албански опозициски партии Archives - Република https://republika.mk/tema/albanski-opozitsiski-partii/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 16:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албански опозициски партии Archives - Република https://republika.mk/tema/albanski-opozitsiski-partii/ 32 32 Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција https://republika.mk/vesti/makedonija/artan-grubi-go-pretvora-vizbegovo-vo-las-vegas-zona-na-ubistva-i-valkani-biznisi-obvinuva-albanskata-opozitsija/ Wed, 25 Oct 2023 16:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=694997

Индустриската зона Визбегово станува коцкарски центар на Македонија, обвинуваат од Албанскиот опозициски фронт составен од партиите Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, додавајќи дека индустриската зона, која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!

Лотарија на Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје. Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години.
За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети. Така, Лотарија ќе се позиционира покрај патот Скопје - Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање! Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели. Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици! Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти! Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните! Да ставиме Стоп на дегенерацијата на се што има вредност, навистина Артан Груби уништува се што ќе допре! Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!, велат од албанската опозиција.

The post Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција appeared first on Република.

]]>

Индустриската зона Визбегово станува коцкарски центар на Македонија, обвинуваат од Албанскиот опозициски фронт составен од партиите Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, додавајќи дека индустриската зона, која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!
Лотарија на Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје. Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години. За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети. Така, Лотарија ќе се позиционира покрај патот Скопје - Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање! Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели. Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици! Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти! Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните! Да ставиме Стоп на дегенерацијата на се што има вредност, навистина Артан Груби уништува се што ќе допре! Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!, велат од албанската опозиција.

The post Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција appeared first on Република.

]]>
Албанските опозициски партии нема да гласаат за уставните измени ако не се тргне формулацијата „20 отсто“ https://republika.mk/vesti/makedonija/albanskite-opozitsiski-partii-nema-da-glasaat-za-ustavnite-izmeni-ako-ne-se-trgne-formulatsijata-20-otsto/ Mon, 02 Oct 2023 13:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=687149

Албанските опозициски партии – Движењето Беса, Алтернатива и Демократско движење нема да гласаат за уставните измени ако од Уставот не биде тргната формулацијата „20 проценти од граѓаните што зборуваат албански јазик“ и доколку не биде прифатен амандманот за борба против корупцијата.

Пратеникот на „Беса“ Фадил Зендели на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека нема да ги поддржи уставните измени доколку бришењето на формулацијата „20 проценти албански јазик“ не биде дел од нив.

Секогаш и пред Вас и пред собраниската говорница сум рекол дека ако 20 отсто не биде дел од уставните измени, нема да ги поддржам уставните измени кои се во собраниска процедура. Тука нема промена на став ниту од моја страна, ниту од претседателот на партијата, рече Зендели.

И Мерита Колчи Коџаџику, пратеничка на Демократското движење потенцира дека остануваат на ставот дека нема да ги поддржат уставните измени.

Како пратеничка група од Демократското движење од почеток тоа беше нашиот став. До овој момент остануваме на истиот став, рече таа.

Пратеничката на „Алтернатива“ Сафије Садику Шаини истакна дека и оваа партија нема да ги поддржи уставните измени доколку не биде прифатен нивниот амандман за корупција.

Како „Алтернатива“ сме декларирале дека прво треба да го прифатат нашиот уставен амандман против корупцијата. Ако не се прифати тој амандман, нема да гласаме за уставните измени, рече таа.

The post Албанските опозициски партии нема да гласаат за уставните измени ако не се тргне формулацијата „20 отсто“ appeared first on Република.

]]>

Албанските опозициски партии – Движењето Беса, Алтернатива и Демократско движење нема да гласаат за уставните измени ако од Уставот не биде тргната формулацијата „20 проценти од граѓаните што зборуваат албански јазик“ и доколку не биде прифатен амандманот за борба против корупцијата. Пратеникот на „Беса“ Фадил Зендели на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека нема да ги поддржи уставните измени доколку бришењето на формулацијата „20 проценти албански јазик“ не биде дел од нив. Секогаш и пред Вас и пред собраниската говорница сум рекол дека ако 20 отсто не биде дел од уставните измени, нема да ги поддржам уставните измени кои се во собраниска процедура. Тука нема промена на став ниту од моја страна, ниту од претседателот на партијата, рече Зендели. И Мерита Колчи Коџаџику, пратеничка на Демократското движење потенцира дека остануваат на ставот дека нема да ги поддржат уставните измени. Како пратеничка група од Демократското движење од почеток тоа беше нашиот став. До овој момент остануваме на истиот став, рече таа. Пратеничката на „Алтернатива“ Сафије Садику Шаини истакна дека и оваа партија нема да ги поддржи уставните измени доколку не биде прифатен нивниот амандман за корупција. Како „Алтернатива“ сме декларирале дека прво треба да го прифатат нашиот уставен амандман против корупцијата. Ако не се прифати тој амандман, нема да гласаме за уставните измени, рече таа.

The post Албанските опозициски партии нема да гласаат за уставните измени ако не се тргне формулацијата „20 отсто“ appeared first on Република.

]]>