ајвар Archives - Република https://republika.mk/tema/ajvar/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 16:01:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ајвар Archives - Република https://republika.mk/tema/ajvar/ 32 32 Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dushko-od-gevgelija-im-odgovori-na-site-shto-velat-deka-500-denari-za-tegla-domashen-ajvar-e-preskapo/ Sun, 10 Nov 2024 16:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=836139

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница

Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата).

Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан.

Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол.

Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.

Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле.

Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата.

Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.

 

 

 

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан. Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол. Дрвата исто така не се бесплатни. За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар. Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле. Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата. Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.      

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>
„Балкански кавијар“: Македонскиот ајвар избран за најдобро мезе во светот за 2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/balkanski-kavijar-makedonskiot-ajvar-izbran-za-najdobro-meze-vo-svetot-za-2023-godina/ Sat, 16 Dec 2023 09:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=723563

Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе од зеленчук во светот за 2023 година.

Листата ја состави „Taste Atlas Awards“ од каде што ги доделија наградите во повеќе различни категории.

Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните низ целиот Балкан и Источна Европа.

 

Најценетиот вид ајвар е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки.

 

Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, стои во описот на Фејсбук.

makedonskiot-ajvar-e-izbran-za-najdobro-meze-vo-svetot-za-2023-ta-03.jpg

Покрај македонскиот ајвар, кој доби оценка 4.52, на листата се уште пет јадења, односно мезиња од зеленчук и тоа специјалитети кои потекнуваат од Хаити, Бугарија и Романија, но тука е и македонскиот пинџур кој се наоѓа на четвртото место, со оценка 4.26.

The post „Балкански кавијар“: Македонскиот ајвар избран за најдобро мезе во светот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе од зеленчук во светот за 2023 година. Листата ја состави „Taste Atlas Awards“ од каде што ги доделија наградите во повеќе различни категории.

Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните низ целиот Балкан и Источна Европа.

  Најценетиот вид ајвар е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки.   Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, стои во описот на Фејсбук.
makedonskiot-ajvar-e-izbran-za-najdobro-meze-vo-svetot-za-2023-ta-03.jpg Покрај македонскиот ајвар, кој доби оценка 4.52, на листата се уште пет јадења, односно мезиња од зеленчук и тоа специјалитети кои потекнуваат од Хаити, Бугарија и Романија, но тука е и македонскиот пинџур кој се наоѓа на четвртото место, со оценка 4.26.

The post „Балкански кавијар“: Македонскиот ајвар избран за најдобро мезе во светот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Како реагира македонски зет од Нигерија на првата пача, ајвар, пита со праз… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-reagira-makedonski-zet-od-nigerija-na-prvata-pacha-ajvar-pita-so-praz/ Wed, 22 Nov 2023 13:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=715144

Македонската традиционална храна му легна на Нигериецот кој е свршен со Стефана, Македонка која на својот „тик ток“ профил споделува интересни моменти од нивната, како што вели „нигериско-македонска лудост“.

Во видеата Стефана споделува како е да се биде во врска со Нигериец, но и како го учи македонски јазик и начин на живот. Во последните видеа тој првпат пробува традиционална македонска храна. Еве како реагира тој на првите залаци ајвар, пита со праз, пача...

@everydaywithsandj Replying to @MariaMia Can we make it hotter? 🤣🤣🤣#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pacha #breakfast#nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ MONACO - Bad Bunny

@everydaywithsandj Replying to @MariaMia Can we make it hotter? 🤣🤣🤣#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pacha #breakfast#nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ MONACO - Bad Bunny

@everydaywithsandj Replying to @Y͜͡andere¹🇷🇸 Let me know in the comments, what else you want him to try 😁#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkanmusic #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pita #breakfast #bread #nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ original sound - ⚡Samo Hustle⚡

@everydaywithsandj He is ready 🤪 #couplegoals #interracialcouple #love #nigeriantiktok🇳🇬 #nigerian #nigeriatiktok #naijatiktok #fyp #macedonia #foryou #foryourpage #viral #goviral #trending #balkan #balkantiktok #balkanfyp #languagelearning #balkangirl #burek ♬ Love Don't Cost A Dime (Re-Up) - Magixx & Ayra Starr

The post Како реагира македонски зет од Нигерија на првата пача, ајвар, пита со праз… appeared first on Република.

]]>

Македонската традиционална храна му легна на Нигериецот кој е свршен со Стефана, Македонка која на својот „тик ток“ профил споделува интересни моменти од нивната, како што вели „нигериско-македонска лудост“. Во видеата Стефана споделува како е да се биде во врска со Нигериец, но и како го учи македонски јазик и начин на живот. Во последните видеа тој првпат пробува традиционална македонска храна. Еве како реагира тој на првите залаци ајвар, пита со праз, пача...
@everydaywithsandj Replying to @MariaMia Can we make it hotter? 🤣🤣🤣#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pacha #breakfast#nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ MONACO - Bad Bunny
@everydaywithsandj Replying to @MariaMia Can we make it hotter? 🤣🤣🤣#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pacha #breakfast#nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ MONACO - Bad Bunny
@everydaywithsandj Replying to @Y͜͡andere¹🇷🇸 Let me know in the comments, what else you want him to try 😁#interracialcouple #balkan #balkantiktok #balkanci #balkanfyp #balkanmusic #balkans #balkangirl #balkancomedy #balkanviral #pita #breakfast #bread #nigeriantiktok🇳🇬 #nigeriatiktok #nigerian #naijatiktok #fyp #macedonia #viral ♬ original sound - ⚡Samo Hustle⚡
@everydaywithsandj He is ready 🤪 #couplegoals #interracialcouple #love #nigeriantiktok🇳🇬 #nigerian #nigeriatiktok #naijatiktok #fyp #macedonia #foryou #foryourpage #viral #goviral #trending #balkan #balkantiktok #balkanfyp #languagelearning #balkangirl #burek ♬ Love Don't Cost A Dime (Re-Up) - Magixx & Ayra Starr

