жири Archives - Република https://republika.mk/tema/ziri/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 07:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жири Archives - Република https://republika.mk/tema/ziri/ 32 32 Саша Милошевиќ- Маре дел од жирито на „Охрид-фест“: За мене е магија кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас https://republika.mk/scena/sasha-miloshevik-mare-del-od-zhirito-na-ohrid-fest-za-mene-e-magija-koga-ke-prepoznam-talent-koga-nekoj-znae-da-ja-prenese-emotsijata-i-ima-glas/ Fri, 23 Aug 2024 07:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=809272

Саша Милошевиќ- Маре, композитор и текстописец со блескава кариера, (меѓу останатото, автор на „Молитва“), е член на жирито на овогодинешното, 31-во издание на„Охрид фест“.

Драго ми е што сум дел од жирито,  вели, Маре. Jа сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика а имам и многу пријатели... Да си во жирито е голема одговорност, и таа улогата не е секогаш многу омилена. Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму покрај врвни пејачи има и многу аматери...Но, за мене магија е кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас. Тоа е совршена техника и знак дека некој „ја поминува рампата“. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.“

Oва не е е прв пат Маре да е дел од фестивалот. Во во 2007 бил во жирито на „Охрид фест“, истата година кога со „Против срца“ настапи групата „Бјути квинс“.

The post Саша Милошевиќ- Маре дел од жирито на „Охрид-фест“: За мене е магија кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас appeared first on Република.

]]>

Саша Милошевиќ- Маре, композитор и текстописец со блескава кариера, (меѓу останатото, автор на „Молитва“), е член на жирито на овогодинешното, 31-во издание на„Охрид фест“.
Драго ми е што сум дел од жирито,  вели, Маре. Jа сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика а имам и многу пријатели... Да си во жирито е голема одговорност, и таа улогата не е секогаш многу омилена. Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму покрај врвни пејачи има и многу аматери...Но, за мене магија е кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас. Тоа е совршена техника и знак дека некој „ја поминува рампата“. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.“
Oва не е е прв пат Маре да е дел од фестивалот. Во во 2007 бил во жирито на „Охрид фест“, истата година кога со „Против срца“ настапи групата „Бјути квинс“.

The post Саша Милошевиќ- Маре дел од жирито на „Охрид-фест“: За мене е магија кога ќе препознам талент, кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас appeared first on Република.

]]>
Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа https://republika.mk/scena/muzika/andrijana-so-solzi-vo-ochite-otkako-zhirikomisijata-vo-zvezdite-na-grand-se-ispokara-poradi-nea/ Tue, 21 May 2024 13:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=780468

Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона, Македонија ќе има одличен претставник, а богами и сериозен фаворит за едно од првите три места.

Станува збор за атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четврт-финалето на ова музичко шоу.

Петрушовска овојпат малку се помачи, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, но она што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, е токму нејзиниот настап.

Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ - Босанац и Мили на една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе од другата страна...

Поради непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути, на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана.

Но, најважно од се е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму.

Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од најбараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд.

Погледнете ја расправијата помеѓу жири-комисијата:

The post Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа appeared first on Република.

]]>

Полека се ближи финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а како во минатата, така и во оваа сезона, Македонија ќе има одличен претставник, а богами и сериозен фаворит за едно од првите три места. Станува збор за атрактивната пејачка Андријана Петрушовска, која во саботата обезбеди пласман во четврт-финалето на ова музичко шоу. Петрушовска овојпат малку се помачи, па пласманот понатаму го обезбеди преку бараж, но она што предизвика расправии помеѓу жири-комисијата, е токму нејзиниот настап. Имено, во дуелот со својата противкандидатка, нашата Андријана на крајот доби помалку гласови, а тоа беше причина за кавга помеѓу Ана Бекута, Драган Стојковиќ - Босанац и Мили на една страна, а Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓурушиќ и Ѓорѓе од другата страна... Поради непријатната ситуација на сцената која траеше неколку минути, на моменти можеа да се видат и солзи во очите на нашата Андријана. Но, најважно од се е тоа што Петрушовска обезбеди пласман понатаму. Инаку Андријана полека, но сигурно станува една од најбараните пејачки кога се во прашање живите настапи, а доказ за тоа е многубројната публика секаде каде таа настапува со својот бенд. Погледнете ја расправијата помеѓу жири-комисијата:

The post Андријана со солзи во очите откако жирикомисијата во „Ѕвездите на Гранд“ се испокара поради неа appeared first on Република.

