Жозеп Борел Archives - Република https://republika.mk/tema/zozep-borel/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 09:11:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жозеп Борел Archives - Република https://republika.mk/tema/zozep-borel/ 32 32 Борел го дочека утрото во засолниште https://republika.mk/vesti/svet/borel-go-docheka-utroto-vo-zasolnishte/ Mon, 11 Nov 2024 09:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=836258

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина.

Го започнувам денот во Киев во засолниште, додека Русија извршува уште еден ракетен напад. Ова е секојдневната реалност за украинскиот народ од руската инвазија – напиша Борел на платформата Икс.

Инаку рано утринава беше објавена воздушна тревога низ Украина поради полетувањето на руските авиони Ту-95 и МиГ-31.

Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Во саботата Борел пристигна во Киев во својата последна официјална посета на Украина.

The post Борел го дочека утрото во засолниште appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина. Го започнувам денот во Киев во засолниште, додека Русија извршува уште еден ракетен напад. Ова е секојдневната реалност за украинскиот народ од руската инвазија – напиша Борел на платформата Икс. Инаку рано утринава беше објавена воздушна тревога низ Украина поради полетувањето на руските авиони Ту-95 и МиГ-31. Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Во саботата Борел пристигна во Киев во својата последна официјална посета на Украина.

The post Борел го дочека утрото во засолниште appeared first on Република.

]]>
Борел допатува во Киев да ја смири Украина по победата на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/borel-dopatuva-vo-kiev-da-ja-smiri-ukraina-po-pobedata-na-tramp/ Sat, 09 Nov 2024 10:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=835792

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пристигна денеска во Киев, каде што има намера да ја увери Украина за поддршката на ЕУ, пренесе Бета.

Тоа е прва посета на висок европски функционер по победата на републиканецот Доналд Трамп (Трамп) на претседателските избори во САД.

Победата на Трамп ги загрижува Украина и Европа, кои стравуваат дека новиот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во борбата против руската инвазија.

Пораката е јасна. Европејците ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, рече Борел, кој се очекува да ја напушти функцијата во декември.

„Ние ја поддржуваме Украина од самиот почеток, а за мојата последна посета на Украина ја пренесувам истата порака. Ќе ве поддржиме колку што можеме“, рече Борел.

За време на изборната кампања, Трамп го доведе во прашање продолжувањето на големата американска воена и финансиска помош за Украина и рече дека може брзо да постигне договор за ставање крај на војната.

Никој не знае што точно ќе направи новата американска администрација, рече Борел, истакнувајќи дека претседателот во заминување Џозеф Бајден има уште два месеци да донесе одлуки.

Борел додаде дека ЕУ треба да ја искористи оваа можност за да изгради посилна и обединета Европа и да ја поддржи Украина.

Институтот Кил посочува дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Европа потрошила околу 125 милијарди долари за поддршка на оваа земја, додека САД издвоиле повеќе од 90 милијарди долари.

The post Борел допатува во Киев да ја смири Украина по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пристигна денеска во Киев, каде што има намера да ја увери Украина за поддршката на ЕУ, пренесе Бета. Тоа е прва посета на висок европски функционер по победата на републиканецот Доналд Трамп (Трамп) на претседателските избори во САД. Победата на Трамп ги загрижува Украина и Европа, кои стравуваат дека новиот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во борбата против руската инвазија.
Пораката е јасна. Европејците ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, рече Борел, кој се очекува да ја напушти функцијата во декември.
„Ние ја поддржуваме Украина од самиот почеток, а за мојата последна посета на Украина ја пренесувам истата порака. Ќе ве поддржиме колку што можеме“, рече Борел. За време на изборната кампања, Трамп го доведе во прашање продолжувањето на големата американска воена и финансиска помош за Украина и рече дека може брзо да постигне договор за ставање крај на војната.
Никој не знае што точно ќе направи новата американска администрација, рече Борел, истакнувајќи дека претседателот во заминување Џозеф Бајден има уште два месеци да донесе одлуки.
Борел додаде дека ЕУ треба да ја искористи оваа можност за да изгради посилна и обединета Европа и да ја поддржи Украина. Институтот Кил посочува дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Европа потрошила околу 125 милијарди долари за поддршка на оваа земја, додека САД издвоиле повеќе од 90 милијарди долари.

The post Борел допатува во Киев да ја смири Украина по победата на Трамп appeared first on Република.

]]>
Борел: Ако не сте на масата за геополитичка игра, ќе бидете на менито https://republika.mk/vesti/svet/borel-ako-ne-ste-na-masata-za-geopolitichka-igra-ke-bidete-na-menito/ Fri, 08 Nov 2024 12:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=835568

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел денеска повика на зајакнување на единството и безбедноста на Европа, предупредувајќи дека тие кои не се на масата за политичка игра ќе бидат на менито.

Фактот што САД избраа претседател, кој ќе има конкретни идеи за најважните сценарија во светот, во Украина, на Блиски Исток и во односот на Кина, бара од Европејците јасно да ја разберат нивната мисија. А нивната мисија, најважната мисија, е да се изгради Европа како сила, како суверен ентитет, способен да дејствува, не препуштајќи ја нашата безбедност на некој друг, бидејќи никој друг нема да се грижи за нашата безбедност, посочи Борел.

Тој, на вториот ден од неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ во Будимпешта, додаде дека Унијата мора да се грижи за својата независност, економска безбедност и односите со Кина.

За се е потребен еден и важен збор: единство за да се изгради силна Европа, истакна Борел.

Тој најави дека следните денови ќе ја посети Украина каде ќе разговара како да продолжи поддршката на ЕУ за Киев.

Според Борел ЕУ сака да остане силен партнер на САД, но оти мора да изгради сопствени капацитети.

Што и да е случи во САД, ние имаме свои интереси, имаме свои вредности … Мораме да обезбедиме сопствена безбедност, секако сметајќи на НАТО, но градејќи повеќе капацитети. Јасно е дека Европејците мора да градат сопствена безбедност, истакна Борел.

