен што тројцата челници на АА се Арбен Таравари, Елфете Исмаили, Улка Нуредини. Значи 2:1 во корист на женскиот пол“.
Поздравен говор имаше и новоизбраната претседателка Елфете Исмаили, која им се заблагодари на делегатите за довербата и истакна дека:
„Да се има повеќе жени во политиката служи како инспирација за многу девојки и жени да развијат кариерс, и треба жените, како половина од светскиот потенцијал, да станат искористен капитал. Жените треба да имаат фер шанса за да бидат застапени“.

The post Под мотото „Жената е моќ на промените“ Елфете Исмаили е избрана за претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците appeared first on Република.

]]>
Борба за печатот на Алијанса меѓу Села и Таравари https://republika.mk/vesti/makedonija/borba-za-pechatot-na-alijansa-megu-sela-i-taravari/ Fri, 13 Sep 2024 08:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=815942

Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот „Алијанса за Албанците“ и ги прифати жалбите  на Арбен Таравари,.

„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од партијата.

Со одлука на тетовскиот суд во април годинава печатите на партијата Алијанса за Албанците и припадна на крилото на Зијадин Села. Во Основниот Суд Тетово се водеа два предмети, односно две барања за упис на промени во судскиот регистар на политичките партии во кој како барател и во двете барања се јавува Алијанса на Албанците со седиште во Тетово.

The post Борба за печатот на Алијанса меѓу Села и Таравари appeared first on Република.

Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-na-albantsite-apelatsioniot-sud-ja-prifati-zhalbata-na-taravari-go-vrati-predmetot-na-povtorno-sudene/ Fri, 13 Sep 2024 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=815895

Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.

Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, се вели во соопштението.

The post Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење appeared first on Република.

АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-ako-nema-balanser-so-godini-nema-da-mozhe-da-se-vrabotat-albantsi-vo-nekoi-institutsii/ Fri, 26 Jul 2024 18:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=800591

Последната одлука на министерот за администрација, Горан Минчев, за промена на процентот на застапеност според Балансерот е уште еден чекор за реализација на сценаријата најавени од првите денови на доаѓањето на оваа Влада за деградација на Албанците во земјава, вели Наим Бајрами, потпретседател на Алијансата за Албанците и поранешен министер на МИОА.

Со оваа одлука застапеноста на Албанците во сите институции ќе се намали од 29,52% на 24,30%. Тоа значи дека со години во иднина нема да се вработува ниту еден Албанец во оние институции каде што процентот на Албанци достигнал 24%, што практично значи дека на голем број институции ќе им бидат затворени вратите за Албанците.

Забрзаните чекори на нелегитимната Влада за деградирање и најавеното укинување на Балансерот се крајно вознемирувачки и претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност и меѓуетничката кохезија во државата.

После ова, албанските партии во Владата немаат зашто да останат дури и да биле победници на изборите, а не веќе како губитници, без легитимитет и деградирани.

Ги повикуваме албанските партии да ја напуштат оваа Влада која во секоја постапка го гази нашето достоинство како Албанци, стои во реакциjaта на Бајрами.

The post АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции appeared first on Република.

]]>

Последната одлука на министерот за администрација, Горан Минчев, за промена на процентот на застапеност според Балансерот е уште еден чекор за реализација на сценаријата најавени од првите денови на доаѓањето на оваа Влада за деградација на Албанците во земјава, вели Наим Бајрами, потпретседател на Алијансата за Албанците и поранешен министер на МИОА. Со оваа одлука застапеноста на Албанците во сите институции ќе се намали од 29,52% на 24,30%. Тоа значи дека со години во иднина нема да се вработува ниту еден Албанец во оние институции каде што процентот на Албанци достигнал 24%, што практично значи дека на голем број институции ќе им бидат затворени вратите за Албанците. Забрзаните чекори на нелегитимната Влада за деградирање и најавеното укинување на Балансерот се крајно вознемирувачки и претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност и меѓуетничката кохезија во државата. После ова, албанските партии во Владата немаат зашто да останат дури и да биле победници на изборите, а не веќе како губитници, без легитимитет и деградирани.
Ги повикуваме албанските партии да ја напуштат оваа Влада која во секоја постапка го гази нашето достоинство како Албанци, стои во реакциjaта на Бајрами.

The post АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците реагира што се одземаат лиценци на две фирми за игри на среќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/alijansa-za-albantsite-reagira-shto-se-odzemaat-litsentsi-na-dve-firmi-za-igri-na-sreka/ Wed, 24 Jul 2024 13:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=799874

Помпезните најави за наводна борба против коцкањето, со одземање лиценца на две фирми кои не платиле данок, се обид да се фрли прашина во очите на граѓанинот и да се прикрие големата измама на нелегитимната Влада.