]]>
За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски https://republika.mk/vesti/kultura/za-najdobrite-filmovi-na-kinenova-ke-odluchuvaat-leh-majevski-debora-van-dam-i-dejan-dukovski/ Tue, 17 Oct 2023 06:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=691895

На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија.
Низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција се изнедрија универзуми на осум нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои публиката имаше можност да ги види актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина.


Лех Мајевски е поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник. Член е на Академијата за филмски уметности и науки и Европската филмска академија. Работејќи во САД, Бразил, Англија, Полска, Германија, Литванија, Франција и Италија, Мајевски ги гради своите визии во неговите слики, филмови, инсталации, романи, театар и оперски постановки. Студирал на Краковската академија за ликовни уметности и дипломирал на Националното филмско училиште во Лоѓ, Полска. Неговиот режисерски потпис е на филмови како „Витез“, „Затвореникот од Рио“, „Евангелие според Хари“, „Собата на срна“, „Баскијат“, „Војачек“, „Ангелус“, „Градината на земните задоволства“, „Стаклени усни“, „Воденицата и крстот“, „Онирика“ и „Долина на боговите“. Презентирани на фестивали во Торонто, Њујорк, Рио де Жанеиро, Ерусалим, Москва, Берлин, Венеција и Кан, овие филмови добија бројни награди.
Неговите видеа, филмови и уметнички дела се прикажани во разни галерии и музеи, вклучувајќи ја и Националната галерија ду Жеу де Паум во Париз; Уметничката галерија Вајтчепел во Лондон; Museo des Belles Artes, Буенос Аирес; Форум за слики, Токио; Музеј на уметност во Тел-Авив; Националната галерија во Лондон; во Музејот Прадо во Мадрид; Уметнички институт во Чикаго; во Лувр и на Венециското биенале. Музејот на модерна уметност во Њујорк МОМА, му укажа чест со индивидуална ретроспектива изложба насловена „Лех Мајевски: поттикнување на подвижната слика“. Неговата инсталација Blood of a Poet/Glass Lips учествуваше на 52-то Венециско биеналe.


Дебора Ван Дам (Хаг) студирала право (магистерски и додипломски студии) во Лајден. По дипломирањето, таа работела во корпоративниот свет неколку години. Набргу потоа, таа се префрла на „раскажување приказни“. Во 2006 година, Дебора го имаше своето филмско деби со документарниот филм „Liesbeth List- Em brace Me“. Камерата и режијата се потпишани од неа. Ова дебитантско филмско дело на Дебора е добива номинација за наградата Имиџ и звук во 2007 година.
Филмовите на Дебора се карактеризираат со интимни набљудувања во кои се разоткрива личната „драма“. За документарниот филм „Бебето“ (2013) Дебора го добива признанието од жирито на Нипков. Со нејзиниот филм „KUYT“ (2017), Ван Дам ја освои меѓународната награда „Паладиум“, а нејзината прва документарна серија „Соочени едни со други“ доби силно медиумско внимание. Како резултат на тоа, Дебора Ван Дам стана незаменлив дел од холандскиот филмски пејзаж. Покрај тоа, Дебора сè повеќе го користи медиумот за фотографија за да раскажува приказни. И автономно и во комбинација со филм.


Дејан Дуковски е драмски писател и сценарист. Дипломира на отсек Драматургија на ФДУ, Скопје, во класата на европски прославениот драмски писател и професор Горан Стефановски. Предавал на ФДУ, Скопје, отсек Филмско и ТВ сценарио. Престојувал како писател во резиденција во Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија, а од 2015 година работи како драматург во Македонскиот народен театар, Скопје. Ги напишал драмските текстови: „Балканска“, „Балкански вампир“, „Силјан Штркот Шанца“„Балканот не е мртов“, „Буре барут“ (текстот е поставен на театарските сцени во цел свет и учествувал на голем број Европски и светски фестивали, каде што освоил бројни награди. Сите негови драмски текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно наградувани, а статистички тој е најизведуван македонски драмски писател. Автор е на филмските сценарија: „Светло сиво“, „Како во лош сон“ (базирано на неговиот текст „Маме му ебам кој прв почна“), „Ѕвонење во глава“, „Балканот не е мртов“ (базирано на неговиот истоимен текст) и „Буре барут“. Филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ има освоено бројни награди: ФИПРЕСЦИ, Меѓународна награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 1998 година, ФИПРЕСЦИ, награда за најдобар филм на Европската академија за филм, 1998, наградата „Бронзена камера 300“, на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Анталија, Турција, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Хаифи, Израел итн.

