Живко Грозданоски Archives - Република https://republika.mk/tema/zivko-grozdanoski/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 07:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живко Грозданоски Archives - Република https://republika.mk/tema/zivko-grozdanoski/ 32 32 Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-zhivko-grozdanoski-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-vo-skopje/ Tue, 02 Apr 2024 07:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=761138

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

„Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.

Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“.

Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.

 

 

 

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го најавува разговорот со Живко Грозданоски, авторот на книгата на месецот „Писмо за Глорија“. Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и силна промоција на македонскиот јазик. Настанот ќе се одржи в среда, 3 април во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. „Писмо за Глорија“ (издание на Или-Или) е слоевито дело, кое меѓу другото говори и пишувањето како еден вид терапија.
Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература – вели Фросина Пармаковска во освртот кон романот.
Живко Грозданоски напишал автофикција, се свртел кон еден „одметнички жанр“, како што описно го нарекуваат. Жанр кој во себе ги обединува автобиографијата и фикцијата, и кој се открива како изневера на традиционалното автобиографско писмо – подвлекува Ацо Гогов. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ). Периодов е посветен на организација и изведба на работилница по креативно пишување автофикциски расказ „по природниот тек на нештата“. Разговорот со Живко Грозданоски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ крајот на месецот секогаш се заокружува со Клубот на читатели посветен токму на книгата на месецот.      

The post Разговор со Живко Грозданоски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-pismo-za-glorija-od-zhivko-grozdanoski-vo-strumitsa/ Wed, 05 Apr 2023 16:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=627602

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 8 април 2023 година во 20 часот во кафе бар „Нагоре“ во Струмица организира промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски.

Настанот ќе го отвори и модерира Митко Гогов, а промотор на романот ќе биде писателот Ацо Гогов. По промоцијата музика ќе пушта dj Alex Stoilov.

„Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во издание на „Или-или“ е еден од четирите романи финалисти што влегоа во потесниот избор за „Роман на годината“ за 2022 година на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот е замислен како книга за траумата, но и за терапевтското влијание на пишувањето. Ова е книга за разбирањето, за милоста и за прошката. Најпосле, тоа е книга што се обидува да зборува за неискажливото доживување на врховната едност, која сè наоколу трајно преобразува во свест, љубов, радост и благодарност.

Според Фросина Пармаковска овој роман е „обид за автофикција“, односно книга која преку „себеосознавање, себесоочување и самопомош“ говори за траумите од животните преломи кои можат да остават траен белег при градењето на карактерот на еден човек. Додека за ликовниот уметник Никола Пијанманов, авторот Живко Грозданоски преку овој ракопис проникливо, „откривајќи ја полнотата на празнината, преку долга, исцрпувачка автоперцепција“ успеал „создавајќи еден неверојатен роман/автопортрет“ успеал да ни ги открие „најскриените брчки и лузни на неговото лице осветлено со блесоци од сеќавања и набљудувања на стварното, кое некогаш сосема ненадејно, најмалку очекувано, се претвора во сон. Поточно во испрекинат сон, кој не може да заврши и кулминира, нити во доброто ниту во лошото.“

Самиот автор ќе каже: „Во време во кое стварноста во голема мера ни е обликувана од впечатоци и доживувања од Фејсбук и ним сл. мрежи што обично ги преплавуваме со успешни, беспрекорни и најпосле, редовно на некој начин „монтирани“ слики, можеби навистина има глад за некаква противтежа, за нешто што би можело да се види како автентичност (па нека е таа и фикционализирана, и изнасилена; па нека е и дел од густа приказна, натоварена со милион цитати).“

„Писмо за Глорија“ е роман кој додека го читате ве наведува на интроспекција, на споредување со главниот лик и неговите избори во конкретни ситуации; реалноста на моменти е толку јасна и чиста, а веќе на следната страница умешно потопена во имагинацијата. Во приказната се испреплетени минатото, сегашноста и планираните настани во иднината, но тука е пред сѐ очекувањето на средбата со Глорија и енергијата што ја дава сеќавањето на неа. Романот говори за обичноста на секојдневието, за едноставноста во комуникацијата меѓу луѓето, за нотирањето на сегменти од животот кои се уникатни и само нам исклучително важни. Оваа книга го анализира односот со самиот себе, но и со другите, говори за себеоткривањето како можност за исцелување, за повлекувањето во виугите на себството како излез низ тунелот на егзистенција; за љубопитноста како одговор на препреките што ни се појавуваат на патот. Овој роман-патешествие нѐ потсетува на пријателството, на важноста да бидеме сами и кога сме во друштво и обратно: да бидеме уво за премрежињата низ кои поминуваат оние околу нас.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

 

The post Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица appeared first on Република.

