Златен објектив Archives - Република https://republika.mk/tema/zlaten-objektiv/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 16:38:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златен објектив Archives - Република https://republika.mk/tema/zlaten-objektiv/ 32 32 Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива https://republika.mk/scena/film/vrachen-zlatniot-objektiv-na-stole-popov-me-raduva-shto-ochigledno-filmovite-shto-sum-gi-rabotel-traat-vo-vremeto-odolevaat-na-efemernosta-koja-shto-osobeno-vo-filmskata-umetnost-chestopati-e-mnogu-vi/ Wed, 29 May 2024 12:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=782791

Денешната свеченост на која во Кинотеката на Македонија беше доделен Златен објектив на режисерот Столе Попов почна со видео записот за песната „Скопје“ на „Леб и сол“, кој во 1987 година беше награден со Grand Prix – Југословенски Видео Фестивал, Белград.

Големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов ова признание го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм.

„Златниот објектив“ е признание кое Кинотеката, како национален филмски архив, го воведе пред повеќе од 15 години, а го доделува по повод роденденот на институцијата – 29 април 1974 година, кога е објавен Законот за формирање на кинотеката. Ова признание е наменето за филмски автори и професионалци, кои преку својот работен ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА 49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА 49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…

За творештвото и достигнувањата на Попов пред присутните говореше Арсим Лесковица филмолог од Кинотеката на Македонија, кој меѓу другото истакна дека да се родиш и да живееш во македонија, а да не си ги погледнал филмовите на Столе Попов, е исто како да си се родил во една древна цивилизација како што е Египет, а никогаш да не си се запознал со величенствените пирамиди.

Се заблагодарувам на Кинотека за ова признание и укажаната чест. Годините бргу летаат и не можам да поверувам дека сево ова што сега имавме можност да го чуеме во излагањата се случило толку одамна. Сега кога дојдов во Кинотека еден од студентите ми рече дека скоро го гледал „Австралија, Австралија“, а филмот е снимен точно пред 50 години - во златното време на „Вардар филм“ кога директор беше Анте Поповски, рече Попов.

По доделувањето на „Златниот објектив“ за 2024 година, Попов говореше за своето филмско творештво и работно искуство со Илинденка Петрушева, познат филмски критичар, автор и истражувач на историјата на македонската и светската кинематографија.

Низ разговорот се потсетија и на снимањето токму на спотот за „Скопје“ од „Леб и сол“, за што, како што рекоа во голема мера е заслужен тогашниот уредник на ТВ Скопје Димитар Масевски.

Тоа сè се должеше на енергијата и на добрата волја на Димитар Масевски, кој ме ангажираше, се нафатив на таа работа и тоа снимање траеше можеби една недела, се присети Попов.

Снимен е во бараката на Влатко Стефановски во Тафталиџе.  Песната „Скопје“ е две минути, но Масевски направи да биде три минути, рече Попов и го поздрави синот на Масе, Александар Масевски кој беше присутен на свеченоста.

Во дел од секунда во спотот се појавува и самиот автор, во вистински хичкоковски манир, во сите свои филмови се појавува мигновено. Меѓу присутните беше и Влатко Стефановски, кој му честиташе на Попов со срдечна прегратка, но и режисери, актери, политичари, претставници на културниот и јавниот живот.

Сакам да се заблагодарам и на сите присутни што дојдовте на оваа свеченост. Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива. Но, Кинотеката е таа што треба да ги сочува филмовите и добива една улога како во една винарија да ги остави да созреат филмовите и потоа тие самите го покажуваат своето опстојување. Вкусовите се различни, секој има право на свое видување на филмовите, истакна Попов.

Кинотеката воведе и Специјален „Златен објектив“, кој се доделува на професионалците кои придонеле за филмското архивирање и кинотечната дејност. Ова признание денеска му беше врачено на Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист.

