акција Archives - Република https://republika.mk/tema/akcija/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 12:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акција Archives - Република https://republika.mk/tema/akcija/ 32 32 Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uspeshna-aktsija-na-spasuvane-pronajdeni-planinarite-koi-se-izgubija-vo-tetovsko/ Mon, 04 Nov 2024 17:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=833892

Вчера во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, соопшти МВР.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

The post Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/razotkriena-organizirana-kriminalna-grupa-vrshele-prostitutsija-i-ilegalna-trgovija-so-droga/ Thu, 17 Oct 2024 13:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=828095

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Претреси се извршени на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.

Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело.

Организираната група ја создал 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во с.Жеровјане, с.Горно Седларце и во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.

Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја, како и за олеснување на процедурите за добивање на документи за легален престој за странските државјанки, а давал и насоки за криминалните активности на другите припадници на групата во однос на сместување и превоз на девојките. Петмина припадници на злосторничкото здружување биле задолжени за обезбедување и неовластена продажба на дрога, најчесто кокаин, на девојките и гостите во угостителските објекти. Едниот од нив ги помагал и олеснувал активностите за пренос на дрогата и посебно бил ангажиран за предупредување при полициските контроли и бил задолжен да го следи движењето на полицијата на патот кон клубовите за што ги информирал членовите на групата.

The post Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Претреси се извршени на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид. Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело. Организираната група ја создал 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во с.Жеровјане, с.Горно Седларце и во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови. Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја, како и за олеснување на процедурите за добивање на документи за легален престој за странските државјанки, а давал и насоки за криминалните активности на другите припадници на групата во однос на сместување и превоз на девојките. Петмина припадници на злосторничкото здружување биле задолжени за обезбедување и неовластена продажба на дрога, најчесто кокаин, на девојките и гостите во угостителските објекти. Едниот од нив ги помагал и олеснувал активностите за пренос на дрогата и посебно бил ангажиран за предупредување при полициските контроли и бил задолжен да го следи движењето на полицијата на патот кон клубовите за што ги информирал членовите на групата.

The post Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога appeared first on Република.

]]>
МВР: Претреси поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-pretresi-poradi-osnovi-na-somnevane-za-danochno-zatajuvane-i-danochna-izmama/ Thu, 12 Sep 2024 16:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=815814

По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ.

Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи, соопштува МВР.

При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка.

The post МВР: Претреси поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама appeared first on Република.

]]>

По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ. Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи, соопштува МВР. При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка.

The post МВР: Претреси поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама appeared first on Република.

]]>
Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-stavale-vo-posebni-bunkeri-gi-kriele-po-prijateli-pritvor-za-kriumcharite-na-migranti-fateni-vo-golemata-aktsija-kiper/ Tue, 10 Sep 2024 19:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=815095

Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривични дела криумчарење на мигранти.

Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. При извршените претреси биле пронајдени и одземени патничко моторно возило, прашкаста материја, вага и мобилни телефонски апарати што лицата ги користеле за извршување на кривичното дело.

Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест македонски и еден српски државјанин. Постои основано сомнение дека првосомничениот како организатор на криминалната група е сторител на кривичните дела „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б, петмина од останатите сомничени се товарат дека се сторители на истите кривични дела како членови на групата, додека на седмоосомничениот му се става на товар дека помагал во извршување на кривичното дело „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, се наведува во соопштението.

Според обезбедените докази од предистражната постапка во текот на 2023 година и 2024 година, додаваат од Обвинителството, првоосомничениот заедно со две лица – странски државјани и тоа едно идентификувано лице по потекло од Пакистан и Н.Н лице државјанин на Република Србија се здружиле и организирале меѓународна криминална група во земјава.

Оваа група, од Јавното обвинителство велат дека била дел од меѓународна криминална мрежа, која заради стекнување имотна корист со однапред определени задачи извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Во временскиот период од месец септември 2023 година до месец јуни годинава осомничените организирале илегално пренесување на групи мигранти државјани од Сирија и други земји од блискиот и далечниот исток и земји од Африка – Ирак, Конго и Нигерија преку илегални премини на т.н. „зелена граница“.

Првоосомничениот на организиран и претходно договорен и воспоставен начин на телефонска комуникација, користејќи телефонски броеви од српски мобилни оператори и интернет комуникација, заедно со останатите двајца организатори на криминалната група го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територија на Р.Македонија, притоа договарајќи ги локациите каде ќе бидат пренесени, времето и местото – точната локација каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и натамошно превезување кон кумановско -липковскиот регион. Со помош на водичи т.н. „качаци“, мигрантите координирано биле водени на претходно утврдени и договорени локации, од каде „качаците“ им ја испраќале локацијата на организаторите. Првоосомничениот ги известувал останатите припадници на групата и им давал задачи за обезбедување на товарни возила и изработување на импровизирани бункери во нив за прифаќање и превезување на мигрантите, а на седмоосомничениот припадник на групата му давал задача да ги прими и подигне паричните средства исплатени за успешно извршеното криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.Македонија. Откако илегалните мигранти биле превезени до претходно договорените локации, првоосомничениот во договор со организаторот Н.Н лице од Република Србија го организирал понатамошно прифаќање и криумчарење од Р.Македонија во Р.Србија, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Петмината осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“, а за другото лице, кое е во бегство е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан.

