27 јануари Archives - Република https://republika.mk/tema/27-januari/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jan 2024 12:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 27 јануари Archives - Република https://republika.mk/tema/27-januari/ 32 32 Во МНР одбележан 27 јануари – Денот на жртвите на Холокаустот https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-mnr-odbelezhan-27-januari-denot-na-zhrtvite-na-holokaustot/ Fri, 26 Jan 2024 12:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=737089

Да не ги забораваме злосторствата од Холокаустот за да не се повторат никогаш повеќе. Сега е моментот да превенираме. 27 јануари е датум, кој треба да го паметиме исто како што треба да ја одржиме меморијата за страдањата на еврејскиот народ поврзани за Холокаустот и темната страна на поновата историја. Ова беше истакнато на денешниот традиционален настан што се одржа во Министерството за надворешни работи за одбележување на 27-ми Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Државниот секретар во МНР Филип Тосевски кажа дека во нашите демократии, се негува слободата на изразување, која за жал, понекогаш се злоупотребува и погрешно се подразбира при што и ден денеска некои умеат да прават грешки преку искривоколчување на историските факти поврзани со Втората светска војна од минатиот век или пак, вели, уште полошо со негирање на Холокаустот.

Таквите ставови на некои индивидуи низ светот, во Македонија не можат да најдат корен. Ако се прашаме на што се заснова ова тврдење, одговорот е јасен. На овие простори 98 отсто од еврејската популација го доживеала најстрашното во 1943 година за време на фашистичката окупација. Од Монопол, денешниот тутунски комбинат во Скопје, 7144 Евреи, деца, жени, мажи биле депортирани во окупирана Полска во логорот на смртта –Треблинка, потсети Тосевски.

Тој истакна дека преостанатата преживеана еврејска популација од два проценти заедно со своите наследници, денеска брои околу 200 лица, кои, како што кажа, најдобро можат да сведочат за страдањата на своите предци и болните траги во нивните срца кои ги остави Холокаустот и финалното решение поддржано од Хитлер.

И покрај фактот што бројката на еврејската популација е мала во компарација со другите етнички заедници кај нас, таа е респектирана и претставува важен дел од нашиот мултиетнички и мултикултурен мозаик кои го промовираме како едно општество за сите, во кое сите сме еднакви без разлика на бројноста. Како такви и согласно нашиот модел на соживот, сметаме дека сме спремни за интеграција во ЕУ, која всушност претставува мировен проект каде различностите треба да се почитуваат, рече Тосевски.

Потсети дека лани се одбележаа 80 години од депортацијата на македонските Евреи и тоа во трите града од каде биле лишени од слобода- Битола, Штип, Скопје.

Исто така, за потсетување е дека во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ, во Скопје, ја одржавме ОБСЕ конференцијата за борба против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ. Причинува задоволство што на маргините на истата, специјалните претставници и национални координатори имаа посебна средба, подржана од Светскиот Еврејски Конгрес, во Меморијалниот музеј на Холокаустот кој се наоѓа на неколку минути пеш од овде. Овде би сакал да истакнам уште еден важен проект во кој е вклучено Министерството за култура. Министерството учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓу-културното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на екс-југословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот, рече тој.

Од едукативен аспект, додаде Тосевски, во насока на превенирање на дисторзија на историските факти неопходно е вложување во образованието на оваа тема, за што се залагаат и земјите членки на ИХРА и за таа цел, додаде, во октомври започнаа курсеви на Правниот факултет за Холокаустот поддржани од Claims конференцијата. П

Тосевски истакна дека изминатата година ќе биде забележана по нападите од 7 октомври врз невини цивили во Израел кои остро ги осудивме. -Во тој терористички напад имаше жртви носители на други државјанства, но никогаш не сме се соочиле со толкав број на Еврејски жртви после Холокаустот. Ваквата состојба на Средниот Исток која се уште трае предизвика хуманитарна криза во појасот Газа за која се разговараше во рамки на ООН. Воедно, вртоглаво нотираме зголемен пораст на антисемитизмот во светски рамки. Ваквата состојба не’ загрижува и посакуваме Евреите во светот да се чувствуваат безбедни и да не бидат цел на антисемитски напади од ниту еден вид. Впрочем, затоа и го одбележуваме 27 јануари, посочи тој.

