албум Archives - Република https://republika.mk/tema/album/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 07:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албум Archives - Република https://republika.mk/tema/album/ 32 32 Последното ремикс издание на авторската музика на Владимир Четкар две недели котира на највисоките позиции на повеќе топ листи https://republika.mk/scena/poslednoto-remiks-izdanie-na-avtorskata-muzika-na-vladimir-chetkar-dve-nedeli-kotira-na-najvisokite-pozitsii-na-poveke-top-listi/ Thu, 15 Aug 2024 07:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=806679

Последното ремикс издание на авторската музика на Владимир Четкар веќе две недели котира на највисоките позиции на повеќе топ листи на светската  музичка платформа Traxsource.

Поконкретно, авторската песна на Четкар  'We Will Never End' ремиксана од прочуениот Dr. Packer (Доктор Пакер) и издадена од Шкотската музичка куќа Only Good Vibes Music активно  ја добива поддршката од илјадници Ди-Џеи и радио станици ширум светот и е една од најактуелните Диско Соул Фанк траки овој месец.

Линк: We Will Never End - Dr Packer Vocal Mix on Traxsource

Ова е уште еден голем успех за Четкар чија авторска музика константно се докажува интернационално и е несомнено еден од најголемите музички експорти на Македонија во светот.

Уште една прекрасна вест поврзана со активностите на македонскиот музички амбасадор е тоа дека на 18 септември неговиот најнов студиски албум 'Let Us Be' ќе биде издаден во Јапонија од  прочуената музичка куќа од Токио P-Vine records (Пи Вајн Рекордс) и набрзо после тоа насекаде во светот.

The post Последното ремикс издание на авторската музика на Владимир Четкар две недели котира на највисоките позиции на повеќе топ листи appeared first on Република.

]]>

Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј денеска во „Буква“ https://republika.mk/scena/promotsija-na-nudist-noviot-album-na-pijan-slavej-deneska-vo-bukva/ Sat, 01 Jun 2024 08:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=783745

„Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј ќе биде промовиран денеска во 13 часот во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје.

Вториот студиски проект на Пијан Славеј претставува 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути.

Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата.

Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“.

Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш, извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

Како што информираат организаторите, промоцијата, која што е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

„Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј ќе биде промовиран денеска во 13 часот во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје. Вториот студиски проект на Пијан Славеј претставува 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш, извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета. Како што информираат организаторите, промоцијата, која што е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Промоција на „Нудист“, новиот албум на Пијан Славеј денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј https://republika.mk/scena/vo-presret-na-23-izdanie-na-offest-utre-ke-se-promovira-51-izdanie-na-sjf-records-albumot-nudist-na-pijan-slavej/ Fri, 31 May 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=783414

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), утре во 13 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов - вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски - гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски - бас и Славчо Јовев - тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

„Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист" се во срцето на пошироката концертна програма на бендот ПИЈАН СЛАВЕЈ, насловена како „нова македонска шансона“.

Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси: Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube...

Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 23. ОФФест (6-9 јуни), утре во 13 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на новото (51) издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ. Вториот студиски проект на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов - вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски - гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски - бас и Славчо Јовев - тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета. „Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист" се во срцето на пошироката концертна програма на бендот ПИЈАН СЛАВЕЈ, насловена како „нова македонска шансона“. Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси: Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube... Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 23. ОФФест, ќе биде зачинета со акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Во пресрет на 23 издание на ОФФест, утре ќе се промовира 51 издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на Пијан Славеј appeared first on Република.

]]>
Боси нозе на „Илинденска“, шест спота и песна со Слаткар – Калиопи го промовира новиот албум насловен „Албум“ https://republika.mk/scena/muzika/bosi-noze-na-ilindenska-shest-spota-i-pesna-so-slatkar-kaliopi-go-promovira-noviot-album-nasloven-album/ Wed, 29 May 2024 12:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=782793

Со присуство на многу соработници, пријатели и медиуми денеска напладне Калиопи го промовираше новиот албум насловен „Албум“. Покрај носачот на звук, таа ги промовираше и шесте видеоспота снимени за новите песни.

На овој албум, како и на претходните, автор е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој е задолжен за скоро сите хитови од почетокот на нејзината кариера.

The post Боси нозе на „Илинденска“, шест спота и песна со Слаткар – Калиопи го промовира новиот албум насловен „Албум“ appeared first on Република.