The post Борел: Ако не сте на масата за геополитичка игра, ќе бидете на менито appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел денеска повика на зајакнување на единството и безбедноста на Европа, предупредувајќи дека тие кои не се на масата за политичка игра ќе бидат на менито. Фактот што САД избраа претседател, кој ќе има конкретни идеи за најважните сценарија во светот, во Украина, на Блиски Исток и во односот на Кина, бара од Европејците јасно да ја разберат нивната мисија. А нивната мисија, најважната мисија, е да се изгради Европа како сила, како суверен ентитет, способен да дејствува, не препуштајќи ја нашата безбедност на некој друг, бидејќи никој друг нема да се грижи за нашата безбедност, посочи Борел. Тој, на вториот ден од неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ во Будимпешта, додаде дека Унијата мора да се грижи за својата независност, економска безбедност и односите со Кина. За се е потребен еден и важен збор: единство за да се изгради силна Европа, истакна Борел. Тој најави дека следните денови ќе ја посети Украина каде ќе разговара како да продолжи поддршката на ЕУ за Киев. Според Борел ЕУ сака да остане силен партнер на САД, но оти мора да изгради сопствени капацитети. Што и да е случи во САД, ние имаме свои интереси, имаме свои вредности … Мораме да обезбедиме сопствена безбедност, секако сметајќи на НАТО, но градејќи повеќе капацитети. Јасно е дека Европејците мора да градат сопствена безбедност, истакна Борел.

The post Борел: Ако не сте на масата за геополитичка игра, ќе бидете на менито appeared first on Република.

]]>
Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/borel-povika-na-globalna-aktsija-za-stavane-kraj-na-chovechkata-tragedija-vo-pojasot-gaza/ Sun, 27 Oct 2024 11:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=831370

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика на глобална акција „за ставање крај на човечката трагедија што се случува во Појасот Газа“.

Тој ја нагласи „итната потреба да се почитува меѓународното хуманитарно право во Појасот Газа“, пренесува Ал Џезира.

„Потписниците на Женевската конвенција имаат правна одговорност да обезбедат почитување на меѓународното право од сите инволвирани страни. Наша должност е да ги заштитиме цивилите и човековите права и крајно време е да дејствуваме по ова прашање“, рече Борел.

Според него, премалку информации доаѓаат од северниот дел на Појасот Газа, што укажува на катастрофален број убиства, уништувања и глад, покрај принудното раселување на цивилите.

„Целото население е под бомбардирање, опсада и ризик од глад и е принудено да избира помеѓу раселување или смрт“, предупреди Борел.

The post Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика на глобална акција „за ставање крај на човечката трагедија што се случува во Појасот Газа“. Тој ја нагласи „итната потреба да се почитува меѓународното хуманитарно право во Појасот Газа“, пренесува Ал Џезира.
„Потписниците на Женевската конвенција имаат правна одговорност да обезбедат почитување на меѓународното право од сите инволвирани страни. Наша должност е да ги заштитиме цивилите и човековите права и крајно време е да дејствуваме по ова прашање“, рече Борел.
Според него, премалку информации доаѓаат од северниот дел на Појасот Газа, што укажува на катастрофален број убиства, уништувања и глад, покрај принудното раселување на цивилите.
„Целото население е под бомбардирање, опсада и ризик од глад и е принудено да избира помеѓу раселување или смрт“, предупреди Борел.

The post Борел повика на глобална акција за ставање крај на човечката трагедија во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води https://republika.mk/vesti/svet/borel-nuklearna-vojna-ne-mozhe-da-se-dobie-i-nikogash-ne-smee-da-se-vodi/ Fri, 11 Oct 2024 18:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=825711

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

-Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води, рече Борел.

The post Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје. Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна. -Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води, рече Борел.

The post Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води appeared first on Република.

]]>
Борел: Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, потребен е итен прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/borel-situatsijata-vo-liban-od-den-na-den-se-vloshuva-potreben-e-iten-prekin-na-ognot/ Tue, 08 Oct 2024 09:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=824100

Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, изјави денеска во Европскиот парламент шефот на дипломатијата на Европската унија, Џозеф Борел и посочи дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во конфликтот предводен од Израел и Хезболах во оваа земја.

Борел изјавил и дека околу 20 отсто од либанското население е принудено да се расели, пренесуваат британските медиуми.

Привремената техничка либанска Влада денеска објави дека најмалку 1,3 милиона граѓани на оваа земја, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради засилените израелски воздушни напади.

Во текот на изминатата година, десетици илјади лица веќе беа принудени да избегаат од јужен Либан и северен Израел, поради континуираните борби меѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили

The post Борел: Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, потребен е итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, изјави денеска во Европскиот парламент шефот на дипломатијата на Европската унија, Џозеф Борел и посочи дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во конфликтот предводен од Израел и Хезболах во оваа земја. Борел изјавил и дека околу 20 отсто од либанското население е принудено да се расели, пренесуваат британските медиуми. Привремената техничка либанска Влада денеска објави дека најмалку 1,3 милиона граѓани на оваа земја, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради засилените израелски воздушни напади. Во текот на изминатата година, десетици илјади лица веќе беа принудени да избегаат од јужен Либан и северен Израел, поради континуираните борби меѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили

The post Борел: Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, потребен е итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Борел: Нема услови за „ресетирање“ на односите со Русија во блиска иднина https://republika.mk/vesti/svet/borel-nema-uslovi-za-resetirane-na-odnosite-so-rusija-vo-bliska-idnina/ Mon, 16 Sep 2024 09:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=816716

На повидок не гледам можност за мировен договор со Русија предводена од претседателот Владимир Путин и не очекувам „ресетирање“ на односите на Европската Унија со Москва во блиска иднина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во интервју за „Еурактив Италија“.

Во далечна иднина, во повоен амбиент, може да има некои промени кога станува збор за односите со Русија, но останува фактот дека војната веројатно ќе продолжи и тешко дека ќе има нормализација во овие околности. Ние како ЕУ имаме црвени линии, рече Борел.

Според него, не можат да се предвидат никакви односи меѓу ЕУ и Русија во услови кога рускиот режим се „гледа себеси во војна со Западот и Европа“.

Путин јасно кажува дека не отстапува од своите максималистички барања: освојување на Украина и потчинување на украинскиот народ, а можеби има и поголеми амбиции надвор од Украина, вели Борел.

Во однос на можни мировни преговори со Русија, првиот дипломат на ЕУ нагласува дека „добро се познати искуствата во преговори“ со Путин, посочувајќи на разговорите во Минск за прекин на судирите меѓу Киев и проруските сепаратисти во Домбас во 2014 година, кои ги оцени како стапица што и овозможиле на Москва да се подготви за сегашната војна. Затоа, според него, Европа не смее да ги повтори истите грешки.