Да не ги забораваме злосторствата од Холокаустот за да не се повторат никогаш повеќе. Сега е моментот да превенираме. Никогаш повеќе е сега! Ние остануваме посветени на заложбите кои произлегуваат од нашето членство во ИХРА. Ќе продолжиме со нашите активности, а истовремено и со одржувањето на меморијата на жртвите на Холокаустот. Тоа е наша должност и обврска. Тоа е превенција никогаш да не се заборават нивните страдања на жртвите и да не се дозволи повторување на геноцид било каде, заклучи Тосевски.

Амбасадорката на Израел во Македонија, Симона Франкел, истакна дека седумдесет и осум години не делат од сабота на 27 јануари 1945 година и сабота 7 октомври 2023 година.

Овие важни датуми ја заслужуваат нашата целосна почит и убедена сум дека тоа ќе продолжи да биде случај и во иднина. Како и да е, тоа што сме овде и што зборувам со вас додека се уште беснее војната во Газа и додека се уште има 136 заложници коишто се држат, кои се мачени и сексуално злоупотребувани од страна на Хамас не можам да зборувам за ослободувањето на Аушвиц без да повикам на итно ослободување на нашите заложници во кои се вклучени и бебиња, постари луѓе од 80 години, млади жени и мажи, рече Франкел.

Во сабота на 7 октомври кој беше еврејски верски празник, додаде таа, илјадници Евреи како во земјата така и насекаде низ светот претрпеа напад на 27 еврејски заедници и на музички фестивал кој повикуваше на мир. -Илјадници ракети беа лансирани кон Израел и резултираа со масакрирање, осакатување, силување на многу граѓани до кои можеа да стасаат терористите пред одбранбените сили на Израел да ги одбијат. Измачувани се родители пред своите деца, измачувани се деца пред своите родители. Имаме систематско силување и осакатување на мажи, жени и деца, рече Франкел.

За нас, нагласи, граѓаните на Израел октомври 2023 година уште не е завршен.

-За нас октомври веќе трае повеќе од 110 дена. Нападите што ги изврши Хамас оставија траен белег на нашите души. Има илјадници луѓе за кои овој ден, оваа темна сабота никогаш не заврши.

Кажа дека Холокаустот е најлошиот период од еврејската историја и за човечкиот род во модерното време и оти се посветени на зачувување на паметењето на оние кои ја преживеаја холокаустот за нивното искуства да не бидат заборавени од нашите генерации, од нашите деца или од нашите внуци.

-Пред две седмици кога Израел беше вовлечен во судски процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за геноцид се соочивме со еден од најапсурдните чинови во меѓународните односи. Државата Израел е убедена зошто е усвоена Конвенцијата за геноцид и таа е најдобро запознаена со тоа. Дојде како резултат на убиството на повеќе од шест милиони Евреи во една систематска програма за нивно целосно уништување. Не сакам да го споредам холокаустот со масакрот од 7 октомври. Првото, е најголемата трагедија во современата еврејска историја, а вториот е најлошиот ден за Израел од формирањето на нашата држава. Не можеме да го игнорираме фактот дека доколку државата Израел постоеше Холокаустот немаше да се случи, посочи Франкел.

Нагласи дека во одговор на колежот од 7 октомври за кое Хамас се заколна дека ќе го повтори, вродено право на Израел е и негова должност е да ја осигура безбедноста на сите заложници и на своите граѓани, како и дека Израел сака да создаде подобра и помирна иднина како за Израелците така и за Палестинците.

Таа ја поздрави Владата на Македонија за своето придржување на заедничката изјава потпишана од страна на 39 држави против антисемитизмот и за одлуката на Владата да се усогласи со последната одлука на Советот со која се осудува Хамас и со која Хамас станува предмет на конкретни мерки и санкции.

Амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ, кажа дека Холокаустот, како незамислива трагедија, е предупредување и обврска за сите нас да ги зајакнеме нашите општества кои силно се спротивставуваат на секоја форма на дискриминација и нетолеранција.

-Едукацијата на нашите млади мора да игра клучна улога во ова затоа што само знаењето и свеста за историските ужаси, особено Холокустот, можат да ги научат идните генерации на заемно разбирање и почитување на диверзитетот и инклузијата. Наша заедничка должност и ибврска е да го зачуваме сеќавањето на жрвите од систематскиот прогон, геноцидот и екстремното страдање на Евреите, без да го заборавиме прогонот и на Ромите и на другите жртви на нацистичкиот режим, рече Тигањ.

