Зимски МакеДокс Archives - Република https://republika.mk/tema/zimski-makedoks/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:59:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зимски МакеДокс Archives - Република https://republika.mk/tema/zimski-makedoks/ 32 32 Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-nasmeanata-gruzija-na-zimski-makedoks-vo-tsentar-jadro/ Thu, 21 Nov 2024 07:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=840141

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.

Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи на 21 ноември, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе.

Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата. Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб.

Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.

https://youtu.be/LGFSv3Xs_AU?si=b-hGab0FHJOix_yz

 

The post Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи на 21 ноември, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе. Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата. Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб. Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители. https://youtu.be/LGFSv3Xs_AU?si=b-hGab0FHJOix_yz  

The post Проекција на „Насмеаната Грузија“ на „Зимски МакеДокс“ во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Зимски „МакеДокс“ на 11 и 12 ноември во Котур https://republika.mk/vesti/kultura/zimski-makedoks-na-11-i-12-noemvri-vo-kotur/ Mon, 11 Nov 2024 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=836231

Како дел од зимскиот МакеДокс 1/4, на 11 и 12 ноември во Котур од 20.00 часот ќе бидат прикажани два филма.

ACASA, MY HOME/ АКАСА, НАШИОТ ДОМ на режисерот Radu Ciorniciuc, од Романија, Германија, Финска, снимен 2019 година.

Цели дваесет години семејството Енаш – 9 деца со нивните родители – живеат во барака во букурешката делта: напуштен резервоар на вода, еден од најголемите урбани природни басени во светот, со езера и стотици видови животни и ретки растенија. Кога властите ќе решат да го земат овој екосистем под свое, семејството Енаш мора да се пресели во градот – реалност за која не знаат ама баш ништо. Деновите минати во природа сега ќе ги заменат денови на асфалт, пливањето во езерото ќе се замени со седење в клупа, а в раце наместо рибарски мрежи децата ќе држат мобилни телефони. Трогателна и внимателно осмислена приказна за гентрификацијата, видена низ очите на семејство кое се обидува да се приспособи на новиот наметнат живот”.

WE WILL NOT FADE AWAY / НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕМЕ, во режија на Alisa Kovalenko, филм од Украина, Франција и Полска, снимен во 2023 година.

Група тинејџери од Донбас на прагот на зрелоста имаат сон да го освојат светот. Иако оддалеку татнат пукотници и експлозии, тие не губат надеж и сепак решаваат да го следат својот сон да патуваат, кој на крај се претвора во реалност.

 

The post Зимски „МакеДокс“ на 11 и 12 ноември во Котур appeared first on Република.

]]>

Како дел од зимскиот МакеДокс 1/4, на 11 и 12 ноември во Котур од 20.00 часот ќе бидат прикажани два филма.

ACASA, MY HOME/ АКАСА, НАШИОТ ДОМ на режисерот Radu Ciorniciuc, од Романија, Германија, Финска, снимен 2019 година.

Цели дваесет години семејството Енаш – 9 деца со нивните родители – живеат во барака во букурешката делта: напуштен резервоар на вода, еден од најголемите урбани природни басени во светот, со езера и стотици видови животни и ретки растенија. Кога властите ќе решат да го земат овој екосистем под свое, семејството Енаш мора да се пресели во градот – реалност за која не знаат ама баш ништо. Деновите минати во природа сега ќе ги заменат денови на асфалт, пливањето во езерото ќе се замени со седење в клупа, а в раце наместо рибарски мрежи децата ќе држат мобилни телефони. Трогателна и внимателно осмислена приказна за гентрификацијата, видена низ очите на семејство кое се обидува да се приспособи на новиот наметнат живот”.

WE WILL NOT FADE AWAY / НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕМЕ, во режија на Alisa Kovalenko, филм од Украина, Франција и Полска, снимен во 2023 година.

Група тинејџери од Донбас на прагот на зрелоста имаат сон да го освојат светот. Иако оддалеку татнат пукотници и експлозии, тие не губат надеж и сепак решаваат да го следат својот сон да патуваат, кој на крај се претвора во реалност.

 

The post Зимски „МакеДокс“ на 11 и 12 ноември во Котур appeared first on Република.

]]>
Зимски МакеДокс во Котур https://republika.mk/vesti/kultura/zimski-makedoks-vo-kotur-2/ Tue, 06 Feb 2024 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=740818

В среда и четветок, на 7. и 8. февруари од 19:30 часот, во Котур, ќе се одржи зимскиот МакеДокс.

