Златна зора Archives - Република https://republika.mk/tema/zlatna-zora/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 09:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златна зора Archives - Република https://republika.mk/tema/zlatna-zora/ 32 32 Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-lider-na-zlatna-zora-osuden-za-vodene-kriminalna-organizatsija-ke-bide-pushten-od-zatvor/ Thu, 02 May 2024 09:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=773330

Поранешниот претседател на грчката радикално десничарска партија Златна зора, Никос Михалољакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, се очекува да биде пуштен од затвор, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на судски извори, медиумите објавија дека Судот во градот Ламиа донел одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор.

Според истите информации, Михалољакос ќе биде ослободен, но под неколку услови поставени од судскиот совет, односно ќе има забрана да ја напушти областа Атика, поширокиот регион на Атина, еднаш месечно ќе треба да се пријавува во полициска станица и нема да смее да биде во контакт со лицата вмешани во истиот случај.

Сепак, медиумите пишуваат дека обвинителот има право да достави жалба против одлуката на советот.

Златна зора во октомври 2020 година, со судска одлука беше прогласена за криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, во судскиот процес што траеше пет години и беше еден од најголемите и историски процеси во Грција.

Лидерот Михалољакос и пет поранешни пратеници добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација.

Во јуни 2022 година, седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на процесот, судењето започна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен и е во тек.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на грчката радикално десничарска партија Златна зора, Никос Михалољакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, се очекува да биде пуштен од затвор, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Повикувајќи се на судски извори, медиумите објавија дека Судот во градот Ламиа донел одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор. Според истите информации, Михалољакос ќе биде ослободен, но под неколку услови поставени од судскиот совет, односно ќе има забрана да ја напушти областа Атика, поширокиот регион на Атина, еднаш месечно ќе треба да се пријавува во полициска станица и нема да смее да биде во контакт со лицата вмешани во истиот случај. Сепак, медиумите пишуваат дека обвинителот има право да достави жалба против одлуката на советот. Златна зора во октомври 2020 година, со судска одлука беше прогласена за криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, во судскиот процес што траеше пет години и беше еден од најголемите и историски процеси во Грција. Лидерот Михалољакос и пет поранешни пратеници добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација. Во јуни 2022 година, седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на процесот, судењето започна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен и е во тек. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>
Партијата на осудениот поранешен пратеник на Златна зора не доби зелено светло од Врховниот суд за учеството на изборите https://republika.mk/vesti/balkan/partijata-na-osudeniot-poraneshen-pratenik-na-zlatna-zora-ne-dobi-zeleno-svetlo-od-vrhovniot-sud-za-uchestvoto-na-izborite/ Tue, 02 May 2023 20:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=636214

Врховниот суд на Грција вечерва ја отфрли кандидатурата на Национална партија –Грци на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис со што партијата нема да учествува на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми на денешниот состанок на политичкиот оддел на Врховниот суд, со мнозинство девет наспроти еден глас, било одлучено дека партијата на Касидиарис не ги исполнува потребните услови и критериуми за учество на изборите.

Грчкиот Парламент има изгласано закон и дополнителен амандман со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело.

Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација

Партијата  според истражувањата на јавното мислење во Грција, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот, меѓутоа со денешната одлука на Врховниот суд партијата не доби зелено светло за учество на изборите на 21 мај.

The post Партијата на осудениот поранешен пратеник на Златна зора не доби зелено светло од Врховниот суд за учеството на изборите appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Грција вечерва ја отфрли кандидатурата на Национална партија –Грци на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис со што партијата нема да учествува на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми на денешниот состанок на политичкиот оддел на Врховниот суд, со мнозинство девет наспроти еден глас, било одлучено дека партијата на Касидиарис не ги исполнува потребните услови и критериуми за учество на изборите. Грчкиот Парламент има изгласано закон и дополнителен амандман со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело. Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација Партијата  според истражувањата на јавното мислење во Грција, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот, меѓутоа со денешната одлука на Врховниот суд партијата не доби зелено светло за учество на изборите на 21 мај.

The post Партијата на осудениот поранешен пратеник на Златна зора не доби зелено светло од Врховниот суд за учеството на изборите appeared first on Република.

]]>
Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkata-vlada-za-upadot-kaj-andreevski-nikakva-tolerantsija-za-bezzakokine-i-za-zaplashuvane-na-graganite/ Thu, 27 Apr 2023 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=634631

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/

Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.

Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.

 

The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.
 

The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>
МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-reagira-za-upadot-na-zlatna-zora-na-izlozhbata-na-likovniot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Thu, 27 Apr 2023 09:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=634533

За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР.

-Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, наведува МНР.

Министерството додава дека во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што, додаваат оттаму, и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави претходно дописничката на МИА од Атина.

Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/

„Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален

The post МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР.
-Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, наведува МНР.
Министерството додава дека во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што, додаваат оттаму, и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите. Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави претходно дописничката на МИА од Атина. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ „Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ ликовниот уметник Сергеј Андреевски во петокот беше свечено отворена во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален

The post МНР реагира за упадот на „Златна Зора“ на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Thu, 27 Apr 2023 08:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=634516

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.

Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.
Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.
Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Тензично судењето на Златна зора: Додека сведочеше мајката на убиениот музичар, адвокат салутираше со нацистички поздрав https://republika.mk/vesti/balkan/tenzichno-sudenjeto-na-zlatna-zora-dodeka-svedocheshe-majkata-na-ubieniot-muzichar-advokat-salutirashe-so-nacistichki-pozdrav/ Fri, 07 Oct 2022 13:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=558455

Лекарот ми рече дека Павлос не е жив, дека е убиен и дека го уби Златна зора, а убиецот е фатен. Го прашав: Се обидовте да го спасите? Ми рече дека ништо не можеле да направат, ударите и убодите со нож беа професионални - изјави мајката на убиениот грчки музичар Павлос, Магда Фиса во нејзиното сведочење на денешното рочиште против Златна зора, убиство кое пред девет години беше пресудно за да се откријат вистинското лице и вистинските активности на неонацистичката партија, која всушност функционирала како криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Точно две години откако на 7 октомври 2020 година, беше донесена пресудата и Златна зора беше прогласена за криминална организација, денеска во атинскиот суд продолжи судењето на втор степен, по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен.

Рочиштето почна мирно, со сведочењето на Фиса, но се создаде мала тензија кога еден од адвокатите на осудените членови на Златна зора, Константинос Плеврис, кој воедно е и татко на актуелниот министер за здравство, стана и упати нацистички поздрав.

Веднаш потоа присутните извикуваа „Фашист, фашист“ и „Павлос е жив, уништете ги нацистите“, по што рочиштето кусо беше прекинато.

Мајката на убиениот музичар детално раскажа и опиша што се случувало на 17 септември 2013 година, кога со неколку убоди од нож, членот на Златна Зора Јоргос Рупакиас го уби Фисас, а неговата мајка иако не беше присутна на убиството на нејзиниот син, ги пренесе сведочењата на неговите пријатели и неговата девојка.

Во преполната судница, со оглед на тоа дека судењето е отворено за јавноста, освен голем број новинари, имаше и пријатели на убиениот Фисас, но и претставници од опозициската СИРИЗА, меѓу кои и портпаролот на партијата, генералната секретарка и поранешни министри, а сега пратеници.

Од осудените членови на партијата и поранешни пратеници, во судницата присутен беше само Јанис Лагос.

Паралелно со рочиштето, пред судот се одржа и мирен антифашистички протест.

Демонстрантите порачаа дека членовите на Златна зора „не се невини“, дека „постои една одлука, местото на нацистичките криминалци им е во затвор“ и побараа да нема намалување на затворските казни, а паралелно извикуваа „Павлос е жив, уништете ги нацистите“.

Повторниот судски процес против Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни годинава.

Согласно пресудите од пред две години, лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.

Новото судење, според адвокатите се очекува да трае најмалку две години.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Тензично судењето на Златна зора: Додека сведочеше мајката на убиениот музичар, адвокат салутираше со нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>

Лекарот ми рече дека Павлос не е жив, дека е убиен и дека го уби Златна зора, а убиецот е фатен. Го прашав: Се обидовте да го спасите? Ми рече дека ништо не можеле да направат, ударите и убодите со нож беа професионални - изјави мајката на убиениот грчки музичар Павлос, Магда Фиса во нејзиното сведочење на денешното рочиште против Златна зора, убиство кое пред девет години беше пресудно за да се откријат вистинското лице и вистинските активности на неонацистичката партија, која всушност функционирала како криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.
Точно две години откако на 7 октомври 2020 година, беше донесена пресудата и Златна зора беше прогласена за криминална организација, денеска во атинскиот суд продолжи судењето на втор степен, по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен. Рочиштето почна мирно, со сведочењето на Фиса, но се создаде мала тензија кога еден од адвокатите на осудените членови на Златна зора, Константинос Плеврис, кој воедно е и татко на актуелниот министер за здравство, стана и упати нацистички поздрав. Веднаш потоа присутните извикуваа „Фашист, фашист“ и „Павлос е жив, уништете ги нацистите“, по што рочиштето кусо беше прекинато. Мајката на убиениот музичар детално раскажа и опиша што се случувало на 17 септември 2013 година, кога со неколку убоди од нож, членот на Златна Зора Јоргос Рупакиас го уби Фисас, а неговата мајка иако не беше присутна на убиството на нејзиниот син, ги пренесе сведочењата на неговите пријатели и неговата девојка. Во преполната судница, со оглед на тоа дека судењето е отворено за јавноста, освен голем број новинари, имаше и пријатели на убиениот Фисас, но и претставници од опозициската СИРИЗА, меѓу кои и портпаролот на партијата, генералната секретарка и поранешни министри, а сега пратеници. Од осудените членови на партијата и поранешни пратеници, во судницата присутен беше само Јанис Лагос. Паралелно со рочиштето, пред судот се одржа и мирен антифашистички протест. Демонстрантите порачаа дека членовите на Златна зора „не се невини“, дека „постои една одлука, местото на нацистичките криминалци им е во затвор“ и побараа да нема намалување на затворските казни, а паралелно извикуваа „Павлос е жив, уништете ги нацистите“. Повторниот судски процес против Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни годинава. Согласно пресудите од пред две години, лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Новото судење, според адвокатите се очекува да трае најмалку две години. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.

The post Тензично судењето на Златна зора: Додека сведочеше мајката на убиениот музичар, адвокат салутираше со нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>