Кошарка Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 06:15:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кошарка Archives - Република https://republika.mk/kategorija/sport/kosarka/ 32 32 Денвер ги „почисти“ Лејкерси https://republika.mk/sport/kosarka/denver-gi-pochisti-lejkersi/ Tue, 30 Apr 2024 06:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=772405

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108.

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата). 

The post Денвер ги „почисти“ Лејкерси appeared first on Република.

]]>

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј. Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции. Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција. Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата). 

The post Денвер ги „почисти“ Лејкерси appeared first on Република.

]]>
Џамал Мареј погоди со звукот на сирената за водство на Денвер против Лејкерс со 2:0 во плејоф серијата https://republika.mk/sport/kosarka/dhamal-marej-pogodi-so-zvukot-na-sirenata-za-vodstvo-na-denver-protiv-lejkers-so-2-0-vo-plejof-serijata/ Tue, 23 Apr 2024 07:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=769525

Џамал Мареј погоди шут со звукот на сирената со кој Денвер Нагетс ја анулираа негативата од 20 поени во второто полувреме и славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 101:99 за водство со 2:0 во плејоф серијата од Западната конференција.

Победничкиот кош на Мареј беше првото водство на Денвер по предноста од 5:3 во почетните минути од натпреварот и на актуелниот НБА шампион им ја донесе 10. победа во низа против „езерџиите“.

https://twitter.com/NBAonTNT/status/1782629593901355360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1782629593901355360%7Ctwgr%5E96b0e837b95c175cadf57d38f0f867f9f41601db%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Farizonasports.com%2Fstory%2F3546545%2Fnuggets-jamal-murray-hits-buzzer-beater-over-lakers-anthony-davis-to-take-lead%2F

Плејоф серијата продолжува во четврток во Лос Анџелес.

Во останатите натпревари, Кливленд славеше против Орландо со 96:86, додека Њујорк ја совлада Филаделфија со 104:101. Со тоа Кливленд и Њујорк дојдоа до водство од 2:0 во победи во своите плејоф серии.

The post Џамал Мареј погоди со звукот на сирената за водство на Денвер против Лејкерс со 2:0 во плејоф серијата appeared first on Република.

]]>

Џамал Мареј погоди шут со звукот на сирената со кој Денвер Нагетс ја анулираа негативата од 20 поени во второто полувреме и славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 101:99 за водство со 2:0 во плејоф серијата од Западната конференција. Победничкиот кош на Мареј беше првото водство на Денвер по предноста од 5:3 во почетните минути од натпреварот и на актуелниот НБА шампион им ја донесе 10. победа во низа против „езерџиите“. https://twitter.com/NBAonTNT/status/1782629593901355360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1782629593901355360%7Ctwgr%5E96b0e837b95c175cadf57d38f0f867f9f41601db%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Farizonasports.com%2Fstory%2F3546545%2Fnuggets-jamal-murray-hits-buzzer-beater-over-lakers-anthony-davis-to-take-lead%2F Плејоф серијата продолжува во четврток во Лос Анџелес. Во останатите натпревари, Кливленд славеше против Орландо со 96:86, додека Њујорк ја совлада Филаделфија со 104:101. Со тоа Кливленд и Њујорк дојдоа до водство од 2:0 во победи во своите плејоф серии.

The post Џамал Мареј погоди со звукот на сирената за водство на Денвер против Лејкерс со 2:0 во плејоф серијата appeared first on Република.

]]>
Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру https://republika.mk/sport/kosarka/jokik-protiv-lejkers-dojde-oblechen-kako-gru/ Sun, 21 Apr 2024 15:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=768929

Никола Јокиќ брилираше ноќеска против Лејкерс и го предводеше својот Денвер Нагетс до предност во првото коло од плеј-офот, но привлече големо внимание уште пред самиот натпревар.

Имено, тој на натпреварот дојде облечен како Гру, популарниот лик од анимираниот филм „Despicable Me“.

Јокиќ е промотор на четвртиот дел од легендарниот филм, а ги воодушеви сите фанови на Минионите кога се појави во истата облека и со голема пругаста марама околу вратот, како Гру.

Веднаш откако Јокиќ влезе во салата облечен како Гру, се појави тизерот од филмот „Despicable Me 4“ во кој тој разговара со психотерапевт за проблемите со кои се соочува.

Имено, Минионите се убедени дека тој е нивниот шеф Гру, а тој залудно се обидува да ги разубеди.

 

The post Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру appeared first on Република.