Говорејќи, пак, за односите меѓу ЕУ и Кина, Борел истакна дека тие во голема мера ќе зависат од тоа како Пекинг ќе се однесува кон конфликтот во Украина и неговите релации со Русија, која Унијата ја смета за главна геополитичка закана.

Поддршката на Кина на војната на Русија носи последици по односите меѓу ЕУ и Кина. Затоа, сакаме активно да се ангажираме со Кина за да го обесхрабриме нејзиното засилено поврзување со Русија, додаде Борел.

Според него, несомнено е дека политички системи на ЕУ и Кина се различни и дека во тој поглед постои идеолошко ривалство и загриженост за злоупотреби и кршење на човековите права во земјата.

И покрај јасната реална проценка на состојбите во изминатите пет години, ЕУ останува на цврстата посветеност да продолжи со соработката со Кина, нагласи Борел.

Во врска со истрагата на Европската комисија за кинеските државни субвенции за домашните производители на соларни панели и електричните возила и одлуката на Брисел за воведување на дополнителни увозни давачки за електромобилите произведени во Кина, Борел вели дека ЕУ се обидува да избегне трговска војна со Пекинг, но мора да ја заштити својата индустрија од нелојалната конкуренција.

Ние не сакаме да ги прекинеме врските меѓу нашите економии, ниту да престанеме да соработуваме со Кинезите за глобалните прашања, за долговите на сиромашните земји и за климатските промени, додаде Борел.

Запрашан за коментар на надворешнополитичките приоритети на двајцата кандидати за американски претседател на ноемвриските избори, Камала Харис и Доналд Трамп и нивното влијание врз Европа, Борел оцени дека е „очигледно оти постојат значајни разлики“ меѓу нив, особено за Украина, мултилатерализмот, климатските промени и НАТО.

Очигледно, идната администрација на Харис би била многу повеќе усогласена со сегашната политика на ЕУ, вели Борел.

Според него, треба да се види „што ќе донесат изборите во САД“, но дека сепак независно од тоа „Европа треба да се грижи за себе“.

Мораме да направиме повеќе за да ја обезбедиме нашата сопствена одбрана и економска безбедност, вклучително и развивање на нашата одбранбено-индустриска база, заклучи Борел.

The post Борел: Нема услови за „ресетирање“ на односите со Русија во блиска иднина appeared first on Република.

]]>

На повидок не гледам можност за мировен договор со Русија предводена од претседателот Владимир Путин и не очекувам „ресетирање“ на односите на Европската Унија со Москва во блиска иднина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во интервју за „Еурактив Италија“. Во далечна иднина, во повоен амбиент, може да има некои промени кога станува збор за односите со Русија, но останува фактот дека војната веројатно ќе продолжи и тешко дека ќе има нормализација во овие околности. Ние како ЕУ имаме црвени линии, рече Борел. Според него, не можат да се предвидат никакви односи меѓу ЕУ и Русија во услови кога рускиот режим се „гледа себеси во војна со Западот и Европа“. Путин јасно кажува дека не отстапува од своите максималистички барања: освојување на Украина и потчинување на украинскиот народ, а можеби има и поголеми амбиции надвор од Украина, вели Борел. Во однос на можни мировни преговори со Русија, првиот дипломат на ЕУ нагласува дека „добро се познати искуствата во преговори“ со Путин, посочувајќи на разговорите во Минск за прекин на судирите меѓу Киев и проруските сепаратисти во Домбас во 2014 година, кои ги оцени како стапица што и овозможиле на Москва да се подготви за сегашната војна. Затоа, според него, Европа не смее да ги повтори истите грешки. Говорејќи, пак, за односите меѓу ЕУ и Кина, Борел истакна дека тие во голема мера ќе зависат од тоа како Пекинг ќе се однесува кон конфликтот во Украина и неговите релации со Русија, која Унијата ја смета за главна геополитичка закана. Поддршката на Кина на војната на Русија носи последици по односите меѓу ЕУ и Кина. Затоа, сакаме активно да се ангажираме со Кина за да го обесхрабриме нејзиното засилено поврзување со Русија, додаде Борел. Според него, несомнено е дека политички системи на ЕУ и Кина се различни и дека во тој поглед постои идеолошко ривалство и загриженост за злоупотреби и кршење на човековите права во земјата. И покрај јасната реална проценка на состојбите во изминатите пет години, ЕУ останува на цврстата посветеност да продолжи со соработката со Кина, нагласи Борел. Во врска со истрагата на Европската комисија за кинеските државни субвенции за домашните производители на соларни панели и електричните возила и одлуката на Брисел за воведување на дополнителни увозни давачки за електромобилите произведени во Кина, Борел вели дека ЕУ се обидува да избегне трговска војна со Пекинг, но мора да ја заштити својата индустрија од нелојалната конкуренција. Ние не сакаме да ги прекинеме врските меѓу нашите економии, ниту да престанеме да соработуваме со Кинезите за глобалните прашања, за долговите на сиромашните земји и за климатските промени, додаде Борел. Запрашан за коментар на надворешнополитичките приоритети на двајцата кандидати за американски претседател на ноемвриските избори, Камала Харис и Доналд Трамп и нивното влијание врз Европа, Борел оцени дека е „очигледно оти постојат значајни разлики“ меѓу нив, особено за Украина, мултилатерализмот, климатските промени и НАТО. Очигледно, идната администрација на Харис би била многу повеќе усогласена со сегашната политика на ЕУ, вели Борел. Според него, треба да се види „што ќе донесат изборите во САД“, но дека сепак независно од тоа „Европа треба да се грижи за себе“. Мораме да направиме повеќе за да ја обезбедиме нашата сопствена одбрана и економска безбедност, вклучително и развивање на нашата одбранбено-индустриска база, заклучи Борел.

The post Борел: Нема услови за „ресетирање“ на односите со Русија во блиска иднина appeared first on Република.

]]>
Борел е многу загрижен поради најавата дека Германија ќе ја намали помошта за Украина https://republika.mk/vesti/svet/borel-e-mnogu-zagrizhen-poradi-najavata-deka-germanija-ke-ja-namali-pomoshta-za-ukraina/ Fri, 23 Aug 2024 15:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=809538

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека најавеното намалување на германската помош за Украина е „многу загрижувачко“ и претставува „лоша вест“.

Француски „Монд“ го цитира Борел, кој во Сантандер, на северот од Шпанија, изјави дека Германија прави многу за да и помогне на Украина да се спротивстави на Русија и затоа претстојното намалување на помошта од Берлин е „многу загрижувачко“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека ништо не може да влијае на тоа Германија да ги прекрши своите ветувања за поддршката на Украина и изрази изненадување од извештаите во германските медиуми дека официјален Берлин има намера да ја намали воената помош за Киев.

