18 јуни Archives - Република https://republika.mk/tema/18-juni/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 14:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 18 јуни Archives - Република https://republika.mk/tema/18-juni/ 32 32 На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/na-18-juni-mitskoski-ke-go-dostavi-sostavot-na-idnata-vlada-do-sobranieto/ Wed, 12 Jun 2024 14:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=786972

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека официјалниот состав на идната влада со министерските позиции и програмата за нејзината работа ќе бидат доставени во Собранието во вторник, на 18 јуни.

Претходно, како што изјави тој, в недела седници ќе одржат Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што Мицкоски ќе ги претстави кадровските решенија за идни министри со нивната биографија.

Во однос на кадровските решенија на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не сака да зборува во нивно име и дека очекува тие самите да ги соопштат.

„Јас не би зборувал во името на другите политички партии и во името на нашите коалициски партии. Тие претпоставувам, тоа што имаат да го кажат ќе си го кажат самите. Што се однесува за коалицијата ’Твоја Македонија’ и ВМРО-ДПМНЕ ние сме структура којашто има вертикална организациска поставеност, функционира врз основа на статут и нормално во согласност со законите и Уставот. Овој викенд, во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и на Централниот комитет на партијата. Ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар со нивната биографија. Очекувам Извршниот и Централниот комитет да се произнесат и доколку тоа произнесување е успешно и позитивно да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програма за работа на идната влада ќе бидат бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание“,

изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која тој е поканет да присуствува како гостин.

Прашан дали тоа значи дека целиот список со кадровските решенија на идната влада е комплетиран и затворен од сите партии, Мицкоски повтори дека не сака да зборува во име на другите партии, а дека нивниот ќе биде комплетиран в недела.

„Седницата на Извршниот комитет е во 18 часот, а очекуваме седницата на Централниот комитет да биде во 19 часот овде во Скопје“,

додаде тој.

Идната влада, изјави Мицкоски, ќе биде составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, чиј лидер е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

„Во македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата т.н. ’Европски фронт’, коалицијата, како се нарекуваше ’За европска иднина’, предводена од СДСМ и политичката партија Левица. И со тоа ќе биде реализирано второто ветување коешто го дадовме пред изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на владата, второто ветување е ДУИ во опозиција и третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори којашто македонската јавност ќе ја види на 25 јуни“,

рече Мицкоски.

The post На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека официјалниот состав на идната влада со министерските позиции и програмата за нејзината работа ќе бидат доставени во Собранието во вторник, на 18 јуни. Претходно, како што изјави тој, в недела седници ќе одржат Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што Мицкоски ќе ги претстави кадровските решенија за идни министри со нивната биографија.
Во однос на кадровските решенија на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не сака да зборува во нивно име и дека очекува тие самите да ги соопштат.
„Јас не би зборувал во името на другите политички партии и во името на нашите коалициски партии. Тие претпоставувам, тоа што имаат да го кажат ќе си го кажат самите. Што се однесува за коалицијата ’Твоја Македонија’ и ВМРО-ДПМНЕ ние сме структура којашто има вертикална организациска поставеност, функционира врз основа на статут и нормално во согласност со законите и Уставот. Овој викенд, во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и на Централниот комитет на партијата. Ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар со нивната биографија. Очекувам Извршниот и Централниот комитет да се произнесат и доколку тоа произнесување е успешно и позитивно да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програма за работа на идната влада ќе бидат бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која тој е поканет да присуствува како гостин.
Прашан дали тоа значи дека целиот список со кадровските решенија на идната влада е комплетиран и затворен од сите партии, Мицкоски повтори дека не сака да зборува во име на другите партии, а дека нивниот ќе биде комплетиран в недела.
„Седницата на Извршниот комитет е во 18 часот, а очекуваме седницата на Централниот комитет да биде во 19 часот овде во Скопје“, додаде тој.
Идната влада, изјави Мицкоски, ќе биде составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, чиј лидер е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
„Во македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата т.н. ’Европски фронт’, коалицијата, како се нарекуваше ’За европска иднина’, предводена од СДСМ и политичката партија Левица. И со тоа ќе биде реализирано второто ветување коешто го дадовме пред изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на владата, второто ветување е ДУИ во опозиција и третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори којашто македонската јавност ќе ја види на 25 јуни“, рече Мицкоски.

The post На 18 јуни Мицкоски ќе го достави составот на идната влада до Собранието appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! https://republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-iljadnici-gragjani-kje-porachaat-vreme-e-za-promeni-premnogu-e-od-porazi-na-sekoe-pole/ Sat, 18 Jun 2022 16:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=516736

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени – Премногу е!

Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.

Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.

Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.

Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.

Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.

За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.

 

The post Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! appeared first on Република.

]]>

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени – Премногу е! Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.
Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.
Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.
Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.
Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.
За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.
 

The post Муцунски: Илјадници граѓани ќе порачаат време е за промени, премногу е од порази на секое поле! appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Протестот е одговор на крахот во економијата, погрешните национални политики и срамот кој ни се случува во континуитет https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-protestot-e-odgovor-na-krahot-vo-ekonomijata-pogreshnite-nacionalni-politiki-i-sramot-koj-ni-se-sluchuva-vo-kontinuitet/ Fri, 17 Jun 2022 19:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=516516

Во последните години ние во континуитет имаме крах во економските политики кои се клучни. Ова е првата причина поради која ние го организираме овој протест, а се разбира причина се и погрешните национални политики и националниот срам кој ни се случува во континуитет, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска, во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Таа додаде дека власта едноставно нема слух за реалните проблеми, а економијата тоне и граѓаните страдаат.

