Зрновци Archives - Република https://republika.mk/tema/zrnovci/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 16:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зрновци Archives - Република https://republika.mk/tema/zrnovci/ 32 32 Ковачки: Со оваа власт на СДС и ДУИ Македонија е помизерна и од Алжир и Нигерија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-so-ovaa-vlast-na-sds-i-dui-makedonija-e-pomizerna-i-od-alzhir-i-nigerija/ Sun, 07 Apr 2024 16:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=763516

Носителот на листата на пратеници од третата изборна единица Драган Ковачки се обрати на митингот во Зрновци и се осврна на стандардот на граѓаните кој со оваа власт на СДС и ДУИ е влошен.

Македонија да е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помизерни сме дури и од Алжир, Тунис и Нигерија! Исправно ли е 600.000 луѓе во државава да живеат со само 150 денари на ден, а оние најсиромашните со само 60 денари на ден. Цените скокнаа до небо, а примањата, да ве прашам, дали тие скокнаа до небо? Деновиве ќе видите разни експерти од нивните ќе се расфрлаат со какви се не лаги и демагогии, но Вие добро знаете колку бeшe лебот, колку беше горивото, колку беше брашното и сите останати намирници пред 6-7 години, а колку се денес? – посочи Ковачки.

Тој потсети и на справувањето со ковид кризата и менаџирањето на здравството, но и иселувањето и криминалот и корупцијата ккао горливи проблеми со кои се соочува Македонија.

Знаете дека државата е веќе влезена во погрешен правец и мораме да ја вратиме назад, да му припадне на народот и мора да се случат промените.

Затоа ја бараме вашата поддршка. Мораме да ја исправиме Македонија и да го вратиме духот кај народот! Дојде времето кое македонските граѓани долго го чекаа! Дојде времето за одговорот кој граѓаните му го спремаат и на Зоран Заев,.. и на Димитар Ковачевски, … и на Стево Пендаровски и на сите од СДСМ и на тој „Европски“ фронт на ДУИ! Одговор дали нивните политики и владеење биле добри или катастрофални. Да се организираме и да им го дадеме тој одговор. Што помасовно тоа подобро! Да покажеме дека може поинаку, да покажеме дека треба да се има образ, да се има чест и достоинство, да се има чувство за одговорност. Сите овие карактеристики се неспоиви за досегашниот претседател Стево Пендаровски, а се вистински украс на карактерот на нашиот кандидат професорка Гордана Силјановска-Давкова! Образ, Чест, Достоинство и гордост!- заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Со оваа власт на СДС и ДУИ Македонија е помизерна и од Алжир и Нигерија appeared first on Република.

]]>

Носителот на листата на пратеници од третата изборна единица Драган Ковачки се обрати на митингот во Зрновци и се осврна на стандардот на граѓаните кој со оваа власт на СДС и ДУИ е влошен.
Македонија да е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помизерни сме дури и од Алжир, Тунис и Нигерија! Исправно ли е 600.000 луѓе во државава да живеат со само 150 денари на ден, а оние најсиромашните со само 60 денари на ден. Цените скокнаа до небо, а примањата, да ве прашам, дали тие скокнаа до небо? Деновиве ќе видите разни експерти од нивните ќе се расфрлаат со какви се не лаги и демагогии, но Вие добро знаете колку бeшe лебот, колку беше горивото, колку беше брашното и сите останати намирници пред 6-7 години, а колку се денес? – посочи Ковачки.
Тој потсети и на справувањето со ковид кризата и менаџирањето на здравството, но и иселувањето и криминалот и корупцијата ккао горливи проблеми со кои се соочува Македонија. Знаете дека државата е веќе влезена во погрешен правец и мораме да ја вратиме назад, да му припадне на народот и мора да се случат промените.
Затоа ја бараме вашата поддршка. Мораме да ја исправиме Македонија и да го вратиме духот кај народот! Дојде времето кое македонските граѓани долго го чекаа! Дојде времето за одговорот кој граѓаните му го спремаат и на Зоран Заев,.. и на Димитар Ковачевски, … и на Стево Пендаровски и на сите од СДСМ и на тој „Европски“ фронт на ДУИ! Одговор дали нивните политики и владеење биле добри или катастрофални. Да се организираме и да им го дадеме тој одговор. Што помасовно тоа подобро! Да покажеме дека може поинаку, да покажеме дека треба да се има образ, да се има чест и достоинство, да се има чувство за одговорност. Сите овие карактеристики се неспоиви за досегашниот претседател Стево Пендаровски, а се вистински украс на карактерот на нашиот кандидат професорка Гордана Силјановска-Давкова! Образ, Чест, Достоинство и гордост!- заклучи Ковачки.