Тој потврди дека германската Влада планира следната година да одвои четири милијарди евра за воена поддршка на Украина и посочи дека оваа сума е поголема од издвојувањето на која било друга европска земја, пренесоа украинските медиуми.

Шолц потсети дека, според одлуката на земјите-членки на Г7, Украина ќе добие заем од 50 милијарди евра од средствата од конфискуваниот имот на Руската Федерација, истакнувајќи дека официјален Киев со овие пари ќе може да купи оружје.

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ претходно објави дека Германија „остро ја намалува“ воената помош за Украина и дека Берлин, наводно, веќе престанал да плаќа за поправка на германската опрема оштетена во Украина. Весникот наведе дека во нацрт-буџетот за следната година Германија сака да ги преполови издвојувањата за Украина.

The post Борел е многу загрижен поради најавата дека Германија ќе ја намали помошта за Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека најавеното намалување на германската помош за Украина е „многу загрижувачко“ и претставува „лоша вест“. Француски „Монд“ го цитира Борел, кој во Сантандер, на северот од Шпанија, изјави дека Германија прави многу за да и помогне на Украина да се спротивстави на Русија и затоа претстојното намалување на помошта од Берлин е „многу загрижувачко“. Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека ништо не може да влијае на тоа Германија да ги прекрши своите ветувања за поддршката на Украина и изрази изненадување од извештаите во германските медиуми дека официјален Берлин има намера да ја намали воената помош за Киев. Тој потврди дека германската Влада планира следната година да одвои четири милијарди евра за воена поддршка на Украина и посочи дека оваа сума е поголема од издвојувањето на која било друга европска земја, пренесоа украинските медиуми. Шолц потсети дека, според одлуката на земјите-членки на Г7, Украина ќе добие заем од 50 милијарди евра од средствата од конфискуваниот имот на Руската Федерација, истакнувајќи дека официјален Киев со овие пари ќе може да купи оружје. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ претходно објави дека Германија „остро ја намалува“ воената помош за Украина и дека Берлин, наводно, веќе престанал да плаќа за поправка на германската опрема оштетена во Украина. Весникот наведе дека во нацрт-буџетот за следната година Германија сака да ги преполови издвојувањата за Украина.

The post Борел е многу загрижен поради најавата дека Германија ќе ја намали помошта за Украина appeared first on Република.

]]>
Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи https://republika.mk/vesti/svet/borel-ofitsijalnite-rezultati-od-pretsedatelskite-izbori-vo-venetsuela-se-delumni-i-neproverlivi/ Wed, 31 Jul 2024 09:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=801937

Во демократски систем резултатите од изборите мора да бидат целосни и независно проверливи за да бидат признати, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава по повод случувањата по претседателските избори во Венецуела одржани во неделата.

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) досега презентираше изборни резултати што одговараат само на 80 отсто од гласовите, без да обезбеди никаков извор или систем што би овозможил нивна верификација. Со овие делумни и непроверливи резултати, ЦНЕ го прогласи Николас Мадуро за победник на изборите. Дополнително, податоците што опозицијата и ги стави на располагање на јавноста даваат радикално поинаков резултат од оној што го објави ЦНЕ, наведува Борел.

Нагласувајќи дека со „голема загриженост“ ја следи ситуацијата во Венецуела по претседателските избори, Борел потенцира дека венецуелските власти мора да гарантираат транспарентност и интегритет на изборниот процес со независно проверување на официјалните записници од гласањето на избирачките места.

Европската Унија бара од ЦНЕ да обезбеди итен пристап до евиденцијата за гласање на сите избирачки места. Се додека записниците од гласањето не бидат објавени и потврдени, резултатите од изборите не може да бидат прифатени онака како што се објавени, порача Борел.

Според Борел, народот на Венецуела со години се соочува со невидена економска, политичка и социјална криза и единствено решение за излез од неа се избори.

Во овие тешки времиња, важно е демонстрациите и протестите да бидат мирни. Безбедносните сили мора да обезбедат целосно почитување на човековите права, особено правото на протест и правото на слобода на собирање, заклучува Борел во пораката.

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,2 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 44,2 проценти. Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати. Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,19 отсто, а Мадуро 30,44 проценти од гласовите.

Ваквите состојби доведоа до масовни протести на приврзаниците на опозицијата, во кои според невладината организација Форо Пенал загинале 11 лица, но и до контра-собири на поддржувачите на Мадуро.

The post Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи appeared first on Република.

]]>

Во демократски систем резултатите од изборите мора да бидат целосни и независно проверливи за да бидат признати, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава по повод случувањата по претседателските избори во Венецуела одржани во неделата. Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) досега презентираше изборни резултати што одговараат само на 80 отсто од гласовите, без да обезбеди никаков извор или систем што би овозможил нивна верификација. Со овие делумни и непроверливи резултати, ЦНЕ го прогласи Николас Мадуро за победник на изборите. Дополнително, податоците што опозицијата и ги стави на располагање на јавноста даваат радикално поинаков резултат од оној што го објави ЦНЕ, наведува Борел. Нагласувајќи дека со „голема загриженост“ ја следи ситуацијата во Венецуела по претседателските избори, Борел потенцира дека венецуелските власти мора да гарантираат транспарентност и интегритет на изборниот процес со независно проверување на официјалните записници од гласањето на избирачките места. Европската Унија бара од ЦНЕ да обезбеди итен пристап до евиденцијата за гласање на сите избирачки места. Се додека записниците од гласањето не бидат објавени и потврдени, резултатите од изборите не може да бидат прифатени онака како што се објавени, порача Борел. Според Борел, народот на Венецуела со години се соочува со невидена економска, политичка и социјална криза и единствено решение за излез од неа се избори. Во овие тешки времиња, важно е демонстрациите и протестите да бидат мирни. Безбедносните сили мора да обезбедат целосно почитување на човековите права, особено правото на протест и правото на слобода на собирање, заклучува Борел во пораката. Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,2 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 44,2 проценти. Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати. Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,19 отсто, а Мадуро 30,44 проценти од гласовите. Ваквите состојби доведоа до масовни протести на приврзаниците на опозицијата, во кои според невладината организација Форо Пенал загинале 11 лица, но и до контра-собири на поддржувачите на Мадуро.

The post Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи appeared first on Република.

