Одложени руско-украинските преговори во Истанбул

Разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави Би-Би-Си. Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот. Захарова претходно потврди дека руската делегација пристигнала во Истанбул.