Од МВР денеска информираа дека во координирана полициска акција сузбиена е организирана криминална група инволвирана во криумчарење поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак. Како што информира МВР, извршени се претреси кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес. Организатор на криминалната група е 39-годишен жител на Штип, кој работел заедно со уште петмина македонски државјани, како и 50-годишен жител на Србија и уште едно засега непознато лице, исто така од Србија. Во криумчарењето соработувало уште едно лице со потекло од Пакистан.

Лишени од слобода се вкупно пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“.  ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица.

Координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, спроведе денеска Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, информира Министерството за внатрешни работи.

Операцијата, како што информираат од МВР, е во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“.

Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, се вели во соопштението од МВР.

Организаторот на криминалната група, В.С., како што се наведува во соопштениет од МВР, со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.

Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес, информираат од МВР.

При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ.

Пријавениот В.Д., како што информираат од МВР, од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ.

The post Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ appeared first on Република.

]]>

Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. При извршените претреси биле пронајдени и одземени патничко моторно возило, прашкаста материја, вага и мобилни телефонски апарати што лицата ги користеле за извршување на кривичното дело.
Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест македонски и еден српски државјанин. Постои основано сомнение дека првосомничениот како организатор на криминалната група е сторител на кривичните дела „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б, петмина од останатите сомничени се товарат дека се сторители на истите кривични дела како членови на групата, додека на седмоосомничениот му се става на товар дека помагал во извршување на кривичното дело „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, се наведува во соопштението.
Според обезбедените докази од предистражната постапка во текот на 2023 година и 2024 година, додаваат од Обвинителството, првоосомничениот заедно со две лица – странски државјани и тоа едно идентификувано лице по потекло од Пакистан и Н.Н лице државјанин на Република Србија се здружиле и организирале меѓународна криминална група во земјава. Оваа група, од Јавното обвинителство велат дека била дел од меѓународна криминална мрежа, која заради стекнување имотна корист со однапред определени задачи извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Во временскиот период од месец септември 2023 година до месец јуни годинава осомничените организирале илегално пренесување на групи мигранти државјани од Сирија и други земји од блискиот и далечниот исток и земји од Африка – Ирак, Конго и Нигерија преку илегални премини на т.н. „зелена граница“.
Првоосомничениот на организиран и претходно договорен и воспоставен начин на телефонска комуникација, користејќи телефонски броеви од српски мобилни оператори и интернет комуникација, заедно со останатите двајца организатори на криминалната група го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територија на Р.Македонија, притоа договарајќи ги локациите каде ќе бидат пренесени, времето и местото – точната локација каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и натамошно превезување кон кумановско -липковскиот регион. Со помош на водичи т.н. „качаци“, мигрантите координирано биле водени на претходно утврдени и договорени локации, од каде „качаците“ им ја испраќале локацијата на организаторите. Првоосомничениот ги известувал останатите припадници на групата и им давал задачи за обезбедување на товарни возила и изработување на импровизирани бункери во нив за прифаќање и превезување на мигрантите, а на седмоосомничениот припадник на групата му давал задача да ги прими и подигне паричните средства исплатени за успешно извршеното криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.Македонија. Откако илегалните мигранти биле превезени до претходно договорените локации, првоосомничениот во договор со организаторот Н.Н лице од Република Србија го организирал понатамошно прифаќање и криумчарење од Р.Македонија во Р.Србија, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Петмината осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“, а за другото лице, кое е во бегство е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. Од МВР денеска информираа дека во координирана полициска акција сузбиена е организирана криминална група инволвирана во криумчарење поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак. Како што информира МВР, извршени се претреси кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес. Организатор на криминалната група е 39-годишен жител на Штип, кој работел заедно со уште петмина македонски државјани, како и 50-годишен жител на Србија и уште едно засега непознато лице, исто така од Србија. Во криумчарењето соработувало уште едно лице со потекло од Пакистан. Лишени од слобода се вкупно пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“.  ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица. Координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, спроведе денеска Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, информира Министерството за внатрешни работи. Операцијата, како што информираат од МВР, е во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“.
Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, се вели во соопштението од МВР.
Организаторот на криминалната група, В.С., како што се наведува во соопштениет од МВР, со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.
Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес, информираат од МВР.
При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон. ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ. Пријавениот В.Д., како што информираат од МВР, од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ.

The post Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ appeared first on Република.

]]>
Внимавајте како возите: Акција на сообраќајната полиција во 31 европски држави од 5 до 11 август https://republika.mk/vesti/balkan/vnimavajte-kako-vozite-aktsija-na-soobrakajnata-politsija-vo-31-evropski-drzhavi-od-5-do-11-avgust/ Sun, 04 Aug 2024 08:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=803191

Припадниците на сообраќајната полиција од 5 до 11 август оваа година ќе спроведуваат меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците со пречекорување на брзина.