Ова е признание за луѓето од фелата, луѓето кои се задолжени за зачувување на нашето, кинотечното богатство. Овој наш колега го поминал целиот работен век во оваа институција, единствена од ваков вид во државава. Кој учествувал во градење на филмскиот архив, кој има над 50.000 наслови, испишал голем број книги, на неговата работна маса поминале илјадници филмски ленти, документи, фотографии, музејски предмети..., рече Тихомир Кашмировски .

Наградите на Попов и Велков им ги врачи в.д. директор на Кинотека , Бојан Станишиќ.

Вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на култниот ТЕТОВИРАЊЕ (1991), првиот игран филм создаден во независна Република Македонија кој, несомнено, и по својата содржина, одличните актерски достигнувања, познатите реплики и многу други нешта е впечатливо и единствено филмско дело. По проекцијата на филмот Столе Попов ќе одговара на прашања на публиката во Q&A сесија модерирана од Саша Станишиќ,и Јане Алтипармаков режисери од помладата генерација, инаку некогашни студенти на Попов кога тој беше професор на Факултетот за драмски уметности.

https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-kultniot-makedonski-film-tetovirane-i-razgovor-so-rezhiserot-stole-popov-vecherva-vo-kinoteka/

The post Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива appeared first on Република.

]]>

Денешната свеченост на која во Кинотеката на Македонија беше доделен Златен објектив на режисерот Столе Попов почна со видео записот за песната „Скопје“ на „Леб и сол“, кој во 1987 година беше награден со Grand Prix – Југословенски Видео Фестивал, Белград. Големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов ова признание го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, сценарист и професор, влијателен и конструктивен во градењето на културните политики за развој на домашниот филм.

„Златниот објектив“ е признание кое Кинотеката, како национален филмски архив, го воведе пред повеќе од 15 години, а го доделува по повод роденденот на институцијата – 29 април 1974 година, кога е објавен Законот за формирање на кинотеката. Ова признание е наменето за филмски автори и професионалци, кои преку својот работен ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА 49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година – неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА 49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето…! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија…

За творештвото и достигнувањата на Попов пред присутните говореше Арсим Лесковица филмолог од Кинотеката на Македонија, кој меѓу другото истакна дека да се родиш и да живееш во македонија, а да не си ги погледнал филмовите на Столе Попов, е исто како да си се родил во една древна цивилизација како што е Египет, а никогаш да не си се запознал со величенствените пирамиди.
Се заблагодарувам на Кинотека за ова признание и укажаната чест. Годините бргу летаат и не можам да поверувам дека сево ова што сега имавме можност да го чуеме во излагањата се случило толку одамна. Сега кога дојдов во Кинотека еден од студентите ми рече дека скоро го гледал „Австралија, Австралија“, а филмот е снимен точно пред 50 години - во златното време на „Вардар филм“ кога директор беше Анте Поповски, рече Попов.

По доделувањето на „Златниот објектив“ за 2024 година, Попов говореше за своето филмско творештво и работно искуство со Илинденка Петрушева, познат филмски критичар, автор и истражувач на историјата на македонската и светската кинематографија.

