Зорица Блажева Archives - Република https://republika.mk/tema/zorica-blazeva/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Feb 2022 12:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зорица Блажева Archives - Република https://republika.mk/tema/zorica-blazeva/ 32 32 Металург има долг од 90 илјади евра, потврди претседателката на клубот Зорица Блажевска https://republika.mk/sport/rakomet/metalurg-ima-dolg-od-90-iljadi-evra-potvrdi-pretsedatelkata-na-klubot-zorica-blazevska/ Thu, 03 Feb 2022 12:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=453545

Претседателката на Металург, Зорица Блажевска зборуваше на прес-конференцијата по повод суспензијата од Суперлигата. Ракометната федерација на Македонија реагираше по упатствата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и поради неисплатените плати и тужбите од Шпенде и Кастратовиќ, клубот од Автокоманда беше санкциониран.

Блажевска откри дека долгот на Металург е 65.000 евра, но истиот ќе биде повисок ако се пресметаат сите плати кои Кастратовиќ ги бара (90.000 евра). Според неа, доколку не беше ковид-кризата сè ќе беше поинаку, а нагласи дека и Минчо Јорданов сè уште не се откажал од клубот.

Долгот на клубот е 65.000 евра за овие два случаи (Шпенде и Кастратовиќ), но доколку се додадат и сите плати што ги бара Кастратовиќ, таа бројка би била 90.000 евра. Минчо Јорданов инвестираше пари кога најмногу требаше. Не може да се оспори неговата поддршка. Да не беше ковид-кризата работите ќе беа поинакви. Сите гледаат да ги спасат своите бизниси. Можам само да потенцирам дека Минчо Јорданов не се откажа од Металург, изјави Блажевска на денешната прес-конференција.

Металург мора да ги реши проблемите и да најде заеднички јазик со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред да се врати на терените. Доколку не успее во тоа, многу лесно може да заврши во вториот ранг на македонскиот ракомет.

The post Металург има долг од 90 илјади евра, потврди претседателката на клубот Зорица Блажевска appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Металург, Зорица Блажевска зборуваше на прес-конференцијата по повод суспензијата од Суперлигата. Ракометната федерација на Македонија реагираше по упатствата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и поради неисплатените плати и тужбите од Шпенде и Кастратовиќ, клубот од Автокоманда беше санкциониран. Блажевска откри дека долгот на Металург е 65.000 евра, но истиот ќе биде повисок ако се пресметаат сите плати кои Кастратовиќ ги бара (90.000 евра). Според неа, доколку не беше ковид-кризата сè ќе беше поинаку, а нагласи дека и Минчо Јорданов сè уште не се откажал од клубот.