10 години Archives - Република https://republika.mk/tema/10-godini/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 11:27:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 10 години Archives - Република https://republika.mk/tema/10-godini/ 32 32 Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст https://republika.mk/vesti/skopje/uchenitsite-do-10-godini-vo-opshtina-tsentar-mozhe-da-bidat-zgrizheni-vo-gradinkite-i-za-letniot-raspust/ Tue, 18 Jun 2024 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=788749

Општина Центар соопшти дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Општина Центар денеска потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка, потенцираше градоначалникот на општина Центар Горан, Герасимовски.

Учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во пет објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

The post Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст appeared first on Република.

]]>

Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? https://republika.mk/vesti/svet/kako-pred-10-godini-letot-mh370-na-malezija-erlajns-ischezna-bez-traga/ Thu, 07 Mar 2024 11:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=752211

Летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага на 8 март 2014 година, што е една од најголемите мистерии во авијацијата, бидејќи истражителите не знаат што точно се случи со авионот и 239 патници, а малезиската влада најави можност за нова истрага.

Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан, каде што се верува дека се урнал авионот, не е пронајдено ништо, а освен некои мали фрагменти кои подоцна беа исфрлени на брегот, никогаш не се пронајдени тела или остатоци.

Малезиската Влада најави можност за продолжување на потрагата по MH370 откако американска компанија за морска роботика која се обиде да го пронајде авионот во 2018 година предложи нов обид.

Боингот 777 исчезна од радарот 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг на 8 март 2014 година.

Пилотот испратил последен радио повик до Куала Лумпур пред да замине од Малезија: „Добра ноќ Малезија три седум нула“, но не се пријавил кај контролорите на летање во Хо Ши Мин кога авионот влегол во виетнамскиот воздушен простор.

Неколку минути подоцна, транспондерот на авионот, комуникацискиот систем кој ја пренесува локацијата на авионот до контролата на летање, се исклучи.

Воениот радар го видел авионот како се врти за да прелета над Андаманското Море пред да исчезне, а сателитски податоци покажаа дека тој продолжил да лета со часови, веројатно додека не останал без гориво.

Се верува дека авионот се урнал во оддалечен дел од јужниот дел на Индискиот Океан.

Во извештајот од 2018 година, малезиските истражители отфрлија можност дека екипажот и патниците направиле нешто, но не исклучија нелегални обиди.

Малезиската влада соопшти дека некој намерно ја прекинал комуникацијата со земјата и го пренасочил авионот.

Во авионот имаше 227 патници, меѓу кои пет мали деца, како и 12 членови на екипажот.

The post Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? appeared first on Република.

]]>

Летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага на 8 март 2014 година, што е една од најголемите мистерии во авијацијата, бидејќи истражителите не знаат што точно се случи со авионот и 239 патници, а малезиската влада најави можност за нова истрага. Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан, каде што се верува дека се урнал авионот, не е пронајдено ништо, а освен некои мали фрагменти кои подоцна беа исфрлени на брегот, никогаш не се пронајдени тела или остатоци. Малезиската Влада најави можност за продолжување на потрагата по MH370 откако американска компанија за морска роботика која се обиде да го пронајде авионот во 2018 година предложи нов обид. Боингот 777 исчезна од радарот 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг на 8 март 2014 година. Пилотот испратил последен радио повик до Куала Лумпур пред да замине од Малезија: „Добра ноќ Малезија три седум нула“, но не се пријавил кај контролорите на летање во Хо Ши Мин кога авионот влегол во виетнамскиот воздушен простор. Неколку минути подоцна, транспондерот на авионот, комуникацискиот систем кој ја пренесува локацијата на авионот до контролата на летање, се исклучи. Воениот радар го видел авионот како се врти за да прелета над Андаманското Море пред да исчезне, а сателитски податоци покажаа дека тој продолжил да лета со часови, веројатно додека не останал без гориво. Се верува дека авионот се урнал во оддалечен дел од јужниот дел на Индискиот Океан. Во извештајот од 2018 година, малезиските истражители отфрлија можност дека екипажот и патниците направиле нешто, но не исклучија нелегални обиди. Малезиската влада соопшти дека некој намерно ја прекинал комуникацијата со земјата и го пренасочил авионот. Во авионот имаше 227 патници, меѓу кои пет мали деца, како и 12 членови на екипажот.  

The post Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? appeared first on Република.

]]>
Меџити: Не може некој 10 години да работи во здравство со договор на дело, ќе бараме да добие решение по шест месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ne-mozhe-nekoj-10-godini-da-raboti-vo-zdravstvo-so-dogovor-na-delo-ke-barame-da-dobie-reshenie-po-shest-mesetsi/ Mon, 05 Jun 2023 11:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=647997

На посебна седница на Влада министерот за здравство Фатмир Меџити ќе побара да се смени законот за вработување во здравство. Меџити денеска кажа дека сите барања за нови вработувања во здравство ги имаат пренасочено во Министертвото за финансии. Свесен за тоа каква е ситуацијата, посебно после ковид-пандемијата и недостатокот на кадар во болниците и поликлиниките, Меџити кажа дека министрството не седело со скрстени раце, но вработувањата не зависеле од него како министер.

Ако некој доаѓа со договор на дело, тој може да работи најмногу шест месеци и потоа автоматски да добие решение за работа, а не да седи по 10 години. Затоа бараме законски можности, да го решиме овој проблем, сите заедно, на посебна седница на Владата, каде што ќе се говори токму за вработувањата, рече денеска Меџити.

The post Меџити: Не може некој 10 години да работи во здравство со договор на дело, ќе бараме да добие решение по шест месеци appeared first on Република.

