Здравје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/zdravje/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 07:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Здравје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/zdravje/ 32 32 Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи https://republika.mk/zivot/zdravje/hospitalizirani-chetiri-litsa-so-golema-kashlitsa-novi-27-sluchai/ Sat, 27 Apr 2024 07:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=771596

 Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период. Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 20, а пријавени се заболени и во Битола - три, Куманово - две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.

- Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје - 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 254 лица се од машки, а 262 од женски пол.

- Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето - за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.

Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи appeared first on Република.

]]>

 Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период. Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 20, а пријавени се заболени и во Битола - три, Куманово - две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.
- Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје - 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата. Дистрибуцијата по пол покажува дека 254 лица се од машки, а 262 од женски пол.
- Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето - за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот. Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

The post Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/odbelezhuvane-na-evropskata-nedela-na-imunizatsija-vo-gradski-park-vo-skopje/ Sat, 27 Apr 2024 06:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=771583

Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

The post Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација. На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.
- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

The post Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење https://republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-odbelezha-100-godini-postoene/ Fri, 26 Apr 2024 17:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=771507

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Република Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.

- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.

Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.

- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.

Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни.

Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.

- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.

Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем.

Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.

- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.

Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“.

Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.

- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

The post Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Република Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.
- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.
Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.
- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.
Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни. Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.
- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.
Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем. Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.
- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.
Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“. Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.
- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

The post Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење appeared first on Република.

]]>
Екипите на Здравствен дом Куманово ја одбележаа Европската недела на имунизација https://republika.mk/zivot/zdravje/ekipite-na-zdravstven-dom-kumanovo-ja-odbelezhaa-evropskata-nedela-na-imunizatsija/ Fri, 26 Apr 2024 14:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=771463

Екипите на здравствен дом Куманово денеска на градскиот плоштад во Куманово делеа промотивен материјал за Европската недела на имунизација. Родителите на мали деца имаа можност да се информираат за вакцините против различни болести, како заштитуваат и колку помагаат да се зачува колективното здравје.

- Целта на денешната кампања која се спроведува под мотото „Заштитуваме генерации“ е да се подигне јавната свест кај населението за почитување на редовниот календар за имунизација. Не попусто е одреден периодот на вакцинирање. Многу е важно да се почитува за да не ни се враќаат искоренетите болести како што беше случајот со пертусис, изјави д-р Хајра Цаноска Рамадани од Здравствен дом Куманово.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија.

Доктор Ана Арсовска од Здравствен дом Куманово, информираше дека изминатиов период посетиле повеќе рурални места и ги вакциннирале децата.

-Вратите беа широко отворени за вакцинација. Овие родителите не секогаш се во можност да ги донесат децата во Куманово на вакцинација и одлична беше кампањата. Проблем останува во урбаната средина и преку оваа кампања се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за имунизација, кажа д-р Арсовска.

Двете докторки велат дека вакцините се причина за искоренување на болести кои во минатото биле фатални. Тие апелираат родителите да се информираат од стручни лица.

-Има граѓани кои читаат и се едуцираат од непроверени извори на информации, антиваксерската кампања ги вратија заборавените болести. Секој кој има какви било прашања може да се обрати кај нас, повикаа докторките.

Куманово е еден од градовите со низок опфат на вакцинација и беше еден од градовите каде се врати болеста „голема кашлица“.

Кампањата ја организираат Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), поддржани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Европската унија.

The post Екипите на Здравствен дом Куманово ја одбележаа Европската недела на имунизација appeared first on Република.

