Александар Ѓорчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-gorchevski/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Александар Ѓорчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-gorchevski/ 32 32 Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
„Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката https://republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-kazhete-kolku-pari-treba-napishal-aleksandar-vo-shkolskata-grupa-na-vana-i-vednash-ja-izbrishal-porakata/ Fri, 18 Oct 2024 10:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=828410

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица началникот Дејан Димовски за Александар Ѓорчевски.

Полицијата забележала дека тој бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат.

Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол дека имало гужва.

На полицијата ѝ била чудна пораката која Александар ѝ ја пратил на Вања - следниот ден да се облече убаво оти ќе било многу ладно.

Александар, според зборовите на началникот, ѝ рекол на поранешната сопруга „Не се секирај, ако побараат откуп ќе земеме од кај Хари“.

Доказ, кој можеби ќе биде клучен за овој случај, е пораката што Александар по грешка ја пратил во школската група кај Вања, но веднаш ја избришал.

Полицијата ја вратила и во неа пишувало:

Само кажете колку пари треба.

Кон кого била упатена засега е непознато.

The post „Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката appeared first on Република.

]]>

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица началникот Дејан Димовски за Александар Ѓорчевски. Полицијата забележала дека тој бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат. Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол дека имало гужва. На полицијата ѝ била чудна пораката која Александар ѝ ја пратил на Вања - следниот ден да се облече убаво оти ќе било многу ладно. Александар, според зборовите на началникот, ѝ рекол на поранешната сопруга „Не се секирај, ако побараат откуп ќе земеме од кај Хари“. Доказ, кој можеби ќе биде клучен за овој случај, е пораката што Александар по грешка ја пратил во школската група кај Вања, но веднаш ја избришал. Полицијата ја вратила и во неа пишувало:
Само кажете колку пари треба.
Кон кого била упатена засега е непознато.

The post „Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката appeared first on Република.

]]>
Aдвокатот на Александар Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-aleksandar-gorchevski-tatkoto-na-vana-bil-fizichki-maltretiran-vo-prisustvo-na-nachalnikot-koj-svedocheshe/ Wed, 16 Oct 2024 12:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=827621

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски смета дека началникот Музафер Калишиќ изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на таткото на Вања за киднапирањето на ќерката.

Тој не даде никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж.Од друга страна видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би претпоставувале што и како се случило со овие лица и уште немаше да имаме епилог.Началникот во тоа време врши многу висока функција. Тој извекол мислење дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување.Токму овој сведок е човекот кој Александар го донел на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните.Добро е што тој веќе не ја раководи таа служба.

Aдвокатот е убеден дека началникот не ја кажува вистина околу физичкото малтретирање на Алекснадар.

Пред него се одвива целата тортура врз Александар.Тој е во просторијата заедно со Алекандар и заедно со двајца или тројца негови колеги. Тоа што го кажа инспекторот не е точно, тоа се одвивало пред неговите очи.Имаме и лекарски извештај каде при преглед се утврдени повреди кои се настанати точно кога Александар бил во полициска станица-објасни адвокатот.

The post Aдвокатот на Александар Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше appeared first on Република.

„Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/da-vidime-so-mafijata-da-ne-ima-neshto-velel-aleksandar/ Wed, 16 Oct 2024 10:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=827568

Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/

Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар.

Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, таткото тргнал да ја бара кон хотелот „Александар Палас“ и кон Качанички пат, но се вратил оти имало многу гужва.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/

Началникот на прашање на адвокатот Туфегџиќ дали има информации дали Ѓорчевски бил тепан во полициска станица откако го привеле рече дека не знае за такво нешто.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/

The post „Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар appeared first on Република.

]]>

Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/
Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар.
Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, таткото тргнал да ја бара кон хотелот „Александар Палас“ и кон Качанички пат, но се вратил оти имало многу гужва. https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/ Началникот на прашање на адвокатот Туфегџиќ дали има информации дали Ѓорчевски бил тепан во полициска станица откако го привеле рече дека не знае за такво нешто. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/do-togash-ne-znaele-deka-sluchaite-se-povrzani-obvinetiot-keshishov-go-odnesol-nachalnikot-do-mestoto-kade-shto-e-ubiena-vana/

The post „Да видиме со мафијата, да не има нешто“, велел Александар appeared first on Република.