Ова не е војна против коцкањето, туку повеќе наликува на војна меѓу коцкари, каде што на некого му се зема лиценца за да се создаде простор за други компании, а можеби дури и да дават лиценци на трети фирми блиски до власта.

Вистинската борба против коцкањето се прави само со законски решенија, со затворање на сите обложувалници и казина одеднаш.

Доколку навистина сакате војна против коцкањето, ве повикуваме да гласате за предлогот на Алијансата за Албанците и Европскиот фронт, со кој е предвидено да бидат затворени сите објекти на игри на среќа низ целата држава и да работат само во хотели со пет ѕвездички.

The post Алијанса за Албанците реагира што се одземаат лиценци на две фирми за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Помпезните најави за наводна борба против коцкањето, со одземање лиценца на две фирми кои не платиле данок, се обид да се фрли прашина во очите на граѓанинот и да се прикрие големата измама на нелегитимната Влада. Ова не е војна против коцкањето, туку повеќе наликува на војна меѓу коцкари, каде што на некого му се зема лиценца за да се создаде простор за други компании, а можеби дури и да дават лиценци на трети фирми блиски до власта. Вистинската борба против коцкањето се прави само со законски решенија, со затворање на сите обложувалници и казина одеднаш. Доколку навистина сакате војна против коцкањето, ве повикуваме да гласате за предлогот на Алијансата за Албанците и Европскиот фронт, со кој е предвидено да бидат затворени сите објекти на игри на среќа низ целата држава и да работат само во хотели со пет ѕвездички.

The post Алијанса за Албанците реагира што се одземаат лиценци на две фирми за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Алијанса на Села ќе го одржи четвртото Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-na-sela-ke-go-odrzhi-chetvrtoto-sobranie/ Sat, 06 Jul 2024 06:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=793930

Алијансата на Албанците предводена од Зиадин Села денеска ќе го одржи четвртото Собрание.

Пред почетокот и по завршувањето на Собранието, најавена е изјава претседателот на партијата Села.

Алијансата на Албанците пред изборите се подели. Дел од членството предводено од Села на изборите учествуваше со коалицијата предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари беше дел од коалицијата Вреди, и стана дел од владејачкото мнозинство.

The post Алијанса на Села ќе го одржи четвртото Собрание appeared first on Република.

]]>

Алијансата на Албанците предводена од Зиадин Села денеска ќе го одржи четвртото Собрание. Пред почетокот и по завршувањето на Собранието, најавена е изјава претседателот на партијата Села. Алијансата на Албанците пред изборите се подели. Дел од членството предводено од Села на изборите учествуваше со коалицијата предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари беше дел од коалицијата Вреди, и стана дел од владејачкото мнозинство.

The post Алијанса на Села ќе го одржи четвртото Собрание appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците: Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albantsite-albantsite-prvpat-ke-vodat-samo-4-ministerstva-vo-vladata/ Sat, 01 Jun 2024 12:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=783860

Во текот на овие три децении, Албанците во Република Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери).

Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ.

Нема ресор Министерство за интеграции – НЕ ПОСТОИ

Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – НЕ ПОСТОИ

Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф.

*Нема врска друже, само да влеземе еднаш, па ќе видиме.

The post Алијанса за Албанците: Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата appeared first on Република.

]]>

Во текот на овие три децении, Албанците во Република Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери). Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ. Нема ресор Министерство за интеграции – НЕ ПОСТОИ Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – НЕ ПОСТОИ Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф. *Нема врска друже, само да влеземе еднаш, па ќе видиме.  

The post Алијанса за Албанците: Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Дали е вистина дека после пресот на Синдикатот, директорот на ДПИ се јавува на вработените и им се заканува? https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-dali-e-vistina-deka-posle-presot-na-sindikatot-direktorot-na-dpi-se-javuva-na-vrabotenite-i-im-se-zakanuva/ Mon, 18 Mar 2024 20:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=756056

Алијанса за Албанците, партија, реагираше на прес конференцијата на Синдикатот на Државниот просветен инспекторат. Во реакцијата се вели дека на синдикатот му пречела имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралелки низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат, пишува на својот профил на фејсбук проф д-р Весна Јаневска.