Акцијата истовремено ќе биде спроведувана во 31 европски држави кои се членки на организацијата РОАДПОЛ(Европска мрежа на сообраќајна полиција).

Сообраќајната полиција секој ден ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движењето- рачни радари, радари во системите на видео надзор и пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена просечната брзина на движење на возилата.

The post Внимавајте како возите: Акција на сообраќајната полиција во 31 европски држави од 5 до 11 август appeared first on Република.

]]>

Припадниците на сообраќајната полиција од 5 до 11 август оваа година ќе спроведуваат меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците со пречекорување на брзина. Акцијата истовремено ќе биде спроведувана во 31 европски држави кои се членки на организацијата РОАДПОЛ(Европска мрежа на сообраќајна полиција). Сообраќајната полиција секој ден ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движењето- рачни радари, радари во системите на видео надзор и пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена просечната брзина на движење на возилата.

The post Внимавајте како возите: Акција на сообраќајната полиција во 31 европски држави од 5 до 11 август appeared first on Република.

]]>
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација https://republika.mk/vesti/svet/vo-politsiska-aktsija-vo-shest-evropski-zemji-uapseni-17-chlenovi-na-albanska-narko-organizatsija/ Thu, 06 Jun 2024 16:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=785326

Во координирана полициска акција спроведена во Белгија, Франција, Холандија, Германија, Италија и Австрија, против албанска криминална организација, уапсени се 17 нејзини членови.

Од вкупниот број еден е уапсен во Равена и двајца Тоскана, Италија, во Белгија се уапсени 11, додека 3 во други европски земји каде што се проширени контролите со цел екстрадиција во Белгија.

Според истрагите, членовите на организацијата се меѓусебно роднински поврзани и сите потекнуваат од албанскиот приморски град Валона.

-Станува збор за еден вид албанска мафија, која се занимава со се што е поврзано со кокаин, од увоз до пакување, продажба, дури и трговија со оружје. Меѓу дејствијата што и се припишуваат на организацијата, има и насилни епизоди поврзани со криминалци опишани од белгиските обвинители како особено опасни и решителни, објави Ора њуз.

При претресите, во рамки на акцијата, запленети се над 100 килограми кокаин и амфетамин, огнено оружје, хемикалии, панцири и 265 илјади евра.

-Групата шверцери кои ги истражуваше полицијата во Антверпен во Белгија, беа специјализирани за дистрибуција

на големи количества дрога кои потоа беа транспортирани во различни земји со возила опремени со скриени простори.

Истрагата на правосудната полиција се однесува на организација за која се знае дека е активна во увоз на кокаин од Јужна Америка и перење пари од шверц на кокаин, наведува телевизијата.

Според истиот извор имињата на уапсените воопшто не се непознати за органите на прогонот. Во 2014 година, водачите биле осудени од 10 до 12 години затвор, додека други со помали улоги добиле казни од 3 до 7 години. Но и покрај тоа не се обесхрабриле и го продолжиле по својот криминален пат.

The post Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација appeared first on Република.

]]>

Во координирана полициска акција спроведена во Белгија, Франција, Холандија, Германија, Италија и Австрија, против албанска криминална организација, уапсени се 17 нејзини членови. Од вкупниот број еден е уапсен во Равена и двајца Тоскана, Италија, во Белгија се уапсени 11, додека 3 во други европски земји каде што се проширени контролите со цел екстрадиција во Белгија. Според истрагите, членовите на организацијата се меѓусебно роднински поврзани и сите потекнуваат од албанскиот приморски град Валона. -Станува збор за еден вид албанска мафија, која се занимава со се што е поврзано со кокаин, од увоз до пакување, продажба, дури и трговија со оружје. Меѓу дејствијата што и се припишуваат на организацијата, има и насилни епизоди поврзани со криминалци опишани од белгиските обвинители како особено опасни и решителни, објави Ора њуз. При претресите, во рамки на акцијата, запленети се над 100 килограми кокаин и амфетамин, огнено оружје, хемикалии, панцири и 265 илјади евра. -Групата шверцери кои ги истражуваше полицијата во Антверпен во Белгија, беа специјализирани за дистрибуција на големи количества дрога кои потоа беа транспортирани во различни земји со возила опремени со скриени простори. Истрагата на правосудната полиција се однесува на организација за која се знае дека е активна во увоз на кокаин од Јужна Америка и перење пари од шверц на кокаин, наведува телевизијата. Според истиот извор имињата на уапсените воопшто не се непознати за органите на прогонот. Во 2014 година, водачите биле осудени од 10 до 12 години затвор, додека други со помали улоги добиле казни од 3 до 7 години. Но и покрај тоа не се обесхрабриле и го продолжиле по својот криминален пат.

The post Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација appeared first on Република.