Петков: Македонија во ЕУ најрано за 10 години https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-makedonija-vo-eu-najrano-za-10-godini/ Sun, 24 Apr 2022 11:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=493063

Има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Македонија. Нашата влада нема да подлегне на вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни. Имаме една заедничка цел – Македонија да биде европска земја, добар сосед. Заедно можеме да создадеме економски раст и сите овие националистички повици и провокации само треба да ги игнорираме за да одиме напред, вели бугарскиот премиер Кирил Петков.

Според него, гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, кој оценува дека за Македонија ќе трае најмалку 10 години.

Гаранцијата за правата на Бугарите во Македонија може да се обезбеди и преку европскиот процес. Впрочем, ако ги ставиме во европскиот договор на Македонија, веќе нема само Бугарија да ги брани овие права, туку договорот со Европската унија ќе го гарантира ова право. Значи, укинувањето на ветото, како што сите велат – дали да се укине или не, е погрешен начин на размислување. Тука мора да кажеме – Македонија ќе биде во Европската унија најрано после 10 години. Има многу поглавја на нејзиниот пат кон Европа. Ние треба само да ги поставиме нашите услови – на пример, за Уставот пред првото поглавје. На овој начин, со укинувањето на ветото, ние на Македонија и даваме пат да тргне. Но, во овие посебни поглавја можеме да ги ставиме сите услови кои ни се неопходни, и така нема да го решиме проблемот што моментално постои за една или две недели, туку ќе имаме 10 години да работиме заедно за да може навистина Mакедонија да биде европска држава и сите права на Бугарите таму да бидат целосно заштитени. Значи, пристапот треба да биде попаметен, рече Петков во изјава за БТВ.

Според него, секој чекор во врска со Македонија ќе помине низ Парламентот, така што тешко дека може да има таен договор меѓу владите.

Ќе имаме отворен дијалог, ќе поминеме низ Парламентот, за да можеме заедно како Бугари да напредуваме во оваа стратегија. Овде очекувам поддршка не само од владината коалиција, туку и од опозицијата, бидејќи ова е национално прашање, додаде Петков.

The post Петков: Македонија во ЕУ најрано за 10 години appeared first on Република.

]]>

Има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Македонија. Нашата влада нема да подлегне на вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни. Имаме една заедничка цел – Македонија да биде европска земја, добар сосед. Заедно можеме да создадеме економски раст и сите овие националистички повици и провокации само треба да ги игнорираме за да одиме напред, вели бугарскиот премиер Кирил Петков. Според него, гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, кој оценува дека за Македонија ќе трае најмалку 10 години.
Гаранцијата за правата на Бугарите во Македонија може да се обезбеди и преку европскиот процес. Впрочем, ако ги ставиме во европскиот договор на Македонија, веќе нема само Бугарија да ги брани овие права, туку договорот со Европската унија ќе го гарантира ова право. Значи, укинувањето на ветото, како што сите велат – дали да се укине или не, е погрешен начин на размислување. Тука мора да кажеме – Македонија ќе биде во Европската унија најрано после 10 години. Има многу поглавја на нејзиниот пат кон Европа. Ние треба само да ги поставиме нашите услови – на пример, за Уставот пред првото поглавје. На овој начин, со укинувањето на ветото, ние на Македонија и даваме пат да тргне. Но, во овие посебни поглавја можеме да ги ставиме сите услови кои ни се неопходни, и така нема да го решиме проблемот што моментално постои за една или две недели, туку ќе имаме 10 години да работиме заедно за да може навистина Mакедонија да биде европска држава и сите права на Бугарите таму да бидат целосно заштитени. Значи, пристапот треба да биде попаметен, рече Петков во изјава за БТВ.
Според него, секој чекор во врска со Македонија ќе помине низ Парламентот, така што тешко дека може да има таен договор меѓу владите.
Ќе имаме отворен дијалог, ќе поминеме низ Парламентот, за да можеме заедно како Бугари да напредуваме во оваа стратегија. Овде очекувам поддршка не само од владината коалиција, туку и од опозицијата, бидејќи ова е национално прашање, додаде Петков.

The post Петков: Македонија во ЕУ најрано за 10 години appeared first on Република.

]]>
Македонија уште тагува: 10 години од петкратното убиство кај Смилковци https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ushte-taguva-10-godini-od-petkratnoto-ubistvo-kaj-smilkovci/ Tue, 12 Apr 2022 07:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=487103

Денеска се навршуваат десет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје.

Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

The post Македонија уште тагува: 10 години од петкратното убиство кај Смилковци appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат десет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје. Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството. За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута. На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.  

The post Македонија уште тагува: 10 години од петкратното убиство кај Смилковци appeared first on Република.

]]>
Вил Смит дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години поради тоа што му удри шамар на Крис Рок https://republika.mk/scena/film/vil-smit-diskvalifikuvan-od-oskarite-vo-slednite-10-godini-poradi-toa-shto-mu-udri-shamar-na-kris-rok/ Fri, 08 Apr 2022 20:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=485590

Вил Смит е дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години, поради шамарот што му го удри Крис Рок на церемонијата на 27 март.

53-годишниот актер, кој доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“, е казнет од Академијата за филмски уметности и науки со 10-годишна забрана. Веднаш по инцидентот, Смит поднесе оставка од Академијата.

Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата, рече Вил Смит.

Академијата, исто така, се извини што не се справи веднаш со ситуацијата и му дозволи на Смит да остане во салата и да ја прими наградата за најдобар актер.

The post Вил Смит дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години поради тоа што му удри шамар на Крис Рок appeared first on Република.

]]>

Вил Смит е дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години, поради шамарот што му го удри Крис Рок на церемонијата на 27 март. 53-годишниот актер, кој доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“, е казнет од Академијата за филмски уметности и науки со 10-годишна забрана. Веднаш по инцидентот, Смит поднесе оставка од Академијата.