]]>
Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-od-kamerata-od-objekt-sproti-zgradata-na-vana-bil-isechen/ Wed, 16 Oct 2024 09:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=827480

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој ја водеше потрагата по Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште ги опиша средбите со таткото Александар.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/

Една посебно му била чудна и оти се случила пред зградата на Александар. На неа тој дошол заедно со извесен Гоце Трајковски. Александар го претставил Гоце како старо кумство и оти се немаат видено 20 години. Тие му дале на началникот снимки од камери кои полицијата веќе ги имала и затоа и им било нејасно од каде и како ги прибавува.

Следната средба кумовите му посочиле на началникот камера од објект кој гледал директно во зградата каде беше грабната Вања. Му рекле дека има една камера спроти куќата која може нешто да покаже.

Кога отидовме да ја побараме снимката од сопстениците на објектот видовме дека кабелот е исечен, објасни началикот.

Сопствениците на објектот рекле дека до претходниот ден камерата нормално работела.

The post Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен appeared first on Република.

]]>

Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој ја водеше потрагата по Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште ги опиша средбите со таткото Александар. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/ Една посебно му била чудна и оти се случила пред зградата на Александар. На неа тој дошол заедно со извесен Гоце Трајковски. Александар го претставил Гоце како старо кумство и оти се немаат видено 20 години. Тие му дале на началникот снимки од камери кои полицијата веќе ги имала и затоа и им било нејасно од каде и како ги прибавува. Следната средба кумовите му посочиле на началникот камера од објект кој гледал директно во зградата каде беше грабната Вања. Му рекле дека има една камера спроти куќата која може нешто да покаже.
Кога отидовме да ја побараме снимката од сопстениците на објектот видовме дека кабелот е исечен, објасни началикот.
Сопствениците на објектот рекле дека до претходниот ден камерата нормално работела.

The post Кабелот од камерата од објект спроти зградата на Вања бил исечен appeared first on Република.

]]>
Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-nachalnik-odnesuvaneto-na-aleksandar-beshe-chudno-i-konfuzno-postojano-povtoruvashe-deka-vana-e-kidnapirana-i-ubiena/ Wed, 16 Oct 2024 08:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=827464

Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.

[caption id="attachment_827427" align="aligncenter" width="754"] Судење за убиствата на Вања и Панче, 16 октомври 2024 (фото: Република)[/caption]

Калишиќ објасни каде ја барале Вања.

Инсистирав да одиме во станот во Капиштец, иако Александар рече дека џабе ќе одиме таму бидејќи веќе бил таму. Тој упорно повторуваше дека џабе го губиме времето оти Вања сигурно е киднапирана, ги објасни зборовите на таткото на Вања полицискиот началник.

Началникот рече дека му станало сомнително зошто Александар не излегува од автомобилот кога ја барале низ населбата Капиштец и на Водно.

Тој постојано повторуваше дека губиме време и оти Вања е киднапирана и убиена. Кога го прашавме зошто мисли така, тој даваше конфузни одговори. Кога ја прашавме мајката зошто е таков, таа немаше одговор, објасни Калишиќ.

The post Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена appeared first on Република.

]]>

Првата средба со родителите на Вања беше во ЕБР центар, а таткото Александар беше чудно и конфузно и беше потиштен. Мајката беше поприбрана, објасни сведокот на Обвинителството Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште за случајот со убиствата на малолетното девојче и велешанецот Панче Жежовски, кое денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје. [caption id="attachment_827427" align="aligncenter" width="754"] Судење за убиствата на Вања и Панче, 16 октомври 2024 (фото: Република)[/caption] Калишиќ објасни каде ја барале Вања.
Инсистирав да одиме во станот во Капиштец, иако Александар рече дека џабе ќе одиме таму бидејќи веќе бил таму. Тој упорно повторуваше дека џабе го губиме времето оти Вања сигурно е киднапирана, ги објасни зборовите на таткото на Вања полицискиот началник.
Началникот рече дека му станало сомнително зошто Александар не излегува од автомобилот кога ја барале низ населбата Капиштец и на Водно.
Тој постојано повторуваше дека губиме време и оти Вања е киднапирана и убиена. Кога го прашавме зошто мисли така, тој даваше конфузни одговори. Кога ја прашавме мајката зошто е таков, таа немаше одговор, објасни Калишиќ.

