зимска олимпијада пекинг 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/zimska-olimpijada-peking-2022/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Feb 2022 17:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зимска олимпијада пекинг 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/zimska-olimpijada-peking-2022/ 32 32 Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/skijachkata-federacija-go-prashuva-zoshto-ne-se-pojavuval-na-rabotno-mesto-a-toj-e-na-olimpijada/ Wed, 09 Feb 2022 17:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=456388

Додека се во тек Зимските олимписки игри на кои и Македонија е учесник со тројца претставници кај нас се појавија еден бизарен проблем.

На социјалните мрежи со соопштение се огласи тренерот во нашата олимписка експедиција, Антонио Ристевски кој е еден од најдобрите скијачи кои Македонија ги имала, а сега водач на најдобриот наш скијач во моментов Дардан Дехари.

Скијачката федерација на Македонија му испратила допис на Ристевски дека може да биде отпуштен затоа што не се појавувал на работа.

СООПШТЕНИЕТО НА РИСТЕВСКИ:

Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!

The post Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада appeared first on Република.

]]>

Додека се во тек Зимските олимписки игри на кои и Македонија е учесник со тројца претставници кај нас се појавија еден бизарен проблем. На социјалните мрежи со соопштение се огласи тренерот во нашата олимписка експедиција, Антонио Ристевски кој е еден од најдобрите скијачи кои Македонија ги имала, а сега водач на најдобриот наш скијач во моментов Дардан Дехари. Скијачката федерација на Македонија му испратила допис на Ристевски дека може да биде отпуштен затоа што не се појавувал на работа. СООПШТЕНИЕТО НА РИСТЕВСКИ: Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!

The post Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада appeared first on Република.

]]>
Пред три години го победи ракот, а сега Макс Парот стана олимписки шампион https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pred-tri-godini-go-pobedi-rakot-a-sega-maks-parot-stana-olimpiski-shampion/ Mon, 07 Feb 2022 08:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=454950

Канадскиот сноубордер Макс Парот го освои првиот златен медал за Канада на Зимските олимписки игри во Пекинг со победа во дисциплината слоупстајл. Парот оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56).

На тој начин, 27-годишниот Канаѓанец дојде до својот прв златен олимписки медал откако успеа да го победи ракот по неговото последно појавување на Олимпијадите. На Канаѓанецот му беше дијагностициран Хоџкиноф лимфом во декември 2018 година, но покажа дека може да се врати по страшната болест и да го пружи најдонрото од себе.

https://twitter.com/Olympics/status/1490560225551818752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490560225551818752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.eurosport.com%2Fsnowboard%2Fbeijing-2022%2F2022%2Fwinter-olympics-2022-max-parrot-claims-slopestyle-gold-in-beijing-after-cancer-battle-as-canada-domi_sto8763381%2Fstory.shtml

Второто место го зазеде Кинезот Јиминг Су со вкупен скор 88,70 (78,38 + 88,70 + 66,58).

Успехот на Канада и најдобрата тројка на пиедесталот ја комплетира уште еден канадски репрезентативиц, Марк МекМорис, кој заврши трет со резултат 88,53 (76,98 + 80,85 + 88,53).

 

The post Пред три години го победи ракот, а сега Макс Парот стана олимписки шампион appeared first on Република.

]]>

Канадскиот сноубордер Макс Парот го освои првиот златен медал за Канада на Зимските олимписки игри во Пекинг со победа во дисциплината слоупстајл. Парот оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56). На тој начин, 27-годишниот Канаѓанец дојде до својот прв златен олимписки медал откако успеа да го победи ракот по неговото последно појавување на Олимпијадите. На Канаѓанецот му беше дијагностициран Хоџкиноф лимфом во декември 2018 година, но покажа дека може да се врати по страшната болест и да го пружи најдонрото од себе. https://twitter.com/Olympics/status/1490560225551818752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490560225551818752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.eurosport.com%2Fsnowboard%2Fbeijing-2022%2F2022%2Fwinter-olympics-2022-max-parrot-claims-slopestyle-gold-in-beijing-after-cancer-battle-as-canada-domi_sto8763381%2Fstory.shtml Второто место го зазеде Кинезот Јиминг Су со вкупен скор 88,70 (78,38 + 88,70 + 66,58). Успехот на Канада и најдобрата тројка на пиедесталот ја комплетира уште еден канадски репрезентативиц, Марк МекМорис, кој заврши трет со резултат 88,53 (76,98 + 80,85 + 88,53).  

The post Пред три години го победи ракот, а сега Макс Парот стана олимписки шампион appeared first on Република.

]]>