зоран заев Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-zaev/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 10:25:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоран заев Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-zaev/ 32 32 Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-odgovornost-vo-sprotivno-gnevot-kaj-onepravdenite-samo-ke-raste-i-ke-se-zgolemuva/ Tue, 05 Nov 2024 06:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=834228

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија.
Мало сутра! 
Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино,
мака ми е што лежев заради ваквите како Заев.
А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот.
Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“...
Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор,
некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема!
Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема.
Барем сè уште таква е реалноста ...
Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено!
А тоа е многу опасно!
Затоа ОД ГО ВОР НОСТ!
Не од утре, туку уште од вчера.
Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/
Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра!  Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев. А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот. Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“... Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор, некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема! Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема. Барем сè уште таква е реалноста ... Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено! А тоа е многу опасно! Затоа ОД ГО ВОР НОСТ! Не од утре, туку уште од вчера. Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>
Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kade-gi-troshat-parite-drugarite-venko-i-zaev-na-zhurka-vo-dubai-kartite-chinele-nekolku-stotina-evra/ Sun, 03 Nov 2024 22:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=833846

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи.

Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ.

Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.

Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат: Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши

The post Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра appeared first on Република.

]]>

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи. Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ. Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.
Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.
На социјалните мрежи граѓаните коментираат: Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши

The post Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра appeared first on Република.

]]>
Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? https://republika.mk/vesti/balkan/drugarite-na-zaev-i-kovachevski-osvoija-najmnogu-glasovi-na-izborite-shto-ke-znachi-toa-za-odnosite-so-makedonija/ Mon, 28 Oct 2024 10:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=831586

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент.

Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови.

Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија

Кој и да формира влада, Борисов или Петков не може да се очекува подобрување на односите со Македонија ако се знае нивното однесување во минатото.

Бојко Борисов со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство со кој се прифати дека имаме заедничка историја.Овој договор кој требаше да биде за пријателство стана извор на сите проблеми меѓу двете земји.

Ништо подобар за Македонија не е ниту Кирил Петков. Тој иако наликуваше на модерен, европски политичар сепак имаше радикални ставови слични како Каракачанов. Тој ја посети Македонија кога премиер беше Димитар Ковачевски. Во време на нивното владеење дојде францускиот предлог со кој се бара да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав.

Изненадувачки некогаш најпопуларната партија во Бугарија „Има таков народ“ на тв водителот Слави Трифонов сега е трета одзади со само 6.8 отсто подршка.

The post Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? appeared first on Република.

]]>

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент. Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови.

Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија

Кој и да формира влада, Борисов или Петков не може да се очекува подобрување на односите со Македонија ако се знае нивното однесување во минатото. Бојко Борисов со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство со кој се прифати дека имаме заедничка историја.Овој договор кој требаше да биде за пријателство стана извор на сите проблеми меѓу двете земји. Ништо подобар за Македонија не е ниту Кирил Петков. Тој иако наликуваше на модерен, европски политичар сепак имаше радикални ставови слични како Каракачанов. Тој ја посети Македонија кога премиер беше Димитар Ковачевски. Во време на нивното владеење дојде францускиот предлог со кој се бара да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав. Изненадувачки некогаш најпопуларната партија во Бугарија „Има таков народ“ на тв водителот Слави Трифонов сега е трета одзади со само 6.8 отсто подршка.

The post Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? appeared first on Република.

]]>
Торти, мотор и кацига за славеникот, забава од „Ѕвездите на Гранд“ – Заев ја славеше 50ката https://republika.mk/vesti/makedonija/torti-motor-i-katsiga-za-slavenikot-zabava-od-zvezdite-na-grand-zaev-ja-slaveshe-50kata/ Wed, 09 Oct 2024 05:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=824375

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави јубилејниот 50 роденден. На прославата беа присутни неговото семејство и пријателите, кои на социјалните мрежи споделуваа како поминува вечерта.

За славеникот беа подготвени специјални торти - мотор, кацига, ракавици за возење, па дури и неговата регистрација. За забавата, меѓу останатите се погрижи и некогашниот финалист од „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Филиповиќ.

https://republika.mk/tvitovi/rodendenska-chestitka-od-bozhinovski-do-zaev-da-imash-vreme-se-da-si-odlezhish/

The post Торти, мотор и кацига за славеникот, забава од „Ѕвездите на Гранд“ – Заев ја славеше 50ката appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави јубилејниот 50 роденден. На прославата беа присутни неговото семејство и пријателите, кои на социјалните мрежи споделуваа како поминува вечерта. За славеникот беа подготвени специјални торти - мотор, кацига, ракавици за возење, па дури и неговата регистрација. За забавата, меѓу останатите се погрижи и некогашниот финалист од „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Филиповиќ. https://republika.mk/tvitovi/rodendenska-chestitka-od-bozhinovski-do-zaev-da-imash-vreme-se-da-si-odlezhish/

The post Торти, мотор и кацига за славеникот, забава од „Ѕвездите на Гранд“ – Заев ја славеше 50ката appeared first on Република.

]]>
Роденденска честитка од Божиновски до Заев: Да имаш време сè да си одлежиш! https://republika.mk/tvitovi/rodendenska-chestitka-od-bozhinovski-do-zaev-da-imash-vreme-se-da-si-odlezhish/ Tue, 08 Oct 2024 15:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=824267

Среќен роденден Зоране, да си здрав и жив уште 100 години, да имаш време сѐ да одлежиш.

The post Роденденска честитка од Божиновски до Заев: Да имаш време сè да си одлежиш! appeared first on Република.

Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-za-sela-daj-bozhe-da-ne-e-chovekov-vakov-od-presilnite-udari-od-27-april/ Thu, 03 Oct 2024 12:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=822228

Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна – Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и забеганост. Вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во интервју за „Фокус“ рече дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот рејгинг, а на последните избори дејствувал во корист на Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа.

