африканска свинска чума Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanska-svinska-chuma/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 08:07:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png африканска свинска чума Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanska-svinska-chuma/ 32 32 Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-kichevsko-otkriena-afrikanska-svinska-chuma-kaj-divi-svini/ Thu, 16 Nov 2023 08:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=702014

Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информира дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е африканска свинска чума.

Во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума.

Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов.

Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.

The post Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи appeared first on Република.

]]>

Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информира дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е африканска свинска чума.
Во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума. Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов. Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.

The post Во кичевско откриена африканска свинска чума кај диви свињи appeared first on Република.

]]>
Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesena-e-merka-za-zasilen-otstrel-na-divite-svinji-za-zapiranje-na-afrikanskata-svinska-chuma/ Sat, 03 Sep 2022 14:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=547123

Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта на африканска свинска чума.

Министерството за земјоделство донесе решени за засилен отстрел на дивите свињи со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума која главно се шири преку дивечот кој слободно се шета и ја пренесува болеста. Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест. Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи кое целосно го задоволува домашниот пазар а кое сега е под сериозна закана од дивечот но и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови откако се фатија два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ со коли се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста.

Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита. Болеста која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче Делчевско за потоа по пауза од половина година повторно да се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина. Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се убиени 2153 свињи од неколку села а се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата. Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.

The post Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта на африканска свинска чума. Министерството за земјоделство донесе решени за засилен отстрел на дивите свињи со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума која главно се шири преку дивечот кој слободно се шета и ја пренесува болеста. Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест. Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи кое целосно го задоволува домашниот пазар а кое сега е под сериозна закана од дивечот но и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови откако се фатија два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ со коли се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста. Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита. Болеста која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче Делчевско за потоа по пауза од половина година повторно да се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина. Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се убиени 2153 свињи од неколку села а се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата. Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.

The post Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>
Допрва ќе се формира Координативно тело за меѓуинституционална соработка во справувањето со африканската чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/doprva-kje-se-formira-koordinativno-telo-za-megjuinstitucionalna-sorabotka-vo-spravuvanjeto-so-afrikanskata-chuma/ Tue, 16 Aug 2022 17:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=541053

На денешната седница на Владата донесена е одлука за Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање мерки за справување со африканската чума кај свињите.

-Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за состојбата за појавата и ширењето на африканската чума кај свињите и усвои Одлука и решение за формирање на Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, се вели во соопштението од Владата.

Надлежните институции, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, беа задолжени, а на Заедницата на единиците за локална самоуправа им беше препорачано да ги спроведуваат сите мерки за справување со африканската чума кај свињите.

The post Допрва ќе се формира Координативно тело за меѓуинституционална соработка во справувањето со африканската чума appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата донесена е одлука за Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање мерки за справување со африканската чума кај свињите.
-Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за состојбата за појавата и ширењето на африканската чума кај свињите и усвои Одлука и решение за формирање на Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, се вели во соопштението од Владата.
Надлежните институции, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, беа задолжени, а на Заедницата на единиците за локална самоуправа им беше препорачано да ги спроведуваат сите мерки за справување со африканската чума кај свињите.

The post Допрва ќе се формира Координативно тело за меѓуинституционална соработка во справувањето со африканската чума appeared first on Република.

]]>
Од 1 септември започнува ловот на дивите свињи за сузбивање на африканска свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-septemvri-zapochnuva-lovot-na-divite-svinji-za-suzbivanje-na-afrikanska-svinska-chuma/ Tue, 16 Aug 2022 17:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=541041

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ. Ловната сезона започнува на 1. септември на сите ловиштата на територија на државата освен во ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево.

Одобрувањето на  почеток на лов на диви свињи е една од мерките за спречување на ширењето на болеста Африканска свинска чума, која сериозно го загрозува свињарскиот сектор. Ваквата одлука беше донесена врз основа на координативните состаноци помеѓу министерството, АХВ и сите релевантни страни засегнати од опасноста од ширење на оваа болест.

