5Г Archives - Република https://republika.mk/tema/5g/ За подобро да се разбереме Sat, 28 May 2022 06:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 5Г Archives - Република https://republika.mk/tema/5g/ 32 32 Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г https://republika.mk/vesti/ekonomija/tri-domashni-kompanii-iskazale-interes-za-uchestvo-na-noviot-tender-na-aek-za-5g/ Sat, 28 May 2022 07:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=507880

Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање.

АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.

По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаа Писма за искажување интерес од следниве заинтересирани страни: Неотел-за Одобренија: В41, В44, В45 и В46, А1 Македонија- за Одобренија: А3 и В2 и Македонски Телеком-за Одобренија: А2 и В3. Во прилог на Писмата за искажување на интерес, заинтересираните страни доставија и предлози и коментари по однос на јавната расправа за Намерата, објавија од АЕК.

На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.

Со намерата од 1 јуни лани надоместите за фрекфенцискиот опсег од 700 MHz А1 и Б1, кои се однесуваат на нов оператор, се зголемени од три милиони евра на 5,25 милиони евра, односно од 1,5 милиони евра на 2,9 милиони евра.

Во пресрет на претходниот тендер писма за интерес за учество по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија.

Тогаш Неотел достави писмо со интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле-за одобренија А1 и В1, А1 Македонија- за одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком-за Одобренија: В2, А2 и/или А3.

Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352. Последната анкета на АЕК покажува дека најголем дел од корисниците на мобилната телефонија или 96,3 проценти имаат паметни телефони, додека мобилен интернет користат 91,6 проценти. Три четвртини од корисниците користат апликации за гледање видео клипови или филмови, додека приближно 99 проценти или речиси сите корисници кои користат мобилен интернет, користат апликации за комуникација. Најчесто користени апликации за комуникација се Viber (97 проценти од корисниците) и Facebook Messenger (96 проценти од корисниците).

The post Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г appeared first on Република.

]]>

Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање. АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.
По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаа Писма за искажување интерес од следниве заинтересирани страни: Неотел-за Одобренија: В41, В44, В45 и В46, А1 Македонија- за Одобренија: А3 и В2 и Македонски Телеком-за Одобренија: А2 и В3. Во прилог на Писмата за искажување на интерес, заинтересираните страни доставија и предлози и коментари по однос на јавната расправа за Намерата, објавија од АЕК.
На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот. Со намерата од 1 јуни лани надоместите за фрекфенцискиот опсег од 700 MHz А1 и Б1, кои се однесуваат на нов оператор, се зголемени од три милиони евра на 5,25 милиони евра, односно од 1,5 милиони евра на 2,9 милиони евра. Во пресрет на претходниот тендер писма за интерес за учество по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија. Тогаш Неотел достави писмо со интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле-за одобренија А1 и В1, А1 Македонија- за одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком-за Одобренија: В2, А2 и/или А3. Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352. Последната анкета на АЕК покажува дека најголем дел од корисниците на мобилната телефонија или 96,3 проценти имаат паметни телефони, додека мобилен интернет користат 91,6 проценти. Три четвртини од корисниците користат апликации за гледање видео клипови или филмови, додека приближно 99 проценти или речиси сите корисници кои користат мобилен интернет, користат апликации за комуникација. Најчесто користени апликации за комуникација се Viber (97 проценти од корисниците) и Facebook Messenger (96 проценти од корисниците).

The post Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г appeared first on Република.

]]>
Годинава ќе добиеме 5Г-услуги и нов мрежен мобилен оператор https://republika.mk/vesti/ekonomija/godinava-kje-dobieme-5g-uslugi-i-nov-mrezen-mobilen-operator/ Sat, 01 Jan 2022 09:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=439173

Според најавите на надлежните институции за годинава, новина на пазарот за електронски комуникации, треба да овозможи планираното нудење услуги од петтата мобилна генерација 5Г.

Јавното отворање на понудите од тековниот тендер за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г е закажано за 5 јануари, а во рок од седум дена треба да се донесе одлуката за избор на понудувачи што ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање.

Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г, по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите „Неотел“, „Битстрим мобиле“, „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постојните одобренија за користење радиофреквенции да обезбедат покриеност, во согласност со Националниот оперативен бродбенд-план.

The post Годинава ќе добиеме 5Г-услуги и нов мрежен мобилен оператор appeared first on Република.

]]>

Според најавите на надлежните институции за годинава, новина на пазарот за електронски комуникации, треба да овозможи планираното нудење услуги од петтата мобилна генерација 5Г. Јавното отворање на понудите од тековниот тендер за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г е закажано за 5 јануари, а во рок од седум дена треба да се донесе одлуката за избор на понудувачи што ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање. Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофреквенции за 5Г, по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите „Неотел“, „Битстрим мобиле“, „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“. Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постојните одобренија за користење радиофреквенции да обезбедат покриеност, во согласност со Националниот оперативен бродбенд-план.

The post Годинава ќе добиеме 5Г-услуги и нов мрежен мобилен оператор appeared first on Република.

]]>