]]>

Со присуство на многу соработници, пријатели и медиуми денеска напладне Калиопи го промовираше новиот албум насловен „Албум“. Покрај носачот на звук, таа ги промовираше и шесте видеоспота снимени за новите песни. На овој албум, како и на претходните, автор е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој е задолжен за скоро сите хитови од почетокот на нејзината кариера.

The post Боси нозе на „Илинденска“, шест спота и песна со Слаткар – Калиопи го промовира новиот албум насловен „Албум“ appeared first on Република.

]]>
Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ https://republika.mk/scena/vlatko-lozanoski-sana-dolezhal-i-sergej-ketkovik-gosti-na-najnovata-pesna-na-frajle/ Tue, 05 Mar 2024 10:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=751411

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.

„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.

Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.

Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.

https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4

Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.
„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.
Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.
Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.
https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4 Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>
Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео https://republika.mk/scena/antonija-gigovska-vikendov-ke-go-promovira-svojot-prv-album-nema-da-se-prodava-ako-ste-vo-mozhnost-ostavete-onolku-kolku-shto-vie-smetate-deka-treba-a-sredstva-ke-odat-za-lekuvaneto-na-leo/ Fri, 01 Mar 2024 08:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=749879

Поп-пејачката Антониа Гиговска в недела (3 март) од 18 часот ќе го промовира својот прв албум „2001“, кој е насловен по годината кога е родена. Промоцијата е од отворен тип и ќе се одржи во приземјето во „Сити мол“ во Скопје, а сите обожаватели на Гиговска бесплатно ќе го добијат албумот на УСБ.

На албумот има 15 песни, од кои повеќето се на продуцентот Лазар Цветковски. Има и песни од Дарко Димитров, но и од легендарниот композитор Кире Костов, со чија музика Антониа ја започна кариерата.

„Песната од Кире Костов се вика ‘За нас’ и ми е многу драга. Го викав дедо Кире и ќе го паметам како секогаш насемеан и распеан човек. Тој беше душа од човек“, ни рече поп-пејачката.

„Ги канам сите кои вистински ја сакаат и ја слушаат мојата музика да дојдат на промоцијата на мојот прв албум ‘2001‘ и да се дружиме во ‘Скопје Сити мол‘ на 3 март на главниот влез во 18 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и на сите ќе им го подарам мојот албум“, вели Гиговска.

На промоцијата ќе има и кутија за собирање пари за помош за Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција.

„Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео“, вели Гиговска.

The post Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео appeared first on Република.

]]>

Поп-пејачката Антониа Гиговска в недела (3 март) од 18 часот ќе го промовира својот прв албум „2001“, кој е насловен по годината кога е родена. Промоцијата е од отворен тип и ќе се одржи во приземјето во „Сити мол“ во Скопје, а сите обожаватели на Гиговска бесплатно ќе го добијат албумот на УСБ.
На албумот има 15 песни, од кои повеќето се на продуцентот Лазар Цветковски. Има и песни од Дарко Димитров, но и од легендарниот композитор Кире Костов, со чија музика Антониа ја започна кариерата. „Песната од Кире Костов се вика ‘За нас’ и ми е многу драга. Го викав дедо Кире и ќе го паметам како секогаш насемеан и распеан човек. Тој беше душа од човек“, ни рече поп-пејачката. „Ги канам сите кои вистински ја сакаат и ја слушаат мојата музика да дојдат на промоцијата на мојот прв албум ‘2001‘ и да се дружиме во ‘Скопје Сити мол‘ на 3 март на главниот влез во 18 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и на сите ќе им го подарам мојот албум“, вели Гиговска. На промоцијата ќе има и кутија за собирање пари за помош за Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција. „Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео“, вели Гиговска.

The post Антонија Гиговска викендов ќе го промовира својот прв албум: Нема да се продава, ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба, а средства ќе одат за лекувањето на Лео appeared first on Република.

]]>
Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров https://republika.mk/scena/tedi-grubitsa-objavi-prv-album-so-11-pesni-od-koi-pogolemiot-del-gi-potpishuva-grigor-koprov/ Mon, 12 Feb 2024 10:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=743143

„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“.

Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест.

The post Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров appeared first on Република.

]]>

„Сломи ме“ е името на првиот албум на младиот и талентиран пејач Теди Грубица, што нашата публика го запозна после учеството на „Охрид фест“. Албумот е во издание на Croatia Records, содржи 11 песни, од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров а како автор е застапен и Горан Шарац. „Славејот од Истра“, како што го нарекуваат Теди, кариерата ја започна сосема случајно, со обработка на песните на Тоше Проески. Овој предизвик беше повеќе од успешен и предизвика одлични коментари и огромно внимание, а така и започна соработка со Григор Копров. Така се родија и песните „Ти си у крви“ и „Сувенир“, учество на Фестивалот на шансона во Шибеник, Сплитски фестивал и Охрид фест.