Колку треба човек да е желен за власт за да може да каже вакви забегани и налудничави работи. Зарем има нормален човек кој може да поверува дека Зоран Заев може да биде против СДСМ? Повеќе од 9 години сум бил претседател на СДСМ и повеќе од 7 години потпретседател на СДСМ. Со мене на чело два пати ја донесовме СДСМ на власт. Нема потреба да потсетувам што се сум поминал јас и моето семејство, како и многу други истомисленици од „раката“ на ВМРО-ДПМНЕ последните 25 години. Доволно е 27-ми април 2017-та само да го споменам. Човек што може да истреска такви забегани и налудничави работи во само едно интервју не е достоен ниту да биде тужен од мене. Тој човек другите го знаат веќе каков е, ама добро и сам себе да се погледне и да заклучи дали треба или не треба да се занимава се уште со политика. Ако замина и повторно се врати во политика за да зборува вакви небулози, подобро за него ќе беше да не се враќа никогаш повеќе во политика.Кога го читав тоа што го изјавил за мене, си помислив дај Боже да не е човекот ваков од пресилните удари од вмровците инструирани и организирани од Груевски на 27-ми април 2017-та година. И после 3 години како сум заминат од политика, моето име и името на моето семејство вмровците го напаѓаат повеќе отколку на двајцата претседатели на СДСМ што се после мене, реагира Заев.

The post Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите велат дека Заев и Филипче ја оставија Македонија да тоне https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-faktite-velat-deka-zaev-i-filipche-ja-ostavija-makedonija-da-tone/ Wed, 02 Oct 2024 07:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=821564

Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало?

Реалноста која ни ја остави владата на СДС е корупција и криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга“, се вели во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Што правеа додека беа на власт Венко Филипче и Зоран Заев?

Додека Филипче и Заев беа на функции во централа власт ги интересираше само како да ги наполнат сопствените џебови.

Нивните браќа пак подеднакво ги искористија функциите. Никола Филипче и Вице Заев заедно работеле како да се усвои енергетскиот пазар. Соларна централа на атрактивна локација од 23.000 метри квадратни на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција е направена рекордно брзо, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се во централна власт во Македонија.

Дополнително, во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Венко Филипче. Место каде претходно се регистрирани фирми на фамилијата Заев.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Фактите велат дека Заев и Филипче ја оставија Македонија да тоне appeared first on Република.

]]>

Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Реалноста која ни ја остави владата на СДС е корупција и криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга“, се вели во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Што правеа додека беа на власт Венко Филипче и Зоран Заев? Додека Филипче и Заев беа на функции во централа власт ги интересираше само како да ги наполнат сопствените џебови. Нивните браќа пак подеднакво ги искористија функциите. Никола Филипче и Вице Заев заедно работеле како да се усвои енергетскиот пазар. Соларна централа на атрактивна локација од 23.000 метри квадратни на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција е направена рекордно брзо, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се во централна власт во Македонија. Дополнително, во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Венко Филипче. Место каде претходно се регистрирани фирми на фамилијата Заев. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Фактите велат дека Заев и Филипче ја оставија Македонија да тоне appeared first on Република.

]]>
Туфегџиќ: Бомбите за „Монструм“ ги убија семејствата на жртвите, а немаа никаква поврзаност со случајот! https://republika.mk/vesti/makedonija/tufegdhik-bombite-za-monstrum-gi-ubija-semejstvata-na-zhrtvite-a-nemaa-nikakva-povrzanost-so-sluchajot/ Sun, 29 Sep 2024 17:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=820795

Aдвокатот Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истражната постапка за масакрот кај Смилковското Eзеро, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање, рече тој.

Туфегџиќ нагласи дека со тие разговори се направил нов злочин, овојпат врз семејствата на загинатите. Сега беа убиени семејствата, нагласи тој.

Тие разговори беа најавувани бомбастично, дека наводно во целиот случај се инволвирани државни функционери. Да, разговори од функционери имало, но тие разговори немаат апсолутно никаква поврзаност немаат со настанот. Тоа се разговори од тогашни функционери кои изразуваат загриженост и бараат одговори што точну се склучило, потенцираше Туфегџиќ.

Слушнете за овој случај од 1 час 57 минута:

https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=76FU49v4zZPQ4_rE

The post Туфегџиќ: Бомбите за „Монструм“ ги убија семејствата на жртвите, а немаа никаква поврзаност со случајот! appeared first on Република.

]]>

Aдвокатот Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истражната постапка за масакрот кај Смилковското Eзеро, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање, рече тој.
Туфегџиќ нагласи дека со тие разговори се направил нов злочин, овојпат врз семејствата на загинатите. Сега беа убиени семејствата, нагласи тој.
Тие разговори беа најавувани бомбастично, дека наводно во целиот случај се инволвирани државни функционери. Да, разговори од функционери имало, но тие разговори немаат апсолутно никаква поврзаност немаат со настанот. Тоа се разговори од тогашни функционери кои изразуваат загриженост и бараат одговори што точну се склучило, потенцираше Туфегџиќ.
Слушнете за овој случај од 1 час 57 минута: https://www.youtube.com/live/bLCIpcqjXyQ?si=76FU49v4zZPQ4_rE

The post Туфегџиќ: Бомбите за „Монструм“ ги убија семејствата на жртвите, а немаа никаква поврзаност со случајот! appeared first on Република.

]]>
Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио https://republika.mk/vesti/miteva-filipche-zaev-i-kovachevski-svesno-ja-vturnaa-makedonija-vo-tsrno-stsenario/ Fri, 27 Sep 2024 11:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=820235

Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација, рече на денешната прес-конференција пратеничката Марија Митева.

Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани. Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција. Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори. Што велеше Филипче – Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ. Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета. Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност. Почитувани, за ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници, истакна Митева.

ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата, додава Митева.

The post Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио appeared first on Република.

]]>

Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација, рече на денешната прес-конференција пратеничката Марија Митева.
Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани. Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција. Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори. Што велеше Филипче – Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ. Во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција. Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета. Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да го видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност. Почитувани, за ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници, истакна Митева. ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата, додава Митева.

The post Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио appeared first on Република.