The post Како реагира македонски зет од Нигерија на првата пача, ајвар, пита со праз… appeared first on Република.

]]>
Продавач на ајварски пипер во Штип: Крадеме на вагите, да знаете сите, да ве боли глава https://republika.mk/vesti/ekonomija/prodavach-na-ajvarski-piper-vo-shtip-krademe-na-vagite-da-znaete-site-da-ve-boli-glava/ Fri, 29 Sep 2023 15:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=686425

На големо е сезоната за подготовка на зимници во Македонија,а секако тука е кралот на зимниците, ајварот.

Оваа година истиот за подготовка е многу поскап поради суровините како пиперки, масло за јадење, па поради тоа се подготвува во помали количини или воопшто не се прави.

Еден продавач на пипер од струмичко денес на пазарот во Штип пред камерите на Мнет телевизија го кажа она што беше и јавна тајна.

Пиперот 35 денари е купен, а го продавам 40 денари. А нешто крадеме и на вагите, тоа да го знаат сите граѓани, цел народ да знае. Крадеме обавезно, да гледат што зимат и како зимат.

Јас сакам и 60 денара да го продавам, ама неќат, сакале 40 денари. Ќе му земам пет кила од картон да го боле главата, да знаат. Да му излезе ајварот многу поскапо.

The post Продавач на ајварски пипер во Штип: Крадеме на вагите, да знаете сите, да ве боли глава appeared first on Република.

]]>

На големо е сезоната за подготовка на зимници во Македонија,а секако тука е кралот на зимниците, ајварот. Оваа година истиот за подготовка е многу поскап поради суровините како пиперки, масло за јадење, па поради тоа се подготвува во помали количини или воопшто не се прави. Еден продавач на пипер од струмичко денес на пазарот во Штип пред камерите на Мнет телевизија го кажа она што беше и јавна тајна. Пиперот 35 денари е купен, а го продавам 40 денари. А нешто крадеме и на вагите, тоа да го знаат сите граѓани, цел народ да знае. Крадеме обавезно, да гледат што зимат и како зимат. Јас сакам и 60 денара да го продавам, ама неќат, сакале 40 денари. Ќе му земам пет кила од картон да го боле главата, да знаат. Да му излезе ајварот многу поскапо.

The post Продавач на ајварски пипер во Штип: Крадеме на вагите, да знаете сите, да ве боли глава appeared first on Република.

]]>
Годинава не се прави ајвар без 200 евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-ne-se-pravi-ajvar-bez-200-evra/ Sun, 10 Sep 2023 16:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=680649

Овошјето и зеленчукот не биле никогаш поскапи како сега, поради тоа многу граѓани годинава не планираат да прават ајвар, лутеница, малиџано, џемови, слатка, туршии… На зелените пазари, килограм црвени пиперки ајварки се продаваат од 80 до 100, везенките по 100 денари, доматите по 80 денари, модриот патлиџан, зависно од големината, од три до пет парчиња за 100 денари, краставиците 90 денари…

Земјоделците велат дека зголемените цени на овошјето и на зеленчукот годинава се должат на климатските промени и на намаленото производство. Граѓаните коментираат дека годинава ќе останат без традиционалниот ајвар и без другите зимски специјалитети, за чија подготовка ќе им требаат 200 евра.

Претседателот на Сојузот на земјоделците од Струмица, Ристо Велков, за весникот ВЕЧЕР вели дека цените се високи бидејќи нема доволно количини, а и климатските промени си го направиле своето.

Причината за високите цени се намалените површини, климатските промени и немањето работна сила. Површините со ајварка годинава се намалени за 20 отсто поради климатските промени, родот е проретчен, а мал дел од пиперот е оштетен од дождот и од градот, вели Велков.

Тој додава дека откупната цена на ајварката во Струмица е 40 и 50 денари за килограм, а на пазарите се продава по 80 и 100 денари за килограм. Лутиот пипер се откупува по 60, а благиот по 50 денари за килограм. Ова покажува дека трговците се тие што го собираат кајмакот во државата за сметка на граѓаните и на земјоделците.

Поради малите количини, очекуваме годинава брзо да се продаде и втората берба. До крајот на септември ќе се заврши со бербата на ајварката за разлика од други години, кога имало пипер и во октомври, вели Велков.

Повеќе на Вечер

The post Годинава не се прави ајвар без 200 евра appeared first on Република.

