Култура Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/kultura/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 14:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Култура Archives - Република https://republika.mk/kategorija/vesti/kultura/ 32 32 Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalna-opera-i-balet-so-komichnata-opera-rita-gostuva-vo-kumanovo/ Thu, 02 May 2024 16:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=773485

На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.

The post Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети. „Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток. Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.

The post Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“ гостува во Куманово appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга на Сузана Милевска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-na-suzana-milevska/ Thu, 02 May 2024 15:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=773469

КСП Центар-Јадро и Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година, со радост ве поканува на промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелна култура и кураторка.

 

Промоцијата ќе се одвива во дијалошки формат помеѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интревенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста. Промоцијата е замислена како отворен дискурзивен и партиципациски настан што ќе вклучи и сесија со прашања и одговори од присутните.

 

„Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за париципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и објавувала овие текстови на англиски во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат, овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

 

Сузана Милевска ги артикулира и интерпретира плуралните, отворени, променливи форми во уметноста кои, сепак, претставуваат кохерентно единство, структура која потенцира и репрезентира одреден свет на релации помеѓу поединечните општествени и човечки и интимни наративи, помеѓу политичкото и уметничкото. Зошто е од исклучително значење книгата со теориски артикулации и размислувања на Сузана Милевска – заради нејзината важна интервенција во етичко-политичката организација на промислувањето на партиципациската уметност, и заради нејзиното храбро и предизвикувачко отворање/поставување прашања преку чии можни одговори може одново да се освои изгубениот политички и уметнички простор, разбиен со безмилосните напади на глобалниот неолиберализам. Милевска освен што во една повеќегодишна епистемолошка перспектива нуди огромен спектар на предностите и замките кои со себе ги носи партиципациската уметност, таа едновремено, нѐ воведува во една поинаква перспектива низ која ги согледуваме и институционалните лавиринти, и постколонијалните спирали, а сето тоа, се разбира, со исклучително внимателно инсистирање на контекстите во кои се одвиваат ваквите динамики.

 

Книгата на Милевска Контрапункт ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание беше во март 2024 година, во Њујорк.

 

Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните уметности и култура. Нејзините теориски и кураторски интереси се свртени кон постколонијалната критика на хегемонските режими на моќта во претставувањето, родовите разлики во визуелната култура, и феминистичките, партиципациските и колаборативните уметнички практики. Милевска била Главен истражувач на проектот на Хоризонт во 2020 насловен како ТРАГИ на Политехничкиот Универзитет Милано, а во 2019 година таа ја курирала завршната изложба Спорни објекти/Засрамени субјекти. Во 2013 година, таа била назначена за прв поддржан професор за историја на уметностите од Централна и Југоисточна Европа на Уметничката Акдемија во Виена (2013-2015). Милевска докторирала визуелна култура на Голдсмит Колеџ, при Лондонскиот Универзитет. Во 2004 година била Фулбрајтов стипендист како виш истражувач во Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа има курирано бројни меѓународни изложби, го има иницирано проектот Повикај го сведокото – Рома павилјон на Венециското биенале (2010-2011). Нејзините текстови се преведени на бугарски, хрватски, англиски, француски, унгарски, германски, италијански, јапонски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски, турски, итн. Таа е автор и уредник на многу книги, меѓу кои Gender Difference in the Balkans, 2010, The Renaming Machine: The Book, 2010, и On Productive Shame, Reconciliation, и Agency, SternbergPress, 2016 година. Во 2012 ја добива наградата Игор Забел за култура и теорија.

 

Оваа книга е објавена како дел од проектот Peripheral Visions – towards a trans(l)national publishing culture, кој си поставува за цел да развие меѓународна размена меѓу малите културни и лингвистички контексти на полуперифериите на Европа со меѓусебна поддршка преку ко-продукции, ко-креации, трансфер на знаења и споделување на ресурси. Преку мултилингвално издаваштво, трансдисциплинирана културна продукција, алтернативна дистрибуција, размена на знаење, дигитални содржини, отворени дигитални технологии, и нови формати на игри, проектот создава меѓународен простор за создавање и експериментирање во издавачкиот процес. Peripheral Visions е заеднички проект на Културтрегер, Маска од Љубљана, eipcp – European Institute for Progressive Cultural Policies, kuda.org, Контрапункт и Мултимедијалниот Институт со здружените партнери Kulturföreningen Glänta и EUROZINE.

 

Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив.

The post Промоција на книга на Сузана Милевска appeared first on Република.