Согласно Законот за ловство, дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес на државата ужива посебна заштита и подлежи на законски мерки во случај на појава и ширење на заразни болести.

Концесионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП„Национални шуми“  - Скопје како привремени управувачи на ловиштата без концесионер, потребно е да го прилагодат своето работење согласно одредбата од донесеното Решение за одобрување на лов.

Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина, а застеланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место обележано од страна на Концесионерите на дивечот во ловиштата. Исто така, се задолжуваат Концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи и да ги превземат сите мерки пред почетокот на ловот кој согласно денешното Решение ќе започне на 1 септември.

МЗШВ континуирано ја следи состојбата со болеста Африканска свинска чума и во координација со АХВ и другите институции превзема навремени мерки. На иницијатива на министерот Николовски беше предложено итно формирање на Координативно тело како една од мерките за мониторинг и спречување на болеста Африканска свинска чума. Ова Координативно тело активно ќе ја следи состојбата и ќе дава идни препораки за потреба од превземање на дополнителни мерки.

The post Од 1 септември започнува ловот на дивите свињи за сузбивање на африканска свинска чума appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ. Ловната сезона започнува на 1. септември на сите ловиштата на територија на државата освен во ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево.

Одобрувањето на  почеток на лов на диви свињи е една од мерките за спречување на ширењето на болеста Африканска свинска чума, која сериозно го загрозува свињарскиот сектор. Ваквата одлука беше донесена врз основа на координативните состаноци помеѓу министерството, АХВ и сите релевантни страни засегнати од опасноста од ширење на оваа болест.

Согласно Законот за ловство, дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес на државата ужива посебна заштита и подлежи на законски мерки во случај на појава и ширење на заразни болести.

Концесионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП„Национални шуми“  - Скопје како привремени управувачи на ловиштата без концесионер, потребно е да го прилагодат своето работење согласно одредбата од донесеното Решение за одобрување на лов.

Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина, а застеланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место обележано од страна на Концесионерите на дивечот во ловиштата. Исто така, се задолжуваат Концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи и да ги превземат сите мерки пред почетокот на ловот кој согласно денешното Решение ќе започне на 1 септември.

МЗШВ континуирано ја следи состојбата со болеста Африканска свинска чума и во координација со АХВ и другите институции превзема навремени мерки. На иницијатива на министерот Николовски беше предложено итно формирање на Координативно тело како една од мерките за мониторинг и спречување на болеста Африканска свинска чума. Ова Координативно тело активно ќе ја следи состојбата и ќе дава идни препораки за потреба од превземање на дополнителни мерки.

The post Од 1 септември започнува ловот на дивите свињи за сузбивање на африканска свинска чума appeared first on Република.

]]>
Доцнат мерките за справување со свинската чума, се заканува уништување на свињарството https://republika.mk/vesti/ekonomija/docnat-merkite-za-spravuvanje-so-svinskata-chuma-se-zakanuva-unishtuvanje-na-svinjarstvoto/ Thu, 11 Aug 2022 17:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=539242

Африканската свинска чума зема замав во државата, а власта допрва донела заклучок да се формира координативно тело за справување со последиците. Каква неспособност!!!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-дпмне.

Додека медиумите пренесуваат дека африканската свинска чума се шири, власта, ресорното министерство и АХВ да реагираат навремено се со цел превентивни мерки допрва ќе се координираат и ќе потрошат дополнително време.

Чиста глупост!!!!

Бидејќи очигледно е дека не знаат како да се справат со настанатата ситуација, им понудив помош, но не ја прифатија. Па еве ќе им порачам нема потреба од страв, вие само прифатете ја понудената рака ние од ВМРО-ДПМНЕ нема збор да кажеме дека сте неспособни и неодговорни.

Мораме да ги заштитиме нашите големи и средни свињарски капацитети и да ги намалиме загубите за кои нагласуваме дека сигурно следат и долгорочно ќе ја изместат патеката на развојот на свињарскиот сектор во Република Македонија.