]]>

Овошјето и зеленчукот не биле никогаш поскапи како сега, поради тоа многу граѓани годинава не планираат да прават ајвар, лутеница, малиџано, џемови, слатка, туршии… На зелените пазари, килограм црвени пиперки ајварки се продаваат од 80 до 100, везенките по 100 денари, доматите по 80 денари, модриот патлиџан, зависно од големината, од три до пет парчиња за 100 денари, краставиците 90 денари… Земјоделците велат дека зголемените цени на овошјето и на зеленчукот годинава се должат на климатските промени и на намаленото производство. Граѓаните коментираат дека годинава ќе останат без традиционалниот ајвар и без другите зимски специјалитети, за чија подготовка ќе им требаат 200 евра. Претседателот на Сојузот на земјоделците од Струмица, Ристо Велков, за весникот ВЕЧЕР вели дека цените се високи бидејќи нема доволно количини, а и климатските промени си го направиле своето.
Причината за високите цени се намалените површини, климатските промени и немањето работна сила. Површините со ајварка годинава се намалени за 20 отсто поради климатските промени, родот е проретчен, а мал дел од пиперот е оштетен од дождот и од градот, вели Велков.
Тој додава дека откупната цена на ајварката во Струмица е 40 и 50 денари за килограм, а на пазарите се продава по 80 и 100 денари за килограм. Лутиот пипер се откупува по 60, а благиот по 50 денари за килограм. Ова покажува дека трговците се тие што го собираат кајмакот во државата за сметка на граѓаните и на земјоделците.
Поради малите количини, очекуваме годинава брзо да се продаде и втората берба. До крајот на септември ќе се заврши со бербата на ајварката за разлика од други години, кога имало пипер и во октомври, вели Велков.
Повеќе на Вечер

The post Годинава не се прави ајвар без 200 евра appeared first on Република.

]]>
Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи https://republika.mk/vesti/balkan/se-prodava-kako-grchki-proizvod-grtsite-ni-go-zedoa-i-ajvarot-vlasta-vo-skopje-molchi/ Fri, 30 Dec 2022 14:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=591909

Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“.

На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра.

Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното.

https://republika.mk/vesti/balkan/brendot-e-zachuvan-grchki-piperki-od-makedonija-vo-germanski-marketi/

Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.

The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.

]]>

Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“. На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра. Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното. https://republika.mk/vesti/balkan/brendot-e-zachuvan-grchki-piperki-od-makedonija-vo-germanski-marketi/ Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.

The post Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот, власта во Скопје молчи appeared first on Република.

]]>
Скопјанка починала од изгореници откако паднала во тенџере со врел ајвар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-pochinala-od-izgorenici-otkako-padnala-vo-tendzere-so-vrel-ajvar/ Wed, 28 Sep 2022 10:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=555174

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала.

Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.

 

 

The post Скопјанка починала од изгореници откако паднала во тенџере со врел ајвар appeared first on Република.

]]>

Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала. Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“. За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.    

The post Скопјанка починала од изгореници откако паднала во тенџере со врел ајвар appeared first on Република.

]]>
Време е за ајвар – за Девиците кошмар, за Лавиците мегдан https://republika.mk/zivot/astro/vreme-e-za-ajvar-za-devicite-koshmar-za-lavicite-megdan/ Tue, 27 Sep 2022 19:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=554507

Овен
За овие жени, зимницата е само уште една активност со која ќе ги покажат своите вештини и способности пред другите соседки и колешки. Бидејќи Овните во се треба да се први, така и овде, со зимниците почнуваат веќе од август. Нивниот ајвар треба да биде најлут од сите останати и ако се обидете да го докажете спротивното ќе имате вистинска битка со оваа воинствена жена. Од туршија најповеќе става лути пиперки или некои други пикантни зачини со кои ќе ги зачинува јадењата во зимскиот период.

Бик
Биковите се добри домаќинки и најчесто за нив зимницата е уште една обврска во домот која секоја домаќинка треба да ја направи. Биковите уживаат во слатките работи, па најповеќе на рафтовите во визбите кај овие домаќинки ќе најдете различни видови на слатко, џемови, пекмези и слично. Количински прават многу и секогаш мислат дека не е деоволно. Премногу се трудат сето тоа да биде вкусно и најчесто во тоа успеваат.

Близнаци
За жената Близнаци правењето на зимниците е само уште еден облик на дружење со соседките. Секоја соседка безусловно може да ја добие помошта од жената Близнак, но затоа ќе мора да ја слушате додека непрекинато зборува додека се лупат пиперките или се меша на ајварот. Во секој случај тоа се забавни жени па добро е да се има некоја таква во соседството. Често помагајќи на другите остануваат без своја зимница.

Рак
Овие супер домаќинки зимницата ја прват пред се за своите деца па после за сите останати. Нивниот асортиман на зимници е различен и зависди од тоа што нејзините деца најповеќе сакаат. Постарите домаќинки Ракови можете да ги видите како по неколку пати во ладните есенски денови прават најразличен ајвар за секоја од своите ќерки или снаи посебно, па често, на крај ќе останат без своја зимница бидејќи ќе се преумораат помагајќи на другите.

Лав
За Лавиците, зимниците се само уште едно поле за докажување на своите вештини и способности. Тие се што ќе направат е најдобро и најубаво, а кога ќе ви биде понудено да ја пробате некоја од нејзините зимници, не се осудувајте да давате некакви негативни комнетари во смисла недостасува сол или слично. Често овие домаќинки купуваат зимница бидејќи се преголеми дами за да си ги оштетуваат своите нокти или кожата на рацете од лутите пиперки.

