зоран глигоров Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-gligorov/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 18:19:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зоран глигоров Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-gligorov/ 32 32 Со својот демант МВР потврди дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар на Град Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-svojot-demant-mvr-potvrdi-deka-imalo-semejno-nasilstvo-vo-domot-na-generalniot-sekretar-na-grad-skopje/ Fri, 15 Dec 2023 18:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=723434

Демантот на МВР кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги потврди сите пишувања на медиумите дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар Зоран Глигоров. МВР во својот допис кажува дека ги имаат превземено сите мерки против лицето З.Г. по пријава не неговата сопруга.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење односно, како што велат, заташкување  на пријавен случај во врска со лицето З.Г.. Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи“, соопштија од МВР.

Понатаму МВР фактички ги потврдува сите оние работи за кои се пишуваше изминатиов период. Имено во домот на Глигоров се случувала вистинска семејна драма. По пријава од неговата сопруга полицијата веднаш излегла на местото на настанот каде по превземените мерки и активности на Глигоров му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-sluchajot-so-semejno-nasilstvo-vo-domot-na-gligorov-mu-go-odzedovme-pishtolot-so-koj-se-zakanuvashe-deka-ke-se-ubie/

Вчера советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски постави прашање од градоначалничката Арсовска до кога ќе го толерира ваквото однесување на Глигоров од причина што ова не му е прв пат.

До кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со заштита негова и со тоа што не се појавува во рамки на Советот да одговори на овие прашања всушност ги брани правата на жените или пак ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема да одговори за овие прашања“, изјави Андоновски.

https://republika.mk/vesti/skopje/andonovski-barame-arsovska-itno-da-go-razreshi-generalniot-sekretar-gligorov-koj-se-najde-vo-skandal-so-semejno-nasilstvo/

Од кабинетот на Арсовска владее молк. Единствено нешто што успеа јавноста да дозна за градоначалнилката е дека таа учествува на конференција во САД по повод борбата против корупцијата.

The post Со својот демант МВР потврди дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Демантот на МВР кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги потврди сите пишувања на медиумите дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар Зоран Глигоров. МВР во својот допис кажува дека ги имаат превземено сите мерки против лицето З.Г. по пријава не неговата сопруга.
Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење односно, како што велат, заташкување  на пријавен случај во врска со лицето З.Г.. Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи“, соопштија од МВР.
Понатаму МВР фактички ги потврдува сите оние работи за кои се пишуваше изминатиов период. Имено во домот на Глигоров се случувала вистинска семејна драма. По пријава од неговата сопруга полицијата веднаш излегла на местото на настанот каде по превземените мерки и активности на Глигоров му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-sluchajot-so-semejno-nasilstvo-vo-domot-na-gligorov-mu-go-odzedovme-pishtolot-so-koj-se-zakanuvashe-deka-ke-se-ubie/   Вчера советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски постави прашање од градоначалничката Арсовска до кога ќе го толерира ваквото однесување на Глигоров од причина што ова не му е прв пат.
До кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со заштита негова и со тоа што не се појавува во рамки на Советот да одговори на овие прашања всушност ги брани правата на жените или пак ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема да одговори за овие прашања“, изјави Андоновски.
https://republika.mk/vesti/skopje/andonovski-barame-arsovska-itno-da-go-razreshi-generalniot-sekretar-gligorov-koj-se-najde-vo-skandal-so-semejno-nasilstvo/ Од кабинетот на Арсовска владее молк. Единствено нешто што успеа јавноста да дозна за градоначалнилката е дека таа учествува на конференција во САД по повод борбата против корупцијата.

The post Со својот демант МВР потврди дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
МВР за случајот со семејно насилство во домот на Глигоров: Му го одзедовме пиштолот со кој се закануваше дека ќе се убие https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-sluchajot-so-semejno-nasilstvo-vo-domot-na-gligorov-mu-go-odzedovme-pishtolot-so-koj-se-zakanuvashe-deka-ke-se-ubie/ Fri, 15 Dec 2023 12:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=723304

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за криење и заташкување на пријавен случај за семејно насилство во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста“ соопшти МВР.