]]>
Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина https://republika.mk/vesti/svet/orban-do-borel-birokratskite-besmislitsi-na-brisel-ne-donesoa-mir-vo-ukraina/ Sat, 06 Jul 2024 07:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=793943

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави вечерва дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша:

Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…

The post Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави вечерва дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.
Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.
Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.   Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша:
Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…

The post Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Борел: Косово не беше подготвено за средба, Курти постави три услови https://republika.mk/vesti/balkan/borel-kosovo-ne-beshe-podgotveno-za-sredba-kurti-postavi-tri-uslovi/ Wed, 26 Jun 2024 20:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=791118

Денешната дискусија со учесниците во дијалогот меѓу Србија и Косово беше тешка како и секогаш, а трилатералната средба не се одржа бидејќи премиерот на Косово Албин Курти постави три услови за спроведување на договорот, на кои Александар Вучиќ не се согласи, изјави по средбите Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност.

Борел посочи дека Косово не е подготвено за средба со претставниците на Србија, додека српската страна е подготвена да го продолжи дијалогот. Тој изјави дека Курти претставил три услови за натамошно вклучување на Косово во процесот на нормализација, пишува Н1.

Првиот услов е Договорот за нормализација да се формализира и Србија да го потпише тој документ од 2023 година, што според Борел е старо барање. Втората е Србија да го повлече писмото што тогашната премиерка Ана Брнабиќ го испрати до ЕУ во декември 2023 година, во кое изразува резервираност во врска со обврските што произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Косово, вклучително и анекс за имплементација – таканаречениот Охридски договор.

Третиот и последен услов на Курти за продолжување на нормализацијата е Србија да го предаде Милан Радоичиќ и неговата „паравоена терористичка група“.

Борел изјави дека Србија не е подготвена да ги исполни барањата на Косово, повикувајќи се на уставните ограничувања. Високиот претставник додаде дека Вучиќ покажал дека е подготвен да ги истражи опциите за повлекување на писмото на Брнабиќ и официјализирање на Договорот „во согласност со досегашната практика на Дијалогот за да се деблокира спроведувањето на Договорот“.

„Позициите на двете страни остануваат оддалечени од имплементацијата на Договорот, а со тоа и од продолжување на процесот на нормализација. Како што реков претходно, Европската унија не може сама да сака нормализација на односите ако двете страни не се договорат како да се оди напред“, рече Борел.

The post Борел: Косово не беше подготвено за средба, Курти постави три услови appeared first on Република.

]]>

Денешната дискусија со учесниците во дијалогот меѓу Србија и Косово беше тешка како и секогаш, а трилатералната средба не се одржа бидејќи премиерот на Косово Албин Курти постави три услови за спроведување на договорот, на кои Александар Вучиќ не се согласи, изјави по средбите Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност. Борел посочи дека Косово не е подготвено за средба со претставниците на Србија, додека српската страна е подготвена да го продолжи дијалогот. Тој изјави дека Курти претставил три услови за натамошно вклучување на Косово во процесот на нормализација, пишува Н1. Првиот услов е Договорот за нормализација да се формализира и Србија да го потпише тој документ од 2023 година, што според Борел е старо барање. Втората е Србија да го повлече писмото што тогашната премиерка Ана Брнабиќ го испрати до ЕУ во декември 2023 година, во кое изразува резервираност во врска со обврските што произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Косово, вклучително и анекс за имплементација – таканаречениот Охридски договор. Третиот и последен услов на Курти за продолжување на нормализацијата е Србија да го предаде Милан Радоичиќ и неговата „паравоена терористичка група“. Борел изјави дека Србија не е подготвена да ги исполни барањата на Косово, повикувајќи се на уставните ограничувања. Високиот претставник додаде дека Вучиќ покажал дека е подготвен да ги истражи опциите за повлекување на писмото на Брнабиќ и официјализирање на Договорот „во согласност со досегашната практика на Дијалогот за да се деблокира спроведувањето на Договорот“.
„Позициите на двете страни остануваат оддалечени од имплементацијата на Договорот, а со тоа и од продолжување на процесот на нормализација. Како што реков претходно, Европската унија не може сама да сака нормализација на односите ако двете страни не се договорат како да се оди напред“, рече Борел.

The post Борел: Косово не беше подготвено за средба, Курти постави три услови appeared first on Република.

]]>
Борел: Путин се подготвува за долга војна во Украина https://republika.mk/vesti/svet/borel-putin-se-podgotvuva-za-dolga-vojna-vo-ukraina/ Mon, 24 Jun 2024 08:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=790134

По мировната конференција во Швајцарија за Украина, каде што беше отворен дипломатски пат, го видовме одговорот на (рускиот претседател Владимир) Путин со посети на Северна Кореја и секаде каде што може да добие оружје, очигледно се подготвува за долга војна, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Луксембург.

Тој истакна дека треба да продолжат дипломатските напори и да се зголеми помошта за Украина.

Според него следната недела се очекува Украина да го добие првиот дел од вкупно 2,5 милијарди евра приходи од запленетиот руски имот, кој треба да биде насочен кон обезбедување воена поддршка за Киев.

Борел посочи дека денеска ќе им предложи решение на министрите за надворешни работи на ЕУ за заобиколување на отпорот на Унгарија за користење на приходите од запленетиот руски имот во корист на Киев.

The post Борел: Путин се подготвува за долга војна во Украина appeared first on Република.

]]>

По мировната конференција во Швајцарија за Украина, каде што беше отворен дипломатски пат, го видовме одговорот на (рускиот претседател Владимир) Путин со посети на Северна Кореја и секаде каде што може да добие оружје, очигледно се подготвува за долга војна, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Луксембург. Тој истакна дека треба да продолжат дипломатските напори и да се зголеми помошта за Украина. Според него следната недела се очекува Украина да го добие првиот дел од вкупно 2,5 милијарди евра приходи од запленетиот руски имот, кој треба да биде насочен кон обезбедување воена поддршка за Киев. Борел посочи дека денеска ќе им предложи решение на министрите за надворешни работи на ЕУ за заобиколување на отпорот на Унгарија за користење на приходите од запленетиот руски имот во корист на Киев.

The post Борел: Путин се подготвува за долга војна во Украина appeared first on Република.

]]>
Борел препорачува укинување на казнените мерки за Косово https://republika.mk/vesti/balkan/borel-preporachuva-ukinuvane-na-kaznenite-merki-za-kosovo/ Wed, 19 Jun 2024 10:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=788992

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им препорача на земјите-членки на ЕУ укинување на казнените мерки против Косово, јави Радио Слободна Европа повикувајќи се на извори запознаени со содржината на документот.