The post Ковачки: Со оваа власт на СДС и ДУИ Македонија е помизерна и од Алжир и Нигерија appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Зрновци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-miting-na-vmro-dpmne-vo-zrnovtsi/ Sun, 07 Apr 2024 15:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=763501

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Зрновци „Македонија повторно горда“.

https://www.youtube.com/live/FyUQHCJhs8o?si=_vp7TkHoYEUtFswj

The post ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Зрновци appeared first on Република.

]]>

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Зрновци „Македонија повторно горда“. https://www.youtube.com/live/FyUQHCJhs8o?si=_vp7TkHoYEUtFswj

The post ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Зрновци appeared first on Република.

]]>
Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-zrnovtsi-ke-gradi-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-selo-vidovishte/ Fri, 09 Jun 2023 13:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=649675

Општина Зрновци наскоро ќе почне со реализација на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води во селото Видивиште, чија вредност е проценета на над 1,9 милиони денари.

Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на постапката.

На конкурсот што го објави Министерството за распределба на средства за финансирање програми и проекти од областа на животната средина ни беа одобрени 1,8 милиони денари и веќе го потпишавме договорот со кој ќе можеме да ги користиме средствaта. Со реализацијата на проектот ќе решиме огромен проблем за жителите од Видовиште, каде фекалната канализација се излева во Видовишка Река. Во текот на летниот период таа пресушува и на тоа место се создава мочуриште што со децении претставува извор на зараза и најголем загадувач на земјоделските површини, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Локалната самоуправа денеска ја почна постапката за избор на фирма изведувач на градежните работи и според техничката спецификација се очекува проектот да се реализира до краот на август.

The post Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште appeared first on Република.

]]>

Општина Зрновци наскоро ќе почне со реализација на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води во селото Видивиште, чија вредност е проценета на над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на постапката.
На конкурсот што го објави Министерството за распределба на средства за финансирање програми и проекти од областа на животната средина ни беа одобрени 1,8 милиони денари и веќе го потпишавме договорот со кој ќе можеме да ги користиме средствaта. Со реализацијата на проектот ќе решиме огромен проблем за жителите од Видовиште, каде фекалната канализација се излева во Видовишка Река. Во текот на летниот период таа пресушува и на тоа место се создава мочуриште што со децении претставува извор на зараза и најголем загадувач на земјоделските површини, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
Локалната самоуправа денеска ја почна постапката за избор на фирма изведувач на градежните работи и според техничката спецификација се очекува проектот да се реализира до краот на август.

The post Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште appeared first on Република.

]]>
Коцев: Се менува водоводната мрежа на улица Авној во Зрновци, следува целосна реконструкција и асфалтирање https://republika.mk/vesti/makedonija/kocev-se-menuva-vodovodnata-mreza-na-ulica-avnoj-vo-zrnovci-sleduva-celosna-rekonstrukcija-i-asfaltiranje/ Tue, 21 Jun 2022 13:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=518096

Денес започнавме со градежни активности за промена на секундарната водоводна мрежа на улица Авној во Зрновци, по што ќе следи целосна реконструкција и асфалтирање на истата, ова преку статус на Фејсбук го најави градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.