The post За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>

На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија. Низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција се изнедрија универзуми на осум нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои публиката имаше можност да ги види актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина. Лех Мајевски е поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник. Член е на Академијата за филмски уметности и науки и Европската филмска академија. Работејќи во САД, Бразил, Англија, Полска, Германија, Литванија, Франција и Италија, Мајевски ги гради своите визии во неговите слики, филмови, инсталации, романи, театар и оперски постановки. Студирал на Краковската академија за ликовни уметности и дипломирал на Националното филмско училиште во Лоѓ, Полска. Неговиот режисерски потпис е на филмови како „Витез“, „Затвореникот од Рио“, „Евангелие според Хари“, „Собата на срна“, „Баскијат“, „Војачек“, „Ангелус“, „Градината на земните задоволства“, „Стаклени усни“, „Воденицата и крстот“, „Онирика“ и „Долина на боговите“. Презентирани на фестивали во Торонто, Њујорк, Рио де Жанеиро, Ерусалим, Москва, Берлин, Венеција и Кан, овие филмови добија бројни награди. Неговите видеа, филмови и уметнички дела се прикажани во разни галерии и музеи, вклучувајќи ја и Националната галерија ду Жеу де Паум во Париз; Уметничката галерија Вајтчепел во Лондон; Museo des Belles Artes, Буенос Аирес; Форум за слики, Токио; Музеј на уметност во Тел-Авив; Националната галерија во Лондон; во Музејот Прадо во Мадрид; Уметнички институт во Чикаго; во Лувр и на Венециското биенале. Музејот на модерна уметност во Њујорк МОМА, му укажа чест со индивидуална ретроспектива изложба насловена „Лех Мајевски: поттикнување на подвижната слика“. Неговата инсталација Blood of a Poet/Glass Lips учествуваше на 52-то Венециско биеналe. Дебора Ван Дам (Хаг) студирала право (магистерски и додипломски студии) во Лајден. По дипломирањето, таа работела во корпоративниот свет неколку години. Набргу потоа, таа се префрла на „раскажување приказни“. Во 2006 година, Дебора го имаше своето филмско деби со документарниот филм „Liesbeth List- Em brace Me“. Камерата и режијата се потпишани од неа. Ова дебитантско филмско дело на Дебора е добива номинација за наградата Имиџ и звук во 2007 година. Филмовите на Дебора се карактеризираат со интимни набљудувања во кои се разоткрива личната „драма“. За документарниот филм „Бебето“ (2013) Дебора го добива признанието од жирито на Нипков. Со нејзиниот филм „KUYT“ (2017), Ван Дам ја освои меѓународната награда „Паладиум“, а нејзината прва документарна серија „Соочени едни со други“ доби силно медиумско внимание. Како резултат на тоа, Дебора Ван Дам стана незаменлив дел од холандскиот филмски пејзаж. Покрај тоа, Дебора сè повеќе го користи медиумот за фотографија за да раскажува приказни. И автономно и во комбинација со филм. Дејан Дуковски е драмски писател и сценарист. Дипломира на отсек Драматургија на ФДУ, Скопје, во класата на европски прославениот драмски писател и професор Горан Стефановски. Предавал на ФДУ, Скопје, отсек Филмско и ТВ сценарио. Престојувал како писател во резиденција во Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија, а од 2015 година работи како драматург во Македонскиот народен театар, Скопје. Ги напишал драмските текстови: „Балканска“, „Балкански вампир“, „Силјан Штркот Шанца“„Балканот не е мртов“, „Буре барут“ (текстот е поставен на театарските сцени во цел свет и учествувал на голем број Европски и светски фестивали, каде што освоил бројни награди. Сите негови драмски текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно наградувани, а статистички тој е најизведуван македонски драмски писател. Автор е на филмските сценарија: „Светло сиво“, „Како во лош сон“ (базирано на неговиот текст „Маме му ебам кој прв почна“), „Ѕвонење во глава“, „Балканот не е мртов“ (базирано на неговиот истоимен текст) и „Буре барут“. Филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ има освоено бројни награди: ФИПРЕСЦИ, Меѓународна награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 1998 година, ФИПРЕСЦИ, награда за најдобар филм на Европската академија за филм, 1998, наградата „Бронзена камера 300“, на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Анталија, Турција, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Хаифи, Израел итн.

The post За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>
Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-madhirov-beshe-chlen-na-zhirito-za-svetskata-nagrada-grifin-poetri-prajz/ Fri, 16 Jun 2023 11:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=652108

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс.

Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.

На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.

Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други.

Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.
На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.
Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд. Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други. Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>
Теондолинда Паскуал од Португалија претседателка на жирито на „Мал битолски Монмартр“ https://republika.mk/vesti/kultura/teondolinda-paskual-od-portugalija-pretsedatelka-na-zhirito-na-mal-bitolski-monmartr/ Mon, 22 May 2023 11:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=643596

Ликовниот педагог Теондолинда Паскуал од Португалија е избрана за претседателка на жирито за годинешната 42. меѓународна детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, која почнува утревечер во Битола.

