алекесј навални Archives - Република https://republika.mk/tema/alekesj-navalni/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 09:13:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алекесј навални Archives - Република https://republika.mk/tema/alekesj-navalni/ 32 32 Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години https://republika.mk/vesti/svet/ruskiot-sveshtenik-koj-drzheshe-opelo-za-navalni-otstranet-od-tsrkvata-na-tri-godini-2/ Wed, 24 Apr 2024 09:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=769947

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

The post Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години appeared first on Република.

]]>

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми. Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година. Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.
-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.
На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

The post Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години appeared first on Република.

]]>
Навални почина од тромбоза, тврди шефот на украинската воена разузнавачка служба https://republika.mk/vesti/svet/navalni-pochina-od-tromboza-tvrdi-shefot-na-ukrainskata-voena-razuznavachka-sluzhba/ Sun, 25 Feb 2024 17:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=748202

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.

Веројатно ќе ве разочарам, но Навални почина од тромбоза. Тоа е повеќе или помалку потврдено. Ова не се податоци од Интернет, туку, за жал, тоа е природна смрт – изјави Буданов на новинарите, пренесува „Украинска правда“.

Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања.

Навални почина на 16 февруари во затвор во оддалечена област во близина на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам.

Државната затворска служба објави дека Навални починал од синдром на ненадејна смрт, откако му се слошило додека шетал низ затворската колонија.

Вчера властите го предале телото на Наваљни на неговата мајка.

 

The post Навални почина од тромбоза, тврди шефот на украинската воена разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.
Веројатно ќе ве разочарам, но Навални почина од тромбоза. Тоа е повеќе или помалку потврдено. Ова не се податоци од Интернет, туку, за жал, тоа е природна смрт – изјави Буданов на новинарите, пренесува „Украинска правда“.
Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања. Навални почина на 16 февруари во затвор во оддалечена област во близина на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам. Државната затворска служба објави дека Навални починал од синдром на ненадејна смрт, откако му се слошило додека шетал низ затворската колонија. Вчера властите го предале телото на Наваљни на неговата мајка.  

The post Навални почина од тромбоза, тврди шефот на украинската воена разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>
На телото на Навални има модрици, мајката не може да го види синот https://republika.mk/vesti/svet/na-teloto-na-navalni-ima-modritsi-majkata-ne-mozhe-da-go-vidi-sinot/ Mon, 19 Feb 2024 09:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=745591

Tелото на Навални било пренесено во окружната клиничка болница во регионалниот главен град Салехард. Биле пронајдени модринки кои најверојатно  не се од тепање.

– Како искусен болничар можам да кажам дека модринките, според оние што ги виделе, најверојатно дошле од конвулзии… Ако некој се грчи, а другите се обидуваат да го задржат, а грчевите се многу силни, тогаш се појавуваат модринки . Тие исто така (оние кои го видоа телото на Навални) рекоа дека тој има модринка на градите – предизвикани од индиректна масажа на срцето. Изгледа се обиделе да го реанимираат, а тој најверојатно починал од срцев удар. Но, никој ништо не кажува зошто имал срцев удар – изјавил болничарот.

На мајката на Алексеј Навални, не и било дозволено да влезе во мртовечницата во рускиот град Салехард.

Портпаролката на починатиот руски опозиционер, Кира Јармиш на платформата Икс објави дека на мајката на Навални не и било дозволено да влезе во мртовечницата и не добила одговор на прашањето каде е телото на нејзиниот син.

- Еден од адвокатите беше буквално истуркан, наведе Јармиш.

The post На телото на Навални има модрици, мајката не може да го види синот appeared first on Република.

