Живко Чинго Archives - Република https://republika.mk/tema/zivko-chingo/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Живко Чинго Archives - Република https://republika.mk/tema/zivko-chingo/ 32 32 Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи https://republika.mk/vesti/kultura/zhivko-chingo-beshe-majstor-na-zborot-umetnik-koj-ja-prikazha-dushata-na-makedonija-niz-svoite-raskazi-i-romani/ Wed, 14 Aug 2024 07:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=806361

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец.

Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“.

Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.

Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат.

Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите.

Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска.

Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето.

Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска.

Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски.

Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ.

Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти.

извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.
Вечерва сме повторно тука, во светилиштето на манастирот Света Петка, во родното место на еден од највеличествените македонски творци, чие перо, со најдлабоки емоции го овековечи духот на македонскиот народ, во неповторливи ремек-дела. Со најдлабока почит ја вреднуваме оваа наша привилегија да го славиме ликот и делото на нашиот великан, нашиот Живко Чинго. Тој, со својот животен пат и работа е симбол на македонските корени и стремежи. Неговите зборови го носат печатот на исконското, на она што е длабоко врежано во нашето битие. Преку неговото препознатливо творештво, тој стана гласот на сите оние кои зборуваат преку своето срце, без компромис и без страв, рече Крстеска.
Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој успеа да ја прикаже душата на Македонија низ своите раскази и романи. Неговите дела се споменик на нашата книжевност, вечни сведоци на времето и животот. Преку неговата неповторлива проза, Чинго создаде светови кои дишат и кои треперат. Неговата проза, потенцираше, е толку длабока и значајна, што и денес продолжува да ги инспирираа читателите и писателите. Како што самиот Живко Чинго ќе каже: „…тоа што си им го дал на другите-само тоа е твое, во тоа е смислата“. Оваа мудрост нѐ потсетува дека најголемата сила лежи во заедништвото и во споделувањето, тоа е најголемата сила на човекот. Општина Охрид, како чувар на културното и историското наследство, со гордост го вреднува и чува делото на Чинго. Остануваме доследни на оваа света должност и ќе продолжиме достоинствено да го негуваме неговото наследство и во иднина, за да можат новите генерации да ги спознаат и почувствуваат големите вредности, кои тој ги остави зад себе, додаде Крстеска. Воедно упати честитки до годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ Дијана Петрова, чие дело како што рече претставува продолжение на богатата македонска книжевна традиција и потврда дека зборот има моќ да создаде светови и да допре до срцата на луѓето. Верувам дека оваа манифестација ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе продолжи да биде препознатлив културен белег на Велгошти и на Охрид, истакна Крстеска. Годинешен беседник за ликот, делото и живото на Живко Чинго беше еминентниот македонски поет, литературен критичар, преведувач и новинар, Бранко Цветкоски. Манифестацијата беше збогатена со културно уметничката програма, а публиката имаше можност да го проследи настапот на квартетот „Струни“ во кој членуваат талентираните музучари Олгица Шундиќ, Сандра Крстевска, Иван Петровски и Љупка Каевиќ. Свој настап во рамки на свеченоста имаа и членовите на КУД „Филиграни“ од Велгошти. извор/ фото: Охридњуз

The post Живко Чинго беше мајстор на зборот, уметник кој ја прикажа душата на Македонија низ своите раскази и романи appeared first on Република.

]]>
Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-dijana-petrova-ke-i-bide-vrachena-nagradata-za-najdobar-raskaz-na-konkursot-zhivko-chingo/ Tue, 13 Aug 2024 09:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=806069

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.

Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти

The post Вечерва на Дијана Петрова ќе и биде врачена наградата за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година https://republika.mk/vesti/kultura/dijana-petrova-e-laureatkata-na-nagradata-zhivko-chingo-za-najdobar-raskaz-za-2024-godina/ Thu, 08 Aug 2024 18:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=804713

Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 доставени трудови го издвои нејзниот расказ „Јоанес Даубманус“ како најдобар, посочувајќи го како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Наградата на авторката ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во селото Велгошти, родното село на Чинго.

The post Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература. Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 доставени трудови го издвои нејзниот расказ „Јоанес Даубманус“ како најдобар, посочувајќи го како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. Наградата на авторката ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во селото Велгошти, родното село на Чинго.

The post Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството https://republika.mk/vesti/kultura/raskazot-joanes-daubmanus-pod-shifra-fanatik-pobedi-na-konkursot-zhivko-chingo-avtorot-do-9-avgust-treba-da-se-javi-za-dokazhuvane-na-avtorstvoto/ Wed, 07 Aug 2024 20:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=804348

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид.

Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во родното цело на Чинго, селото Велгошти.

The post Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството appeared first on Република.

]]>

Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател. Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид. Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи  на 13 август 2024 година во родното цело на Чинго, селото Велгошти.

The post Расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра „Фанатик“ победи на конкурсот „Живко Чинго“, авторот до 9 август треба да се јави за докажување на авторството appeared first on Република.

]]>
Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/ Mon, 08 Jul 2024 17:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=794687

Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач.

Според пропозициите, право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата на Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, а авторското право се докажува со четвртиот примеро. Жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.

The post Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач. Според пропозициите, право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата на Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“. Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, а авторското право се докажува со четвртиот примеро. Жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 8 август.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти, информираат од Општина Охрид.

The post Распишан конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>
Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ https://republika.mk/vesti/kultura/raspishana-nagradata-za-najdobar-raskaz-zhivko-chingo/ Wed, 05 Jul 2023 07:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=658221

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата - Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

 

The post Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата - Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“, а авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31 овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август. Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.  

The post Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ appeared first on Република.

]]>