The post Полициски началник: Однесувањето на Александар беше чудно и конфузно, постојано повторуваше дека Вања е киднапирана и убиена appeared first on Република.

]]>
Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран https://republika.mk/vesti/makedonija/tufegdhik-iskazot-na-majkata-na-vana-potvrdi-deka-aleksandar-ne-e-involviran/ Mon, 14 Oct 2024 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=826511

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска – Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот. Смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност.

-Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече адвокатот.

Според него, овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато.

Денеска продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Еден од тројцата обвинети за соучесништво, по лекувањето на Нефрологија, беше вратен во затворот во Шуто Оризари.

The post Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска – Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот. Смета дека исказот дава логичен тек на работите и се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност.
-Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече адвокатот.
Според него, овој исказ на мајката на Вања е различен од оној што го дала во Јавното обвинителство, односно отстапува од тоа што денеска е слушнато. Денеска продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Еден од тројцата обвинети за соучесништво, по лекувањето на Нефрологија, беше вратен во затворот во Шуто Оризари.

The post Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран appeared first on Република.

]]>
Вања замина да живее со татко ѝ, но се скара и со него и побара да се врати дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-zamina-da-zhivee-so-tatko-no-se-skara-i-so-nego-i-pobara-da-se-vrati-doma/ Mon, 14 Oct 2024 09:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=826439

Aлександар беше премногу импулсивен, немавме голема комуникација освен за децата. Се грижеше за децата, но понекогаш им викаше и тие се лутеа поради тоа, откри Зорица Ѓорчевска во улога на сведок на денешното рочиште за двојното убиство на нејзината малолетната ќерка Вања и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.

Тој имаше клуч од станот, на мое инсистирање, поради тоа што беше патент брава и може да се случи да останат надвор што еднаш и се случи, објасни Зорица.

Зорица раскажа и дека додека биле во брак таа воглавно се грижела за финансиите бидејќи Александар не работел. Поради тоа бил тажен и потиштен.

Вања во еден момент ми беше скарана и замина да живее со татко ѝ. Но, се скара и со него. Сакаше да се врати кај мене, но јас и реков дека не може да се врати додека не го подобри односот со татко ѝ. По некое време навистина го подобрија односот, вели Ѓорчевска.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

Вториот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/

The post Вања замина да живее со татко ѝ, но се скара и со него и побара да се врати дома appeared first on Република.

Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка https://republika.mk/vesti/makedonija/aleksandar-mi-kazha-deka-vana-e-kidnapirana-veli-nejzinata-majka/ Mon, 14 Oct 2024 08:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=826422

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.

[caption id="attachment_826394" align="aligncenter" width="1170"] Зорица Ѓорчевска (прва од лево)[/caption]

Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде. Од прв момент го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра., се присети Зорица.

Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека - тоа му го кажала и на таткото.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

The post Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка appeared first on Република.

]]>

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје. [caption id="attachment_826394" align="aligncenter" width="1170"] Зорица Ѓорчевска (прва од лево)[/caption]
Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде. Од прв момент го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра., се присети Зорица.
Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.  
Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.
Потврди дека - тоа му го кажала и на таткото.

Првиот дел од сведоштвото тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/zoritsa-gorchevska-dojdovme-na-poslednata-lokatsija-kaj-edna-napushtena-kuka-i-pochnavme-da-ja-dovikuvame/

The post Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка appeared first on Република.

]]>
Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tufegdhik-grupa-si-kopala-dupki-niz-makednija-mozhebi-se-spremale-likvidatsii-za-drugi-luge-a-nikoj-nishto-ne-znae/ Sat, 28 Sep 2024 08:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=820489

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова во поткастот „Претрес“ го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес.

Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.

Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!, вели Туфегџиќ.

Во адвокатот Туфегџиќ зборуваше и за мотивот на убиството.

https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=Inhdfezb8MMcHP7A

The post Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! appeared first on Република.