Постојано ние дававме шанси, Претседателот предложи тим на експерти, предлог што се одби. Не очекувам дека ќе има промени во нивното однесување и покрај сите дадени шанси, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, кажа Димитриеска Кочоска.

„Ние имаме неколку активности кои ќе се случуваат и после протестот. Нашата цел е да имаме задоволни граѓани и нашиот протест е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Се што ќе биде постигнато како успех за граѓаните, се што Владата ќе слушне и реагира за нас е успех“, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека доколку се погледне однесувањето на Владата, политиките и економската состојба која ја имаме тогаш логично е дека крајната цел ќе бидат предвремени избори. Нема друг начин за некој кој што не се разбира кога вие во континуитет му зборувате дека прави погрешно и го предупредувате да не се однесува така бидејќи тоа ќе биде лошо за граѓаните.

The post Димитриеска Кочоска: Протестот е одговор на крахот во економијата, погрешните национални политики и срамот кој ни се случува во континуитет appeared first on Република.

]]>

Во последните години ние во континуитет имаме крах во економските политики кои се клучни. Ова е првата причина поради која ние го организираме овој протест, а се разбира причина се и погрешните национални политики и националниот срам кој ни се случува во континуитет, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска, во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24. Таа додаде дека власта едноставно нема слух за реалните проблеми, а економијата тоне и граѓаните страдаат.
Постојано ние дававме шанси, Претседателот предложи тим на експерти, предлог што се одби. Не очекувам дека ќе има промени во нивното однесување и покрај сите дадени шанси, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, кажа Димитриеска Кочоска.
„Ние имаме неколку активности кои ќе се случуваат и после протестот. Нашата цел е да имаме задоволни граѓани и нашиот протест е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Се што ќе биде постигнато како успех за граѓаните, се што Владата ќе слушне и реагира за нас е успех“, рече Димитриеска Кочоска. Димитриеска Кочоска потенцираше дека доколку се погледне однесувањето на Владата, политиките и економската состојба која ја имаме тогаш логично е дека крајната цел ќе бидат предвремени избори. Нема друг начин за некој кој што не се разбира кога вие во континуитет му зборувате дека прави погрешно и го предупредувате да не се однесува така бидејќи тоа ќе биде лошо за граѓаните.

The post Димитриеска Кочоска: Протестот е одговор на крахот во економијата, погрешните национални политики и срамот кој ни се случува во континуитет appeared first on Република.

]]>
Митева: Премногу е, утре се случува протест за промени, премногу народот живее тежок живот, доста е од понижувања, криминал и корупција https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-premnogu-e-utre-se-sluchuva-protest-za-promeni-premnogu-narodot-zivee-tezok-zivot-dosta-e-od-ponizuvanja-kriminal-i-korupcija/ Fri, 17 Jun 2022 18:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=516492

Утре се случува протест за промени, затоа што предолго живееме тежок живот, предолго имаме понижувања и на домашно и на надворешно поле, владее премногу сиромаштија, и премногу криминал, корупција и тендери во 4 очи. Потребни се промени кои конечно во Македонија ќе дадат една вистинска перспектива, промени во економија да не бидеме на дното туку лидери во регионот и потребно е ова да заврши затоа што навистина е премногу, изјави Марија Митева, портпаролка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева истакна дека протестот ќе биде гласот на народот, она што сите го зборуваат и велат.

Имаме најлоша економија, најлошо здравство, најлошо образование, немаме раст на БДП, немаме странски инвестиции, има криминал и корупција, има луѓе кои се неспособни, не се грижат за државните и национални интереси. Протестот ќе биде за се што чувствува народот, сиромаштија и тежок живот кои ги создаде СДСМ, потенцираше Митева.

Митева посочи дека Македонија има најнизок БДП во регионот, а власта не ги прифаќа ни предлозите за намалување на акцизи и ДДВ за помош на граѓаните, додека граѓаните ја напуштаат државата.

БДП раст во прв квартал 2,4%, Бугарија и Србија 4%, Словенија и Хрватска 7 односно 8%. ВМРО-ДПМНЕ поднесува закон за намалување на ДДВ и акциза три пати и власта не го поминува, затоа што е предлог на ВМРО-ДПМН. За 15 месеци, затвориле 12.000 фирми., додека Заев добри грант од 1,4 милиони. Имаме пад на вработени во индустријата тоа е двигателот на економијата. Имаме над 200.000 работоспособни луѓе кои ја напуштиле државата, изјави Митева.

Митева посочи дека во 2017 година 376 евра биле просечна плата, а во Македонија 369 евра. Имале само 7 евра поголема просечна плата, а во 2022 година Србија има 630 евра, Македонија има 500 евра и тоа е 130 евра разлика.

Србија на месечно ниво отвора странски инвестиции, ние имаме изјава од германски инвеститори кои пред години ја оценија владата со нула, а денеска 30% од нив сакаат да ја напуштат Македонија поради лошите политики. Државниот завод за статистика објави дека со една плата како сега и плата од лани се купува половина потрошувачка кошница. Имаме енергетска криза, таа почна пред светската криза, ЕЛЕМ и МЕПСО беа загубари и пред тоа. Сами се кочничари на своите политики. Секоја година започнуваат со рекорден буџет, и се случуваат минимум два ребаланси, и на крај ги завршуваат со загуба, нагласи Митева.