Девица
На овие домаќинки зимницата им е ноќен кошмар. Премногу се оптеретуваат со сите детали и совети од соседките, плашејќи се нешто да не расипат или да не избегаат од патот до перфекционизмот, па затоа на крај нивниот ајвар е најлош. Секогаш е недопржен и недоволно солен, бидејќи таквиот е штетен по здравјето. Можеби нема да биде вкусно, но бидете сигурни дека нивната зимница е најздрава за исхрана и најчиста.

Вага
Вагите се големи гурмани и сигурно дека нивниот ајвар или некоја друга зимница ќе биде највкусен и најдобар за изглед. Сето тоа ќе биде сложено во мали теглички добро украсени и обележани. Количините не им се важни, па затоа прават многу различни видови на зимница, но од се по малку. Сеседките често им се љубоморни на овие жени, бидејќи критиките од соседите (мажите) често се позитивни за најсипматичните домаќинки во зодијакот.

Скорпија
За Скорпиите правењето зимниците е уште едно поле за натпревар со своите соседки. Никоја друга соседка не смее да направи поголема количина отколку што ќе направи Скопијата. На вкусот многу нема да внимаваат, па во ајварот најчесто ставаат модри патлиџани за да добие на количина и да и докажи на другата соседка дека направила повеќе од неа. Често кај овие домаќинки, на рафтовите од визбите ќе најдете зимница од претходните години, бидејќи била направена во големи количини и не била многу вкусна.

Стрелец
Овие домаќинки ретко прават зимници и доклку ги прашате зошто тоа не го прават, ќе добиете едночасовно објаснување во кое ќе се обидат да ве убедат дека зимницате е неисплатлива и дека подобро е да се купи од продавница. Едноставно за жените Стрелци во оваа активност нема доволно доза на авантуризам па не би сакале да го трошат своето драгоцено време за докажување на домаќинлукот.

Јарец
За Јарците зимницата е обврска и тоа секоја домаќинка треба да го направи. Околу изборот на зимница многу не се замараат. Ќе ја направат онаа која им е наједносатвна и најлесна и околу тоа многу нема да коментираат освен ако не бидат прашани. Количината ја одредуваат самите и за тоа немаат некое посебно објаснување и не се обидувајте да го добиете одговорот, бидејќи во нивната шема тешко некоја соседка може да влезе.

Водолија
За Водолиите зимниците се само уште една глупост на традицијата. Овие домаќинки, ако може така да се наречат, ретко прават зимница, посебно не некоја која бара многу труд како ајварот. Но сепак доколку се нафатат тоа да го сторат, тоа ќе биде накоја зимница супер модерна надвор од сите традиции и норми, која ниту една соседка не може да ја направи. Најчесто, сите нови зимници кои се појавуваат со чудни имиња и се прават лесно, се измислени од овие иновативни домаќинки.

Риби
Овие домаќинки не се постојани во изборот, а најчесто тој е диктиран од соседките. Често знаат да ја згрешат зимницата, посебно ајварот, бидејќи безусловно ги прифаќаат советите од соседкте, па така во зависност со која соседка ќе ја почнат зимницата таква и ќе им испадне. Понекогаш може да се случи ајварот да испадне благ или пекмезот солен, само поради тоа што овие домаќинки се оптоварени со мислењето на другите и премногу рассеани, па лесно можат да погрешат околу зачините.

Преземено од астромагазин

The post Време е за ајвар – за Девиците кошмар, за Лавиците мегдан appeared first on Република.