]]>

Никола Јокиќ брилираше ноќеска против Лејкерс и го предводеше својот Денвер Нагетс до предност во првото коло од плеј-офот, но привлече големо внимание уште пред самиот натпревар. Имено, тој на натпреварот дојде облечен како Гру, популарниот лик од анимираниот филм „Despicable Me“. Јокиќ е промотор на четвртиот дел од легендарниот филм, а ги воодушеви сите фанови на Минионите кога се појави во истата облека и со голема пругаста марама околу вратот, како Гру. Веднаш откако Јокиќ влезе во салата облечен како Гру, се појави тизерот од филмот „Despicable Me 4“ во кој тој разговара со психотерапевт за проблемите со кои се соочува. Имено, Минионите се убедени дека тој е нивниот шеф Гру, а тој залудно се обидува да ги разубеди.  

The post Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру appeared first on Република.

]]>
Американскиот „дрим-тим“ на ОИ ќе биде навистина од соништата https://republika.mk/sport/kosarka/amerikanskiot-drim-tim-na-oi-ke-bide-navistina-od-sonishtata/ Tue, 16 Apr 2024 13:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=766629

Тимот на САД го избра својот состав за Олимписките игри во Париз.

Во олимпискиот тим на САД ќе бидат: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембид, Ентони Дејвис, Девин Букер, Ентони Едвардс, Џејсон Тејтум, Џру Холидеј, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон.

Првиот човек на националниот тим на САД, Грент Хил реши да го остави последното место во списокот отворено до јулскиот тренинг камп и ревијалните натпревари во Лас Вегас.

Лидерот на Голден Стејт, Кари ќе го има својот прв настап на Игрите, а калифорнискиот клуб ќе го претставува и тренерот Стив Кер. Репрезентацијата повторно ќе ги спои со поранешниот напаѓач на Вориорс, Дурант.

Џејмс ќе учествува на своите четврти Олимписки игри. Неговата колекција веќе вклучува бронзен медал од 2004 година и златни медали од 2008 и 2012 година.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август

The post Американскиот „дрим-тим“ на ОИ ќе биде навистина од соништата appeared first on Република.

]]>

Тимот на САД го избра својот состав за Олимписките игри во Париз. Во олимпискиот тим на САД ќе бидат: Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембид, Ентони Дејвис, Девин Букер, Ентони Едвардс, Џејсон Тејтум, Џру Холидеј, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон. Првиот човек на националниот тим на САД, Грент Хил реши да го остави последното место во списокот отворено до јулскиот тренинг камп и ревијалните натпревари во Лас Вегас. Лидерот на Голден Стејт, Кари ќе го има својот прв настап на Игрите, а калифорнискиот клуб ќе го претставува и тренерот Стив Кер. Репрезентацијата повторно ќе ги спои со поранешниот напаѓач на Вориорс, Дурант. Џејмс ќе учествува на своите четврти Олимписки игри. Неговата колекција веќе вклучува бронзен медал од 2004 година и златни медали од 2008 и 2012 година. Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август

The post Американскиот „дрим-тим“ на ОИ ќе биде навистина од соништата appeared first on Република.

]]>
Теодосиќ и напиша на сопругата Јелисавета: Не заборавај да се прибереш дома https://republika.mk/sport/kosarka/teodosik-i-napisha-na-soprugata-jelisaveta-ne-zaboravaj-da-se-priberesh-doma/ Mon, 15 Apr 2024 12:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=766281

Бракот меѓу Теодосиќ и Јелисавета Орашанин повторно е во криза.На кошаркарот  особено му пречело тоа што неговата сопруга повторно излегувала навечер.

Јелисавета му ветила дека ноќните излегувања ќе ги намали на минимум, како и дека ќе престане да троши пари на непотребни работи. Меѓутоа, таа веќе го прекршила ова ветување, па оттогаш неколку пати излегла со другарките. Последен пат тоа била викендот, кога  заглавила до утрото.

Покрај фотографиите од нејзиниот стајлинг кои ги имаше за таа пригода, посебно внимание привлече и натписот на ѕидот од клубот во кој танцуваше до раните утрински часови: „Не заборавај да си одиш дома“, што многумина го протолкуваа како провокација и порака до нејзиниот сопруг, додека тој е сам дома, осамен и нервозен поради се што му се случува во кариерата.

The post Теодосиќ и напиша на сопругата Јелисавета: Не заборавај да се прибереш дома appeared first on Република.

