жолтица Archives - Република https://republika.mk/tema/zoltica/ За подобро да се разбереме Mon, 02 May 2022 10:36:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жолтица Archives - Република https://republika.mk/tema/zoltica/ 32 32 Епидемија на хепатитис во загрепски училишта https://republika.mk/vesti/balkan/epidemija-na-hepatitis-vo-zagrepski-uchilishta/ Mon, 02 May 2022 10:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=496283

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист.

„Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице“, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб.

Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти.

„Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци“, рече Колариќ.

Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.

The post Епидемија на хепатитис во загрепски училишта appeared first on Република.

]]>

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист. „Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице“, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб. Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти. „Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци“, рече Колариќ. Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.

The post Епидемија на хепатитис во загрепски училишта appeared first on Република.

]]>