Зорана Михајловиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zorana-mihajlovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 21:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зорана Михајловиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zorana-mihajlovikj/ 32 32 Зорана Михајловиќ: Не прифатив да бидам пион и можеби поради тоа нема да сум веќе министерка https://republika.mk/vesti/balkan/zorana-mihajlovikj-ne-prifativ-da-bidam-pion-i-mozebi-poradi-toa-nema-da-sum-vekje-ministerka/ Tue, 25 Oct 2022 06:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=565128

„Не се согласив да бидам пион, можеби тоа е причината поради која сме денеска овде“, рече Зорана Михајловиќ на својата проштална прес-конференција како министерка за рударство и енергетика. Таа не се најде меѓу кандидатите за министри во новата влада што вчера ги соопшти претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, пред Главниот одбор на СНС.

Таа оцени и дека повеќе нема да го има единствениот поинаков „тон во владата“, мислејќи на себе.

Михајловиќ им се заблагодари на медиумите за професионалното следење на нејзините активности.

И вам што бевте вистински професионалци и вам што ме тргавте и забранувавте, ви благодарам повторно затоа што бев само подобра во споредба со она што го видов во медиумите“, рече таа.

На новиот министер за рударство и енергетика му посака се најдобро и додаде дека мисли дека и нејзе нема да ѝ биде лесно.

И мене не ми беше лесно, не се согласив да бидам пион и можеби тоа е причината поради која сме денес овде. Немам причина да се каам за ништо, 10 години сум во владата, зад мене имам резултати и се што направивме заедно“, изјави Михајловиќ.

Запрашана дали ќе остане во СНС, таа рече:

Што се однесува до СНС, денес е денот за расчистување на сметките и цртање линија, а не за тоа да се зборува. За тоа како – со или без СНС – има време. Мислам дека ќе ми биде полесно да не гледам некои луѓе што го користат СНС како џубокс за богатење, исто како што ним ќе им биде полесно да не ме гледаат мене“.

Зорана Михајловиќ порача дека дефинитивно ќе остане во политиката.

„Сакам да работам за мојата земја и народ, никогаш нема да излезам од неа. Верувам дека Србија има место во Европа и ЕУ и секогаш ќе се борам Србија да биде на Запад, а не на Исток во овие глобални поделби“.

Таа додаде и дека ќе има време за приказни за понатамошни планови, „а особено за она што се случи во последните две години“.

На прашањето дали се гледа себеси на чело на некое од јавните претпријатија и дали имала некаков разговор со Александар Вучиќ или Ана Брнабиќ, таа рече дека дефинитивно нема да одговори за содржината на разговорот со претседателот.

Рече дека вчера имала приватен разговор со претседателот и го демантираше пишувањето на одредени медиуми за тоа како изгледал тој разговор, додавајќи дека „нему нема да му биде лесно, но ќе има една главоболка помалку бидејќи ќе го нема тој понинаков глас од владата“.

Што се однесува до други позиции – не, тоа не ме интересира, не сакам да бидам на ниту една од тие позиции, тоа што го работам е енергетика“, рече Михајловиќ.

Што се однесува до приказната за Западот, односно ЕУ, претседателот многу добро знае каде треба да оди Србија и какви одлуки треба да донесеме, а јас воопшто не се сомневам во тоа“, додаде таа. Таа оцени дека е малцинство како некој што се бори Србија да биде на Запад, а не на Исток.

Не сум сигурна колку е проевропска новата влада, но таа е просрпска“, истакна Михајловиќ и додаде:

Ќе почекаме неколку месеци за моите конкретни планови“.

The post Зорана Михајловиќ: Не прифатив да бидам пион и можеби поради тоа нема да сум веќе министерка appeared first on Република.