 

The post Митева: Премногу е, утре се случува протест за промени, премногу народот живее тежок живот, доста е од понижувања, криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Утре се случува протест за промени, затоа што предолго живееме тежок живот, предолго имаме понижувања и на домашно и на надворешно поле, владее премногу сиромаштија, и премногу криминал, корупција и тендери во 4 очи. Потребни се промени кои конечно во Македонија ќе дадат една вистинска перспектива, промени во економија да не бидеме на дното туку лидери во регионот и потребно е ова да заврши затоа што навистина е премногу, изјави Марија Митева, портпаролка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Митева истакна дека протестот ќе биде гласот на народот, она што сите го зборуваат и велат.
Имаме најлоша економија, најлошо здравство, најлошо образование, немаме раст на БДП, немаме странски инвестиции, има криминал и корупција, има луѓе кои се неспособни, не се грижат за државните и национални интереси. Протестот ќе биде за се што чувствува народот, сиромаштија и тежок живот кои ги создаде СДСМ, потенцираше Митева.
Митева посочи дека Македонија има најнизок БДП во регионот, а власта не ги прифаќа ни предлозите за намалување на акцизи и ДДВ за помош на граѓаните, додека граѓаните ја напуштаат државата.
БДП раст во прв квартал 2,4%, Бугарија и Србија 4%, Словенија и Хрватска 7 односно 8%. ВМРО-ДПМНЕ поднесува закон за намалување на ДДВ и акциза три пати и власта не го поминува, затоа што е предлог на ВМРО-ДПМН. За 15 месеци, затвориле 12.000 фирми., додека Заев добри грант од 1,4 милиони. Имаме пад на вработени во индустријата тоа е двигателот на економијата. Имаме над 200.000 работоспособни луѓе кои ја напуштиле државата, изјави Митева.
Митева посочи дека во 2017 година 376 евра биле просечна плата, а во Македонија 369 евра. Имале само 7 евра поголема просечна плата, а во 2022 година Србија има 630 евра, Македонија има 500 евра и тоа е 130 евра разлика.
Србија на месечно ниво отвора странски инвестиции, ние имаме изјава од германски инвеститори кои пред години ја оценија владата со нула, а денеска 30% од нив сакаат да ја напуштат Македонија поради лошите политики. Државниот завод за статистика објави дека со една плата како сега и плата од лани се купува половина потрошувачка кошница. Имаме енергетска криза, таа почна пред светската криза, ЕЛЕМ и МЕПСО беа загубари и пред тоа. Сами се кочничари на своите политики. Секоја година започнуваат со рекорден буџет, и се случуваат минимум два ребаланси, и на крај ги завршуваат со загуба, нагласи Митева.
 

The post Митева: Премногу е, утре се случува протест за промени, премногу народот живее тежок живот, доста е од понижувања, криминал и корупција appeared first on Република.

]]>
Лозарите со поддршка за протестот на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/ekonomija/lozarite-so-poddrshka-za-protestot-na-vmro-dpmne/ Thu, 16 Jun 2022 12:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=515981

Лозарите од Кавадарци и Неготино, на прес конференција дадоа поддршка за протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа сабота ќе се одржи пред владата во 20 часот.

Велат дека причините за поддршка на овој протест е незадоволството од оваа влада и незнаењето да се справи со земјоделието, неформирањето цени за грозјето за 2022 година, неисплаќањето на субвенции во целост, проблемите со наводнувањето кои постојат веќе 4 години, неисплаќањето на зелената нафта итн.

– Не се исплатени ниту штетите од мраз за реколтата од 2021 година, штетите од суша за реколта 2021 година а кривицата беше во водостопанството што не обезбеди вода, како и тоа што не се исплатени ниту уште две винарии за откупеното грозје од ланската реколта затоа што требаше до 30 април да го исплатат, а еве до ден денес нема ништо. Токму овие проблеми се причина за незадоволство од лозарите и овоштарите и затоа ја даваме поддршката за протестот што ќе биде пред владата во Скопје. Бидејќи, обврска е и на опозицијата и позицијата да се грижат за лозарите и за земјоделците, рекоа лозарите во своето обраќање.

 

The post Лозарите со поддршка за протестот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Лозарите од Кавадарци и Неготино, на прес конференција дадоа поддршка за протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа сабота ќе се одржи пред владата во 20 часот. Велат дека причините за поддршка на овој протест е незадоволството од оваа влада и незнаењето да се справи со земјоделието, неформирањето цени за грозјето за 2022 година, неисплаќањето на субвенции во целост, проблемите со наводнувањето кои постојат веќе 4 години, неисплаќањето на зелената нафта итн. – Не се исплатени ниту штетите од мраз за реколтата од 2021 година, штетите од суша за реколта 2021 година а кривицата беше во водостопанството што не обезбеди вода, како и тоа што не се исплатени ниту уште две винарии за откупеното грозје од ланската реколта затоа што требаше до 30 април да го исплатат, а еве до ден денес нема ништо. Токму овие проблеми се причина за незадоволство од лозарите и овоштарите и затоа ја даваме поддршката за протестот што ќе биде пред владата во Скопје. Бидејќи, обврска е и на опозицијата и позицијата да се грижат за лозарите и за земјоделците, рекоа лозарите во своето обраќање.  

The post Лозарите со поддршка за протестот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Митева: ВМРО-ДПМНЕ со анкетни прашалници до граѓаните чиј одговор е причина за промени! https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vmro-dpmne-so-anketni-prashalnici-do-gragjanite-chij-odgovor-e-prichina-za-promeni/ Tue, 14 Jun 2022 10:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=514952

Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и останати трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е!, вели портпаролката на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева.

Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта. Нашите пари завршуваат во криминал и корупција. Економската моќ е полоша, народот има помалку пари, додека власта се грижи за своите партиски и бизнис интереси. Затоа што премногу е!

Државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме, рече Митева.

Според Митева, ова се прашањата кои секој треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот.

Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, рече Митева.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ со анкетни прашалници до граѓаните чиј одговор е причина за промени! appeared first on Република.

]]>

Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и останати трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е!, вели портпаролката на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева.
Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта. Нашите пари завршуваат во криминал и корупција. Економската моќ е полоша, народот има помалку пари, додека власта се грижи за своите партиски и бизнис интереси. Затоа што премногу е! Државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме, рече Митева.
Според Митева, ова се прашањата кои секој треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот.
Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, рече Митева.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ со анкетни прашалници до граѓаните чиј одговор е причина за промени! appeared first on Република.

]]>
Николов: Две години корона, две години хаос, сега пациентите пак се заглавија во здравствениот безизлез! https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-dve-godini-korona-dve-godini-haos-sega-pacientite-pak-se-zaglavija-vo-zdravstveniot-bezizlez/ Mon, 13 Jun 2022 09:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=514419

И по две години целосна конфузија во здравството, најмногу жртви и несоодветно справување во периодот на пандемијата со корона, Владата предводена од СДСМ и ДУИ не се грижи за подобрување на состојбите во здравствениот систем. Единствена грижа е да се прави перцепција дека се е во ред иако сме далеку од ред, вели Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

„Пациентите деновиве се повторно заглавени во здравствена некоординација која наликува на хаос креиран од оваа хибридна Влада. Денес во здравствените лавиринти ретко кој наоѓа правец и излез.

Има ли насоки,има ли правец и правила? Има ли патеки на движење на пациентите како да стигнат до вистинската здравствена установа? Деновиве во Клинички центар „Мајка Тереза“, затворени се двата ургентни центри и хируршкиот и интернистичкиот, а за пациентите нема одговор и нема јасни патеки на движење. Наместо јасни насоки за граѓаните каде да се обратат за здравствена услуга, секој мора да лута и на крајот решението најчесто да се обиде да го бара во приватнотот здравство, ако има пари.

За жал, здравствените власти тоа не ги интересира, тие се занимаваат со кречење и местење на тендери. Местата каде треба да се обратат пациентите се затворени.

На Клиниката за токсикологија се кречи првиот, а затворено е приземјето и тоа е добро образложение зошто не треба да се примаат пациенти.

Од неодамнешното со фанфари најавувано реновирање на Инфективна клиника, излезе дека само се кречеле собите и се инсталирале нови противпожарни апарати.

Наместо ветуваниот нов Клинички центар, сведоци сме само на еден вид импровизирани објекти кои повеќе наликуваат на пиљарници, кои што ниту новиот министер не смее да помисли да ги елиминира од паркот на кампусот „Мајка Тереза“.

Низ кампусот клиники „Мајка Тереза“ никнуваат трафики, а за истите никој нема ингеренции во рамките на кампус, а овие клиники даваат услуги на граѓаните речиси од цела Македонија.

Граѓаните ова веќе не можат да го издржат. Премногу е! Премногу е!

Некомпетентност, непрофесионализам и корупција!

Премногу е!

Ве повикувам на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија да ставиме крај на оваа неспособност“, додава тој.

The post Николов: Две години корона, две години хаос, сега пациентите пак се заглавија во здравствениот безизлез! appeared first on Република.

]]>

И по две години целосна конфузија во здравството, најмногу жртви и несоодветно справување во периодот на пандемијата со корона, Владата предводена од СДСМ и ДУИ не се грижи за подобрување на состојбите во здравствениот систем. Единствена грижа е да се прави перцепција дека се е во ред иако сме далеку од ред, вели Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ „Пациентите деновиве се повторно заглавени во здравствена некоординација која наликува на хаос креиран од оваа хибридна Влада. Денес во здравствените лавиринти ретко кој наоѓа правец и излез. Има ли насоки,има ли правец и правила? Има ли патеки на движење на пациентите како да стигнат до вистинската здравствена установа? Деновиве во Клинички центар „Мајка Тереза“, затворени се двата ургентни центри и хируршкиот и интернистичкиот, а за пациентите нема одговор и нема јасни патеки на движење. Наместо јасни насоки за граѓаните каде да се обратат за здравствена услуга, секој мора да лута и на крајот решението најчесто да се обиде да го бара во приватнотот здравство, ако има пари. За жал, здравствените власти тоа не ги интересира, тие се занимаваат со кречење и местење на тендери. Местата каде треба да се обратат пациентите се затворени. На Клиниката за токсикологија се кречи првиот, а затворено е приземјето и тоа е добро образложение зошто не треба да се примаат пациенти. Од неодамнешното со фанфари најавувано реновирање на Инфективна клиника, излезе дека само се кречеле собите и се инсталирале нови противпожарни апарати. Наместо ветуваниот нов Клинички центар, сведоци сме само на еден вид импровизирани објекти кои повеќе наликуваат на пиљарници, кои што ниту новиот министер не смее да помисли да ги елиминира од паркот на кампусот „Мајка Тереза“. Низ кампусот клиники „Мајка Тереза“ никнуваат трафики, а за истите никој нема ингеренции во рамките на кампус, а овие клиники даваат услуги на граѓаните речиси од цела Македонија. Граѓаните ова веќе не можат да го издржат. Премногу е! Премногу е! Некомпетентност, непрофесионализам и корупција! Премногу е! Ве повикувам на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија да ставиме крај на оваа неспособност“, додава тој.