Директорот Бабовски сериозно ја третираат заканата кон свињарскиот сектор и дали требаше институцијата да се прозива јавно за денес тој да се појави на работа?

Предупредувам дека оваа болест исклучително сериозна болест и бара системски приод и имплементирање на сет мерки за да се ублажат последиците од неа.

Стотици илјади евра се потрошија во несериозни мерки како што се клиничките прегледи на одгледувалиштата на свињи извршени од страна на надлежните ветеринарни друштва кои не дадоа никаков резултат освен непотребно трошење на буџетски средства.

Само за потсетување: кога болеста стана регионален проблем во 2018 година силно укажавме дека не е прашање дали ќе ни се случи болестa туку е прашање кога ќе ни случи и со колкави последици ќе излеземе од истата.

Имено, апелирам на посоодветен пристап од надлежните, загрозен е свињарскиот сектор, овде мора да се реагира најбрзо што може, пишува Трипуновски во својата објава.

The post Доцнат мерките за справување со свинската чума, се заканува уништување на свињарството appeared first on Република.

]]>

Африканската свинска чума зема замав во државата, а власта допрва донела заклучок да се формира координативно тело за справување со последиците. Каква неспособност!!!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-дпмне. Додека медиумите пренесуваат дека африканската свинска чума се шири, власта, ресорното министерство и АХВ да реагираат навремено се со цел превентивни мерки допрва ќе се координираат и ќе потрошат дополнително време. Чиста глупост!!!! Бидејќи очигледно е дека не знаат како да се справат со настанатата ситуација, им понудив помош, но не ја прифатија. Па еве ќе им порачам нема потреба од страв, вие само прифатете ја понудената рака ние од ВМРО-ДПМНЕ нема збор да кажеме дека сте неспособни и неодговорни. Мораме да ги заштитиме нашите големи и средни свињарски капацитети и да ги намалиме загубите за кои нагласуваме дека сигурно следат и долгорочно ќе ја изместат патеката на развојот на свињарскиот сектор во Република Македонија. Директорот Бабовски сериозно ја третираат заканата кон свињарскиот сектор и дали требаше институцијата да се прозива јавно за денес тој да се појави на работа? Предупредувам дека оваа болест исклучително сериозна болест и бара системски приод и имплементирање на сет мерки за да се ублажат последиците од неа. Стотици илјади евра се потрошија во несериозни мерки како што се клиничките прегледи на одгледувалиштата на свињи извршени од страна на надлежните ветеринарни друштва кои не дадоа никаков резултат освен непотребно трошење на буџетски средства. Само за потсетување: кога болеста стана регионален проблем во 2018 година силно укажавме дека не е прашање дали ќе ни се случи болестa туку е прашање кога ќе ни случи и со колкави последици ќе излеземе од истата. Имено, апелирам на посоодветен пристап од надлежните, загрозен е свињарскиот сектор, овде мора да се реагира најбрзо што може, пишува Трипуновски во својата објава.

The post Доцнат мерките за справување со свинската чума, се заканува уништување на свињарството appeared first on Република.

]]>
Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско https://republika.mk/vesti/ekonomija/afrikanska-svinska-chuma-kaj-divi-svinji-vo-delchevsko/ Fri, 18 Mar 2022 09:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=474829

Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско регистрираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА информираат дека станува збор за мостри од отстрелани диви свињи пронајдени во реонот на делчевското село Драмче.

– Мострите се пронајдени во рамки на акцијата за засилен отстрел, кој согласно последното Решение за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите кое го донесе АХВ, а од страна на ловните друштва ќе се спроведува до крајот на овој месец, посочија од АХВ.

Потенцираат дека имајќи предвид дека претходно во Делчевско беше пронајдена африканска чума и кај домашните свињи, на сила остануваат мерките за спроведување на засилен пасивен надзор на болеста на целата територија на земјава, односно на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата.

– Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат оданализата за утврдување на присуство на вирусот, посочија од Агенцијата за хтана и ветеринарство.

Во текот на ловот од АХВ напоменаа дека мора да се почитуваат биосигурносните мерки при лов, обработката на месото од застреланите диви свињи треба да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите. Одгледувачите на свињи пак како што додаваат треба задолжително да ја следат здравствената состојба на свињите во фармите и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво.

– Големите фарми и понатаму имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. На сила останува забраната за прихранување на диви свињи, освен за намамување за отстрел, како и работата на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи, додадоа од АХВ.

Согласно Решението, одгледувачите мора да ја почитуваат и забраната за чување на свињи на отворено, како и за колење на свињи во домашни услови.

– Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април треба да воспостават високи биосигурносни стандарди, односно доколку истите не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите, додадоа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во однос на тоа кога повторно ќе може да се одгледуваат домашни свињи на местата каде беше извршена депопулација, од АХВ велат дека повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик.

– Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот, посочија од АХВ.

Со решението од 04.03.2022 година, АХВ ги укина заштитната (3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во делчевското село Драмче, каде успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

Во однос на исплатата на сточарите за одземените и убиени животни во рамки на донесените мерки за ерадикација и депопулација, од АХВ информираа дека ги разгледува поднесените барања и тие ќе бидат исплатени во најбрз рок.

The post Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско appeared first on Република.

]]>

Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско регистрираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА информираат дека станува збор за мостри од отстрелани диви свињи пронајдени во реонот на делчевското село Драмче. – Мострите се пронајдени во рамки на акцијата за засилен отстрел, кој согласно последното Решение за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите кое го донесе АХВ, а од страна на ловните друштва ќе се спроведува до крајот на овој месец, посочија од АХВ. Потенцираат дека имајќи предвид дека претходно во Делчевско беше пронајдена африканска чума и кај домашните свињи, на сила остануваат мерките за спроведување на засилен пасивен надзор на болеста на целата територија на земјава, односно на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата. – Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите. За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат оданализата за утврдување на присуство на вирусот, посочија од Агенцијата за хтана и ветеринарство. Во текот на ловот од АХВ напоменаа дека мора да се почитуваат биосигурносните мерки при лов, обработката на месото од застреланите диви свињи треба да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите. Одгледувачите на свињи пак како што додаваат треба задолжително да ја следат здравствената состојба на свињите во фармите и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво. – Големите фарми и понатаму имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. На сила останува забраната за прихранување на диви свињи, освен за намамување за отстрел, како и работата на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи, додадоа од АХВ. Согласно Решението, одгледувачите мора да ја почитуваат и забраната за чување на свињи на отворено, како и за колење на свињи во домашни услови. – Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април треба да воспостават високи биосигурносни стандарди, односно доколку истите не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите, додадоа од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во однос на тоа кога повторно ќе може да се одгледуваат домашни свињи на местата каде беше извршена депопулација, од АХВ велат дека повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. – Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот, посочија од АХВ. Со решението од 04.03.2022 година, АХВ ги укина заштитната (3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во делчевското село Драмче, каде успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија. Во однос на исплатата на сточарите за одземените и убиени животни во рамки на донесените мерки за ерадикација и депопулација, од АХВ информираа дека ги разгледува поднесените барања и тие ќе бидат исплатени во најбрз рок.

The post Четири позитивни резултати на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско appeared first on Република.

]]>
Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска https://republika.mk/vesti/ekonomija/so-afrikanskata-svinska-chuma-kje-se-spravuvame-zaedno-so-veterinarnite-sluzbi-na-srbija-i-hrvatska/ Tue, 18 Jan 2022 08:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=446119

Делегации од ветеринарните служби и институции од Србија и Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во нашата држава. Ќе се разговара и за работи од интерес за ветеринарната медицина и продлабочување на соработката помеѓу ветеринарните институции во регионот - информираат од Ветеринарната комора.