]]>

КСП Центар-Јадро и Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година, со радост ве поканува на промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелна култура и кураторка.   Промоцијата ќе се одвива во дијалошки формат помеѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интревенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста. Промоцијата е замислена како отворен дискурзивен и партиципациски настан што ќе вклучи и сесија со прашања и одговори од присутните.   „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за париципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и објавувала овие текстови на англиски во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат, овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје.   Сузана Милевска ги артикулира и интерпретира плуралните, отворени, променливи форми во уметноста кои, сепак, претставуваат кохерентно единство, структура која потенцира и репрезентира одреден свет на релации помеѓу поединечните општествени и човечки и интимни наративи, помеѓу политичкото и уметничкото. Зошто е од исклучително значење книгата со теориски артикулации и размислувања на Сузана Милевска – заради нејзината важна интервенција во етичко-политичката организација на промислувањето на партиципациската уметност, и заради нејзиното храбро и предизвикувачко отворање/поставување прашања преку чии можни одговори може одново да се освои изгубениот политички и уметнички простор, разбиен со безмилосните напади на глобалниот неолиберализам. Милевска освен што во една повеќегодишна епистемолошка перспектива нуди огромен спектар на предностите и замките кои со себе ги носи партиципациската уметност, таа едновремено, нѐ воведува во една поинаква перспектива низ која ги согледуваме и институционалните лавиринти, и постколонијалните спирали, а сето тоа, се разбира, со исклучително внимателно инсистирање на контекстите во кои се одвиваат ваквите динамики.   Книгата на Милевска Контрапункт ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание беше во март 2024 година, во Њујорк.   Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните уметности и култура. Нејзините теориски и кураторски интереси се свртени кон постколонијалната критика на хегемонските режими на моќта во претставувањето, родовите разлики во визуелната култура, и феминистичките, партиципациските и колаборативните уметнички практики. Милевска била Главен истражувач на проектот на Хоризонт во 2020 насловен како ТРАГИ на Политехничкиот Универзитет Милано, а во 2019 година таа ја курирала завршната изложба Спорни објекти/Засрамени субјекти. Во 2013 година, таа била назначена за прв поддржан професор за историја на уметностите од Централна и Југоисточна Европа на Уметничката Акдемија во Виена (2013-2015). Милевска докторирала визуелна култура на Голдсмит Колеџ, при Лондонскиот Универзитет. Во 2004 година била Фулбрајтов стипендист како виш истражувач во Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа има курирано бројни меѓународни изложби, го има иницирано проектот Повикај го сведокото – Рома павилјон на Венециското биенале (2010-2011). Нејзините текстови се преведени на бугарски, хрватски, англиски, француски, унгарски, германски, италијански, јапонски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски, турски, итн. Таа е автор и уредник на многу книги, меѓу кои Gender Difference in the Balkans, 2010, The Renaming Machine: The Book, 2010, и On Productive Shame, Reconciliation, и Agency, SternbergPress, 2016 година. Во 2012 ја добива наградата Игор Забел за култура и теорија.   Оваа книга е објавена како дел од проектот Peripheral Visions – towards a trans(l)national publishing culture, кој си поставува за цел да развие меѓународна размена меѓу малите културни и лингвистички контексти на полуперифериите на Европа со меѓусебна поддршка преку ко-продукции, ко-креации, трансфер на знаења и споделување на ресурси. Преку мултилингвално издаваштво, трансдисциплинирана културна продукција, алтернативна дистрибуција, размена на знаење, дигитални содржини, отворени дигитални технологии, и нови формати на игри, проектот создава меѓународен простор за создавање и експериментирање во издавачкиот процес. Peripheral Visions е заеднички проект на Културтрегер, Маска од Љубљана, eipcp – European Institute for Progressive Cultural Policies, kuda.org, Контрапункт и Мултимедијалниот Институт со здружените партнери Kulturföreningen Glänta и EUROZINE.   Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив.

The post Промоција на книга на Сузана Милевска appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-odgovorni-sme-vo-zashtitata-na-ohridskiot-region-opshtinata-da-odgovori-za-gradbata-na-hotelot-vo-turistichkiot-lokalitet-goritsa/ Thu, 02 May 2024 13:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=773455

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

The post Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“. Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација. Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство. Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела. Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму. Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО). Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид. По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

The post Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ appeared first on Република.

]]>
Изложба „Кимоно инспирации“ на костимографот и режисер Благој Мицевски во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-kimono-inspiratsii-na-kostimografot-i-rezhiser-blagoj-mitsevski-vo-skopje/ Thu, 02 May 2024 09:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=773327

По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14-ти мај.

Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, но исто така и кимона кои се направени токму за оваа пригода.

Со ова скопско издание на изложбата „Кимоно Инспирации“, организаторите на настанот, ПАГОДА, целат кон збогатување на културната програма на градот со повеќе настани во текот на годината со кои ќе се одбележат 30 години од воспоставување на билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Изложбата „Кимоно Инспирации“ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста кај нашите уметници и творци.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одбележи со традиционална презентација на церемонија на чај со Јуко Сакагучи и музички настап на флејтистката Стефана Марковиќ.