Предвидени се две проекции на две документарни остварувања од последното издание на МакеДокс, првиот од програмата на нови автори, а вториот од главната програма – добитник на главната награда Кромид на 14 издание на МакеДокс.

СНАЈКА: ДНЕВНИК НА ОЧЕКУВАЊА, во режија: Tea Vidović Dalipi

Секоја врска подразбира спој на двајца луѓе со различни економски, социјални или религиозни идентитети наследени од семејството. Љубовта, бракот и родителството на Теа, која е Хрватка и Мирсад, кој е Ром, наликуваат на невозможна мисија поради остриот контраст помеѓу системот на вредности и обичаи што ги имаат нивните семејства. Обидувајќи се да го урамнотежат товарот од крутите обичаи, од една страна и финансиските притисоци, од друга страна, Мирсад и Теа се на раб да ги разочараат своите најблиски. Притоа, тие ризикуваат и да ги загрозат сопствената врска и изгледите за подобра иднина и за себеси и за нивната новородена ќерка Фрида.

ПОМЕЃУ РЕВОЛУЦИИТЕ, во режија на Vlad Petri

Зара и Марија се спријателуваат на универзитет во Букурешт, во 1970-тите. Но, во Иран има сè поголеми политички превирања и Зара мора да се врати дома. Како што тече декадата, тие ја одржуваат врската низ низа писма каде што ги запишуваат своите напори како жени што се борат за глас, но и како нивните земји, се движат во различни насоки. Покрај далечината и пречките, нивниот копнеж една за друга останува силен.

 

The post Зимски МакеДокс во Котур appeared first on Република.

]]>

В среда и четветок, на 7. и 8. февруари од 19:30 часот, во Котур, ќе се одржи зимскиот МакеДокс. Предвидени се две проекции на две документарни остварувања од последното издание на МакеДокс, првиот од програмата на нови автори, а вториот од главната програма – добитник на главната награда Кромид на 14 издание на МакеДокс. СНАЈКА: ДНЕВНИК НА ОЧЕКУВАЊА, во режија: Tea Vidović Dalipi Секоја врска подразбира спој на двајца луѓе со различни економски, социјални или религиозни идентитети наследени од семејството. Љубовта, бракот и родителството на Теа, која е Хрватка и Мирсад, кој е Ром, наликуваат на невозможна мисија поради остриот контраст помеѓу системот на вредности и обичаи што ги имаат нивните семејства. Обидувајќи се да го урамнотежат товарот од крутите обичаи, од една страна и финансиските притисоци, од друга страна, Мирсад и Теа се на раб да ги разочараат своите најблиски. Притоа, тие ризикуваат и да ги загрозат сопствената врска и изгледите за подобра иднина и за себеси и за нивната новородена ќерка Фрида. ПОМЕЃУ РЕВОЛУЦИИТЕ, во режија на Vlad Petri Зара и Марија се спријателуваат на универзитет во Букурешт, во 1970-тите. Но, во Иран има сè поголеми политички превирања и Зара мора да се врати дома. Како што тече декадата, тие ја одржуваат врската низ низа писма каде што ги запишуваат своите напори како жени што се борат за глас, но и како нивните земји, се движат во различни насоки. Покрај далечината и пречките, нивниот копнеж една за друга останува силен.  

The post Зимски МакеДокс во Котур appeared first on Република.

]]>
Четири европски филмови на програмата „Зимски МакеДокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/chetiri-evropski-filmovi-na-programata-zimski-makedoks/ Fri, 30 Dec 2022 08:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=591712

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја започнува програмата „Зимски МакеДокс“ преку која онлајн ќе се прикажат победниците на четирите фестивали – основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“.

Филмовите „Ќерките на Зухур“ во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ од Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ режиран од Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“) од денес до 20 јануари ќе може бесплатно и без активна претплата да се погледнат на платформата „Gley.mk“.

Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).

 

The post Четири европски филмови на програмата „Зимски МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја започнува програмата „Зимски МакеДокс“ преку која онлајн ќе се прикажат победниците на четирите фестивали – основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“. Филмовите „Ќерките на Зухур“ во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ од Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ режиран од Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“) од денес до 20 јануари ќе може бесплатно и без активна претплата да се погледнат на платформата „Gley.mk“. Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).  

The post Четири европски филмови на програмата „Зимски МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>