знаковен јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/znakoven-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 13:28:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png знаковен јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/znakoven-jazik/ 32 32 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на средба со претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица: Да се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група наши сограѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova-na-sredba-so-pretstavnitsi-na-natsionalniot-sojuz-na-gluvi-i-nagluvi-litsa-da-se-zgolemi-sotsijalnata-inkluzija-na-ovaa-ranliva-grupa-nashi-sogragani/ Mon, 15 Jul 2024 13:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=797105

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Томица Стојановски, претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, член на Извршниот одбор на Сојузот, како и толкувачката на знаковен јазик, Лиза Велковска.

Претставниците на Сојузот на средбата ја информираа претседателката Сиљановска Давкова со нивните тековни активности со кои ги остваруваат правата и потребите на околу 7 илјади луѓе со оштетен слух. Истакнаа дека организацијата во континуитет се залага за подигнување на свеста за постоење на оваа група граѓани и нивно прифаќање во општеството и во социјално-културниот живот. Во насока на полесна едукација и вработување на лицата со оштетен слух, од Сојузот посочија дека организираат и спроведуваат обуки за изучување на знаковниот јазик, како и дека поттикнуваат иницијативи за поголема примена на знаковниот јазик. Во државата, според нив, има 38 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик, кои што на луѓето со оштетен слух им ја олеснуваат комуникацијата со институциите.

Искажувајќи поддршка за сите нивни заложби, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Кабинетот и таа лично безрезервно ќе соработуваат со Националниот сојуз со крајна цел – поголема афирмација и примена на знаковниот јазик, кој на глувите и наглуви лица им е потребен во секојдневната комуникација. На тој начин, потенцираше Сиљановска Давкова, ќе се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група наши сограѓани.

The post Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на средба со претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица: Да се зголеми социјалната инклузија на оваа ранлива група наши сограѓани appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-centarot-za-kultura-vo-bitola-deneska-kje-bide-izvedena-prvata-profesionalna-pretstava-na-znakoven-jazik-tri/ Wed, 08 Jun 2022 07:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=512457

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата.

Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.– Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.

Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик.

Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска-Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола
Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.

The post Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата.
Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.– Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.
 
Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска-Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.