]]>

Бракот меѓу Теодосиќ и Јелисавета Орашанин повторно е во криза.На кошаркарот  особено му пречело тоа што неговата сопруга повторно излегувала навечер. Јелисавета му ветила дека ноќните излегувања ќе ги намали на минимум, како и дека ќе престане да троши пари на непотребни работи. Меѓутоа, таа веќе го прекршила ова ветување, па оттогаш неколку пати излегла со другарките. Последен пат тоа била викендот, кога  заглавила до утрото. Покрај фотографиите од нејзиниот стајлинг кои ги имаше за таа пригода, посебно внимание привлече и натписот на ѕидот од клубот во кој танцуваше до раните утрински часови: „Не заборавај да си одиш дома“, што многумина го протолкуваа како провокација и порака до нејзиниот сопруг, додека тој е сам дома, осамен и нервозен поради се што му се случува во кариерата.

The post Теодосиќ и напиша на сопругата Јелисавета: Не заборавај да се прибереш дома appeared first on Република.

]]>
Синот на Меџик Џонсон е трансродова личност https://republika.mk/sport/kosarka/sinot-na-medhik-dhonson-e-transrodova-lichnost/ Wed, 03 Apr 2024 20:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=761487

Легендарниот кошаркар Меџик Џонсон има проблеми во семејството. Неговиот син Еј Џеј е трансродова личност, а за својата сексуалност зборувал на 13 години. Неговите родители го прифатиле таков каков што е и често може да се види во носи фустани и екстравагантни комбинации.

Еј Џеј (31) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му требало малку време да го прифати овој факт.

 

„Мое е да го сакам без разлика кој е и што прави“, рече Меџик .

The post Синот на Меџик Џонсон е трансродова личност appeared first on Република.

]]>

Легендарниот кошаркар Меџик Џонсон има проблеми во семејството. Неговиот син Еј Џеј е трансродова личност, а за својата сексуалност зборувал на 13 години. Неговите родители го прифатиле таков каков што е и често може да се види во носи фустани и екстравагантни комбинации. Еј Џеј (31) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му требало малку време да го прифати овој факт.  
„Мое е да го сакам без разлика кој е и што прави“, рече Меџик .

The post Синот на Меџик Џонсон е трансродова личност appeared first on Република.

]]>
Лука Дончиќ има згодна мајка која сакаше дури и да ја тужи https://republika.mk/sport/kosarka/luka-donchik-ima-zgodna-majka-koja-sakashe-duri-i-da-ja-tuzhi/ Tue, 02 Apr 2024 11:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=761238

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше уште една одлична вечер во дресот на Далас.На натпреварот во Хјустон присуствуваше и неговата мајка Миријам Потербин.

Мирјам пред извесно време започна љубовна врска со бизнисменот Борис Пожега, познат како Пикси на кого му префрлила дел од правата за управување со брендот Лука Дончиќ. Поточно 40 отсто од компанијата. Меѓутоа, Борис ја измами Миријам, а потоа ненадејно исчезна во септември 2022 година.

Лука реши да ја тужи родената мајка барајќи таа да се грижи за брендот што го носи неговото име. Тој побара да се укине регистрацијата на трговската марка „Лука Дончиќ 7“, која е во сопственост на мајката, бидејќи Лука тогаш беше малолетен. Но сега односите меѓу мајката и синот се подобрени.

The post Лука Дончиќ има згодна мајка која сакаше дури и да ја тужи appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше уште една одлична вечер во дресот на Далас.На натпреварот во Хјустон присуствуваше и неговата мајка Миријам Потербин. Мирјам пред извесно време започна љубовна врска со бизнисменот Борис Пожега, познат како Пикси на кого му префрлила дел од правата за управување со брендот Лука Дончиќ. Поточно 40 отсто од компанијата. Меѓутоа, Борис ја измами Миријам, а потоа ненадејно исчезна во септември 2022 година. Лука реши да ја тужи родената мајка барајќи таа да се грижи за брендот што го носи неговото име. Тој побара да се укине регистрацијата на трговската марка „Лука Дончиќ 7“, која е во сопственост на мајката, бидејќи Лука тогаш беше малолетен. Но сега односите меѓу мајката и синот се подобрени.

The post Лука Дончиќ има згодна мајка која сакаше дури и да ја тужи appeared first on Република.

]]>
Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство https://republika.mk/sport/kosarka/euro-nikel-pouspeshen-od-vardar-vo-posledniot-natprevar-od-osnovniot-del-na-sezonata-vo-kosharkarskoto-prvenstvo/ Sun, 31 Mar 2024 20:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=760717

Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Победа со 70:67 извојуваа гостите од Кавадарци предводени од Смит Мексвејн кој постигна 24 поени и 10 скока.

По 22 одиграни кола, Еуро Никел 2005 заврши со ефект (14-8), доволен за место број 6, а во четвртфиналната серија од плеј-офот, ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер, која има и предност на домашен терен (во евентуалниот петти натпревар).