Ликовниот педагог Паскуал, заедно со Всеволод Романков од Русија и Марија Дима од Романија, до 30 мај, секојдневно ќе ги оценуваат ликовните творби на учесниците на колонијата и ќе доделуваат „Награда на денот“, информираа организаторите на „Мал битолски Монмартр“.

Најновото издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ свечено ќе биде отворено утревечер со врачување на наградата Гран при која годинава им припадна на младите членови на детското студио „Simply Art“ од Хонг Конг, Кина.

На публиката ќе им биде презентирана 41. Меѓународна детска ликовна изложба „Битола 2023“ со дела од светскиот детски ликовен конкурс на кој со одлука на меѓународна жири комисија посебни награди – златна палета ќе добијат ученичките Леа Стерјев, Ана Полизовска, Сара Наумовска, Марија Јанкуловска и Сирма Спиркоска, а диплома ќе им биде доделена на Никола Тасевски, Јана Талевска, Фросина Полизовска и Томисла Атанасовски, дите членови на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, организатор и домаќин на детскаката ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

The post Теондолинда Паскуал од Португалија претседателка на жирито на „Мал битолски Монмартр“ appeared first on Република.

]]>

Ликовниот педагог Теондолинда Паскуал од Португалија е избрана за претседателка на жирито за годинешната 42. меѓународна детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, која почнува утревечер во Битола.

Ликовниот педагог Паскуал, заедно со Всеволод Романков од Русија и Марија Дима од Романија, до 30 мај, секојдневно ќе ги оценуваат ликовните творби на учесниците на колонијата и ќе доделуваат „Награда на денот“, информираа организаторите на „Мал битолски Монмартр“. Најновото издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ свечено ќе биде отворено утревечер со врачување на наградата Гран при која годинава им припадна на младите членови на детското студио „Simply Art“ од Хонг Конг, Кина. На публиката ќе им биде презентирана 41. Меѓународна детска ликовна изложба „Битола 2023“ со дела од светскиот детски ликовен конкурс на кој со одлука на меѓународна жири комисија посебни награди – златна палета ќе добијат ученичките Леа Стерјев, Ана Полизовска, Сара Наумовска, Марија Јанкуловска и Сирма Спиркоска, а диплома ќе им биде доделена на Никола Тасевски, Јана Талевска, Фросина Полизовска и Томисла Атанасовски, дите членови на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, организатор и домаќин на детскаката ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

The post Теондолинда Паскуал од Португалија претседателка на жирито на „Мал битолски Монмартр“ appeared first on Република.

]]>
Рубен Остлунд ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал https://republika.mk/scena/film/ruben-ostlund-ke-pretsedava-so-zhirito-na-kanskiot-filmski-festival/ Tue, 28 Feb 2023 14:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=614299

Шведскиот режисер Рубен Остлунд е најавен за претседател на овогодинешниот Кански филмски фестивал во мај.

Од неговиот успех со освојувањето на посакуваната „Златна палма“ по втор пат минатата година со неговиот повеќекратни награден „Триаголник на тагата“, Швеѓанецот ќе го предводи панелот,  50 години по неговата сонародничка Ингрид Бергман.

По Френсис Форд Копола и Емир Кустурица, Остлунд станува,третиот двократно наградуван режисер кој станал претседател на жирито и првиот што ја преземал оваа улога годината по неговото крунисување.

Како реакција на неговото назначување, Остлунд рече: „Среќен сум, горд и понизен што ми е доверена честа да претседавам со жирито на овогодинешниот филмски фестивал во Кан. Ниту едно друго место во светот не буди таква желба за кино кога се крева завесата на филм во конкуренција. Каква шанса да се биде таму со овие познавачи кои се посетителите на фестивалот во Кан. Искрено верувам дека филмската култура минува низ клучен период. Киното е единствено. Ние го споделуваме. Гледањето заедно бара повеќе од она што е се прикажува и го засилува искуството. Тоа ни дава нешто толку различно од допаминот што се лачи со лизгањето на поединечните екрани“.

Лудило на модерните зависности

Хипнотичкиот ефект на мобилната модерна технологија е тема на која Остлунд честопати се осврнувал во и надвор од неговата работа на големиот екран, така што неговото претседавање со жирито би можело да сигнализира нешто за кинематографските пуристи.