]]>

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова во поткастот „Претрес“ го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес. Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.
Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!, вели Туфегџиќ.
Во адвокатот Туфегџиќ зборуваше и за мотивот на убиството. https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=Inhdfezb8MMcHP7A

The post Туфегџиќ: Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае! appeared first on Република.

]]>
Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kontradiktorni-se-izjavite-na-palevski-deka-ne-se-poznava-so-takoto-na-vana-i-na-obvinitelstvoto-deka-tokmu-aleksandar-mu-kazhal-deka-pomalata-kerka-podotsna-ke-odi-na-uchilishte/ Fri, 20 Sep 2024 11:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=818151

Започна судењето за случајот кој ја потресе Македонија. Кон крајот на минатата година бевме во шок од грабнувањето, а потоа и од убиството на малата Вања Ѓорчевска како и од убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски.

Но, на првото рочиште, јавноста остана со многу недоумици за односот на таткото на Вања и првообвинетиот Љупчо Палевски. Палчо како да се обидуваше да го заштити со изјава дека воопшто не се познаваат со Александар, а камоли дека комуницирале на 27 ноември кога девојчето беше киднапирано во влезот на зградата каде што живеело со мајка си и сестра си.

Палевски дури тврди дека Александар е наместен од страна на полицијата за да направи слика дека тие редовно биле во контакт.

Спротивно на тоа, обвинителката Крстевска во своето излагање тврди дека токму Ѓорчевски му јавил и на 24 ноември кога првично требало да биде грабнато девојчето и три дена подоцна кога грабнале пред влезот во зградата.

„Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластични стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика. Потоа ја ставиле Вања во багажникот на колата, на Партизанска ѝ го скршиле телефонот за да нема сигнал и се упатиле кон Качанички Пат. Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде што ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Палчо, според обвинителството, со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле - објасни обвинителката.

Текот на судењето ќе покаже кој ја говори вистината. Дали обвинителстото, за кое веруваме дека има доказ за разговорот меѓу Палевски и Ѓорчевски или првобвинетиот.

Таткото на Вања пак денеска не беше јасен дали се знае со Палевски туку само изусти дека сака да се дознае вистината, дека ќе соработува и ќе говори со имиња и презимиња.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-shtraftsiger-ja-otvorile-vratata-i-so-vreka-za-spiene-vo-suterenot-ja-chekale-vana-da-izleze-od-stanot/

The post Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште appeared first on Република.

]]>

Започна судењето за случајот кој ја потресе Македонија. Кон крајот на минатата година бевме во шок од грабнувањето, а потоа и од убиството на малата Вања Ѓорчевска како и од убиството на велешкиот фризер Панче Жежовски. Но, на првото рочиште, јавноста остана со многу недоумици за односот на таткото на Вања и првообвинетиот Љупчо Палевски. Палчо како да се обидуваше да го заштити со изјава дека воопшто не се познаваат со Александар, а камоли дека комуницирале на 27 ноември кога девојчето беше киднапирано во влезот на зградата каде што живеело со мајка си и сестра си. Палевски дури тврди дека Александар е наместен од страна на полицијата за да направи слика дека тие редовно биле во контакт. Спротивно на тоа, обвинителката Крстевска во своето излагање тврди дека токму Ѓорчевски му јавил и на 24 ноември кога првично требало да биде грабнато девојчето и три дена подоцна кога грабнале пред влезот во зградата.
„Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев со колата на претходно убиениот Панче Жежовски дошле пред зградата на Вања. Влатко Кешишев чекал во колата, а другите двајца со штрафцигер ја отвориле вратата и со вреќа за спиење во сутеренот ја чекале Вања. Кога таа излегла од лифтот, ја грабнале, ѝ ставиле трака на устата, ѝ ги врзале рацете и нозете со пластични стеги и ја ставиле во вреќата. Ѝ се заканувале за да не вика. Потоа ја ставиле Вања во багажникот на колата, на Партизанска ѝ го скршиле телефонот за да нема сигнал и се упатиле кон Качанички Пат. Во Визбегово се сретнале со Палчо и сите заедно продолжиле кон селото Бразда, каде што ја убиле Вања. Обвинетите во претходно ископана дупка ја ставиле Вања со врзани раци и нозе. Палчо, според обвинителството, со пиштол преку перница пукал во главата на Вања и ја убил. Потоа го закопале телото, а колата ја запалиле - објасни обвинителката.
Текот на судењето ќе покаже кој ја говори вистината. Дали обвинителстото, за кое веруваме дека има доказ за разговорот меѓу Палевски и Ѓорчевски или првобвинетиот. Таткото на Вања пак денеска не беше јасен дали се знае со Палевски туку само изусти дека сака да се дознае вистината, дека ќе соработува и ќе говори со имиња и презимиња. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-shtraftsiger-ja-otvorile-vratata-i-so-vreka-za-spiene-vo-suterenot-ja-chekale-vana-da-izleze-od-stanot/  