]]>

Екипите на здравствен дом Куманово денеска на градскиот плоштад во Куманово делеа промотивен материјал за Европската недела на имунизација. Родителите на мали деца имаа можност да се информираат за вакцините против различни болести, како заштитуваат и колку помагаат да се зачува колективното здравје.
- Целта на денешната кампања која се спроведува под мотото „Заштитуваме генерации“ е да се подигне јавната свест кај населението за почитување на редовниот календар за имунизација. Не попусто е одреден периодот на вакцинирање. Многу е важно да се почитува за да не ни се враќаат искоренетите болести како што беше случајот со пертусис, изјави д-р Хајра Цаноска Рамадани од Здравствен дом Куманово.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија. Доктор Ана Арсовска од Здравствен дом Куманово, информираше дека изминатиов период посетиле повеќе рурални места и ги вакциннирале децата.
-Вратите беа широко отворени за вакцинација. Овие родителите не секогаш се во можност да ги донесат децата во Куманово на вакцинација и одлична беше кампањата. Проблем останува во урбаната средина и преку оваа кампања се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за имунизација, кажа д-р Арсовска.
Двете докторки велат дека вакцините се причина за искоренување на болести кои во минатото биле фатални. Тие апелираат родителите да се информираат од стручни лица.
-Има граѓани кои читаат и се едуцираат од непроверени извори на информации, антиваксерската кампања ги вратија заборавените болести. Секој кој има какви било прашања може да се обрати кај нас, повикаа докторките.
Куманово е еден од градовите со низок опфат на вакцинација и беше еден од градовите каде се врати болеста „голема кашлица“. Кампањата ја организираат Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), поддржани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Европската унија.

The post Екипите на Здравствен дом Куманово ја одбележаа Европската недела на имунизација appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-ne-znae-dali-toksikologija-koja-se-poplavi-e-osigurana-ama-e-siguren-deka-organizatsiskata-direktorka-odi-na-rabota-i-ne-se-parkira-pred-vlezot-na-klinikata/ Fri, 26 Apr 2024 14:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=771456

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.

Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути.

Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.
Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.
https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.
Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>
На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Fri, 26 Apr 2024 11:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=771382

Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа.

Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ.

Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути, додаде Петровски.

Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува appeared first on Република.

]]>

Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа. Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ.
Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути, додаде Петровски.
Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена. Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.
Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.
Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува appeared first on Република.

]]>
Поплава на Клиниката за токсикологија, пукнала цевка од парно https://republika.mk/zivot/zdravje/poplava-na-klinikata-za-toksikologija-puknala-tsevka-od-parno/ Fri, 26 Apr 2024 10:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=771342

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post Поплава на Клиниката за токсикологија, пукнала цевка од парно appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена. МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор. Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.
Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.
Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

The post Поплава на Клиниката за токсикологија, пукнала цевка од парно appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење https://republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-ke-odbelezhi-100-godini-postoene/ Fri, 26 Apr 2024 07:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=771201

Институтот за јавно здравје денеска свечено ќе одбележи 100 години постоење.

Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата на сите граѓани. Овој значаен настан не е само прослава на долговечноста, туку и доказ за непоколебливата посветеност на Институтот за јавното здравје. Во првите редови на превентивната здравствена заштита, Институтот вредно работеше на заштита на здравјето и благосостојбата на заедницата, поставувајќи преседан како прва и единствена здравствена институција во државата, што постигнува да одбележи 100 години од своето формирање и успешно функционирање, информираа претходно од Институтот.

Најавено беше и дека Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје, беше соопштено од Институтот.

Директорот, доктор Шабан Мемети во писмена изјава подвлече дека се неизмерно горди што го слават овој јубилеј од 100 години.

Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, истакна директорот.

The post Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење appeared first on Република.

Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО https://republika.mk/zivot/zdravje/alarmantna-e-upotrebata-na-alkohol-i-elektronski-tsigari-kaj-detsata-od-11-do-15-godini-predupreduva-szo/ Thu, 25 Apr 2024 09:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=770873

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.

Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд.

По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада.

Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена.

СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.

Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.
Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд. По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО. Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада. Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена. СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.
Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>
Зошто е корисно да се јадат домати https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-e-korisno-da-se-jadat-domati/ Thu, 25 Apr 2024 09:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=770849

Ликопенот е еден од најмоќните антиоксиданси. На ова доматите ја должат својата заводлива црвена боја. Овој фитонутриент е имунолошкиот обучувач на природата: таа супермоќ макрофагите и клетките убијци, претворајќи ги во специјални сили кои ги неутрализираат опасните итни случаи во телото 24/7. Исто така ги зајакнува коските и има антиканцерогени својства.