Во само шест долгометражни филмови, режисерот има две селекции на Un Certain Regard, од кои ја доби наградата на жирито во 2014 година, пред да дебитира во конкуренција. Веднаш штом беше вклучен, двапати му беше доделена „Златната палма“. Прво за „Плоштад“ на 70. Кански филмски фестивал, потоа за неговиот следен филм „Триаголник на тагата“, награден минатата година.

Неговиот следен краток филм, „Автобиографска сцена број 6882“, ги содржи сите состојки на неговото идно дело, кои се афирмирани во Среќна Шведска, долгометражен филм избран на Un Certain Regard во 2008 година.

Во Snow Therapy, претставена на Un Certain Regard во 2014 година, оваа ситуација добива форма на лавина каде таткото претпочита да се засолни со својот мобилен телефон наместо да ги спасува своите деца и неговата сопруга. Последователната драма и комедијата доаѓаат од конфронтацијата помеѓу нашите основни инстинкти и она што општеството го диктира е вистинскиот начин на однесување.

Во 2017 година, во „Плоштад“, тој фиктивализира уметнички експеримент што го спроведе во неговата родна земја. Филмот брилијантно ги разгледува границите на јавниот простор, уметноста и нашиот животински дел.

„Како претседател“, заклучува Рубен Остлунд, „Ќе ги потсетам моите колеги од жирито за улогата на киното. Добриот филм се поврзува и со колективното искуство, поттикнува размислување и ве тера да разговарате за тоа. Значи, ајде да видиме филмови заедно!”

Седумдесет и шестото издание на Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 16 до 27 мај

The post Рубен Остлунд ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Шведскиот режисер Рубен Остлунд е најавен за претседател на овогодинешниот Кански филмски фестивал во мај. Од неговиот успех со освојувањето на посакуваната „Златна палма“ по втор пат минатата година со неговиот повеќекратни награден „Триаголник на тагата“, Швеѓанецот ќе го предводи панелот,  50 години по неговата сонародничка Ингрид Бергман. По Френсис Форд Копола и Емир Кустурица, Остлунд станува,третиот двократно наградуван режисер кој станал претседател на жирито и првиот што ја преземал оваа улога годината по неговото крунисување. Како реакција на неговото назначување, Остлунд рече: „Среќен сум, горд и понизен што ми е доверена честа да претседавам со жирито на овогодинешниот филмски фестивал во Кан. Ниту едно друго место во светот не буди таква желба за кино кога се крева завесата на филм во конкуренција. Каква шанса да се биде таму со овие познавачи кои се посетителите на фестивалот во Кан. Искрено верувам дека филмската култура минува низ клучен период. Киното е единствено. Ние го споделуваме. Гледањето заедно бара повеќе од она што е се прикажува и го засилува искуството. Тоа ни дава нешто толку различно од допаминот што се лачи со лизгањето на поединечните екрани“. Лудило на модерните зависности Хипнотичкиот ефект на мобилната модерна технологија е тема на која Остлунд честопати се осврнувал во и надвор од неговата работа на големиот екран, така што неговото претседавање со жирито би можело да сигнализира нешто за кинематографските пуристи. Во само шест долгометражни филмови, режисерот има две селекции на Un Certain Regard, од кои ја доби наградата на жирито во 2014 година, пред да дебитира во конкуренција. Веднаш штом беше вклучен, двапати му беше доделена „Златната палма“. Прво за „Плоштад“ на 70. Кански филмски фестивал, потоа за неговиот следен филм „Триаголник на тагата“, награден минатата година. Неговиот следен краток филм, „Автобиографска сцена број 6882“, ги содржи сите состојки на неговото идно дело, кои се афирмирани во Среќна Шведска, долгометражен филм избран на Un Certain Regard во 2008 година. Во Snow Therapy, претставена на Un Certain Regard во 2014 година, оваа ситуација добива форма на лавина каде таткото претпочита да се засолни со својот мобилен телефон наместо да ги спасува своите деца и неговата сопруга. Последователната драма и комедијата доаѓаат од конфронтацијата помеѓу нашите основни инстинкти и она што општеството го диктира е вистинскиот начин на однесување. Во 2017 година, во „Плоштад“, тој фиктивализира уметнички експеримент што го спроведе во неговата родна земја. Филмот брилијантно ги разгледува границите на јавниот простор, уметноста и нашиот животински дел. „Како претседател“, заклучува Рубен Остлунд, „Ќе ги потсетам моите колеги од жирито за улогата на киното. Добриот филм се поврзува и со колективното искуство, поттикнува размислување и ве тера да разговарате за тоа. Значи, ајде да видиме филмови заедно!” Седумдесет и шестото издание на Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 16 до 27 мај

The post Рубен Остлунд ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм https://republika.mk/scena/film/severen-pol-na-marija-apchevska-vo-natprevaruvachka-selekcija-na-festival-vo-nansi-a-igor-ivanov-izi-chlen-na-zirito-za-dokumentaren-film/ Mon, 05 Sep 2022 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=547522

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА.