Вардар финишира со (3-19) со кои ќе влезе во неизвесната битка за опстанок, односно уште шест натпревари со другите учесници на Плеј-аут лигата, Кожув, Охрид и Навико Академија ФМП.

Двојки во четвртфиналето:
(1) МЗТ Скопје Аеродром -  (8) Гостивар
(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт
(2) Работнички –  (7) Феникс 2010
(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005

Сите серии во плејофот, се играат прв до три победи.

The post Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство appeared first on Република.

]]>

Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Победа со 70:67 извојуваа гостите од Кавадарци предводени од Смит Мексвејн кој постигна 24 поени и 10 скока. По 22 одиграни кола, Еуро Никел 2005 заврши со ефект (14-8), доволен за место број 6, а во четвртфиналната серија од плеј-офот, ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер, која има и предност на домашен терен (во евентуалниот петти натпревар). Вардар финишира со (3-19) со кои ќе влезе во неизвесната битка за опстанок, односно уште шест натпревари со другите учесници на Плеј-аут лигата, Кожув, Охрид и Навико Академија ФМП. Двојки во четвртфиналето: (1) МЗТ Скопје Аеродром -  (8) Гостивар (4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт (2) Работнички –  (7) Феникс 2010 (3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005 Сите серии во плејофот, се играат прв до три победи.

The post Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство appeared first on Република.

]]>
Maрко Петровиќ го чува споменот на славниот чичко Дражен https://republika.mk/sport/kosarka/marko-petrovik-go-chuva-spomenot-na-slavniot-chichko-drazhen/ Sun, 31 Mar 2024 16:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=760461

Марко Петровиќ е внук на славниот кошаркар Дражен Петровиќ. Тој раководи со музејот во Загреб, а се појавува во филмот за неговиот чичко кој е во подготовка.

 

Поминаа три децении од смртта на Дражен, луѓето секојдневно доаѓаат во музејот и разговараат со толку многу емоции… Не мислев дека е до толкава мера додека не почнав да работам во музејот и не видов како луѓето го ценат. Секој ден учам нешто за него, има мали нешта што ги учам преку Јутјуб, а најмногу разговарам со татко ми. Многу научив и преку приказните на посетителите, особено од постарите кои го следеа на натпреварите. Како славеше, победи… Несфатливо ми е таква легенда, таков човек да живее во луѓето.

https://republika.mk/sport/kosarka/nba-spektakl-vo-zagreb-vo-chest-na-drazhen-petrovik/

The post Maрко Петровиќ го чува споменот на славниот чичко Дражен appeared first on Република.

]]>

Марко Петровиќ е внук на славниот кошаркар Дражен Петровиќ. Тој раководи со музејот во Загреб, а се појавува во филмот за неговиот чичко кој е во подготовка.  
Поминаа три децении од смртта на Дражен, луѓето секојдневно доаѓаат во музејот и разговараат со толку многу емоции… Не мислев дека е до толкава мера додека не почнав да работам во музејот и не видов како луѓето го ценат. Секој ден учам нешто за него, има мали нешта што ги учам преку Јутјуб, а најмногу разговарам со татко ми. Многу научив и преку приказните на посетителите, особено од постарите кои го следеа на натпреварите. Како славеше, победи… Несфатливо ми е таква легенда, таков човек да живее во луѓето.
https://republika.mk/sport/kosarka/nba-spektakl-vo-zagreb-vo-chest-na-drazhen-petrovik/

The post Maрко Петровиќ го чува споменот на славниот чичко Дражен appeared first on Република.

]]>
НБА спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ https://republika.mk/sport/kosarka/nba-spektakl-vo-zagreb-vo-chest-na-drazhen-petrovik/ Fri, 29 Mar 2024 16:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=760203

Хрватската кошаркарска репрезентација и селекција составена од европски играчи од НБА лигата, предводени од трофејниот српски стратег Жељко Обрадовиќ, ќе одиграат на 5 септември во Загреб меморијален натпревар во чест на 60. роденден на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, кој почина на 7 септември 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија.

Објавувајќи ги денеска деталите, организаторите на „Меморијалниот натпревар во сеќавање на Дражен Петровиќ“, соопштија дека на спектаклот во Арена Загреб како гости ќе присуствуваат бројни кошаркари, од денешните НБА ѕвезди на кои Дражен им беше пример, до соиграчите од Барселона 92′ и играчи од американскиот Дрим Тим.

Селекцијата на Европа ќе биде составена од 16 НБА играчи од регионот на поранешна Југославија.