Низ разговорот се потсетија и на снимањето токму на спотот за „Скопје“ од „Леб и сол“, за што, како што рекоа во голема мера е заслужен тогашниот уредник на ТВ Скопје Димитар Масевски. Тоа сè се должеше на енергијата и на добрата волја на Димитар Масевски, кој ме ангажираше, се нафатив на таа работа и тоа снимање траеше можеби една недела, се присети Попов. Снимен е во бараката на Влатко Стефановски во Тафталиџе.  Песната „Скопје“ е две минути, но Масевски направи да биде три минути, рече Попов и го поздрави синот на Масе, Александар Масевски кој беше присутен на свеченоста. Во дел од секунда во спотот се појавува и самиот автор, во вистински хичкоковски манир, во сите свои филмови се појавува мигновено. Меѓу присутните беше и Влатко Стефановски, кој му честиташе на Попов со срдечна прегратка, но и режисери, актери, политичари, претставници на културниот и јавниот живот.
Сакам да се заблагодарам и на сите присутни што дојдовте на оваа свеченост. Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива. Но, Кинотеката е таа што треба да ги сочува филмовите и добива една улога како во една винарија да ги остави да созреат филмовите и потоа тие самите го покажуваат своето опстојување. Вкусовите се различни, секој има право на свое видување на филмовите, истакна Попов.
Кинотеката воведе и Специјален „Златен објектив“, кој се доделува на професионалците кои придонеле за филмското архивирање и кинотечната дејност. Ова признание денеска му беше врачено на Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист.
Ова е признание за луѓето од фелата, луѓето кои се задолжени за зачувување на нашето, кинотечното богатство. Овој наш колега го поминал целиот работен век во оваа институција, единствена од ваков вид во државава. Кој учествувал во градење на филмскиот архив, кој има над 50.000 наслови, испишал голем број книги, на неговата работна маса поминале илјадници филмски ленти, документи, фотографии, музејски предмети..., рече Тихомир Кашмировски .
Наградите на Попов и Велков им ги врачи в.д. директор на Кинотека , Бојан Станишиќ. Вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на култниот ТЕТОВИРАЊЕ (1991), првиот игран филм создаден во независна Република Македонија кој, несомнено, и по својата содржина, одличните актерски достигнувања, познатите реплики и многу други нешта е впечатливо и единствено филмско дело. По проекцијата на филмот Столе Попов ќе одговара на прашања на публиката во Q&A сесија модерирана од Саша Станишиќ,и Јане Алтипармаков режисери од помладата генерација, инаку некогашни студенти на Попов кога тој беше професор на Факултетот за драмски уметности. https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-kultniot-makedonski-film-tetovirane-i-razgovor-so-rezhiserot-stole-popov-vecherva-vo-kinoteka/

The post Врачен Златниот објектив на Столе Попов: Ме радува што очигледно филмовите што сум ги работел траат во времето, одолеваат на ефемерноста која што особено во филмската уметност честопати е многу видлива appeared first on Република.

]]>
Доделување на признанието „Златен објектив“ денеска напладне во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/dodeluvanje-na-priznanieto-zlaten-objektiv-deneska-napladne-vo-kinoteka/ Fri, 20 May 2022 08:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=504675

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.

Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post Доделување на признанието „Златен објектив“ денеска напладне во Кинотека appeared first on Република.

Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности. Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.

Свечено врачување на наградата „Златен објектив“ за 2022 на Луковска-Дончиќ и Куновски-Доре во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/svecheno-vrachuvanje-na-nagradata-zlaten-objektiv-za-2022-na-lukovska-donchikj-i-kunovski-dore-vo-kinoteka/ Thu, 19 May 2022 15:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=504467

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.

Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post Свечено врачување на наградата „Златен објектив“ за 2022 на Луковска-Дончиќ и Куновски-Доре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности. Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.
Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post Свечено врачување на наградата „Златен објектив“ за 2022 на Луковска-Дончиќ и Куновски-Доре во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Златен објектив“ за филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре https://republika.mk/vesti/kultura/zlaten-objektiv-za-filmskata-montazerka-olga-lukova-donchikj-i-filmskiot-kritichar-blagoja-kunovski-dore/ Thu, 28 Apr 2022 07:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=494515

Управниот одбор на Кинотеката на Р.Македонија одлучи дека лауреати на оваа награда се филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре.

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Олга Лукова Дончиќ е родена во Скопје, 1945 година, каде завршува средно музичко училиште во 1964 година. Од 11 ноември 1967 работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ како асистент монтажер на кратки филмови. За кратко време се осамостојува како монтажер на кратки, а подоцна и долгометражни филмови, соработувајќи со водечките македонски филмски автори. Кариерата ја завршува во 1986 година.