]]>

Овен За овие жени, зимницата е само уште една активност со која ќе ги покажат своите вештини и способности пред другите соседки и колешки. Бидејќи Овните во се треба да се први, така и овде, со зимниците почнуваат веќе од август. Нивниот ајвар треба да биде најлут од сите останати и ако се обидете да го докажете спротивното ќе имате вистинска битка со оваа воинствена жена. Од туршија најповеќе става лути пиперки или некои други пикантни зачини со кои ќе ги зачинува јадењата во зимскиот период. Бик Биковите се добри домаќинки и најчесто за нив зимницата е уште една обврска во домот која секоја домаќинка треба да ја направи. Биковите уживаат во слатките работи, па најповеќе на рафтовите во визбите кај овие домаќинки ќе најдете различни видови на слатко, џемови, пекмези и слично. Количински прават многу и секогаш мислат дека не е деоволно. Премногу се трудат сето тоа да биде вкусно и најчесто во тоа успеваат. Близнаци За жената Близнаци правењето на зимниците е само уште еден облик на дружење со соседките. Секоја соседка безусловно може да ја добие помошта од жената Близнак, но затоа ќе мора да ја слушате додека непрекинато зборува додека се лупат пиперките или се меша на ајварот. Во секој случај тоа се забавни жени па добро е да се има некоја таква во соседството. Често помагајќи на другите остануваат без своја зимница. Рак Овие супер домаќинки зимницата ја прват пред се за своите деца па после за сите останати. Нивниот асортиман на зимници е различен и зависди од тоа што нејзините деца најповеќе сакаат. Постарите домаќинки Ракови можете да ги видите како по неколку пати во ладните есенски денови прават најразличен ајвар за секоја од своите ќерки или снаи посебно, па често, на крај ќе останат без своја зимница бидејќи ќе се преумораат помагајќи на другите. Лав За Лавиците, зимниците се само уште едно поле за докажување на своите вештини и способности. Тие се што ќе направат е најдобро и најубаво, а кога ќе ви биде понудено да ја пробате некоја од нејзините зимници, не се осудувајте да давате некакви негативни комнетари во смисла недостасува сол или слично. Често овие домаќинки купуваат зимница бидејќи се преголеми дами за да си ги оштетуваат своите нокти или кожата на рацете од лутите пиперки. Девица На овие домаќинки зимницата им е ноќен кошмар. Премногу се оптеретуваат со сите детали и совети од соседките, плашејќи се нешто да не расипат или да не избегаат од патот до перфекционизмот, па затоа на крај нивниот ајвар е најлош. Секогаш е недопржен и недоволно солен, бидејќи таквиот е штетен по здравјето. Можеби нема да биде вкусно, но бидете сигурни дека нивната зимница е најздрава за исхрана и најчиста. Вага Вагите се големи гурмани и сигурно дека нивниот ајвар или некоја друга зимница ќе биде највкусен и најдобар за изглед. Сето тоа ќе биде сложено во мали теглички добро украсени и обележани. Количините не им се важни, па затоа прават многу различни видови на зимница, но од се по малку. Сеседките често им се љубоморни на овие жени, бидејќи критиките од соседите (мажите) често се позитивни за најсипматичните домаќинки во зодијакот. Скорпија За Скорпиите правењето зимниците е уште едно поле за натпревар со своите соседки. Никоја друга соседка не смее да направи поголема количина отколку што ќе направи Скопијата. На вкусот многу нема да внимаваат, па во ајварот најчесто ставаат модри патлиџани за да добие на количина и да и докажи на другата соседка дека направила повеќе од неа. Често кај овие домаќинки, на рафтовите од визбите ќе најдете зимница од претходните години, бидејќи била направена во големи количини и не била многу вкусна. Стрелец Овие домаќинки ретко прават зимници и доклку ги прашате зошто тоа не го прават, ќе добиете едночасовно објаснување во кое ќе се обидат да ве убедат дека зимницате е неисплатлива и дека подобро е да се купи од продавница. Едноставно за жените Стрелци во оваа активност нема доволно доза на авантуризам па не би сакале да го трошат своето драгоцено време за докажување на домаќинлукот. Јарец За Јарците зимницата е обврска и тоа секоја домаќинка треба да го направи. Околу изборот на зимница многу не се замараат. Ќе ја направат онаа која им е наједносатвна и најлесна и околу тоа многу нема да коментираат освен ако не бидат прашани. Количината ја одредуваат самите и за тоа немаат некое посебно објаснување и не се обидувајте да го добиете одговорот, бидејќи во нивната шема тешко некоја соседка може да влезе. Водолија За Водолиите зимниците се само уште една глупост на традицијата. Овие домаќинки, ако може така да се наречат, ретко прават зимница, посебно не некоја која бара многу труд како ајварот. Но сепак доколку се нафатат тоа да го сторат, тоа ќе биде накоја зимница супер модерна надвор од сите традиции и норми, која ниту една соседка не може да ја направи. Најчесто, сите нови зимници кои се појавуваат со чудни имиња и се прават лесно, се измислени од овие иновативни домаќинки. Риби Овие домаќинки не се постојани во изборот, а најчесто тој е диктиран од соседките. Често знаат да ја згрешат зимницата, посебно ајварот, бидејќи безусловно ги прифаќаат советите од соседкте, па така во зависност со која соседка ќе ја почнат зимницата таква и ќе им испадне. Понекогаш може да се случи ајварот да испадне благ или пекмезот солен, само поради тоа што овие домаќинки се оптоварени со мислењето на другите и премногу рассеани, па лесно можат да погрешат околу зачините. Преземено од астромагазин

The post Време е за ајвар – за Девиците кошмар, за Лавиците мегдан appeared first on Република.

]]>
Поради кризата ќе се штеди и на зимница https://republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-krizata-kje-se-shtedi-i-na-zimnica/ Sun, 11 Sep 2022 14:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=549761

Граѓаните оваа есен ќе штедат и на зимница. Велат, поради зголемените трошоци  нејзината подготовка веќе станала луксуз. Најмногу ќе се штеди на правењето ајвар. Поради високите цени на маслото и дрвата,  дел од граѓаните воопшто нема да го прават овој деликатес, други пак,  нема да се откажат од традицијата, но ќе ги намалат количините.

Дека потрошувачката на популарната ајварка е намалена и на пазарите на мало потврдуваат и производителите. Велат,  годинава интересот за неа бил значително послаб, а побарувачката речиси преполовена во однос на претходните години.

Во моментов црвената пиперка ајварка во откупните центри се предава по цена од 20 до 30  денари во зависност од нејзиниот квалитет, додека на пазарите на мало таa се продава помеѓу 30 и 50 денари за килограм.

The post Поради кризата ќе се штеди и на зимница appeared first on Република.

]]>

Граѓаните оваа есен ќе штедат и на зимница. Велат, поради зголемените трошоци  нејзината подготовка веќе станала луксуз. Најмногу ќе се штеди на правењето ајвар. Поради високите цени на маслото и дрвата,  дел од граѓаните воопшто нема да го прават овој деликатес, други пак,  нема да се откажат од традицијата, но ќе ги намалат количините. Дека потрошувачката на популарната ајварка е намалена и на пазарите на мало потврдуваат и производителите. Велат,  годинава интересот за неа бил значително послаб, а побарувачката речиси преполовена во однос на претходните години. Во моментов црвената пиперка ајварка во откупните центри се предава по цена од 20 до 30  денари во зависност од нејзиниот квалитет, додека на пазарите на мало таa се продава помеѓу 30 и 50 денари за килограм.

The post Поради кризата ќе се штеди и на зимница appeared first on Република.

]]>
И ајварот стана луксуз https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-ajvarot-stana-luksuz/ Sun, 07 Aug 2022 16:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=537711

Ајварот годинава ќе биде луксуз. Метар кубен дрва се продава за 4 500 денари, зејтинот скокна на 150 до 170 денари, а неизвесна е и цената на ајварската пиперка, анализира „Сител“. Штипјани за телевизијата велат дека ретко кој ќе може да си дозволи да го приготви овој кулинарски специјалитет.

- Ќе прават некои што имаат, ама не е како порано да има за сите. Сега се прави селекција, кој има, има, а тие што немаат не може ни сега да си купи патлиџани, ако зема пензија 9 000 денари, што ќе направи.

- Не се сите со исти примања. Има некои со мали, а некои со високи примања. Тие што немаат ќе си глеаат само сеир.

- Не, зашто нема пари. Дрвата се качија, се се покачи, што ќе правиме. Земаме колку да прежевееме.

Производителите на пиперки пак тврдат дека родот годинава ќе биде со одличен квалитет, а цените ќе останат приближно како лани.

Ние имаме садено ајварски и јас мислам дека пиперките нема да бидат скапи и нема да има толкава бојазност од цената на пиперките отколку на зејтинот, изјави производител на ајварски пиперки.

Минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа 50, а зејтинот 70 денари.

The post И ајварот стана луксуз appeared first on Република.

]]>

Ајварот годинава ќе биде луксуз. Метар кубен дрва се продава за 4 500 денари, зејтинот скокна на 150 до 170 денари, а неизвесна е и цената на ајварската пиперка, анализира „Сител“. Штипјани за телевизијата велат дека ретко кој ќе може да си дозволи да го приготви овој кулинарски специјалитет.
- Ќе прават некои што имаат, ама не е како порано да има за сите. Сега се прави селекција, кој има, има, а тие што немаат не може ни сега да си купи патлиџани, ако зема пензија 9 000 денари, што ќе направи. - Не се сите со исти примања. Има некои со мали, а некои со високи примања. Тие што немаат ќе си глеаат само сеир. - Не, зашто нема пари. Дрвата се качија, се се покачи, што ќе правиме. Земаме колку да прежевееме.
Производителите на пиперки пак тврдат дека родот годинава ќе биде со одличен квалитет, а цените ќе останат приближно како лани.
Ние имаме садено ајварски и јас мислам дека пиперките нема да бидат скапи и нема да има толкава бојазност од цената на пиперките отколку на зејтинот, изјави производител на ајварски пиперки.
Минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа 50, а зејтинот 70 денари.

The post И ајварот стана луксуз appeared first on Република.

]]>
„Би-би-си“: Ајвар – балканскиот кавијар ги зближува луѓето, а ги „раскарува“ државите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bi-bi-si-ajvar-balkanskiot-kavijar-gi-zblizuva-lugjeto-a-gi-raskaruva-drzavite/ Tue, 19 Apr 2022 11:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=490490

Слично на тоа како се гледа на хумусот во арапскиот свет, така секоја балканска земја и народ тврди дека ајварот потекнува од кај нив.

Како што објави „Би-би-си“, пред само едно десетлетие, Мелиса Хасанспахиќ од источнобосанскиот град Горажде не ни замислувала дека денес ќе води бизнис со производство на храна врз основа на рецепт што го наследила од нејзината мајка. Меѓутоа, денес, животот на популарната „г-ца Ајвар“, како што ја нарекуваат околните жители, се променил кога почнала да го продава својот домашен ајвар во тегли.

Рецептите, сепак, зависат од подрачјето и од готвачот. Некои, на пр., додаваат лук, други – кромид, моркови и домати. Некои избегнуваат оцет, а претпочтаат додавање шеќер. Има и „спор“ околу тоа дали зеленчукот треба да се пече, пржи, вари или да се меле свеж…

Дали ајварот ќе има сладок или зачинет вкус – зависи од видот на пиперката што се користи. Во првиот познат објавен рецепт за ајвар, пронајден во српски готварски прирачник од 19. век, авторката Катарина Поповиќ ги спомнува и пиперките, но и модриот патлиџан. Сепак, во Србија обично прават ајвар само од црвени пиперки, а пак, Македонците обично се тие кои користат и модар патлиџан.