„Меѓу нив ќе бидат 13 актуелни, вклучувајќи ги Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, како и тројца кои настапуваа во НБА лигата до пред пет-шест години“, најави братот на Дражен Петровиќ, Александар Петровиќ.

The post НБА спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ appeared first on Република.

]]>

Хрватската кошаркарска репрезентација и селекција составена од европски играчи од НБА лигата, предводени од трофејниот српски стратег Жељко Обрадовиќ, ќе одиграат на 5 септември во Загреб меморијален натпревар во чест на 60. роденден на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, кој почина на 7 септември 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија. Објавувајќи ги денеска деталите, организаторите на „Меморијалниот натпревар во сеќавање на Дражен Петровиќ“, соопштија дека на спектаклот во Арена Загреб како гости ќе присуствуваат бројни кошаркари, од денешните НБА ѕвезди на кои Дражен им беше пример, до соиграчите од Барселона 92′ и играчи од американскиот Дрим Тим. Селекцијата на Европа ќе биде составена од 16 НБА играчи од регионот на поранешна Југославија. „Меѓу нив ќе бидат 13 актуелни, вклучувајќи ги Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, како и тројца кои настапуваа во НБА лигата до пред пет-шест години“, најави братот на Дражен Петровиќ, Александар Петровиќ.

The post НБА спектакл во Загреб во чест на Дражен Петровиќ appeared first on Република.

]]>
Joкиќ сруши нов рекорд https://republika.mk/sport/kosarka/jokik-srushi-nov-rekord-2/ Thu, 28 Mar 2024 08:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=759617

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција

The post Joкиќ сруши нов рекорд appeared first on Република.

]]>

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување. Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97. Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата. Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција

The post Joкиќ сруши нов рекорд appeared first on Република.

]]>
Чудото од дете на македонската кошарка, Дион Шабани средбата ја заврши со 110 постигнати поени https://republika.mk/sport/kosarka/chudoto-od-dete-na-makedonskata-kosharka-dion-shabani-sredbata-ja-zavrshi-so-110-postignati-poeni/ Wed, 27 Mar 2024 11:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=759289

Големиот талент на македонската кошарка средбата ја заврши со 110 постигнати поени, што е најмногу во историјата на овој спорт кај нас, секако гледано во сите возрасни категории. Чудото да биде поголемо, тој до оваа неверојатна бројка дојде без ниту една постигната тројка, што е вистинско чудо во модерната кошарка. Според записникот од натпреварот, Дион Шабани реализирал 12 слободни фрлања, што значи останатите 98 поени ги реализирал со 49-кратно уфрлување на топката низ обрачот. Ова е неверојатен број успешни обиди, какви што ретко кој може да ги направи и на тренинг, а не пак на првенствена средба против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Ова не е прво вакво чудо за големиот талент на Црн Дрим, со оглед што лани во октомври постигна 88 поени во победата на неговиот тим против Феникс. Овој пат тој се надмина самиот себе и уште еднаш потврди дека е бисер од Охридското езеро каков што се појавива можеби еднаш во неколку децении.

Шабани веќе е добро познат на предводниците на македонската кошарка, со оглед што веќе беше дел од повеќе репрезентативни акции и кампови под капата на КФМ. Оттаму од него очекуваат да продолжи напорно да работи и да се развива и за неколку години да се најде и во сениорскиот национален тим, каде што би можел да ги „кине мрежичките“ како што го правеше тоа на мечот против Феникс.

The post Чудото од дете на македонската кошарка, Дион Шабани средбата ја заврши со 110 постигнати поени appeared first on Република.

]]>

Големиот талент на македонската кошарка средбата ја заврши со 110 постигнати поени, што е најмногу во историјата на овој спорт кај нас, секако гледано во сите возрасни категории. Чудото да биде поголемо, тој до оваа неверојатна бројка дојде без ниту една постигната тројка, што е вистинско чудо во модерната кошарка. Според записникот од натпреварот, Дион Шабани реализирал 12 слободни фрлања, што значи останатите 98 поени ги реализирал со 49-кратно уфрлување на топката низ обрачот. Ова е неверојатен број успешни обиди, какви што ретко кој може да ги направи и на тренинг, а не пак на првенствена средба против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Ова не е прво вакво чудо за големиот талент на Црн Дрим, со оглед што лани во октомври постигна 88 поени во победата на неговиот тим против Феникс. Овој пат тој се надмина самиот себе и уште еднаш потврди дека е бисер од Охридското езеро каков што се појавива можеби еднаш во неколку децении. Шабани веќе е добро познат на предводниците на македонската кошарка, со оглед што веќе беше дел од повеќе репрезентативни акции и кампови под капата на КФМ. Оттаму од него очекуваат да продолжи напорно да работи и да се развива и за неколку години да се најде и во сениорскиот национален тим, каде што би можел да ги „кине мрежичките“ како што го правеше тоа на мечот против Феникс.