Истите извори потврдуваат дека Борел таа препорака ја засновал на фактот дека Косово презело чекори кон исполнување на барањата на ЕУ изразени во соопштението од 3 јуни 2023 година.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosovtsite-si-legnaa-na-brashnoto-ke-se-formira-szo/

Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе разговараат за овој документ денеска. Изворите на РСЕ нагласуваат дека дискусијата на амбасадорско ниво ќе зависи од тоа како ЕУ ќе постапи по тоа прашање.

The post Борел препорачува укинување на казнените мерки за Косово appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им препорача на земјите-членки на ЕУ укинување на казнените мерки против Косово, јави Радио Слободна Европа повикувајќи се на извори запознаени со содржината на документот. Истите извори потврдуваат дека Борел таа препорака ја засновал на фактот дека Косово презело чекори кон исполнување на барањата на ЕУ изразени во соопштението од 3 јуни 2023 година. https://republika.mk/vesti/balkan/kosovtsite-si-legnaa-na-brashnoto-ke-se-formira-szo/ Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе разговараат за овој документ денеска. Изворите на РСЕ нагласуваат дека дискусијата на амбасадорско ниво ќе зависи од тоа како ЕУ ќе постапи по тоа прашање.

The post Борел препорачува укинување на казнените мерки за Косово appeared first on Република.

]]>
Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола https://republika.mk/vesti/svet/borel-evropa-se-soochuva-so-dve-vojni-i-mnogu-tenzii-koi-mozhat-da-izlezat-od-kontrola/ Wed, 29 May 2024 20:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=782953

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола.

Говорејќи на крајот од Шумановиот безбедносен и одбранбен форум во Брисел, Борел предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен, а мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“.

- Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола – во Либија, во Сахел, на Западен Балкан, на Кавказ, во Судан, на Рогот на Африка, на границите на (Демократска) Република Конго, во Заливот, во Јужното Кинеско Море, во Јужна Азија, (и) бандите и наркокартелите во Латинска Америка и Централна Америка, рече Борел.

Тој додаде дека дури и институциите кои се срж на системот на Обединетите нации, како што е Меѓународниот суд на правдата (МСП), може да бидат ослабени.

- Доколку не се почитуваат пресудите на Меѓународниот суд на правдата, светот ќе биде во многу полоша ситуација. И следниот пат нема повторно да се повикуваме на Меѓународниот суд на правдата ако овој пат неговата пресуда не биде спроведена – а не беше. Не е, нагласи Борел.

Тој додаде дека знае дека „географијата е важна“ и оти „војните што ни се блиску се поважни од војните што се далеку“.

- Но, сите тие се меѓусебно поврзани. Секоја војна, секоја криза каде било влијае на кое било друго место во светот, рече Борел и додаде дека се загрозени јавните добра, од цените на енергијата до слободата на пловидба.

Тој оцени дека Шумановиот безбедносен и одбранбен форум е неопходен и важен состанок.

- Тоа е втор чекор во насока на ангажирање на Европејците со остатокот од светот, а остатокот од светот со нас, рече Борел.

Во Брисел денеска се одржа вториот Шуманов безбедносен и одбранбен форум на кој се собраа политичари, високи носители на одлуки, воени претставници на земјите-членки на ЕУ и повеќе од 60 земји партнери, како и претставници на меѓународни и регионални организации, водечки тинк-тенкови и академски заедници.

Целта на форумот беше да се расветли како сегашните и потенцијалните мировни, безбедносни и одбранбени партнерства можат да одговорат на најитните безбедносни закани и предизвици и да придонесат за глобалниот мир и безбедност, како и да го поддржат меѓународниот поредок и мултилатерализмот заснован на правила.

The post Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола. Говорејќи на крајот од Шумановиот безбедносен и одбранбен форум во Брисел, Борел предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен, а мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“.
- Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола – во Либија, во Сахел, на Западен Балкан, на Кавказ, во Судан, на Рогот на Африка, на границите на (Демократска) Република Конго, во Заливот, во Јужното Кинеско Море, во Јужна Азија, (и) бандите и наркокартелите во Латинска Америка и Централна Америка, рече Борел.
Тој додаде дека дури и институциите кои се срж на системот на Обединетите нации, како што е Меѓународниот суд на правдата (МСП), може да бидат ослабени.
- Доколку не се почитуваат пресудите на Меѓународниот суд на правдата, светот ќе биде во многу полоша ситуација. И следниот пат нема повторно да се повикуваме на Меѓународниот суд на правдата ако овој пат неговата пресуда не биде спроведена – а не беше. Не е, нагласи Борел.
Тој додаде дека знае дека „географијата е важна“ и оти „војните што ни се блиску се поважни од војните што се далеку“.
- Но, сите тие се меѓусебно поврзани. Секоја војна, секоја криза каде било влијае на кое било друго место во светот, рече Борел и додаде дека се загрозени јавните добра, од цените на енергијата до слободата на пловидба.
Тој оцени дека Шумановиот безбедносен и одбранбен форум е неопходен и важен состанок.
- Тоа е втор чекор во насока на ангажирање на Европејците со остатокот од светот, а остатокот од светот со нас, рече Борел.
Во Брисел денеска се одржа вториот Шуманов безбедносен и одбранбен форум на кој се собраа политичари, високи носители на одлуки, воени претставници на земјите-членки на ЕУ и повеќе од 60 земји партнери, како и претставници на меѓународни и регионални организации, водечки тинк-тенкови и академски заедници. Целта на форумот беше да се расветли како сегашните и потенцијалните мировни, безбедносни и одбранбени партнерства можат да одговорат на најитните безбедносни закани и предизвици и да придонесат за глобалниот мир и безбедност, како и да го поддржат меѓународниот поредок и мултилатерализмот заснован на правила.

The post Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола appeared first on Република.

]]>
Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки https://republika.mk/vesti/svet/borel-on-se-paralizirani-od-veto-ne-nosat-nikakvi-odluki/ Wed, 29 May 2024 09:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=782731

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Обединети нации се парализирани од наметнувањето на вето и оти не се прифаќаат никакви одлуки.

Наметнувањето вето ги пролонгира конфликтите и масакрите, истакна Борел пред учесниците на Шумановиот безбедносен форум организиран од Европскиот парламент во Брисел.