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот.

Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА. Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот. Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>
Претставено фестивалското жири на Браќа Манаки https://republika.mk/vesti/kultura/pretstaveno-festivalskoto-ziri-na-brakja-manaki/ Thu, 25 Aug 2022 13:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=544051

Членовите на жири комисијата денеска на прес конференција беа претставени пред новинарите. Тие ќе одлучуваат за доделување на наградите Златна камера 300, Сребрена камера 300 и Бронзена камера 300 и за кратките филмови ќе ја донесат одлуката за добитникот на Малата камера 300.

Како и секоја година комисијата брои пет членови, а претседател е искусниот кинематографер Жан Мари Дружу, член на француската асоцијација на кинематографери, кој има неколку значителни остварувања и номинации за наградата „Цезар“.

Првпат сум во Битола. Многу сум слушал за градот и за фестивалот од многу мои колеги и особено ми е драго што ова е 43. издание на фестивалот, а истовремено и јас одбележувам 43 години работа како кинематографер и тоа е прекрасно совпаѓање. Импресиониран сум од проекциите и од квалитетот, рече Дружу.

Во поглед на методологијата според која ќе се носат одлуките претседателот на жирито вели дека имаат три критериуми, односно аспекти кои се разгледуваат за кои дискутираат секој ден по проекциите: камерата, дали камерата и служи на приказната на филмот, филмот како целина, односно емотивниот импакт на гледачот.

Маја Богојевиќ, основачка и главна уредничка на црногорскиот магазин „Камера лусида“. Професорка по филмска теорија на Факултетот за уметности во Долна Горица, претседателка на црногорската национална секција на Фипресци и член на Фипресци жирито на Канскиот фестивал во 2013 година.

Жал ми е што мојата колешка Мелиса не можеше да дојде овде за жените да бидат побројни на конференцијата, но сепак сеуште се чувствува женската енергија. Ја сакам Битола и фестивалот „Браќа Манаки, сум доаѓала многу пати на Фестивалот, едноставно ја сакам Македонија, рече Богојевиќ.

Карлос Дијас Мунос е претседател на Друштвото на кинематографери во Мексико. Член е на тоа друштво уште од 2004 година, мошне прецизен во однос на наративноста, визуелните ефекти и автор на музички видеа, документарци, реклами...Учестувал во над 2.000 вакви проекти во неговата 35-годишна кариера.

Почестен што сум дел од Фестивалот што ги слави кинематограферите, кој е толку респектабилен во светот на филмските работници. Мојот впечаток е топлината на луѓето и топлината која ја почувствував, овде, во Битола и шансата што ја имам да гледам филмови на манифестација која ги слави кинемтограферите, рече Мунос.

Самир Љума е македонскиот претставник во жирито, бидејќи традиционално во секој жири комисија членува по еден македонски претставник. Најмногу познат по неговиот креативен удел во филмот „Медена земја“ , кој беше македонски кандидат за „Оскар“.

Почестен сум што сум член на жирито заедно со драги колеги кои ги запознав во изминатите денови. Имаме прекрасна соработка. На почетокот се плашев дека во дискусиите околу филмовите може да имаме комплетно различни гледишта, што е нормално, но увидов дека слично размислуваме и мислам дека тоа ќе придонесе за поедноставно донесување на одлуката, иако филмовите се прекрасни, програмата е фантастична и сметам дека ќе имаме конфликт самите со себе да одлучиме кој ќе биде најдобриот иако не сме ги догледале до крај филмовите имаме уште два дена, вели Љума.

Мелиса Созен е турска актерка позната по една од главните улоги во канскиот победник, филмот „Зимски сон“. Глумела во повеќе турски серии и филмови и беше еден од најзабележителните ликови во Битола деновиве.

The post Претставено фестивалското жири на Браќа Манаки appeared first on Република.