Таа потсети дека во февруари минатата година Хрватска го почна своето едногодишно претседавање со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA) која што, рече, е уште една потврда за нашата заложба за нашата борба против антисемитизмот и зачувување на сеќавањето за жртвите на Холокаустот, свесни дека нашата генерација е последната којашто имаше можност да се сретне со преживеаните и сведоците на Холокаустот и дека светот треба да одлучи како ќе изгледа глобалното сеќавање за Холокаустот без нив.

-Работата на хрватското претседателство е фокусиерана на иднината на сеќавањето. Во сржта на хрватската иницијатива е зачувувањето на современото сеќавање преку инвестирање и развивање на дигитални решенија, засновани на сведоштвата на преживеаните од Холокаустот. Гордост ми е да истакнам дека хрватската Влада изработи уникатни платформи за едукација на Холокаустот и зачувувањето на еврејскиот живот во Хрватска и со тоа Хрватска стана една од 15 земји во светот што му пристапуваат на истражувањето и едукацијата за Холокаустот и неговото сеќавање, користејќи најсовремени и напредни дигитални технологии, истакна таа.

Поптпреседателката на Еврејската заедница во Македонија, Радојка Хелман Денковска, кажа дека ова е ден на болно сеќавање на жртвите од Холокаустот.

-Ова е ден кога нема да останеме неми иако е тешко да зборувам но верувајте уште потешко е да се молчи. Денес е тажен ден, ден кога се еќаваме на шесте милиони Евреи жртви настрадани во Холокаустот а меѓу нив се и нашите, македонските Евреи – 7.144 Евреи, рече таа.

Повтори дека е извршен е најголем геноцид во историјата на човештвото.

-Злото не познава историска димензија, меридијани и континенти. Холокаустот не е трагедија само на еврејскиот народ. Тоа е пропаст на хуманоста. Тоа не е само лекција од минатото, тоа е лекција која не учи како да ја сочуваме човечноста во секој еден од нас. За жал, ние денес ја плаќаме цената на ненаучќената лекција од Втората свеска војна, рече Хелман Денковска.

 

The post Во МНР одбележан 27 јануари – Денот на жртвите на Холокаустот appeared first on Република.