The post Теди Грубица објави прв албум со 11 песни од кои поголемиот дел ги потпишува Григор Копров appeared first on Република.

]]>
„Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика https://republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-go-pretstavija-svojot-nov-album-vo-nujork-pred-odbrana-publika/ Sun, 22 Oct 2023 16:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=693954

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.

„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.

Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк.

Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага.

„Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile.

Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword.

https://youtu.be/evE6-bfymKQ?si=ueNGqU5tHll7bZBi

The post „Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика appeared first on Република.

]]>

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.
„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.
Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк. Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага. „Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile. Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword. https://youtu.be/evE6-bfymKQ?si=ueNGqU5tHll7bZBi

The post „Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика appeared first on Република.

]]>
Владимир Четкар со најава за нов студиски албум и концерти во Њујорк, Кливленд и Детроит https://republika.mk/scena/muzika/vladimir-chetkar-so-najava-za-nov-studiski-album-i-kontserti-vo-nujork-klivlend-i-detroit/ Mon, 15 May 2023 16:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=641077

Владимир Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк.

На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.

Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 Јуни, Кливленд на 10 Јуни и Детроит на 16 Јуни а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.

The post Владимир Четкар со најава за нов студиски албум и концерти во Њујорк, Кливленд и Детроит appeared first on Република.

]]>

Владимир Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк. На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.
Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 Јуни, Кливленд на 10 Јуни и Детроит на 16 Јуни а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.

The post Владимир Четкар со најава за нов студиски албум и концерти во Њујорк, Кливленд и Детроит appeared first on Република.

]]>
Најновиот албум на Симон Трпчески во соработка со „Лин Рекордс“ https://republika.mk/vesti/kultura/najnoviot-album-na-simon-trpcheski-vo-sorabotka-so-lin-rekords/ Fri, 07 Apr 2023 07:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=628184

Издавачка куќа „Лин Рекордс“, по големиот интернационален успех на албумот Македонисимо и ЦД-то на кое Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, соошти дека и претстојниот нов албум на Трпчески ќе биде издаден од нив, а сега може да се порача преку нивната страна.

Најновиот албум е со наслов „Friendship“, („ Пријателство“) и го содржи Квартетот за пијано на Брамс бр. 3 во c-moll, тука е и фантастичниот нов аранжман на „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет на Панде Шахов. Овој дигитален албум ќе биде објавен на 21. април.

ЦД- то ќе излезе во ноември, а делата од истото во живо ќе бидат изведени во Лондон, како дел од сезоната на Лондонскиот симфониски оркестар 2023/24. На концертот Симон ќе ги изведе Брамсовите концерти за пијано 1 и 2 во декември во салата Барбикан.

https://www.youtube.com/watch?v=KBiBVOa3A7Y

The post Најновиот албум на Симон Трпчески во соработка со „Лин Рекордс“ appeared first on Република.

]]>

Издавачка куќа „Лин Рекордс“, по големиот интернационален успех на албумот Македонисимо и ЦД-то на кое Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, соошти дека и претстојниот нов албум на Трпчески ќе биде издаден од нив, а сега може да се порача преку нивната страна. Најновиот албум е со наслов „Friendship“, („ Пријателство“) и го содржи Квартетот за пијано на Брамс бр. 3 во c-moll, тука е и фантастичниот нов аранжман на „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет на Панде Шахов. Овој дигитален албум ќе биде објавен на 21. април. ЦД- то ќе излезе во ноември, а делата од истото во живо ќе бидат изведени во Лондон, како дел од сезоната на Лондонскиот симфониски оркестар 2023/24. На концертот Симон ќе ги изведе Брамсовите концерти за пијано 1 и 2 во декември во салата Барбикан. https://www.youtube.com/watch?v=KBiBVOa3A7Y

The post Најновиот албум на Симон Трпчески во соработка со „Лин Рекордс“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на албумот FIN Project Orchestra на кој има стихови на Шопов, Цепенков, Павловски и Трајковски https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-albumot-fin-project-orchestra-na-koj-ima-stihovi-na-shopov-tsepenkov-pavlovski-i-trajkovski/ Mon, 20 Feb 2023 08:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=610873

Вечерва во 18 часот во Аудио центар Болин во Градскиот трговски центар (ГТЦ) ќе се одржи промоција на новиот јубилеен, петти по ред албум FIN Project Orchestra. Со овој настан кој е насловен Sonus Faber plays FIN Project Orchestra ќе се прослави 10-годишно творештво и воедно ќе биде исклучителна можност музичкиот материјал од албумот да се доживее на посебен начин, преку врвниот звук на водечкиот бренд од светот на аудио технологијата Sonus Faber.