На состанокот присуствуваат 500 учесници од 70 земји и организации од целиот свет.

Ќе се разговара за прашањата за кибер безбедноста, одбраната, антитероризмот и хибридните закани, прецизира Борел.

Тој додаде дека разговорите ќе ги опфатат војните во Украина и Појасот Газа, но истакна дека тоа не се единствените „жешки точки“ во светот денес.

Политиката на сила се врати. Мора да се обединиме во отфрлањето на нормализацијата на употребата на сила. Сведоци сме на зголемување на случаите на поморски пирати. Светскиот океан и Вселената ќе бидат следните бојни полиња, таму ќе се множат заканите, предупреди Борел

Во 2022 година имало вооружени конфликти во 56 земји, додека во 2020 година бројот на овие земји бил 30, посочи Борел.

Тој додаде дека ЕУ поддржува повеќе од 20 земји во областа на одбраната и мирот.

The post Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Обединети нации се парализирани од наметнувањето на вето и оти не се прифаќаат никакви одлуки. Наметнувањето вето ги пролонгира конфликтите и масакрите, истакна Борел пред учесниците на Шумановиот безбедносен форум организиран од Европскиот парламент во Брисел. На состанокот присуствуваат 500 учесници од 70 земји и организации од целиот свет. Ќе се разговара за прашањата за кибер безбедноста, одбраната, антитероризмот и хибридните закани, прецизира Борел. Тој додаде дека разговорите ќе ги опфатат војните во Украина и Појасот Газа, но истакна дека тоа не се единствените „жешки точки“ во светот денес. Политиката на сила се врати. Мора да се обединиме во отфрлањето на нормализацијата на употребата на сила. Сведоци сме на зголемување на случаите на поморски пирати. Светскиот океан и Вселената ќе бидат следните бојни полиња, таму ќе се множат заканите, предупреди Борел Во 2022 година имало вооружени конфликти во 56 земји, додека во 2020 година бројот на овие земји бил 30, посочи Борел. Тој додаде дека ЕУ поддржува повеќе од 20 земји во областа на одбраната и мирот.

The post Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки appeared first on Република.

]]>
Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија https://republika.mk/vesti/svet/borel-e-za-ukraina-da-koristi-evropsko-oruzhje-za-napadi-na-ruska-teritorija/ Tue, 28 May 2024 10:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=782354

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје.

Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се борам против оној што ме напаѓа од моја територија, изјави Борел пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Потребна е рамнотежа меѓу ризикот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, додаде тој.

Во европските градови се води расправа за тоа дали на Украина треба да и се дозволи или не да го користи оружјето што и го дадоа западните земји за да гаѓа цели на руска територија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека го поддржува тоа, но неколку земји кои се сојузници на Украина, вклучително и Германија и САД, се воздржуваат и стравуваат од директен конфликт со Москва.

Германската државна секретарка за одбрана Сиемтје Молер денеска го повтори категоричното противење на Берлин.

Германија донесе суверена одлука, рече таа.

Украина редовно врши притисок врз своите западни партнери, особено Вашингтон, кој е нејзин главен снабдувач со оружје, да одобри употреба на западно оружје со поголем дострел против цели во Русија.

Столтенберг вчера изјави дека Киев „има право да се брани“ и затоа „има право да гаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Естонија и Холандија, поддржуваат таква опција.

Никогаш не сум ја исклучила и се надевам дека другите земји кои имаат поинаков став ќе го променат, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен по пристигнувањето на средбата во Брисел.

The post Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје. Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се борам против оној што ме напаѓа од моја територија, изјави Борел пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел. Потребна е рамнотежа меѓу ризикот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, додаде тој. Во европските градови се води расправа за тоа дали на Украина треба да и се дозволи или не да го користи оружјето што и го дадоа западните земји за да гаѓа цели на руска територија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека го поддржува тоа, но неколку земји кои се сојузници на Украина, вклучително и Германија и САД, се воздржуваат и стравуваат од директен конфликт со Москва. Германската државна секретарка за одбрана Сиемтје Молер денеска го повтори категоричното противење на Берлин. Германија донесе суверена одлука, рече таа. Украина редовно врши притисок врз своите западни партнери, особено Вашингтон, кој е нејзин главен снабдувач со оружје, да одобри употреба на западно оружје со поголем дострел против цели во Русија. Столтенберг вчера изјави дека Киев „има право да се брани“ и затоа „има право да гаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“. Неколку европски земји, вклучувајќи ги Естонија и Холандија, поддржуваат таква опција. Никогаш не сум ја исклучила и се надевам дека другите земји кои имаат поинаков став ќе го променат, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен по пристигнувањето на средбата во Брисел.

The post Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-neodamneshnite-izmeni-na-izborniot-zakonik-bea-vovedeni-dotsna-i-ne-gi-odrazuvaa-preporakite-na-odihr/ Fri, 10 May 2024 15:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=776862

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран.

ЕУ ѝ честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Македонија. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Посочуваат дека Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.

ЕУ и Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива, се наведува во соопштението.

Европската унија забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, двојните избори ги окарактеризира како конкурентни, со почитување на основните слободи.

Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР, велат од Европската служба за надворешни работи.

Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори

The post ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран.
ЕУ ѝ честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Македонија. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Посочуваат дека Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.
ЕУ и Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива, се наведува во соопштението.
Европската унија забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, двојните избори ги окарактеризира како конкурентни, со почитување на основните слободи.
Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР, велат од Европската служба за надворешни работи.
Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори

The post ЕУ: Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР appeared first on Република.

]]>
Борел предупредува: На повидок е војна во Европа, ова не е мала работа https://republika.mk/vesti/svet/borel-predupreduva-na-povidok-e-vojna-vo-evropa-ova-ne-e-mala-rabota/ Tue, 09 Apr 2024 12:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=764299

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војната во Европа е на повидок.

Замисливме дека сме во свет со круг на пријатели по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа беше заменето со огнен прстен меѓу нас, нестабилност од Сахел до Блискиот Исток, Кавказ и Балтикот, да не гледам подлабоко во Африка. Огнен прстен околу нас, рече Борел за време на форумот „Нова економија“ во Мадрид.

Тој истакна дека ова е сега многу важен момент во изградбата на Европа бидејќи војната е на хоризонтот и дека тоа не е мала работа.

Според него, најдобар начин за зајакнување на НАТО е зголемување на европските одбранбени капацитети.

ЕУ нема да има заедничка армија во догледна иднина, а одбраната ќе остане одговорност на членките, истакна Борел.