„Жестоките дебати“ за ајварот траат со години, а еден од „најконтроверзните мигови“ беше она кога словенечките медиуми објавија за обидот на словенечка компанија за храна да го заштити името „ајвар“ за германскиот пазар… Потоа, српски производител на ајвар имаше намера да поднесе тужба против македонска компанија за лажно брендирање и продавање на својот производ како „Лесковачки ајвар“ (познат ајвар произведен во градот Лесковац, на југот од Србија) - пишува „Би-Би-Си“.

Слично како бугарскиот документарец од 2003 година – „Чија е оваа песна?“, којшто раскажува за тоа како за една народна песна сите балкански народи тврдат дека е нивна, така и „битката за ајварот“ го отсликува трагикомичниот тесен етноцентризам – инаку доста присутен на Балканот, пишува британскиот медиум.

Некои истражувања посочуваат оти зборот „ајвар“ доаѓа од турскиот збор „havyar“, што значи „кавијар“. Според објаснувањата, овој познат намаз, најверојатно го носи тоа име затоа што, во Белград на крајот на 19. век, пиперките и маслото биле скапи и се сметале за луксуз, па тогашните кафани на своите менија го продавале портокаловиот деликатес како „кавијар од црвена пиперка“.

Зеленчукот денес чини многу помалку, па со тоа и ајварот е многу поевтин и подостапен.

Ајварот е направен од пиперки кои се достапни практично за сите… Лесно се прави и евтино е. Тоа е „кавијарот за сиромашните“! - вели етнологот Слаѓана Рајковиќ од Народниот музеј во Лесковац.

Во текот на есента и зиме, луѓето ширум Балканот се собираат на панаѓури и одржуваат натпревари во правење ајвар за да го прослават ова сега веќе и светски познато јадење.

Можеме да му покажеме на светот која е балканската сила ако можеме да добиеме тренд на #ајвар - порача неодмна босанскиот писател Александар Хемон на Твитер објавувајќи слика од тегли со различни видови ајвар од целиот Балкански полуостров.

Хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ напиша и духовита песна за обидот да се „прошверцува“ тегла ајвар во Европската Унија, која има строги правила за увоз на храна, а пак, во неодамнешната српска љубовна драма „Ајвар“ се раскажуваа за српски брачен пар кој живее во Шведска… Во овој филм, ајварот ги симболизира семејството, љубовта и носталгијата, па во воведот се вели дека ајварот „обично се наоѓа во куферите на српските емигранти“.

Токму поради балканските иселеници, во Скандинавија, но и ширум Европа, ајварот стана хит во супермаркетите и кујните. Зборот „ајвар“ веќе е внесен во шведскиот и данскиот речник, каде што генерално се дефинира како „намаз од пиперка со балканско потекло“.

Освен што е традиционална храна, ајварот, се чини, има светла иднина и во постоечките светски трендови. Погоден е за вегетаријанци и вегани и не содржи глутен, па бројни страници за веганска храна и патувања, наголемо им го препорачуваат на своите следачи.

Препознавајќи го тоа, хрватската прехранбена компанија „Подравка“, на пр., го брендира својот ајвар како вегански производ, а посетителите на Белград можат да пробаат ајвар и така да научат за културата и историјата на овој производ.

Во македонскиот главен град, Скопје, како што наведува „Би-би-си“, компанијата „Skopje Walking Tours“ ќе користи сличен концепт нудејќи прилагодени тури за вегетаријанска и веганска исхрана коишто вклучуваат пробување на ајвар.

Неколку месеци пред пандемијата дојдов на идеја да почнам да правам „ајвар-тури“. Со семејството подготвувавме ајвар во нашиот двор и им реков дека ќе биде прекрасна идеја да бидеме домаќини на туристи следната година, кои би сакале да им се покаже целиот процес. Но, потоа изби Ковид-19 - вели Елена Митковска, основачка на компанијата

Митковска се надева дека оваа есен ќе може да почне со своите туристички едукативни „ајвар-тури“ – целодневна програма која ќе им овозможи на гостите да учествуваат во целиот процес на правење ајвар, од чистење на пиперките и готвење до уживањето во семејната вечера на крајот.

Низ годините сфатив дека луѓето бараат доживување во коешто ќе можат да имаат личен допир со тукашната култура. А, тука нема ништо „полокално“ и потрадиционално од правење ајвар дома - додава Митковска.

Судејќи според досегашните реакции на посетителите, Митковска смета дека нејзините „ајвар-тури“ ќе бидат успешен новитет. Затоа, и таа, како и многу луѓе на Балканот, едвај чека да дојде есента.

The post „Би-би-си“: Ајвар – балканскиот кавијар ги зближува луѓето, а ги „раскарува“ државите appeared first on Република.