]]>

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 8 април 2023 година во 20 часот во кафе бар „Нагоре“ во Струмица организира промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски. Настанот ќе го отвори и модерира Митко Гогов, а промотор на романот ќе биде писателот Ацо Гогов. По промоцијата музика ќе пушта dj Alex Stoilov. „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во издание на „Или-или“ е еден од четирите романи финалисти што влегоа во потесниот избор за „Роман на годината“ за 2022 година на Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е замислен како книга за траумата, но и за терапевтското влијание на пишувањето. Ова е книга за разбирањето, за милоста и за прошката. Најпосле, тоа е книга што се обидува да зборува за неискажливото доживување на врховната едност, која сè наоколу трајно преобразува во свест, љубов, радост и благодарност. Според Фросина Пармаковска овој роман е „обид за автофикција“, односно книга која преку „себеосознавање, себесоочување и самопомош“ говори за траумите од животните преломи кои можат да остават траен белег при градењето на карактерот на еден човек. Додека за ликовниот уметник Никола Пијанманов, авторот Живко Грозданоски преку овој ракопис проникливо, „откривајќи ја полнотата на празнината, преку долга, исцрпувачка автоперцепција“ успеал „создавајќи еден неверојатен роман/автопортрет“ успеал да ни ги открие „најскриените брчки и лузни на неговото лице осветлено со блесоци од сеќавања и набљудувања на стварното, кое некогаш сосема ненадејно, најмалку очекувано, се претвора во сон. Поточно во испрекинат сон, кој не може да заврши и кулминира, нити во доброто ниту во лошото.“ Самиот автор ќе каже: „Во време во кое стварноста во голема мера ни е обликувана од впечатоци и доживувања од Фејсбук и ним сл. мрежи што обично ги преплавуваме со успешни, беспрекорни и најпосле, редовно на некој начин „монтирани“ слики, можеби навистина има глад за некаква противтежа, за нешто што би можело да се види како автентичност (па нека е таа и фикционализирана, и изнасилена; па нека е и дел од густа приказна, натоварена со милион цитати).“ „Писмо за Глорија“ е роман кој додека го читате ве наведува на интроспекција, на споредување со главниот лик и неговите избори во конкретни ситуации; реалноста на моменти е толку јасна и чиста, а веќе на следната страница умешно потопена во имагинацијата. Во приказната се испреплетени минатото, сегашноста и планираните настани во иднината, но тука е пред сѐ очекувањето на средбата со Глорија и енергијата што ја дава сеќавањето на неа. Романот говори за обичноста на секојдневието, за едноставноста во комуникацијата меѓу луѓето, за нотирањето на сегменти од животот кои се уникатни и само нам исклучително важни. Оваа книга го анализира односот со самиот себе, но и со другите, говори за себеоткривањето како можност за исцелување, за повлекувањето во виугите на себството како излез низ тунелот на егзистенција; за љубопитноста како одговор на препреките што ни се појавуваат на патот. Овој роман-патешествие нѐ потсетува на пријателството, на важноста да бидеме сами и кога сме во друштво и обратно: да бидеме уво за премрежињата низ кои поминуваат оние околу нас. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.  

The post Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски во Струмица appeared first on Република.

]]>
Промоција на новиот роман на Живко Грозданоски „Писмо за Глорија“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-noviot-roman-na-zhivko-grozdanoski-pismo-za-glorija/ Mon, 27 Feb 2023 10:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=613677

Во среда, на први март со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глроија“ од Живко Грозданоски, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“.

Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите.

„Романот „Писмо за Глорија“ а автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж - испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, ИЛИ-ИЛИ, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post Промоција на новиот роман на Живко Грозданоски „Писмо за Глорија“ appeared first on Република.

]]>

Во среда, на први март со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глроија“ од Живко Грозданоски, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите. „Романот „Писмо за Глорија“ а автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж - испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, ИЛИ-ИЛИ, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post Промоција на новиот роман на Живко Грозданоски „Писмо за Глорија“ appeared first on Република.

]]>
„Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Гроздановски „Писмо за Глорија“ https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-objavi-noviot-roman-na-zivko-grozdanovski-pismo-za-glorija/ Fri, 09 Dec 2022 09:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=583590

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“.

По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post „Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Гроздановски „Писмо за Глорија“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“. По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, продолжуваме со поддршката и издавањето на новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели. Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, Или-или, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

The post „Или-Или“ го објави новиот роман на Живко Гроздановски „Писмо за Глорија“ appeared first on Република.

]]>