Изложбата е поддржана од Јапонската Амбасада во Северна Република Македонија, а во организација на ПАГОДА.

ПАГОДА е здружение кое е оформено кон крајот на 2023 од членови на организацискиот тим кој стои зад двата Нихон-џи Фестивали за Јапонска Култура и делува самостојно, залагајќи се за негување значајни пријателства и славење на богатите култури помегу Македонија и источноазиските земји.

Благој Мицевски е костимограф, дизајнер, сценограф, режисер и уметнички директор. Дипломирал дизајн на текстил и облека на Технолошки факултет на Универзитетот во Загреб во 1991 година каде и ја започнува кариерата.

Добитник е на 14 награди за костимографија, а неговата богата кариера ја красат и бројни претстави. Неговата претстава „Без паника“ наградена со Гран При и една меѓу трите претстави во НТ Битола со 100 изведби. Соработувал со врвни режисери и театарски работници во Македонија, Балканот, но и пошироко.

 

The post Изложба „Кимоно инспирации“ на костимографот и режисер Благој Мицевски во Скопје appeared first on Република.

]]>

По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14-ти мај. Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, но исто така и кимона кои се направени токму за оваа пригода. Со ова скопско издание на изложбата „Кимоно Инспирации“, организаторите на настанот, ПАГОДА, целат кон збогатување на културната програма на градот со повеќе настани во текот на годината со кои ќе се одбележат 30 години од воспоставување на билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија. Изложбата „Кимоно Инспирации“ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста кај нашите уметници и творци. Свеченото отворање на изложбата ќе се одбележи со традиционална презентација на церемонија на чај со Јуко Сакагучи и музички настап на флејтистката Стефана Марковиќ. Изложбата е поддржана од Јапонската Амбасада во Северна Република Македонија, а во организација на ПАГОДА. ПАГОДА е здружение кое е оформено кон крајот на 2023 од членови на организацискиот тим кој стои зад двата Нихон-џи Фестивали за Јапонска Култура и делува самостојно, залагајќи се за негување значајни пријателства и славење на богатите култури помегу Македонија и источноазиските земји. Благој Мицевски е костимограф, дизајнер, сценограф, режисер и уметнички директор. Дипломирал дизајн на текстил и облека на Технолошки факултет на Универзитетот во Загреб во 1991 година каде и ја започнува кариерата. Добитник е на 14 награди за костимографија, а неговата богата кариера ја красат и бројни претстави. Неговата претстава „Без паника“ наградена со Гран При и една меѓу трите претстави во НТ Битола со 100 изведби. Соработувал со врвни режисери и театарски работници во Македонија, Балканот, но и пошироко.  

The post Изложба „Кимоно инспирации“ на костимографот и режисер Благој Мицевски во Скопје appeared first on Република.

]]>
Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај https://republika.mk/vesti/kultura/rasprodadena-e-spektakulanrata-trubadur-za-otvoraneto-na-majski-operski-vecheri-reprizata-e-na-11-maj/ Thu, 02 May 2024 08:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=773276

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Распродадена е спектакуланрата „Трубадур“ за отворањето на Мајски оперски вечери, репризата е на 11 мај appeared first on Република.

]]>
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-chetirite-majstori-na-modernizmot/ Thu, 02 May 2024 08:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=773269

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.

 

The post Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“ appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“ Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа. Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.  

The post Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-kamuran-gorantsi-vo-chifte-amam/ Thu, 02 May 2024 07:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=773237

На 9 мај во Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба на уметникот Камуран Горанци.

Ова е одлична можност да се запознаете со талентираниот уметник и да го искусите неговото креативност и изразност преку неговите дела. На изложбата ќе бидат претставени вкупно 22 дела, изработени во техниката акрилик на платно, кои се произведени во периодот од 2020 до 2024 година, најавува Националната галерија.

Камуран Горанци, уметник-сликар и продуцент, Албанец од Косово. Роден во Призрен на 28.07.1955 г. Дипломирал на Академијата за уметности на Универзитетот во Приштина во 1977 година, на отсекот сликарство на професорот Муслим Мулиќи. Додека магистрирал во Белград во 1981 година и се здобил со звање академик, магистер по сликарство.

Од 2002 година живее и работи во Приштина, работи во Министерството за култура, млади и спорт како раководител на Секторот за изведувачки, музички и визуелни уметности во Секторот за култура. Во 2011 година на јавниот конкурс на МКРС е избран за директор на Одделението за култура, функција која ја извршува до ноември 2015 година.