The post МВР за случајот со семејно насилство во домот на Глигоров: Му го одзедовме пиштолот со кој се закануваше дека ќе се убие appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за криење и заташкување на пријавен случај за семејно насилство во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста“ соопшти МВР.

The post МВР за случајот со семејно насилство во домот на Глигоров: Му го одзедовме пиштолот со кој се закануваше дека ќе се убие appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски се обидоа да го сокријат генералниот секретар на Град Скопје, за пријавата за семејно насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-i-spasovski-se-obidoa-da-go-sokrijat-generalniot-sekretar-na-grad-skopje-za-prijavata-za-semejno-nasilstvo/ Fri, 15 Dec 2023 08:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=723137

Спасовски и Ковачевски, залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

По пријаватата од неговата сопруга, во раните утрински часови, на 17-ти декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот. Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што и кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом. На Глигоров вакви случки, не му се случуваат прв пат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. во 2007-ма година и во 2017-та година а, воедно кај Глигоров тогаш билo најденo и огнено оружје хеклер. Ова се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека, овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски, бидејќи тие заедно со Данела Арсовска, веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле приморани, да го заташкаат овој случај. Тоа нема да им помине, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски се обидоа да го сокријат генералниот секретар на Град Скопје, за пријавата за семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Спасовски и Ковачевски, залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. По пријаватата од неговата сопруга, во раните утрински часови, на 17-ти декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот. Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што и кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом. На Глигоров вакви случки, не му се случуваат прв пат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. во 2007-ма година и во 2017-та година а, воедно кај Глигоров тогаш билo најденo и огнено оружје хеклер. Ова се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека, овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски, бидејќи тие заедно со Данела Арсовска, веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле приморани, да го заташкаат овој случај. Тоа нема да им помине, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Спасовски се обидоа да го сокријат генералниот секретар на Град Скопје, за пријавата за семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Нов инцидент во домот на генсекот на Арсовска, полицијата го затекнала семејството исплашено, а од него одзеле пиштол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-intsident-vo-domot-na-gensekot-na-arsovska-politsijata-go-zateknala-semejstvoto-isplasheno-a-od-nego-odzele-pishtol/ Tue, 12 Dec 2023 13:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=722242

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, на 17 ноември годинава е пријавен за семејно насилство од неговата сопруга, дознава „Нетпрес“ од свои извори.

По пријаватата, околу 02.25 часот полициски службеници дошле во неговиот дом, каде што ги затекнале видно вознемирени и исплашени членовите на неговото семејство. При разговорот со нив, сопругата кажала дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, но исто така посочила дека тој поседува огнено оружје со кое тој се заканувал дека ќе си го одземе животот. Со физичка полициска интервенција одземен му е пиштол со две рамки. Откако, ситуацијата се смирила, Глигоров побарал да стане за да се напие вода од кујната, но искористувајќи го моментот, повторно извикал дека ќе се самоубие, велејќи „Пуштете ме да се фрлам од балконот“, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.

Со брза реакција на полициските службеници, му биле ставени лисици на рацете. Повикана е итна медицинска помош, која пристигнала околу 04.20 часот, а при прегледот е констатирано дека лицето не било растревожено и дека одбива да се упати на преглед.

Надлежни органи утврдиле дека нема елементи на кривично дело, а пиштолот е одземен за понатамошна постапка, односно поради прекршок по член 12 од Закон за оружје.

Пријавите за семејно насилство не се новина на Глигоров. Според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврeда врз Л.Г. Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. а, воедно кај Глигоров тоаш билo најденo и огнено оружје хеклер.