]]>

Членовите на жири комисијата денеска на прес конференција беа претставени пред новинарите. Тие ќе одлучуваат за доделување на наградите Златна камера 300, Сребрена камера 300 и Бронзена камера 300 и за кратките филмови ќе ја донесат одлуката за добитникот на Малата камера 300. Како и секоја година комисијата брои пет членови, а претседател е искусниот кинематографер Жан Мари Дружу, член на француската асоцијација на кинематографери, кој има неколку значителни остварувања и номинации за наградата „Цезар“.
Првпат сум во Битола. Многу сум слушал за градот и за фестивалот од многу мои колеги и особено ми е драго што ова е 43. издание на фестивалот, а истовремено и јас одбележувам 43 години работа како кинематографер и тоа е прекрасно совпаѓање. Импресиониран сум од проекциите и од квалитетот, рече Дружу.
Во поглед на методологијата според која ќе се носат одлуките претседателот на жирито вели дека имаат три критериуми, односно аспекти кои се разгледуваат за кои дискутираат секој ден по проекциите: камерата, дали камерата и служи на приказната на филмот, филмот како целина, односно емотивниот импакт на гледачот. Маја Богојевиќ, основачка и главна уредничка на црногорскиот магазин „Камера лусида“. Професорка по филмска теорија на Факултетот за уметности во Долна Горица, претседателка на црногорската национална секција на Фипресци и член на Фипресци жирито на Канскиот фестивал во 2013 година.
Жал ми е што мојата колешка Мелиса не можеше да дојде овде за жените да бидат побројни на конференцијата, но сепак сеуште се чувствува женската енергија. Ја сакам Битола и фестивалот „Браќа Манаки, сум доаѓала многу пати на Фестивалот, едноставно ја сакам Македонија, рече Богојевиќ.
Карлос Дијас Мунос е претседател на Друштвото на кинематографери во Мексико. Член е на тоа друштво уште од 2004 година, мошне прецизен во однос на наративноста, визуелните ефекти и автор на музички видеа, документарци, реклами...Учестувал во над 2.000 вакви проекти во неговата 35-годишна кариера.
Почестен што сум дел од Фестивалот што ги слави кинематограферите, кој е толку респектабилен во светот на филмските работници. Мојот впечаток е топлината на луѓето и топлината која ја почувствував, овде, во Битола и шансата што ја имам да гледам филмови на манифестација која ги слави кинемтограферите, рече Мунос.
Самир Љума е македонскиот претставник во жирито, бидејќи традиционално во секој жири комисија членува по еден македонски претставник. Најмногу познат по неговиот креативен удел во филмот „Медена земја“ , кој беше македонски кандидат за „Оскар“.
Почестен сум што сум член на жирито заедно со драги колеги кои ги запознав во изминатите денови. Имаме прекрасна соработка. На почетокот се плашев дека во дискусиите околу филмовите може да имаме комплетно различни гледишта, што е нормално, но увидов дека слично размислуваме и мислам дека тоа ќе придонесе за поедноставно донесување на одлуката, иако филмовите се прекрасни, програмата е фантастична и сметам дека ќе имаме конфликт самите со себе да одлучиме кој ќе биде најдобриот иако не сме ги догледале до крај филмовите имаме уште два дена, вели Љума.
Мелиса Созен е турска актерка позната по една од главните улоги во канскиот победник, филмот „Зимски сон“. Глумела во повеќе турски серии и филмови и беше еден од најзабележителните ликови во Битола деновиве.

The post Претставено фестивалското жири на Браќа Манаки appeared first on Република.

]]>
Француската ѕвезда Винсент Линдон го предводи жирито на 75. Кански филмски фестивал: Културата и помага на човечката душа да се издигне и да се надева на утре https://republika.mk/scena/film/francuskata-dzvezda-vinsent-lindon-go-predvodi-zirito-na-75-kanski-filmski-festival-kulturata-i-pomaga-na-chovechkata-dusha-da-se-izdigne-i-da-se-nadeva-na-utre/ Wed, 27 Apr 2022 07:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=494099

Винсент Линдон, францускиот актер кој глумеше во филмот „Титан“ кој лани ја освои „Златната палма“ , ќе биде претседател на жирито на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан, кој започнува на 17 мај, соопштија денеска организаторите.

Линдон, кој ја освои наградата за најдобар актер во 2015 година за неговата улога во филмот на Стефан Бризе „The Measure of a Man“, ќе биде првата француска ѕвезда која ќе биде претседател на жирито по Изабел Ипер во 2009 година. Фестивалот соопшти дека „француските познати личности често ја имаат оваа улога во јубилејна година, како што е Ив Монтан во 1987 година за 40-тиот фестивал, Жерар Депардје во 1993 година за 45-тиот фестивал и Изабел Аџани во 1997 година за 50-тиот фестивал.

Жирито ќе го сочинуваат двократниот оскаровец Асгар Фархади („Херој“), како и американскиот актер Џеф Николс („Засолни се“), британската актерка и режисерка Ребека Хол („Поминување“), Индијка родена во Данска,  актерката Дипика Падуконе („Ченаи Експрес“), шведската актерка Нооми Рапас („Јагнето“), италијанскиот актер и режисер Јасмин Тринка („Миеле“), францускиот режисер Ладј Ли („Лесните“) и норвешкиот режисер Јоаким Трир („The Најлошата личност на светот“).