]]>
Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана https://republika.mk/vesti/makedonija/brakata-na-filipche-i-zaev-preku-brza-shema-stanuvaat-sopstvenitsi-na-fos-imeras-solarna-elektrana/ Fri, 06 Sep 2024 11:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=813811

Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија.Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис, обвини Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.

Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција.

Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=NhJYnWciKVg

За да видиме како се брзало да се изгради соларната централа додека е СДС на власт, ќе се потсетиме на наводите кои ги изнесе ИРЛ во нивно големо истражување. Имено според податоците кои ги објавија прв сопственик на земјиштето била фирмата „Панама резорт“ од Скопје. Таа во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првичната намена била да се изгради винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, оваа фирма да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче.

Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.

Бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно.Вице Заев и Никола Филипче летале низ процедурите,потсеттува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење. Иако праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.

Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата „Тотал инженеринг“ на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија „Фос имерас“, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена.

Ова е пример како СДС владееше, додека народот чекаше ред пред шалтер, браќата на Филипче и Заев летаа низ процедурите за изградба на соларна централа, бизнис од четврт милион евра годишно.

The post Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана appeared first on Република.

]]>

Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија.Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис, обвини Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.
Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција. Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=NhJYnWciKVg
За да видиме како се брзало да се изгради соларната централа додека е СДС на власт, ќе се потсетиме на наводите кои ги изнесе ИРЛ во нивно големо истражување. Имено според податоците кои ги објавија прв сопственик на земјиштето била фирмата „Панама резорт“ од Скопје. Таа во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првичната намена била да се изгради винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, оваа фирма да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче.
Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.
Бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно.Вице Заев и Никола Филипче летале низ процедурите,потсеттува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење. Иако праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.
Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата „Тотал инженеринг“ на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија „Фос имерас“, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена.
Ова е пример како СДС владееше, додека народот чекаше ред пред шалтер, браќата на Филипче и Заев летаа низ процедурите за изградба на соларна централа, бизнис од четврт милион евра годишно.  

The post Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас – Соларна електрана appeared first on Република.

]]>
Зоране Заев! Не смееше да отвориш врата што не можеш да ја затвориш https://republika.mk/kolumni/zorane-zaev-ne-smeeshe-da-otvorish-vrata-shto-ne-mozhesh-da-ja-zatvorish/ Fri, 30 Aug 2024 09:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=811473

Ламбе Арнаудов

Зоране! Разликата помеѓу политичари дипломати, аматери и професионалци, е во тоа што аматерите брзаат, а професионалците победуваат.

Чудно но вистинито, поговорката се совпаѓа со твоето презиме, во која се вели:
„Во трка помеѓу зајак и коњ секогаш победува коњот“ што ќе рече, истрајноста, издржливоста и жилавоста се квалитети што водат во сигурна победа над брзината, брзоплетоста и самобендисаноста.

Несмасно, надвор од законите и Уставот на Република Македонија, со крајно игнорантски однос кон желбите и волјата на македонскиот народ, ширум ја отвори вратата на срамот, предавствата и понижувањето, а не знаеше како да ја затвориш.

Ширум отворената врата предизвика провев (промаја) што оддува сé што е македонско, ги растури пердувите на злото што се разлетаа на сите страни и сега генерации и генерации ќе треба да ги собираат.

Гледам, не ти доаѓа умот. Повторно ги вмеша своите извалкани раце, влечејќи ги конците на марионетските кукли одбрани од тебе и според твоите изопачени критериуми и начела во кои доминираат незнаење, простотилак, омраза кон сопствениот народ и држава каде отсуството на патриотизам го заменувате со вазалност и можеби најсрамното во тебе и твоите, спремноста слободата, идентитетот и опстанокот на еден древен народ и држава да го трампите за пари.

Оската на злото, предводена од тебе и неколкумина други грешни, од петни жили се трудите, да ја окупирате јавноста, залудно, со невешта замена на тези, што новата апсолутно про-македонска Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, максимално успешно воспоставува рамнотежа, без бранувања кон мирна пловидба на бродот на кој моторот работи беспрекорно, трупот е цврст не’рѓосувачки и непотоплив, посадата која го опслужува е вешта и спремна, а капетанот е неповторлив.

Сега доаѓа главното прашање: Зошто се обидувате?

Кристално е јасно. Вие сте робови на антибожја, ѓаволска доктрина што го поматува вашиот разум, со вас раководат демоните уништувачи на сé добро.

Да се приклучиш на малобројна секта што сака да уништи сé што со илјади години генерации граделе и го подарувале на сиот благороден свет, во замена за лични погодности, привилегии и лагодности, е комплетно замрачување на свеста, само предизвикана кома од која не можат да ве разбудат ни највештите анестезиолози, ниту пак најсилните електрошокови.
Малку сте, безначајни и безопасни, но сте полни со омраза кон сé што е добро и убаво и сé правите да го попречувате прогресивното.
За тоа имаме лек, ние народот. Ќе ве изолираме, ќе ве ставиме во карантин што сами си го избравте бесцелно трудејќи се да го инфицирате сопствениот народ, да му служите на натемагу место на Господ.

Господ, го создал човекот како најголемо совршенство и го обдарил со брилијантни психофизички атрибути што галопираат кон мирен, спокоен, долговечен живот полн со креативност да го достигне недостижното.

Света должност на секој човек од благодарност кон Создателот и самиот тој да направи нешто добро, нешто убаво што ќе го прослави, а не посрамоти.

Нанесовте многу лузни на лицето на МАКЕДОНЕЦОТ, нема да ги шминкаме или естетски отстрануваме.

Нека стојат, да сведочат за да не се заборави, кој, колкав и на кое место нанесол белег на својот брат, татко, мајка, син, ќерка, другар, роднина, семејство, народ, држава.

Нека стојат и опоменуваат.

Најважно е да се знае од кого се нанесени.

МАКЕДОНЕЦОТ не може без лузни, нема да личи на себе, и што е најважно нема да биде толку убав, препознатлив, привлечен и посакуван.

