али хамнеи Archives - Република https://republika.mk/tema/ali-hamnei/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png али хамнеи Archives - Република https://republika.mk/tema/ali-hamnei/ 32 32 Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер https://republika.mk/vesti/svet/hamnei-hamas-ke-go-nadzhivee-svojot-lider/ Sat, 19 Oct 2024 08:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=828720

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека палестинското движење Хамас ќе продолжи да постои и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар, кој беше убиен за време на израелска воена операција.

Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот против Израел, но тоа воопшто нема да престане со мачеништвото на Синвар, нагласи ајатолахот Хамнеи.

По Исламската револуција во 1979 година, поддршката за палестинската кауза Иран ја направи еден од столбовите на својата надворешна политика.

Јахја Синвар „беше брилијантна фигура на отпор и борба против Израел, според Хамнеи. „Тој застана со непоколеблива решителност против суров и агресивен непријател и го победи со тактичност и храброст“, додаде Хамнеи.

Синвар, кој долго време беше во сенка пред да стане шеф на Хамас, се смета за архитект на нападот на палестинското движење врз Израел на 7 октомври 2023 година.

The post Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер appeared first on Република.

]]>

Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства https://republika.mk/vesti/svet/ajatolahot-hamnei-gi-povika-muslimanite-da-zastanat-pokraj-hezbolah-so-site-sredstva/ Sat, 28 Sep 2024 16:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=820604

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и со сите средства што можат да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.

„За судбината на овој регион ќе одлучат силите на отпорот предводени од Хезболах“, наведува Хамнеи во соопштение откако израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека и генералот Абас Нилфорушан, заменик-командант на Иранската револуционерна гарда, е убиен во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

The post Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства appeared first on Република.

Компанијата „Мета“ ги избришала профилите на Инстаграм и Фејсбук на врховниот лидер на Иран https://republika.mk/vesti/svet/kompanijata-meta-gi-izbrishala-profilite-na-instagram-i-fejsbuk-na-vrhovniot-lider-na-iran/ Sun, 11 Feb 2024 20:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=742943

Компанијата „Мета“ ги отстранила профилите на Инстаграм и на Фејсбук на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Хамнеи, кој често ги користи социјалните мрежи за да го пофали Хамас, е избришан од тие мрежи поради кршење на политиката на „Мета“ за опасни организации и поединци“, објавија од компанијата.

Профилот на Хамнеи на Икс (Твитер), каде што често поставува објави, се уште е активен.

The post Компанијата „Мета“ ги избришала профилите на Инстаграм и Фејсбук на врховниот лидер на Иран appeared first on Република.

Иранскиот врховен водач Хамнеи смета дека нападот на Хамас врз Израел ќе доведе до победа на Палестинците https://republika.mk/vesti/svet/iranskiot-vrhoven-vodach-hamnei-smeta-deka-napadot-na-hamas-vrz-izrael-ke-dovede-do-pobeda-na-palestintsite/ Sat, 14 Oct 2023 16:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=691259

- Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека минатонеделниот напад врз Израел од страна на палестинското движење Хамас ќе доведе до победа за Палестинците, јави новинската агенција ИРНА.

„Дел од актуелните настани укажуваат на неверојатната моќ на исламот во Палестина и, ако даде Господ, движењето што започна во Палестина ќе продолжи напред и ќе доведе до целосна победа на Палестинците“, рече тој.

По средбата со лидерот на шиитската заедница во Нигерија, шеикот Ибрахим Закзаки, Хамнеи ја нарече војната во Газа „еден од симболите на моќта на исламот“.

Хамнеи го повика исламскиот свет да им помогне на Палестинците.

Тој повтори дека Иран не учествува во нападите на Хамас врз Израел и вети дека ќе продолжи да ги поддржува палестинските територии

The post Иранскиот врховен водач Хамнеи смета дека нападот на Хамас врз Израел ќе доведе до победа на Палестинците appeared first on Република.

]]>

- Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека минатонеделниот напад врз Израел од страна на палестинското движење Хамас ќе доведе до победа за Палестинците, јави новинската агенција ИРНА. „Дел од актуелните настани укажуваат на неверојатната моќ на исламот во Палестина и, ако даде Господ, движењето што започна во Палестина ќе продолжи напред и ќе доведе до целосна победа на Палестинците“, рече тој. По средбата со лидерот на шиитската заедница во Нигерија, шеикот Ибрахим Закзаки, Хамнеи ја нарече војната во Газа „еден од симболите на моќта на исламот“. Хамнеи го повика исламскиот свет да им помогне на Палестинците. Тој повтори дека Иран не учествува во нападите на Хамас врз Израел и вети дека ќе продолжи да ги поддржува палестинските територии

The post Иранскиот врховен водач Хамнеи смета дека нападот на Хамас врз Израел ќе доведе до победа на Палестинците appeared first on Република.

]]>
Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет https://republika.mk/vesti/svet/hamnei-so-skvernaveneto-na-kuranot-shvedska-trgna-vo-borba-protiv-muslimanskiot-svet/ Sun, 23 Jul 2023 06:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=664338

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера кажа дека луѓето кои го сквернават Куранот треба да се соочат со „строги казни“ и дека Шведска „појде во војна против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните.

Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји.

-Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската Влада е да го предаде сторителот на судските системи на исламските земји, објави Хамнеи преку иранските државни медиуми.

Демонстрантите во Шведска во четвртокот шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци.

Британските медиуми потсетуваат дека стотици демонстрати во четвртокот рано утрината упаднаа во шведската Амбасада во центарот на Багдад и ја запалија во знак на протест против најавеното за истиот ден палење на светата книга на исламот во Шведска.

Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.

The post Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет appeared first on Република.

]]>

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера кажа дека луѓето кои го сквернават Куранот треба да се соочат со „строги казни“ и дека Шведска „појде во војна против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните. Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји. -Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската Влада е да го предаде сторителот на судските системи на исламските земји, објави Хамнеи преку иранските државни медиуми. Демонстрантите во Шведска во четвртокот шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци. Британските медиуми потсетуваат дека стотици демонстрати во четвртокот рано утрината упаднаа во шведската Амбасада во центарот на Багдад и ја запалија во знак на протест против најавеното за истиот ден палење на светата книга на исламот во Шведска. Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.

The post Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет appeared first on Република.

]]>