Секојдневното консумирање сушени, задушени или свежи домати е најлесниот начин да се обезбеди непречено снабдување со оваа корисна супстанција во нашето тело.

Поевтина опција – доматна паста – опција за напредни ентузијасти кои се навикнати да инвестираат што е можно повеќе во своето здравје.

Како каротеноиден пигмент растворлив во масти, ликопенот најдобро се апсорбира кога се консумира со извор на маснотии. На пример, со путер, авокадо или масна морска риба.

The post Зошто е корисно да се јадат домати appeared first on Република.

]]>

Ликопенот е еден од најмоќните антиоксиданси. На ова доматите ја должат својата заводлива црвена боја. Овој фитонутриент е имунолошкиот обучувач на природата: таа супермоќ макрофагите и клетките убијци, претворајќи ги во специјални сили кои ги неутрализираат опасните итни случаи во телото 24/7. Исто така ги зајакнува коските и има антиканцерогени својства. Секојдневното консумирање сушени, задушени или свежи домати е најлесниот начин да се обезбеди непречено снабдување со оваа корисна супстанција во нашето тело. Поевтина опција – доматна паста – опција за напредни ентузијасти кои се навикнати да инвестираат што е можно повеќе во своето здравје. Како каротеноиден пигмент растворлив во масти, ликопенот најдобро се апсорбира кога се консумира со извор на маснотии. На пример, со путер, авокадо или масна морска риба.

The post Зошто е корисно да се јадат домати appeared first on Република.

]]>
Паметна лепенка открива постоперативни компликации https://republika.mk/zivot/zdravje/pametna-lepenka-otkriva-postoperativni-komplikatsii-2/ Tue, 23 Apr 2024 13:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=769648

Гастроинтестиналните операции носат со себе ризик од протекување течност, потенцијално по живот опасна компликација, а моментално не постои никаков добар начин за откривање на таквото протекување, кое ако не се открие навреме, може да го продолжи времето на хоспитализација и да предизвика дополнителни компликации, па дури и да резултира со смрт.

Истражувачи од американскиот Универзитет Нортвестерн и Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон ја развија првата паметна лепенка која на клиниките им овозможува следење на здравјето на органите и длабоките ткива на пациентите со едноставен ултразвучен уред.

Кога ќе се прицврсти ан органот, меката минијатурна лепенка го менува обликот како одговор на променливите pH нивоа, што може да послужи како ран знак на предупредување на компликации после операцијата како што е ислевањето на анастомоза. Така докторите можат да ги видат тие промени на обликот во реално време преку ултразвучно снимање.

Моментално ниедна постоечка метоа не може прецизно и неинвазивно да открие истекување на анастомоза, состојба опасна по живот која се јавува кога гастроинтестиналната течност ќе излезе од дигестивниот систем. Откривањето ан истекувањето со помош на лепенката може да овозможи навремена интервенција. Потоа, кога пациентот целосно ќе закрепне, биокомпатибилната и биоресорптивна лепенка едноставно се раствора и нема потреба од хируршко отстранување.

Лепенката во телото може да се вметне со минимална инвазивна постапка, па дури и да се имплантира со инјекција.

The post Паметна лепенка открива постоперативни компликации appeared first on Република.

]]>

Гастроинтестиналните операции носат со себе ризик од протекување течност, потенцијално по живот опасна компликација, а моментално не постои никаков добар начин за откривање на таквото протекување, кое ако не се открие навреме, може да го продолжи времето на хоспитализација и да предизвика дополнителни компликации, па дури и да резултира со смрт. Истражувачи од американскиот Универзитет Нортвестерн и Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон ја развија првата паметна лепенка која на клиниките им овозможува следење на здравјето на органите и длабоките ткива на пациентите со едноставен ултразвучен уред. Кога ќе се прицврсти ан органот, меката минијатурна лепенка го менува обликот како одговор на променливите pH нивоа, што може да послужи како ран знак на предупредување на компликации после операцијата како што е ислевањето на анастомоза. Така докторите можат да ги видат тие промени на обликот во реално време преку ултразвучно снимање. Моментално ниедна постоечка метоа не може прецизно и неинвазивно да открие истекување на анастомоза, состојба опасна по живот која се јавува кога гастроинтестиналната течност ќе излезе од дигестивниот систем. Откривањето ан истекувањето со помош на лепенката може да овозможи навремена интервенција. Потоа, кога пациентот целосно ќе закрепне, биокомпатибилната и биоресорптивна лепенка едноставно се раствора и нема потреба од хируршко отстранување. Лепенката во телото може да се вметне со минимална инвазивна постапка, па дури и да се имплантира со инјекција.  