Филмографија:

1967: Македонска крвава свадба (асистент на монтажа)

1967: Тито во Охрид (асистент на монтажа)

1967: Лето господово ’67 (асистент на монтажа)

1967: Луѓе и фасади (асистент на монтажа)

1967: Лифт горе, лифт долу (асистент на монтажа)

1968: Споменик (монтажа)

1969: Републиката во пламен (асистент на монтажа)

1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени… (монтажа)

1969: ЗИК Пелагонија (асистент на монтажа)

1969: Свилен конец (монтажа)

1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ (асистент на монтажа)

1969: Хомо Апсурдикус (монтажа)

1970: Цената на градот (асистент на монтажа)

1970: Крсте Петков Мисирков (монтажа)

1971: Црно семе (асистент на монтажа)

1971: Македонски дел од пеколот (асистент на монтажа)

1972: Светлините на Скопје (монтажа)

1972: Град на човечко препознавање (асистент на монтажа)

1973: 99 (монтажа)

1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 (монтажа)

1974: Столетие на прекалените (монтажа)

1974: Скопски железнички јазол (монтажа)

1974: Сто години железници во Македонија (монтажа)

1974: Рацин (монтажа)

1975: Кој век минува надвор деца (монтажа)

1976: Фазил Хисни Дагларџа (монтажа)

1976: Еугенио Монтале (монтажа)

1976: Ден кога се проштева (монтажа)

1977: Црн бор (монтажа)

1977: Фаулбал (монтажа)

1977: Никола Мартиноски (монтажа)

1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ (монтажа)

1977: Винојуг (монтажа)

1978: Подмолна сила (монтажа)

1978: Џафра (монтажа)

1979: Бакнеж (монтажа)

1979: Рафаел Алберти (монтажа)

1979: Икар (монтажа)

1979: Ежен Гилвик (монтажа)

1979: Самопридонес (монтажа)

1980: Време, води (монтажа)

1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата (монтажа)

1982: Мистериозниот предмет (монтажа)

1985: Автопат (монтажа)

1985: Патишта во СР Македонија (монтажа)

Благоја Куновски-Доре е роден во Скопје, 1946 година, долгогодишен уредник и филмски критичар во МРТВ (Македонска радио и телевизија).

Куновски е и долгогодишен уметнички директор (2009-2019), селектор на главната натпреварувачка селекција (1995-2019), и директор (2016-2017) на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Тој е основач на уметничкото кино „Фросина“ и на фестивалот на европски филм CINEDAYS при Младинскиот културен центар во Скопје; основач и програмски координатор на Меѓународниот фестивал на анимиран филм АНИМАКС Скопје Фест. Куновски со децении наназад е член на ФИПРЕСЦИ (Fédération Internationale de la Presse Cinématographique – FIPRESCI) десетина пати бил член и(ли) претседател на оваа водечка интернационална асоцијација на филмските критичари на филмските фестивали во Кан, Берлин, Венеција (три пати), Лондон, Москва, Карлови Вари… Член е на Асоцијацијата на европски и медитерански филмски критичари „ФЕДЕОРА“ (FEDEORA- Federation of the European and Mediterranean film critics). Автор е на илјадници прилози, критики, есеи, фестивалски извештаи, портрети и интервјуа во македонските и светските медиуми. Куновски е коавтор на монографијата „Дожд: светот за филмот ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски“ (Rain : the world about Milcho Manchevski’s film “Before the Rain”), 2004 година; коавтор и еден од уредниците на монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки“;соработник на филмските изданија и списанија на Кинотеката на Македонија: дел од редакцијата на „Кинотечниот месечник“ и долгогодишен автор и соработник на „Кинопис“; соработник и уредник во филмските списанија „Синеаст“ (Сараево), „Филмска култура“ (Загреб), „Филмограф“ (Белград) во екс-Југославија, итн…