Алијанса за Албанците треба да знае дека паралелки на албански јазик не отвора ДПИ туку Министерството. Никој нема ништо против албанските паралелки да се отвораат според закон и никој нема ништо против да се вработуваат Албанци, ама со соодветно образование и според нормативот за вработување и унапредување.
Од тука политичкиот памфлет на Алијанса за Албанците е само доказ дека актуелниот директор на ДПИ, ниту го заживеал, ниту разработил по закон ДПИ, туку дека партискиот кадар на АА кој не исполнува услови да биде директор на ДПИ наместо стручно да работи, всушност спроведува чиста и штетна за соживотот политика.
Директорот по трет пат добива незаконски мандат и за тоа АА не реагира. Го прашувам директорот дали е вистина дека после пресот на синдикатот се јавува на вработените и им се заканува? Ако ова е точно многу ме интересира АА да објасни зошто директорот го прави тоа?
Одговорност ќе има.
Уште малку, пишува Јаневска.

The post Јаневска: Дали е вистина дека после пресот на Синдикатот, директорот на ДПИ се јавува на вработените и им се заканува? appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците, партија, реагираше на прес конференцијата на Синдикатот на Државниот просветен инспекторат. Во реакцијата се вели дека на синдикатот му пречела имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралелки низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат, пишува на својот профил на фејсбук проф д-р Весна Јаневска.
Алијанса за Албанците треба да знае дека паралелки на албански јазик не отвора ДПИ туку Министерството. Никој нема ништо против албанските паралелки да се отвораат според закон и никој нема ништо против да се вработуваат Албанци, ама со соодветно образование и според нормативот за вработување и унапредување. Од тука политичкиот памфлет на Алијанса за Албанците е само доказ дека актуелниот директор на ДПИ, ниту го заживеал, ниту разработил по закон ДПИ, туку дека партискиот кадар на АА кој не исполнува услови да биде директор на ДПИ наместо стручно да работи, всушност спроведува чиста и штетна за соживотот политика. Директорот по трет пат добива незаконски мандат и за тоа АА не реагира. Го прашувам директорот дали е вистина дека после пресот на синдикатот се јавува на вработените и им се заканува? Ако ова е точно многу ме интересира АА да објасни зошто директорот го прави тоа? Одговорност ќе има. Уште малку, пишува Јаневска.

The post Јаневска: Дали е вистина дека после пресот на Синдикатот, директорот на ДПИ се јавува на вработените и им се заканува? appeared first on Република.

]]>
Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-bi-gi-prifatile-site-odluki-na-sudot-okolu-kontrolata-vrz-partijata/ Sun, 25 Feb 2024 10:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=748073

Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците.

Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци е блиска до ДУИ и додава дека тоа е нивен легитимен став што го почитува. Тој тврди дека по конгресот, немал средба со Села.

Таравари вели дека најверојатно ќе почне судската постапка и дека ја доставиле својата документација. Во однос на имотот што го има партијата, Таравари посочува дека се договориле со Села, канцеларијата во Тетово да ја користи тој, а таа во Скопје крилото на Села.

Во однос на противкандидатите за претседател, Таравари вели дека очекувал да се кандидира лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања и искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас. Меѓутоа, тие се одлучија за заменик претседателот нивен, потпретседателот. Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи, вели Таравари.

За идејата претседателот на државата да се избира во Собранието, Таравари вели дека сме парламентарна демократија и дека на државата не и требаат трошоци за избори.

Првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва, ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од Собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот, вели Таравари.

Во однос на тоа со кого би коалицирале после изборите, Таравари вели дека единствениот пат на Македонија е европскиот пат.

The post Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата appeared first on Република.

]]>

Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците.
Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци е блиска до ДУИ и додава дека тоа е нивен легитимен став што го почитува. Тој тврди дека по конгресот, немал средба со Села. Таравари вели дека најверојатно ќе почне судската постапка и дека ја доставиле својата документација. Во однос на имотот што го има партијата, Таравари посочува дека се договориле со Села, канцеларијата во Тетово да ја користи тој, а таа во Скопје крилото на Села. Во однос на противкандидатите за претседател, Таравари вели дека очекувал да се кандидира лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања и искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас. Меѓутоа, тие се одлучија за заменик претседателот нивен, потпретседателот. Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи, вели Таравари.
За идејата претседателот на државата да се избира во Собранието, Таравари вели дека сме парламентарна демократија и дека на државата не и требаат трошоци за избори.
Првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва, ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од Собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот, вели Таравари.
Во однос на тоа со кого би коалицирале после изборите, Таравари вели дека единствениот пат на Македонија е европскиот пат.

The post Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата appeared first on Република.