]]>

Tелото на Навални било пренесено во окружната клиничка болница во регионалниот главен град Салехард. Биле пронајдени модринки кои најверојатно  не се од тепање.
– Како искусен болничар можам да кажам дека модринките, според оние што ги виделе, најверојатно дошле од конвулзии… Ако некој се грчи, а другите се обидуваат да го задржат, а грчевите се многу силни, тогаш се појавуваат модринки . Тие исто така (оние кои го видоа телото на Навални) рекоа дека тој има модринка на градите – предизвикани од индиректна масажа на срцето. Изгледа се обиделе да го реанимираат, а тој најверојатно починал од срцев удар. Но, никој ништо не кажува зошто имал срцев удар – изјавил болничарот.
На мајката на Алексеј Навални, не и било дозволено да влезе во мртовечницата во рускиот град Салехард. Портпаролката на починатиот руски опозиционер, Кира Јармиш на платформата Икс објави дека на мајката на Навални не и било дозволено да влезе во мртовечницата и не добила одговор на прашањето каде е телото на нејзиниот син. - Еден од адвокатите беше буквално истуркан, наведе Јармиш.

The post На телото на Навални има модрици, мајката не може да го види синот appeared first on Република.

]]>
Oваа наводна палата на Путин му пресуди на Навални https://republika.mk/vesti/svet/ovaa-navodna-palata-na-putin-mu-presudi-na-navalni/ Fri, 16 Feb 2024 17:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=744957

Опозицискиот лидер Алексеј Навални (47), кој издржуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија, почина. Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесе Ројтерс и многу други медиуми.

Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, беше затворен и осуден на 19 години за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна. Навални и многумина на Запад ги отфрлија обвинувањата како измислени и политички мотивирани. Движењето на Навални беше забрането, а повеќето од неговите главни поддржувачи избегаа во странство. Пред да биде осуден и да биде испратен во затвор, тој живеел во Москва со сопругата Јулија и двете деца.

Додека беше во притвор во предградие на Москва во јануари 2021 година, Навални продолжи да биде трн во окото на рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот тим потоа ги објави резултатите од големата истрага за богатството на Путин и на јавноста и го даде првиот поглед на наводната палата на Путин во Црното Море. Документарецот, кој беше објавен заедно со истражувањето, за еден ден на YouTube го погледнале 22 милиони луѓе. До денес, бројот на прегледи само на YouTube достигна речиси 130 милиони.

Тој го нарече имотот „најголемиот поткуп на светот“ поради доказите што наводно ги поседува, а кои укажуваат дека парите за изградбата се од офшор сметките на најблиските соработници на Путин. Палатата се наоѓа во близина на градот Геленџик.

Како изгледа и што има наводната луксузна палата на Путин?

Беспилотно летало направи видео на кое се гледа просторот на оваа луксузна палата и се вели дека е 39 пати поголема од Монако! Не може да се пристапи од копно, море или воздух. Има над илјада вработени кои не смеат да носат приватни телефони внатре. Самиот замок има 17.691 квадратни метри. Се состои од 11 спални соби, неколку пространи сали и големи дневни соби, приватен театар, кино, казино, два базени, пекара... Има и тајна таканаречена „валкана соба“ чија цел не е позната ниту како изгледа.

Сите соби имаат мермерни подови и столбови, а ѕидовите имаат раскошни украси по примерот на кралските палати во Санкт Петербург. Секоја соба има најскапи теписи. Што се однесува до мебелот, неговата вредност е 56.000 долари. Само еден тросед вреди 27.000 долари. Стаклената површина на палатата зафаќа околу 2.500 квадратни метри.

Палатата има неколку прекари како „Нов Версај“ или „Нова зимска палата“ според тимот на Наваљни. Во однос на безбедноста има непробојна ограда, приватно пристаниште, 24-часовно обезбедување, црква, зона за забранети летови, па дури и сопствен граничен пункт.

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата дека е сопственик на луксузна резиденција . „Не го гледав тој филм затоа што немав време. Ништо од она што се прикажува таму како да е моја работа не е на мене или на моите роднини“, рече Путин во телевизиски разговор со руски студенти.

The post Oваа наводна палата на Путин му пресуди на Навални appeared first on Република.