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post „Златен објектив“ за филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на Кинотеката на Р.Македонија одлучи дека лауреати на оваа награда се филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Олга Лукова Дончиќ е родена во Скопје, 1945 година, каде завршува средно музичко училиште во 1964 година. Од 11 ноември 1967 работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ како асистент монтажер на кратки филмови. За кратко време се осамостојува како монтажер на кратки, а подоцна и долгометражни филмови, соработувајќи со водечките македонски филмски автори. Кариерата ја завршува во 1986 година. Филмографија: 1967: Македонска крвава свадба (асистент на монтажа) 1967: Тито во Охрид (асистент на монтажа) 1967: Лето господово ’67 (асистент на монтажа) 1967: Луѓе и фасади (асистент на монтажа) 1967: Лифт горе, лифт долу (асистент на монтажа) 1968: Споменик (монтажа) 1969: Републиката во пламен (асистент на монтажа) 1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени… (монтажа) 1969: ЗИК Пелагонија (асистент на монтажа) 1969: Свилен конец (монтажа) 1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ (асистент на монтажа) 1969: Хомо Апсурдикус (монтажа) 1970: Цената на градот (асистент на монтажа) 1970: Крсте Петков Мисирков (монтажа) 1971: Црно семе (асистент на монтажа) 1971: Македонски дел од пеколот (асистент на монтажа) 1972: Светлините на Скопје (монтажа) 1972: Град на човечко препознавање (асистент на монтажа) 1973: 99 (монтажа) 1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 (монтажа) 1974: Столетие на прекалените (монтажа) 1974: Скопски железнички јазол (монтажа) 1974: Сто години железници во Македонија (монтажа) 1974: Рацин (монтажа) 1975: Кој век минува надвор деца (монтажа) 1976: Фазил Хисни Дагларџа (монтажа) 1976: Еугенио Монтале (монтажа) 1976: Ден кога се проштева (монтажа) 1977: Црн бор (монтажа) 1977: Фаулбал (монтажа) 1977: Никола Мартиноски (монтажа) 1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ (монтажа) 1977: Винојуг (монтажа) 1978: Подмолна сила (монтажа) 1978: Џафра (монтажа) 1979: Бакнеж (монтажа) 1979: Рафаел Алберти (монтажа) 1979: Икар (монтажа) 1979: Ежен Гилвик (монтажа) 1979: Самопридонес (монтажа) 1980: Време, води (монтажа) 1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата (монтажа) 1982: Мистериозниот предмет (монтажа) 1985: Автопат (монтажа) 1985: Патишта во СР Македонија (монтажа) Благоја Куновски-Доре е роден во Скопје, 1946 година, долгогодишен уредник и филмски критичар во МРТВ (Македонска радио и телевизија). Куновски е и долгогодишен уметнички директор (2009-2019), селектор на главната натпреварувачка селекција (1995-2019), и директор (2016-2017) на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Тој е основач на уметничкото кино „Фросина“ и на фестивалот на европски филм CINEDAYS при Младинскиот културен центар во Скопје; основач и програмски координатор на Меѓународниот фестивал на анимиран филм АНИМАКС Скопје Фест. Куновски со децении наназад е член на ФИПРЕСЦИ (Fédération Internationale de la Presse Cinématographique – FIPRESCI) десетина пати бил член и(ли) претседател на оваа водечка интернационална асоцијација на филмските критичари на филмските фестивали во Кан, Берлин, Венеција (три пати), Лондон, Москва, Карлови Вари… Член е на Асоцијацијата на европски и медитерански филмски критичари „ФЕДЕОРА“ (FEDEORA- Federation of the European and Mediterranean film critics). Автор е на илјадници прилози, критики, есеи, фестивалски извештаи, портрети и интервјуа во македонските и светските медиуми. Куновски е коавтор на монографијата „Дожд: светот за филмот ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски“ (Rain : the world about Milcho Manchevski’s film “Before the Rain”), 2004 година; коавтор и еден од уредниците на монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки“;соработник на филмските изданија и списанија на Кинотеката на Македонија: дел од редакцијата на „Кинотечниот месечник“ и долгогодишен автор и соработник на „Кинопис“; соработник и уредник во филмските списанија „Синеаст“ (Сараево), „Филмска култура“ (Загреб), „Филмограф“ (Белград) во екс-Југославија, итн… Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post „Златен објектив“ за филмската монтажерка Олга Лукова Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре appeared first on Република.

]]>