The post Паметна лепенка открива постоперативни компликации appeared first on Република.

]]>
Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир https://republika.mk/zivot/zdravje/cheshka-donirashe-inkubator-za-bebina-na-klinikata-majka-tereza-vo-chair/ Tue, 23 Apr 2024 12:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=769644

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице.

„Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.

The post Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир appeared first on Република.

]]>

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице. „Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва. Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.    

The post Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење https://republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-odbelezhuva-100-godini-postoene/ Tue, 23 Apr 2024 09:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=769629

Институтот за јавно здравје на Република Македонија одбележува 100 години од своето формирање под мотото „Институт за јавно здравје на Република Македонија - 100 години чувар на вашето здравје“.

Во чест на овој настан, Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век.

Понатаму, ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје.

Ние сме неизмерно горди што го славиме овој јубилеј од 100 години. Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето. и благосостојба на сите граѓани“, истакна директорот на Институт за јавно здравје, д-р Шабан Мемети.

The post Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје на Република Македонија одбележува 100 години од своето формирање под мотото „Институт за јавно здравје на Република Македонија - 100 години чувар на вашето здравје“. Во чест на овој настан, Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Понатаму, ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје.
Ние сме неизмерно горди што го славиме овој јубилеј од 100 години. Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето. и благосостојба на сите граѓани“, истакна директорот на Институт за јавно здравје, д-р Шабан Мемети.
 
The post Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување https://republika.mk/zivot/zdravje/shtrajkot-na-privatnite-spetsijalizanti-vremeno-staven-vo-miruvane/ Mon, 22 Apr 2024 12:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=769296

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува, бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.

Во знак на изразување на револт што нашите барања сѐ уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.

И претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева нагласи дека ставањето на штрајкот во времено мирување никако не значи откажување од било кое барање.

Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на новата Влада, дека сите барања ќе бидат решени – здравствено осигурување, плата на ниво на просечен лекар и вработување на сите колеги кои се на специјализација, нагласи таа.

Георгиева рече дека податоците покажуваат оти над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. Според статистиките на Македонското лекарско друштво, над 250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети.

Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

The post Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување appeared first on Република.

]]>

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања. Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува, бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.
Во знак на изразување на револт што нашите барања сѐ уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.
И претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева нагласи дека ставањето на штрајкот во времено мирување никако не значи откажување од било кое барање.
Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на новата Влада, дека сите барања ќе бидат решени – здравствено осигурување, плата на ниво на просечен лекар и вработување на сите колеги кои се на специјализација, нагласи таа.
Георгиева рече дека податоците покажуваат оти над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. Според статистиките на Македонското лекарско друштво, над 250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети. Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.  

The post Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување appeared first on Република.

]]>
Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-e-brojot-na-zaboleni-so-ovchi-sipanitsi-prijaveni-se-825-sluchai-ima-i-sluchai-na-shuga-i-zaushki/ Mon, 22 Apr 2024 09:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=769189

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано.

Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.

Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.

На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија.

Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.

Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.

The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано. Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.
Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.
На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија. Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.
Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.
   
The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>
Колку шеќер можете да внесете секој ден https://republika.mk/zivot/zdravje/kolku-sheker-mozhete-da-vnesete-sekoj-den/ Sat, 20 Apr 2024 19:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=768625

Количината на шеќер што е безбедна да се изеде дневно може да зависи од вкупниот внес на калории, нивото на активност и други фактори. Секако најдобро е да се избегнува додаден шеќер кога е можно бидејќи не содржи корисни хранливи материи. Премногу шеќер може да придонесе за превентивни болести.