Лузните ни личат.

Со нив на нашите лица, сите ни се восхитуваат и поклонуваат до земја. Тие се нашиот печат, нашиот крст, нашето патешествие низ напатеноста, гордоста, исправеноста, предавствата, срам, ама и нашиот сигурен од кон конечна победа што си ја заслужуваме за себе и за другите.

The post Зоране Заев! Не смееше да отвориш врата што не можеш да ја затвориш appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Зоране! Разликата помеѓу политичари дипломати, аматери и професионалци, е во тоа што аматерите брзаат, а професионалците победуваат. Чудно но вистинито, поговорката се совпаѓа со твоето презиме, во која се вели: „Во трка помеѓу зајак и коњ секогаш победува коњот“ што ќе рече, истрајноста, издржливоста и жилавоста се квалитети што водат во сигурна победа над брзината, брзоплетоста и самобендисаноста. Несмасно, надвор од законите и Уставот на Република Македонија, со крајно игнорантски однос кон желбите и волјата на македонскиот народ, ширум ја отвори вратата на срамот, предавствата и понижувањето, а не знаеше како да ја затвориш. Ширум отворената врата предизвика провев (промаја) што оддува сé што е македонско, ги растури пердувите на злото што се разлетаа на сите страни и сега генерации и генерации ќе треба да ги собираат. Гледам, не ти доаѓа умот. Повторно ги вмеша своите извалкани раце, влечејќи ги конците на марионетските кукли одбрани од тебе и според твоите изопачени критериуми и начела во кои доминираат незнаење, простотилак, омраза кон сопствениот народ и држава каде отсуството на патриотизам го заменувате со вазалност и можеби најсрамното во тебе и твоите, спремноста слободата, идентитетот и опстанокот на еден древен народ и држава да го трампите за пари. Оската на злото, предводена од тебе и неколкумина други грешни, од петни жили се трудите, да ја окупирате јавноста, залудно, со невешта замена на тези, што новата апсолутно про-македонска Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски, максимално успешно воспоставува рамнотежа, без бранувања кон мирна пловидба на бродот на кој моторот работи беспрекорно, трупот е цврст не’рѓосувачки и непотоплив, посадата која го опслужува е вешта и спремна, а капетанот е неповторлив. Сега доаѓа главното прашање: Зошто се обидувате? Кристално е јасно. Вие сте робови на антибожја, ѓаволска доктрина што го поматува вашиот разум, со вас раководат демоните уништувачи на сé добро. Да се приклучиш на малобројна секта што сака да уништи сé што со илјади години генерации граделе и го подарувале на сиот благороден свет, во замена за лични погодности, привилегии и лагодности, е комплетно замрачување на свеста, само предизвикана кома од која не можат да ве разбудат ни највештите анестезиолози, ниту пак најсилните електрошокови. Малку сте, безначајни и безопасни, но сте полни со омраза кон сé што е добро и убаво и сé правите да го попречувате прогресивното. За тоа имаме лек, ние народот. Ќе ве изолираме, ќе ве ставиме во карантин што сами си го избравте бесцелно трудејќи се да го инфицирате сопствениот народ, да му служите на натемагу место на Господ. Господ, го создал човекот како најголемо совршенство и го обдарил со брилијантни психофизички атрибути што галопираат кон мирен, спокоен, долговечен живот полн со креативност да го достигне недостижното. Света должност на секој човек од благодарност кон Создателот и самиот тој да направи нешто добро, нешто убаво што ќе го прослави, а не посрамоти. Нанесовте многу лузни на лицето на МАКЕДОНЕЦОТ, нема да ги шминкаме или естетски отстрануваме. Нека стојат, да сведочат за да не се заборави, кој, колкав и на кое место нанесол белег на својот брат, татко, мајка, син, ќерка, другар, роднина, семејство, народ, држава. Нека стојат и опоменуваат. Најважно е да се знае од кого се нанесени. МАКЕДОНЕЦОТ не може без лузни, нема да личи на себе, и што е најважно нема да биде толку убав, препознатлив, привлечен и посакуван. Лузните ни личат. Со нив на нашите лица, сите ни се восхитуваат и поклонуваат до земја. Тие се нашиот печат, нашиот крст, нашето патешествие низ напатеноста, гордоста, исправеноста, предавствата, срам, ама и нашиот сигурен од кон конечна победа што си ја заслужуваме за себе и за другите.

The post Зоране Заев! Не смееше да отвориш врата што не можеш да ја затвориш appeared first on Република.

]]>
Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-ekipata-na-zaev-obvineta-za-shpionazha/ Wed, 24 Jul 2024 10:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=799796

Српската полицијата и Вишото јавно обвинителство во Ваљево ја продолжија акцијата за разбивање на шпионската мрежа што ја обезбедуваше фирмата „АТС Груп“ - Скопје, чијшто формален сопственик Шефќет Демировски достави строго доверлива документација за специјални прашоци, минофрлачи и артилериска муниција од наменската индустрија.
При претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушико“, како и Д.Л и М.О., инженери со скратено работно време, сите тројца од Ваљево, украдени документи со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, се пронајдени, одземени се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погогни во Скопје и Катар.

 На тројцата инженери од Крушик од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од  Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево, јави дописникот на МИА од Белград.

Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и деловно-техничка документација од „Крушик“ и истите ги доставувале на фирма од  Македонија, на штета на „безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и за слабеење на моќта на Србија“.

Еден од тројцата осомничени се бранел со молчење.

Во понеделникот во заедничка акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/

Вчера за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека  Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот.

-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.

Според „Новости“, при претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушик“, како и Д.Л и М.О., хонорарано ангажирани инженери, сите тројца од Ваљево, пронајдена е украдена документација со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, запленети се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени се докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погони во Скопје и Катар, која официјално ги снабдува турските и катарските вооружени сили со муниција од мал калибар и опрема за балистичка заштита.