]]>

Опозицискиот лидер Алексеј Навални (47), кој издржуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија, почина. Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесе Ројтерс и многу други медиуми. Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, беше затворен и осуден на 19 години за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна. Навални и многумина на Запад ги отфрлија обвинувањата како измислени и политички мотивирани. Движењето на Навални беше забрането, а повеќето од неговите главни поддржувачи избегаа во странство. Пред да биде осуден и да биде испратен во затвор, тој живеел во Москва со сопругата Јулија и двете деца. Додека беше во притвор во предградие на Москва во јануари 2021 година, Навални продолжи да биде трн во окото на рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот тим потоа ги објави резултатите од големата истрага за богатството на Путин и на јавноста и го даде првиот поглед на наводната палата на Путин во Црното Море. Документарецот, кој беше објавен заедно со истражувањето, за еден ден на YouTube го погледнале 22 милиони луѓе. До денес, бројот на прегледи само на YouTube достигна речиси 130 милиони. Тој го нарече имотот „најголемиот поткуп на светот“ поради доказите што наводно ги поседува, а кои укажуваат дека парите за изградбата се од офшор сметките на најблиските соработници на Путин. Палатата се наоѓа во близина на градот Геленџик. Како изгледа и што има наводната луксузна палата на Путин? Беспилотно летало направи видео на кое се гледа просторот на оваа луксузна палата и се вели дека е 39 пати поголема од Монако! Не може да се пристапи од копно, море или воздух. Има над илјада вработени кои не смеат да носат приватни телефони внатре. Самиот замок има 17.691 квадратни метри. Се состои од 11 спални соби, неколку пространи сали и големи дневни соби, приватен театар, кино, казино, два базени, пекара... Има и тајна таканаречена „валкана соба“ чија цел не е позната ниту како изгледа. Сите соби имаат мермерни подови и столбови, а ѕидовите имаат раскошни украси по примерот на кралските палати во Санкт Петербург. Секоја соба има најскапи теписи. Што се однесува до мебелот, неговата вредност е 56.000 долари. Само еден тросед вреди 27.000 долари. Стаклената површина на палатата зафаќа околу 2.500 квадратни метри. Палатата има неколку прекари како „Нов Версај“ или „Нова зимска палата“ според тимот на Наваљни. Во однос на безбедноста има непробојна ограда, приватно пристаниште, 24-часовно обезбедување, црква, зона за забранети летови, па дури и сопствен граничен пункт. Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата дека е сопственик на луксузна резиденција . „Не го гледав тој филм затоа што немав време. Ништо од она што се прикажува таму како да е моја работа не е на мене или на моите роднини“, рече Путин во телевизиски разговор со руски студенти.

The post Oваа наводна палата на Путин му пресуди на Навални appeared first on Република.

]]>
И ОН се заинтересираа за смртта на Навални https://republika.mk/vesti/svet/i-on-se-zainteresiraa-za-smrtta-na-navalni/ Fri, 16 Feb 2024 17:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=744953

 Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да обезбедат спроведување веродостојна истрага за смртта во затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални, за што беше објавено денеска.

Портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел, рече дека ако некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, објави лондонскиот весник Гардијан.

„Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да обезбедат спроведување на таква веродостојна истрага“, рече таа.

Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални.

Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари...

„Сите приведени или осудени на затворски казни во врска со легитимното остварување на нивните права, вклучително и правото на слобода на мирно собирање и слобода на говор, треба веднаш да бидат ослободени и сите обвиненија против нив да бидат отфрлени“, рече Тросел

The post И ОН се заинтересираа за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

 Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да обезбедат спроведување веродостојна истрага за смртта во затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални, за што беше објавено денеска. Портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел, рече дека ако некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, објави лондонскиот весник Гардијан. „Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да обезбедат спроведување на таква веродостојна истрага“, рече таа. Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални. Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари... „Сите приведени или осудени на затворски казни во врска со легитимното остварување на нивните права, вклучително и правото на слобода на мирно собирање и слобода на говор, треба веднаш да бидат ослободени и сите обвиненија против нив да бидат отфрлени“, рече Тросел

The post И ОН се заинтересираа за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>