Шеќерот содржи калории без дополнителни хранливи материи и долгорочно може да го оштети метаболизмот. Но, колку шеќер е премногу? Можеме ли да внесеме малку шеќер секој ден без штета или треба да го избегнуваме колку што е можно повеќе?

Многу е важно да се направи разлика помеѓу додадениот шеќер и шеќерот што природно се наоѓа во храната како што се овошјето и зеленчукот. Овошјето содржи вода, влакна и разни микронутриенти. Природните шеќери се добри, но додадениот шеќер не е.

Додадениот шеќер е главна состојка во благите и го има во многу преработена храна, како што се безалкохолните пијалоци и печива. Најчести додадени шеќери се обичниот трпезен шеќер (сахароза) и пченкарен сируп со висока фруктоза.

За да го подобрите вашето здравје, обидете се да избегнувате храна која содржи додадени шеќери. Дури и Диететските упатства за Американците препорачуваат ограничување на калориите од додаден шеќер на помалку од 10 проценти од вкупните дневни калории. Исто така, запомнете дека додадените шеќери може да вклучуваат и природни шеќери. На пример, ако додадете мед во вашата овесна каша, вашата овесна каша содржи дополнителен шеќер од природен извор.

Многумина ги надминуваат препорачаните дози на шеќер дури три пати

За некој кој е на диета од 2.000 калории, тоа значи не повеќе од 50 грама додаден шеќер или околу 12,5 лажички дневно.

Американското здружение за срце истакнува дека нивната дневна граница на шеќер е уште поконзервативна:

Мажите треба да консумираат не повеќе од 36 грама (или девет лажички, 150 калории) додаден шеќер дневно.

Жените не треба да консумираат повеќе од 25 грама (или шест лажички, 100 калории) додаден шеќер дневно.

Студиите откриваат дека типичниот возрасен Американец консумира околу 17 лажички шеќер дневно. Оваа количина е далеку над препорачаните граници, речиси двојно за мажи и тројна за жени.

The post Колку шеќер можете да внесете секој ден appeared first on Република.

]]>

Количината на шеќер што е безбедна да се изеде дневно може да зависи од вкупниот внес на калории, нивото на активност и други фактори. Секако најдобро е да се избегнува додаден шеќер кога е можно бидејќи не содржи корисни хранливи материи. Премногу шеќер може да придонесе за превентивни болести. Шеќерот содржи калории без дополнителни хранливи материи и долгорочно може да го оштети метаболизмот. Но, колку шеќер е премногу? Можеме ли да внесеме малку шеќер секој ден без штета или треба да го избегнуваме колку што е можно повеќе? Многу е важно да се направи разлика помеѓу додадениот шеќер и шеќерот што природно се наоѓа во храната како што се овошјето и зеленчукот. Овошјето содржи вода, влакна и разни микронутриенти. Природните шеќери се добри, но додадениот шеќер не е. Додадениот шеќер е главна состојка во благите и го има во многу преработена храна, како што се безалкохолните пијалоци и печива. Најчести додадени шеќери се обичниот трпезен шеќер (сахароза) и пченкарен сируп со висока фруктоза. За да го подобрите вашето здравје, обидете се да избегнувате храна која содржи додадени шеќери. Дури и Диететските упатства за Американците препорачуваат ограничување на калориите од додаден шеќер на помалку од 10 проценти од вкупните дневни калории. Исто така, запомнете дека додадените шеќери може да вклучуваат и природни шеќери. На пример, ако додадете мед во вашата овесна каша, вашата овесна каша содржи дополнителен шеќер од природен извор. Многумина ги надминуваат препорачаните дози на шеќер дури три пати За некој кој е на диета од 2.000 калории, тоа значи не повеќе од 50 грама додаден шеќер или околу 12,5 лажички дневно. Американското здружение за срце истакнува дека нивната дневна граница на шеќер е уште поконзервативна: Мажите треба да консумираат не повеќе од 36 грама (или девет лажички, 150 калории) додаден шеќер дневно. Жените не треба да консумираат повеќе од 25 грама (или шест лажички, 100 калории) додаден шеќер дневно. Студиите откриваат дека типичниот возрасен Американец консумира околу 17 лажички шеќер дневно. Оваа количина е далеку над препорачаните граници, речиси двојно за мажи и тројна за жени.