The post Чудото од дете на македонската кошарка, Дион Шабани средбата ја заврши со 110 постигнати поени appeared first on Република.

]]>
Каков татко таков син: Сабонис помладиот растура во НБА лигата https://republika.mk/sport/kosarka/kakov-tatko-takov-sin-sabonis-pomladiot-rastura-vo-nba-ligata/ Tue, 26 Mar 2024 09:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=758784

Центарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис постигна 11 поени, а имаше и 13 скока и 10 асистенции на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Филаделфија (108:96) одигран ноќеска на домашен терен.

Литванецот го направи својот 25-ти трипл-дабл во сезоната 2023/24. Сабонис стана петтиот кошаркар во историјата на НБА со 25 трипл-дабл во една сезона.

Пред Сабонис, Оскар Робертсон, Вилт Чембрлен, Расел Вестбрук и Никола Јокиќ имаа по 25 или повеќе трипл-дабл во една сезона во НБА.

Домантас Сабонис е син на поранешниот кошаркар на репрезентацијата на СССР, олимпискиот шампион од 1988 година Арвидас Сабонис

The post Каков татко таков син: Сабонис помладиот растура во НБА лигата appeared first on Република.

]]>

Центарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис постигна 11 поени, а имаше и 13 скока и 10 асистенции на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Филаделфија (108:96) одигран ноќеска на домашен терен. Литванецот го направи својот 25-ти трипл-дабл во сезоната 2023/24. Сабонис стана петтиот кошаркар во историјата на НБА со 25 трипл-дабл во една сезона. Пред Сабонис, Оскар Робертсон, Вилт Чембрлен, Расел Вестбрук и Никола Јокиќ имаа по 25 или повеќе трипл-дабл во една сезона во НБА. Домантас Сабонис е син на поранешниот кошаркар на репрезентацијата на СССР, олимпискиот шампион од 1988 година Арвидас Сабонис

The post Каков татко таков син: Сабонис помладиот растура во НБА лигата appeared first on Република.

]]>
На Теодосиќ му пукнал филмот: Сопругата купила часовник од 70.000 евра https://republika.mk/sport/kosarka/na-teodosik-mu-puknal-filmot-soprugata-kupila-chasovnik-od-70-000-evra/ Thu, 21 Mar 2024 11:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=756603

Животот на Јелисавета и Милош бил како  од бајка и многумина и позавидуваа - патувања, излегувања, скапи парчиња...Но не било сѐ така фино во рајот. На Теодосиќ му пукнал филмот од големото трошење на жената а чашата се прелил кога таа купила часовник од 70.000 евра.

https://republika.mk/sport/kosarka/mu-troshela-mnogu-pari-teodosik-se-razveduva-od-jelisaveta-orashanin/

На нејзиниот Инстаграм профил можете да видите моменти од луксузно патување, фотографии и видеа од ноќниот живот, скапи стајлинзи и уживања.

The post На Теодосиќ му пукнал филмот: Сопругата купила часовник од 70.000 евра appeared first on Република.

]]>

Животот на Јелисавета и Милош бил како  од бајка и многумина и позавидуваа - патувања, излегувања, скапи парчиња...Но не било сѐ така фино во рајот. На Теодосиќ му пукнал филмот од големото трошење на жената а чашата се прелил кога таа купила часовник од 70.000 евра. https://republika.mk/sport/kosarka/mu-troshela-mnogu-pari-teodosik-se-razveduva-od-jelisaveta-orashanin/ На нејзиниот Инстаграм профил можете да видите моменти од луксузно патување, фотографии и видеа од ноќниот живот, скапи стајлинзи и уживања.

The post На Теодосиќ му пукнал филмот: Сопругата купила часовник од 70.000 евра appeared first on Република.

]]>
МЗТ на пат кон нов плеј оф за пласман во АБА лигата https://republika.mk/sport/kosarka/mzt-na-pat-kon-nov-plej-of-za-plasman-vo-aba-ligata/ Wed, 20 Mar 2024 07:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=756525

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига.

По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот.

Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени.

Третиот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола, во понеделникот го совлада Борац од Бања Лука со 73:72.

Во моментов МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази.

Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бриег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот).

The post МЗТ на пат кон нов плеј оф за пласман во АБА лигата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига. По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот. Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени. Третиот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола, во понеделникот го совлада Борац од Бања Лука со 73:72. Во моментов МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази. Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бриег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот).

