Ветено-сторено: Почна чистењето на Скопје

Почна големото чистење на Скопје. Како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва пред „Борис Трајковски“ се почна со чистење на градот. Камиони на „Комунална хигена“ ги празнат контејнерите и ги чистат уличките околу салата. На чистењето присуствува и премиерот Мицкоски и градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски.