14-годишно девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/14-godishno-devojche/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 18:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 14-годишно девојче Archives - Република https://republika.mk/tema/14-godishno-devojche/ 32 32 Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“ https://republika.mk/vesti/svet/devojche-od-tsrna-gora-planiralo-masakr-vo-grats-kupilo-sekira-i-nozh-za-da-ubie-shto-e-mozhno-poveke-luge-vo-tsrno/ Sat, 18 May 2024 18:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=779619

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на куќата во којашто живеело истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

Тоа, како што се наведува, имало само една цел: да ги убие сите неверници.

Според полицијата, девојчето веќе купило секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Освен тоа, тоа испратило и фотографии од планот за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.

„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, изјавил портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.

Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство.

При распитот девојчето не признало, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

The post Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“ appeared first on Република.

]]>

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на куќата во којашто живеело истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања. Тоа, како што се наведува, имало само една цел: да ги убие сите неверници. Според полицијата, девојчето веќе купило секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Освен тоа, тоа испратило и фотографии од планот за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм. Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“. Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.
„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, изјавил портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.
Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство. При распитот девојчето не признало, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

The post Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“ appeared first on Република.

]]>
Извршен увид на местото на железичката станица во Илинден каде што загина 14-годишно девојче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izvrshen-uvid-na-mestoto-na-zhelezichkata-stanitsa-vo-ilinden-kade-shto-zagina-14-godishno-devojche/ Sun, 26 Feb 2023 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=613310

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.​

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.

Од МВР наведуваат дека на местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

 

The post Извршен увид на местото на железичката станица во Илинден каде што загина 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче. Како што соопшти Јавното обвинителство, првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.​ Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка. Од МВР наведуваат дека на местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.  

The post Извршен увид на местото на железичката станица во Илинден каде што загина 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>