Соред пензионираниот генерал-мајор Милорад Ступар, основач и прв командант на 72-та специјална бригада на Војската на Србија, „шпионската група била заинтересирана за кражба на технологии не само за производство на минофрлачки проектили од 60 до 120 милиметри, туку и за артилериска муниција од 155 милиметри и за ракети, затоа што за овие средства има голема побарувачка во светот во кој моментално се водат околу 50 војни, а пазарните цени се и до десет пати повисоки од фабричките, поради што профитот е огромен“

Извор: Novosti

The post Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа appeared first on Република.

]]>

Српската полицијата и Вишото јавно обвинителство во Ваљево ја продолжија акцијата за разбивање на шпионската мрежа што ја обезбедуваше фирмата „АТС Груп“ - Скопје, чијшто формален сопственик Шефќет Демировски достави строго доверлива документација за специјални прашоци, минофрлачи и артилериска муниција од наменската индустрија.
При претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушико“, како и Д.Л и М.О., инженери со скратено работно време, сите тројца од Ваљево, украдени документи со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, се пронајдени, одземени се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погогни во Скопје и Катар.
 На тројцата инженери од Крушик од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од  Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево, јави дописникот на МИА од Белград. Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961), се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и деловно-техничка документација од „Крушик“ и истите ги доставувале на фирма од  Македонија, на штета на „безбедносните, одбранбените, воените и други интереси, како и за слабеење на моќта на Србија“. Еден од тројцата осомничени се бранел со молчење. Во понеделникот во заедничка акција на Безбедносно информативната агенција (БИА), Воено-бебедоносната агенција (ВБА), МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски. https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/ Вчера за оваа шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека  Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот.
-Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа ишло и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е проточен бојлер, точно е еден од тие лица, но е проточен бојлер на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.
Според „Новости“, при претрес на Д.М., поранешен инженер на „Крушик“, како и Д.Л и М.О., хонорарано ангажирани инженери, сите тројца од Ваљево, пронајдена е украдена документација со ознака: „Одбрана - службена тајна - доверливо“, договори за соработка со фирмата на Демировски, запленети се десетици илјади евра и други девизи во готовина, пронајдени се докази за перење пари со инвестирање во градежништво, бројни компјутери, мобилни телефони, флеш драјвови и документација која укажува на шпионажа за македонска компанија која има погони во Скопје и Катар, која официјално ги снабдува турските и катарските вооружени сили со муниција од мал калибар и опрема за балистичка заштита. Соред пензионираниот генерал-мајор Милорад Ступар, основач и прв командант на 72-та специјална бригада на Војската на Србија, „шпионската група била заинтересирана за кражба на технологии не само за производство на минофрлачки проектили од 60 до 120 милиметри, туку и за артилериска муниција од 155 милиметри и за ракети, затоа што за овие средства има голема побарувачка во светот во кој моментално се водат околу 50 војни, а пазарните цени се и до десет пати повисоки од фабричките, поради што профитот е огромен“ Извор: Novosti

The post Падна екипата на Заев обвинета за шпионажа appeared first on Република.

]]>
Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/drugar-na-zaev-osomnichen-za-shpionazha-dobil-diplomatski-pasosh/ Tue, 23 Jul 2024 11:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=799502

Шефкет Демировски од фирмата  „АТС груп“ за прозиводство на муниција пред неколку години добил дипломатски пасош, пишува „МКД.мк“.

Ова лице стана повторно актуелно откако вчера во Србија беа тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради сомневање дека сториле кривично дело шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија.

Тројцата српски инженери вчера биле приведени затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

Демировски во Македонија е познат како сопственик на „АТС груп“, компанија која произведува муниција и воена опрема.

Бизнисменот подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката и еден пензиониран инженер. „Вечерње новости“ тогаш објави дека Демировски,  кој прибирал документација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм.

Демировски е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше главен гостин на отворањето на фабриката во скопско Визбегово.

https://www.youtube.com/watch?v=nEpqvEpC3l0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

https://www.youtube.com/watch?v=7MzwyQ2KS40&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>

Шефкет Демировски од фирмата  „АТС груп“ за прозиводство на муниција пред неколку години добил дипломатски пасош, пишува „МКД.мк“. Ова лице стана повторно актуелно откако вчера во Србија беа тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради сомневање дека сториле кривично дело шпионажа во корист на компанијата „АТС груп“ од Македонија. Тројцата српски инженери вчера биле приведени затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски. Демировски во Македонија е познат како сопственик на „АТС груп“, компанија која произведува муниција и воена опрема. Бизнисменот подготвил 30.000 евра за поткуп на тројца вработени од фабриката и еден пензиониран инженер. „Вечерње новости“ тогаш објави дека Демировски,  кој прибирал документација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм. Демировски е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше главен гостин на отворањето на фабриката во скопско Визбегово. https://www.youtube.com/watch?v=nEpqvEpC3l0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE https://www.youtube.com/watch?v=7MzwyQ2KS40&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE  

The post Другар на Заев, осомничен за шпионажа добил дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>
Да не беше Заев, Филипче немаше да победи https://republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-beshe-zaev-filipche-nemashe-da-pobedi/ Mon, 15 Jul 2024 14:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=797117

Во последната епизода на емисијата „На кавга со Иван“, еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, упати сериозни критики кон новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Деспотовски истакна дека Филипче не успева да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според него, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата.

https://youtube.com/shorts/s6QxHi_rLUk?si=IGob2YyV0Fo1-_Z7

Поделби во СДСМ

Според експертите, СДСМ е поделена на групи на интерес кои се фокусирани на лични борби за моќ и превласт, наместо на потребите на народот. Овие групи, вклучувајќи ја и онаа што го контролира Филипче, се обвинети за зачувување на сопствените интереси, што дополнително ја комплицира ситуацијата во партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/konfliktot-vo-sdsm-eskalirashe-karanitsi-i-nevredi-na-site-strani/

Јавни реакции

Критиките на Деспотовски предизвикаа бурни реакции во јавноста откако многу граѓани ја изразија својата загриженост за иднината на партијата. Политичките аналитичари велат дека ваквите поделби можат да доведат до сериозни последици за СДСМ, особено во поглед на престојните избори и довербата на гласачите.