Како соработници или гости на проектот на авторот и продуцент Никола Стојковски се: Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски - Готра, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други.

Оркестарски аранжмани подготвија Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска, а автор и продуцент е Никола Стојковски.

Низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски, овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности.

Новиот јубилеен FIN Project Orchestra албум е своевидно заокружување на оваа прва декада од постоењето на проектот. Албумот претставува ротроспектива од досегашните музички материјали во оркестарски аранжмани на Јован Јовановски и Сенад Усеин, под моја продукција. Музиката во фузија со избрани стихови од великаните на македонската поезија Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски промовираат вредности од културата и традицијата, образованието како круциален сегмент во развојот на човештвото, слободата, еднаквоста како и љубовта и оптимизмот. Впрочем, тоа е и улогата на уметноста генерално, на свој автентичен начин да помогне, овој свет да биде поубаво и попристојно место за живот, вели Стојковски.

FIN Project најавува и следни проекти во скора иднина.

The post Промоција на албумот FIN Project Orchestra на кој има стихови на Шопов, Цепенков, Павловски и Трајковски appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 18 часот во Аудио центар Болин во Градскиот трговски центар (ГТЦ) ќе се одржи промоција на новиот јубилеен, петти по ред албум FIN Project Orchestra. Со овој настан кој е насловен Sonus Faber plays FIN Project Orchestra ќе се прослави 10-годишно творештво и воедно ќе биде исклучителна можност музичкиот материјал од албумот да се доживее на посебен начин, преку врвниот звук на водечкиот бренд од светот на аудио технологијата Sonus Faber. Како соработници или гости на проектот на авторот и продуцент Никола Стојковски се: Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски - Готра, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други. Оркестарски аранжмани подготвија Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска, а автор и продуцент е Никола Стојковски. Низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски, овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности.
Новиот јубилеен FIN Project Orchestra албум е своевидно заокружување на оваа прва декада од постоењето на проектот. Албумот претставува ротроспектива од досегашните музички материјали во оркестарски аранжмани на Јован Јовановски и Сенад Усеин, под моја продукција. Музиката во фузија со избрани стихови од великаните на македонската поезија Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски промовираат вредности од културата и традицијата, образованието како круциален сегмент во развојот на човештвото, слободата, еднаквоста како и љубовта и оптимизмот. Впрочем, тоа е и улогата на уметноста генерално, на свој автентичен начин да помогне, овој свет да биде поубаво и попристојно место за живот, вели Стојковски.
FIN Project најавува и следни проекти во скора иднина.

The post Промоција на албумот FIN Project Orchestra на кој има стихови на Шопов, Цепенков, Павловски и Трајковски appeared first on Република.

]]>
Објавен новиот албум POLYCHROMY на композиторот Михаило Трандафиловски https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-noviot-album-polychromy-na-kompozitorot-mihailo-trandafilovski/ Tue, 08 Nov 2022 09:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=571304

Најновиот авторски носач на звук на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен на 11 ноември, во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, инаку блиски соработници на Трандафиловски како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, Роџер Хитон и Гитарското дуо Мијаби. Истиот ја истражува потрагата на авторот по „хрома“ (боја) како во хармонската, така и во формалната структура на делата, во традиционалните и експерименталните звучности и во потребата за длабоко посветена изведба на физичка директност.

Опсежната музичка потрага на авторот резултира во композиции со испреплетени музички изрази, дел од кои се создадени за време на пандемиските затворања во 2020 и 2021 година.

Михаило Трандафиловски е изведувач – композитор во калапот на Телеман, Барток, Јоаким и Листи. Како и овие автори, и во опусот на Трандафиловски е невозможно сосема да се раздвојат неговата композиторска и инструментална имагинација, и во него тој покажува флуидна,  но истовремена силна меѓусебна зависност на енергиите на секоја од нив. Неговиот придонес во опусот за виолина е извонреден, неговите дуа за виолина и пијано (сонати во секоја смисла, освен во самиот наслов), концерти, виолински дуа, камерни и педагошки дела се вистински подарок за публиката и изведувачите. Претходните снимки на неговите дела привлекоа блескави критики ширум светот.