Се надевам на разбирање од страна на граѓаните за отежнатото движење по улицата и за повремените прекини на водоснабдување во овој дел од село Зрновци.

Целосно завршување на овие активности е предвидено до петок.

Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Коцев: Се менува водоводната мрежа на улица Авној во Зрновци, следува целосна реконструкција и асфалтирање appeared first on Република.

]]>

Денес започнавме со градежни активности за промена на секундарната водоводна мрежа на улица Авној во Зрновци, по што ќе следи целосна реконструкција и асфалтирање на истата, ова преку статус на Фејсбук го најави градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.
Се надевам на разбирање од страна на граѓаните за отежнатото движење по улицата и за повремените прекини на водоснабдување во овој дел од село Зрновци. Целосно завршување на овие активности е предвидено до петок. Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Коцев: Се менува водоводната мрежа на улица Авној во Зрновци, следува целосна реконструкција и асфалтирање appeared first on Република.

]]>
Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-popisot-najmala-opshtina-vo-zemjava-e-zrnovci-a-najgolema-kumanovo/ Wed, 30 Mar 2022 10:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=480818

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.

Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.

Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава, рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Пред денешното соопштување на податоците, доделени им беа благодарници на институциите кои придонесоа за успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција.

The post Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово appeared first on Република.

]]>

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.
Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.
Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632. Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места. Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.
Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава, рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.
Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост… Пред денешното соопштување на податоците, доделени им беа благодарници на институциите кои придонесоа за успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција.

The post Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово appeared first on Република.

]]>
Коцев: Реализираме модерно и современо образование во општина Зрновци, го подобривме квалитетот на водата за пиење, го сменивме главниот цевковод, изградивме детски парк https://republika.mk/vesti/makedonija/kocev-realizirame-moderno-i-sovremeno-obrazovanie-vo-opshtina-zrnovci-go-podobrivme-kvalitetot-na-vodata-za-pienje-go-smenivme-glavniot-cevkovod-izgradivme-detski-park/ Tue, 15 Feb 2022 13:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=458869

Во последните 100 дена, Општина Зрновци се движи по патот на просперитетот и успехот. Како градоначалник на општина Зрновци, подеднакво посветен за доброто на сите граѓани на општината, почнавме со решавање на тековни проблеми во надлежност на локалната самоуправа, креирање и реализирање на нови проекти. За идејата да стане реалност, за граѓаните на општина Зрновци ветивме и во првите 100 дена исполнивме многу значајни проекти, истакна градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев на денешниот отчет на градоначалниците од источниот регион кој се одржа во Кочани.

Веднаш почнавме и денес се во завршна фаза изготвување на проектна документација за изградба на промена на дел од главниот цевковод за водоснабдување од фабриката за вода, во должина од 200 метри во село Зрновци. Капитажа за водоснабдување во село Моровец, филтер станица за фекална канализација во село Видовиште, зафат на Морошка река за наводнување на земјоделски површини, изградба на дополнителен резервоар на водоводна мрежа за водоснабдување на домаќинствата во Зрновци. Изградба на детски парк, изградба на потпорен ѕид за проширување на улица, изградба на пешачка патека од влезот на општината до општинската зграда. Ревидирање на проект, промена на секундарна водоводна мрежа во Зрновци - изјави градоначалникот Коцев.

Тој додаде дека покрај горенаведените, во буџетот за 2022 година се предвидени и 400 илјади денари за изготвување на проектна техничка документација за капитални проекти.

Коцев додаде дека за 20 отсто ги намалиле цените на комуналната услуга која опфаќа изнесување на отпад и смет, како и реорганизирање и модернизирање на комуналното јавно претпријатие „Водна кула“, за навремено и подинамично извршување на дејностите и набавена униформа и материјално технички средства за вработените.

