Хрватите се жалат дека Макрон им „шитнал“ половни „Рафали“, а на Вучиќ нови

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја критикуваше Франција за продажбата на 12 половни борбени авиони „Рафал“ на Хрватска, додека таа испорача 12 нови авиони на Србија. Милановиќ истакна дека Париз, иако е стратешки партнер на Хрватска, при донесувањето одлуки гледа исклучиво на сопствените интереси.