]]>

Слично на тоа како се гледа на хумусот во арапскиот свет, така секоја балканска земја и народ тврди дека ајварот потекнува од кај нив. Како што објави „Би-би-си“, пред само едно десетлетие, Мелиса Хасанспахиќ од источнобосанскиот град Горажде не ни замислувала дека денес ќе води бизнис со производство на храна врз основа на рецепт што го наследила од нејзината мајка. Меѓутоа, денес, животот на популарната „г-ца Ајвар“, како што ја нарекуваат околните жители, се променил кога почнала да го продава својот домашен ајвар во тегли. Рецептите, сепак, зависат од подрачјето и од готвачот. Некои, на пр., додаваат лук, други – кромид, моркови и домати. Некои избегнуваат оцет, а претпочтаат додавање шеќер. Има и „спор“ околу тоа дали зеленчукот треба да се пече, пржи, вари или да се меле свеж… Дали ајварот ќе има сладок или зачинет вкус – зависи од видот на пиперката што се користи. Во првиот познат објавен рецепт за ајвар, пронајден во српски готварски прирачник од 19. век, авторката Катарина Поповиќ ги спомнува и пиперките, но и модриот патлиџан. Сепак, во Србија обично прават ајвар само од црвени пиперки, а пак, Македонците обично се тие кои користат и модар патлиџан.
„Жестоките дебати“ за ајварот траат со години, а еден од „најконтроверзните мигови“ беше она кога словенечките медиуми објавија за обидот на словенечка компанија за храна да го заштити името „ајвар“ за германскиот пазар… Потоа, српски производител на ајвар имаше намера да поднесе тужба против македонска компанија за лажно брендирање и продавање на својот производ како „Лесковачки ајвар“ (познат ајвар произведен во градот Лесковац, на југот од Србија) - пишува „Би-Би-Си“.
Слично како бугарскиот документарец од 2003 година – „Чија е оваа песна?“, којшто раскажува за тоа како за една народна песна сите балкански народи тврдат дека е нивна, така и „битката за ајварот“ го отсликува трагикомичниот тесен етноцентризам – инаку доста присутен на Балканот, пишува британскиот медиум. Некои истражувања посочуваат оти зборот „ајвар“ доаѓа од турскиот збор „havyar“, што значи „кавијар“. Според објаснувањата, овој познат намаз, најверојатно го носи тоа име затоа што, во Белград на крајот на 19. век, пиперките и маслото биле скапи и се сметале за луксуз, па тогашните кафани на своите менија го продавале портокаловиот деликатес како „кавијар од црвена пиперка“. Зеленчукот денес чини многу помалку, па со тоа и ајварот е многу поевтин и подостапен.
Ајварот е направен од пиперки кои се достапни практично за сите… Лесно се прави и евтино е. Тоа е „кавијарот за сиромашните“! - вели етнологот Слаѓана Рајковиќ од Народниот музеј во Лесковац.
Во текот на есента и зиме, луѓето ширум Балканот се собираат на панаѓури и одржуваат натпревари во правење ајвар за да го прослават ова сега веќе и светски познато јадење.
Можеме да му покажеме на светот која е балканската сила ако можеме да добиеме тренд на #ајвар - порача неодмна босанскиот писател Александар Хемон на Твитер објавувајќи слика од тегли со различни видови ајвар од целиот Балкански полуостров.
Хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ напиша и духовита песна за обидот да се „прошверцува“ тегла ајвар во Европската Унија, која има строги правила за увоз на храна, а пак, во неодамнешната српска љубовна драма „Ајвар“ се раскажуваа за српски брачен пар кој живее во Шведска… Во овој филм, ајварот ги симболизира семејството, љубовта и носталгијата, па во воведот се вели дека ајварот „обично се наоѓа во куферите на српските емигранти“. Токму поради балканските иселеници, во Скандинавија, но и ширум Европа, ајварот стана хит во супермаркетите и кујните. Зборот „ајвар“ веќе е внесен во шведскиот и данскиот речник, каде што генерално се дефинира како „намаз од пиперка со балканско потекло“. Освен што е традиционална храна, ајварот, се чини, има светла иднина и во постоечките светски трендови. Погоден е за вегетаријанци и вегани и не содржи глутен, па бројни страници за веганска храна и патувања, наголемо им го препорачуваат на своите следачи. Препознавајќи го тоа, хрватската прехранбена компанија „Подравка“, на пр., го брендира својот ајвар како вегански производ, а посетителите на Белград можат да пробаат ајвар и така да научат за културата и историјата на овој производ. Во македонскиот главен град, Скопје, како што наведува „Би-би-си“, компанијата „Skopje Walking Tours“ ќе користи сличен концепт нудејќи прилагодени тури за вегетаријанска и веганска исхрана коишто вклучуваат пробување на ајвар.
Неколку месеци пред пандемијата дојдов на идеја да почнам да правам „ајвар-тури“. Со семејството подготвувавме ајвар во нашиот двор и им реков дека ќе биде прекрасна идеја да бидеме домаќини на туристи следната година, кои би сакале да им се покаже целиот процес. Но, потоа изби Ковид-19 - вели Елена Митковска, основачка на компанијата
Митковска се надева дека оваа есен ќе може да почне со своите туристички едукативни „ајвар-тури“ – целодневна програма која ќе им овозможи на гостите да учествуваат во целиот процес на правење ајвар, од чистење на пиперките и готвење до уживањето во семејната вечера на крајот.
Низ годините сфатив дека луѓето бараат доживување во коешто ќе можат да имаат личен допир со тукашната култура. А, тука нема ништо „полокално“ и потрадиционално од правење ајвар дома - додава Митковска.
Судејќи според досегашните реакции на посетителите, Митковска смета дека нејзините „ајвар-тури“ ќе бидат успешен новитет. Затоа, и таа, како и многу луѓе на Балканот, едвај чека да дојде есента.

The post „Би-би-си“: Ајвар – балканскиот кавијар ги зближува луѓето, а ги „раскарува“ државите appeared first on Република.

]]>