Оваа ситуација ја отвори вратата за дебати околу потребата од ново лидерство и стратегија во партијата, кое ќе успее да ги обедини сите членови и да се справи со тековните предизвици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-preku-slika-ja-opisha-loshata-sostjba-vo-sdsm/

The post Да не беше Заев, Филипче немаше да победи appeared first on Република.

]]>

Во последната епизода на емисијата „На кавга со Иван“, еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, упати сериозни критики кон новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Деспотовски истакна дека Филипче не успева да го обедини партиското членство и да ја врати довербата на гласачите. Според него, Филипче покажува недостаток на визија и неспособност за справување со предизвиците што ја очекуваат партијата. https://youtube.com/shorts/s6QxHi_rLUk?si=IGob2YyV0Fo1-_Z7

Поделби во СДСМ

Според експертите, СДСМ е поделена на групи на интерес кои се фокусирани на лични борби за моќ и превласт, наместо на потребите на народот. Овие групи, вклучувајќи ја и онаа што го контролира Филипче, се обвинети за зачувување на сопствените интереси, што дополнително ја комплицира ситуацијата во партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/konfliktot-vo-sdsm-eskalirashe-karanitsi-i-nevredi-na-site-strani/

Јавни реакции

Критиките на Деспотовски предизвикаа бурни реакции во јавноста откако многу граѓани ја изразија својата загриженост за иднината на партијата. Политичките аналитичари велат дека ваквите поделби можат да доведат до сериозни последици за СДСМ, особено во поглед на престојните избори и довербата на гласачите. Оваа ситуација ја отвори вратата за дебати околу потребата од ново лидерство и стратегија во партијата, кое ќе успее да ги обедини сите членови и да се справи со тековните предизвици. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-preku-slika-ja-opisha-loshata-sostjba-vo-sdsm/

The post Да не беше Заев, Филипче немаше да победи appeared first on Република.

]]>
Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ochigledna-e-razlikata-od-prisustvoto-na-nato-samitite-vo-vremeto-na-zaev-i-sega-so-mitskoski/ Thu, 11 Jul 2024 07:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=795668

Посветеноста на владините делегации на светските форуми играат клучна улога во градењето на репутацијата на една држава. Очигледната разлика во работењето на македонските влади на двата НАТО самити - оној во Брисел во 2021 година со СДСМ и оној во Вашингтон во 2024 година со ВМРО-ДПМНЕ - е јасен показател за трансформацијата која ја доживува Македонија. Во 2021 година, македонската делегација предводена од тогашниот премиер Зоран Заев беше присутна на НАТО самитот во Брисел.

За време на оваа посета која траеше осум дена, владината делегација имаше само две активности за кои испрати соопштенија до медиумите. Ограничениот број на активности и недостигот на значајни средби ја отсликуваат пасивноста и недостатокот на енергичност на тогашната влада.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-vechera-vo-belata-kuka-regionot-namesto-so-minato-potrebno-e-da-se-zanimava-i-gradi-idnina/

Експертите често го критикуваа ваквиот пристап, укажувајќи дека Македонија пропушти многу можности за зајакнување на својата меѓународна позиција и економски развој. Спротивно на тоа, новата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на историскиот НАТО самит во Вашингтон во 2024 година демонстрираше ново ниво на проактивност и енергичност.

Самитот во Вашингтон беше обележан со постојана активност на делегацијата, која на секои неколку часа имаше важни државнички активности. Мицкоски и неговиот тим се сретнаа со десетици конгресмени, сенатори и влијателни личности од американската администрација.

Премиерот Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џонс Хопкинс, најави нова американска инвестиција во Македонија и оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

Експертите се едногласни дека оваа разлика во пристапот и посветеноста е повеќе од очигледна. Според една објава на социјалните мрежи на политички аналитичар се истакнува, мешу другото и следново:

„Активностите на владата на Мицкоски во Вашингтон покажуваат дека Македонија конечно се буди од долгогодишната заспаност. Новата ера на енергичност и проактивност на ВМРО-ДПМНЕ е јасен сигнал дека Македонија е подготвена да ја зајакне својата позиција на политичката, економската и безбедносната сцена“.

Во прилог на ова, во објава на социјалната мрежа Икс се додава и дека „новата американска инвестиција во Македонија е директен резултат на проактивниот пристап на владата на Мицкоски.

Ова е само почеток на серија позитивни економски промени кои ќе следуваат како резултат на зголемената посветеност и работа на владата.“ Разликата во работењето на двете влади е повеќе од очигледна. Владата на Зоран Заев повеќе од 7 години се карактеризираше со пасивност, додека новата влада на Христијан Мицкоски очигледно демонстрира силна проактивност и динамичност.

Оваа нова ера да се надеваме дека ќе донесе нова надеж за позитивни резултати на политички, економски и безбедносен план за Македонија.

