50 издание Archives - Република https://republika.mk/tema/50-izdanie/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 07:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 50 издание Archives - Република https://republika.mk/tema/50-izdanie/ 32 32 Културниот симбол „Мајски оперски вечери“ годинава одбележува 50 години постоење https://republika.mk/vesti/kultura/kulturniot-simbol-majski-operski-vecheri-godinava-odbelezuva-50-godini-postoenje/ Wed, 27 Apr 2022 07:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=494116

Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење.

Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност.
На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата.

50 „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“ 2022
9-31 мај 2022 / Национална опера и балет

 

This image has an empty alt attribute; its file name is majski-operski-veceri.jpg

ПРОГРАМА / PROGRAMME
9.5.2022 – 20.00
Свечено отворање / Official opening
ПРЕМИЕРА / PREMIERE
НОРМА – Винченцо Белини
NORMA – Vincenzo Bellini
11.5.2022 – 20.00
НОРМА – Винченцо Белини
NORMA – Vincenzo Bellini
ОФФ ПРОГРАМА / OFF PROGRAM
14.5.2022 – 20.00
ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН (балетска претстава)
THE LADIES OF AVIGNON (ballet performance)
18.5.2022 – 20.00
ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР – Гаетано Доницети
LUCIA DI LAMMERMOOR – Gaetano Donizetti
21.5.2022 – 20.00
ЖИЗЕЛ – Адолф Адам (балет)
GISELLE – Adolph Adam (ballet)
26.5.2022 – 20.00
ТУРАНДОТ – Џакомо Пучини
TURANDOT – Giacomo Puccini
31.5.2022 – 20.00
АИДА – Џузепе Верди
AIDA – Giuseppe Verdi

The post Културниот симбол „Мајски оперски вечери“ годинава одбележува 50 години постоење appeared first on Република.

]]>

Наметнувајќи се како културен симбол на современието, оперската манифестација „Мајски оперски вечери“, која благодарение на својот профил и специфика ги надминува границите на нашата земја и високо се позиционира во меѓународната сфера, годинава одбележува 50 години постоење.
Изминатите педесет години, на фестивалските програми ги содржи најатрактивните дела од европската музичка литература (оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија рустикана“ и др., како и балетските ремек дела „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Дон Кихот“…), задоволувајќи го со тоа вкусот и на најрафинираните почитувачи на оперската и балетска уметност. Поголемиот дел од нив се долги години присутни на редовниот репертоар на националната куќа и на публиката ѝ се мошне омилени, а застапени се и ретко изведувани и помалку познати наслови, кои заедно креираат богат корпус, разновиден од аспект на стилските особености, жанровската определба и авторската инвентивност. На фестивалската сцена, изминатите пет децении дефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство, која дава исклучителен придонес за ексклузивитетот и атрактивноста на самата манифестација. Така, од сцените ширум Европа (застапени се речиси сите европски држави) и светот (Америка, Африка, Азија и Австралија), директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат голем број извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти, а со особено висок професионален пристап, бравурозни перформанси прикажуваат и македонските уметници, кои, секој во своето време од сценската актива, комуницирајќи со грациозноста на изведувачкиот израз, оставаат траен белег во колективната меморија на манифестацијата.
50 „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“ 2022 9-31 мај 2022 / Национална опера и балет   This image has an empty alt attribute; its file name is majski-operski-veceri.jpg ПРОГРАМА / PROGRAMME 9.5.2022 – 20.00 Свечено отворање / Official opening ПРЕМИЕРА / PREMIERE НОРМА – Винченцо Белини NORMA – Vincenzo Bellini 11.5.2022 – 20.00 НОРМА – Винченцо Белини NORMA – Vincenzo Bellini ОФФ ПРОГРАМА / OFF PROGRAM 14.5.2022 – 20.00 ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН (балетска претстава) THE LADIES OF AVIGNON (ballet performance) 18.5.2022 – 20.00 ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР – Гаетано Доницети LUCIA DI LAMMERMOOR – Gaetano Donizetti 21.5.2022 – 20.00 ЖИЗЕЛ – Адолф Адам (балет) GISELLE – Adolph Adam (ballet) 26.5.2022 – 20.00 ТУРАНДОТ – Џакомо Пучини TURANDOT – Giacomo Puccini 31.5.2022 – 20.00 АИДА – Џузепе Верди AIDA – Giuseppe Verdi

The post Културниот симбол „Мајски оперски вечери“ годинава одбележува 50 години постоење appeared first on Република.

]]>