The post Николов: Две години корона, две години хаос, сега пациентите пак се заглавија во здравствениот безизлез! appeared first on Република.

]]>
Николоски: Дојдете на 18 јуни пред влада за да ја урнеме Владата! https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-dojdete-na-18-juni-pred-vlada-za-da-ja-urneme-vladata/ Tue, 07 Jun 2022 07:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=512009

Сакам да ги повикам сите граѓани следна сабота на 18 јуни да излезат и да ни се приклучат за да ја срушиме Владата на голем сенароден митинг. Јас очекувам десетици или пак стотици илјади луѓе да се приклучат. Човек плус значи ден помалку владеење на СДСМ и на ДУИ, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на „Лидер“.

Николоски додаде дека потребно е на 18 јуни да излезат сите граѓани кои што се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ.

Ние сме благодарни на поддршката што ја добиваме, и во средбите кои што ги имаме со граѓаните, и на социјалните мрежи, и вака во јавност кога излегуваме на радија и на телевизии, но битно е таа поддршка да се материјализира. А, најдобар начин да се материјализира е жителите на Скопје, жителите на градовите и на селата од цела Македонија да дојдат пред Влада и заеднички да ја срушиме Владата, нагласи Николоски.

Тој дури посочи дека ако има голема односно огромна посетеност на сенародниот протест Владата ќе падне. Но, ако луѓето седат дома ќе продолжи владата на СДСМ и ДУИ да ја краде државата.

Владата нема да може да издржи масовност на протести. Ниедна Влада не може да издржи толкава бројка на незадоволни граѓани. Но, ако луѓето седат дома и коментираат по социјалните мрежи, и гледаат вести и се нервираат, нема да направат ништо. Ако излезат и не поддржат тоа е начинот на кој што ќе се сруши Владата. Од опозиција Влада се руши на улица, и затоа излегуваме на улица, рече Николоски.

Николоски укажа дека терминот за големиот сенароден протест е на 18-ти јуни, секој граѓанин е добредојден. Време е Владата да падне и да се стави крај на лошото владеење кое што штети на државата и на сите граѓани.

Собранието е блокирано, ако ја блокираме и државата, а со огромна бројка ќе ја блокираме, нема да може Владата да функционира тогаш ќе падне сама од себе, нагласи Николоски.

The post Николоски: Дојдете на 18 јуни пред влада за да ја урнеме Владата! appeared first on Република.

]]>

Сакам да ги повикам сите граѓани следна сабота на 18 јуни да излезат и да ни се приклучат за да ја срушиме Владата на голем сенароден митинг. Јас очекувам десетици или пак стотици илјади луѓе да се приклучат. Човек плус значи ден помалку владеење на СДСМ и на ДУИ, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на „Лидер“. Николоски додаде дека потребно е на 18 јуни да излезат сите граѓани кои што се незадоволни од владеењето на СДСМ и ДУИ.
Ние сме благодарни на поддршката што ја добиваме, и во средбите кои што ги имаме со граѓаните, и на социјалните мрежи, и вака во јавност кога излегуваме на радија и на телевизии, но битно е таа поддршка да се материјализира. А, најдобар начин да се материјализира е жителите на Скопје, жителите на градовите и на селата од цела Македонија да дојдат пред Влада и заеднички да ја срушиме Владата, нагласи Николоски.
Тој дури посочи дека ако има голема односно огромна посетеност на сенародниот протест Владата ќе падне. Но, ако луѓето седат дома ќе продолжи владата на СДСМ и ДУИ да ја краде државата.
Владата нема да може да издржи масовност на протести. Ниедна Влада не може да издржи толкава бројка на незадоволни граѓани. Но, ако луѓето седат дома и коментираат по социјалните мрежи, и гледаат вести и се нервираат, нема да направат ништо. Ако излезат и не поддржат тоа е начинот на кој што ќе се сруши Владата. Од опозиција Влада се руши на улица, и затоа излегуваме на улица, рече Николоски.
Николоски укажа дека терминот за големиот сенароден протест е на 18-ти јуни, секој граѓанин е добредојден. Време е Владата да падне и да се стави крај на лошото владеење кое што штети на државата и на сите граѓани.
Собранието е блокирано, ако ја блокираме и државата, а со огромна бројка ќе ја блокираме, нема да може Владата да функционира тогаш ќе падне сама од себе, нагласи Николоски.

The post Николоски: Дојдете на 18 јуни пред влада за да ја урнеме Владата! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Премногу е, дојдете на општонароден протест за промени на 18 јуни! https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-premnogu-e-dojdete-na-opshtonaroden-protest-za-promeni-na-18-ti-juni/ Sat, 04 Jun 2022 12:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=511061

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во видео-обраќање ги повика граѓаните на општонароден протест кој ќе се одржи на 18 јуни во 20 часот во Скопје, пред Владата на Македонија.

Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

Живееме во време кога нормалниот живот станува луксуз. За повеќе од нормалното не може ни да се помисли во време кога живеачката станува сè поскапа, а семејниот буџет сè потенок. Ќе кажат кризата е увезена, но неспособноста на тие кои ја водат земјата е автентична, затоа и инфлацијата е двоцифрeна, затоа струјата е поскапена, затоа половина милион луѓе живеат во сиромаштија во нашата земја, и 90 илјади луѓе и овој месец работеа, но не земаа плата.