]]>
„Тигри“ влегоа во „Идризово“, се подготвувала војна меѓу две банди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tigri-vlegoa-vo-idrizovo-se-podgotvuvala-vojna-megu-dve-bandi/ Thu, 11 Apr 2024 10:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=764901

Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегоа во најголемиот затвор во државава. Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје се прават претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, соопштија кусо од ОЈО Скопје.

Според информации на дел од медиумите, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

The post „Тигри“ влегоа во „Идризово“, се подготвувала војна меѓу две банди appeared first on Република.

Продолжение на кампањата – „Гласна и храбра 2“ со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки https://republika.mk/zivot/prodolzhenie-na-kampanata-glasna-i-hrabra-2-so-fokus-na-zheni-so-nevoobichaeni-profesii-i-zheni-zemjodelki/ Wed, 20 Mar 2024 12:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=756723

По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра“ во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2“. Овој март кампањата е со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки.

Во рамки на активностите на кампањата беа спроведувани средби со жени и посети на нивните мали бизнис иновации.

Со цел да продолжи одекот на кампањата денес во Општина Валандово дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со поддршката на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во паркот во Село Удово беа посадени садници со зимзелени дрва.

На акцијата за пошумување беа присутни и Заменик на претседателката на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Директорка на управа за јавни приходи, Сања Лукареска.

The post Продолжение на кампањата – „Гласна и храбра 2“ со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки appeared first on Република.

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/suzbiena-organizirana-kriminalna-grupa-za-kriumcharene-migranti/ Thu, 14 Mar 2024 16:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=754861

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од август до ноември 2023 година во рамки на криминалистичка истрага била спроведена координирана полициска операција со цел расчистување кривични дела кои се однесуваат на организирање група за вршење кривични дела криумчарење мигранти.

Против Ф.И.(33), С.Б.(33) и А.И.(26) од Скопје и А.А.(37) и А.Ј.(33) од Неготино пријавата е поднесена зашто се осомничени за „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, а Е.Б.(35) и Б.С.(37) од Скопје, К.Е.(35) и А.П.(37) од Штип, Д.Ц.(44) од Виница, И.И.(19) од Куманово и Р.К.(32) од Струмица се осомничени за „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“.

За време на истрагата е дојдено до сознанија дека Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство организирале криминална група во Република Македонија, која организирала криумчарење на поголем број мигранти, најмногу од Непал и Сирија, кои претходно веќе биле пристигнати и одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република  Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско-липковскиот регион. Од овие локации членовите на групата ги преземале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската Унија, информира МВР.

При реализацијата на истрагата биле извршени претреси кај пет лица во Скопје и Неготино. Од слобода се лишени четири лица, за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, додека пет лица – членови на криминалната група веќе издржуваат затворски казни во казнено-поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“, „силување“, „разбојништво“, „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „одземање моторно возило“ и за „тешка кражба“.

При извршените претреси пронајдени и одземени се поголем износ на парични средства, пиштол, патнички моторни возила, мобилни телефони, СИМ-картички итн. Во соработка со затворските установи извршени се прегледи кај лицата кои издржуваат казна затвор, при што се пронајдени мобилни телефони, наведува Министерството.

Акцијата во која е сузбиена организираната криминална група, која од август до ноември 2023 година криумчарела мигранти, била реализирана денеска во раните утрински часови, соопшти државното Јавно обвинителство.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка против 12-те лица.

На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, наведува ЈОРСМ.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени.

Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни во казнено-поправни установи за претходно сторени кривични дела, информира Обвинителството.

The post Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти appeared first on Република.

]]>

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од август до ноември 2023 година во рамки на криминалистичка истрага била спроведена координирана полициска операција со цел расчистување кривични дела кои се однесуваат на организирање група за вршење кривични дела криумчарење мигранти. Против Ф.И.(33), С.Б.(33) и А.И.(26) од Скопје и А.А.(37) и А.Ј.(33) од Неготино пријавата е поднесена зашто се осомничени за „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „криумчарење на мигранти“, а Е.Б.(35) и Б.С.(37) од Скопје, К.Е.(35) и А.П.(37) од Штип, Д.Ц.(44) од Виница, И.И.(19) од Куманово и Р.К.(32) од Струмица се осомничени за „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“. За време на истрагата е дојдено до сознанија дека Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство организирале криминална група во Република Македонија, која организирала криумчарење на поголем број мигранти, најмногу од Непал и Сирија, кои претходно веќе биле пристигнати и одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република  Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско-липковскиот регион. Од овие локации членовите на групата ги преземале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската Унија, информира МВР. При реализацијата на истрагата биле извршени претреси кај пет лица во Скопје и Неготино. Од слобода се лишени четири лица, за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, додека пет лица – членови на криминалната група веќе издржуваат затворски казни во казнено-поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“, „силување“, „разбојништво“, „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „одземање моторно возило“ и за „тешка кражба“. При извршените претреси пронајдени и одземени се поголем износ на парични средства, пиштол, патнички моторни возила, мобилни телефони, СИМ-картички итн. Во соработка со затворските установи извршени се прегледи кај лицата кои издржуваат казна затвор, при што се пронајдени мобилни телефони, наведува Министерството. Акцијата во која е сузбиена организираната криминална група, која од август до ноември 2023 година криумчарела мигранти, била реализирана денеска во раните утрински часови, соопшти државното Јавно обвинителство. Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка против 12-те лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, наведува ЈОРСМ. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени. Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни во казнено-поправни установи за претходно сторени кривични дела, информира Обвинителството.

The post Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти appeared first on Република.

]]>
Голема акција и во Битола, се апсеа осомничени за финансиски криминал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-aktsija-i-vo-bitola-se-apsea-osomnicheni-za-finansiski-kriminal/ Fri, 24 Nov 2023 18:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=716023

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство Битола, соопштија од Управата за финансиска полиција.

По завршување на акцијата Управата за финансиска полиција, како што најавија, детално ќе информира за предметот.

The post Голема акција и во Битола, се апсеа осомничени за финансиски криминал appeared first on Република.

Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/politsijata-vo-kina-spasi-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso/ Wed, 25 Oct 2023 09:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=694810

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми.

Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште.

Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми. Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште. Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.  

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>
Нова полициска акција на северот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/nova-politsiska-aktsija-na-severot-na-kosovo/ Fri, 29 Sep 2023 14:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=686417

Милан Радоичиќ, вториот човек на Српската листа, ја призна одговорноста за крвавите настани во Бањска.

Во отворено писмо, кое го прочита неговиот адвокат, Радоичиќ вели дека во неделата лично ги организирал сите логистички подготовки, без знаење на официјален Белград. Посочува дека е спремен да се соочи со правосудните српски органи и дека си поднесува оставка од позицијата.

Ги известувам сите дежурни прогонители на српскиот народ, од Курти до неговите многубројни помагачи, дека лично ги извршив сите подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот. За ова не известив никого, ниту власта на Србија, ниту локалните политички структури на северот на Косово, ниту од нив имав каква било помош, изјави Горан Петронијевиќ, адвокат на Милан Радоичиќ

Обраќањето на Радоичиќ следи неколку часа откако косовски специјалци ги чешлаа неговите имоти во три општини на северот. Цел на операцијата биле станови, вили и ресторани во негова сопственост. Запленети се и два мерцедеса, теренско возило без регистерски таблички и неколку чамци при претресите во Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток. Косовските специјалци упаднале и во клиничкиот центар во Косовска Митровица, каде според раководството на болницата, причинета била голема материјална штета, а претресот не бил ниту најавен.

-Во текот на упадот во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица дојде до насилно кршење на влезните врати од пералницата и од котларницата. Ни доставија еден записник на чисто албански јазик, на кој нема двојазичност дека е извршен претрес, а го потпиша наш дежурен работник во котларницата дека ништо не е пронајдено, а ние не знаеме ниту што било барано. , изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот центар во Косовска Митровица

За Белград, денешните случувања се потврда на она што Србија со месеци предупредувала.

-Teрор и малтретирање на Србите во Косово и Метохија. Единствената негов цел е да ги протера сите Срби од Косово и Метохија, и тоа е тоа. , вели Ана Брнабиќ, премиерка на Србија

Oд косовското обвинителство соопштија дека операцијата е во рамките на истрагата на неодамнешните инциденти во селото Бањска и потврдуваат дека цел на претресите биле имоти на Радочиќ за да се обезбедат материјални докази. Во пресметката во неделата загинаа косовски полицаец и тројца косовски Срби. Курти обвини дека инцидентите биле поддржани од Белград, а Вучиќ негираше каква било поврзаност на Србија.

The post Нова полициска акција на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Милан Радоичиќ, вториот човек на Српската листа, ја призна одговорноста за крвавите настани во Бањска. Во отворено писмо, кое го прочита неговиот адвокат, Радоичиќ вели дека во неделата лично ги организирал сите логистички подготовки, без знаење на официјален Белград. Посочува дека е спремен да се соочи со правосудните српски органи и дека си поднесува оставка од позицијата. Ги известувам сите дежурни прогонители на српскиот народ, од Курти до неговите многубројни помагачи, дека лично ги извршив сите подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот. За ова не известив никого, ниту власта на Србија, ниту локалните политички структури на северот на Косово, ниту од нив имав каква било помош, изјави Горан Петронијевиќ, адвокат на Милан Радоичиќ Обраќањето на Радоичиќ следи неколку часа откако косовски специјалци ги чешлаа неговите имоти во три општини на северот. Цел на операцијата биле станови, вили и ресторани во негова сопственост. Запленети се и два мерцедеса, теренско возило без регистерски таблички и неколку чамци при претресите во Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток. Косовските специјалци упаднале и во клиничкиот центар во Косовска Митровица, каде според раководството на болницата, причинета била голема материјална штета, а претресот не бил ниту најавен. -Во текот на упадот во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица дојде до насилно кршење на влезните врати од пералницата и од котларницата. Ни доставија еден записник на чисто албански јазик, на кој нема двојазичност дека е извршен претрес, а го потпиша наш дежурен работник во котларницата дека ништо не е пронајдено, а ние не знаеме ниту што било барано. , изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот центар во Косовска Митровица За Белград, денешните случувања се потврда на она што Србија со месеци предупредувала. -Teрор и малтретирање на Србите во Косово и Метохија. Единствената негов цел е да ги протера сите Срби од Косово и Метохија, и тоа е тоа. , вели Ана Брнабиќ, премиерка на Србија Oд косовското обвинителство соопштија дека операцијата е во рамките на истрагата на неодамнешните инциденти во селото Бањска и потврдуваат дека цел на претресите биле имоти на Радочиќ за да се обезбедат материјални докази. Во пресметката во неделата загинаа косовски полицаец и тројца косовски Срби. Курти обвини дека инцидентите биле поддржани од Белград, а Вучиќ негираше каква било поврзаност на Србија.