The post Контрадикторни се изјавите на Палевски дека не се познава со такото на Вања и на Обвинителството дека токму Александар му кажал дека помалата ќерка подоцна ќе оди на училиште appeared first on Република.

]]>
Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/im-kazhal-deka-sama-ke-odi-na-uchilishte-i-ofitsijalno-obvinet-tatkoto-na-vana/ Fri, 31 May 2024 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=783509

Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

Ова стои во обвинението кое денеска го објави ОЈО за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во него Александар Ѓорчевски се товари за помагање на киднаперите и убијци на неговата 14-годишна ќерка.

На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје. Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете. Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда. Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите. Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, се вели во обвинението.

Иако казната за грабнување е минимум 4 години затвор, затоа што станува збор за делото „помагање“, Ѓорчевски може да добие и помала казна, доколку е осуден.

Целото обвинение тука:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-i-panche-se-ubieni-na-svirep-nachin-obvinitelstvoto-pokrena-obvinenie-protiv-chetiri-litsa/

The post Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања appeared first on Република.

]]>

Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик. Ова стои во обвинението кое денеска го објави ОЈО за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во него Александар Ѓорчевски се товари за помагање на киднаперите и убијци на неговата 14-годишна ќерка.
На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје. Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете. Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда. Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите. Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, се вели во обвинението.
Иако казната за грабнување е минимум 4 години затвор, затоа што станува збор за делото „помагање“, Ѓорчевски може да добие и помала казна, доколку е осуден. Целото обвинение тука: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-i-panche-se-ubieni-na-svirep-nachin-obvinitelstvoto-pokrena-obvinenie-protiv-chetiri-litsa/

The post Им кажал дека сама ќе оди на училиште: И официјално oбвинет таткото на Вања appeared first on Република.

]]>
На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-javna-sednitsa-vrhoven-ke-odluchuva-za-pritvorot-na-tatkoto-na-vana/ Tue, 23 Apr 2024 15:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=769746

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања.

Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А. Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 02.04.2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд  како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25.04.2024 година со почеток во 10:00 часот, се вели во соопштението од Врховен.

Претходно во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката „притвор“ на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања.
Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на осомничениот А. Ѓ. од Скопје, преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, против решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/23 од 02.04.2024 година, по која е формиран предмет во Врховниот суд  како ВКЖ1-14/24, на барање на одбраната закажана е јавна седница за 25.04.2024 година со почеток во 10:00 часот, се вели во соопштението од Врховен.
Претходно во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката „притвор“ на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година. Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post На јавна седница Врховен ќе одлучува за притворот на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>
Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-solzi-vo-ochite-tatkoto-na-vana-reche-deka-trpi-tortura-vo-pritvor-i-razmisluva-za-samoubistvo/ Wed, 13 Mar 2024 14:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=754459

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Преку жалбата, одбраната тврди дека притворот е превентивен, што, според нив е недозволиво. Додека, обвинителството вели дека од доказите се извлекува неспорниот заклучок дека во оваа фаза постои основано сомнение дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Жалбата следува по одлуката на Апелациониот суд со која беше одбиена жалбата на Ѓорчевски и му ја продолжи мерката притвор поради основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ до 3 април 2024 година.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, на денешната јавна седница нагласи дека не им е приложен ниту еден доказ или индиција од кој може да се заклучи дека постои минималниот стандард за продолжување на мерката притвор.

- Основано сомнение дека било извршено кривично дело подразбира постоење на факти и информации за кои некој би можел да се убеди дека осомничениот го сторил делото. Аргументите за и против не смеат да бидат општи и апстрактни, туку треба да содржат аргументи кои го оправдуваат притворот, рече тој.

