Жоао Гомес Кравињо Archives - Република https://republika.mk/tema/zoao-gomes-kravinjo/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 08:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жоао Гомес Кравињо Archives - Република https://republika.mk/tema/zoao-gomes-kravinjo/ 32 32 Османи се меша и во содржината на референдумското прашање https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-goosmani-se-mesha-i-vo-sodrzinata-na-referendumskoto-prashanje/ Wed, 27 Jul 2022 06:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=533581

Португалија ќе продолжи да дава целосна политичка и техничка поддршка на Македонија во целиот евроинтегративен процес на земјава и не очекува натамошни билатерални блокади од Бугарија во текот на преговорите со ЕУ, ваква порака вчера од Скопје упати шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо. За него пристапувањето на Македонија во Унијата е од суштинско значење не само за земјава и регионот, туку и за самата ЕУ.

Гомес Кравињо не очекува дека во текот на преговорите на земјава со ЕУ повторно ќе има билатерална блокада од Бугарија, што за него, е заокружено прашање. Во одговор на новинарско прашање во што беше подобрен португалскиот предлог, тој оцени дека „во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно“.

– Вложивме многу напори во текот на нашето претседавање да составиме еден предлог со кој сакавме да биде прифатен. Што го прави францускиот предлог подобар? Во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно. Ако погледнете над хоризонтот, а не да се сконцентрирате само на моменталните случувања. Затоа оддавам признание на македонското раководство за надминување на потешкотиите и што го помрдна процесот напред. Направен е многу важен чекор напред. Веруваме дека договорот кој е постигнат е договор којшто овозможува почеток на процесот на скрининг што е доста интензивен и технички има две фази. Првиот е објаснувачки скрининг, ЕК ги објаснува различните фази односно аспекти на законодавството, потоа следува билатералниот скрининг кога се утврдуваат јазовите во законодавната рамка на Македонија, вели Гомес Кравињо почнува овој скрининг процес, потоа ќе се одржи втората меѓувладина конференција веднаш штом ќе заврши скринингот и штом ќе се заокружат уставните измени, оценувајќи дека сите земји имаат тешки моменти во текот на преговорите, но во случајот на Македонија не гледа причина дека ќе има билатерални блокади.  

– Мислам дека е од суштинско значење во меѓународните односи, во меѓународната политика да веруваме на дадениот збор на ставениот потпис на преземената обврска. Билатералното прашање за кое поинтензивно разговараат Македонија и Бугарија е заокружено. Има заклучок, заокружувањето на тоа прашање беше обележано со меѓувладината конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. Како што кажав, верувам кога нашите партнери, колеги, други земји и кога ќе дадат збор, кога ќе потпишат документ дека ќе го исполнат. Така функционираме внатре во ЕУ затоа што во рамките на ЕУ интензивно соработуваме меѓусебно, но и со земјите кандидати за најразлични прашања. Ако почнат блокади без оглед на тоа што е договорено ќе се парализира целото функционирање, истакна Гомес Кравињо.  

 

Во однос на унилатералната изјава Османи пак смета дека успеале да ги имаат сите три елементи и покрај тоа што предлогот од германското до француското претседателство бил само да се наведе дека е официјален јазик кодифициран во 1945 година.

– Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на ЕУ. Долгогодишните разочарувања, пречки и блокади ги претворивме во дополнителен предизвик кој ни овозможи со аргументи, истрајност и верба во добрососедските односи, да дојдеме до решение за отпочнување на преговори за членство. Се согласивме дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист – за Македонија, за регионот, но и за кредибилитетот на ЕУ во насока на довршување на процесот на европското обединување, истакна Османи на прес-конференцијата со Гомес Кравињо.

 

Според него, овој протокол со Бугарија, овој договор е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза, потсетувајќи и дека во Бугарија исто така се следи тамошниот говор на омраза.

 

Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи рече дека тоа го дефинира Уставот и законите.

 Тоа не е прашање на кое што јас треба да одговарам со да или со не, како што вели Уставот и законите тоа ќе се направи. Но, мислам дека навистина тоа прашање на референдумот треба да се каже во кој дел. Тоа значи или треба да прашате дали сте за Евроазиска унија или дали сте против ЕУ и против македонски јазик во ЕУ. Друга причина за референдум не гледам. А ако има такви причини за референдум, тоа веќе е друга дебата на која што треба да седнеме и секој да си ја објасни својата позиција. Доколку е некој за стопирање на процесот на пристапување, доколку е за нова некоја алтернатива тоа е легитимно, нека го отворат тоа прашање, граѓаните ќе кажат свое мислење. Друга причина за референдум нема, истакна Османи.

The post Османи се меша и во содржината на референдумското прашање appeared first on Република.