The post Нов инцидент во домот на генсекот на Арсовска, полицијата го затекнала семејството исплашено, а од него одзеле пиштол appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, на 17 ноември годинава е пријавен за семејно насилство од неговата сопруга, дознава „Нетпрес“ од свои извори.
По пријаватата, околу 02.25 часот полициски службеници дошле во неговиот дом, каде што ги затекнале видно вознемирени и исплашени членовите на неговото семејство. При разговорот со нив, сопругата кажала дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, но исто така посочила дека тој поседува огнено оружје со кое тој се заканувал дека ќе си го одземе животот. Со физичка полициска интервенција одземен му е пиштол со две рамки. Откако, ситуацијата се смирила, Глигоров побарал да стане за да се напие вода од кујната, но искористувајќи го моментот, повторно извикал дека ќе се самоубие, велејќи „Пуштете ме да се фрлам од балконот“, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.
Со брза реакција на полициските службеници, му биле ставени лисици на рацете. Повикана е итна медицинска помош, која пристигнала околу 04.20 часот, а при прегледот е констатирано дека лицето не било растревожено и дека одбива да се упати на преглед. Надлежни органи утврдиле дека нема елементи на кривично дело, а пиштолот е одземен за понатамошна постапка, односно поради прекршок по член 12 од Закон за оружје. Пријавите за семејно насилство не се новина на Глигоров. Според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврeда врз Л.Г. Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. а, воедно кај Глигоров тоаш билo најденo и огнено оружје хеклер.

The post Нов инцидент во домот на генсекот на Арсовска, полицијата го затекнала семејството исплашено, а од него одзеле пиштол appeared first on Република.

]]>
Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? https://republika.mk/vesti/skopje/generalniot-sekretar-na-arsovska-od-1-oktomvri-ke-bide-nov-direktor-na-vodovod/ Mon, 25 Sep 2023 11:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=684967

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, објави „Фокус“.

Глигоров можеше да се забележи во нејзина близина и кога упадна на прес-конференцијата на поранешниот директор Златко Перински во просториите на „Водовод и канализација“, сакајќи уште еднаш да го обвини дека го местел тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица.

Ако на 1 октомври Глигоров седне на директорското столче во ЈП „Водовод и канализација“, тој ќе биде четврти директор на ова претпријатие за само две години, откако актуелната градоначалничка управува со Град Скопје.

The post Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? appeared first on Република.

]]>

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, објави „Фокус“. Глигоров можеше да се забележи во нејзина близина и кога упадна на прес-конференцијата на поранешниот директор Златко Перински во просториите на „Водовод и канализација“, сакајќи уште еднаш да го обвини дека го местел тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица. Ако на 1 октомври Глигоров седне на директорското столче во ЈП „Водовод и канализација“, тој ќе биде четврти директор на ова претпријатие за само две години, откако актуелната градоначалничка управува со Град Скопје.  

The post Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе биде нов директор на Водовод? appeared first on Република.

]]>
Екс директорот на „Водовод“ пријавен в полиција за закани кон роднини на генералниот секретар на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/eks-direktorot-na-vodovod-prijaven-v-politsija-za-zakani-kon-rodnini-na-generalniot-sekretar-na-grad-skopje/ Tue, 07 Mar 2023 07:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=616678

Поранешниот директор на „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски на 25 февруари, годинава бил пријавен во полициската станица во Скопски Карпош дека се заканувал на извесен Ѓ.Б., неофицијално дознава „Фокус“.

Според документите со кои располага медиумот, екс директорот бил пријавен дека во временскиот период од 15 до 18 и 20, часот, истиот ден преку мрежата Телеграм испраќал пораки со заканувачка и вознемирувачка содржина. „Фокус“ располага и со пораките кои му биле упатени на момчето и на неговото семејство, со што тие се почувствувале дека им е загрозен животот и безбедноста.

Според нивните информации момчето на кое се заканувал поранешниот директор на „Водовод и канализација“ е внук на генералниот секретар на Град Скопје и десна рака на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, Зоран Глигоров.