Неважни се бројките со кои се фали Владата кога сè погласен е крикот на оние кои не можaт да си ја платат струјата, на оние за кои маслото за јадење станува луксуз, скапите бензини недостапни, трпезите празни, а иднината за која сме сонувале - недостапна.

И продолжувањето по таа патека значи сигурна пропаст без можност за поправка, точка од која нема враќање, губење на Македонија и која така веќе ја има сè помалку. И сигурно ви е позната максимата дека како што е сега, никогаш не било порано, но секој еден човек на нашата Македонија длабоко во себе знае дека се доближуваме до точката која доколку се продолжи со истото, навистина нема да има поправка ниту промена за иднината за која сонуваме, ја заслужуваме, и за која се бориме.

Не постои ниту најмала надеж дека со оваа Влада може да биде барем нешто подобро, тие се веќе во шестата година од своето владеење кое донесе живот на национална катастрофа, во секое поле, во секој сегмент.

Пет години на загубена надеж, на изневерени очекувања, разочарувања и национални предавства. И ова што го констатираме не е простодушна партиска порака, туку човечко обраќање на човекот до вас, кој ви се обраќа вам, слободните луѓе на нашата Македонија.

Ова обраќање е во име на ВМРО-ДПМНЕ, но во својата суштина е надпартиско, обединувачко, неполитичко, со чиста емоција, јасна порака која треба да ечи дека дојде часот, дека молкот во овие времиња не е опција, дека е премногу, а границите на разумот се надминати.

Премногу е затоа што со оваа Влада животот вреди најмалку, премногу е од несреќи во кои загубените животи се само статистика, без одговорност од кој било, било да е Ласкарци, модуларната болница во Тетово, или автобуската несреќа во Бугарија.

Премногу е затоа што 10.000 наши пријатели, нечии браќа и сестри, роднини, познаници, соседи го загубија животот поради короната. Премногу е затоа што здравствениот систем не е во распаѓање, туку е распаднат.

Премногу е поради неплатената мака на земјоделците, чесните работници, поради плачот на мајките кои се делат од своите чеда што одат по белиот свет, поради неправедно осудените, упропастените судбини, поради животот во кој љубовта кон нашата Македонија се претставува за грев, и тоа од страна на оние кои нема светост по која не посегнаа, нема идентитетско прашање кое не го проблематизираа.

И со секој ден сè подалеку од ЕУ, сè повеќе криминал, корупција и тендери. Дојдоа со голема надеж и ветувања за напредок кон ЕУ, наместо тоа нема европска вредност која не ја погазија, а испорачаа рекет, договори во четири очи, фабрики со марихуани. И кога ќе ви кажат можат подобро, тие можат само полошо.

И затоа велиме во еден глас ПРЕМНОГУ Е. Време е за промени. А, промената сме сите ние, секој од нас ја носи силата на промените, слободна индивидуа со свој став, своја верба, надеж за иднината која мора да ја донесеме.

Сега е тоа време кога треба да се застане на вистинската страна, и да се заборават сите поделби помали од заедничката цел тоа е Македонија, иднина, и надеж за добар живот. Тие се подготвени на сè само за да ја задржат власта која ја гледаат само низ призма на привилегии, но нивната подготвеност не е поголема од нашата решителност и борба за преземање на контрола над нашите животи и извлекување на нашата Македонија од катастрофата во која сè подлабоко навлегува.

Ова се историски времиња, да не ја пропуштиме оваа шанса за вистинска пресвртница и спас на државата од сигурна пропаст. Постојат такви моменти кога е потребна одлучност и непоколеблива борба за вредностите во кои верувате. Постојат такви времиња кога е важно, вистински важно на која страна сте биле.

Замислете ако не беа комитите, и Илинденската епопеја, зарем ќе се изродеа партизаните кои ја продолжија битката на своите предци. Ако не беше тогаш решителноста на АСНОМ, ќе се дојдеше ли до независна Македонија? Ако не беше тој 8-ми Септември и силината на народот и неговата свесност, ќе имавме ли своја држава? Одговорите ги знаете. Како што сега знаеме дека не смееме да ја пропуштиме оваа шанса за спас на Македонија и победа на вредностите во кои веруваме и иднината што ја заслужуваме.

Повикуваме на обединување, здружување на секоја иднивидуа, машко и женско, христијани, муслимани, атеисти, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, ова е твоја битка за нашата Македонија, за твојата и иднината на твоите деца. И кога каузата и влогот се големи, тоа значи дека нема да биде нити брза, ниту лесна таа битка, но нашата цел е праведна и со сигурност можеме да кажеме дека ќе победиме, ќе победиме заедно, силно, за големи чекори напред, за иднина која е светла, напредна, и која носи сигурност. Затоа ќе се излие таа енергија низ улиците, маалата, градовите и селата.

Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси.

Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ.

Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија.

Ве поканувам, почетокот на протестот за промени започнува 18.06.2022 во 20 часот, пред Влада на Република Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zaedno-zdruzeno-odluchno-za-nashata-makedonija-protest-za-promeni-na-18-juni/