The post Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Посветеноста на владините делегации на светските форуми играат клучна улога во градењето на репутацијата на една држава. Очигледната разлика во работењето на македонските влади на двата НАТО самити - оној во Брисел во 2021 година со СДСМ и оној во Вашингтон во 2024 година со ВМРО-ДПМНЕ - е јасен показател за трансформацијата која ја доживува Македонија. Во 2021 година, македонската делегација предводена од тогашниот премиер Зоран Заев беше присутна на НАТО самитот во Брисел. За време на оваа посета која траеше осум дена, владината делегација имаше само две активности за кои испрати соопштенија до медиумите. Ограничениот број на активности и недостигот на значајни средби ја отсликуваат пасивноста и недостатокот на енергичност на тогашната влада. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-vechera-vo-belata-kuka-regionot-namesto-so-minato-potrebno-e-da-se-zanimava-i-gradi-idnina/ Експертите често го критикуваа ваквиот пристап, укажувајќи дека Македонија пропушти многу можности за зајакнување на својата меѓународна позиција и економски развој. Спротивно на тоа, новата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на историскиот НАТО самит во Вашингтон во 2024 година демонстрираше ново ниво на проактивност и енергичност. Самитот во Вашингтон беше обележан со постојана активност на делегацијата, која на секои неколку часа имаше важни државнички активности. Мицкоски и неговиот тим се сретнаа со десетици конгресмени, сенатори и влијателни личности од американската администрација. Премиерот Мицкоски одржа предавање на престижниот Универзитет Џонс Хопкинс, најави нова американска инвестиција во Македонија и оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Експертите се едногласни дека оваа разлика во пристапот и посветеноста е повеќе од очигледна. Според една објава на социјалните мрежи на политички аналитичар се истакнува, мешу другото и следново:
„Активностите на владата на Мицкоски во Вашингтон покажуваат дека Македонија конечно се буди од долгогодишната заспаност. Новата ера на енергичност и проактивност на ВМРО-ДПМНЕ е јасен сигнал дека Македонија е подготвена да ја зајакне својата позиција на политичката, економската и безбедносната сцена“.
Во прилог на ова, во објава на социјалната мрежа Икс се додава и дека „новата американска инвестиција во Македонија е директен резултат на проактивниот пристап на владата на Мицкоски. Ова е само почеток на серија позитивни економски промени кои ќе следуваат како резултат на зголемената посветеност и работа на владата.“ Разликата во работењето на двете влади е повеќе од очигледна. Владата на Зоран Заев повеќе од 7 години се карактеризираше со пасивност, додека новата влада на Христијан Мицкоски очигледно демонстрира силна проактивност и динамичност.
Оваа нова ера да се надеваме дека ќе донесе нова надеж за позитивни резултати на политички, економски и безбедносен план за Македонија.

The post Очигледна е разликата од присуството на НАТО самитите во времето на Заев и сега со Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, во Ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-filipche-brat-po-kriminal-na-zaev-vo-kovid-krizata-pregovarashe-vaktsini-dvojno-poskapi-od-voobichaenoto/ Fri, 05 Jul 2024 11:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=793768

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе. Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи. Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија. Каде требало да завршат овие 6 милиони евра? Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема? Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата? Филипче доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок. Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд, истакна Лефков.

Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција за да го краде народот. Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДС на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партија, додава Лефков.

The post Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, во Ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното appeared first on Република.

Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prijava-protiv-politsiski-sluzhbenik-koj-go-obezbeduval-domot-na-zaev-go-napushtil-rabotnoto-mesto-i-pukal-so-pishtol/ Tue, 02 Jul 2024 16:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=792846

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка, пренесува Скопје1.мк.

,,Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал.
Пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.”, се вели во соопштението на МВР.

The post Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол appeared first on Република.

]]>

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка, пренесува Скопје1.мк.
,,Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал. Пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.”, се вели во соопштението на МВР.

The post Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев, и самите членови и функционери на СДС не го признаваат https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-filipche-e-chuvar-na-foteljata-na-zaev-i-samite-chlenovi-i-funktsioneri-na-sds-ne-go-priznavaat/ Tue, 02 Jul 2024 09:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=792655

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, велат во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.

Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат.

Јавноста уште ги памети скандалот со набавката на вакцини, крвавиот тендер, обидите да се приватизира јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болница

Овие скандали кои чинеа не само милиони евра, туку и човечки животи се резултат на двоецот Заев – Филипче, кој сега покажа дека ја имаат киднапирано партијата за да биде нивна маша. Жалиме што СДС пропушти шанса да се справи со криминалците во своите редови, но казната порано или подоцна ќе ги стигне, како што беа казнети од страна на граѓаните на последните избори, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев, и самите членови и функционери на СДС не го признаваат appeared first on Република.

]]>

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, велат во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби. Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат. Јавноста уште ги памети скандалот со набавката на вакцини, крвавиот тендер, обидите да се приватизира јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болница
Овие скандали кои чинеа не само милиони евра, туку и човечки животи се резултат на двоецот Заев – Филипче, кој сега покажа дека ја имаат киднапирано партијата за да биде нивна маша. Жалиме што СДС пропушти шанса да се справи со криминалците во своите редови, но казната порано или подоцна ќе ги стигне, како што беа казнети од страна на граѓаните на последните избори, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев, и самите членови и функционери на СДС не го признаваат appeared first on Република.

]]>
Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев https://republika.mk/dvogled/filipche-go-zadrzha-svoeto-no-go-dodade-i-prezimeto-na-zaev/ Mon, 01 Jul 2024 12:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=792443

Новоизбраниот претседател на СДСМ Венко Филипче денес соопшти дека одлучил на своето презиме да го додаде и презимето на семејството Заеви, откако ја презеде функцијата во партијата по изборите во неделата.

На овој потег се одлучил бидејќи не сакал целосно да го избрише сопственото презиме, а истовремено сакал да оддаде почит на неговиот политички ментор и спонзор Зоран Заев и неговиот брат Вице, кој, како што вели, му претставувал можеби најголема поддршка во целиот овој процес.

Одлучив од денес да сум Венко Филипче-Заев, со што ќе се обезбеди и семеен континуитет, на некој начин, династиски, генерациски, во владеењето со СДСМ. Сите учиме на грешките од минатото, па така одлуката на Ковачевски да не го додаде презимето Заев на крај резултираше со голем пораз на СДСМ. Мојата цел е СДСМ повторно да се врати на победничките патеки, а ова е првиот и клучен чекор во таа насока, изјави пред медиумите Венко Филипче-Заев.

Од рака му оди и тоа што е директор на фондацијата „Заев“, коментираат круговите на Бихачка. За голем дел од членството овој потег е за поздравување и го гледаат како вовед во новите победи на СДСМ.

Очекувам да продолжи онаму каде што Зоран застана со политиките. Значи, фабриките на гугл, фејсбук, стазата за формула еден... сите овие проекти очекувам да се вратат во понудата на СДСМ и повторно да ја воодушевиме јавноста, гласачите и да се вратиме заедно на победничките патеки, коментира госпоѓа Лиде-Лиде, која на својата тетоважа од Венко Филипче-Заев денес ги природаде и ликовите на Зоран и Вице Заеви.