]]>

Да не ги забораваме злосторствата од Холокаустот за да не се повторат никогаш повеќе. Сега е моментот да превенираме. 27 јануари е датум, кој треба да го паметиме исто како што треба да ја одржиме меморијата за страдањата на еврејскиот народ поврзани за Холокаустот и темната страна на поновата историја. Ова беше истакнато на денешниот традиционален настан што се одржа во Министерството за надворешни работи за одбележување на 27-ми Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот. Државниот секретар во МНР Филип Тосевски кажа дека во нашите демократии, се негува слободата на изразување, која за жал, понекогаш се злоупотребува и погрешно се подразбира при што и ден денеска некои умеат да прават грешки преку искривоколчување на историските факти поврзани со Втората светска војна од минатиот век или пак, вели, уште полошо со негирање на Холокаустот.
Таквите ставови на некои индивидуи низ светот, во Македонија не можат да најдат корен. Ако се прашаме на што се заснова ова тврдење, одговорот е јасен. На овие простори 98 отсто од еврејската популација го доживеала најстрашното во 1943 година за време на фашистичката окупација. Од Монопол, денешниот тутунски комбинат во Скопје, 7144 Евреи, деца, жени, мажи биле депортирани во окупирана Полска во логорот на смртта –Треблинка, потсети Тосевски.
Тој истакна дека преостанатата преживеана еврејска популација од два проценти заедно со своите наследници, денеска брои околу 200 лица, кои, како што кажа, најдобро можат да сведочат за страдањата на своите предци и болните траги во нивните срца кои ги остави Холокаустот и финалното решение поддржано од Хитлер.
И покрај фактот што бројката на еврејската популација е мала во компарација со другите етнички заедници кај нас, таа е респектирана и претставува важен дел од нашиот мултиетнички и мултикултурен мозаик кои го промовираме како едно општество за сите, во кое сите сме еднакви без разлика на бројноста. Како такви и согласно нашиот модел на соживот, сметаме дека сме спремни за интеграција во ЕУ, која всушност претставува мировен проект каде различностите треба да се почитуваат, рече Тосевски.
Потсети дека лани се одбележаа 80 години од депортацијата на македонските Евреи и тоа во трите града од каде биле лишени од слобода- Битола, Штип, Скопје.
Исто така, за потсетување е дека во рамки на нашето претседавање со ОБСЕ, во Скопје, ја одржавме ОБСЕ конференцијата за борба против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ. Причинува задоволство што на маргините на истата, специјалните претставници и национални координатори имаа посебна средба, подржана од Светскиот Еврејски Конгрес, во Меморијалниот музеј на Холокаустот кој се наоѓа на неколку минути пеш од овде. Овде би сакал да истакнам уште еден важен проект во кој е вклучено Министерството за култура. Министерството учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓу-културното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на екс-југословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот, рече тој.
Од едукативен аспект, додаде Тосевски, во насока на превенирање на дисторзија на историските факти неопходно е вложување во образованието на оваа тема, за што се залагаат и земјите членки на ИХРА и за таа цел, додаде, во октомври започнаа курсеви на Правниот факултет за Холокаустот поддржани од Claims конференцијата. П Тосевски истакна дека изминатата година ќе биде забележана по нападите од 7 октомври врз невини цивили во Израел кои остро ги осудивме. -Во тој терористички напад имаше жртви носители на други државјанства, но никогаш не сме се соочиле со толкав број на Еврејски жртви после Холокаустот. Ваквата состојба на Средниот Исток која се уште трае предизвика хуманитарна криза во појасот Газа за која се разговараше во рамки на ООН. Воедно, вртоглаво нотираме зголемен пораст на антисемитизмот во светски рамки. Ваквата состојба не’ загрижува и посакуваме Евреите во светот да се чувствуваат безбедни и да не бидат цел на антисемитски напади од ниту еден вид. Впрочем, затоа и го одбележуваме 27 јануари, посочи тој.
Да не ги забораваме злосторствата од Холокаустот за да не се повторат никогаш повеќе. Сега е моментот да превенираме. Никогаш повеќе е сега! Ние остануваме посветени на заложбите кои произлегуваат од нашето членство во ИХРА. Ќе продолжиме со нашите активности, а истовремено и со одржувањето на меморијата на жртвите на Холокаустот. Тоа е наша должност и обврска. Тоа е превенција никогаш да не се заборават нивните страдања на жртвите и да не се дозволи повторување на геноцид било каде, заклучи Тосевски.
Амбасадорката на Израел во Македонија, Симона Франкел, истакна дека седумдесет и осум години не делат од сабота на 27 јануари 1945 година и сабота 7 октомври 2023 година.
Овие важни датуми ја заслужуваат нашата целосна почит и убедена сум дека тоа ќе продолжи да биде случај и во иднина. Како и да е, тоа што сме овде и што зборувам со вас додека се уште беснее војната во Газа и додека се уште има 136 заложници коишто се држат, кои се мачени и сексуално злоупотребувани од страна на Хамас не можам да зборувам за ослободувањето на Аушвиц без да повикам на итно ослободување на нашите заложници во кои се вклучени и бебиња, постари луѓе од 80 години, млади жени и мажи, рече Франкел.