Според него, како што рече, „квази автоматското продолжување на притворот“ е спротивно на законот.

Туфегџиќ нагласи дека осомничениот минува низ процес на загуба, а како што рече, досегашното негово однесување е здрава реакција на загуба на своето дете што, како што дополни, е најтешко нешто што може да му се случи на еден родител.

Според одбраната, исто така, кривичниот совет ја донел одлуката нејасно, неразбирливо и противречно самиот на себе без наведени причини.

Оттаму тврдат дека обвинетиот со проактивна одбрана учествувал во оваа кривична постапка заради целосно разјаснување на работите. Помогнал да се пријават видео записи од различни објекти и ги доставил до полиција. Тие се концизни дека му била определена мерка притвор без да му биде приложен ниту еден доказ за тоа, а судот дал паушални причини.

Одбраната тврди и дека обвинетиот не може да влијае врз сведоците бидејќи сите веќе биле сослушани како и на фактот дека на обвинетиот не му бил дозволен увид во списите. Одбраната, исто така, укажува и на тоа дека обвинетиот во притворскиот објект бил подложен на тортура на начин што повеќе пати бил испитувани од лица кои се претставувале како полициски службеници, односно бил под притисок да го признае делото кое му се става на товар.

Од сите горенаведени причини одбрана смета дека жалбата треба да се прифати, да се определат поблаги мерки или мерката притвор да биде укината.

На ваквите жалбени наводи, Јавното обвинителство доставило одговор во кој предлага жалбата на обвинетиот да се одбие како неоснована.

Според обвинителката Наталија Тасевска, Апелациониот суд Скопје, донел јасно решение во кое има доволно образложени причини дека осомничениот го сторил кривичното дело „грабнување“, кое, како што посочи, со текот на истрагата се надоградува со повеќе докази, а истрагата сѐ уште трае.

- Станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица, а за судството во такви дејствија законот предвидува тешка казна, од кое само по себе произлегува причината дека ако обвинетиот е на слобода ќе постои висок степен на веројатност дека ќе се даде во бегство, рече таа.

Дополни дека во оваа фаза на постапката, кога сѐ уште се преземаат истражни дејствија, постои можност обвинетиот да влијае на сведоците со дел да овозможи подобра позиција, односно да истите во текот на понатамошна постапка да ги променат исказите.

- Особено би нагласила дека во оваа фаза на постапката, мерката со која може да се обезбеди непречено водење на кривична постапка е притвор, рече таа.

На денешната јавна седница се изјасни и осомничениот Александар Ѓорѓиевски, таткото на Вања, кој се приклучи на жалбените наводи на неговиот бранител.

- Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми се наоѓа тука, другото ми го одземаа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешница од оваа ситуација, важно ми е да дојде до разрешница, за да можам и јас да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој свет или ќе се придружам на постарата ќеркичка, рече тој.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд

The post Со солзи во очите таткото на Вања рече дека трпи тортура во притвор и размислува за самоубиство appeared first on Република.

Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-vrhoven-utre-javna-sednitsa-po-zhalbata-za-prodolzheniot-pritvor-na-tatkoto-na-ubienata-vana-2/ Tue, 12 Mar 2024 14:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=754080

Во Врховниот суд утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.

Советот за казниви дела при Врховниот суд, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд, стои во соопштението од Врховен.

Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања appeared first on Република.

]]>

Во Врховниот суд утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.
Советот за казниви дела при Врховниот суд, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12:00 часот во судницата на 1-ви кат во Врховниот суд, стои во соопштението од Врховен.
Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована. Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања appeared first on Република.

]]>
Апелација ја одби жалбата, таткото на Вања останува во притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-ja-odbi-zhalbata-tatkoto-na-vana-ostanuva-vo-pritvor/ Fri, 23 Feb 2024 14:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=747484

Жалбата на таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорческа, Александар Ѓорчевски, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена.

Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка.

Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.

Според исказите на останатите осомничени, Ѓорчевски ги дал информациите за тоа кога Вања сама ќе излезе од дома на првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски.