]]>
Откако Села и Таравари се разрешија еден со друг: Управен суд ќе одлучи чија е Алијанса за Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-sela-i-taravari-se-razreshija-eden-so-drug-upraven-sud-ke-odluchi-chija-e-alijansa-za-albantsite/ Mon, 19 Feb 2024 08:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=745501

Откако сегашниот и поранешниот лидер одржаа конгреси на крајот Управниот суд ќе одлучи кој е претседател на Алијанса за Албанците. Довчерашните пријатели, Зијадин Села и Арбен Таравари се сменија еден со друг и двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата. Вчера делегатите со 591 глас, го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата.

Во петокот пак, исто така на вонреден конгрес на кој присуствуваа 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбраа за лидер на Алијанса за Албанците.

Како што тврдат двете крила двата партиски печати се кај  се кај двајцата претседатели.Се  очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд  за тоа кој ќе располага со нив односно и  кој ќе биде легитимен претседател на партијата.

Расколот во Алијанса почна поради тоа што Таравари донесе одлука на изборите да оди со албанската опозиција, додека Села смета дека партијата треба да има самостоен настап.

The post Откако Села и Таравари се разрешија еден со друг: Управен суд ќе одлучи чија е Алијанса за Албанците appeared first on Република.

]]>

Откако сегашниот и поранешниот лидер одржаа конгреси на крајот Управниот суд ќе одлучи кој е претседател на Алијанса за Албанците. Довчерашните пријатели, Зијадин Села и Арбен Таравари се сменија еден со друг и двајцата тврдат дека се легитимни претседататели на партијата. Вчера делегатите со 591 глас, го избраа Зијадин Села повторно да ја води партијата. Во петокот пак, исто така на вонреден конгрес на кој присуствуваа 421 делегат, крилото на Арбен Таравари го разреши Зијадин села од функцијата претседател на Централното претседателство и го реизбраа за лидер на Алијанса за Албанците. Како што тврдат двете крила двата партиски печати се кај  се кај двајцата претседатели.Се  очекува да се поведе судска постапка пред Управниот суд  за тоа кој ќе располага со нив односно и  кој ќе биде легитимен претседател на партијата. Расколот во Алијанса почна поради тоа што Таравари донесе одлука на изборите да оди со албанската опозиција, додека Села смета дека партијата треба да има самостоен настап.

The post Откако Села и Таравари се разрешија еден со друг: Управен суд ќе одлучи чија е Алијанса за Албанците appeared first on Република.

]]>
Села вели неговиот конгрес е легитимниот, не кажа што понатаму околу престојните избори https://republika.mk/vesti/makedonija/sela-veli-negoviot-kongres-e-legitimniot-ne-kazha-shto-ponatamu-okolu-prestojnite-izbori/ Sun, 18 Feb 2024 16:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=745413

Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари, велат од крилото на Села по денешниот вонреден на партијата. Според Села, денешниот конгрес бил свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари, а во него учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.

Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што јас го прифатив. Ние сме во ситуација во која не воведе поранешниот претседател, но ги уверувам граѓаните и членовите на Алијаса за Албанците дека ќе станеме уште појаки и уште поконкурентни за да излеземе и да се соочиме и со граѓаните на претстојните избори и да победиме на тие избори, изјави Села по завршување на конгресот.

Прашан кој е сега легален претседател на партијата, Села одговори дека тоа е оној претседател кој се избира така како што пишува во Статутот на партијата и додаде дека правото за да биде избран или разрешен го има членството на партијата и органите на партијата, а не Таравари или Села. Го обвини Таравари за низа прекршоци почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот кој, како што кажа, е прекршен во неколку членови.

Денеска јас не разрешував никого туку бев само еден од тие што гласа. Легален претседател е оној претседател што се избира таму каде што се дава одговорност и од претседателот на партијата и од кој било друг избран од функционерите од Алијансата за Албанците. Минатата недела ние имавме Централно собрание каде претседателот на партијата одлучи да не дојде и да избега од одговорност. Централното собрание е органот кој одлучува и донесе иницијатива за одржување на овој вонреден четврти конгрес. Затоа сме денеска тука за да го испочитуваме тоа што е напишано во Статутот на партијата и денеска Конгресот одлучи со 591 глас да се разреши господинот Таравари од функцијата претседател на партијата, рече Села.

Го повика Таравари да ја почитува одлуката што ја донесе Конгресот и, како што рече, да се врати во она што значи органи на партијата и да почне да го почитува Статутот.

На прашањето дали Алијанса за Албанците самостојно ќе настапува на претстојните претседателски и парламентарни избори и дали ќе има свој кандидат за претседател на државата, Села рече дека одлука за тоа ќе носат Централното собрание и Централното претседателство, а медиумите навреме ќе бидат известени за тоа.