Оттаму најавуваат дека ќе потпишат договор за соработка со Здружението на ветеринари практичари на Србија со кој се продлабочува соработката во делот на континуираната едукација на докторите по ветеринарна медицина од клиничката пракса.

Во посета на Ветеринарната комора ќе бидат д-р Иван Земљак, претседател на Хрватската ветеринарна комора, и д-р Анѓелко Гашпар, стручен секратар на ХВК, како и д-р Мишо Коларевиќ, претседател на Ветеринарната комора на Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево, д-р Милош Петровиќм директор на Ветеринарниот институт Ниш, д-р Весна Ѓорѓевиќ, директор на Институт за месо Белград, д-р Никола Милутиновиќ, директор на Ветеринарно-сточарскиот институт Шабац и д-р Бојан Блонд, претседател на Здружението на ветеринари практичари на Република Србија.

The post Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>

Делегации од ветеринарните служби и институции од Србија и Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Македонија.
Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во нашата држава. Ќе се разговара и за работи од интерес за ветеринарната медицина и продлабочување на соработката помеѓу ветеринарните институции во регионот - информираат од Ветеринарната комора.
Оттаму најавуваат дека ќе потпишат договор за соработка со Здружението на ветеринари практичари на Србија со кој се продлабочува соработката во делот на континуираната едукација на докторите по ветеринарна медицина од клиничката пракса. Во посета на Ветеринарната комора ќе бидат д-р Иван Земљак, претседател на Хрватската ветеринарна комора, и д-р Анѓелко Гашпар, стручен секратар на ХВК, како и д-р Мишо Коларевиќ, претседател на Ветеринарната комора на Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево, д-р Милош Петровиќм директор на Ветеринарниот институт Ниш, д-р Весна Ѓорѓевиќ, директор на Институт за месо Белград, д-р Никола Милутиновиќ, директор на Ветеринарно-сточарскиот институт Шабац и д-р Бојан Блонд, претседател на Здружението на ветеринари практичари на Република Србија.

The post Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>
Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/farmerite-kje-bidat-obeshteteni-za-afrikanskata-svinska-chuma/ Tue, 11 Jan 2022 18:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=443324

Евтаназија и за свињите на 10 километери од утврдените жаришта со афиканска свинска чума. Само за разлика од оние што се наоѓаат во непосредна близина здравите животни нема да завршат во специјално определниот простор на градската депонија во Делчево, туку во кланица.

Таму ќе оди свинскиот фонд од околу 1000 свињи од општините Делчево и Македонска Каменица. Фармерите чии животни ќе завршат на депонија ќе бидат обештетени од државата. Од институциите апелираат тие да бидат совесни за да се запре ширењето на болеста.

Агенцијата за храна и ветринарство се уште ги чека анализите од референтната ЕУ лабараторија за причинтелот на заразата. Сомнежот е дека станува збор за дива свиња, но мора да постои лабараториска потврда бидејќи болеста за прв пат се појавува во државата.

Дивата свиња е најчест преносител на африканската свинска чума, бидејќи овие животни лесно се движат во просторот, а заболувањето иако не во епидемиски размери се уште е присутно кај нашиот источен сосед. Засега само Црна гора од земјите во регионот поради африканската свинска чума забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи од Македонија и некои делови на Србија.

The post Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Евтаназија и за свињите на 10 километери од утврдените жаришта со афиканска свинска чума. Само за разлика од оние што се наоѓаат во непосредна близина здравите животни нема да завршат во специјално определниот простор на градската депонија во Делчево, туку во кланица. Таму ќе оди свинскиот фонд од околу 1000 свињи од општините Делчево и Македонска Каменица. Фармерите чии животни ќе завршат на депонија ќе бидат обештетени од државата. Од институциите апелираат тие да бидат совесни за да се запре ширењето на болеста. Агенцијата за храна и ветринарство се уште ги чека анализите од референтната ЕУ лабараторија за причинтелот на заразата. Сомнежот е дека станува збор за дива свиња, но мора да постои лабараториска потврда бидејќи болеста за прв пат се појавува во државата. Дивата свиња е најчест преносител на африканската свинска чума, бидејќи овие животни лесно се движат во просторот, а заболувањето иако не во епидемиски размери се уште е присутно кај нашиот источен сосед. Засега само Црна гора од земјите во регионот поради африканската свинска чума забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи од Македонија и некои делови на Србија.