Повеќе на „Фокус

The post Екс директорот на „Водовод“ пријавен в полиција за закани кон роднини на генералниот секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски на 25 февруари, годинава бил пријавен во полициската станица во Скопски Карпош дека се заканувал на извесен Ѓ.Б., неофицијално дознава „Фокус“. Според документите со кои располага медиумот, екс директорот бил пријавен дека во временскиот период од 15 до 18 и 20, часот, истиот ден преку мрежата Телеграм испраќал пораки со заканувачка и вознемирувачка содржина. „Фокус“ располага и со пораките кои му биле упатени на момчето и на неговото семејство, со што тие се почувствувале дека им е загрозен животот и безбедноста. Според нивните информации момчето на кое се заканувал поранешниот директор на „Водовод и канализација“ е внук на генералниот секретар на Град Скопје и десна рака на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, Зоран Глигоров. Повеќе на „Фокус

The post Екс директорот на „Водовод“ пријавен в полиција за закани кон роднини на генералниот секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Секретарот на град Скопје повеќепати е пријавен за семејно насилство https://republika.mk/vesti/skopje/sekretarot-na-grad-skopje-povekepati-e-prijaven-za-semejno-nasilstvo/ Thu, 12 Jan 2023 17:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=596326

Секретарот на град Скопје, поставен од градоначалничката Данела Арсовска, Зоран Глигоров деновиве е актуелен по расправијата што ја имал со вработен во градот каде дошло сппред непотврдени информации и до физички контакт. За среќа немало посериозни последици, но Глигоров е човек кој повеќе пати бил пријавуван за семејно насилство, пишува „хроника.мк“.

Имено, според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврдеа врз Л.Г. преку повеќе удари и изненаден напад.

https://republika.mk/vesti/skopje/intsident-vo-grad-skopje-gensekot-na-arsovska-se-istepal-so-obezbeduvaneto/

Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. преку повеќе удари. Воедно кај Глигоров билo најденo и огнено оружје хеклер.

The post Секретарот на град Скопје повеќепати е пријавен за семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Секретарот на град Скопје, поставен од градоначалничката Данела Арсовска, Зоран Глигоров деновиве е актуелен по расправијата што ја имал со вработен во градот каде дошло сппред непотврдени информации и до физички контакт. За среќа немало посериозни последици, но Глигоров е човек кој повеќе пати бил пријавуван за семејно насилство, пишува „хроника.мк“. Имено, според евиденцијата на МВР на 25.06.2007 година Глигоров е пријавен за нанесување на тешка телесна поврдеа врз Л.Г. преку повеќе удари и изненаден напад. https://republika.mk/vesti/skopje/intsident-vo-grad-skopje-gensekot-na-arsovska-se-istepal-so-obezbeduvaneto/ Воедно на 12.03.2017 година тој повторно е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. преку повеќе удари. Воедно кај Глигоров билo најденo и огнено оружје хеклер.  

The post Секретарот на град Скопје повеќепати е пријавен за семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Во МВР немаат инфо за денешната тепачка во Град Скопје меѓу генсекот и обезбедувањето https://republika.mk/vesti/skopje/vo-mvr-nemaat-info-za-deneshnata-tepachka-vo-grad-skopje-megu-gensekot-i-obezbeduvaneto/ Thu, 12 Jan 2023 14:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=596261

Нема пријава во полиција за денешната тепачка која се случила во кругот на Град Скопје, а во која учествувале генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска и член од обезбедувањето. Според информациите на „Република“ до пресметката дошло денеска во претпладневните часови.

https://republika.mk/vesti/skopje/intsident-vo-grad-skopje-gensekot-na-arsovska-se-istepal-so-obezbeduvaneto/

Од СВР Скопје известуваат дека пријава имало, но пред неколку дена, и тоа не за тепачка туку за закани. Била поднесена токму од Глигоров.

На 09.01.2023 во 12.30 часот З.Г.(52) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во канцеларија во град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е.С.(43) од Скопје вработен како обезбедување му биле упатени закани. Со Е.С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат оттаму.

Инаку, Глигоров денеска ја придружуваше Арсовска на прес-конференцијата на која беше соопштено за кривичната пријава што Градот ја поднесе против цементарница Усје, но за физички или само вербален конфликт на генсекот, не беше споменато.