Денеска е денот кога Алијанса за Албанците се враќа во структурите и се враќа себе си. Последните месеци за жал Алијанса за Албанците беше пазар за поткусурување за други политички партии. Во тоа е и одговорот зошто не се свикаа органите на партијата – Централното претседателство каде треба да се соочиш. Од денеска се враќаме на органите на партијата, почнувајќи од Централното собрание, Централното претседателство каде ќе имаме одлуки за кои ќе бидете известени, потенцира Села.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-vo-aa-na-taravari-ja-poddrzha-negovata-kandidatura-za-pretsedatel-i-koalitsijata-so-esp-i-gi-ponishti-odlukite-na-sela/

The post Села вели неговиот конгрес е легитимниот, не кажа што понатаму околу престојните избори appeared first on Република.

]]>

Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари, велат од крилото на Села по денешниот вонреден на партијата. Според Села, денешниот конгрес бил свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари, а во него учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.
Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што јас го прифатив. Ние сме во ситуација во која не воведе поранешниот претседател, но ги уверувам граѓаните и членовите на Алијаса за Албанците дека ќе станеме уште појаки и уште поконкурентни за да излеземе и да се соочиме и со граѓаните на претстојните избори и да победиме на тие избори, изјави Села по завршување на конгресот.
Прашан кој е сега легален претседател на партијата, Села одговори дека тоа е оној претседател кој се избира така како што пишува во Статутот на партијата и додаде дека правото за да биде избран или разрешен го има членството на партијата и органите на партијата, а не Таравари или Села. Го обвини Таравари за низа прекршоци почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот кој, како што кажа, е прекршен во неколку членови.
Денеска јас не разрешував никого туку бев само еден од тие што гласа. Легален претседател е оној претседател што се избира таму каде што се дава одговорност и од претседателот на партијата и од кој било друг избран од функционерите од Алијансата за Албанците. Минатата недела ние имавме Централно собрание каде претседателот на партијата одлучи да не дојде и да избега од одговорност. Централното собрание е органот кој одлучува и донесе иницијатива за одржување на овој вонреден четврти конгрес. Затоа сме денеска тука за да го испочитуваме тоа што е напишано во Статутот на партијата и денеска Конгресот одлучи со 591 глас да се разреши господинот Таравари од функцијата претседател на партијата, рече Села.
Го повика Таравари да ја почитува одлуката што ја донесе Конгресот и, како што рече, да се врати во она што значи органи на партијата и да почне да го почитува Статутот. На прашањето дали Алијанса за Албанците самостојно ќе настапува на претстојните претседателски и парламентарни избори и дали ќе има свој кандидат за претседател на државата, Села рече дека одлука за тоа ќе носат Централното собрание и Централното претседателство, а медиумите навреме ќе бидат известени за тоа.
Денеска е денот кога Алијанса за Албанците се враќа во структурите и се враќа себе си. Последните месеци за жал Алијанса за Албанците беше пазар за поткусурување за други политички партии. Во тоа е и одговорот зошто не се свикаа органите на партијата – Централното претседателство каде треба да се соочиш. Од денеска се враќаме на органите на партијата, почнувајќи од Централното собрание, Централното претседателство каде ќе имаме одлуки за кои ќе бидете известени, потенцира Села.
Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата. Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно. https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-vo-aa-na-taravari-ja-poddrzha-negovata-kandidatura-za-pretsedatel-i-koalitsijata-so-esp-i-gi-ponishti-odlukite-na-sela/

The post Села вели неговиот конгрес е легитимниот, не кажа што понатаму околу престојните избори appeared first on Република.

]]>
Kрилото на Села го разреши Таравари https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-na-sela-go-razreshi-taravari/ Sun, 18 Feb 2024 15:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=745402

На денешниот конгрес на Алијансата на Албанците организиран од крилото на поранешниот претседател на партијата Зијадин Села, тој повторно беше избран за лидер, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото предводено од Таравари, на кој тој беше реизбран за претседател на партијата. Беа потврдени одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП). Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-vo-aa-na-taravari-ja-poddrzha-negovata-kandidatura-za-pretsedatel-i-koalitsijata-so-esp-i-gi-ponishti-odlukite-na-sela/

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

The post Kрилото на Села го разреши Таравари appeared first on Република.

]]>

На денешниот конгрес на Алијансата на Албанците организиран од крилото на поранешниот претседател на партијата Зијадин Села, тој повторно беше избран за лидер, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари. Конгресот заврши, а се очекува Села да даде изјава за медиумите. Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото предводено од Таравари, на кој тој беше реизбран за претседател на партијата. Беа потврдени одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП). Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки. https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-vo-aa-na-taravari-ja-poddrzha-negovata-kandidatura-za-pretsedatel-i-koalitsijata-so-esp-i-gi-ponishti-odlukite-na-sela/ Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозоција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

The post Kрилото на Села го разреши Таравари appeared first on Република.