The post Мицкоски: Премногу е, дојдете на општонароден протест за промени на 18 јуни! appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во видео-обраќање ги повика граѓаните на општонароден протест кој ќе се одржи на 18 јуни во 20 часот во Скопје, пред Владата на Македонија. Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост: Живееме во време кога нормалниот живот станува луксуз. За повеќе од нормалното не може ни да се помисли во време кога живеачката станува сè поскапа, а семејниот буџет сè потенок. Ќе кажат кризата е увезена, но неспособноста на тие кои ја водат земјата е автентична, затоа и инфлацијата е двоцифрeна, затоа струјата е поскапена, затоа половина милион луѓе живеат во сиромаштија во нашата земја, и 90 илјади луѓе и овој месец работеа, но не земаа плата. Неважни се бројките со кои се фали Владата кога сè погласен е крикот на оние кои не можaт да си ја платат струјата, на оние за кои маслото за јадење станува луксуз, скапите бензини недостапни, трпезите празни, а иднината за која сме сонувале - недостапна. И продолжувањето по таа патека значи сигурна пропаст без можност за поправка, точка од која нема враќање, губење на Македонија и која така веќе ја има сè помалку. И сигурно ви е позната максимата дека како што е сега, никогаш не било порано, но секој еден човек на нашата Македонија длабоко во себе знае дека се доближуваме до точката која доколку се продолжи со истото, навистина нема да има поправка ниту промена за иднината за која сонуваме, ја заслужуваме, и за која се бориме. Не постои ниту најмала надеж дека со оваа Влада може да биде барем нешто подобро, тие се веќе во шестата година од своето владеење кое донесе живот на национална катастрофа, во секое поле, во секој сегмент. Пет години на загубена надеж, на изневерени очекувања, разочарувања и национални предавства. И ова што го констатираме не е простодушна партиска порака, туку човечко обраќање на човекот до вас, кој ви се обраќа вам, слободните луѓе на нашата Македонија. Ова обраќање е во име на ВМРО-ДПМНЕ, но во својата суштина е надпартиско, обединувачко, неполитичко, со чиста емоција, јасна порака која треба да ечи дека дојде часот, дека молкот во овие времиња не е опција, дека е премногу, а границите на разумот се надминати. Премногу е затоа што со оваа Влада животот вреди најмалку, премногу е од несреќи во кои загубените животи се само статистика, без одговорност од кој било, било да е Ласкарци, модуларната болница во Тетово, или автобуската несреќа во Бугарија. Премногу е затоа што 10.000 наши пријатели, нечии браќа и сестри, роднини, познаници, соседи го загубија животот поради короната. Премногу е затоа што здравствениот систем не е во распаѓање, туку е распаднат. Премногу е поради неплатената мака на земјоделците, чесните работници, поради плачот на мајките кои се делат од своите чеда што одат по белиот свет, поради неправедно осудените, упропастените судбини, поради животот во кој љубовта кон нашата Македонија се претставува за грев, и тоа од страна на оние кои нема светост по која не посегнаа, нема идентитетско прашање кое не го проблематизираа. И со секој ден сè подалеку од ЕУ, сè повеќе криминал, корупција и тендери. Дојдоа со голема надеж и ветувања за напредок кон ЕУ, наместо тоа нема европска вредност која не ја погазија, а испорачаа рекет, договори во четири очи, фабрики со марихуани. И кога ќе ви кажат можат подобро, тие можат само полошо. И затоа велиме во еден глас ПРЕМНОГУ Е. Време е за промени. А, промената сме сите ние, секој од нас ја носи силата на промените, слободна индивидуа со свој став, своја верба, надеж за иднината која мора да ја донесеме. Сега е тоа време кога треба да се застане на вистинската страна, и да се заборават сите поделби помали од заедничката цел тоа е Македонија, иднина, и надеж за добар живот. Тие се подготвени на сè само за да ја задржат власта која ја гледаат само низ призма на привилегии, но нивната подготвеност не е поголема од нашата решителност и борба за преземање на контрола над нашите животи и извлекување на нашата Македонија од катастрофата во која сè подлабоко навлегува. Ова се историски времиња, да не ја пропуштиме оваа шанса за вистинска пресвртница и спас на државата од сигурна пропаст. Постојат такви моменти кога е потребна одлучност и непоколеблива борба за вредностите во кои верувате. Постојат такви времиња кога е важно, вистински важно на која страна сте биле. Замислете ако не беа комитите, и Илинденската епопеја, зарем ќе се изродеа партизаните кои ја продолжија битката на своите предци. Ако не беше тогаш решителноста на АСНОМ, ќе се дојдеше ли до независна Македонија? Ако не беше тој 8-ми Септември и силината на народот и неговата свесност, ќе имавме ли своја држава? Одговорите ги знаете. Како што сега знаеме дека не смееме да ја пропуштиме оваа шанса за спас на Македонија и победа на вредностите во кои веруваме и иднината што ја заслужуваме. Повикуваме на обединување, здружување на секоја иднивидуа, машко и женско, христијани, муслимани, атеисти, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, ова е твоја битка за нашата Македонија, за твојата и иднината на твоите деца. И кога каузата и влогот се големи, тоа значи дека нема да биде нити брза, ниту лесна таа битка, но нашата цел е праведна и со сигурност можеме да кажеме дека ќе победиме, ќе победиме заедно, силно, за големи чекори напред, за иднина која е светла, напредна, и која носи сигурност. Затоа ќе се излие таа енергија низ улиците, маалата, градовите и селата. Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси. Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ. Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија. Ве поканувам, почетокот на протестот за промени започнува 18.06.2022 во 20 часот, пред Влада на Република Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zaedno-zdruzeno-odluchno-za-nashata-makedonija-protest-za-promeni-na-18-juni/

The post Мицкоски: Премногу е, дојдете на општонароден протест за промени на 18 јуни! appeared first on Република.

]]>
Илиевски: На 18 јуни заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо https://republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-na-18-juni-zablagodarete-se-na-najdobrata-vlada-bidejkji-poskapuvanjeto-ne-e-duplo-pogolemo/ Tue, 31 May 2022 18:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=509431

На 18 јуни заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо, пишува на фејсбук Богдан Илиевски.