The post Фармерите ќе бидат обештетени за африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>
Угинати 14 свињи, потврден прв случај на Африканска свинска чума во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/uginati-14-svinji-potvrden-prv-sluchaj-na-afrikanska-svinska-chuma-vo-zemjava/ Sat, 08 Jan 2022 16:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=441989

Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.

-Директорот на АХВ Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

На целата територија на Република Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месцов ќе се спроведе и вонреден попис на свињите и клинички преглед во огледувалиштата.

Во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип каде целосно е забранет ловот (за сите видови на дивеч), ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска согласно донесеното решение да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање на мостри од истите и нештено отстранување на угинатите диви свињи. Пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари.

Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва, од вчерра се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение. Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.

Со цел уништување на вирусот, во овие одгледувалишта извршена е и темелна дезинфекција на просторот и опремата, преземени се и мерки за нештетно отстранување на свежо месо, подготовки од месо и производи од месо кои се затекнати во фрижидерите во домаќинствата во чии одгледувалишта е потврдено присуството на болеста. Во заштитната зона со радиус од 3 километри околу потврдените жариштa, вкучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, се спроведува попис и клинички преглед на сите одгледувалишта, а воведена е и забрана за движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од оваа зона. За утврдување на можниот извор на заразата во одгледувалитата од заштитната зона ќе се изврши и епидемиолошко испитување како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи од кои ќе се земаат мостри за лабораториско испитување. За одгледувачите на сила е и мерката за задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста и на угинување на животни.

Во зоната под надзор (во радиус од 10 километри околу жариштата каде болеста е потврдена), а која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Иливо, се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Таму наредени се мерки за следење на состојбата и за спроведување на засилени биосигурносни мерки на фармите, а засилени ќе бидат и контролите, соопштија од АХВ.

The post Угинати 14 свињи, потврден прв случај на Африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>

Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. -Директорот на АХВ Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија. На целата територија на Република Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месцов ќе се спроведе и вонреден попис на свињите и клинички преглед во огледувалиштата. Во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип каде целосно е забранет ловот (за сите видови на дивеч), ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска согласно донесеното решение да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање на мостри од истите и нештено отстранување на угинатите диви свињи. Пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари. Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва, од вчерра се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение. Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани. Со цел уништување на вирусот, во овие одгледувалишта извршена е и темелна дезинфекција на просторот и опремата, преземени се и мерки за нештетно отстранување на свежо месо, подготовки од месо и производи од месо кои се затекнати во фрижидерите во домаќинствата во чии одгледувалишта е потврдено присуството на болеста. Во заштитната зона со радиус од 3 километри околу потврдените жариштa, вкучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, се спроведува попис и клинички преглед на сите одгледувалишта, а воведена е и забрана за движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од оваа зона. За утврдување на можниот извор на заразата во одгледувалитата од заштитната зона ќе се изврши и епидемиолошко испитување како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи од кои ќе се земаат мостри за лабораториско испитување. За одгледувачите на сила е и мерката за задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста и на угинување на животни.
Во зоната под надзор (во радиус од 10 километри околу жариштата каде болеста е потврдена), а која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Иливо, се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица. Таму наредени се мерки за следење на состојбата и за спроведување на засилени биосигурносни мерки на фармите, а засилени ќе бидат и контролите, соопштија од АХВ.

The post Угинати 14 свињи, потврден прв случај на Африканска свинска чума во земјава appeared first on Република.

]]>