The post Во МВР немаат инфо за денешната тепачка во Град Скопје меѓу генсекот и обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

Нема пријава во полиција за денешната тепачка која се случила во кругот на Град Скопје, а во која учествувале генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска и член од обезбедувањето. Според информациите на „Република“ до пресметката дошло денеска во претпладневните часови. https://republika.mk/vesti/skopje/intsident-vo-grad-skopje-gensekot-na-arsovska-se-istepal-so-obezbeduvaneto/   Од СВР Скопје известуваат дека пријава имало, но пред неколку дена, и тоа не за тепачка туку за закани. Била поднесена токму од Глигоров.
На 09.01.2023 во 12.30 часот З.Г.(52) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во канцеларија во град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е.С.(43) од Скопје вработен како обезбедување му биле упатени закани. Со Е.С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат оттаму.
Инаку, Глигоров денеска ја придружуваше Арсовска на прес-конференцијата на која беше соопштено за кривичната пријава што Градот ја поднесе против цементарница Усје, но за физички или само вербален конфликт на генсекот, не беше споменато.

The post Во МВР немаат инфо за денешната тепачка во Град Скопје меѓу генсекот и обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
Инцидент во Град Скопје: Генсекот на Арсовска се истепал со обезбедувањето https://republika.mk/vesti/skopje/intsident-vo-grad-skopje-gensekot-na-arsovska-se-istepal-so-obezbeduvaneto/ Thu, 12 Jan 2023 12:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=596177

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, денеска се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, дознава „Република“. Засега не се познати причините за инцидентот.

Во моментот очекуваме одговори од СВР Скопје дали нападот бил пријавен и дали реагирала скопската полиција.

Глигоров на јавноста му стана познат откако побегна од новинарските прашања, кога Арсовска го испрати него да прочита изјава за блокадите и хаосот со јавниот превоз, а таа не се појави на прес-конференција.

https://republika.mk/vesti/skopje/gensekot-na-grad-skopje-izbega-od-novinarski-prashanja/

Тој беше опоменат за „игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос кон новинарските екипи“ од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

The post Инцидент во Град Скопје: Генсекот на Арсовска се истепал со обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, денеска се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, дознава „Република“. Засега не се познати причините за инцидентот. Во моментот очекуваме одговори од СВР Скопје дали нападот бил пријавен и дали реагирала скопската полиција. Глигоров на јавноста му стана познат откако побегна од новинарските прашања, кога Арсовска го испрати него да прочита изјава за блокадите и хаосот со јавниот превоз, а таа не се појави на прес-конференција. https://republika.mk/vesti/skopje/gensekot-na-grad-skopje-izbega-od-novinarski-prashanja/ Тој беше опоменат за „игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос кон новинарските екипи“ од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).  

The post Инцидент во Град Скопје: Генсекот на Арсовска се истепал со обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-funkcionerite-mora-da-odgovaraat-na-prashanjata-na-novinarite/ Wed, 07 Dec 2022 21:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=583153

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција.

https://republika.mk/vesti/skopje/gensekot-na-grad-skopje-izbega-od-novinarski-prashanja/

Денеска, генералниот секретар на Град Скопје Глигоров, во своето обраќање пред новинарските екипи даде куса изјава каде ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот и на крајот не сакаше да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски. На таквата негова постапка, колегите новинари разочарано изреагирале дека тие не се дојдени да само да држат микрофони туку и да постават прашања кои се од јавен интерес за граѓаните на градот Скопје, велат од ЗНМ.

Оттаму апелираат јавните функционери а се трудат да дадат одговори на сите новинарски прашања, а не да ги игнорираат и понижуваат новинарите и медиумските работници.

Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа, се вели во соопштението на ЗНМ.

The post ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на игноратниот, непрофесионалниот и крајно понижувачки однос од страна на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон новинарските екипи за време на денешната прес конференција. https://republika.mk/vesti/skopje/gensekot-na-grad-skopje-izbega-od-novinarski-prashanja/