The post МЗТ на пат кон нов плеј оф за пласман во АБА лигата appeared first on Република.

]]>
За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата https://republika.mk/sport/kosarka/za-partizan-pochnuvaat-mechevite-da-se-bide-ili-ne-vo-evroligata/ Tue, 19 Mar 2024 11:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=756223

За кошаркарите на Партизан веќе нема поправен важен е само сегашниот момент од кој ќе зависи оваа сезона. Тој момент започнува вечерва со мечот против Басконија во Белград.

Остануваат уште пет кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата и за Партизан е се да се биде или не.

Сега имаат скор 13-16, исто како и Валенсија и Баерн и се на десеттото место, кое е во зоната за плеј-ин. Доброто е што ја имаат судбината во свои раце и не зависат од никого.

The post За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата appeared first on Република.

]]>

За кошаркарите на Партизан веќе нема поправен важен е само сегашниот момент од кој ќе зависи оваа сезона. Тој момент започнува вечерва со мечот против Басконија во Белград. Остануваат уште пет кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата и за Партизан е се да се биде или не. Сега имаат скор 13-16, исто како и Валенсија и Баерн и се на десеттото место, кое е во зоната за плеј-ин. Доброто е што ја имаат судбината во свои раце и не зависат од никого.

The post За Партизан почнуваат мечевите „да се биде или не“ во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Му трошела многу пари: Teодосиќ се разведува од Јелисавета Орашанин https://republika.mk/sport/kosarka/mu-troshela-mnogu-pari-teodosik-se-razveduva-od-jelisaveta-orashanin/ Mon, 18 Mar 2024 14:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=755969

Актерката Јелисавета Орашанин и кошаркарот Милош Теодосиќ се разведуваат по седум години брак. Парот три месеци живее одвоено, а кошаркарот поднел барање за развод.

Причината наводно е животниот стил на актерката и претераното трошење пари што кошаркарот повеќе не можел да го толерира.

Милош Теодосиќ и Јелисавета Орашанин со години важеа за еден од најатрактивните и најхармонични парови.

Имаат и две деца, нивното најголемо богатство во животот - ќерката Петра и синот Богдан.

The post Му трошела многу пари: Teодосиќ се разведува од Јелисавета Орашанин appeared first on Република.

]]>

Актерката Јелисавета Орашанин и кошаркарот Милош Теодосиќ се разведуваат по седум години брак. Парот три месеци живее одвоено, а кошаркарот поднел барање за развод. Причината наводно е животниот стил на актерката и претераното трошење пари што кошаркарот повеќе не можел да го толерира. Милош Теодосиќ и Јелисавета Орашанин со години важеа за еден од најатрактивните и најхармонични парови. Имаат и две деца, нивното најголемо богатство во животот - ќерката Петра и синот Богдан.

The post Му трошела многу пари: Teодосиќ се разведува од Јелисавета Орашанин appeared first on Република.

]]>
„Европскиот“ Бујар Османи виде како ги тепаат играчите на МЗТ Скопје во Чаир https://republika.mk/sport/kosarka/evropskiot-bujar-osmani-vide-kako-gi-tepaat-igrachite-na-mzt-skopje-vo-chair/ Fri, 15 Mar 2024 21:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=755287

Натпреварот од Првата кошаркарска лига помеѓу Чаир и МЗТ Скопје беше прекинат откако гостиите од Аеродром  беа нападнати во соблекувалната на полувремето. Мечот во салата „Шабан Трстена“, што од трибините го следеше и министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ Бујар Османи со синот.

https://republika.mk/sport/kosarka/prekinatiot-natprevar-chair-mzt-skopje-aerodrom-ke-se-doigra-bez-publika/

„Натпреварот на гостински терен кај Чаир 2030 е прекинат по нападот од неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната на полувремето. Најважни се здравјето и безбедноста на нашите момци“, објави МЗТ Скопје на својата фејсбук страница.

The post „Европскиот“ Бујар Османи виде како ги тепаат играчите на МЗТ Скопје во Чаир appeared first on Република.

]]>

Натпреварот од Првата кошаркарска лига помеѓу Чаир и МЗТ Скопје беше прекинат откако гостиите од Аеродром  беа нападнати во соблекувалната на полувремето. Мечот во салата „Шабан Трстена“, што од трибините го следеше и министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ Бујар Османи со синот. https://republika.mk/sport/kosarka/prekinatiot-natprevar-chair-mzt-skopje-aerodrom-ke-se-doigra-bez-publika/
„Натпреварот на гостински терен кај Чаир 2030 е прекинат по нападот од неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната на полувремето. Најважни се здравјето и безбедноста на нашите момци“, објави МЗТ Скопје на својата фејсбук страница.

