Зоран Милевски – Кичеец Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-milevski-kicheec/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 13:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Милевски – Кичеец Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-milevski-kicheec/ 32 32 Надлежните треба да го гонат Кичеец за лажно пријавување, смета адвокатот Туфегџиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/nadlezhnite-treba-da-go-gonat-kicheets-za-lazhno-prijavuvane-smeta-advokatot-tufegdhik/ Tue, 07 May 2024 11:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=774986

Бојан Јовановски – Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување. Како што информираше по денешниот информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода, пријавувачот е Зоран Милевски-Кичеец, а целта е да му врши притисок.

Јовановски вели дека Кичеец е човек кој се огрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана. Како што рече „ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда“.

Не сум го пријавил јас Зоран Милески на мојот фејсбук профил за да бидам пријавен дека лажно сум пријавил кривично дело. Напротив, Зоран Милески Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела кои ги сторил истиот за кои јас имам индиции - докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет пред јавен обвинител во друга постапка и не во оваа форма, а ова го сметам за директен притисок поради тоа што тоа се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју каде што и пријавителот во случајот Зоран Милески Кичеец беше еден од лицата за коишто зборував, рече Јовановски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-kradetsot-veli-drzhete-go-kradetsot-veli-boki-za-kicheets-koj-go-prijavil-za-zagrozuvane-na-bezbednosta/

Според адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ, наводите на Кичеец се неосновани, а за лажното пријавување очекува одговорност.

Ги отфрламе сите наводи, бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесуирање. Потпишавме записник и воедно можам да кажам дека самиот настан е од таков тип што фактички сметам дека надлежните треба да преземат мерки и активности во насока на водење на постапка за лажно пријавување спрема пријавителот, бидејќи тој што знае дека некој не сторил кривично дело, а пријавил, исто така подлежи на кривична одговорност, рече Туфегџиќ.

Пријавата се однесува на фејсбук статус на Јовановски во кој наведува дека лица блиски до Кичеец веќе неколку дена му се закануваат и вршат притисок со цел да го откаже второто гостување во подкастот кај Стефан Лазаров.

Зоран Милески Кичеец и Бојан Јовановски беа обвинети за случајот „Рекет“, во кој обвинета беше и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Јовановски и Јанева беа прогласени за виновни во случајот при што Јовановски доби казна затвор од девет години за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева седум години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во издвоена постапка Зоран Милевски–Кичеец призна вина за примање награда за противзаконито влијание и му беше изречена казна затвор од три години.

The post Надлежните треба да го гонат Кичеец за лажно пријавување, смета адвокатот Туфегџиќ appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски – Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување. Како што информираше по денешниот информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода, пријавувачот е Зоран Милевски-Кичеец, а целта е да му врши притисок. Јовановски вели дека Кичеец е човек кој се огрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана. Како што рече „ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда“.
Не сум го пријавил јас Зоран Милески на мојот фејсбук профил за да бидам пријавен дека лажно сум пријавил кривично дело. Напротив, Зоран Милески Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела кои ги сторил истиот за кои јас имам индиции - докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет пред јавен обвинител во друга постапка и не во оваа форма, а ова го сметам за директен притисок поради тоа што тоа се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју каде што и пријавителот во случајот Зоран Милески Кичеец беше еден од лицата за коишто зборував, рече Јовановски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-kradetsot-veli-drzhete-go-kradetsot-veli-boki-za-kicheets-koj-go-prijavil-za-zagrozuvane-na-bezbednosta/ Според адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ, наводите на Кичеец се неосновани, а за лажното пријавување очекува одговорност.
Ги отфрламе сите наводи, бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесуирање. Потпишавме записник и воедно можам да кажам дека самиот настан е од таков тип што фактички сметам дека надлежните треба да преземат мерки и активности во насока на водење на постапка за лажно пријавување спрема пријавителот, бидејќи тој што знае дека некој не сторил кривично дело, а пријавил, исто така подлежи на кривична одговорност, рече Туфегџиќ.
Пријавата се однесува на фејсбук статус на Јовановски во кој наведува дека лица блиски до Кичеец веќе неколку дена му се закануваат и вршат притисок со цел да го откаже второто гостување во подкастот кај Стефан Лазаров. Зоран Милески Кичеец и Бојан Јовановски беа обвинети за случајот „Рекет“, во кој обвинета беше и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Јовановски и Јанева беа прогласени за виновни во случајот при што Јовановски доби казна затвор од девет години за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева седум години за злоупотреба на службената положба и овластување. Во издвоена постапка Зоран Милевски–Кичеец призна вина за примање награда за противзаконито влијание и му беше изречена казна затвор од три години.

The post Надлежните треба да го гонат Кичеец за лажно пријавување, смета адвокатот Туфегџиќ appeared first on Република.

]]>
„Кога крадецот вели држете го крадецот“, вели Боки за Кичеец кој го пријавил за загрозување на безбедноста https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-kradetsot-veli-drzhete-go-kradetsot-veli-boki-za-kicheets-koj-go-prijavil-za-zagrozuvane-na-bezbednosta/ Tue, 07 May 2024 10:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=774973

Бојан Јовановски – Боки 13 утринава се појави на информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода откако вчера, додека гостуваше во живо на поткастот „Лазаров“, доби телефонски повик од родителите дека полицијата го барала во нивниот дом.

Боки е пријавен од страна на Зоран Милевски-Кичеец поради статус на „Фејсбук“ во СВР Охрид, па оттаму СВР Скопје постапува по барање по повод пријава за сторени три кривични дела – загрозување на безбедноста, демнење и кривично дело лажно пријавување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/politsija-vleze-vo-domot-na-boki-dodeka-beshe-na-podkast-kaj-lazarov/

Боки-13 ги отфрлува сите наводи за понатамошно процесуирање.

Тој посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторените кривични дела за кои тој има докази.

Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога речиси цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријателот на Кичеец беше едно од лицата за кои зборував. Од авион се гледа дека тенденција е во прашање, притисок. Знаете како, човек којшто цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната – кога крадецот вели држете го крадецот. Заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошењето време на полициските службеници кои мора да ја запазат формата. Јасен ми е стравот на Зоран Милевски-Кичеец, очекуван. Човек којшто толку многу се огрешил пред законот, а не одговарал на сите грешки соодветно, човек којшто нанел многу злодела за кои не бил санкциониран навремено, очекувано е да има вакви потези како овие. Јас сум решен, ова е почеток на конечната битка и разрешница со цела криминална банда, а во таа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец, рече Боки по разговорот во полиција.

The post „Кога крадецот вели држете го крадецот“, вели Боки за Кичеец кој го пријавил за загрозување на безбедноста appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски – Боки 13 утринава се појави на информативен разговор во полициската станица во Кисела Вода откако вчера, додека гостуваше во живо на поткастот „Лазаров“, доби телефонски повик од родителите дека полицијата го барала во нивниот дом. Боки е пријавен од страна на Зоран Милевски-Кичеец поради статус на „Фејсбук“ во СВР Охрид, па оттаму СВР Скопје постапува по барање по повод пријава за сторени три кривични дела – загрозување на безбедноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. https://republika.mk/vesti/makedonija/politsija-vleze-vo-domot-na-boki-dodeka-beshe-na-podkast-kaj-lazarov/ Боки-13 ги отфрлува сите наводи за понатамошно процесуирање. Тој посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторените кривични дела за кои тој има докази.