]]>
Крилото во АА на Таравари ја поддржа неговата кандидатура за претседател и коалицијата со ЕСП и ги поништи одлуките на Села https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-vo-aa-na-taravari-ja-poddrzha-negovata-kandidatura-za-pretsedatel-i-koalitsijata-so-esp-i-gi-ponishti-odlukite-na-sela/ Fri, 16 Feb 2024 21:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=745016

Крилото од Алијансата за Албанците на лидерот Арбен Таравари на вонреден конгрес вечерва во Скопје ги потврди одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП).

Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.

На овој вонреден конгрес имаше три главни точки. Како прво усовјување на кандидатурата на претседателот на партијата за кандидат на претседател на  државата на нашиот претседател на партијата Арбен Таравари. Укинување на одлуките на Собранието на партијата кое се одржа на 10 февруари 2024 година. И на крај измени и дополнување на статутот. Трите точки беа изгласани со 421 глас, освен првата точка која што беше изгласана со 420 гласови, само еден беше воздржан, изјави Рамадани.

Прашан што со конгресот на поранешниот претседател на партијата и претседател на Собранието на партијата Зијадин Села, Рамадани вели дека со оглед на фактот оти вечерва на Конгресот присуствувале 421 од вкупно 739 делегати, останува да се види колку делегати ќе имаат тие на, вели, т.н конгрес.

Сметам дека в недела нема да имаат повеќе од 30 отсто од делегатите. Така што, не верувам дека може да донесат некоја легитимна одлука, посочува партискиот портпарол.

За тоа како ќе се надмине поделбата во партијата, Рамадани е дециден дека нема поделби во Алијанса за Албанците.

Во партијата нема поделба. Имаме мнозинство во Собрание, имаме мнозинство во централно раководство, имаме мнозинство во Конгресот. Не гледам поделба. Може да има луѓе коишто различно размислуваат, но партијата е отворена за сите членови, нагласува Рамадани.

Во соопштението објавено од АА по конгресот,  се посочува и дека биле поништени одлуките на, како што се наведува, нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржано на 10 февруари 2024 година. Тие одлуки, стои во соопштението, биле окарактеризирани со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривични пријави против сторителите.

Била усвоена и измената на Статутот на АА, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на Третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на Вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување.

Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно Претседателство на партијата, стои во соопштението.

Таравари, се наведува, се заблагодарил на делегатите за едногласната поддршка и истакнал дека промената е веќе започната и оти Алијансата за Албанците ќе води позитивна кампања, отворајќи ги вратите за сите оние кои ја посакуваат долгоочекуваната промена.

Лидерот на партијата Таравари во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот  прашан што мисли за конгресот на поранешниот претседател на партијата Села, закажан за во недела, посочи дека „ова е легитимниот конгрес“.  Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии, истакна Таравари.

Тој вчера ја објави својата кандидатура за претседател на државата со поддршка од ЕСП што го сочинуваат партиите од албанскиот опозициски блок - Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Четвртиот вонреден конгрес на АА се одржа два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој, како што е најавено, ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени.

The post Крилото во АА на Таравари ја поддржа неговата кандидатура за претседател и коалицијата со ЕСП и ги поништи одлуките на Села appeared first on Република.