The post Нова полициска акција на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Уништени 289.000 стебла марихуана, уапсено 101 лице во голема акција во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/unishteni-289-000-stebla-marihuana-uapseno-101-litse-vo-golema-aktsija-vo-albanija/ Thu, 07 Sep 2023 14:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=679726

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала ја поздрави големата операцијата на припадниците на државната полиција, во чии рамки во изминатите неколку месеци, уништени се илјадници стебла канабис и откриени одгледувачите на ова наркотично растение.

Министерот Бала на социјалните мрежи објави дека досега се идентификувани 202 сторители на национално ниво, од кои 111 се уапсени и изразува уверување дека ваквите операции ќе се интензивираат.

До сега се уништени 289.357 наркотични растенија канабис сатива, идентификувани се 202 сторители, од кои 111 се уапсени, по 63 се трага, на 29 им се изречени други безбедносни мерки. За злоупотреба на службената должност и непријавување кривично дело поднесени се кривични пријави против 114 лица. Честитки за Државната полиција, пишува Бала.

Исто така информираше дека припадниците на полицијата штотуку завршиле исклучително тешка операција од земја и од воздух во некои планински области на Скадар, за уништување на илјадници корени канабис и за идентификација на лицата вклучени во оваа криминална активност.

Според него во оваа акција учествувале 50 припадници на специјалната единица „Ренеа“, 500 полицајци од Регионалниот полициски комесаријат Скадар, како и единицата за брзо распоредување од Тирана и Фиер, при што уништени се околу 13.000 стебла канабис одгледувани во тешко достапни планински предели.

The post Уништени 289.000 стебла марихуана, уапсено 101 лице во голема акција во Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала ја поздрави големата операцијата на припадниците на државната полиција, во чии рамки во изминатите неколку месеци, уништени се илјадници стебла канабис и откриени одгледувачите на ова наркотично растение. Министерот Бала на социјалните мрежи објави дека досега се идентификувани 202 сторители на национално ниво, од кои 111 се уапсени и изразува уверување дека ваквите операции ќе се интензивираат.
До сега се уништени 289.357 наркотични растенија канабис сатива, идентификувани се 202 сторители, од кои 111 се уапсени, по 63 се трага, на 29 им се изречени други безбедносни мерки. За злоупотреба на службената должност и непријавување кривично дело поднесени се кривични пријави против 114 лица. Честитки за Државната полиција, пишува Бала.
Исто така информираше дека припадниците на полицијата штотуку завршиле исклучително тешка операција од земја и од воздух во некои планински области на Скадар, за уништување на илјадници корени канабис и за идентификација на лицата вклучени во оваа криминална активност. Според него во оваа акција учествувале 50 припадници на специјалната единица „Ренеа“, 500 полицајци од Регионалниот полициски комесаријат Скадар, како и единицата за брзо распоредување од Тирана и Фиер, при што уништени се околу 13.000 стебла канабис одгледувани во тешко достапни планински предели.

The post Уништени 289.000 стебла марихуана, уапсено 101 лице во голема акција во Албанија appeared first on Република.

]]>
Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-spasuvachka-aktsija-na-galichitsa-na-holandski-paraglajderist/ Wed, 02 Aug 2023 15:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=667981

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист.

Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист. Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите. Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината. Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>
Истекува рокот: Српските граѓани досега предале 78.103 парчиња оружје и експлозивни направи https://republika.mk/vesti/balkan/istekuva-rokot-srpskite-gragani-dosega-predale-78-103-parchina-oruzhje-i-eksplozivni-napravi/ Wed, 07 Jun 2023 08:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=648695

Претставничката на Министерството за внатрешни работи (МВП), Бојана Пјановиќ Отовиќ, изјави дека од 8 мај до денеска граѓаните на полицијата и предале 78.103 парчиња оружје и мински експлозиви.

Таа за РТС изјави дека се предадени 57.651 парче оружје и 20.451 парче мини и експлозивни направи и потсети дека рокот за предавање на нелегалното оружје без последици истекува утре.