]]>

„Не се согласив да бидам пион, можеби тоа е причината поради која сме денеска овде“, рече Зорана Михајловиќ на својата проштална прес-конференција како министерка за рударство и енергетика. Таа не се најде меѓу кандидатите за министри во новата влада што вчера ги соопшти претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, пред Главниот одбор на СНС. Таа оцени и дека повеќе нема да го има единствениот поинаков „тон во владата“, мислејќи на себе. Михајловиќ им се заблагодари на медиумите за професионалното следење на нејзините активности.
И вам што бевте вистински професионалци и вам што ме тргавте и забранувавте, ви благодарам повторно затоа што бев само подобра во споредба со она што го видов во медиумите“, рече таа.
На новиот министер за рударство и енергетика му посака се најдобро и додаде дека мисли дека и нејзе нема да ѝ биде лесно.
И мене не ми беше лесно, не се согласив да бидам пион и можеби тоа е причината поради која сме денес овде. Немам причина да се каам за ништо, 10 години сум во владата, зад мене имам резултати и се што направивме заедно“, изјави Михајловиќ.
Запрашана дали ќе остане во СНС, таа рече:
Што се однесува до СНС, денес е денот за расчистување на сметките и цртање линија, а не за тоа да се зборува. За тоа како – со или без СНС – има време. Мислам дека ќе ми биде полесно да не гледам некои луѓе што го користат СНС како џубокс за богатење, исто како што ним ќе им биде полесно да не ме гледаат мене“.
Зорана Михајловиќ порача дека дефинитивно ќе остане во политиката.
„Сакам да работам за мојата земја и народ, никогаш нема да излезам од неа. Верувам дека Србија има место во Европа и ЕУ и секогаш ќе се борам Србија да биде на Запад, а не на Исток во овие глобални поделби“.
Таа додаде и дека ќе има време за приказни за понатамошни планови, „а особено за она што се случи во последните две години“. На прашањето дали се гледа себеси на чело на некое од јавните претпријатија и дали имала некаков разговор со Александар Вучиќ или Ана Брнабиќ, таа рече дека дефинитивно нема да одговори за содржината на разговорот со претседателот. Рече дека вчера имала приватен разговор со претседателот и го демантираше пишувањето на одредени медиуми за тоа како изгледал тој разговор, додавајќи дека „нему нема да му биде лесно, но ќе има една главоболка помалку бидејќи ќе го нема тој понинаков глас од владата“.
Што се однесува до други позиции – не, тоа не ме интересира, не сакам да бидам на ниту една од тие позиции, тоа што го работам е енергетика“, рече Михајловиќ. „Што се однесува до приказната за Западот, односно ЕУ, претседателот многу добро знае каде треба да оди Србија и какви одлуки треба да донесеме, а јас воопшто не се сомневам во тоа“, додаде таа. Таа оцени дека е малцинство како некој што се бори Србија да биде на Запад, а не на Исток. „Не сум сигурна колку е проевропска новата влада, но таа е просрпска“, истакна Михајловиќ и додаде: „Ќе почекаме неколку месеци за моите конкретни планови“.

The post Зорана Михајловиќ: Не прифатив да бидам пион и можеби поради тоа нема да сум веќе министерка appeared first on Република.

]]>
Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч https://republika.mk/vesti/balkan/mihajlovikj-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/ Wed, 12 Oct 2022 13:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=560197

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград.

Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот - изјави Михајловиќ за ТВ Прва.

Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето.

Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото - рече Михајловиќ.

Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата.

Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа - рече српската вицепремиерка.

Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето.

Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку  Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута.

Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ.

Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено.

The post Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч appeared first on Република.

]]>

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград.
Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот - изјави Михајловиќ за ТВ Прва.
Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето.
Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото - рече Михајловиќ.
Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата.
Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа - рече српската вицепремиерка.
Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето. Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку  Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута. Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ. Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено.

The post Михајловиќ: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч appeared first on Република.

]]>
„Војна“ меѓу српската вицепремиерка и Лавров https://republika.mk/vesti/balkan/vojna-megju-srpskata-vicepremierka-i-lavrov/ Wed, 31 Aug 2022 09:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=546003

Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ денеска оцени дека изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лаваров дека Србија со тоа што не воведува санкции кон Русија го поддржува нападот на таа земја врз Украина, не е пријателска и дополнително ја усложнува позицијата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград

Таа во интервју за агенцијата Бета додаде дека изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што тоа мисли за неа, а нејзината изјава зборува за тоа што таа мисли за односот на Русија кон Србија.

-Русија ги штити нејзините интереси, јас ги штитам интересите на Србија. Тие мислат дека Србија може да биде полигон за разни конфронтации, а јас мислам дека не може, изјави Михајловиќ.

Во соопштението од нејзиниот кабинет, Михајловиќ додатно изјави дека Србија нема воведено санкции кон Русија, но и дека не го поддржува нападот врз Украина и дека и покрај притисоците води независна политика.

-Во изменетите геополитички околности секој би сакал Србија да биде на нивна страна, но Србија има своја страна. Избравме да имаме своја, српска страна, а нашата независна позиција суштински се одразува во тоа што носењето одлуки е независно, не во однос на едната страна, туку независно во однос на сите страни. Тоа е потешка позиција, но тоа е наша позиција. Ние сме единствената земја во Европа, не сметајќи ја Белорусија, која не воведе санкции кон Русија, но во исто време јасно се одредивме против војната со гласањето во ОН за резолуција за осуда на нападот врз Украина. Ние не сме за санкции, но не сме ниту за војна, не го одобруваме рускиот напад врз Украина, изјави таа во интервју за агенцијата Бета.

На прашањето да ја коментира изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека „не е упатена во реалноста“, Михајловиќ рече дека во моментите кога Србија е под притисок, не ни треба некој што вели дека е наш пријател да постапува на спротивен начин.

-Реагирав затоа што сметав дека изјавата на рускиот функционер не е пријателска кон нашата земја, бидејќи не става во дополнителна непријатна положба. Реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што мислат за мене и го покажува нивниот однос кон Србија. Тие ги штитат нивните интереси и мислат дека ние сме полигон за конфронтации, а јас ги штитам српските интереси и мислам дека не треба да бидеме полигон за решавање на светски конфликти и тоа нема да се промени, изјави Михајловиќ.

The post „Војна“ меѓу српската вицепремиерка и Лавров appeared first on Република.