]]>

Португалија ќе продолжи да дава целосна политичка и техничка поддршка на Македонија во целиот евроинтегративен процес на земјава и не очекува натамошни билатерални блокади од Бугарија во текот на преговорите со ЕУ, ваква порака вчера од Скопје упати шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо. За него пристапувањето на Македонија во Унијата е од суштинско значење не само за земјава и регионот, туку и за самата ЕУ. Гомес Кравињо не очекува дека во текот на преговорите на земјава со ЕУ повторно ќе има билатерална блокада од Бугарија, што за него, е заокружено прашање. Во одговор на новинарско прашање во што беше подобрен португалскиот предлог, тој оцени дека „во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно“.
– Вложивме многу напори во текот на нашето претседавање да составиме еден предлог со кој сакавме да биде прифатен. Што го прави францускиот предлог подобар? Во политиката целта не е да се постигне се, туку она што е возможно. Ако погледнете над хоризонтот, а не да се сконцентрирате само на моменталните случувања. Затоа оддавам признание на македонското раководство за надминување на потешкотиите и што го помрдна процесот напред. Направен е многу важен чекор напред. Веруваме дека договорот кој е постигнат е договор којшто овозможува почеток на процесот на скрининг што е доста интензивен и технички има две фази. Првиот е објаснувачки скрининг, ЕК ги објаснува различните фази односно аспекти на законодавството, потоа следува билатералниот скрининг кога се утврдуваат јазовите во законодавната рамка на Македонија, вели Гомес Кравињо почнува овој скрининг процес, потоа ќе се одржи втората меѓувладина конференција веднаш штом ќе заврши скринингот и штом ќе се заокружат уставните измени, оценувајќи дека сите земји имаат тешки моменти во текот на преговорите, но во случајот на Македонија не гледа причина дека ќе има билатерални блокади.  
– Мислам дека е од суштинско значење во меѓународните односи, во меѓународната политика да веруваме на дадениот збор на ставениот потпис на преземената обврска. Билатералното прашање за кое поинтензивно разговараат Македонија и Бугарија е заокружено. Има заклучок, заокружувањето на тоа прашање беше обележано со меѓувладината конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. Како што кажав, верувам кога нашите партнери, колеги, други земји и кога ќе дадат збор, кога ќе потпишат документ дека ќе го исполнат. Така функционираме внатре во ЕУ затоа што во рамките на ЕУ интензивно соработуваме меѓусебно, но и со земјите кандидати за најразлични прашања. Ако почнат блокади без оглед на тоа што е договорено ќе се парализира целото функционирање, истакна Гомес Кравињо.  
  Во однос на унилатералната изјава Османи пак смета дека успеале да ги имаат сите три елементи и покрај тоа што предлогот од германското до француското претседателство бил само да се наведе дека е официјален јазик кодифициран во 1945 година.
– Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на ЕУ. Долгогодишните разочарувања, пречки и блокади ги претворивме во дополнителен предизвик кој ни овозможи со аргументи, истрајност и верба во добрососедските односи, да дојдеме до решение за отпочнување на преговори за членство. Се согласивме дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист – за Македонија, за регионот, но и за кредибилитетот на ЕУ во насока на довршување на процесот на европското обединување, истакна Османи на прес-конференцијата со Гомес Кравињо.
  Според него, овој протокол со Бугарија, овој договор е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза, потсетувајќи и дека во Бугарија исто така се следи тамошниот говор на омраза.   Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи рече дека тоа го дефинира Уставот и законите.
 Тоа не е прашање на кое што јас треба да одговарам со да или со не, како што вели Уставот и законите тоа ќе се направи. Но, мислам дека навистина тоа прашање на референдумот треба да се каже во кој дел. Тоа значи или треба да прашате дали сте за Евроазиска унија или дали сте против ЕУ и против македонски јазик во ЕУ. Друга причина за референдум не гледам. А ако има такви причини за референдум, тоа веќе е друга дебата на која што треба да седнеме и секој да си ја објасни својата позиција. Доколку е некој за стопирање на процесот на пристапување, доколку е за нова некоја алтернатива тоа е легитимно, нека го отворат тоа прашање, граѓаните ќе кажат свое мислење. Друга причина за референдум нема, истакна Османи.

The post Османи се меша и во содржината на референдумското прашање appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-primi-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-portugalija-zoao-gomes-kravinjo/ Tue, 26 Jul 2022 19:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=533513

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења околу можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Македонија, унапредување на првната рамка и зајакнување на економската соработка, а воедно беше изразено и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.

The post Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Македонија. На средбата беа разменети мислења околу можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Македонија, унапредување на првната рамка и зајакнување на економската соработка, а воедно беше изразено и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО. Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство. Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.

The post Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Кравињо: Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка во евроинтеграцискиот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kravinjo-portugalija-e-podgotvena-da-obezbedi-i-politichka-i-tehnichka-poddrshka-vo-evrointegraciskiot-proces/ Tue, 26 Jul 2022 12:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=533344

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја.

На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.

Министерот за надворешни работи на Португалија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

The post Ковачевски – Кравињо: Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка во евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја. На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот. Министерот за надворешни работи на Португалија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес. На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска. Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

The post Ковачевски – Кравињо: Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка во евроинтеграцискиот процес appeared first on Република.

]]>