Повеќе информации за самиот албум, како и линк за дигитално преземање на истиот се достапни на следниов линк.

The post Објавен новиот албум POLYCHROMY на композиторот Михаило Трандафиловски appeared first on Република.

]]>

Најновиот авторски носач на звук на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен на 11 ноември, во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, инаку блиски соработници на Трандафиловски како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, Роџер Хитон и Гитарското дуо Мијаби. Истиот ја истражува потрагата на авторот по „хрома“ (боја) како во хармонската, така и во формалната структура на делата, во традиционалните и експерименталните звучности и во потребата за длабоко посветена изведба на физичка директност. Опсежната музичка потрага на авторот резултира во композиции со испреплетени музички изрази, дел од кои се создадени за време на пандемиските затворања во 2020 и 2021 година. Михаило Трандафиловски е изведувач – композитор во калапот на Телеман, Барток, Јоаким и Листи. Како и овие автори, и во опусот на Трандафиловски е невозможно сосема да се раздвојат неговата композиторска и инструментална имагинација, и во него тој покажува флуидна,  но истовремена силна меѓусебна зависност на енергиите на секоја од нив. Неговиот придонес во опусот за виолина е извонреден, неговите дуа за виолина и пијано (сонати во секоја смисла, освен во самиот наслов), концерти, виолински дуа, камерни и педагошки дела се вистински подарок за публиката и изведувачите. Претходните снимки на неговите дела привлекоа блескави критики ширум светот. Повеќе информации за самиот албум, како и линк за дигитално преземање на истиот се достапни на следниов линк.

The post Објавен новиот албум POLYCHROMY на композиторот Михаило Трандафиловски appeared first on Република.

]]>
„Некст тајм“: Албумот им го посветуваме на нашите две мајки, Сузана и Македонија https://republika.mk/scena/muzika/nekst-tajm-albumot-go-posvetuvame-na-nashite-dve-majki-suzana-i-makedonija/ Wed, 08 Jun 2022 11:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=512663

Вчеравечер во хотелот „Мериот“ во Скопје, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“.

На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот.

Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.

Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија, рекоа тие на промоцијата.

Како што кажавме, помеѓу присутните можевме да забележиме доста познати личности. Тука беше и нивниот голем пријател, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, политичарот Илија Димовски, Ленин Јовановски, спортиската Власта Ружиновска, пејачката Елена Ристеска, виолинистот Виктор Ангeлов, џез-пејачката Агни Авшар и многу други...

По завршување на официјалниот дел, Стефан и Мартин останаа да се дружат со своите гости, па речиси час и половина тие се фотографираа и потпишуваа цедиња.

The post „Некст тајм“: Албумот им го посветуваме на нашите две мајки, Сузана и Македонија appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во хотелот „Мериот“ во Скопје, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“. На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот.   Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.
Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија, рекоа тие на промоцијата.
Како што кажавме, помеѓу присутните можевме да забележиме доста познати личности. Тука беше и нивниот голем пријател, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, политичарот Илија Димовски, Ленин Јовановски, спортиската Власта Ружиновска, пејачката Елена Ристеска, виолинистот Виктор Ангeлов, џез-пејачката Агни Авшар и многу други... По завршување на официјалниот дел, Стефан и Мартин останаа да се дружат со своите гости, па речиси час и половина тие се фотографираа и потпишуваа цедиња.

The post „Некст тајм“: Албумот им го посветуваме на нашите две мајки, Сузана и Македонија appeared first on Република.

]]>
„Варијации“ на Трпчески прогласен за албум на годината од престижното британско музичко списание „Грамофон“ https://republika.mk/vesti/kultura/varijacii-na-trpcheski-proglasen-za-album-na-godinata-od-prestiznoto-britansko-muzichko-spisanie-gramofon/ Wed, 25 May 2022 08:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=506638

Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер.

Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.

Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време ќе предизвика восхит и зачуденост. Ракер во поширокиот осврт, меѓу другото истакнува: „… интерпретацијата на Трпчески на оваа деликатна, нежна музика (од Брамс – н. заб.) е најличното свирење што сум го слушнал од него. Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен… целата варијација (од Моцарт – н. заб.) е како виор низ прозорецот на возилото кое забрзано се движи по автопатот со безмалку 130 километри на час… изведбата на Трпчески овде (за Бетовеновите варијации – н. заб.) може да послужи како саундтрак за научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски…“, одушевено подвлекува критичарот на највлијателното светско списание за класични рецензии „Грамофон“, информира КултурОп.