Тој предупреди дека можноста за конвенционална војна со висок интензитет во Европа „веќе не е фантазија“.

The post Борел предупредува: На повидок е војна во Европа, ова не е мала работа appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војната во Европа е на повидок. Замисливме дека сме во свет со круг на пријатели по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа беше заменето со огнен прстен меѓу нас, нестабилност од Сахел до Блискиот Исток, Кавказ и Балтикот, да не гледам подлабоко во Африка. Огнен прстен околу нас, рече Борел за време на форумот „Нова економија“ во Мадрид. Тој истакна дека ова е сега многу важен момент во изградбата на Европа бидејќи војната е на хоризонтот и дека тоа не е мала работа. Според него, најдобар начин за зајакнување на НАТО е зголемување на европските одбранбени капацитети. ЕУ нема да има заедничка армија во догледна иднина, а одбраната ќе остане одговорност на членките, истакна Борел. Тој предупреди дека можноста за конвенционална војна со висок интензитет во Европа „веќе не е фантазија“.

The post Борел предупредува: На повидок е војна во Европа, ова не е мала работа appeared first on Република.

]]>
Борел: Изборите во Русија се одржаа под зголемена репресија и со ограничен пристап до информации https://republika.mk/vesti/svet/borel-izborite-vo-rusija-se-odrzhaa-pod-zgolemena-represija-i-so-ogranichen-pristap-do-informatsii/ Mon, 18 Mar 2024 10:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=755831

Претседателските избори што ги организираше Русија од 15 до 17 март се одржаа во многу рестриктивен амбиент, влошено и од илегалната агресија врз Украина, при што руските власти продолжија да ја зголемуваат систематската внатрешна репресија со сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови со користење на репресивно законодавство и политички мотивирани затворски казни, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во писмена изјава во врска со руските претседателски избори

Шокантната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални во пресрет на изборите е уште еден знак за забрзана и систематска репресија. Изборите се одржаа во политички простор кој постојано се стеснува, што резултираше со алармантно зголемување на кршењето на граѓанските и политичките права и спречи многу кандидати да се кандидираат, вклучително и сите оние кои се противат на илегалната војна за агресија на Русија, ги лиши руските гласачи од вистински избор и силно го ограничен нивниот пристап до точни информации. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува важната работа на руските граѓански организации, бранителите на човековите права и независните медиуми - наведува Борел.

Тој натаму потенцира дека ЕУ изразува жалење поради одлуката на руските власти да не поканат набљудувачи на изборите од ОБСЕ/ОДИХР, што, според него, е во спротивност на руските обврски кон Организацијата и ги ускрати на руските гласачи и институции од непристрасна и независна проценка на овие избори.

Понатаму, Европската Унија силно го осудува незаконското одржување на т.н. „избори“ на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше: Автономна Република Крим и градот Севастопол, како и во делови од регионите на Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Т.н. „избори“ на овие територии претставуваат уште едно очигледно кршење на меѓународното право од страна на Русија, вклучително и Повелбата на ОН, како и на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина - наведува Борел.

Високиот претставник на ЕУ нагласува и дека Унијата ја повикува Русија да ги почитува меѓународно признатите граници и суверенитет на Украина, потврдени и со двете резолуции на ОН од 12 октомври 2022 година и 27 март 2014 година.

Европската Унија повторува дека не го признава и никогаш нема да го признае одржувањето на овие т.н. „избори“ на териториите на Украина, ниту нивните резултати. Тие се ништовни и не можат да произведат никакво правно дејство. Политичкото раководство на Русија и оние кои се вклучени во нивното организирање ќе се соочат со последиците од овие незаконски дејствија - потенцира Борел.

Тој нагласува и дека ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Русија мора да ја прекине својата нелегална агресивна војна против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите вооружени сили и опрема од целата украинска територија - додава Борел во писмената изјава по повод претседателските избори во Русија.

The post Борел: Изборите во Русија се одржаа под зголемена репресија и со ограничен пристап до информации appeared first on Република.

Борел: Војната во Украина ќе се одлучи оваа пролет и лето https://republika.mk/vesti/svet/borel-vojnata-vo-ukraina-ke-se-odluchi-ovaa-prolet-i-leto/ Fri, 15 Mar 2024 08:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=754951

Шефот на европската дипломатија , Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето.

Поради сомневањата за продолжување на американската воена помош за Киев, Борел на новинарите во Вашингтон им соопшти дека неговата порака до американските конгресмени е: „Што и да се направи, мора да се направи брзо“.

Тоа е вистината за нас. Мораме да забрзаме. Мораме да ја зголемиме нашата помош, мораме да направиме повеќе и побрзо. Затоа ги зголемуваме нашите одбранбени способности. А тоа важи и за САД. Следниот месец ќе биде одлучувачки. Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да ги чека резултатите од следните американски избори, рече Борел за европската помош за украинската војна, пренесе Хина.

Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, од самиот почеток на руската инвазија во 2022 година го поддржа испраќањето воена помош за Украина, додека неговиот главен противник од редовите на републиканците, Доналд Трамп, прибегна кон политика на изолационизам.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сојузник на Трамп, досега одбиваше да повика на гласање за нацрт-законот што на Украина ќе и обезбеди дополнителни 60 милијарди долари.

The post Борел: Војната во Украина ќе се одлучи оваа пролет и лето appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија , Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето. Поради сомневањата за продолжување на американската воена помош за Киев, Борел на новинарите во Вашингтон им соопшти дека неговата порака до американските конгресмени е: „Што и да се направи, мора да се направи брзо“.
Тоа е вистината за нас. Мораме да забрзаме. Мораме да ја зголемиме нашата помош, мораме да направиме повеќе и побрзо. Затоа ги зголемуваме нашите одбранбени способности. А тоа важи и за САД. Следниот месец ќе биде одлучувачки. Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да ги чека резултатите од следните американски избори, рече Борел за европската помош за украинската војна, пренесе Хина.
Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, од самиот почеток на руската инвазија во 2022 година го поддржа испраќањето воена помош за Украина, додека неговиот главен противник од редовите на републиканците, Доналд Трамп, прибегна кон политика на изолационизам. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сојузник на Трамп, досега одбиваше да повика на гласање за нацрт-законот што на Украина ќе и обезбеди дополнителни 60 милијарди долари.

The post Борел: Војната во Украина ќе се одлучи оваа пролет и лето appeared first on Република.

]]>