Зорка Ацкова Метикош Archives - Република https://republika.mk/tema/zorka-atskova-metikosh/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 11:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зорка Ацкова Метикош Archives - Република https://republika.mk/tema/zorka-atskova-metikosh/ 32 32 Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-zorka-atskova-metikosh-vrvna-narodna-umetnitsa-od-tanets/ Tue, 19 Nov 2024 11:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=839590

На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од „Танец“, а погребот се одржал вчера, соопштија од Ансамблот.

Зорка Метикош е родена во 1940 година во скопското село Чучер и беше вистински извор на ора и песни од богатата ризница на македонскиот фолклор. Во ансамблот Танец е од 1960-та година и во него поминува цели 30 години до своето пензионирање во 1990.

-Таа, целото свое знаење и умеење го посвети на ансамблот, пренесувајќи голем број на песни и игри научени од теренот. Беше фолклорен уметник со извонредени вокални и играорни способности.

При изведување на песните од кореографскиот репертоар на Танец, беше препознатлива по извонредните изведби и нејзиниот убав сопран, а меѓу колегите и кај публиката важеше и за извонреден техничар при изведувањето и пренесување на стапките на изворните ора. Посебен траен белег остави во изведбата на „Невестинското“, а за многу генерации играорки беше пример како достојно се носи галичката носија, преку нејзиниот стамен став и нејзините одмерени и грациозни чекори при изведбата.

Оттука, Зорка Мекинтош ќе остане втисната во историјата на Танец како синоним за трајна вредност, велат од ансамблот.

 

The post Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец appeared first on Република.

]]>

На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од „Танец“, а погребот се одржал вчера, соопштија од Ансамблот. Зорка Метикош е родена во 1940 година во скопското село Чучер и беше вистински извор на ора и песни од богатата ризница на македонскиот фолклор. Во ансамблот Танец е од 1960-та година и во него поминува цели 30 години до своето пензионирање во 1990. -Таа, целото свое знаење и умеење го посвети на ансамблот, пренесувајќи голем број на песни и игри научени од теренот. Беше фолклорен уметник со извонредени вокални и играорни способности. При изведување на песните од кореографскиот репертоар на Танец, беше препознатлива по извонредните изведби и нејзиниот убав сопран, а меѓу колегите и кај публиката важеше и за извонреден техничар при изведувањето и пренесување на стапките на изворните ора. Посебен траен белег остави во изведбата на „Невестинското“, а за многу генерации играорки беше пример како достојно се носи галичката носија, преку нејзиниот стамен став и нејзините одмерени и грациозни чекори при изведбата. Оттука, Зорка Мекинтош ќе остане втисната во историјата на Танец како синоним за трајна вредност, велат од ансамблот.  

The post Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец appeared first on Република.

]]>