]]>

Крилото од Алијансата за Албанците на лидерот Арбен Таравари на вонреден конгрес вечерва во Скопје ги потврди одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП). Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.
На овој вонреден конгрес имаше три главни точки. Како прво усовјување на кандидатурата на претседателот на партијата за кандидат на претседател на  државата на нашиот претседател на партијата Арбен Таравари. Укинување на одлуките на Собранието на партијата кое се одржа на 10 февруари 2024 година. И на крај измени и дополнување на статутот. Трите точки беа изгласани со 421 глас, освен првата точка која што беше изгласана со 420 гласови, само еден беше воздржан, изјави Рамадани.
Прашан што со конгресот на поранешниот претседател на партијата и претседател на Собранието на партијата Зијадин Села, Рамадани вели дека со оглед на фактот оти вечерва на Конгресот присуствувале 421 од вкупно 739 делегати, останува да се види колку делегати ќе имаат тие на, вели, т.н конгрес.
Сметам дека в недела нема да имаат повеќе од 30 отсто од делегатите. Така што, не верувам дека може да донесат некоја легитимна одлука, посочува партискиот портпарол.
За тоа како ќе се надмине поделбата во партијата, Рамадани е дециден дека нема поделби во Алијанса за Албанците.
Во партијата нема поделба. Имаме мнозинство во Собрание, имаме мнозинство во централно раководство, имаме мнозинство во Конгресот. Не гледам поделба. Може да има луѓе коишто различно размислуваат, но партијата е отворена за сите членови, нагласува Рамадани.
Во соопштението објавено од АА по конгресот,  се посочува и дека биле поништени одлуките на, како што се наведува, нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржано на 10 февруари 2024 година. Тие одлуки, стои во соопштението, биле окарактеризирани со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривични пријави против сторителите. Била усвоена и измената на Статутот на АА, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на Третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на Вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување.
Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно Претседателство на партијата, стои во соопштението.
Таравари, се наведува, се заблагодарил на делегатите за едногласната поддршка и истакнал дека промената е веќе започната и оти Алијансата за Албанците ќе води позитивна кампања, отворајќи ги вратите за сите оние кои ја посакуваат долгоочекуваната промена. Лидерот на партијата Таравари во изјава за медиумите пред почетокот на Конгресот  прашан што мисли за конгресот на поранешниот претседател на партијата Села, закажан за во недела, посочи дека „ова е легитимниот конгрес“.  Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии, истакна Таравари.
Тој вчера ја објави својата кандидатура за претседател на државата со поддршка од ЕСП што го сочинуваат партиите од албанскиот опозициски блок - Алтернатива, Беса и Демократско движење. Четвртиот вонреден конгрес на АА се одржа два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој, како што е најавено, ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени.

The post Крилото во АА на Таравари ја поддржа неговата кандидатура за претседател и коалицијата со ЕСП и ги поништи одлуките на Села appeared first on Република.

]]>
Печатите се кај Таравари: Алијанса за Албанците укажа на прекршување на партискиот статут https://republika.mk/vesti/makedonija/pechatite-se-kaj-taravari-alijansa-za-albantsite-ukazha-na-prekrshuvane-na-partiskiot-statut/ Fri, 16 Feb 2024 14:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=744906

Во седиштето на партијата Алијанса за Албанците во Тетово прес-конференција одржаа тројца членови кои во име на претседателот Арбен Таравари, образложија дека се направени повеќе повреди на статутот од страна на луѓето кои учествувале на Собранието на партијата на 10 февруари. Адвокатот Абидин Абдули рече дека тоа Собрание е нелегитимно и оти се направени низа прекршоци кои содржат и елементи на кривични дела.

На тоа Собрание се фалсификувани потписи на дел од членовите на Собранието-советниците и исто така и изменети со имиња на други членови кои воопшто не се советници. На Конгресот на 27.03.2022 и на одржаните собранија на 17.09.2022 и 21.1.2023 избрани се советници со вкупен број 137. Од тие јас имам изјави од 70 советници кои не присуствувале на Собранието и коишто дале изјави на нотар дека не биле на тоа Собрание на 10 февруари. Затоа тој собир го нема потребното мнозинство да се одржи, затоа што не биле присутни ни половина од легитимни советници и не може да се свика Конгрес зошто нема двотретинско мнозинство, истакна Абидин Абдули.

Членот на партијата и поранешен министер, Азиу Алиу образложи како се направени повеќето прекршувања на статутот. Според него, записникот и списокот на присутните членови на т.н. седница на Собранието не се доставени во архивата партијата во седиштето во Тетово.

Од изјавите дадени во јавноста и други проверки констатираме низа статутарни прекршоци и тоа повреда во свикување на собранието каде е повреден член 71. ц, прекршен член е 49, иницијатива за разрешување на претседател треба да се базира на принципи од член 50 од статутот на нашата партија, но е прекршен од страна на претседател на Собранието, без да се констатира причина, иницијатива за прекин на мандат на претседателот не е донесена со двотретинско гласање од состав на партиско собрание и друго, образложи Алиу.

Според Азир Алиу, печатите на партијата се кај претседателот Арбен Таравари.

Ако имате претседател со мнозинство членови не треба да се дискутира кое собрание е легитимно. Не е свикано Собранието од Таравари и не е свикано од 2/3 од составот на партиското Собрание. Не гласале 2/3 од легитимните членови на партиско Собрание и ова е тешка статутарна повреда и кривично дело бидејќи се манипулира со списокот на членови на собранието. Ако е битно, печатите се кај претседателот Таравари. Но нашата поврзаност, комуникација со народот и бројот на присутни на страна на претседателот ние е многу побитно од печатите, изјави Азир Алиу.

На вонреден конгрес денеска, петок, 16 февруари 2024 година, претседателот на партијата Арбен Таравари повика врз основа на член 31, точка 1 од Статутот.