The post Апелација ја одби жалбата, таткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>

Жалбата на таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорческа, Александар Ѓорчевски, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена. Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка. Според исказите на останатите осомничени, Ѓорчевски ги дал информациите за тоа кога Вања сама ќе излезе од дома на првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски.

The post Апелација ја одби жалбата, таткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>
Таткото на Вања уште не е викнат на распит https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-ushte-ne-e-viknat-na-raspit/ Mon, 08 Jan 2024 18:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=730948

Српскиот новинар Срѓан Ного во својата емисија „Скриената вистина за убиството на Вања и Панче“ на Јутуб тврди таткото на убиената Вања уште не бил викнат на распит иако во притвор е повеќе од еден месец.

https://www.youtube.com/watch?v=YjfyvAfBZZQ

Неговиот адвокат планира освен жалба за притворот, да побара ОЈО да му објасни зошто неговиот клиент сè уште не е повикан на распит а ќе бара и информации како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот Ного.

Во обвинителство велат дека Ѓорчевски уште на почетокот на постапката дал исказ со кој ја негира неговата инволвираност и какви било сознанија за убиството.

The post Таткото на Вања уште не е викнат на распит appeared first on Република.

]]>

Српскиот новинар Срѓан Ного во својата емисија „Скриената вистина за убиството на Вања и Панче“ на Јутуб тврди таткото на убиената Вања уште не бил викнат на распит иако во притвор е повеќе од еден месец.   https://www.youtube.com/watch?v=YjfyvAfBZZQ Неговиот адвокат планира освен жалба за притворот, да побара ОЈО да му објасни зошто неговиот клиент сè уште не е повикан на распит а ќе бара и информации како снимките, на кои се слуша гласот на Александар Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот Ного. Во обвинителство велат дека Ѓорчевски уште на почетокот на постапката дал исказ со кој ја негира неговата инволвираност и какви било сознанија за убиството.

The post Таткото на Вања уште не е викнат на распит appeared first on Република.

]]>
Одбраната на таткото на Вања најави жалба за притворот и бара одговори од ОЈО за снимките кои ги објавува Ного https://republika.mk/vesti/makedonija/odbranata-na-tatkoto-na-vana-najavi-zhalba-za-pritvorot-i-bara-odgovori-od-ojo-za-snimkite-koi-gi-objavuva-nogo/ Mon, 08 Jan 2024 16:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=730902

Утре до Апелација ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14 годишната Вања Ѓорчевска, вели за ТВ 24 адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

Освен жалба за притворот одбарната на таткото на Вања ќе бара и ОЈО да му објасни, зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Туфегџиќ е дециден дека од обвинителот ќе бара и инфорамции како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

- Како бранител до овој момент бев доволно трпелив и имав разборање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да потврдам автентичност на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува.“ - вели Туфегџиќ.

Од Обвинителството за тв 24 велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за вештачењата на материјалните докази, за исказот на Ѓорчевски и што ќе се преземе во врска со објавените материјали на српскиот јутјуб канал, велат дека во тек се истражни дејствија.

- Истражната постапка е во тек. Јавниот обвинител ги спроведува истражните дејствија онака како што налагаат доказите и потребите на постапката. Лицето за кое покажувате интерес даде свој исказ уште на почетокот на постапката. За разлика од останатите осомничени, тој ја негираше неговата инволвираност и какви било сознанија за настанот. Што се однесува до објавените снимки, јавното обвинителство веќе апелираше лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста на објавите и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите. - велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Kако снимки од случајот за убиството на Ѓорчевска и Жежовски, завршија кај српскиот политичар Срѓан Ного? Тој објавува фотографии и аудио и видео записи на неговите социјални мрежи од овој случај. 74 годишниот Панче и 14 годишната Вања беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември. Еден месец по свирепите убиства, течат вторите 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и за Стефан Димковски возачот на Љупчо Палевски Палчо, кого Обвинителството го сомничи дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и убиствата. Палевски се уште е во затвор во Баликесир, Турција и за него се чека екстрадиција, за која се уште не се знае кога ќе се случи.

The post Одбраната на таткото на Вања најави жалба за притворот и бара одговори од ОЈО за снимките кои ги објавува Ного appeared first on Република.

]]>

Утре до Апелација ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14 годишната Вања Ѓорчевска, вели за ТВ 24 адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Освен жалба за притворот одбарната на таткото на Вања ќе бара и ОЈО да му објасни, зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Туфегџиќ е дециден дека од обвинителот ќе бара и инфорамции како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.
- Како бранител до овој момент бев доволно трпелив и имав разборање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да потврдам автентичност на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува.“ - вели Туфегџиќ.
Од Обвинителството за тв 24 велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за вештачењата на материјалните докази, за исказот на Ѓорчевски и што ќе се преземе во врска со објавените материјали на српскиот јутјуб канал, велат дека во тек се истражни дејствија.
- Истражната постапка е во тек. Јавниот обвинител ги спроведува истражните дејствија онака како што налагаат доказите и потребите на постапката. Лицето за кое покажувате интерес даде свој исказ уште на почетокот на постапката. За разлика од останатите осомничени, тој ја негираше неговата инволвираност и какви било сознанија за настанот. Што се однесува до објавените снимки, јавното обвинителство веќе апелираше лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста на објавите и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите. - велат од Основното јавно обвинителство Скопје.
Kако снимки од случајот за убиството на Ѓорчевска и Жежовски, завршија кај српскиот политичар Срѓан Ного? Тој објавува фотографии и аудио и видео записи на неговите социјални мрежи од овој случај. 74 годишниот Панче и 14 годишната Вања беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември. Еден месец по свирепите убиства, течат вторите 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и за Стефан Димковски возачот на Љупчо Палевски Палчо, кого Обвинителството го сомничи дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и убиствата. Палевски се уште е во затвор во Баликесир, Турција и за него се чека екстрадиција, за која се уште не се знае кога ќе се случи.

The post Одбраната на таткото на Вања најави жалба за притворот и бара одговори од ОЈО за снимките кои ги објавува Ного appeared first on Република.

]]>
Таткото на Вања имал недвижности вредни 500.000 евра и не се коцкал, тврди српскиот политичар Ного https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-vana-imal-nedvizhnosti-vredni-500-000-evra-i-ne-se-kotskal-tvrdi-srpskiot-politchar-nogo/ Sat, 06 Jan 2024 14:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=730443

Српскиот политичар Срѓан Ного во неговиот поткаст на Јутуб тврди  дека таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици. Со порнаешната сопруга пак бил во коректни односи.

https://www.youtube.com/watch?v=YjfyvAfBZZQ

Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе. Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко. Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот. Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи. 

https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-fotografii-panche-so-eden-od-kidnaperite-na-vana-na-benziska-pumpa-vo-veles-stavil-gorivo-za-500-denari/

The post Таткото на Вања имал недвижности вредни 500.000 евра и не се коцкал, тврди српскиот политичар Ного appeared first on Република.

]]>

Српскиот политичар Срѓан Ного во неговиот поткаст на Јутуб тврди  дека таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици. Со порнаешната сопруга пак бил во коректни односи. https://www.youtube.com/watch?v=YjfyvAfBZZQ
 
Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе. Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко. Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот. Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи. 
https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-fotografii-panche-so-eden-od-kidnaperite-na-vana-na-benziska-pumpa-vo-veles-stavil-gorivo-za-500-denari/

The post Таткото на Вања имал недвижности вредни 500.000 евра и не се коцкал, тврди српскиот политичар Ного appeared first on Република.

]]>
Нови дилеми за двете убиства: Објавени непознати снимки од Панче со киднаперите и исказ на таткото на Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-dilemi-za-dvete-ubistva-objaveni-nepoznati-snimki-od-panche-so-kidnaperite-i-iskaz-na-tatkoto-na-vana/ Fri, 05 Jan 2024 15:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=730147

Српскиот политичар Срѓан Ного објави исечоци од снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.

Тој најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето.

Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР.

Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.

The post Нови дилеми за двете убиства: Објавени непознати снимки од Панче со киднаперите и исказ на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>

Српскиот политичар Срѓан Ного објави исечоци од снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Тој најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето. Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР. Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.

The post Нови дилеми за двете убиства: Објавени непознати снимки од Панче со киднаперите и исказ на таткото на Вања appeared first on Република.

]]>