алијанса за албанците беса Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansa-za-albancite-besa/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Oct 2022 19:27:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алијанса за албанците беса Archives - Република https://republika.mk/tema/alijansa-za-albancite-besa/ 32 32 Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-taravari-sela-hodza-kasami-imate-samo-eden-izbor-smenete-ja-plochata-ili-dui-kje-ve-somele/ Sat, 22 Oct 2022 19:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=564437

Лидерот на Левица Димитар Апасиев упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.

Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.

Алијансата за Албанците и Беса ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за укинување на терминот „20 проценти“ , но истовремено да се разговара за укинување на Бадинтеровото мнозинство и балансерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/

The post Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Левица Димитар Апасиев упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.
Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.
Алијансата за Албанците и Беса ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за укинување на терминот „20 проценти“ , но истовремено да се разговара за укинување на Бадинтеровото мнозинство и балансерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/

The post Апасиев: Таравари, Села, Хоџа, Касами имате само еден избор – сменете ја плочата или ДУИ ќе ве сомеле appeared first on Република.

]]>
АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/ Sat, 22 Oct 2022 19:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=564433

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/

За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со Балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците, велат од АА.

Од таму додаваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.

Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилникот на просветителството и европската демократија. Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е „проблематично“ за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, велат од партијата предводена од Арбен Таравари.

Инаку, реагираа и од втората албанска опозициска партија – Беса, чиј потпретседател Аријанит Хоџа на фејсбук напиша дека паралелата која Мицкоски се обидува да ја направи помеѓу терминот „20%“ и Бадентер механизмот е несоодветна.

„Терминот „20%“, е навредлив термин за јазикот на втората по големина нација во Македонија, додека Бадентеровиот механизам е политичка алатка која ги штити етничките заедници од мајоризацијата која настана против албанскиот политички фактор. Затоа, обидот да ги „пазарите“ овие две прашања во уставните промени не е ниту рационален ниту помага во тековната градење на меѓуетничката кохезија во државата“, напиша Хоџа.

The post АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити appeared first on Република.

]]>

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/