The post „Европскиот“ Бујар Османи виде како ги тепаат играчите на МЗТ Скопје во Чаир appeared first on Република.

]]>
Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика https://republika.mk/sport/kosarka/prekinatiot-natprevar-chair-mzt-skopje-aerodrom-ke-se-doigra-bez-publika/ Fri, 15 Mar 2024 18:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=755241

Дуелот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прекинат вчера поради вербачен напад врз гостински кошаркар од службено лице на домашниот тим, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот, одлучи денеска комесарот за натпревари на КФСМ.

Натпреварот во салата во Чаир во рамки на 20-то прволигашко коло беше прекинат на полувреме при резултат 44-42 за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Поради слаба организација на натпреварот, домашниот тим Чаир е казнат со 40.000 денари, а на техничкиот директор на клубот Алајдин Мустафа му е изречена парична казна во износ од 20.000 денари, како и забрана за вршење на должноста до крајот на тековната сезона.

Воедно, поради предизвикување прекин подолг од 15 минути, на МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 30.000 денари.

The post Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика appeared first on Република.

]]>

Дуелот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прекинат вчера поради вербачен напад врз гостински кошаркар од службено лице на домашниот тим, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот, одлучи денеска комесарот за натпревари на КФСМ. Натпреварот во салата во Чаир во рамки на 20-то прволигашко коло беше прекинат на полувреме при резултат 44-42 за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Поради слаба организација на натпреварот, домашниот тим Чаир е казнат со 40.000 денари, а на техничкиот директор на клубот Алајдин Мустафа му е изречена парична казна во износ од 20.000 денари, како и забрана за вршење на должноста до крајот на тековната сезона. Воедно, поради предизвикување прекин подолг од 15 минути, на МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 30.000 денари.

The post Прекинатиот натпревар Чаир – МЗТ Скопје Аеродром ќе се доигра без публика appeared first on Република.

]]>
Мајкл Џордан е најплатениот спортист во историјата https://republika.mk/sport/kosarka/majkl-dhordan-e-najplateniot-sportist-vo-istorijata/ Sun, 10 Mar 2024 14:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=753351

Америкаснкиот портал за спорт и бизнис „Sportico“ објави ажурирана ранг листа на најплатените спортисти во историјата. Првото место му припадна на шесткратниот НБА шампион Мајкл Џордан, кој заработи 3,75 милијарди долари.

Втор е голферот Тајгер Вудс (2,66 милијарди), трет фудбалерот Кристијано Роналдо (1,92 милијарди). Спортико ги зема предвид платите, бонусите, паричните награди, како и приходите на спортистите од неспортски активности во текот на нивната кариера и на крајот од неа, земајќи ја предвид инфлацијата.

Во Топ 10 се најдоа уште и: Арнолд Палмер (голф) – 1,76 милијарди, Леброн Џејмс (кошарка) – 1,7 милијарди, Џек Никлаус (голф) – 1,67 милијарди долари, Лионел Меси (фудбал) – 1,67 милијарди, Дејвид Бекам (фудбал) – 1,5 милијарди, Роџер Федерер (тенис) – 1,49 милијарди и Флојд Мејведер (бокс) – 1,48 милијарди.

 

The post Мајкл Џордан е најплатениот спортист во историјата appeared first on Република.

]]>

Америкаснкиот портал за спорт и бизнис „Sportico“ објави ажурирана ранг листа на најплатените спортисти во историјата. Првото место му припадна на шесткратниот НБА шампион Мајкл Џордан, кој заработи 3,75 милијарди долари. Втор е голферот Тајгер Вудс (2,66 милијарди), трет фудбалерот Кристијано Роналдо (1,92 милијарди). Спортико ги зема предвид платите, бонусите, паричните награди, како и приходите на спортистите од неспортски активности во текот на нивната кариера и на крајот од неа, земајќи ја предвид инфлацијата. Во Топ 10 се најдоа уште и: Арнолд Палмер (голф) – 1,76 милијарди, Леброн Џејмс (кошарка) – 1,7 милијарди, Џек Никлаус (голф) – 1,67 милијарди долари, Лионел Меси (фудбал) – 1,67 милијарди, Дејвид Бекам (фудбал) – 1,5 милијарди, Роџер Федерер (тенис) – 1,49 милијарди и Флојд Мејведер (бокс) – 1,48 милијарди.  

The post Мајкл Џордан е најплатениот спортист во историјата appeared first on Република.

]]>