Економската директорка на Токсикологија не знае македонски, на работа доаѓа со татко ѝ
Власта не само што не го исполна ветувањето од 2016 година дека ќе ги укине економските директори на клиниките низ Македонија, туку сега предизборно вработува и нови наспроти најaвата на поранешниот министер за здравство, Фатмир Меџити дека од 1 јануари 2024 година економски директори нема да има. Така пред еден месец, еден ден откако стапи на функција новиот министер Илир Демири, назначени се организациски директори на клиниките за токсикологија, неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална. Извори за МКД.мк велат дека некои од назначените директори воопшто не се соодветни за местото на кое се назначени.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.