Продуцент е и на три играни филмови како што се: Филмот „Жедта на Косово“ во режија на Сунај Рача – 2005 година; Филмот „АНАТЕМА“ на режисерот Агим сопи – 2006 година и филмот „Три прозорци и бесење“ на режисерот Иса Ќосја – 2014. Во 2017 година заедно со своите колеги го основа Здружението за визуелни уметности на Косово и е Претседател на Здружението.

 

The post Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

На 9 мај во Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба на уметникот Камуран Горанци.
Ова е одлична можност да се запознаете со талентираниот уметник и да го искусите неговото креативност и изразност преку неговите дела. На изложбата ќе бидат претставени вкупно 22 дела, изработени во техниката акрилик на платно, кои се произведени во периодот од 2020 до 2024 година, најавува Националната галерија.
Камуран Горанци, уметник-сликар и продуцент, Албанец од Косово. Роден во Призрен на 28.07.1955 г. Дипломирал на Академијата за уметности на Универзитетот во Приштина во 1977 година, на отсекот сликарство на професорот Муслим Мулиќи. Додека магистрирал во Белград во 1981 година и се здобил со звање академик, магистер по сликарство. Од 2002 година живее и работи во Приштина, работи во Министерството за култура, млади и спорт како раководител на Секторот за изведувачки, музички и визуелни уметности во Секторот за култура. Во 2011 година на јавниот конкурс на МКРС е избран за директор на Одделението за култура, функција која ја извршува до ноември 2015 година. Продуцент е и на три играни филмови како што се: Филмот „Жедта на Косово“ во режија на Сунај Рача – 2005 година; Филмот „АНАТЕМА“ на режисерот Агим сопи – 2006 година и филмот „Три прозорци и бесење“ на режисерот Иса Ќосја – 2014. Во 2017 година заедно со своите колеги го основа Здружението за визуелни уметности на Косово и е Претседател на Здружението.  

The post Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје https://republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-so-brod-za-kukli-ke-uchestvuva-na-steriino-pozorje/ Thu, 02 May 2024 06:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=773204

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад.

Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.

Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.

Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

 

The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.
Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.
 

The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>
Трето издание на Фестивалот на проза во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/treto-izdanie-na-festivalot-na-proza-vo-kumanovo/ Thu, 02 May 2024 06:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=773200

Третото издание на Фестивалот на проза ќе се одржи на 30 и на 31 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

На фестивалот покрај домашните писатели, ќе има гости од Бугарија, Србија и Црна Гора. Во склоп на фестивалот се плаирани работилници за најмалите, работилница за креативно пишување, две вечери дискусија за прозата.

 

The post Трето издание на Фестивалот на проза во Куманово appeared first on Република.

]]>

Третото издание на Фестивалот на проза ќе се одржи на 30 и на 31 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. На фестивалот покрај домашните писатели, ќе има гости од Бугарија, Србија и Црна Гора. Во склоп на фестивалот се плаирани работилници за најмалите, работилница за креативно пишување, две вечери дискусија за прозата.  

The post Трето издание на Фестивалот на проза во Куманово appeared first on Република.

]]>
Отворен повик за млади поети за третата „Отскочна даска“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-mladi-poeti-za-tretata-otskochna-daska/ Thu, 02 May 2024 06:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=773195

Во рамките на Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни, и годинава ќе се организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси.

Како што соопштија организаторите од фестивалот, заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија, фотографија со висока резолуција и две свои песни во Word на мејлот [email protected] најдоцна до 13-ти мај.

Продолжуваме со поддршката за младите поети, за тие што можеби веќе се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, ја објавиле својата прва стихозбирка или настапиле на некое поетско читање, но и за тие што можеби и не направиле ништо од сето тоа досега, давајќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати на настан подготвен само за нив! Како и минатите години, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците на „Отскочна даска #3“, а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот, односно, ќе изгласаат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на четвртото издание на СПФ и ќе чита како претставник на најмладата генерација заедно со другите повозрасни и етаблирани поети, соопштија од фестивалот.

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 20 мај на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 29 мај, со почеток од 20 часот. Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 30 мај.

Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и кафе-книжарница „Буква“.

The post Отворен повик за млади поети за третата „Отскочна даска“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни, и годинава ќе се организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси. Како што соопштија организаторите од фестивалот, заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија, фотографија со висока резолуција и две свои песни во Word на мејлот [email protected] најдоцна до 13-ти мај.
Продолжуваме со поддршката за младите поети, за тие што можеби веќе се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, ја објавиле својата прва стихозбирка или настапиле на некое поетско читање, но и за тие што можеби и не направиле ништо од сето тоа досега, давајќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати на настан подготвен само за нив! Како и минатите години, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците на „Отскочна даска #3“, а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот, односно, ќе изгласаат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на четвртото издание на СПФ и ќе чита како претставник на најмладата генерација заедно со другите повозрасни и етаблирани поети, соопштија од фестивалот.
Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 20 мај на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 29 мај, со почеток од 20 часот. Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 30 мај. Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и кафе-книжарница „Буква“.