]]>

Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ денеска оцени дека изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лаваров дека Србија со тоа што не воведува санкции кон Русија го поддржува нападот на таа земја врз Украина, не е пријателска и дополнително ја усложнува позицијата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград Таа во интервју за агенцијата Бета додаде дека изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што тоа мисли за неа, а нејзината изјава зборува за тоа што таа мисли за односот на Русија кон Србија.
-Русија ги штити нејзините интереси, јас ги штитам интересите на Србија. Тие мислат дека Србија може да биде полигон за разни конфронтации, а јас мислам дека не може, изјави Михајловиќ.
Во соопштението од нејзиниот кабинет, Михајловиќ додатно изјави дека Србија нема воведено санкции кон Русија, но и дека не го поддржува нападот врз Украина и дека и покрај притисоците води независна политика. -Во изменетите геополитички околности секој би сакал Србија да биде на нивна страна, но Србија има своја страна. Избравме да имаме своја, српска страна, а нашата независна позиција суштински се одразува во тоа што носењето одлуки е независно, не во однос на едната страна, туку независно во однос на сите страни. Тоа е потешка позиција, но тоа е наша позиција. Ние сме единствената земја во Европа, не сметајќи ја Белорусија, која не воведе санкции кон Русија, но во исто време јасно се одредивме против војната со гласањето во ОН за резолуција за осуда на нападот врз Украина. Ние не сме за санкции, но не сме ниту за војна, не го одобруваме рускиот напад врз Украина, изјави таа во интервју за агенцијата Бета. На прашањето да ја коментира изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека „не е упатена во реалноста“, Михајловиќ рече дека во моментите кога Србија е под притисок, не ни треба некој што вели дека е наш пријател да постапува на спротивен начин.
-Реагирав затоа што сметав дека изјавата на рускиот функционер не е пријателска кон нашата земја, бидејќи не става во дополнителна непријатна положба. Реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што мислат за мене и го покажува нивниот однос кон Србија. Тие ги штитат нивните интереси и мислат дека ние сме полигон за конфронтации, а јас ги штитам српските интереси и мислам дека не треба да бидеме полигон за решавање на светски конфликти и тоа нема да се промени, изјави Михајловиќ.

The post „Војна“ меѓу српската вицепремиерка и Лавров appeared first on Република.

]]>
Руско МНР: Oчигледно Михајловиќ е слабо упатена во реалноста на односите меѓу двете земји https://republika.mk/vesti/balkan/rusko-mnr-ochigledno-mihajlovikj-e-slabo-upatena-vo-realnosta-na-odnosite-megju-dvete-zemji/ Tue, 30 Aug 2022 11:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=545595

Руското Министерство за надворешни работи ја отфрли изјавата на потпретседателката на Владата на Србија и министерка за енергетика Зорана Михајловиќ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со изјавате го злоупотребува тоа што Србија не воведе санкции за Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН, која ја осудува војната, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на минатонеделната посета на министерот за внатрешни работи Александар Вулин на Москва, Лавров посочи дека Москва и Белград се доследно посветени на принципите на неделивост и еднаква безбедност на сите земји „како на Балканот така и во ситуацијата испровоцирана од Западот во Украина“.

Михајловиќ оцени дека на овој начин Лавров го злоупотребува тоа што Србија не воведе санкции кон Русија и дека со таквото однесување „иако зборува за пријателството на двете земји“, го покажува спротивното.

„Оценките и изјавите на руските функционери никому не му даваат причина и право да нè прекорува со инсинуации, обиди за „злоупотреба“ на традиционално пријателските, чесни односи со Србија, кои неминовно се градат на еднаквост, почит и меѓусебно разбирање, соопштенија од руското МНР, сугерирајќи дека „очигледно Михајловиќ е слабо упатена во реалноста“ на односите меѓу двете земји“.

„Со Србија имаме целосно меѓусебно разбирање за актуелните теми од меѓународната агенда. Во контактите со партнерите, отворено го презентираме нашиот поглед на ситуацијата во Украина. Ја почитуваме желбата на Белград да одржи балансирана, и што е најважно, независна линија во овие тешки услови“, посочуваат од руското Министерство.

The post Руско МНР: Oчигледно Михајловиќ е слабо упатена во реалноста на односите меѓу двете земји appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи ја отфрли изјавата на потпретседателката на Владата на Србија и министерка за енергетика Зорана Михајловиќ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со изјавате го злоупотребува тоа што Србија не воведе санкции за Русија, обидувајќи се да покаже дека Србија го поддржува рускиот напад врз Украина, иако Србија гласаше за резолуцијата на ОН, која ја осудува војната, јави дописникот на МИА од Белград. За време на минатонеделната посета на министерот за внатрешни работи Александар Вулин на Москва, Лавров посочи дека Москва и Белград се доследно посветени на принципите на неделивост и еднаква безбедност на сите земји „како на Балканот така и во ситуацијата испровоцирана од Западот во Украина“. Михајловиќ оцени дека на овој начин Лавров го злоупотребува тоа што Србија не воведе санкции кон Русија и дека со таквото однесување „иако зборува за пријателството на двете земји“, го покажува спротивното.