Таа додаде дека се предадени 2.692.641 парчиња муниција.

Граѓаните до утре, 8 јуни, без никакви криминални или други последици можат да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица.

Акцијата е покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.

The post Истекува рокот: Српските граѓани досега предале 78.103 парчиња оружје и експлозивни направи appeared first on Република.

]]>

Претставничката на Министерството за внатрешни работи (МВП), Бојана Пјановиќ Отовиќ, изјави дека од 8 мај до денеска граѓаните на полицијата и предале 78.103 парчиња оружје и мински експлозиви. Таа за РТС изјави дека се предадени 57.651 парче оружје и 20.451 парче мини и експлозивни направи и потсети дека рокот за предавање на нелегалното оружје без последици истекува утре. Таа додаде дека се предадени 2.692.641 парчиња муниција. Граѓаните до утре, 8 јуни, без никакви криминални или други последици можат да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица. Акцијата е покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.

The post Истекува рокот: Српските граѓани досега предале 78.103 парчиња оружје и експлозивни направи appeared first on Република.

]]>
МВР со детали за акцијата со грчката полиција: Кокаинот бил пронајден во специјално направени бункери во контејнерите со банани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-aktsijata-so-grchkata-politsija-kokainot-bil-pronajden-vo-spetsijalno-napraveni-bunkeri-vo-kontejnerite-so-banani/ Sat, 03 Jun 2023 12:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=647406

Вчерашната акција во која се запленети 161 килограм кокаин на пристаништето во Солун е продолжение на акцијата што македонската и грчката полиција ја реализираа во мај кога беа запленети 105 килограми кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција и четири лица во Македонија.

Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 08 и 09.05 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа седум лица државјани на Република Грција и три лица државјани на Република Албанија, додека во Република Македонија беа лишени од слобода четири лица, наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје, изјави денеска портпаролката на МВР Сузана Прањиќ-Талевска.

Таа посочи дека во рамки на проверките за лицата и фирмите кои беа инволвирани во првиот случај било утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор.

Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун истите беа предмет на контрола. На 02.06.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на наркотичната дрога кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот беше пронајден во специјално направени бункери - крипти во шините од подот на двата контејнера, наведува Прањиќ-Талевска.

Таа додаде дека Одделот за крим-полиција во текот на следната недела ќе достави известување до надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

The post МВР со детали за акцијата со грчката полиција: Кокаинот бил пронајден во специјално направени бункери во контејнерите со банани appeared first on Република.

Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-i-podatotsi-za-nivni-klienti-16-dileri-uapseni-vo-golema-aktsija-vo-skopje/ Mon, 03 Apr 2023 10:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=626598

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.

При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

The post Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.
При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

The post Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-aktsiite-na-zelen-pazar-ke-prodolzhat-se-dodeka-ne-se-trgnat-divite-preprodavachi/ Mon, 13 Feb 2023 11:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=608353

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утринска на Телма“ зборуваше за акцијата на Зелен пазар, којa општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за акција со поддршка од Mинистерството за внатрешни работи, преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.

Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништувањето на зеленилото, узурпирањето на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи, изјави Герасимовски.

Состојбата со Зелен пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓаните кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби.

На средбите жителите околу овој пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утринска на Телма“ зборуваше за акцијата на Зелен пазар, којa општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за акција со поддршка од Mинистерството за внатрешни работи, преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.
Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништувањето на зеленилото, узурпирањето на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи, изјави Герасимовски.
Состојбата со Зелен пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓаните кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу овој пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>
Голема акција во угостителски објекти во тетовско и гостиварско – приведени 12 лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovsko-i-gostivarsko-privedeni-12-lica/ Tue, 25 Oct 2022 10:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=565356

Полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд спровеле акциска контрола во угостителски објекти во тетовско.

Имено, од МВР информираат дека вчеравечер (24/25.10.2022) во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, во тетовско Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње, извршена била акциска контрола.

-При контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот - се вели во соопштението на МВР.

Вчера исто така, била спроведена и акциска контрола во Гостивар.

-Полициски службеници на МВР, СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера (24.10.2022), спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија. Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране - информираат од МВР.

Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Голема акција во угостителски објекти во тетовско и гостиварско – приведени 12 лица appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд спровеле акциска контрола во угостителски објекти во тетовско. Имено, од МВР информираат дека вчеравечер (24/25.10.2022) во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, во тетовско Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње, извршена била акциска контрола.
-При контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот - се вели во соопштението на МВР. Вчера исто така, била спроведена и акциска контрола во Гостивар. -Полициски службеници на МВР, СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера (24.10.2022), спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија. Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране - информираат од МВР. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Голема акција во угостителски објекти во тетовско и гостиварско – приведени 12 лица appeared first on Република.