Ги интензивиравме работните активности на градежно санациските работи на мост Капетан Синиша Стоилов во централното јадро на Општина Зрновци. Го уредивме училишниот двор на училиштето „Синиша Стоилов“ во Зрновци со бекатон плочки. Донесовме одлуки и правилници од страна на локалната самоуправа и советот на општината за користење на спортската сала за сите корисници на спортот. Санација и поправка на дефекти и делови во секундарната и приклучна водоводна мрежа во село Мородвис, по што ќе следи и нејзино зонирање заради регулирање на притисокот во истата и минимизирање на потенцијалните дефекти - посочи Коцев.

Тој додаде дека учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужува квалитетно и модерно образование при што за време ан кампањата ветиле модерно образование и образовен процес за учениците и наставниот кадар и истото го оствариле.

Набавено и реализирано, десет смарт табли со препознавање на ракопис и геометриски фигури, 10 ЛЦД проектори, 27 таблети и седум дополнителни во набавка. Инвертер клими во сите училници и канцеларии. Комплетно реновирање на сите санитарни јазли. Учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужуваат унапредување на воспитно образовниот процес и обезбедување најквалитетна настава - вели градоначалникот Коцев.

Коцев истакна дека преземаа низа активности за значително подобрување на квалитетот на водата за пиење, како отклонети дефекти на испусни вентили, прочистување на четири километарски доводен тунел до „Водна кула“ и прочистување на таложникот во истите.

https://www.youtube.com/watch?v=NNlc1E5tFdk

The post Коцев: Реализираме модерно и современо образование во општина Зрновци, го подобривме квалитетот на водата за пиење, го сменивме главниот цевковод, изградивме детски парк appeared first on Република.

]]>

Во последните 100 дена, Општина Зрновци се движи по патот на просперитетот и успехот. Како градоначалник на општина Зрновци, подеднакво посветен за доброто на сите граѓани на општината, почнавме со решавање на тековни проблеми во надлежност на локалната самоуправа, креирање и реализирање на нови проекти. За идејата да стане реалност, за граѓаните на општина Зрновци ветивме и во првите 100 дена исполнивме многу значајни проекти, истакна градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев на денешниот отчет на градоначалниците од источниот регион кој се одржа во Кочани.
Веднаш почнавме и денес се во завршна фаза изготвување на проектна документација за изградба на промена на дел од главниот цевковод за водоснабдување од фабриката за вода, во должина од 200 метри во село Зрновци. Капитажа за водоснабдување во село Моровец, филтер станица за фекална канализација во село Видовиште, зафат на Морошка река за наводнување на земјоделски површини, изградба на дополнителен резервоар на водоводна мрежа за водоснабдување на домаќинствата во Зрновци. Изградба на детски парк, изградба на потпорен ѕид за проширување на улица, изградба на пешачка патека од влезот на општината до општинската зграда. Ревидирање на проект, промена на секундарна водоводна мрежа во Зрновци - изјави градоначалникот Коцев.
Тој додаде дека покрај горенаведените, во буџетот за 2022 година се предвидени и 400 илјади денари за изготвување на проектна техничка документација за капитални проекти. Коцев додаде дека за 20 отсто ги намалиле цените на комуналната услуга која опфаќа изнесување на отпад и смет, како и реорганизирање и модернизирање на комуналното јавно претпријатие „Водна кула“, за навремено и подинамично извршување на дејностите и набавена униформа и материјално технички средства за вработените.
Ги интензивиравме работните активности на градежно санациските работи на мост Капетан Синиша Стоилов во централното јадро на Општина Зрновци. Го уредивме училишниот двор на училиштето „Синиша Стоилов“ во Зрновци со бекатон плочки. Донесовме одлуки и правилници од страна на локалната самоуправа и советот на општината за користење на спортската сала за сите корисници на спортот. Санација и поправка на дефекти и делови во секундарната и приклучна водоводна мрежа во село Мородвис, по што ќе следи и нејзино зонирање заради регулирање на притисокот во истата и минимизирање на потенцијалните дефекти - посочи Коцев.
Тој додаде дека учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужува квалитетно и модерно образование при што за време ан кампањата ветиле модерно образование и образовен процес за учениците и наставниот кадар и истото го оствариле.
Набавено и реализирано, десет смарт табли со препознавање на ракопис и геометриски фигури, 10 ЛЦД проектори, 27 таблети и седум дополнителни во набавка. Инвертер клими во сите училници и канцеларии. Комплетно реновирање на сите санитарни јазли. Учениците и наставниот кадар во општина Зрновци заслужуваат унапредување на воспитно образовниот процес и обезбедување најквалитетна настава - вели градоначалникот Коцев.
Коцев истакна дека преземаа низа активности за значително подобрување на квалитетот на водата за пиење, како отклонети дефекти на испусни вентили, прочистување на четири километарски доводен тунел до „Водна кула“ и прочистување на таложникот во истите. https://www.youtube.com/watch?v=NNlc1E5tFdk