The post Отворен повик за млади поети за третата „Отскочна даска“ appeared first on Република.

]]>
На 52. Мајски оперски вечери изложба посветена на примадоната Милка Ефтимова https://republika.mk/vesti/kultura/na-52-majski-operski-vecheri-izlozhba-posvetena-na-primadonata-milka-eftimova/ Wed, 01 May 2024 14:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=773032

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата, премиерно поставена, лани, во декември, во Музејoт на македонската борба за самостојност, ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.

„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.

 

The post На 52. Мајски оперски вечери изложба посветена на примадоната Милка Ефтимова appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата, премиерно поставена, лани, во декември, во Музејoт на македонската борба за самостојност, ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера. „Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.  

The post На 52. Мајски оперски вечери изложба посветена на примадоната Милка Ефтимова appeared first on Република.

]]>
Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-pol-oster-avtorot-na-nujorshkata-trilogija/ Wed, 01 May 2024 13:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=773022

Американскиот писател Пол Остер, автор на мистериозните романи „Њујоршка трилогија“ почина на 77 години, пренесува „Би-Би-Си“.

Остер е автор на повеќе од 30 книги. Тој се стекна со култен статус во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Неговите романи често се егзистенцијалистички приказни за аутсајдери и беа особено успешни во Европа.

Писателот почина во вторникот во неговиот дом во Бруклин поради компликации од канцер на белите дробови, потврди неговиот пријател и автор Џеки Лајден.

Остер е роден и израснат во Њуарк, Њу Џерси од родители со австриско еврејско потекло. Подоцна се преселил во Њујорк каде студирал на Универзитетот Колумбија. По дипломирањето поминал четири години во Франција каде се усовршил како писател.

Ненадејната смрт на неговиот татко го поттикнала да го напише „Изумот на самотијата“ во 1982 година – одраз на односите татко-син, што стана тема која се повторува во неговите дела. Но, неговиот пробив се случи со „Њујоршката трилогија“, филозофски твист на детективскиот жанр фокусиран на мрачниот квартет на приватните истражувачи наречени Блу, Браун, Блек и Вајт.

Негови други романи се „Тимбукту и егзистенцијалните капри“, „Месечевата палата“, „Музиката на среќата“ и „Левитјан“.

Остер беше познат по неговиот остар дијалог, а книгите му се преведени на повеќе од 40 јазици.

Дополнително, тој го напиша и сценариото за филмот „Smoke“ од 1995 за што ја доби наградата „Independent Spirit“.

Остер во 2017 година го објави романот „4321“ кој брои 866 страници, за кој изјави дека го смета за свое најдобро дело, иако доби различни рецензии од критичарите.

Минатата година Остер го објави „Bloodbath Nation“ заедно со неговиот зет Спенсер Острендер кој е фотограф. Делото составено од текст и фотографии од местата каде се случиле 30 масовни пукања се фокусира на вооруженото насилство во Америка.

The post Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот писател Пол Остер, автор на мистериозните романи „Њујоршка трилогија“ почина на 77 години, пренесува „Би-Би-Си“. Остер е автор на повеќе од 30 книги. Тој се стекна со култен статус во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Неговите романи често се егзистенцијалистички приказни за аутсајдери и беа особено успешни во Европа. Писателот почина во вторникот во неговиот дом во Бруклин поради компликации од канцер на белите дробови, потврди неговиот пријател и автор Џеки Лајден. Остер е роден и израснат во Њуарк, Њу Џерси од родители со австриско еврејско потекло. Подоцна се преселил во Њујорк каде студирал на Универзитетот Колумбија. По дипломирањето поминал четири години во Франција каде се усовршил како писател. Ненадејната смрт на неговиот татко го поттикнала да го напише „Изумот на самотијата“ во 1982 година – одраз на односите татко-син, што стана тема која се повторува во неговите дела. Но, неговиот пробив се случи со „Њујоршката трилогија“, филозофски твист на детективскиот жанр фокусиран на мрачниот квартет на приватните истражувачи наречени Блу, Браун, Блек и Вајт. Негови други романи се „Тимбукту и егзистенцијалните капри“, „Месечевата палата“, „Музиката на среќата“ и „Левитјан“. Остер беше познат по неговиот остар дијалог, а книгите му се преведени на повеќе од 40 јазици. Дополнително, тој го напиша и сценариото за филмот „Smoke“ од 1995 за што ја доби наградата „Independent Spirit“. Остер во 2017 година го објави романот „4321“ кој брои 866 страници, за кој изјави дека го смета за свое најдобро дело, иако доби различни рецензии од критичарите. Минатата година Остер го објави „Bloodbath Nation“ заедно со неговиот зет Спенсер Острендер кој е фотограф. Делото составено од текст и фотографии од местата каде се случиле 30 масовни пукања се фокусира на вооруженото насилство во Америка.

The post Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ appeared first on Република.

]]>
Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ https://republika.mk/vesti/kultura/horot-menada-odrzha-veligdenski-kontsert-vo-ohrid-se-nadevam-deka-sekoj-ponese-pozitivna-misla-od-kontsertot-veli-maestro-zorik/ Wed, 01 May 2024 12:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=773005

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово. Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.
Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.
Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.
Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>
Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора https://republika.mk/vesti/kultura/terakotnite-ikoni-od-vinichkoto-kale-na-ednomesechna-izlozhba-vo-tsrna-gora-2/ Tue, 30 Apr 2024 12:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=772629

Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали.

-Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница.

По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали. -Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница. По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Tенорот Зоран Сотиров со улогата Трубадур одбележува 25 години кариера https://republika.mk/vesti/kultura/tenorot-zoran-sotirov-so-ulogata-trubadur-odbelezhuva-25-godini-kariera/ Tue, 30 Apr 2024 12:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=772622

Во улогата Трубадур ќе настапи тенорот Зоран Сотиров. На прес-конференцијата тој рече дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984 година, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајски оперски вечери и дебитирал во 1999, во претставата „Боеми“.

Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам се од себе, рече Сотиров.

 

The post Tенорот Зоран Сотиров со улогата Трубадур одбележува 25 години кариера appeared first on Република.

]]>

Во улогата Трубадур ќе настапи тенорот Зоран Сотиров. На прес-конференцијата тој рече дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984 година, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајски оперски вечери и дебитирал во 1999, во претставата „Боеми“.
Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам се од себе, рече Сотиров.
 

The post Tенорот Зоран Сотиров со улогата Трубадур одбележува 25 години кариера appeared first on Република.

]]>
Најексклузивен настан на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена https://republika.mk/vesti/kultura/najekskluziven-nastan-na-mov-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/ Tue, 30 Apr 2024 12:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=772616

Операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет ќе биде прва изведба на Вагнеровото дело на нашата сцена.

Орце Ицковски, уметнички раководител на Операта на денешната прес-конференција истакна дека тоа е најексклузивен настан на фестивалот.

Како што рече, се потрудиле да направат ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“ на 11 мај, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија, а новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистка од Австрија во насловната улога (Моника Медек) и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.

The post Најексклузивен настан на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена appeared first on Република.

]]>

Операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет ќе биде прва изведба на Вагнеровото дело на нашата сцена. Орце Ицковски, уметнички раководител на Операта на денешната прес-конференција истакна дека тоа е најексклузивен настан на фестивалот. Како што рече, се потрудиле да направат ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“ на 11 мај, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија, а новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистка од Австрија во насловната улога (Моника Медек) и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.

The post Најексклузивен настан на МОВ: „Валкира“ од Вагнер со која гостува Софиската опера првпат ќе се изведе на наша сцена appeared first on Република.

]]>
Иван Поповски првпат поставува опера на македонска сцена: Операта е врв на сценската уметност https://republika.mk/vesti/kultura/ivan-popovski-prvpat-postavuva-opera-na-makedonska-stsena-operata-e-vrv-na-stsenskata-umetnost/ Tue, 30 Apr 2024 12:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=772602

„Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Рече дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка.

-Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери - диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното.

Иван Поповски, кој изгради кариера во Москва, првпат поставува опера на македонска сцена и  очекува дека публиката ќе биде задоволна од „Трубадур“ и од, како што рече, прекрасната музика, прекрасните солисти, хорот и оркестарот. Она што му е желба, рече, на сцена да ја постави „Евгениј Онегин“.

The post Иван Поповски првпат поставува опера на македонска сцена: Операта е врв на сценската уметност appeared first on Република.

]]>

„Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Рече дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка. -Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери - диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното. Иван Поповски, кој изгради кариера во Москва, првпат поставува опера на македонска сцена и  очекува дека публиката ќе биде задоволна од „Трубадур“ и од, како што рече, прекрасната музика, прекрасните солисти, хорот и оркестарот. Она што му е желба, рече, на сцена да ја постави „Евгениј Онегин“.

The post Иван Поповски првпат поставува опера на македонска сцена: Операта е врв на сценската уметност appeared first on Република.

]]>
„Трубадур“ од Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери https://republika.mk/vesti/kultura/trubadur-od-verdi-na-9-maj-ke-gi-otvori-52-majski-operski-vecheri/ Tue, 30 Apr 2024 12:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=772598

Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, на 9 мај во Националната опера и балет ќе биде отворен 52-от фестивал „Мајски оперски вечери“ кој до крајот на месецот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава.

Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога ќе настапи нашиот тенор Зоран Сотиров, а во екипата се домашни артисти и гостинка од Србија – мецеоспоранот Сања Анастасија во ликот на Ацучена.

„Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај  кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ).

-Имаме врвен авторски тим и очекуваме одлични резултати. Премиерата е речиси продадена, се продава и репризата, тоа го навестува успехот, истакна Орце Ицковски, уметнички раководител на Операта на прес-конференција.

Како што рече, се потрудиле да направат ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет. Ова ќе биде прва изведба на Вагнеровото дело на нашата сцена и, како што рече Ицковски, тоа е најексклузивен настан на фестивалот.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија, а новина за овие Мајски оперски вечери  е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистка од Австрија во насловната улога (Моника Медек) и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.

„Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Рече дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка.

-Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери - диригентот и на режисерот,  да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното.

Иван Поповски, кој изгради кариера во Москва, првпат поставува опера на македонска сцена и  очекува дека публиката ќе биде задоволна од „Трубадур“ и од, како што рече, прекрасната музика, прекрасните солисти, хорот и оркестарот. Она што му е желба, рече, на сцена да ја постави „Евгениј Онегин“.

Српскиот сценограф Миодраг Табачки е задоволен што на програмата на Мајските оперски вечери годинава се две претстави со негови сценографии – покрај „Трубадур“, тој е автор и за сценското решение во балетот „Заспаната убавица“ на 15 мај.

-Секогаш се трудам да направам најдобро, а тоа зависи и од можностите, од финансиите и од опременоста на театарот. Мислам дека Операта на НОБ, исто така, даде се од себе и дека оваа опера заслужено ќе биде на фестивалот. Како и за сите други опери што ги имам работено,  решението за сцената го формирав според жанрот. Мислам дека визуелно реализмот е поинаков во оперски и музички претстави отколку во драмските. Во операта женровски го следите стилот на музиката, но тоа да не пречи на самата изведба на музиката која во оперските претстави е многу поважна од визуелните компоненти, истакна Табачки.

Во улогата Трубадур ќе настапи тенорот Зоран Сотиров. На прес-конференцијата тој рече дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984 година, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајски оперски вечери и дебитирал во 1999, во претставата „Боеми“.

-Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам се од себе, рече Сотиров.

Српската мецосопранистка Сања Анастасија, првенка во Народно позориште во Белград, изјави дека е почестена што третпат ќе настапи на Мајските оперски вечери и дека НОБ веќе ја чувствува како своја куќа. Во „Трубадур“ таа ќе ја толкува улогата Ацучена за  која рече дека е комплексна и одговорна за заплетот во целата приказната во која се судираат две емоции – љубовта и омразата.

-Ацучена е сериозна и комплексна улога меѓу два света – реален и мистичен, рече Анастасија која овој лик од „Трубадур“ го има изведено околу 200 пати и, рече, и е омилен како и другите улоги од оперите на Верди и некои од оперите од веристичкиот репертоар.

На прес-конференцијата се претстави и солистката Криста де Силва од Канада која ќе настапи во репризата на „Трубадур“ на 11 мај во улогата на Леонора. Истакна дека е почестена што е дел од овој тим и се радува на соработката.

-Ми претставуваше огромен предизвик да ја прифатам и одиграм оваа улога во која емоционално многу се внесов, рече Да Силва.