Во игра биле неколку варијанти наместо простото придодавање на презимето Заев, како на пример Венко Зоранче, Венко Вицуле или Венко Заев Вистински, но сите се согласиле дека комбинацијата Венко Филипче-Заев најдобро ја отсликува политиката која новиот претседател на СДСМ планира да ја води во иднина.

По промената на презимето се одржала мала свеченост во домот на Заеви каде домаќините го пречекале новиот член на семејството и му ги врачиле клучевите од неговата детска соба која од денес е во негово владение, се разбира, под одредени услови.

Очекуваме дисциплина и другарски однос, значи може што сака да прави во собата, но секој ден по 2-3 часа мора да учи како да се биде претседател како Заев. Морам да кажам дека е добар ученик, засега неформално сум го испрашувал неколку пати, последно кога ми кажа дека му се допаѓа мојот предлог да го направиме претседател на СДСМ, но очекувам и во иднина да го покаже сиот свој капацитет и да биде најдобрата верзија на Заев од себе, соопшти Зоран Заев.

Ако работи како што планирам, за викенди ќе може и да го вози моторот кој му го купив пред 3 години, додаде тој.

Првиот работен ден Филипче-Заев го помина во просториите на партијата во Скопје, после што е најавено негово заминување во Струмица каде на семеен ручек кој ќе го чести Вице Заев, Венко ќе раскажува со возбуда колку прекрасно си поминал и колку нови другарчиња запознал кои му соопштиле дека од прадедо до денес сите верувале дека токму тој е вистинскиот нов Заев кој ќе го собере сето шуто и рогато во партијата и на крај ќе продолжи да им е*е матер, односно да шири љубов на заевски начин, како што тоа го правеше премудриот Зоран Заев.

The post Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на СДСМ Венко Филипче денес соопшти дека одлучил на своето презиме да го додаде и презимето на семејството Заеви, откако ја презеде функцијата во партијата по изборите во неделата. На овој потег се одлучил бидејќи не сакал целосно да го избрише сопственото презиме, а истовремено сакал да оддаде почит на неговиот политички ментор и спонзор Зоран Заев и неговиот брат Вице, кој, како што вели, му претставувал можеби најголема поддршка во целиот овој процес.
Одлучив од денес да сум Венко Филипче-Заев, со што ќе се обезбеди и семеен континуитет, на некој начин, династиски, генерациски, во владеењето со СДСМ. Сите учиме на грешките од минатото, па така одлуката на Ковачевски да не го додаде презимето Заев на крај резултираше со голем пораз на СДСМ. Мојата цел е СДСМ повторно да се врати на победничките патеки, а ова е првиот и клучен чекор во таа насока, изјави пред медиумите Венко Филипче-Заев.
Од рака му оди и тоа што е директор на фондацијата „Заев“, коментираат круговите на Бихачка. За голем дел од членството овој потег е за поздравување и го гледаат како вовед во новите победи на СДСМ.
Очекувам да продолжи онаму каде што Зоран застана со политиките. Значи, фабриките на гугл, фејсбук, стазата за формула еден... сите овие проекти очекувам да се вратат во понудата на СДСМ и повторно да ја воодушевиме јавноста, гласачите и да се вратиме заедно на победничките патеки, коментира госпоѓа Лиде-Лиде, која на својата тетоважа од Венко Филипче-Заев денес ги природаде и ликовите на Зоран и Вице Заеви.
Во игра биле неколку варијанти наместо простото придодавање на презимето Заев, како на пример Венко Зоранче, Венко Вицуле или Венко Заев Вистински, но сите се согласиле дека комбинацијата Венко Филипче-Заев најдобро ја отсликува политиката која новиот претседател на СДСМ планира да ја води во иднина. По промената на презимето се одржала мала свеченост во домот на Заеви каде домаќините го пречекале новиот член на семејството и му ги врачиле клучевите од неговата детска соба која од денес е во негово владение, се разбира, под одредени услови.

Очекуваме дисциплина и другарски однос, значи може што сака да прави во собата, но секој ден по 2-3 часа мора да учи како да се биде претседател како Заев. Морам да кажам дека е добар ученик, засега неформално сум го испрашувал неколку пати, последно кога ми кажа дека му се допаѓа мојот предлог да го направиме претседател на СДСМ, но очекувам и во иднина да го покаже сиот свој капацитет и да биде најдобрата верзија на Заев од себе, соопшти Зоран Заев.

Ако работи како што планирам, за викенди ќе може и да го вози моторот кој му го купив пред 3 години, додаде тој.

Првиот работен ден Филипче-Заев го помина во просториите на партијата во Скопје, после што е најавено негово заминување во Струмица каде на семеен ручек кој ќе го чести Вице Заев, Венко ќе раскажува со возбуда колку прекрасно си поминал и колку нови другарчиња запознал кои му соопштиле дека од прадедо до денес сите верувале дека токму тој е вистинскиот нов Заев кој ќе го собере сето шуто и рогато во партијата и на крај ќе продолжи да им е*е матер, односно да шири љубов на заевски начин, како што тоа го правеше премудриот Зоран Заев.

The post Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев appeared first on Република.

]]>
Петровска: Мешањето на Заев во изборите ќе доведе до нови поделби во СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-meshaneto-na-zaev-vo-izborite-ke-dovede-do-novi-podelbi-vo-sdsm/ Thu, 27 Jun 2024 08:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=791181

Во интервју за Канал 5 кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска на прашањето дали поранешниот претседател Зоран Заев застанал зад кандидатот Венко Филипче и дали таквата поддршка му дава предност на Филипче, Петровска оцени дека тоа може да придонесе за дополнителни поделби внатре во партијата.

Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството, рече Петровска.

Петровска порача дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

The post Петровска: Мешањето на Заев во изборите ќе доведе до нови поделби во СДСМ appeared first on Република.