Во сабота на 7 октомври кој беше еврејски верски празник, додаде таа, илјадници Евреи како во земјата така и насекаде низ светот претрпеа напад на 27 еврејски заедници и на музички фестивал кој повикуваше на мир. -Илјадници ракети беа лансирани кон Израел и резултираа со масакрирање, осакатување, силување на многу граѓани до кои можеа да стасаат терористите пред одбранбените сили на Израел да ги одбијат. Измачувани се родители пред своите деца, измачувани се деца пред своите родители. Имаме систематско силување и осакатување на мажи, жени и деца, рече Франкел. За нас, нагласи, граѓаните на Израел октомври 2023 година уште не е завршен.
-За нас октомври веќе трае повеќе од 110 дена. Нападите што ги изврши Хамас оставија траен белег на нашите души. Има илјадници луѓе за кои овој ден, оваа темна сабота никогаш не заврши.
Кажа дека Холокаустот е најлошиот период од еврејската историја и за човечкиот род во модерното време и оти се посветени на зачувување на паметењето на оние кои ја преживеаја холокаустот за нивното искуства да не бидат заборавени од нашите генерации, од нашите деца или од нашите внуци.
-Пред две седмици кога Израел беше вовлечен во судски процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за геноцид се соочивме со еден од најапсурдните чинови во меѓународните односи. Државата Израел е убедена зошто е усвоена Конвенцијата за геноцид и таа е најдобро запознаена со тоа. Дојде како резултат на убиството на повеќе од шест милиони Евреи во една систематска програма за нивно целосно уништување. Не сакам да го споредам холокаустот со масакрот од 7 октомври. Првото, е најголемата трагедија во современата еврејска историја, а вториот е најлошиот ден за Израел од формирањето на нашата држава. Не можеме да го игнорираме фактот дека доколку државата Израел постоеше Холокаустот немаше да се случи, посочи Франкел.
Нагласи дека во одговор на колежот од 7 октомври за кое Хамас се заколна дека ќе го повтори, вродено право на Израел е и негова должност е да ја осигура безбедноста на сите заложници и на своите граѓани, како и дека Израел сака да создаде подобра и помирна иднина како за Израелците така и за Палестинците. Таа ја поздрави Владата на Македонија за своето придржување на заедничката изјава потпишана од страна на 39 држави против антисемитизмот и за одлуката на Владата да се усогласи со последната одлука на Советот со која се осудува Хамас и со која Хамас станува предмет на конкретни мерки и санкции. Амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ, кажа дека Холокаустот, како незамислива трагедија, е предупредување и обврска за сите нас да ги зајакнеме нашите општества кои силно се спротивставуваат на секоја форма на дискриминација и нетолеранција.
-Едукацијата на нашите млади мора да игра клучна улога во ова затоа што само знаењето и свеста за историските ужаси, особено Холокустот, можат да ги научат идните генерации на заемно разбирање и почитување на диверзитетот и инклузијата. Наша заедничка должност и ибврска е да го зачуваме сеќавањето на жрвите од систематскиот прогон, геноцидот и екстремното страдање на Евреите, без да го заборавиме прогонот и на Ромите и на другите жртви на нацистичкиот режим, рече Тигањ.
Таа потсети дека во февруари минатата година Хрватска го почна своето едногодишно претседавање со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA) која што, рече, е уште една потврда за нашата заложба за нашата борба против антисемитизмот и зачувување на сеќавањето за жртвите на Холокаустот, свесни дека нашата генерација е последната којашто имаше можност да се сретне со преживеаните и сведоците на Холокаустот и дека светот треба да одлучи како ќе изгледа глобалното сеќавање за Холокаустот без нив.
-Работата на хрватското претседателство е фокусиерана на иднината на сеќавањето. Во сржта на хрватската иницијатива е зачувувањето на современото сеќавање преку инвестирање и развивање на дигитални решенија, засновани на сведоштвата на преживеаните од Холокаустот. Гордост ми е да истакнам дека хрватската Влада изработи уникатни платформи за едукација на Холокаустот и зачувувањето на еврејскиот живот во Хрватска и со тоа Хрватска стана една од 15 земји во светот што му пристапуваат на истражувањето и едукацијата за Холокаустот и неговото сеќавање, користејќи најсовремени и напредни дигитални технологии, истакна таа.
Поптпреседателката на Еврејската заедница во Македонија, Радојка Хелман Денковска, кажа дека ова е ден на болно сеќавање на жртвите од Холокаустот.
-Ова е ден кога нема да останеме неми иако е тешко да зборувам но верувајте уште потешко е да се молчи. Денес е тажен ден, ден кога се еќаваме на шесте милиони Евреи жртви настрадани во Холокаустот а меѓу нив се и нашите, македонските Евреи – 7.144 Евреи, рече таа.
Повтори дека е извршен е најголем геноцид во историјата на човештвото.
-Злото не познава историска димензија, меридијани и континенти. Холокаустот не е трагедија само на еврејскиот народ. Тоа е пропаст на хуманоста. Тоа не е само лекција од минатото, тоа е лекција која не учи како да ја сочуваме човечноста во секој еден од нас. За жал, ние денес ја плаќаме цената на ненаучќената лекција од Втората свеска војна, рече Хелман Денковска.
 