The post Колку шеќер можете да внесете секој ден appeared first on Република.

]]>
Врвен хируршки тим во Скопје изведе дентална операција транспозиција на нерв https://republika.mk/zivot/zdravje/vrven-hirurshki-tim-vo-skopje-izvede-dentalna-operatsija-transpozitsija-na-nerv/ Fri, 19 Apr 2024 10:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=767953

Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.

Интервенцијата се изведе во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори, д-р Диана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.

Видео приказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамки на Меѓународниот имплантолошки конгрес кој почнува денеска во хотел Хилтон, Скопје, а ќе заврши утре. Напредната хируршка техника за првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.

Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите кои ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.

Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

Во Македонија за првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME европски кредит поени.

ИМПЛА имплантолошкиот конгрес е во организација на Schuetz Dental од Германија и Велидент Трејд и IMPLA Study Club oд Македонија.

The post Врвен хируршки тим во Скопје изведе дентална операција транспозиција на нерв appeared first on Република.

]]>

Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан. Интервенцијата се изведе во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори, д-р Диана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица. Видео приказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамки на Меѓународниот имплантолошки конгрес кој почнува денеска во хотел Хилтон, Скопје, а ќе заврши утре. Напредната хируршка техника за првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти. Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите кои ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог. Во Македонија за првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME европски кредит поени. ИМПЛА имплантолошкиот конгрес е во организација на Schuetz Dental од Германија и Велидент Трејд и IMPLA Study Club oд Македонија.  

The post Врвен хируршки тим во Скопје изведе дентална операција транспозиција на нерв appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvo-za-zdravstvo-reshenie-za-privatnite-spetsijalizanti-ke-ima-posle-izborite/ Fri, 19 Apr 2024 09:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=767949

Ставот на Министерството за здравство е позитивен кон приватните специјализанти,но решение ќе има после изборите, се вели во соопштението од МЗ.

Приватните специјализанти почнаа штрајк со цел да им се обезбедат неколку барања.

Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус.

На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок.

Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.

The post Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите appeared first on Република.

]]>

Ставот на Министерството за здравство е позитивен кон приватните специјализанти,но решение ќе има после изборите, се вели во соопштението од МЗ. Приватните специјализанти почнаа штрајк со цел да им се обезбедат неколку барања.
Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус. На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.
 
The post Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите appeared first on Република.

]]>
СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-zgolemen-e-rizikot-za-prenos-na-ptichji-grip-vrz-luge-mnogu-sme-zagrizheni/ Thu, 18 Apr 2024 18:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=767710

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.
Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.

Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето. Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.
„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.
Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици. Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој. Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот. Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%. Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.
Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.
Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“ Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>
МЗ: Решение за приватните специјализанти после изборите https://republika.mk/zivot/zdravje/mz-reshenie-za-privatnite-spetsijalizanti-posle-izborite/ Thu, 18 Apr 2024 15:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=767628

Министерството за здравство денеска го повтори ставот дека решение за приватните специјализанти кои од понеделникот се во штрајк ќе има по изборите.

– Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус. На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности, наведува МЗ во соопштение.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, посочува дека „дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10 проценти од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок“.

-Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надомест, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување. Ставот на Министерството е позитивен кон нив, со цел да им се излезе во пресрет, но решение ќе има после изборите. Овие години, се направи значителен напредок со покачување на платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и вратено е достоинството на сите здравствени работници и соработници, стои во соопштението.

Над 400 приватни специјализанти пред четири дена стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски, со барања да им биде зголемен надоместот што им се исплаќа во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, да добијат здравствено осигурување и да им се реши статусот што сега им е со договор на дело

The post МЗ: Решение за приватните специјализанти после изборите appeared first on Република.