Горивата поскапуваат поради зголемувањето на данокот од државата. Лебот бидејќи е топло, па државата ја одмрзна цената.
Но, не заборавајте дека блескаме - ко зајдисонце, тивко полека.
И заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо.
Заблагодарете се на 18 јуни.
Онака, од срце, пишува Илиевски.

The post Илиевски: На 18 јуни заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо appeared first on Република.

]]>

На 18 јуни заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо, пишува на фејсбук Богдан Илиевски.
Горивата поскапуваат поради зголемувањето на данокот од државата. Лебот бидејќи е топло, па државата ја одмрзна цената. Но, не заборавајте дека блескаме - ко зајдисонце, тивко полека. И заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо. Заблагодарете се на 18 јуни. Онака, од срце, пишува Илиевски.

The post Илиевски: На 18 јуни заблагодарете ѝ се на најдобрата влада бидејќи поскапувањето не е дупло поголемо appeared first on Република.

]]>
„Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни https://republika.mk/scena/muzika/avalon-go-prezakaza-koncertot-na-dajte-muzika-za-18-juni/ Tue, 24 May 2022 17:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=506456

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје!
Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.
Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје! Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Премногу е, голем протест за промени на ВМРО ДПМНЕ на 18 јуни пред Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-premnogu-e-golem-protest-za-promeni-na-18-ti-juni-pred-vlada/ Mon, 16 May 2022 20:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=503102

Вечерва заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се разгледува актуелната состојба во државата.

Членовите констатираа дека активната блокада на штетните политики во Собранието овозможи да излезе на виделина политичкиот пристап на власта. Отсуството на демократски капацитет на Владата се гледа со секој изминат ден, изјави вечерва Тимчо Муцунски..

На актуелната владејачка коалиција и дадовме доволно простор да покаже што знае и умее, но евидентниот заклучок е дека:

1.Поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани. Истовремено владините мерки за помош на приватниот бизнис сектор и загрозените категории на граѓани беа нецелосни и доведоа до уништување на голем број компании.

2.Не беа понудени навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека е повеќе од евидентна.

3.Владата не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.

4.Јавниот долг на државата се зголеми енормно.

5.Странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.

6.Користењето на средствата за капитални инвестиции се на многу ниско ниво.

7.Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

8.Функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.

9.Реформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој.

10.Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.

11.За Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија се уште нема никаков вид на одговорност, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека доколку на тоа се додадат и резултатите од последните локални избори кои владејачката партија ги постави на ниво на одлучувачки во поглед на идното владеењето со државата и на кои ВМРО-ДПМНЕ извојува силна победа, повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата.

Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи.

Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија, рече Муцински.

Според него, молкот не е опција.

Протест за промени и подобар живот! Премногу е! Ова е протест за промени! 

Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава.

Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор.

Повторувам, молкот не е опција!

Протест за промени и подобар живот!, заврши Муцунски.

 

https://youtu.be/VXq3Gvot0ZM

The post Муцунски: Премногу е, голем протест за промени на ВМРО ДПМНЕ на 18 јуни пред Влада appeared first on Република.

]]>

Вечерва заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се разгледува актуелната состојба во државата. Членовите констатираа дека активната блокада на штетните политики во Собранието овозможи да излезе на виделина политичкиот пристап на власта. Отсуството на демократски капацитет на Владата се гледа со секој изминат ден, изјави вечерва Тимчо Муцунски..
На актуелната владејачка коалиција и дадовме доволно простор да покаже што знае и умее, но евидентниот заклучок е дека: 1.Поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани. Истовремено владините мерки за помош на приватниот бизнис сектор и загрозените категории на граѓани беа нецелосни и доведоа до уништување на голем број компании. 2.Не беа понудени навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека е повеќе од евидентна. 3.Владата не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите. 4.Јавниот долг на државата се зголеми енормно. 5.Странските инвестиции се на исклучително ниско ниво. 6.Користењето на средствата за капитални инвестиции се на многу ниско ниво. 7.Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ. 8.Функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки. 9.Реформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој. 10.Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите. 11.За Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија се уште нема никаков вид на одговорност, рече Муцунски.
Муцунски додаде дека доколку на тоа се додадат и резултатите од последните локални избори кои владејачката партија ги постави на ниво на одлучувачки во поглед на идното владеењето со државата и на кои ВМРО-ДПМНЕ извојува силна победа, повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата.
Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија, рече Муцински.
Според него, молкот не е опција.
Протест за промени и подобар живот! Премногу е! Ова е протест за промени!  Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава. Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор. Повторувам, молкот не е опција! Протест за промени и подобар живот!, заврши Муцунски.
  https://youtu.be/VXq3Gvot0ZM

The post Муцунски: Премногу е, голем протест за промени на ВМРО ДПМНЕ на 18 јуни пред Влада appeared first on Република.

]]>
Голем грѓански протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/golem-grgjanski-protest-na-vmro-dpmne-na-18-ti-juni/ Mon, 16 May 2022 20:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=503098

ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни излегува на протест, ова вчерва го соопшти членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Под слоганот „Протест за промени“, ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни, изјави вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Тој додаде дека активната блокада на Собранието и натаму продолжува.

 

The post Голем грѓански протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни излегува на протест, ова вчерва го соопшти членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Под слоганот „Протест за промени“, ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни, изјави вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Тој додаде дека активната блокада на Собранието и натаму продолжува.  

The post Голем грѓански протест на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти јуни appeared first on Република.

]]>