The post Во МНР одбележан 27 јануари – Денот на жртвите на Холокаустот appeared first on Република.

]]>
На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ https://republika.mk/vesti/kultura/na-27-januari-sednitsa-na-vonredno-izborno-sobranie-na-dpm/ Mon, 27 Nov 2023 08:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=716569

Претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа.

Новиот датум доаѓа откако писателите не го избраа новото раководство, поради немање кворум за да се одржи вонредната седница закажана за сабота, 25 ноември. Од вкупно 286 члена на ДПМ, беа присутни 73, а за кворум на работа на седницата беа потребни 96, објави претседателството на ДПМ. Беше избрана Верификациона комисија, а Вонредното изборно собрание немаше кворум за работа.

Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27.01.2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.

За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан.

Мнозинството од присутните писатели со писмо до јавноста реагираа дека актуелното раководство во заминување направило удар. Своерачно потпишани 64-ца писатели присутни во текот на дискусијата, гласаа за заедничките заклучоци.

Ударот врз ДПМ беше подготвуван изминатиот период од претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска со тоа што: и покрај барањето на членови за увид и прочистување на Избирачкиот список, таа не го овозможи тоа и во списокот останаа починати лица. Таа оневозможи членовите на ДПМ што живеат надвор од земјата да гласаат на Вонредното изборно собрание, без да прифати и понуди решение нивното очекувано отсуство да не влијае на кворумот на седницата. Повеќе од половина од членството на ДПМ според јавно објавениот список на веб-страницата на ДПМ, што не користи електронска пошта, воопшто не беше информирано за одржувањето на Вонредото изборно собрание, и покрај обврската на претседателот на Собранието преку други начини на комуникација да ги информира и да им ги достави материјалите за седницата, стои меѓудругото во нивната реакција.

Дел од членовите на ДПМ бараат од Николовска итно да организира продолжение на седницата на Собранието на 27 јануари 2024 година и итно да го прочисти списокот на ДПМ од починати членови и да овозможи јавен увид во списокот. Тие велат дека отсега натаму, секое соопштение испратено од официјалната адреса на ДПМ зад коешто стојат Христо Петрески и Кристина Николовска, освен соопштение во врска со продолжението на Вонредното изборно собрание, се смета нелегитимно.

[caption id="attachment_716587" align="alignnone" width="534"] mde[/caption]

Вонредното собрание беше закажано откако на 9 октомври претседателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка поради здравствени причини, по што Кристина Николовска, претседателка на Собранието свика Вонредно изборно собрание. На 14 октомври, Петрески ја повлече неотповикливата оставка и рече дека била „изнудена поради притисоци, уцени и закани“. На 15 октомври, 21 проминентен член од различни генерации на Друштвото на писателите на Македонија јавно ја повикаа Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, да подготви и да испрати до членството Дневен ред како и Деловник за Вонредното изборно собрание.

 

The post На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа. Новиот датум доаѓа откако писателите не го избраа новото раководство, поради немање кворум за да се одржи вонредната седница закажана за сабота, 25 ноември. Од вкупно 286 члена на ДПМ, беа присутни 73, а за кворум на работа на седницата беа потребни 96, објави претседателството на ДПМ. Беше избрана Верификациона комисија, а Вонредното изборно собрание немаше кворум за работа.
Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27.01.2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.
За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан. Мнозинството од присутните писатели со писмо до јавноста реагираа дека актуелното раководство во заминување направило удар. Своерачно потпишани 64-ца писатели присутни во текот на дискусијата, гласаа за заедничките заклучоци.
Ударот врз ДПМ беше подготвуван изминатиот период од претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска со тоа што: и покрај барањето на членови за увид и прочистување на Избирачкиот список, таа не го овозможи тоа и во списокот останаа починати лица. Таа оневозможи членовите на ДПМ што живеат надвор од земјата да гласаат на Вонредното изборно собрание, без да прифати и понуди решение нивното очекувано отсуство да не влијае на кворумот на седницата. Повеќе од половина од членството на ДПМ според јавно објавениот список на веб-страницата на ДПМ, што не користи електронска пошта, воопшто не беше информирано за одржувањето на Вонредото изборно собрание, и покрај обврската на претседателот на Собранието преку други начини на комуникација да ги информира и да им ги достави материјалите за седницата, стои меѓудругото во нивната реакција.
Дел од членовите на ДПМ бараат од Николовска итно да организира продолжение на седницата на Собранието на 27 јануари 2024 година и итно да го прочисти списокот на ДПМ од починати членови и да овозможи јавен увид во списокот. Тие велат дека отсега натаму, секое соопштение испратено од официјалната адреса на ДПМ зад коешто стојат Христо Петрески и Кристина Николовска, освен соопштение во врска со продолжението на Вонредното изборно собрание, се смета нелегитимно. [caption id="attachment_716587" align="alignnone" width="534"] mde[/caption] Вонредното собрание беше закажано откако на 9 октомври претседателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка поради здравствени причини, по што Кристина Николовска, претседателка на Собранието свика Вонредно изборно собрание. На 14 октомври, Петрески ја повлече неотповикливата оставка и рече дека била „изнудена поради притисоци, уцени и закани“. На 15 октомври, 21 проминентен член од различни генерации на Друштвото на писателите на Македонија јавно ја повикаа Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, да подготви и да испрати до членството Дневен ред како и Деловник за Вонредното изборно собрание.  