Максимални пет ѕвездички – и за изведба и за квалитет на снимката, на албумот „Варијации“ му додели и престижниот британски „Би-Би-Си Мјузик магазин“, чиј рецензент Мајкл Чрч ја истакнува „карактеристичната префинетост на Трпчески“, подвлекувајќи ги убавината и лесниот допир кои изведбата „во исто време ја прават интимна и земјотресна“.

Критичарот Ален Ломпеш од францускиот магазин „Класика“, пак, истакнува дека „македонскиот пијанист Симон Трпчески прави да не се фокусирате само врз музиката, туку овие варијации стануваат и вистински лекции за стил“, благодарение на, како што вели, „крилестата виртуозност“ на пијанистот.

КултурОп соопшти дека по рециталните настапи во Соединетите Американски Држави, концертите со Кралскиот шкотски национален оркестар низ Шкотска и четирите вечери со Сиднејскиот симфониски оркестар во Градската куќа во Сиднеј, јунскиот распоред на нашиот пијанист го води на завршницата на сезоните на Филхармонискиот оркестар на Рочестер во САД, каде со шеф-диригентот Андреас Делфс ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар од Григ и на Енеску филхармонијата во Букурешт, каде што во две вечери под диригентската палка на шефот-диригент и на Македонската филхармонија Габриел Бебешелеа ќе го изведат Вториот концерт за пијано и оркестар од Брамс.

Крајот на јуни е резервиран за нов заеднички концерт со легендарниот виолинист Максим Венгеров во Белград. Во текот на јули Трпчески ќе одржи рецитал во Загреб, а ќе настапи и крај Тулуз, Франција, на малиот Фестивал на камерна музика во организација на нашиот доајен, виолинистот Благоја Димчевски. Следуваат концертите со „Македонисимо“ – северноамериканската премиера во Отава и повторните гостувања во Пјонгчанг во Јужна Кореја. Завршниот концерт од сезонава е во рамките на Грент парк музичкиот фестивал во Чикаго, информира КултурОп.

The post „Варијации“ на Трпчески прогласен за албум на годината од престижното британско музичко списание „Грамофон“ appeared first on Република.

]]>

Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс. Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време ќе предизвика восхит и зачуденост. Ракер во поширокиот осврт, меѓу другото истакнува: „… интерпретацијата на Трпчески на оваа деликатна, нежна музика (од Брамс – н. заб.) е најличното свирење што сум го слушнал од него. Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен… целата варијација (од Моцарт – н. заб.) е како виор низ прозорецот на возилото кое забрзано се движи по автопатот со безмалку 130 километри на час… изведбата на Трпчески овде (за Бетовеновите варијации – н. заб.) може да послужи како саундтрак за научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски…“, одушевено подвлекува критичарот на највлијателното светско списание за класични рецензии „Грамофон“, информира КултурОп. Максимални пет ѕвездички – и за изведба и за квалитет на снимката, на албумот „Варијации“ му додели и престижниот британски „Би-Би-Си Мјузик магазин“, чиј рецензент Мајкл Чрч ја истакнува „карактеристичната префинетост на Трпчески“, подвлекувајќи ги убавината и лесниот допир кои изведбата „во исто време ја прават интимна и земјотресна“. Критичарот Ален Ломпеш од францускиот магазин „Класика“, пак, истакнува дека „македонскиот пијанист Симон Трпчески прави да не се фокусирате само врз музиката, туку овие варијации стануваат и вистински лекции за стил“, благодарение на, како што вели, „крилестата виртуозност“ на пијанистот. КултурОп соопшти дека по рециталните настапи во Соединетите Американски Држави, концертите со Кралскиот шкотски национален оркестар низ Шкотска и четирите вечери со Сиднејскиот симфониски оркестар во Градската куќа во Сиднеј, јунскиот распоред на нашиот пијанист го води на завршницата на сезоните на Филхармонискиот оркестар на Рочестер во САД, каде со шеф-диригентот Андреас Делфс ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар од Григ и на Енеску филхармонијата во Букурешт, каде што во две вечери под диригентската палка на шефот-диригент и на Македонската филхармонија Габриел Бебешелеа ќе го изведат Вториот концерт за пијано и оркестар од Брамс.