Голема чест и чин на гордост е да ни се довери, среде метежот на сите настани низ кои минуваме во светот, прекрасната, тешка задача да претседаваме со жирито на 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан, рече Линдон во соопштението.

Со моето жири, ќе се стремиме да водиме најдобра можна грижа за филмовите на иднината, кои сите ја носат истата тајна надеж за храброст, лојалност и слобода, со мисија да придвижиме најголем број жени и мажи со зборувајќи им за нивните заеднички рани и радости. Културата и помага на човечката душа да се издигне и да се надева на утре, додаде Линдон.

Со оглед на тоа што фестивалот започнува за три недели, претседателот на жирито на Кан никогаш не бил објавен толку доцна. Тиери Фремо, генералниот делегат на фестивалот, за време на прес-конференцијата рече дека доцнењето е поради достапноста на талентите. Тој претходно и пријде на шпанската актерка Пенелопе Круз која не беше достапна поради друга обврска.

Линдон е долгогодишен пријател на Кан, откако имаше девет филмови претставени на фестивалот од 1987 година. Тој неодамна глумеше во филмот на Клер Денис „Двете страни на сечилото“, кој се натпреваруваше во Берлин и ја освои Сребрената мечка за најдобар режисер.

Годинава 18 филмови ќе се натпреваруваат за „Златната палма на фестивалот“ кој ќе трае до 28 мај.

The post Француската ѕвезда Винсент Линдон го предводи жирито на 75. Кански филмски фестивал: Културата и помага на човечката душа да се издигне и да се надева на утре appeared first on Република.

]]>

Винсент Линдон, францускиот актер кој глумеше во филмот „Титан“ кој лани ја освои „Златната палма“ , ќе биде претседател на жирито на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан, кој започнува на 17 мај, соопштија денеска организаторите. Линдон, кој ја освои наградата за најдобар актер во 2015 година за неговата улога во филмот на Стефан Бризе „The Measure of a Man“, ќе биде првата француска ѕвезда која ќе биде претседател на жирито по Изабел Ипер во 2009 година. Фестивалот соопшти дека „француските познати личности често ја имаат оваа улога во јубилејна година, како што е Ив Монтан во 1987 година за 40-тиот фестивал, Жерар Депардје во 1993 година за 45-тиот фестивал и Изабел Аџани во 1997 година за 50-тиот фестивал. Жирито ќе го сочинуваат двократниот оскаровец Асгар Фархади („Херој“), како и американскиот актер Џеф Николс („Засолни се“), британската актерка и режисерка Ребека Хол („Поминување“), Индијка родена во Данска,  актерката Дипика Падуконе („Ченаи Експрес“), шведската актерка Нооми Рапас („Јагнето“), италијанскиот актер и режисер Јасмин Тринка („Миеле“), францускиот режисер Ладј Ли („Лесните“) и норвешкиот режисер Јоаким Трир („The Најлошата личност на светот“).
Голема чест и чин на гордост е да ни се довери, среде метежот на сите настани низ кои минуваме во светот, прекрасната, тешка задача да претседаваме со жирито на 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан, рече Линдон во соопштението. Со моето жири, ќе се стремиме да водиме најдобра можна грижа за филмовите на иднината, кои сите ја носат истата тајна надеж за храброст, лојалност и слобода, со мисија да придвижиме најголем број жени и мажи со зборувајќи им за нивните заеднички рани и радости. Културата и помага на човечката душа да се издигне и да се надева на утре, додаде Линдон.
Со оглед на тоа што фестивалот започнува за три недели, претседателот на жирито на Кан никогаш не бил објавен толку доцна. Тиери Фремо, генералниот делегат на фестивалот, за време на прес-конференцијата рече дека доцнењето е поради достапноста на талентите. Тој претходно и пријде на шпанската актерка Пенелопе Круз која не беше достапна поради друга обврска. Линдон е долгогодишен пријател на Кан, откако имаше девет филмови претставени на фестивалот од 1987 година. Тој неодамна глумеше во филмот на Клер Денис „Двете страни на сечилото“, кој се натпреваруваше во Берлин и ја освои Сребрената мечка за најдобар режисер. Годинава 18 филмови ќе се натпреваруваат за „Златната палма на фестивалот“ кој ќе трае до 28 мај.

The post Француската ѕвезда Винсент Линдон го предводи жирито на 75. Кански филмски фестивал: Културата и помага на човечката душа да се издигне и да се надева на утре appeared first on Република.

]]>