The post Печатите се кај Таравари: Алијанса за Албанците укажа на прекршување на партискиот статут appeared first on Република.

Централното собрание на Алијанса за Албанците го разреши претседателот Таравари https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnoto-sobranie-na-alijansa-za-albantsite-go-razreshi-pretsedatelot-taravari/ Sat, 10 Feb 2024 16:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=742580

Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска го разреши Арбен Таравари од функцијата претседател на партијата.

„За“ гласале 106 членови, еден од нив бил „против“ и еден отсутен. Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.

„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“. Од денес повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот. Нашата кауза е промената што започнува!“, објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.

За седум дена од денес закажан е Конгрес на кој ќе се бира нов партиски лидер.

The post Централното собрание на Алијанса за Албанците го разреши претседателот Таравари appeared first on Република.

]]>

Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска го разреши Арбен Таравари од функцијата претседател на партијата. „За“ гласале 106 членови, еден од нив бил „против“ и еден отсутен. Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.
„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“. Од денес повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот. Нашата кауза е промената што започнува!“, објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.
За седум дена од денес закажан е Конгрес на кој ќе се бира нов партиски лидер.  

The post Централното собрание на Алијанса за Албанците го разреши претседателот Таравари appeared first on Република.

]]>
Доби поддршка од 75 членови од собранието на партијата: Првата битка во Алијанса ја доби Таравари https://republika.mk/vesti/makedonija/dobi-poddrshka-od-75-chlenovi-od-sobranieto-na-partijata-prvata-bitka-vo-alijansa-ja-dobi-taravari/ Fri, 09 Feb 2024 07:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=742019

Првата битка во „војната“ Таравари-Села ја доби сегашниот лидер на Алијанса за Албанците. Вака може да опише вчерашниот состанок на Централното претседателство на партијата  во Куманово кое му даде поддршка на претседателот на партијата кој одлучи да се приклучи кон опозицијата .

На  состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер.

Декларацијата  е потпишана од уште десет делегати кои не присуствувалe на вчерашниот состанок на Централното собрание.

Сега топката се префрла кај поранешниот претседател Зијадин Села кој за утре закажа Централно собрание и колку од делегатите ќе му дадат поддршка за партијата самостојно да излезе на изборите

The post Доби поддршка од 75 членови од собранието на партијата: Првата битка во Алијанса ја доби Таравари appeared first on Република.

]]>

Првата битка во „војната“ Таравари-Села ја доби сегашниот лидер на Алијанса за Албанците. Вака може да опише вчерашниот состанок на Централното претседателство на партијата  во Куманово кое му даде поддршка на претседателот на партијата кој одлучи да се приклучи кон опозицијата . На  состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер. Декларацијата  е потпишана од уште десет делегати кои не присуствувалe на вчерашниот состанок на Централното собрание. Сега топката се префрла кај поранешниот претседател Зијадин Села кој за утре закажа Централно собрание и колку од делегатите ќе му дадат поддршка за партијата самостојно да излезе на изборите

The post Доби поддршка од 75 членови од собранието на партијата: Првата битка во Алијанса ја доби Таравари appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-vlasta-61-pratenik-da-gi-smeni-ministrite-shto-go-poddrzhaa-taravari/ Fri, 09 Feb 2024 06:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=742014

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација.

Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор.

Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација. Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор. Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине. Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>
Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол https://republika.mk/vesti/makedonija/selmani-alijansa-na-albantsite-e-najgolem-gubitnik-vo-partiskiot-raskol/ Thu, 08 Feb 2024 21:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=741993

Состојбите во Алијанса на Албанците не се изненадување за поранешниот министер Имер Селмани, кој во вечерашното издание на Вин-Вин рече дека се минува низ најлошиот епилог во внатрепартиските однесувања во изминатите три-четири месеци, но и партиското позиционирање во пресрет на претседателските и парламентарни избори.

Лично ги познавам повеќето луѓе во структурата на Алијанса на Албанците. И Таравари и Села ги познавам најмалку 20-тина години. Имаше ситни недоразбирања во последните шест месеци, меѓутоа ниту јас на крај не очекував дека толку драматично ќе биде почетокот на една голема поделба во Алијанса на Албанците, изјави Селмани.

Најголем губитник, според него, ќе биде партијата, самите членови, самата структура, самите граѓани кои полагаа одредени надежи во таа партија.

Структурата во подграноците, ограноците сега треба да одлучуваат меѓу Села и Таравари. Знам дека на многу луѓе им паѓа многу тешко и тешко се одлучуваат со кого ќе продолжат понатаму, рече Селмани.

The post Селмани: Алијанса на Албанците е најголем губитник во партискиот раскол appeared first on Република.