Во премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај, покрај Зоран Сотиров и Сања Анастасија, ќе настапат и Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Трубадур“ од Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, на 9 мај во Националната опера и балет ќе биде отворен 52-от фестивал „Мајски оперски вечери“ кој до крајот на месецот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога ќе настапи нашиот тенор Зоран Сотиров, а во екипата се домашни артисти и гостинка од Србија – мецеоспоранот Сања Анастасија во ликот на Ацучена. „Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај  кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ). -Имаме врвен авторски тим и очекуваме одлични резултати. Премиерата е речиси продадена, се продава и репризата, тоа го навестува успехот, истакна Орце Ицковски, уметнички раководител на Операта на прес-конференција. Како што рече, се потрудиле да направат ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет. Ова ќе биде прва изведба на Вагнеровото дело на нашата сцена и, како што рече Ицковски, тоа е најексклузивен настан на фестивалот. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија, а новина за овие Мајски оперски вечери  е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистка од Австрија во насловната улога (Моника Медек) и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк. „Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Рече дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка. -Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери - диригентот и на режисерот,  да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното. Иван Поповски, кој изгради кариера во Москва, првпат поставува опера на македонска сцена и  очекува дека публиката ќе биде задоволна од „Трубадур“ и од, како што рече, прекрасната музика, прекрасните солисти, хорот и оркестарот. Она што му е желба, рече, на сцена да ја постави „Евгениј Онегин“. Српскиот сценограф Миодраг Табачки е задоволен што на програмата на Мајските оперски вечери годинава се две претстави со негови сценографии – покрај „Трубадур“, тој е автор и за сценското решение во балетот „Заспаната убавица“ на 15 мај. -Секогаш се трудам да направам најдобро, а тоа зависи и од можностите, од финансиите и од опременоста на театарот. Мислам дека Операта на НОБ, исто така, даде се од себе и дека оваа опера заслужено ќе биде на фестивалот. Како и за сите други опери што ги имам работено,  решението за сцената го формирав според жанрот. Мислам дека визуелно реализмот е поинаков во оперски и музички претстави отколку во драмските. Во операта женровски го следите стилот на музиката, но тоа да не пречи на самата изведба на музиката која во оперските претстави е многу поважна од визуелните компоненти, истакна Табачки. Во улогата Трубадур ќе настапи тенорот Зоран Сотиров. На прес-конференцијата тој рече дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984 година, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајски оперски вечери и дебитирал во 1999, во претставата „Боеми“. -Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам се од себе, рече Сотиров. Српската мецосопранистка Сања Анастасија, првенка во Народно позориште во Белград, изјави дека е почестена што третпат ќе настапи на Мајските оперски вечери и дека НОБ веќе ја чувствува како своја куќа. Во „Трубадур“ таа ќе ја толкува улогата Ацучена за  која рече дека е комплексна и одговорна за заплетот во целата приказната во која се судираат две емоции – љубовта и омразата. -Ацучена е сериозна и комплексна улога меѓу два света – реален и мистичен, рече Анастасија која овој лик од „Трубадур“ го има изведено околу 200 пати и, рече, и е омилен како и другите улоги од оперите на Верди и некои од оперите од веристичкиот репертоар. На прес-конференцијата се претстави и солистката Криста де Силва од Канада која ќе настапи во репризата на „Трубадур“ на 11 мај во улогата на Леонора. Истакна дека е почестена што е дел од овој тим и се радува на соработката. -Ми претставуваше огромен предизвик да ја прифатам и одиграм оваа улога во која емоционално многу се внесов, рече Да Силва. Во премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај, покрај Зоран Сотиров и Сања Анастасија, ќе настапат и Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Трубадур“ од Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishani-konkursite-za-drzhavnite-nagradi-11-oktomvri-i-22-noemvri/ Tue, 30 Apr 2024 11:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=772580

Денеска распишани се конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година, соопшти Министерството за култура.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

 

Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.

 

 

The post Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ appeared first on Република.

]]>

Денеска распишани се конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година, соопшти Министерството за култура. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.   Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.    

The post Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ appeared first on Република.

]]>
Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора https://republika.mk/vesti/kultura/terakotnite-ikoni-od-vinichkoto-kale-na-ednomesechna-izlozhba-vo-tsrna-gora/ Tue, 30 Apr 2024 10:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=772557

Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница.

Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали.

Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница.

По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.

 

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Репрезентативна збирка од познатите теракотни икони од Виничкото Кале е претставена на едномесечна изложба во музејот Куслевова куќа во црногорскиот главен град Подгорица, како резултат на воспоставената соработка со музејот „Теракота“ од Виница. Изложбата ја отвори македонскиот амбасадор во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ при што истакна дека се работи за едно од најавтентичните и најзначајни сведоштва за ранохристијанството на балканските простори. Пред црногорската културна јавност се претставени 12 теракотни икони и осум пишани материјали.
Гостувањето на изложбата во Црна Гора се договараше неколку години, но поради објективни причини беше одложувано. Конечно, со многу топлина и во одличен естетски амбиент, теракотните икони се изложени за посетителите. Се работи за простор во музејски објект што е добротворен дар од стоматологот Христо Куслев, алтруист со македонско потекло, кој во минатиот век направил убави хумани дела на црногорско тло. Морам да ја истакнам одличната соработка со кустосот Драган Радовиќ и директорката Ивана Чупиќ од Музеи и галерија на Подгорица, кои дадоа особен придонес во реализацијата на поставката. Поради големиот интерес, наместо до 7 мај, како што првично беше договорено, изложбата ќе трае до крајот на месецот, истакна Сара Даневска, директорка на музејот „Теракота“ – Виница.
По гостувањето во Подгорица во тек се договори виничките теракотни икони да бидат претставени и во другите црногорски градови. Поддршка во реализацијата на изложбата даде и Општина Виница.  

The post Теракотните икони од Виничкото Кале на едномесечна изложба во Црна Гора appeared first on Република.

]]>