The post Коцев: Реализираме модерно и современо образование во општина Зрновци, го подобривме квалитетот на водата за пиење, го сменивме главниот цевковод, изградивме детски парк appeared first on Република.

]]>
За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината https://republika.mk/vesti/makedonija/za-prvpat-gradonachalnikot-na-zrnovci-od-vmro-dpmne-borcho-kocev-ja-odblokira-smetkata-na-opshtinata/ Sat, 29 Jan 2022 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=451224

Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 14 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци.

Според табеларниот преглед што бил добиен од Министерството за финансии, по основ на четири извршни решенија од 2007 година, зрновската локална самоуправа долгувала околу 6,3 милиони денари

За над половина од вкупниот долг извршивме порамнување, согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа, за доспеани неплатени обврски кон доверителот „Гранит АД“ од Скопје. Со доверителот „Конструктор Рената и други ДОО“ беше постигнат вонсудски договор за отпис на камата од околу 1,4 милиони денари, а се обврзуваме на динамичен план за отплата на главнината што ќе биде целосно исплатена до април оваа година. Останатите два основа по кои општината должеше се исплатени во целост, по што добивме известување од Секторот трезор на Министерството за финансии дека буџетската сметка ни е деблокирана - истакнува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Главната цел на правните и финансиски активности што во изминатите два месеца ги презеле општинските служби, била да се спречи непродуктивното одлевање на буџетски средства за отплата на камати кон доверителите.

Со одблокирањето на сметката, локалната самопурава на Зрновци во иднина ќе може да функционира без ограничувања и да ги реализира зацртаните планови за развој.

The post За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината appeared first on Република.

]]>

Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 14 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци. Според табеларниот преглед што бил добиен од Министерството за финансии, по основ на четири извршни решенија од 2007 година, зрновската локална самоуправа долгувала околу 6,3 милиони денари
За над половина од вкупниот долг извршивме порамнување, согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа, за доспеани неплатени обврски кон доверителот „Гранит АД“ од Скопје. Со доверителот „Конструктор Рената и други ДОО“ беше постигнат вонсудски договор за отпис на камата од околу 1,4 милиони денари, а се обврзуваме на динамичен план за отплата на главнината што ќе биде целосно исплатена до април оваа година. Останатите два основа по кои општината должеше се исплатени во целост, по што добивме известување од Секторот трезор на Министерството за финансии дека буџетската сметка ни е деблокирана - истакнува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Главната цел на правните и финансиски активности што во изминатите два месеца ги презеле општинските служби, била да се спречи непродуктивното одлевање на буџетски средства за отплата на камати кон доверителите. Со одблокирањето на сметката, локалната самопурава на Зрновци во иднина ќе може да функционира без ограничувања и да ги реализира зацртаните планови за развој.

The post За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината appeared first on Република.

]]>