]]>
Апсење во Македонија: Сузбиена криминална група која во пакетчиња за нишесте криумчарела хероин во Хрватска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-vo-makedonija-suzbiena-kriminalna-grupa-koja-vo-paketchinja-za-nisheste-kriumcharela-heroin-vo-hrvatska/ Thu, 29 Sep 2022 16:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=555743

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што се лишени од слобода три лица.

Оваа акција е реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на припадниците на Одделот за криминалистичка полиција со полициските службеници од хрватската полиција – Оддел за борба против криминалитет – дрога од полициската управа Истра и Националниот уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет на Р.Хрватска.

Истрагата беше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и хрватскиот Уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) – Риека, а со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ, за меѓународно злосторничко здружение составено од наши и хрватски државјани кои криумчареле хероин, при што секој припадник имал различна улога во набавка, продажба, чување, транспортирање и посредување во купопродажби на хероин на  подрачјето на Истра, Далмација и Загреб, и на тој начин на подрачјето на Хрватска извршиле продажба на 4,2 килограми хероин, при што биле лишени од слобода повеќе лица, соопштија денеска од МВР.

На 23.09.2022 во заедничка акција на хрватската и македонската полиција во која учествувале и Јавни обвинители од ОЈО за ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на подрачјето на Хрватска биле запленети 3,9 килограми хероин, при претрес на дом во Загреб. Биле лишени од слобода пет лица, и тоа еден македонски државјанин Б.Џ.(43) тетовското село Синичане и четворица хрватски државјани на возраст од 42, 47, 49 и 66 години. Групата, се наведува во соопштението, неовластено пуштала во промет хероин на илегалниот пазар за дрога во областа на Далмација од септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.

Во денешната акција, по претходно добиена наредба за претрес од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај А.М.(50) од с.Опае, кумановско, пронајден е еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај С.И.(74) од Гостивар пронајден е еден пиштол „ТТ“ кал. 7,62 милиметри со 168 куршуми кал. 7,62 милиметри и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е.Н.(63) од с.Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело, појаснуваат од МВР.

Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, трите лица се лишени од слобода, а од страна на МВР ќе биде поднесена  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело „злосторничко здружување“ по чл.394 од Кривичниот законик.

https://youtu.be/NGe9MHsApus

The post Апсење во Македонија: Сузбиена криминална група која во пакетчиња за нишесте криумчарела хероин во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на четири локации на подрачјето на Тетово, Гостивар и Куманово, при што се лишени од слобода три лица. Оваа акција е реализирана по повеќемесечна паралелна криминалистичка истрага на припадниците на Одделот за криминалистичка полиција со полициските службеници од хрватската полиција – Оддел за борба против криминалитет – дрога од полициската управа Истра и Националниот уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет на Р.Хрватска.
Истрагата беше во координација и соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и хрватскиот Уред за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) – Риека, а со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ, за меѓународно злосторничко здружение составено од наши и хрватски државјани кои криумчареле хероин, при што секој припадник имал различна улога во набавка, продажба, чување, транспортирање и посредување во купопродажби на хероин на  подрачјето на Истра, Далмација и Загреб, и на тој начин на подрачјето на Хрватска извршиле продажба на 4,2 килограми хероин, при што биле лишени од слобода повеќе лица, соопштија денеска од МВР.
На 23.09.2022 во заедничка акција на хрватската и македонската полиција во која учествувале и Јавни обвинители од ОЈО за ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на подрачјето на Хрватска биле запленети 3,9 килограми хероин, при претрес на дом во Загреб. Биле лишени од слобода пет лица, и тоа еден македонски државјанин Б.Џ.(43) тетовското село Синичане и четворица хрватски државјани на возраст од 42, 47, 49 и 66 години. Групата, се наведува во соопштението, неовластено пуштала во промет хероин на илегалниот пазар за дрога во областа на Далмација од септември минатата година, а дрогата преку разни канали била пренесувана од нашата држава до територијата на Република Хрватска.
Во денешната акција, по претходно добиена наредба за претрес од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на Б.Џ. од Синичане, кој е веќе уапсен на територијата на Хрватска, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај А.М.(50) од с.Опае, кумановско, пронајден е еден пиштол, 50 куршуми, поголема количина на кокаин, пакувања со марихуана, електронски уред за мешање на дрога, парични средства во денари и евра, повеќе потврди за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај С.И.(74) од Гостивар пронајден е еден пиштол „ТТ“ кал. 7,62 милиметри со 168 куршуми кал. 7,62 милиметри и други предмети поврзани со кривичното дело. При претрес кај Е.Н.(63) од с.Синичане пронајдена е документација за извршени финансиски трансакции и други предмети поврзани со кривичното дело, појаснуваат од МВР.
Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, трите лица се лишени од слобода, а од страна на МВР ќе биде поднесена  кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 и кривично дело „злосторничко здружување“ по чл.394 од Кривичниот законик. https://youtu.be/NGe9MHsApus

The post Апсење во Македонија: Сузбиена криминална група која во пакетчиња за нишесте криумчарела хероин во Хрватска appeared first on Република.

]]>