The post На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Македонија ги помни жртвите на холокаустот, рече министерката Костадиновска-Стојчевска на комеморативното одбележување на 27 јануари https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-pomni-zrtvite-na-holokaustot-reche-ministerkata-kostadinovska-stojchevska-na-komemorativnoto-odbelezuvanje-na-27-januari/ Wed, 26 Jan 2022 11:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=449700

Денеска во Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје се одржа комеморативното одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Невиноста, храброста и надежта испишани во Дневникот на Ана Франк ни предизвикуваат морници, но, и децении подоцна, се и наша утеха, истакна денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на комеморативното одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека секоја година го одбележуваме 11 Март, денот кога кога 7 144 македонски евреи беа депортирани од окупаторските фашистички сили со возовите на смртта.

Македонија ги помни жртвите на холокаустот и ги чува сеќавањата и во овој, исклучително важен, Меморијален центар, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура потсети дека Министерството за култура учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓукултурното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на ексјугословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот.

Домаќин на денешното комеморативно одбележување беше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a пред присутните се одбратија и: министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи; претседателката на Собранието на Еврејската заедница во земјава, Радојка Хелман-Денковска; амбасадорот на Грција во својство на земја претседавач со ИХРА, Русос Кондурос; заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер; и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин. Беше организирана и панел-дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области“.

The post Македонија ги помни жртвите на холокаустот, рече министерката Костадиновска-Стојчевска на комеморативното одбележување на 27 јануари appeared first on Република.

]]>

Денеска во Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје се одржа комеморативното одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Невиноста, храброста и надежта испишани во Дневникот на Ана Франк ни предизвикуваат морници, но, и децении подоцна, се и наша утеха, истакна денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на комеморативното одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Костадиновска-Стојчевска потсети дека секоја година го одбележуваме 11 Март, денот кога кога 7 144 македонски евреи беа депортирани од окупаторските фашистички сили со возовите на смртта.
Македонија ги помни жртвите на холокаустот и ги чува сеќавањата и во овој, исклучително важен, Меморијален центар, рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура потсети дека Министерството за култура учествува во заедничкиот проект „Образование за холокаустот и меѓукултурното разбирање во Југоисточна Европа: обновување на ексјугословенскиот павилјон во Аушвиц“, координиран од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Венеција. Проектот е, всушност, обновување на изложбениот простор на Блок 17 во Аушвиц и креирање заедничка постојана изложба за холокаустот. Домаќин на денешното комеморативно одбележување беше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a пред присутните се одбратија и: министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи; претседателката на Собранието на Еврејската заедница во земјава, Радојка Хелман-Денковска; амбасадорот на Грција во својство на земја претседавач со ИХРА, Русос Кондурос; заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер; и координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот, Катарина фон Шнурбеин. Беше организирана и панел-дискусија на тема „РС Македонија – 35-та членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА): активности и мерки во борбата против искривоколчувањето на холокаустот и антисемитизмот и улогата на ИХРА во овие области“.

The post Македонија ги помни жртвите на холокаустот, рече министерката Костадиновска-Стојчевска на комеморативното одбележување на 27 јануари appeared first on Република.

]]>